Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Guilty Without Guilt (Short Version)

ДЕМОКРАТСКА АРМИЈА НА ГРЦИЈА (ДАГ)

By Стојан Кочов · Part 11 of 33 · About 12 minutes

Read in English

ДЕМОКРАТСКА АРМИЈА НА ГРЦИЈА (ДАГ)

ЗАПОВЕД Главен штаб Штабно биро 1 Број на протокол. 722 Во врска со број 132/25.8.1947 година и А.П.307/25.9.1947 година, се издава следната заповед:

Ги повикуваме да служат под оружје во редовите на Демократската армија мажи и жени... Погоре мобилизираните, каде и да се наоѓаат, ќе треба да најдат начин да се јават во своето местожителство во најблиските единиците на Демократската армија. Оние од мобилизираните кои не ќе се јават на оваа заповед во редовите на ДАГ, ќе се сметаат за непријавени. Штабовите во областа да издадат соодветни наредби. Да се превземат мерки за навреме да се известат сите повикани.

Главен штаб, 30.9.1947 година.

Генерал Маркос.

Втора наредба, на 23.11.1947 година.

Главниот штаб на ДАГ нареди само за реонот на Вичо, (Егејска Македонија), да се мобилизираат сите мажи и жени од 17 до 35 години; повеќе се однесува на мажите кои беа оставени за изградба на фортификациите или поради болест. Со оваа мобилизација, практично беа мобилизирани сите Македонци од костурскиот и леринскиот реон.

*** Таквата доверба, послужи како мобилизационен успешен фактор. Но, потоа, се случи она што не се очекуваше: илјадници наши Македонци се најдоа (беа испратени), по налог на Маркос во длабината на Грција, а каква им беше судбината, тоа е посебна прикаска, оти се знае дека тие исчезнаа како во жив песок. Само ќе наведам дека и јас сум едно од тие млади момчиња, (сите бевме на возраст од 17-18 година), кога од 5 до 10 октомври 1947 година, околу 350 деца бевме регрутирани (од селата Турје, Бапчор, Вишени, Кономлати и др.), од Македонија, за штабовите во Епир и Антихашија, за да по борбите во Коница не останавме ни една третина. Но, да видиме, како го има оценето таквиот зафат нашата историја:

„Македонските воени формации, сега единици на ДАГ беа испратени во внатрешноста на Грција со цел - да се омасови и таму партизанското движење. И НАВИСТИНА МНОГУ ПРИДОНЕСОА ЗА РАЗВОЈОТ НА ВООРУЖНАТА БОРБА И ВО ТИЕ ПОДРАЧЈА.”

(Види: Кирјазовски 1985 /166).

*** Ете зошто ние Македонците во Граѓанската војна не можевме да му наметнеме, ни политичка ориентација, ниту воена ориентација или некаква стратегија и требаше да сфатиме дека татковина не се брани со уривање на домовите и искоренување на човекот.

А по таа војна што не снајде, ние – Македонците, по војната за државата Грција не постоиме, ниту пак комунистите, пола век не не побараа и не не заштитија...

Од 15 до 17 септември 1947 година е одржан III-от Пленум на КПГ, на кој се расправало за воените прашања. На пленумот е истакната паролата: „Сите на оружје, се за победата!” Решено е да се создаде слободна територија на Кожанската висорамнина, која е опкружена со планинските масиви на Пинд, Пиерија, Каракамен, Кајмакчилан и Вичо.

На 27 септември 1947 година, Главниот штаб на партизанските единици на Маркос, (бидејки уште не беше прогласена Демократската влада, а тоа е незаконито и недозволено), издава наредба да се изврши мобилизација на сите мажи од 17 до 35 години. Но, и по оваа мобилизација, бидејќи се спроведе само во македонските села, одвај ја достигна бројката од 15.000 до 17.000 борци, учесници во ДАГ. Само за споредба: пролетта 1946 година кога почна Граѓанската војна, Владата на Грција располагаше со следните оружени сили:

27.000 милиционери од кои 14.000 имаше во Ворија Елада (Егејска Македонија);

Парадржавни и паравоени организации околу 5.000;

Национални воени единци 17.000 (околу 40 баталјони);

Редовна војска од 75.000 војници (7 армии и 2 слободни бригади).

