Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Metodija Shatorov Sharlo (Political Views)

Front Matter - Part 08

Од Riste Bunteski — Bunte · Дел 8 од 21 · Околу 19 минути

Читај на English

“Господата от Белград и Софиа спорат за Македониа, а македонскиот народ ич не го питат. Тије поробители на Македониа имаат тепегјозлук да зборуат оти македонскио народ бил српски, бил бугарски и да Македонците немале историа, јазик и др. Македонските поробители лажат! Во сушност Македонците не сет нити Срби, нити Бугари, а сет само Македонци... Вие имате свои јазик, своа култура, свои традиции, песни и т.н. Вие имате славна историа и минато.

Кирил и Методиа не беа ни Срби ни Бугари, а македонски Славјани кои дадоа писменост и култура на сите Славјани.

Новата историа на Македониа е богата со борби за национална слобода, Илинден е најславнио пункт на Македонците за слобода и равноправие".

Во овој повик ПК е јасен. “Поробителите на Македонија ќе се раскинат да докажат оти Македонците биле слободни.

Навистина пак во Македониа не постои слобода, а постојат апсани, џандари, ќотеци, национално претепуенје, колониална експлоатациа, политичко ропство и безправие... От една војна помегу Југославија и Бугариа - за Македониа, ке страдат народите на двете држави... Во една таква војна Македониа ке смени само господарите си - ...Спасението на Македониа е во борбата за слобода во сојуз со сите народи и потиснати во Југославиа". Овој повик Ha [1K завршува со паролата: “Да живеи народната власт во Југославиа, која ке каи равнопрвие и слобода на Македониа! Да живеи слобдната македонска

4 република". " Овде се забележува дека за првпат во овој повик се употребува оваа порола за “слободна македонска република", а во претходните повици на овој ПИК ce употребуваше паролата “Да живеи слободна Македониа".

ќи Документи и материјали, стр. 361-363.

2. Балканските воени провокатори (бугарската, српската и хрватската реакција за Македонија)

Под овој наслов за истата проблематика што ја третира ПК во летокот до МАКЕДОНСКИОТ НАРОД од ноември т.г. пишува и Тито во почетокот на декември 1940 година, односно за апетитите на српската и бугарската монархија кон Мадедонија.

Во овој напис стои: “И како што не ги прашаа версајските диктатори ни другите европски народи дали го примаат јаремот на версајските господари и угнетувачи (кои Јаремот никогаш не го примиле, зашто со сила им е наметнат), така не го прашаа ни македонскиот народ, туку го предадоа на милост и немилост на најсурово национално угнетување".

Во условите кога почнува војната помеѓу Италија и Грција, кога апетитите на фашизмот растат за поробување на народи и со тоа се сака нова поделба во светот, растат и апетитите на бугарската и српската монархија за тоа чиј треба да биде украс Македонија". Понатака во овој напис стои: “Тогаш мораме посилно одошто кога и да било да им довикнеме на тие воени подбуцнувачи дека Македонија не е ни српска ни бугарска.

Македонија, таа угнетувана земја, во која под српската национална хегемонија со години пати слободоњубивиот македонски народ, изложен на најсуров терор, глад, однародување и експлоатација, таа со крв натопена земја не е тука за тоа да служи како украс на кралската круна на некого, ниту да биде мираз на српската или бугарската буржоазија, туку да биде ослободена од секое национално угнетување.

Македонскиот народ се бори за своето национално ослободување и во таа борба даде досега тешки и крвави жртви.

Нему, како ни на сите други угнетени народи, не можи никаква реакција да му ја задуши волјата за слобода, ниту да го уништи неговото право на самоопределување, правото самиот да управува со својата судбина".

3. Повик “Тутунџиите во Македонија", пишуван кон крајот на

1940 година, кога започнува кампањата за откуп на тутунот » Собрани дела на Тито, кн. 6, стр. 108-111.

