Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Very Short History of the Macedonian People: From Prehistory to the Present

Front Matter - Part 02

Од Ристо Стефов · Дел 2 од 4 · Околу 18 минути

Читај на English

Првиот век пред Христа донел длабока промена во политичката структура на моќ од северна Индија до Египет. Тој, исто така, донел истребување на вековните македонски владејачки династии. Крајот на македонската власт не го олеснил крајот на македонската култура во овие региони. Далеку од тоа, штом еднаш се етаблирале, Македонците продолжиле да живеат меѓу автохтоното население, постојано натурализирајќи ги нивните обичаи и култура. Во Индија барем, голем дел од оригиналните политички и административни структури воспоставени за време на античките времиња биле усвоени од страна на Индијците, а некои останале непроменети до ден-денес.

Македонската цивилизација остварила огромен престиж, не само во Азија и Индија, туку и во Рим, исто така. Самиот Рим бил, во голема мера, маѓепсан од македонската уметност, архитектура, скулптура, итн., така што со текот на времето тој, исто така, развил македонската култура.

Појава на христијанството Не може да се каже дека апостол Павле го создал нееврејското христијанство (Gentile Christianity), но тој е одговорен за поттикнување истото да се создаде. Павле станал важен фактор во ширењето на христијанството во Македонија кога имал визија на човек, Македонец, кој го преколнувал и барал од него „дојди во Македонија и помогни ни".

Павле ја протолкувал оваа визија како Божја волја да ги однесе „добрите вести“ на Исус во Македонија. „Но, кога дојдоа пред Ми’сиа, се обидоа да отидат во Битинија, но Духот на Исус не им дозволи; така, поминувајќи покрај Ми’сиа, се симнаа во Тро’а. И една визија му се појави на Павле во ноќта: човек од Македо’ни стоеше, преколнувајќи го и велејќи му, ’Дојди во Македо’ниа и помогни ни.“ И кога ја виде визијата, веднаш настојувавме да одиме во Македо’ниа, заклучувајќи дека Бог нè повика да им го проповедаме Евангелието.“ (стр. 1044, Светото Писмо, Ревидирана стандардна верзија, Холман, Филаделфија,

1952)

Постојат некои кои веруваат дека човекот во визијата на апостол Павле бил апостол Лука. Лука бил Македонец, лекар по струка, кого Павле го запознал за прв пат во Троја. Лука, можеби, имал некоја врска со Филипи за Павле да биде испратен таму. Не е познато дали Лука бил христијанин или не пред да се запознае со Павле, но сигурно бил христијанин после тоа. Лука бил голем писател и составувач на едно од евангелијата.

Тоа било околу 50 година по Христа кога Павле стапнал на европска почва за прв пат. Тоа било во македонските градови Филипи, Солун и Beroea каде го проповедал словото на Исус (Acta apos., XVI, id. XVII).

Околу 52 и 53 година по Христа, тој испратил посланија до луѓето на Солун (Epist. Thess); потоа, во 57 година по Христа, повторно дошол во Македонија за да го проследи постигнатиот напредок. Во 63 година по Христа, повторно испратил посланија во Македонија, но, овој пат, само до луѓето во Филипи. (Epist. Philipp)

Дури и пред Павле да дојде во Македонија, легендата вели дека Марија, мајката на Исус, ја посетила Македонија. „Благословената Девица ги отстранила сите други жени од Светата Гора, за која тврдела дека е ’Нејзина Градина’, откако бурите ја донеле на брегот во близина на местото на сегашниот манастир Успение (’Iviron’). (Стр. 41, Васил Богов „Македонско откровение, Историски документи, Растресена и неповрзана модерна политичка идеологија“/Bogov, Vasil. Macedonian Revelation, Historical Documents Rock and Shatter Modern Political Ideology) Светата Гора е најсветото место во Европа и еден од најголемите монашки центри на христијанството.

