СЕ ПОСТАВУВААТ ПРАШАЊАТА - Part 03
НЕПОБИТНИ ФАКТИ ПРАКТИЧНО, НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ ПЕТ ГОДИНИ ОДЕВМЕ САМО ПО ТОЈ ПАТ, СТРОГО, КОНТРОЛИРАНИ И ПОД ТУЃА (МЕЃУНАРОДНА) ПРИСМОТРА. И НЕМАВМЕ ДРУГ ИЗБОР,ТУКУ САМО:
(Војната, конфликтите, суровостите, трагедиите и злосторствата што долго не се заборават.)
ФАКТ. БР. 1 На 5 мај 1949 година,Ф. Меклеан, се сретна со Тито во Белград.
Маклеан по директива на британската влада побара од Тито гаранции за еден решителен пресврт на Југославија срема ДАГ, со возврат доделување на економска помош од западните земји.
Тито на Маклеан му признал дека Југославија во минатото ја помагал ДАГ, но, потенцирал дека ситуацијата веќе е променета. Сепаак, не може да откаже давање на азил на бегалците од Грција, на кои сега не им дозволувал да се вратат во своите формации. Тито се обврзал дека во иднина на ниеден Грк бегалец нема да му се дозволи повторно да стапи во редовите на ДАГ и нема да им дава помош на партизаните.
Тито побарал од Меклеан да не биде обелоденета оваа негова обврска, бидејќи едно такво нешто многу ќе ги изложи Британците да го одржат ветувањето, информирајќи ги само Американците. Ф. Меклеан бил шеф на Британската воена мисија во ВШ на НОВ И ПОЈ.
ФАКТ. БР. 2 ОФИЦИЈАЛНО ПРОГЛАСУВАЊЕ НА НОФ ЗА АГЕНТУРСКА ОРГАНИЗАЦИЈА И СО ТОА НИ ЈА СТАВИЈА ЈАМКАТА На 20.06.1949 година на состанокот одржан во една пештера меѓу селата Орово и Нивици, Преспа, во реонот “Африка” на состанокот кој го отворил генералниот секретар на КПГ Никос Захаријадис, кој меѓу другото, го потврдил следното: “...НОФ е агентурска организација која ја пречеше реализацијата на линијаа на КПГ и со тоа му нанесе штети и непријатности на демократското движење во земјата. Во земјата Македонија дејствува и уште има корени на трите агентури: на ОЗНА, на ЈА и на Колишевски, која ги контролира првите две агентури. Сите агенти на југословенските известителни служби даваа писмени обврски дека доследно ќе ја извршуваат агентурската работа...” види стр.175.
ФАКТ. БР. 3 Во педесетите години,грчките комунисти,настојуваа да ја сменат и азбуката на македонскиот јазик. Таквиот актив беше организиран во Полска. Да се прифати бугарската азбука тоа го организира новата организација - ИЛИНДЕН. Преставници беа и од ТАШКЕНТ.
*** Се покажа дека нашето македонско простумение, не го сакаше ни Тито, а најмалку Захаријадис.
*** БЕЛЕШКА ЗА ПИСАТЕЛОТ Стојан Кочов е роден во 1930 година во селото Турје, Леринско.
Во годините на Граѓанската војна во Грција (1946-1949) е активен учесник во единиците на ДАГ. Од 1950 до 1957 година живее и се школува во СССР, се до своето враќање во Р.
Македонија во 1957 година.
Дипломирал на белградскиот универзитет. Живее во Скопје.