(Види: „ДАГ- стратешките прашања и тактиката на раководењето”, од Г.Малтезос - Џумеркиотис стр.60).

Тој понатаму пишува: „Познато е дека во 1947 година ДАГ, не само што го немаше решено прашањето за воените резерви, туку го немаше решено и прашањето на вооружувањето со обичните бојни пушкомитралези и други бојни средства, но и муниција, и сето тоа останува необјаснето. Зошто од една страна Захаријадис му даваше на Маркос наредба да го зголеми бројот на силите во единиците на ДАГ до 60.000, а Иоанидис на Маркос му даваше (обезбедуваше) вооружување само за 4.500 илјади борци, а пак тој Маркос се до крајот на 1947 година, враќаше илјадници симпатизери - војници кои сакаа доброволно да стапат во редовите на ДАГ.” (стр.354). Се поставува прашањето: Зошто генерал Маркос само во Македонија вршеше незаконски мобилизации, од старо до младо и направи пустош од Македонците?

Проблем за грчките аналитичари е и решението на 3-от Пленум на ЦК на КПГ што се одржа во Белград, во септември 1947 година, и како што пишува Гусиас (стр.251), на пленумот присуствуваа само шест членови на ЦК на КПГ и неколку воени лица, но ниту еден Македонец.

Пленумот реши и го задолжи Главниот Штаб на ДАГ да почне со мобилизација во целата земја и до март 1948 година вооружените сили на ДАГ да нараснат на 60.000 борци. На истиот Пленум е донесено решение, од централното тежиште на самоодбрана, да се премине во напад, во борба за власт. За постигнување на таа цел беше изработен воено - оперативен план „С”, односно познат како „Езеро”. На овој Пленум се истакна и паролата: „Сите на оружје, се за слободата!” Решено е да се создаде слободна територија на Кожанската висорамнина, која е опкружена со планинските масиви на Пинд, планината Пиерија, Каракамен, Кајмакчалан и Вичо, и со тој план требаше да се ослободат градовите Лерин, Воден, Негуш, Соботско, Коница и други. Тоа би било како прва етапа за ослободување на Грција.

Ете, сето ова ни потврдува и е уште еден непобитен факт, дека се сакало Граѓанската војна да биде лоцирана во Егејскиот дел на Македонија, а тоа било решено во Белград на тој пленум, без никаков обѕир спрема македонскиот народ и неговата судбина, (без ни еден од македонските политичари или воени раководители ни од Егејска Македонија но нема ни од Народна Република Македонија, кадри кои учествуваа активно во НОБ.

Заб. С.М.), туку се во интерес на туѓите политички цели.

Мобилизации надвор од границите на Грција на сите луѓе кои имаа пребегано од теророт во Југославија На 27.09.1947 година, Главниот штаб на ДАГ издаде наредба за мобилизација на сите мажи од 17 до 35 години. Со не помал интензитет, веќе за неколку месеци (од 4-ти до 9-ти месец) се вршеше мобилизација на бегалците Македонци, (политичката емиграција во Југославија), низ Скопје, Велес, Штип и Битола, од разни Ворјасовци и се испраќаа во единиците на ДАГ (Види: Ф.М во ИНИ, СК.4 - 271/60, стр.73-76).

Во согласност со одлука на ПБ на ЦК на КПГ на 23 декември 1947 година, формирана е Привремената Демократска Влада на Грција а се самораспушти на 15 октомври 1949 година.

Врз основа на решенијата на Третиот пленум на ЦК од 12 - 15 септември и на ПБ на ЦК на КПГ од 2.12.1947 година на 23.12.1947 година е формирана Привремената демократска влада на Грција (ПДВГ). Формирана е во Преспа, во Асамати (Н.Р.Македонија – Ф.Н.Р. Југославија), во зградата на предвоената пристанишна капетанија. Седиштето на Владата требаше да биде во грчкиот град Коница (како што тврдеше генералниот секретар Захаријадис дека признавањето е обезбедено: „...Ќе ја заземеме Коница, ќе ја формираме владата и веројатно ќе не признаат.”).