Првата мисија на Павле во Македонија го однела во Филипи каде што запознал една жена по име Лидија, која се занимавала со препродавање на ткаенини. Лидија била вдовица која продавала облека и ткаенини и била редок пример на слободна жена која живеела и работела во Македонија. Извесно време, Лидија била изложена на еврејски религиозни практики кои ги набљудувала во една колонија на Евреите кои се населиле во близина на нејзиниот дом во Тиатира. Лидија, заедно со нејзиното семејство, се верува дека е првата христијанка во Македонија покрстена од Павле. По Филипи, мисионерско патување на Павле го однело во убавиот македонскиот град Солун, каде што, во 50 година по Христа, ја основал онаа што подоцна ќе стане позната како црквата ’Златна порта’, првата христијанска црква во Европа.

Почетокот на новиот милениум бил сведок на смртта на римската Република и на раѓањето на империјалниот Рим. Царевите од лозата на Август, можеби, донеле мир на империјата, но со мирот тие, исто така, донеле и занемарување, пад и изумирање. Како што е споменато претходно, до 180 година после Христа, веќе имало непогрешливи знаци на распаѓање. Покрај падот во земјоделството и економијата, империјата ги отворила своите врати за анархија кога усвоениот систем на избор на императори бил напуштен во корист на наименувања на одредени лица.

Византиска Македонија Во текот на 313 година по Христа, од големиот имериски град Милано, царот Константин, заедно со Ликиниј, својот ко-император, испратил серија писма за да ги информира гувернерите на сите провинции да престанат да ги прогонуваат христијаните, на тој начин укинувајќи ги сите претходни анти-христијански укази. Сите имоти, вклучувајќи ги христијанските светилишта, запленети од нив во минатото, требало да бидат вратени. Овој, таканаречен „Милански Едикт“, со кој Римската империја ја променила својата политика на непријателство кон христијаните, е еден од најрешавачките настани во историјата на човештвото.

Што го предизвикало овој ненадеен пресврт?

Рационално мислители веруваат дека Константин предвидел и сфатил сфатил дека христијанството ќе станувала сè поголема сила и дека може да се искористи да дејствува за доброто на империјата.

Христијанството било резултат на променливи времиња и искористувањето на неговата моќ било од многу поголема корист отколку следењето на тековната политика што се обидувала да го уништи истото.

На 8 ноември во 324 година по Христа, Константин формално ги поставил границите на неговиот нов град, околу четири пати поголем на територијата на стара Византија. Додека неговите архитекти го проектирале неговиот нов град, Константин и неговата армија, која броела околу 120.000 војници, биле позиционирани во Солун. Дури и пред да отиде во Солун, во 324 година по Христа, Константин наредил старото пристаниште на Солун да се реновира и прошири за да ја собере неговата флота од 200 воени бродови и околу 2.000 трговски бродови.

До 328 година по Христа, ѕидовите на Цариград (Константинопол)

биле целосно завршени и новиот град бил свечено осветен во мај 330 година по Христа. Набргу по свеченото отворање на градот, Константин наредил изградба на две големи цркви, Света Софија (Света Мудрост) и Света Ирена (Светиот мир) и почнал со поставување на темелите на трета црква, Црквата на светите апостоли.

Пред да станат познати како Византијците или пред да бидат нарекувани како Источни правоверци, па дури и пред да станат едвај посебна империја, тие на Македонците им биле познати како православци (исправени и славни); еден антички народ обединет од заедничка (Источна христијанска) вера која преживеала до ден-денешен и која има огромно значење за верниците.

До 500 година по Христа, христијанството станала стандардна религија во Македонија, а македонскиот јазик и култура повторно се појавиле со неа.

Скромните почетоци на христијанството можеби започнале со јазикот коине, но, за порака на Исус да биде разбрана од страна на масите, таа морала да биде искажана на јазикот на масите. Денес е добро познато дека јазикот на христијанството во Македонија бил македонскиот јазик, истиот јазик што го зборуваат Македонците денес.

Македонскиот јазик бил широко распространет како јазик на христијанството од страна на Кирил и Методиј.