Автор е на делата:
1. СРЕДБА раскази “Студентски збор” - Скопје, 1989;
2. ЕДНА МРТВА ВОЈСКА - поезија “Македонска книга” - Скпје,1992;
3. (САМО) ЖРТВУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ПОД ГРЦИЈА - критички огледи “Матица македонска” - Скопје, 1994;
4. МРТВОТО ЛИЦЕ НА ВОЈНАТА - ПОЕЗИЈА “Македонско сонце” - Скопје, 1996;
5. ЃОРЃИ ПЕЈКОВ - МАКЕДОНСКИ ВОИН НИЗ ИСТОРИЈАТА НА ДАГ (1945-1949) - Монографија – “Академик” - Скопје, 1996;
6. ТАЛКАЧИ - роман, “Матица македонска”, Скопје, 1997;
7. НОВА ГОДИНА ВО ЗЕМЈАНКИТЕ НА ГРАМОС - роман
“Матица македонска”, Скопје, 1998;
8. КАЗНА БЕЗ ВИНА - роман “Матица македонска”, Скопје,
2001;
9. ВО ПРЕСРЕТ НА СУДБИНАТА - раскази “Огледало”, Скопје, 1998;
10. ИДЕОЛОШКИОТ АКТИВИЗАМ НАД МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА -критички огледи, “Матица македонска”, Скопје,
2000;
11. ЕСЕИ И ЛИТЕРАТУРНИ ТОЛКУВАЊА - критички огледи,
“Матица македонска”, Скопје, 2002;
12. КОБА И ГНЕВ - Раскази “Менора”, Скпје, 2010;
13. ГРОБАРОТ ОД ЛЕРИН - роман “Детска радост”, Скопје,
2001;
14. БАЛКАНСКА САГА - роман “Макавеј” - Скопје, 2004;
15. БИЛЕТ ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ - Историски критички огледи
“Матица македонска”, Скопје, 2004;
16. ГОЛЕМОТО ВРАЌАЊЕ НА ТАЛКАЧИТЕ - роман
“Современост”, Скопје, 2006;
17. МАКЕДОНЦИТЕ НИЗ ПЕКОЛОТ НА ЦРВЕНОТО ГУБИЛИШТЕ - Историски критички огледи “Матица македонска”, Скопје, 2007;
18. ВОИНОТ И МАРГАРИТА - Роман “Матица македонска”,
2008;
19. ЈАМКА - роман “Матица македонска”, Скопје, 2009;
20. ВРАЌАЊЕТО НА ПОТОМЦИТЕ - роман “Менора”, Скопје,
2009;
21. ГЛАСОТ НА ТАЛКАЧИТЕ - Поезија, 2009;
22. ЕДНОВЕКОВНО МОЛЧЕЊЕ - роман, 2011;
23 ТАЛКАЧИ (НОВЕЛА ЗА ПУСТИНАТА КОЈА ВЛАДЕЕ СЕГА ВО РОДНИОТ ЕГЕЈ И ЗА ИЗГУБЕНИТЕ ИЛУЗИИ НА ТАЛКАЧИТЕ НИЗ ВИОРОТ НА СУДБИНАТАВО ГОДИНИТЕ НА Г.ВОЈНА (1945-1949)).
ПРИЛОГ - СВЕДОШТВА Каков бил човекот што се издагнал од сиромашко македонско момче до револуционер раскажува:
Уранија Раковска, сопруга на “сталинистот” Павле Сакам да се знаат имињата на тие што ни го уништија животот Од Грција избегале зашто се бореле во Граѓанската војна, “скапале” во затвори во Сибир и во Kазахстан како титовисти, дошле дома во Скопје за да ги прогласат за сталинисти и националисти. Поради тоа што ги жигосале УДБА и некои луѓе за личен интерес, никогаш не можеле да бидат тоа за што сонувале – Македонци. Ова е животната приказна на Павле Раковски и на неговото семејство, еден од водачите на Граѓанската војна во Грција во воденскиот реон. Тој никогаш не ја дочекал судбината да ја види самостојна Македонија, ниту, пак, да го види тоа за што бил кодошен. Сега неговото досие е пред комисијата за лустрација која преку објавувањето на имињата на соработниците постхумно ќе го рехабилитира Раковски.
Приказната за неговата трагична судбина, како тајните служби и личните интереси на некои тогашни и сегашни функционери ни ја раскажува неговата сопруга – Уранија Раковска. Сега веќе 85-годишната старица во својот дом во скопски Чаир не пречека со досието в раце. Самиот поглед кон огромниот куп хартија службени белешки од УДБА, KОС и од други служби доволно е да наежи. Нема потреба некој да раскажува што се има во тие страници за да добие претстава што им направил системот на ова семејството во изминатите 50-ина години.
