Tragedy and Wrath (In the Shadows of Exile)
РАСКАЗИ ШТО БЕА ОБЈАВУВАНИ ВО РАЗНИ СПИСАНИЈА И ВЕСНИЦИ
РАСКАЗИ ШТО БЕА ОБЈАВУВАНИ ВО РАЗНИ СПИСАНИЈА И ВЕСНИЦИ
1. Расказот “Камен”, објавен е во весникот “Трудбеник” на 18.
јули 1967 год.
2. Расказот “Од татковото огниште само пепел”, обавен е во весникот “Трудбеник” на 4 февруари 1968 год.
3. Расказот “Одземена земја” објавен е во весникот
“Трудбеник” на 22 март 1969 год.
4. Расказот “Средба”, објавен е во “Студенски збор” на 30 март
1970 год.
5. Расказот “Земјата и луѓето”, објавен е во списанието
“Развоток” број 6, год. ИЏ Ноември - декември. (Истиот расказ е објавен ив о весникот “Трудбеник” на 22 Ноември 1969 год.
6. Расказот “Земја на вечна тага”, објавен е во списанието
“Развиток” број 6.
7. Расказот “Продавачката на каранфили”, објавен е во весникот
“Нова македонија”, на 21 ноемри 1971 год.
8. Расказот “На мртовден”, објавен е во списанието на иселениците “Македонија”, декеври 1971 год.
9. Расказот “Тугинци во својата земја”, објавен е во весникот
“Трудбеник” 1972 год. (Истиот расказ е објавен о весникот “демократ” бр. 4 октомври 1972 год. кој излегува од емигрантите во Полска. Истотака е објавен ив о весникот “неа зои” на 12 . 9. 1972 год. кој излегува од емигрантите во Н. Р.
Романија. Во јули 1986 год. објавен е ив о списанието за иселениците “Македонија” ив о “Нова македонија” на 4 ноември 1984 год.
10. Расказот “Во долината на заборавот”, објавен е во весникот
“Нова македонија” на 29 октомври 1972 год.
11. Расказот “Земја на вечна тага”, објавен е списаниеро
“македонија”, август 1970 во бр. 208, 209.
12. Расказот “Бегалци”, објавен е во весникот “Нова македонија” на 7 март 1971 год. (Истиот расказ е објавен ив о весникот “Трудбеник” на 30 јануари 1971 год.
13. Расказот “Талкачи”, објавен е во “Нова македонија” на 12 јануари 1986 год.
14. Расказот “Тажните рози на Пенелопа” објавен во “Нова македонија” - ЛИК 1995 год.
15. Расказот “Нова година во земјанките на Грамос”, објавен е во “Нова македонија” на 6 октомври 1993 год.
16. Расказот “последното оро на татко ми”, објавен е во “Нова македонија” на 27 јануари 1993 год.
17. Расказот “Првиопт помен на Нина”, објавен е во “Нова македонија” на 8 јануари 1984 год.
18. Расказот “На мртовден”, објавен е во списанието
“Македонија во 1971 год.
19. Расказот “Собирач на ракови”, објавен е во “Нова македонија” на 26 јануари 1975 год.
20. Расказот “Талкачи”, објавен е во “Нова македонија” на 12 јануари 1986 год.
21. Расказот “Пречек”, објавен е во ЛИК - “Нова македонија на
23 ноември 1988 год.
22. Има уште многу други раскази што се објавени во списанија и весници, но не се сочувани во личната архива.
СМРТТА НА СТАРИЦАТА СМРТТА НА СТАРИЦАТА Старицата воин е покојна Таа правнука на војаките Словени Ни сандук, ни лафет Ни звук од труба со писклив глас Не и ја означи смртта.
Чиниш е предмет најден во ноќта Од разиграните азиски коњи.
Покјна е старицата војник Знаменосец на победеното знаме;
Таа што даваше за рожба благослов Таа што родот го роди горд Таа што го изгуби родот Таа што иташе по нас победените Таа што заветот го носеше до Ташкент.
Ја умам: умре без солзи Со клетва во уста Со страв од пожар Нешто во душата и гори.
Умирајќи ми ја посака раката и Молбено со избледени очи:
“Вкуку! Аманет имаш Гржата да е твоја, врати се види.
Цел живот само едно ме мори:
Можеби огништето?
Можеби кандилото?
Можеби свеќата уште гори...” Песната е посветена на баба ми Цилка, која умре 1957 на 90 години во Ташкент БЕЛЕШКА ЗА ПИСАТЕЛОТ Стојан КОЧОВ е роден 1930 година во с. Турје, Леринско. Во годините на Граѓанската војна во Грција (1946 - 1949 година) е активен учесник во единиците на ДАГ за национално и социјално ослободување на македонскиот народ.
Од 1950 - 1957 година живее и се школува во СССР, се до неговото враќање во Р. Македонија во 1957 година.
Живее во Скопје. Дипломира на белградскиот универзитет.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/tragedy-and-wrath-koba-i-gnev-e-book-macedonian/17 на 29 октомври 2026