Единиците на ДАГ водеа тешки борби, со големи загуби, за да го освојат овој град, но безуспешно. Поради тоа, изостана формирањето на Владата во овој град. Доаѓањето на членовите на Владата во Преспа го обезбедуваше потполковникот на УДБ-а Слободан Крстиќ – Учо, Југословен, (повторно нема Македонец, зошто? Заб.С.М.), офицер на ЈНА. Види на крај во книгата: прилози, негово интервју во списанието „Дуга” (Игра око македонског живља). Владата првобитно беше составена од осум членови и тоа:

За претседател е поставен:

Маркос Вафијадис, а за членови:

Јанис Јоанидис, Петрос Русос, Милтијадис Порфирогенис, Петрос Кокалис, Василис Барџиотас, Димитриос Вландас и Леонидас Стрингос.

Исто така со декрет се унапредени 25 лица во чин полковници на ДАГ, но ни во владата, ни во овие офицери, кои претставуваа военополитички фактор на ДАГ, нема ниту еден Македонец.

Привремената демократска Влада на Грција (ПДВГ - во планина), беше еднопартиска и еднонационална, односно беше составена исклучиво од Грци комунисти. И покрај тоа што повеќе од 50% до 60% од силите на ДАГ беа составени од Македонци, а ги стретнуваме само во историјата за „Егејска Македонија” дека НОФ бил военополитички фактор. Зошто?

Реакции:

1. Грчката влада побара од САД и од Велика Британија да ги предупредат Советскиот Сојуз и истоноевропските земји за последиците од нивното признавање на ПДВГ.

Свесна за последиците од признавањето на ПДВГ американската влада веднаш реагираше. На 30 декември 1947 година интервенираше кај источно европските земји да не ја признаат ПДВГ, предупредувајќи ги дека ако го сторат тоа ќе имаат сериозни последици. Балканската комисија на ООН побара од државите членки на ООН, да не ја признаат ПДВГ.

2. „...Владата на Маркос нема ништо од основните карактеристики на една влада на која и даваат белег, барем нешто од типичните референци, кои се нужно потребни и дефинирани по меѓународното право. Уште не е ни застапена и ополномоштена, спрема воените нормативи и права и сите акциите и се нелегитимни. И уште нешто повеќе од тоа, таа нема ништо што може да доведе до признавање како политички субјект и легитимна влада.

Партизаните, кои се командовани од Маркос, немаат усвоено ништо конкретно, и со тоа, легитимно да располагаат со право, а кое би претставувало грчки државен простор. Седиштето на нивната Главна команда, се уште не им е извесно, но и тоа го држат во многу тајност и самите се во постојано преселување.

Единствени такви центри им се наоѓат во областите кои понекогаш им припаѓаат под нивна контрола, а тие се во планинските предели во дивите ридски недостапни реони.

Немаат никакви суштински владини комуникации. Воглавно тие се организирани во групи и се во постојано движење, а кога се под притисок на воена потера, се повлекуваат во најнепроодните планински реони. Тоа го потврди и Комисијата на Обединените Нации, па дури, понекогаш и се повлекуваат во туѓа погранична територија.” КАДРИТЕ НА ДЕМОКРАТСКА АРМИЈА Наредбата на Привремената Демократска Влада за наименување на офицерскиот кадар на ДАГ.

По оформувањето на ДПВ на 23.12.1947 година, врз основа на Постапката со одредбата бр.11 на главната команда и Законот бр.1 на Привремената Демократска Влада го донесувам следното решение:

Именуваваме офицери на Демократската армија на Грција со чиновите кои ги наведуваме по редоследот:

А. Генерали

1. Вафијадис Маркос Б. Генерал полковници

1. Протопапас Сарандис-Кикицас В. Генерал мајори

1. Вонтисиос Гиоргиос - Гусиас 2. Гкениос Танасис - Ласанис 3 Гканациос Василис - Химарос 4. Теохаропулос Никос 5.

Канакаридис Никос 6. Бланас Гиоргиос.

Г. Полковници Пешадија: 1. Венецанопулос Василис 2. Калјанесис Гиоргиос 3.