- Е ова ни го направија. Целиот живот ни го претворија во хартија - покажува Уранија. Потоа лист по лист ги врти белешките и почнува да плаче. Голготата на Раковски ја поминала и таа, како и нивните син и ќерка. Уранија е “обработувана” од службите во досието на мажот, исто по идеолошка природа. Синот и ќерката, пак, секогаш биле обележани како деца на Павле и на Уранија, па и за нив не се наоѓало работа. Поради тоа, ќерката заминала да живее во Kанада. Страдале дури и нивни пријатели.
- Напати во досието се споменуваат луѓе што влегле во домот на Раковски, со препорака од соработникот и напомена од службените лица и тие да се проверат од службите. Така луѓе, комшии по потекло од Буф, село во близина на селото од кое потекнува Павле, ги повикавме на кафе оти Павле немаше никој од своето село во близина. Тие луѓе се најдоа во неговото досие само затоа што доаѓаа кај нас на гости - ни вели Уранија.
Досието на Раковски е цврст доказ за тоа што им се случувало на илјадници граѓани кои само поради различното мислење од политичкиот естаблишмент, идејата за самостојна Македонија, но и поради лични интереси на поединци. Семејството на Раковски не се откажува од тоа да ја дочека правдата за ваквиот речиси маченички живот во “куќен притвор”. Уранија веднаш откако се донесе законот за пристап до досиејата на претходниот режим во 2001 година, побарала од Министерството за внатрешни работи дали има досие за Павле и за нејзе водено од службите. Првичниот одговор бил дека нема. Но Уранија била упорна.
- Знаев дека тој одговор не може да биде точен. По толку мачен живот очигледно поради некои луѓе не е можно да нема досие за нас. Поднесов ново барање, поединечно за Павле Раковски и поединечно за мене. Ми договорија дека за Павле има, а за мене не. Тогаш ги добивме овие десет килограми хартија – раскажува старицата.
Од партизан во Воден до титовист во Алма Ата Раковски е родум од Kлештина, село во близина на Лерин.
Израснал во Лерин, каде што завршил и грчка гимназија за да стане даскал. Со почетокот на Втората светска војна се приклучува во редот на партизаните и притоа го организирал македонскиот отпор во Воденско, а неговото партизанско име е Гоце или Гоче. Во 1944 година сакал да оформи македонски баталјон, но неговата идеја наскоро била откриена и морал да пребегне за кратко во вардарскиот дел на Македонија. Се враќа за време на Граѓанската војна, кога е издадена наредба од Грците да го убијат. Во 1949 година е уапсен во Албанија и со брод за затвореници некако го транспортираат до одредена непозната дестинација, за на крајот да заврши во самица во Москва. Во самицата е затворен 2,5 години. Грчките службеници ја известуваат Уранија дека е мртов, а нејзе ја депортираат во Полска.
- По 2,5 години на Раковски му кажуваат дека неговите пријатели кажале оти е титовист и како таков е осуден на робија во Сибир каде што треба да пренесува вреќи со камења. Таму е држен некаде до 1955/56 година. По смртта на Сталин неговата казна е ублажена и тој е префрлен на куќен притвор со ограничено движење во Алма Ата, Kазахстан. Јас од Полска, веднаш штом ми јавија дека е таму заминав да го видам. Но откако ми истече визата за престој, Русите не ме пуштија да излезам, односно и мене ме ставија со Павле – се потсетува Уранија.
По неколку години Павле испраќа писмо до Хрушчов дека не е виновен за делото за кое е обвинет, и така на 1 март 1960 година, веќе со две деца, Павле и Уранија добиваат виза да заминат за Скопје - Македонија.