Покраинскиот комитет познавајќи Ја материјалната положба на тутунопроезводителите и нивната експлоатација од страна на големосрпската монархија преку монополот за тутун, ги повикува на организиран начин да се борат за повисоки цени, а со тоа и против големата експлоатација. Во почетокот се опишува за деноноќната работа за производството на тутун и се подвлекува: “Голема е маката на тутунџиите. Цели девет месеци усилен денонокен труд. По жешкото сонце, ветер и дожд, како искрстени, без огин, при студ работат чедата на македонскио народ да насадат, ископаат, оберат, нанижат и окалапат жолтио лист на тутуно. Тутуно, тутуно - зборот на устата со који легнува и станува голем дел от македонскио народ. От тутуно се чека живејачка, от него се чека радос. Али напусто!" Зборувајќи за положбата на тутунџиите (оти тутунот не е сопственост а македонскиот производител, дека е негова само маката, се наведува: “Зар не е плачка да купиш тутун за 20-30 динари, да го продаиш 300-400 динари? Зар не е плјачка да работиш алтан-(тутун) што се цени во тугјина скапо-да ти го земат за 2-3 банки, кој денеска немајат вредност ни за еден стар динар?" Се повикуваат тутунџиите да се борат за нивни повереници при комисиите за откуп на тутун, а не да ги поставува власта, кои ќе му служат за определување на ниски цени при откупот на тутунот. “Сами избор за поверениците беше само една шега 3a тутунџиите".

За положбата на селаните и тугунџиите уште се изнесува:

“Македонскио селјак, македонскио произвотјач, тутунџиа, е нападнат от београдските крлежи, кој му е сиса крвта, грабат и дерат по неколку ваши от неговио грб. Тије великосрпски големци от потта и маката на Македонецо, стројат палати во Белград, добиват големи плати и пензии, живејат широк живот".

Покраинскиот комитет ги повикува тугтунџиите на организиран отпор со овие зборови: “Време е вејке да се дај отпор на овој организиран од Белград арамилак и експлоатациа. Време е вејке да се дај организиран отпор и да се поведе решителна борба против плачкашите који осудуват на гладна смрт вас, вашите жени и деца. Средствата за борба сет во вашите раце. Со кренати чела да се посака за арен тутун, арни пари... Обединете се во вашите тутунски здружениа, одбори, комитети и делегаци.

У стројте собраниа и демонстраци против ниските цени на тутуно, за 50 динари просечно килото тутун".

Карактеристични се паролите: “Долу белградските империалисти и плачкаши! Долу монополо! Навлегујте во одборите и комитетите за повишение на тутуно! сакајте 60 динари просечна цена на тутуно! свикујте собраниа и демонстраци! слободно и напрво избрани от тутунџите за секој кантар повереници! ДА ЖИВЕЈ СЛОБОДНАТА МАКЕДОНСКА РЕПУБЛИКА!" °° Овој повик на ПК до тутунџиите ќе има голем одзив кај тутунопроизводителите и тие организирано ќе стапат во штрајк, а тоа се гледа од повикот “Скопјанни-работници и тутунџии", каде стои: “Приатели, работници и тутунџи, прилепските тутунџи не можеа више да трнат тираниата на големо српските арамији и експлоататори и влегоја у штрајк, не носат тутун на монопол до дека не се поткренат цените на тутуно до дека не се исполнат нивните саканија. Прилепските тутунџи сет сложни и солидарни сите у својата акциа. Само тројца измекари на српските шовинисти однесоја тутун на монопол.

Акцијата на прилепските тутунџи и праведна! Тие се наога у борба за нивните права, за поголема цена на тутуно, за леп да однесат на своите жени и деца, који цела година се мачеле да сработат тутуновите лисја.

Прилепчаните фрлат јаремот, не држете го вие. Нивната борба е и ваша. То е борба за вашио и нивни опстанок. Дајте отпор!

Искажете солидарност со прилепските тутунџи тие се ваши

6pakja”.

Овие повици мобилизираат голем број од македонското население, затоа што производството на тутун било една од главните стопанска дејности за лица што обезбедувале 6 Документи и материјали, стр.369-370.

91 Исто, стр. 366-367.

материјална егзистенција од тутунопроизводството. Со големата експлоатација, преку ниските цени, населението се доведувало во голема сиромаштија и немаштија.

Покраинскиот комитет во почетокот на јануари 1941 година објавил повик до работничката класа во Македонија по повод забраната на секаква работа на класните Урсови синдикални организации. На 2 јануари владата донела решение за забрана на овие организации. Во повикот стои: “Наместо во овие тешки времина да се дај на работниците слобода на организиранје, да се дај леп и дрва, да им се осигура мир, владата на крвници и убици, владата на 14 децембарско и 8 септембарско коление, станува во одбрана на капиталистичките интереси... Под овие услови за живот кога на пазар ги нема основните животни намирници како леп, маст, дрва и т.н. под условиа на огромна скапија и ниски надници, денеска кога е скапотиата забранени се класовите синдикални организации.