Кирил и Методиј Тоа било за време на владеењето на византискиот император Михаил III (842-867) кога Солун дефинитивно се етаблирал како верски и филозофски центарот на империјата. Тоа било времето кога Кирил и Методиј тргнале на серија мисии за ширење на учењето на христијанството во разни места во Источна Европа и Азија.

До осмиот век по Христа, македонските епархија била контролирана од страна на македонска архиепископија чиј центар се наоѓал во Солун, а епископии постоеле во осумнаесет градови вклучувајќи ги и Лерин, Костур, Воден и Серес.

Браќата Кирил и Методиј биле Македонци, родум од Солун, кои биле воодушевено прогласени како апостоли одговорни за ширење на македонскиот јазик и култура во земјите од Источна Европа. Биле прогласени за татковци на македонската книжевна култура. На Кирил, помладиот, му било дадено името Константин кога бил крстен. Тоа било многу подоцна кога го добил името Кирил.

Кариерите на Солунските браќа тргнала кон подобро во 862 година, кога Ростислав, кнезот на Моравија, испратил свој амбасадор во Цариград (Константинопол) кои барал мисионери способни да го подучуваат неговиот народ да чита и да пишува на својот јазик.

Ростислав, исплашени од неговите моќни германски соседи, барал можност да го зајакне сојузот со Византијците за противтежа на германското мисионерска влијание во неговото кралство. Ростислав ја претпочитал црковната политика на Фотиј (Photius), тогашен патријарх на Цариград, во однос на политиката на неговиот западен колега.

Кога се дознало дека царот Михаил бил во потрага по способни мисионери, Фотиј одлучил дека Кирил и Методи биле најпогодни кандидати за таа работа. Солунските браќа, и самите Македонци, добро го знаеле солунскиот дијалект на македонскиот јазик и ја прифатиле задачата.

Старомакедонскиот јазик добро го разбирале сите народи од Источна Европа. За жал, да се подучуваат неписмени луѓе да читаат и пишуваат е полесно да се каже отколку да се направи. Иако овие луѓе имале писмена форма на јазикот што се опишувала како „линии и засеци“, тоа не бил лесен јазик за учење.

На Кирила му била позната глаголицата, но таа, исто така, претставувала премногу сложен јазик за неписмените луѓе да ја научат брзо. Според Црноризец Храбар, поборник на македонската писменост, Кирил и Методи, најпрво, се обиделе да го користит јазикот коине, а потоа глаголицата, но не можеле да постигнат соодветна изговор.

Македонскиот говор бил премногу комплексен за да се запишува само со јазикот коине или со латинични букви. Кирил бил интелегентен човек и го решил проблемот со создавање на нова азбука врз основа на старите македонски традиции. Моделот и некои букви ги базирал врз азбуката на коине јазикот, но ја збогатил истата со додавање нови букви. Позајмил неколку од глаголското писмо, а некои ги обликувал според античките македонски симболи што имале традиционално македонско значење.

„Питер Хил тврди дека старословенскиот [македонски] ... бил повеќе отколку само пишан дијалект. Наивно е да се замисли дека ова создавање на писмен јазик било можно без востановена традиција. Затоа, може со сигурност да се претпостави дека постоела барем некоја традиција врз која Кирил и Методиј можеле да градат. Веројатно нивната блискост со и познавање на оваа традиција потекнувала од фактот дека тие самите биле [Македонци].“ (Стр. 198, Џон Ши, Македонија и Грција, Борба за дефинирање на нов балканска нација/ John Shea, Macedonia and Greece The Struggle to Define a New Balkan Nation)

Кога била завршена, азбуката на Кирил се состоела од 38 букви, секоја точно и прецизно претставувала еден посебен звук на македонскиот говор. Фонетската природа на јазикот на Кирила овозможувала многу едноставен изговор на зборовите. Луѓето само требало да ја научат азбуката за да ја стекнат способноста да читаат и пишуваат. Истото важи и до ден-денес.