- Бевме пресреќни дека најпосле стигаме во Македонија – нашиот сон. Но возот застана некако многу порано од очекуваното. Се качија две неуниформирани лица и не зедоа со нив. Бевме во Белград. Попусти беа забелешките на Павле “ова е Белград, ние одиме за Скопје, за дома”. Не држеа неколку дена, со децата, затворени во полициска станица во Панчево.
Постојано не испрашуваа што сме мислеле за режимот, за која Македонија зборуваме. За на крајот да не пуштат да си дојдеме за Скопје - вели Уранија.
Во Скопје првично, како осомничени за сталинизам со месеци биле држени во хотелот “Бристол” со ограничено движење, за потоа да се сместат во стан во Kисела Вода.
- И тогаш почна уште поголем ужас за нас. Доаѓаа луѓе пријатели на Павле од Егејска Македонија и од времето на партизанството, тогаш веќе функционери во овој систем. Павле не се откажуваше од идејата дека на Македонија треба поинаков систем и поради тоа не можеше никако да најде работа, а постојано имавме и проблеми. Еднаш дури го натепаа непознати лица. Случајот го пријавивме во полиција, но никој не сакаше да не слуша. Наместо тоа, нас почнаа да не испрашуваат. Така, од Грција избегавме оти н мачеа, скапавме во затвори во Сибир како титовисти, дојдовме дома во Скопје за да не прогласат за сталинисти и националисти. Поради тоа што не жигосаа УДБА и некои луѓе за личен интерес, никогаш не можевме да бидеме тоа за што се боревме - Македонци -вели Уранија низ солзи.
Според обемот, досието на Раковски, под кодно име “Повратник”, е едно од најобемните досиеја воопшто. Следен е по неколку линии, на крајот го следеле по линија на “анархолиберализам”. Документот има над 3.000 страници и е искодошен речиси секој негов ден од моментот кога стапнал на македонска почва до неговата смрт во 1988 година. Дека не бил “случаен лик” како што наведувале некои негови соборци од Егејска Македонија, а потоа соработници на службите и функционери во минатиот систем говорат токму илјадниците страници. Чуму толку ангажман на службите за некој сосема случаен? Дека бил истакнат водач говори и тоа што имал личен контакт и со Лазар Kолишевски, но потоа се разишле поради идеолошката определба на Павле за самостојна Македонија, како и за тоа дека “режимот на Тито не бил добар за македонските национални интереси”. Имињата на главните соработници во верзијата на Уранија се покриени со црно, сепак некои имиња во неколку наврати се провлекле. Според тоа што таа можела да процени, заедно со нејзините деца додека го анализирале досието е дека се споменуваат повеќе десетици кодоши. Меѓу нив се и оние 11 лица кои со Павле биле експедитирани од Грција, преку Албанија до Сибир. Меѓу нив се наоѓа еден починат поранешен директор на издавачка куќа, двајца поранешни функционери од судството чии внуци денеска се дел од “борбата за човекови права” како истакнати членови на невладиниот сектор, но и други препознатливи имиња од јавниот живот.
- Не ни се верува дека таму си ги најдовме првите комшии, многу блиски роднини, речиси сите пријатели...многу, многу ги има. Некои од нив беа сомнителни уште додека доаѓаа дома оти беа упорни да се дружат со нас иако ги одбивавме – вели Уранија.
Откако го добила досието, го дала на еден нивен пријател за да го објави, заедно со неколку дела на Раковски. Четири книги, меѓу кои и неговата автобиографија била отпечатена, постхумно, досието никогаш. Уранија го искористила сега новиот Закон за лустрацијата и побара од Kомисијата за верификација на фактите да ги објави имињата на неговите кодоши имајќи пред вид дека некои од нив се познати поранешни функционери.
- Сакам имињата да бидат објавени. Тие што ни го зедоа животот ќе мора да се знаат кои се, а не со црно да бидат прикриени – вели Уранија.
Раковски успеал само еднаш посериозно да се вработи во својот живот, како директор на училиште во Kисела Вода во 70-тите, но тоа траело кратко. Потоа никогаш и никаде не се нашло работа за него. Одвреме-навреме публикувал по некој текст, главно за граѓанската војна и македонското прашање во Егејска Македонија. Но, дури и текстовите му биле под силна цензура и контрола.