Ова затворање на класовите синдикати е голем удар за работничката класа во Македонија. Македонскио рботник зема најмала надница, најмногу е експлоатиран, најобесправен; без синдикат работниците знајат оти овој мизерен живот ке се повлоши". Во овој повик до работниците во Македонија ПК прави оценка на состојбите и ја насочува акцијата, односно ги охрабрува работниците за една организирана борба за своите класни права. “Работници, цврсто и солидарно како досега стегнете ги вашите редови и како еден станете во одбрана на вашите класни синдикални организации. Да збериме собраниа на протест, да посакаме нашите права". os Покраинскиот комитет BO Јануари 1941 година објавува повик под наслов “Македонски работници, селани и грагјани" против концентрациониот логор Иваница-Меѓуречје, во кој се испраќаат повеќе од 600 македонски граѓани, обвинети дека не биле “добри Срби". За истата причина во Србија биле отворени уште два други логори за комунисти. Во овој повик на ПК до населението ќе се наведе: “Нов талас на реакција, на неправда и насилије зафати македонската земја. Но нови арести, мачениа и 28 Исто, стр. 370-376.

особено концентрациони логори створени за Македонци кои сет подложени добрите синови на Македонија.

Српските власти во Македонија повејке от 20 години експлоатират, оголуват и ограбуват македонскиот народ, али от како зафати оваја Втора империјалистичка воина, експлоатацијата на трудот и стоките, особено на тутуно ие видлива за секого. Слепите видеја, глувите чуја и децата разбраја оти македонските производители на тутун, македонскиот селанец, беја ограбени по сред бел ден. Качаците, Турци и Арнаути беја по исавли отколку денешнети качаци дојдени од Србија и населени во Македонија. Оваја година тутуно го зедоја насила по цени колку што се продават копривите во пролетно време. Цела Македонија пишти и плачи, зато што трудот, зато што лебот од устата на децата е земен.

После това или земајне на татковците, синовите и децата на македонските фамилии и сет пратени во концентрациони логори во Србија, натерани да работат по патиштата и тунелите... Црветковиќ при откривајне на радиостаницата Скопје на 27 о.в. рече: “Правда за сви и ce” HE ПРАВДА, A ГОЛО НАСИЈИЕ, АПСАНИ, ТЕРОР И KOHLI. ЛОГОРИ CE ДАВАТ НА МАКЕДОНЦИТЕ".

“Македонци! " Власта на српските великаши, реакционери и експлоататори е на ваш врат. Таја не ви дава слободно да работите, слободно да дишите, слободно да зборувате на вашио мајчин јазик: а ве прајка во конц логори, ве тепа, ве преследува. Вие можите да се спасите от ова али само ако се обедините и сите поведете општа, народна борба за слобода и демократичност во сојуз со демократичните партии и елементи во Србија, како и со потиснатите народи во Југославија, за решителна борба за демократична власт, која ќе се опре во надворешната политика на великио Советски Социалистички Сојуз.

Работници, работничи и македонски комунисти!

Вие, који сте најжестоко експлоатирани и гонети, вие, који сте во првите редови на борбата против тероро и насилијето - за национална слобода, равноправие и социализам - стегнете поздраво својте редови и уште порешително се борете за стварајне не единен македонски демократски фронт, за мир, слобода и народни правдини, за народна правдини, за народна демократична власт во Југославија". ќа Овие определувања на Покраинскиот комитет на Комунистичката партија на Македонија, а покрај тоа и паролите, кои се во овој повик исфрлени, ќе придонесат за мобилизација на македонските маси во борбата против српската монархија, а за национално ослободување на македонскиот народ. ПК ги следи политичките и економските состојби, како и војните во тоа време. Истиот навреме реагира, населението и организацијата ги информира за настаните, ги насочува акциите и мобилизира во борбата за остварување на целта.

4. Решение на проширениот Пленум на Покраинскиот комитет на Комунистичката партија во Македонија Проширениот пленум на Покраинскиот комитет на Комунистичката партија во Македонија, по ислушувањето на рефератот на делегатите на У земска конференција на КП Југославија, реши: “Еднодушно се примаат решенијата на Петтата конференција, политичката линија и тактика како и сите мерки што се преземени на планот на форсирањето на масовната работа, нејзиното влијание и нејзинтото проширување меѓу широките маси во Македонија. Се подвлекува дека успесите на Партијата во последната година дадоа можност да се одржи У земска конференција, која има колосално значење за развојот на Партијата. На овој Пленум кој е одржан во јануари 1941 година, покрај решенијата за организационото зацврстување на партиските редови, како и нивното чистење од опртунистичките и други елементи, како посебна политичка задача пред КПМ, Проширениот пленум го поставува создавањето на македонски демократски фронт со сите антиимперијалистички групи и елементи за влегување во општиот демократски фронт на Југославија врз база на сојузот 29 Исто, стр. 377-379.