Следејќи ги стапките на Кирил и Методиј, нивните ученици Климент и Наум Охридски го осноцале првиот македонски универзитет, Охридската книжевна школа. Триесет и пет стотини учители, свештеници, писатели и други книжевни личности произлегле од оваа Охридска книжевна школа. Нивните активности биле крунисани со положување на темелите на една македонска културнa, образовна и црковна организација, каде се користела македонската азбука и каде старомакедонски јазик бил воведен во богослужбите. Формирањето на првата македонска православна епархија, која подоцна ќе прерасне во Охридска Архиепископија (за време на владеењето на цар Самоил), го означил почетокот на Македонската Православна Црква.

Средновековна Македонија Во првата половина на 10 век, Богомилското учење се појавило во Македонија, основајќи го познатото Богомилско движења кое се ширело низ Балканот и Европа. Десеттиот век, исто така, го означил почетокот на Македонското средновековно кралство на Цар Самоил (976-1014).

Кон крајот на X век, како што Византиската империја (Источното Римско царство) слабела и како што Првото бугарско царство се распаѓало поради конфликтот со Русија, така Цар Самоил бил бил во можност и бил способен да создаде големо и силно македонско средновековно кралство со центар во Охрид. Самоил освоил делови од денешната Грција, Епир, голем дел од денешната Бугарија, Албанија, Србија, Босна, Црна Гора и Далмација.

Самоил бил поразена во 1014 година од страна на византискиот император Василиј II, во битката на планината Беласица. Петнаесет илјади негови војници биле заробени и ослепени, освен еден на секои сто војници кому му било оставано само едно око за да ги води останатите кон Самоил, кој самиот ја избегнал смртта на Беласица. Но, кога ја видел својата слепа војска, Самоил претрпел мозочен удар и умрел два дена подоцна, на 6 октомври, 1014.

Четири века по падот на македонското средновековно кралство, побуните и честите промени во владеењето го нарушиле развојот на Македонија. Во XI век имало две големи востанија против византиското владеење, едно предводена од Петар Делјан, внук на Самоил, во 1040 година, а другото предводено од Ѓорѓи Војтех во 1072 година.

Дванаесеттиот век посведочил за подемот на македонските феудалци Добромир Хрс во 1201 и Стрез во 1211 година.

Отоманска Македонија И покрај многуте буни и краткотрајните окупации на српската и бугарската империја во XIII и XIV век, Македонија останала во рацете на Византија сè додека Османлиите не ја освоиле во 1389 година.

Османлиите цврсто се утврдиле, не само во Македонија, туку, и во сите делови на јужниот Балкан и останале тука цели пет века. Првото од значајните движења на отпор против отоманската окупација, била Мариовоско-прилепската буна (1564 - 1565) и Карпошовото востание во 1689 година. Во XVIII век, моќната Охридската архиепископија била активна сè до 1767 година кога била укината од страна на османлискиот султан Мустафа III под притисок на патријархот во Цариград

(Истанбул).

Во текот на XIX век, Грција, Србија и Бугарија, со помош на Големите сили, биле ослободени од јаремот на Отоманците и активно започнале да коваат заговор против македонскиот народ, манифестирајќи територијални аспирации. Веднаш штом биле ослободени, овие три држави станале инструменти за аспирациите на европските Големи сили и со нивна помош се стекнале со македонски територии.

Пред формирањето на бугарската држава, Грција на сите православни христијани гледала како „Грци“, бидејќи тие биле поврзани со Патријаршката црква. Но, откако Бугарија станала држава во 1878 година и ја формирала Егзархиската црква, таа го оспорила грчкиот став.

Со основањето на туѓи цркви (грчки, бугарски и српски) внатре во Македонија, а во отсуство на македонска црква, трите конкурентски држави започнале со поделба на македонскиот народ според нивната припадност на една од тие црвки, тврдејќи дека парохијаните верни на грчката црква, всушност, се Грците, додека оние верни на бугарската црква биле, всушност, Бугари и така натаму.

Тоа било токму со овој метод со кој Македонија била демографските определена, а тие податоци биле објавувани во различни статистика при крајот на XIX и почетокот на XX век.