Имено во неговото досие, голем дел од извештаите на соработниците се однесуваат на неговите текстови. Често во нив соработникот давал мислење дали делото е “погодно” за системот и дали треба да се објави. На пример, во Извештајот од соработник од 29 октомври 1983 година се коментира едно од делата на Раковски, притоа соработникот нагласува дека “неговиот текст за борбите во Егејска Македонија добил позитивно мислење од уредникот, но препораката од мене (н.з.
соработникот) е дека делото не треба да се печати бидејќи Раковски сака да добие незаслужно политичка рехабилитација”.
Соработникот го опишал делото како текст во кој се зборува дека Југославија и Грција правеле договори за македонскиот народ, жртвувајќи ги македонските интереси во името на интересите на соседните држави.
Семејството Раковски ги испратило документите до комисијата за лустрација. За изненадување на Уранија, документите веднаш биле примени од Kомисијата, но она што уште повеќе ја зачудило е одговорот. Имено, пред два месеца, на 5 јули стигнал допис од Kомисијата дека “државните органи ја известиле Kомисијата дека не располагаат со податоци, списи и писма што се однесуваат на Раковски”.
- Тоа не разочара. Kаде е оригиналот. Kако може ние да имаме копија заврена со печат од МВР со службени белешки од Белград до Скопје и тоа добиена во 2001 година, а сега да ги нема. Каде се? – вели старицата.
РЕЦЕНЗИ Прва рецензија на книгата Со изострено чувство за селективност на одредени настани, личности и процеси,авторот на романот “Талкачи” Стојан Кочов, отворено и смело говори за идеалите и заблудите на нашите борци, раководени од други влади и туѓи команди во Граѓанската војна во грција. На страниците од ова возбудливо дело на показ изиава превласта на Македонцеот над Македонецот,а во тој контекст кулминира националната погибија.
Личноста на Павле Раковски олицетворена во името на Добрин Сувогорски, зазема средишно место во книгава. Неговата животна врвица е отсликана верно, почнувајки од младешкиот идеал искажан во виорот на војната, па се до преживеаните трауми во занданите во Русија, но и во “слободата” во родната Македонија заедно со своето семејство минува низ Сцили и Харидби, дочекувајки ја смртта рехабилитацијата од власта, а, апсурдот да биде поголем, по смртта доживува рехабилитација и од своите “верни”, соборци и дргари.
“Талкачи” е потресна приказна, за љубовта и занесот кон светите идеали за Таковината.
Раде Силјан.
Втора рецензија на книгата Делото Новела за талкачите претставува извонреден спој на историски настани и лични судбини, спој кој почитуваниот автор Стојан Кочов на виртуозен и само нему својствен начин успеал да го преточи во една целина. Стојан Кочов е еден од ретките хроничари и толкувачи на настаните кои се случуваа во егејскиот дел на Македонија во текот на Граѓанската војна и последиците кои следуваа по таа временска рамка. И доблесно е да се потенцира дека Кочов е херој на нашето време бидејќи тој, преку пишаниот збор, постојано им пркоси на заборавот и на лажните сведоштва. Ова го пишувам имајќи го предвид фактот дека кога многумина молчеа Кочов и неговите дела беа авангардата која ни ја овозможуваше средбата со вистината, без оглед на тоа каков облик имаше таа.
Неговите ликови и настаните низ кои тие ликови минуват истовремено се сурово реални и реално сурови. Авторот, низ призмата на можноста да се патува низ времето, стил кој е негова карактеристика и е постојано присутен во неговите дела, ни овозможува да се вратиме во времето и просторот и да се соочиме со премрежињата на Македонците од егејскиот дел на Македонија.
На ова место се присутни лажни поборници за основните човекови права на Македонецот, како и оние кои потојано се залагаа за компромис. Само малкумина ја увидоа опасноста од компромиси и епилогот од тоа сценарио, бидејќи историјата не научи дека секој компромис во кој се бара учество на Македонецот е како ненаситен ѕвер кој ја пие македонската крв.