на меѓусебна помоп и пријатеслтво со СССР, за мир и демократија, за народната власт во Југославија.

Пленумот исто така потцртува дека “Комунистичката партија во Македонија ниту за момент не се откажала од својата крајна цел: полно ослободување и рамноправност на Македонија, дури до барањето, до отцепување во самостојна државна заедница".

100 Решенијата на овој Пленум се конкретни и со јасно определување за решавање на македонското национално прашање. ПК и Пленумот со своите решенија ги застапуваат трајните интереси на македонската национална самобитност и се доследни за остварување на историските идеали на Македонците за организирање на самостојна, независна македонска државна заедница на сопствената македонска земја, како едно цело тело кои со векови живеело и егзистирало се до

1912 година.

Повикот издаден во февруари 1941 година “ДО РАБОТНИО НАРОД И СЕТА ЧЕСНА ЈАВНОСТ" е против власта на Цветковикќ-Мачек и нејзините преземени мерки, која сака да ja скрши борбата на работничката класа и да ги задуши народните маси кои се борат за подобар живот. “He бирајќи средства во оваа борба против својот народ, со цел да му се обезбеди непречено богатење на војните шпекуланти и да се додвори на своите господари од Берлин и Лондон, власта на петтата колона, на глад и скапотија, се повеќе гази во крв." Во повикот стои: “Денеска се убива народни борци по сокаци од пусија, се претепува и во иследните судски затвори. А во полицијските затвори отепуенето е редовна појава... Ама ни апсејната, претепувејната, бркајната, ни забрана на синдикалната организација не е задушна народната борба, а не можеја да умртва жилавоста и верата на оние кои се бореа за поарен живот на својо народ... И генералите-петоколонашите извршиа заповета на своите господари-капиталисти, донесено е решение да се отвора воени концентрациони лагери.

(0 Исто, стр. 381-382.

Работен народе работна младеж!

Не дозволувајте да вашите најарни борци бидат затворени за бодликавите телови на концентрационите лагери.

Организирајте борба против тие работни лагери, покренете својата силна снага против тероро и реакцијата, зашто борејќи се против това, вие се борите за поарен живот. Одговорете достојно на борбената традиција на работничката класа, организарајте протесни акции против овој нечуен удар на вашите животи, на животите на вашите фамилии..." А работните селани и селанки се повикуваат: “Не дозволувајте да така пропагат животите на вашите најдобри и најсвесни другари и синови". До војниците, подофицерите и офицерите, во повикот стои: “Вие не смеете да приемите ролјата на крвави слуги на уште покрвави господари, вие не смеете да станите џандари и полицајци". До сите чесни лугје и сета чесна јавност:

“Ве викаме сите во борба против заведувањето војни концентрациони лагери, кој преставуваат спремање земјата за војна или за нејзина капитулација, да се подигнат својте гласови и јасно и отворено да се протестират против ова зверство" !“!

Активноста на ПК на КПМ многу ќе придонесе за афирмација на македонската национална индивидуалност, во редовите на КПЈ, односно помеѓу раководството кое долги години немаше заземено јасен став по македонското национално прашање, а тоа се гледа од извештајот од септември 1939 година, од Тито до КИ кој гласи: “Сега е особено важно да се постави македонското прашање и прашањето на Црна Гора, каде што италијанскиот фашизам цврсто зачекорил и каде што и со помош на своите агенти спроведуваат своја пропаганда.

Актуелноста на решавањето на македонското и црногорското национално прашање беше дотолку поголемо што на Југославија се понепосредно и се закануваше опасност од италијанскиот фашизам, особено по окупацијата на Албанија

(април 1939)”, !“ ТТ Исто, стр. 382-384.

102 Собрани дела Ha Tuto, кн. 5, стр. 10 1 269.