Грците, Бугарите и Србите се користеле со многу оружја во нивниот анти-македонски конфликт, вклучувајќи и отворање училишта, во обид да се инсталира соодветен јазичен и верски идентитет, контрола врз црковната служба, влијание врз текот на градење на железница, дипломатски обиди за да ја стекнат довербата на османлискиот султан и така натаму. Трите држави, исто така, ангажирале и вооружени банди во Македонија за да инсталираат терор и да го „убедат“ населението дека е подобро да бидат живи „Грци“, „Срби“, или „Бугари“ отколку мртви Македонци.

На крајот на XIX и почетокот на XX век, Македонците настојувале да развијат свој национален идентитет како што почнале да се организираат и да се борат да ги протераат Османлиите. За жал, тоа не било воопшто лесно, бидејќи немале поддршка од ниту една Голема сила, кралско семејство или интелигенција активни во странство. Тоа бил период на сè поголемо будење на националната свест на македонскиот народ и потрага по една слободна и независна Македонија. Благодарение на македонскиот фолклор и усната историја луѓето знаеле дека се Македонци, потомци на Александар Велики и на античките Македонци. Приказните за Александар биле раскажувани и прераскажувани од генерација на генерација.

Движењето за независност Кон втората половина на XIX век, просветителството и образованието цветале во Македонија, поставувајќи ги темелите на современата македонска книжевност. Македонските просветители како Кирил Пејчиновиќ, Јоаким Крчовски, Партенија Зографски, Георгија Пулески, Јордан Хаџи Константинов-Џинот, Димитар и Константин Миладинов, Григор Прличев, Кузман Шапкарев, Крсте Мисирков, Никола Вапцаров и други го започнале движењето за описменување.

Деветнаесеттиот век, исто така, бил одбележан со почетокот на националната револуционерна борба за ослободување на Македонија.

Негушкото востание во 1822 година, Разловечкото востание во 1876 година, односно Кресенското востание во 1878 година, имале силно влијание врз развојот на македонската национална свест. Епископот Теодосиј од Скопје започнал кампања за создавање на независна македонска православна црква и се обидел да ја возобнови Охридската архиепископија, која била укината во 1767 година. За жал, бугарското мешање ефикасно ја уништило таа идеја.

Во 1890 уште еден бунт почнал да се организира и да добива на интензитет. Студентите биле први кои стапиле во акција. Студентски револуционерни организации биле формирани во Швајцарија и Бугарија.

И двете користеле различни тактики во борбата против анти-македонските шовинистички балкански пропаганди. Организирана во 1891 година, групата во Бугарија се здружиле со организацијата на македонските печалбари во Софија и имала големи успеси. Со текот на времето, повеќе организации никнале во Русија, Велика Британија и Грција, но ниедна, според постигнувањата, не би можело да се спореди со онаа во Софија, наречена Млада македонска книжевна дружина, под раководство на Петар Поп Арсов. Оваа дружина млади Македонци изготвила свој устав и успеала да го издава револуционерниот весник „Лоза“. Првиот број на „Лоза“ излегол во јануари 1892 година, проследен со уште шест изданија пред Дружината да биде осудена од страна на грчкиот и српскиот печат и пред бугарскиот печат да положи право врз неа како „бугарска“. Според официјалната државна политика на Бугарија, „Македонците биле Бугари“ и секое вредно македонско творештво припаѓало на Бугарија.

Додека македонските студенти-емигрант се бореле против грчката и бугарската пропаганда и барале западна поддршка од надвор, т.е. од странство, еден историски момент се случил во Македонија. На 23 октомври 1893 година во Солун, двјца учители во средно училиште, Дамјан Груев и Антон Димитров, заедно со Петар Поп Арсов, поранешен уредник на „Лоза“, и Христо Татарчев, лекар, се собрале заедно во куќата на една книжарница, сопственост на Иван Николов, на неформален состанок за да разговараат за маките и страдањата на македонскиот народ и што треба да се направи во врска со тоа. Како што веста се ширела, бил формиран еден комитет, сè повеќе Македонци почнале да се вклучуваат и затоа вториот (формален) состанок се одржал на 9 февруари 1894 година, што резултирал со создавањето на една револуционерна организација позната како Ввнатрешна македонска револуционерна организација, ВМРО.