И треба да учиме од минатото, токму од трудовите како овој на почитуваниот Кочов, дека секогаш кога македонскиот народ бараше да биде еднаков со другите, да биде свој на своето, македонските жртви никогаш не беа оставени да почиваат во мир, туку постојано изникнуваа мародери, оние кои се движат помеѓу мртвите тела на бојното поле и истите ги ограбуваат.
Понекогаш тие мародери ги ограбуваа малубројните вредни предмети на паднатите Македонци, многу почесто им ја ограбуваа славата и жртвата.
Е токму заради погоре наведеното Новела за талкачите е извонреден труд. Бидејќи во него нема компромиси, затоа што авторот храбро се соочува со тегобите на минатото и ни ги пренесува.
Ова е дело за малкумина знајни и многумината незнајни, за оние кои немаа име и презиме, за оние кои се викаа меѓусебно другари. И како соборците кои беа другари одеднаш станаа другари иследници, другари кои се сомневаа во доскорешните соборци. Основната цел на овој труд е да придонесе во пренесувањето на вистината од генерација на генерација, да претставува еден патоказ за сегашните и идните генерации кои се движат кон иднината, кои со себе го носат заветот да не го заборават минатото.
Со почит, проф. д-р Теон Џинго
15 декември 2016 г.
КРАТЕНКИ АФЖ АНТИФАШИСТИЧКИ ФРОНТ НА ЖЕНИТЕ ГШ ГЛАВЕН ШТАБ ДАГ ДЕМОКРАТСКА АРМИЈА НА ГРАЦИЈА ЕАМ НАЦИОНАЛЕН ОСЛОБОДИТЕЛЕН ФРОНТ ЕДА ГРЧКА ДЕМОКРАТСКА ЛЕВИЦА ЕЛАС ГРЧКАНАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА АРМИЈА ПОН НАЦИОНАЛНА СЕГРЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА МЛАДИТЕ ПГ ЗЕМЈОДЕЛСКА ПАРТИЈА НА ГРЦИЈА ИБ ИНФОРМБИРО ЕППЕ ЦЕНТРАЛЕН КОМИТЕТ НА ПОЛИТИЧКИТЕ БЕГАЛЦИ ОД ГРЦИЈА КЗ КРИВИЧЕН ЗАКОН КОЕМ КОМУНИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА МАКЕ ДОНЦИТЕОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА КПГ КОМУНИСТИЧКА ПАРТИЈА НА ГРЦИЈА КПЈ КОМУНИСТИЧКА ПАРТИЈА НА ЈУГОСЛАВИЈА КПМ КОМУНИСТИЧКАПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА МАИ ЕДИНИЦИ ЗА ЗАШТИТА НА ВНАТРЕШНОСТА НОВ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА ВОЈСКА НОД НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ НОМС НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН МЛАДИНСКИ СОЈУЗ НОФ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ФРОНТ ООН ОРГАНИЗАЦИЈА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ПБ ПОЛИТБИРО ПДВ ПРИВРЕМЕНА ДЕМОКРАТСКА ВЛАДА НА ГРЦИЈА ФОРМИРАНА 1947 ГОДИНА НА ГРАМОС, КОЈА НИКОЈ ДРУГ НЕ ПРИЗНАВА ОСВЕН ТАА САМАТА СЕБЕСИ.
ПЕЕА ПОЛИТИЧКИ КОМИТЕТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕ ПЗ ПРИНУДЕН ЗАКОН СНОФ СЛАВЈАНОМАКЕДОНСКИНАРОДНООСЛОБО ДИТЕЛЕН ФРОНТ УДБ УПРАВА ЗА ДРЖАВНА БЕЗБЕДНОСТ ЦК ЦЕНТРАЛЕН КОМИТЕТ ЦС ЦЕНТРАЛЕН СОВЕТ.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/wanderers-talkachi-e-book-macedonian/26 на 29 октомври 2026