Капетаниос Еврипидис 4. Катемис Гиоргиос 5. Малтезос Герасимос 6. Самаридис Гиоргос Артилерија: 1. Килисманис Гианис 2. Папагиаснис Стефанос Кавалерија: 1. Скандалис Ираклис Авијација: 1. Макридис Савас 2. Маниас Гианис Полит-комесари: 1. Вутусианос Мицос 2. Еврипидис Георгиос

3. Зографос Зисис 4. Колигианис Костас 5. Барџиотас Василис

6. Стрингос Леонидас 7. Хаџис Танасис Д. Потполковници Пешадија: 1. Александру Гианис-Диамандис 2. Георгијадис Георгиос 3. Гиакоглу Никос 4. Гианулис Георгиос 5. Зигурас Димитрис 6. Илијадис Софијанос 7. Кукулидис Георгиос 8.

Калинос Теодорос 9. Канелопулос Костас 10. Кариофилис Гианис 11. Конталонис Георгиос 12. Контаксис Анастасиос 13.

Киранѕопулос Димитрис 14. Пападимитриу Илиас, 15.

Папастергиу Левтерис 16. Прекезес Гиоргиос 17. Рафтис Костас

18. Росиос Алекос-Ипсилантис 19. Спанос Томас 20. Статакис Манолис 21. Сфаќанос Георгиос 22. Терзоглу Никос 23.

Тцелифис Томас 24. Томбулидис Павлос 25. Тријандафилу Никос 26. Флоракис Харилаос Артилерија: 1. Иосифидис Костас Авијација: 1. Герогакопулос Георгиос, 2. Ндренас Леонидас.

Полит-комесари: 1. Васванас Вангелис 2. Ветас Фокион 3.

Ѓузелис Стефанос 4. Мандилас Нокос 5. Рогакос Вангелис 6.

Тирумидис Киријакос Санитарци: Сакелариу Епаминонтас Ѓ. Мајори:

Пешадија: 1. Асурас Гергиос 2. Ваис Хронис, 3. Кардасис Танасис 4. Белогианис Никос 5. Пападопулос Вангелис 6.

Флору Архимидис Артилерија: 1. Маргас Костас Кавалерија: 1. Стилјанопулос Василис Саботер: 1. Агелулис Антонис - Врацанос Полит-комесари: Акритидис Никос 2. Гриѕонас Костас 3.

Куцомаркос Георгиос 4. Пектадис Михалис Санитарци: 1. Скуфис Такис Е. Капетани прва класа Пешадија: 1. Георгијадис Стелиос 2. Ексархос Леонидас, 3.

Илјадис Костас 4. Пападимитриу Томас 5. Згуромалис Манолис

6. Стефану Ставрос Саботер: 1. Самаракис Агисилаос 2. Солјас Михалис 3. Сиулас Василис.

Ж. Капетани:

Пешадија: 1. Адамис Алекос 2. Гецос Панделис 3. Захаријадис Аврам 4. Зокас Зисис 5. Кавреѕис Костас 6. Каминарис Василис,

7. Кондорос Димитриос 8. Корологос Гианис, 9. Кохлијадис Гианис 10. Ламбракис Панос 11. Мацис Георгиос 12 Бацис Одисеас 13. Милонас Георгиос, 14. Николакопулос Спирос 15.

Форфолиос Вангелис.

Саботер: 1. Витулкас Никос.

З. Потпоручници Пешадија: 1. Витос Христос 2. Влаху Димитриос 3. Галацос Костас 4. Калину Гергија 5. Канакис Димитрис 6. Карагианис Пантелис 7. Карастатис Танасис 8. Кацунис Димитрис 9.

Кукумплјакос Клеантис 10. Костопулос Христос 11. Порлиарас Савас 12. Портокилидис Гианис 13. Тастанидис Ахилеас 14.

Терзопулос Теодорос Оделение за радио врски: 1. Караџас Василис 2. Понирос Стелиос Санитарци: 1. Ктена Лефтерија Полит-комесари: 1. Михопулос Никос Во базата на Привремената демократска Влада, 28. декември

1947 година Претседател и воен министер на ДАГ Генерал Маркос Напомена: Во военото раководство - офицерите на ДАГ, од горе именуваните офицери има само еден Македонец унапреден во потпоручник, а тоа уште еднаш се потврдува дека ние Македонците не бевме воено - политички фактор, како тоа што го тврди нашата историографија.

Се поставува прашањето: Како сме можеле да дозволиме ние Македонците да учествуваме со повеќе од 60% од воените ресурси на ДАГ без свои штабови?

Преглед: