Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Guilty Without Guilt (Short Version)

ХРОНОЛОГИЈА НА ПОВАЖНИТЕ НАСТАНИ ВО 1946 ГОДИНА

By Стојан Кочов · Part 10 of 33 · About 12 minutes

Read in English

ХРОНОЛОГИЈА НА ПОВАЖНИТЕ НАСТАНИ ВО 1946 ГОДИНА

12.02.1946 - Во Атина е одржан II-от Пленум на ЦК на КПГ на кој е донесено решение да се апстинира на парламентарните избори и се донесе т.н. историско решение за оружено востание.

31.03.1946 - Една од најкарактеристичните акции беше нападот на партизанските единици на Литохоро, каде владините сили имаа 23 убиени војници. Ова како една од поголемите акции во грчката историја на ДАГ се цени за почеток на Граѓанската војна во Грција.

02.04.1946 - Захаријадис, генерален секретар на КПГ, враќајки се од Москва во Белград се сретна со маршалот Тито и разговараше околу одлуката за поведување на оружена борба против десницата во Грција. Захаријадис од Тито добил целосна поддршка, односно, ветување за морална и материјална помош.

На оваа средба било договорено и за следното:

1. Македонското национално ослободително движење во Егејскиот дел на Македонија, предводено од НОФ, кое од април 1945 година се наоѓаше под раководство на КПЈ - КПМ, да помине под раководство на КПГ.

2.Дел од составот на Политбирото на ЦК на КПГ на чело со Јанис Јоанидис, да се префрли во Белград со задача да раководи со оружената борба, да ја претставува во странство, да се грижи за снабдувањето на партизаните со оружје, облека , храна и други материјали.

3.Слободна регрутација на борци од редовите на македонската и грчката политичка емиграција во Југославија; организирање болници за ранети и болни борци на ДАГ; Југославија да ја преземи улогата на организатор и координатор на помошта од други земји за ДАГ.

13.04.1946 - РИЗОСПАТИС (весник на КПГ) истакнува во одбрана на Македонците против страшното и неверојатно малтретирање на „Славомакедонците”. За гонењето на Македонците се вели дека е „Најголемо и најужасно гонење за какво што не знае и какво што не познава новогрчката историја...”

17.04.1946 - Солунскиот десничарски весник „Неа Алитија” (Нова вистина) објави напис со наслов „Нашите Судети, во кој се зборува за Македонците и се квалификуваат како Судети и како такви, пишува весникот во интерес на мирот и безбедноста во Грција, треба да бидат ликвидирани”.

04.05.1946 - Во Трсјанско-Турјанската планина, Леринско, беше формиран првиот партизански одред на чело со Петре Марков од селото Нерет, Леринско.

21.05.1946 - Весникот „Етникос Кирикас” пишува: „Од Грција треба што поскоро да се протераат 80.000 Славомакедонци”.

Истото се вели и во неделникот - републикански весник „Елефтерос типос” од 28.01.1946 година во статијата: „...Нека си одат Славомакедонците од нашата Македонија - нека си одат каде што сакаат”.

27.07.1946 - Воениот суд ја осуди на смрт и ја стрела Ирина Гинова - Мирка, учителка од с. Росилово, Воденско, секретарка на АФЖ за Воденскиот округ.

24.08.1946 - Врз основа на договорот Тито - Захаријадис, еден дел од составот на ПБ на ЦК на КПГ на чело со Јоанидис Јоанис и потребниот апарат, илегално се префрли од Атина во Белград.

Генерал Маркос Вафијадис кој во јуни 1946 година од Захаријадис беше назначен за организатор и раководител на партизанските групи илегално ја напушти Грција и се префрли во Белград каде што доби конкретни директиви и ветувања од делот на ПБ на ЦК на КПГ. Во септември се префрли во Егејска Македонија каде што на 28 октомври го формира Главниот Штаб на партизанските единици, односно ДАГ. Но, на 10 ноември Захаријадис од Сталин доби директива вооруженото движење зимата 1946-1947 година да не се омасови, бидејќи тоа наводно го налага меѓународната ситуација, а КПГ да и даде примат на политичката борба и слично.

21.11.1946 - Врз основа на одлуката меѓу Тито - Захаријадис од 14 октомври 1946 година, КПЈ и КПГ, претставени од Караиванов и Јоанидис ја остварија следната спогодба:

„Македонската организација НОФ (АФЖ и НОМС) и нејзиното раководство поминува во целост под КПГ, а вооружените единици на ДАГ под раководство на генерал Маркос.

По постигнатата спогодба меѓу КПЈ и КПГ, по извесено време, членовите на Главниот одбор на НОФ на чело со Паскал Митревски беа примени од секретарот на ЦК на КПМ Лазар Колишевски, а тој им го рекол следното: „Вие сега одете долу (во Егејска Македонија), раководител сега на вашата борба ќе ви биде КПГ. Линијата на КПГ е исправна. Да имате доверба во неа. Борете се со сите расположливи сили против шовинизмот, сепаратизмот и локалните тенденции...” 27.12.1946 - Наредба Бр. ЕП 13 на генералот Mаркос гласи:

„Сите партизански единици од денеска се ставаат во составот на ДАГ”.

РАЗВОЈОТ НА НАСТАНИТЕ ВО 1947 ГОДИНА Во февруари 1947 година, раководството на КПГ донесе одлука за промена на задачата на ДАГ, односно на стратешката цел на нејзината оружена борба - од борба на притисок врз атинскиот режим за мирољубиво решение на грчкото внатрешно прашање во борба за соборување на тој режим и заземање на власта.

Владата на Атина строго реагираше и дури преку грчкиот парламент донесе низа закони, но, во исто време, се огласи и Кралот.

На 24.02.1947 година, Кралот на грчката држава и грчката Влада јавно ги повикуваа борците на ДАГ да се предадат до 15 март 1947 година. Во повикот се вели, дека сите сторени дела против државата и народот ќе им се амнестираат, доколку до одредениот рок се придржуваат на повикот и се вратат во своите домови.

Американскиот министер за надвореши работи Г. Маршал, на 14 февруари 1947 година, изјави дека Владата на САД е задоволна од владината промена во Грција и дека во интерес на САД и на сите Обединети Нации е Грција да прими помош за да ги зачува својата независност и територијалниот суверенитет.

(Види: Стејт департмент, Билтен, 23.2.1947, 341).

Оваа изјава на Г. Маршал иницираше Грција да добие американска помош.

Решeноста на двете западни Држави и Велика Британија по секоја цена да спречат грчките комунисти да ја преземат власта, резултираше со интервенцијата на САД во Грција изведена преку познатата „Труманова доктрина” на 12 март 1947 година.

„Трумановата доктрина” јасно го предупреди Сталин да не се надева на успех во Грција. Неограничената помош што ја доби Грција преку „Трумановата доктрина” и во продолжение преку „Маршаловиот план” и овозможи да создаде бројна и модерно вооружена армија, оспособена и подготвена да ја порази ДАГ.

На 17 февруари 1948 година претседателот на САД Труман во месечниот извештај до Конгресот предупреди: „Ако се појави потреба готови сме да и дадеме уште поголема и сестрана помош на Грција”.

Нашето, бесмислено идеолошко ангажирање на целиот македонскиот народ во катастрофата (туркајќи го безмилосно во „лизгав и опасен терен”, во идните миграциони движења), може да се оцени од следните ставови на НОФ и од МЕМОРАНДУМОТ на Врховниот штаб на Демократската армија на Грција до Анкетната комисија на ООН кој гласи:

ДЕМОКРАТСКА АРМИЈА НА ГРЦИЈА ГЛАВНА КОМАНДА ШТАБ-одделение

14 март 1947 година.

МЕМОРАНДУМ До Анкетната комисија на Обединетите Нации За причините кои ја предизвикаа Граѓанската војна и нашето мислење за нејзиното прекинување.

Кратко објаснување: бидејќи материјалот е пообемен, тука ќе пренесеме само мало толкување и комплетна 4-та глава од меморандумот, за да се види; што и колку се однесува на нас Македонците и нашето (Само) жртвување и дали навистина Граѓанската војна беше македонско народно - ослободително движење и продолжување на илинденските традиции на Македонците учесници во ДАГ, како што се манипулира во историјата за Егејците.

Кратко: (На договорениот состанокот од страна на Врховниот командант на Демократската армија на Грција генералот Маркос со советските и полските преставници на Анкетната комисија на Советот на безбедноста за Грција и со претставниците на Југославија, Албанија и Бугарија, на ден 21 март 1947 година во Главниот штаб на Демократската армија (во селото Хрисомилија, околија Каламбака), генерал Маркос им предаде опширен маморандум за Анкетната комисија.

Меморандумот се состои од 4 (четири поглавја).

Во меморандумот се даваат точни податоци за монархофашистичките банди во Тесалија, со назначување на сите места каде се наоѓат нивните штабови и имињата на сите тие офицери. Скоро сите тие офицери од страна на народните судови се осудени на смрт, поради соработката со окупаторот и поради нивните многу злочини, кои многу често лично ги извршувале. Тоа се познатите злочинци: Калабалитис, Сурлас, Зервас, Целиос, Каракисос, Биздас, Кундурис и други. Исто така во меморандумот се наведени и податоците за огромниот број на Еласитовите офицери, кои без причини биле апсени, стрелани, или се наоѓаат во прогонство на островите. Во меморандумот во неколку наврати се подцртуваат документите кои ги дава и претставникот на грчката влада дека монархофашистичките банди постоеле и биле наоружани од страна на Англичаните, уште многу порано од кога се вооружа некој си партизан од левицата и избегал во шума. Целта на монархофашистичките банди бил да ги истребат демократските жители, бидејќи ценеле дека ако некој демократ зборува за демократијата, него го ценеле како најголем злочинец за Грција. Во архивите, кои ги има запленето Дамократската армија од жандармериските станици или други државни институции, нема ни една наредба која би се занимавала со други прашања, освем како да се уништи народно републиканското движење и Комунистичката партија.

Исто така е карактеристично дека во текот на 1945 година најголемите блокади и напади се вели дека биле извршени од англиските и грчките воени единици).

Демократската армија, вдахновена со духот за смирување и за нормално демократско решение на нашиот внатрешен проблем, кое виси како мора над грчкиот народ, до денес не пропушти ни во една прилика и секогаш ги предлагаше тие мерки со кои може да се отвори патот за демократско решавање на овој проблем. Ставот на Демократската армија во потполност се совпаѓа со желбата на демократското водство на нашето Народно републиканско движење кое претставува волја на нашиот демократски народ, а што се однесува до причините кои ја предизвикаа Граѓанската војна во нашата земја и што се однесува до нејзиното завршување, ги повторуваме и остануваме на тоа дека без да се разрешат следните зафати ќе нема мир:

повлекување на англиските војски од нашата земја;

учеството на ЕАМ во владата;

општа амнестија;

чистење на државниот апарат од воените злочинци и припадниците на „баталјоните за безбедност”;

воспоставување демократија и слобода во војската и во формациите на јавната безбедноста и спроведување на слободни избори, Оти поинаку не може да се смири нашата земја, не може да се обезбедат нормални прилики и народна слобода. Демократската армија и народ ќе ја продолжат борбата до конечното остварување на своите права и идеали, убедени дека сите демократски народи ќе не подржат во нашето дело.

Демократската армија, верува дека Анкетната комисија при Обединените нации - која ја претставуваат сите демократски и либерални народи кои и по цена на неверојатните жртви се борат против фашизмот - чекорејќи по патот на своето објективно испитување на состојбата која постои во нашата земја, ќе ги пронајдат вистинските причини кои ја предизвикаа Граѓанската војна и дека ќе помогне во остварувањето на стремежот на нашиот народ, тие истите кои ги уживат сите демократски народи во светот - а тоа е слобода.

Главна команда на Демократската армија на Грција Маркос, с.р.

Наскоро се одржа Првата конференција на НОФ13 на 20 мај 1947 година, и ја потврди новата линија и задачите на организацијата, односно на македонското национално -ослободително движење, произлезени од ставовите на КПЈ и од КПГ, а тие се: целосно вклучување на македонскиот народ во борбата што ја води ДАГ за победа на народната демократија во Грција. Се друго и беше подредено на таа цел.

(Види: Крјазовски 1998/232-233).

Тоа што го доживеа македонскиот народ беше од еуфорија до разочарување и со јанѕа да живее низ ветриштата на војната.

Ете, такви беа нашите успеси кои дојдоа како резултат на исполнувањето на ставовите на КПЈ и КПГ.

Зарем не беше тоа опасна стратегија и итра тактика на туѓинците кои не подготвуваа за поход во еден правец??!!

Интересно е ѝ прашањето: дали НОФ знаеше каков е ставот на генералниот секретар на КПГ Никос Захаријадис

(Види: Василис Барџиотас , 1987/91.)

„...Никос Захаријадис, уште од 2-от Пленум на ЦК во 1946 година сакаше воената борба, и тоа уште на почетокот да биде притисок за мирољубиво решение и за демократски развој, а не за да ја земеме (освоиме) власта.

Оваа идеја, не ја напушти и после септември 1947 година, кога се одржа 3-от Пленум на ЦК, каде што одговорноста на Партијата беше посветена на борбата. Да, секако Захаријадис, ја поддржуваше таа идеа (став), се до 1948-1949 година, кога се водеа конкретни разговори во ООН, со предлог и подршка на Советскиот Сојуз, за мирољубиво решение на грчкото прашање...”.

Следува:

Документ лично составен од Захаријадис, а е изготвен кога присуствуваа на заседанието на Министерскиот Совет некаде во „Слободна Грција”.

(Види: дел од документот што го објаснува Василис, Барџиотас

1981/92)

Но, да видиме како ги дочекаа и се одозваа на нашите пароли:

„Уништување на англоамериканските окупатори”, - рак рана -во агитацијата на НОФ и АФЖ.

Американскиот министер за надворешни работи Г. Маршал, на 14 февруари 1947 година, изјави дека Владата на САД е задоволна од владината промена во Грција и дека во интерес на САД и на сите од Обединетите нации е Грција да прими помош за да ги зачува својата независност и територијалниот суверенитет.

(Види: Стејт департмент, Билтен, 2.2.1947, 341.)

Предвидувањето на Американците за развојот на настаните во Егејскиот дел на Македонија во пролетта 1947 година, го искористија грчките власти уште повеќе да го зајакнат и да го омасоват прогонот против Македонците. За да му дадат правна основа на теророт, донесоа повеќе закони и други прописи.

Покрај другите, донесени се следните закони и законски прописи:

ПЗ 511/47, „За организирање на концентрациони логори”, „Закон за присилно евакуирање на населението од внатрешноста во градските центри”, Декрет Л-3 „за лишување од грчко државјанство на лица кои дејствуваа антидржавно”.

ПЗ 509/47 „За мерки за безбедност на државата, уставниот поредок и заштита на граѓаните”.

Но, и покрај таквите драконски мерки, ние и понатака верно обрзани спрема ставовите на КПЈ и КПГ, си ја исполнувавме туѓата задача...