За да ги собере масите, Организацијата го избрала харизматичниот Гоце Делчев, човек со визија наречен татко на македонската револуција и душа на движењето, кому само неколкумина му се рамни, да ја води револуцијата.

До 1896 година, ВМРО била во можност да врши влијание до точка на која таа дејствувала како држава во држава, преземајќи административни функции од Османлиите, водејќи бојкот против отоманската институции и нудејќи им заштита на изолирани села од ќесеџиите/разбојниците спонзорирани од Грција и Бугарија. Со текот на времето, оперативците на ВМРО успеале да навлезат во отоманската економска, образовна, па, дури, и во судската дејност.

ВМРО демонстрирала дека умее одлично да управува според нејзината способност да ја организира Македонија во седум револуционерни окрузи (Солун, Серес, Струмица, Штип, Скопје, Битола и Едрене {Дарданелите}). Таа, исто така, ги покажала и своите слабости.

Откако се здружила со селани од сиромашни села и се стремела да се воздржи од било какви финансиски обврски и долгови, ВМРО се нашла во незавидна финансиска ситуација.

Недостатокот на средства за купување доволно оружје, го донело сознанието дека ова „востание“ ќе биде долго. Делчев добро знаел што сè е во прашање и колкав е залогот, но, бил трагично убиен од Османлиите на 4 мај 1903 година, пред да има можност своите планови да ги преточи во акција. Во отсуство на Делчев, Груев го презел организирањето и подготовките за започнување на Илинденското востание на 2 август 1903 година. Плановите биле благовремено направени, била подготвена воена стратегија, оружје, медицински материјали и прехранбени производи биле собрани, а и залихи биле обезбедени. Чети (борбени единици) биле организирани и нивна обука спроведена. На 26 јули 1903 година, со испраќање депеша до Големите сили преку британскиот заменик-конзул во Битола, Генералниот штабот официјално го објавил востанието. Потоа, на 28 јули 1903 година, ВМРО испратила курири, на коњи, до сите под-области со пораката „Нека започне востанието“. На истиот ден, Генералштабот го информирал директорот на Железницата на Отоманската империја да ги предупреди патниците да изберат друг начин за транспорт со цел да избегнат да бидат повредени.

По наредба Дамјан Груев од Смилево, селските чети ги комбинирале силите за да ги формираат следниве чети: чета на регионот на Смилево и Ѓавато (650); Крушевската чета (400); Кичевската чета (350); Битолската чета (250); Охридската чета (880); чета на регионот на Ресна (450); чета на регионот на Демир Хисар (420); чета на Преспански регион (300);

Костурската чета (700) и Леринската чета (450) .

Четите, под команда на способни лидери, како Дамјан Груев, Васил Чакаларов, Петар Поп Арсов, Питу Гули и други, добро пукале, вешто се бореле и постигнале значителен успех во текот на неколкуте недели пред отоманската милиција да почне да се натрупува. Локалните жители, исто така, му се приклучиле на движењето, давајќи им морална поддршка на комитите. Дури мажите од други региони, кои дотогаш не му се приклучило на востанието, ги напуштале своите домови и доаѓале да се борат заедно со четите. Со еден збор, целиот македонскиот народ поседувал волја за борба, но немал доволно пушки и муниција со која би се борел.

Како што битките се разгорувале ширум западна Македонија, така четите освојувале сè повеќе локални отомански гарнизони. Тие уништувале мостови, железнички пруги и комуникациски центри, заробувајќи многу сопственици на чифлици и накратко ослободувајќи некои региони, како што се Кичево, Демир Хисар, Костур, Лерин, Клисура и Невеска. Но, самите градови Костур и Лерин не биле ослободени. Најуспешната и нашироко прославена од сите битки била онаа за заземање на градот Крушево. Никола Карев ги предводел четите и во нападот и го поразил локалниот отомански гарнизон со леснотија.