Во почетокот на јануари 1941 година Тито во написот “Против проширувањето на војната на Балканот - за слобода и рамноправност на македонскиот народ" истапува со јасен став:

“Македонците не се ни Срби, ни Бугари, ни Грци: тие се Македонци. Како посебен народ имаат право на самоопределување до отцепување, имаат право на своја слобода и самостојност како и другите народи на Балканот... за неговото ослободување и обединување".

Овие ставови на Тито во потполност се поклопуваат со ставовите на [IK на КИМ искажани во неговите документи објавени во 1940 година.

Резултатите на македонското револуционерно движење во 1940 година ќе предизвикаат голема загриженост кај српската монархија, а тоа се гледа од извештаите на одредени државни органи. Во збирниот извештај на Штабот на Ш армиска област од 28 Јуни 1940 година, за положбата на територијата на вардарската и брегалничката дивизиска област, стои: “Со поддршка на други приврзеници на Македонија смислено ја буди и шири македонската национална свест. Крајната цел е Јасна... Долги се списоците што ги прилагам кон овој извештај на оние што се појавиле како државни противници, било како сепаратиси или како комунисти... Должен сум овде да го кажам и ова дека би било потребно и од редовите на војската (ифицери, подофицери) поголемиот број од домородците (термин за Македонците) да се преместат од овие краишта".

Предлози и мерки: “Да не се лута со мерките против комунизмот. Погрешно е да се верува дека ние не имаме комунизам, како што тоа често се слуша од сериозни луѓе, а виситната е дека тие (комунистите) се најголемите државни непријатели". !““ ПИСМО

103 Исто, кн. 6, 167.

104 Документи за борбата на македонскиот народ а самосталност и за национална држава, том II, стр. 31-33. (понатаму Документи).

Од “Полковник и бивш народен пратеник" до претседателот на Министерскиот совет на Југославија, Драгиша Цвековиќ од 8 Јуни 1940 година. Лично. Строго доверливо.

Почнува: “Како повеќегодишен народен пратеник на нашиот Југ, како офицер кој учествувал во сите воени судири, низ кои со скапо платена крв, се дојде до драгоцената придобивка Јужна Србија, и најпосле како потомок на предедовците од оваа наша Дедовина... да ви ја разјаснам положбата на тамошната денешнина, та како единка да го потпомогнам спасувањето на српскиот Југ.

Духот на сепаратизмот со идејата на создавање на слободна Македонија во таква мера е навлезен, што без преувеличување можи да се кажи дека се наоѓа на својот врв, и дека би било доволна само една искра па тој дух да дојде до израз. Ова особено важи за младината, која можиме слободно да кажиме -

1 за нас е наполно загубена". |?

Во ова писмо се наведуваат конкретни активности на Македонци кои јавно настапубале за создавање на слободна Македонија, го наведува говорот на Методија Андонов-Ченто на пленумот на Трговската комора, на кој присуствувале околу 60 советници. За професор Епаминонда Јовановиќ се вели отворено и без пречки дека врши пропаганда во корист на слободна Македонија, на 19 мај о.г. на периферијата на Скопје во Топана одржал собир.

Овие документи на загрижените големосрби покажуваат за големата активност на македонското револуционерно движење во 1940 година (преку штрајкови, демонстрации, празнување на Крушевската република, како и јавни настапи на одредени личности, ) со барањето за слободна Македонија.

Големата загриженост на српската монархија (за состојбите во Македонија) се гледа од писмото испратено до Новаковиќ, гувернер на Народната банка во Белград, а на летување во Охрид, во јули 1940 година, од големосрпската младина. Во ова 5 Исто, стр. 167-168.

писмо стои: “На вас је пала тешка дужност! Српска омладина напоена JYHAIITBOM својих--- великих великана одлучила је да на тајно решење наше државе од --- револуционерне македонске омладине одговори осветама. Свима нама је познато да нас Македонци мрзе из свег срца и да желе да се сједине са Бугарима. Сви се они варају. Јужна Србија је наша постојбина, наша---. То је величина неше славе... Бориќемо се до последне капи крви. На последној нашај тајној седници одлучили смо да приступимо при.... Из најглавних места Јужне Србије морају нестати највиѓенији." Во ова писмо се наредува на конкретни лица да убифаат со труење на видни Македонци кои се сметаат опасни за српската монархија, а за Охрид се именуваат и лица кои треба да бидат ликвидирани на овој начин.

По повод ова писмо во Билтенот на [1K на КПМ од 20 јули 1940 година под наслов “МАКЕДОНЦИ НА ШТРЕК" стои:

“Македонски народ: Тој се борел и против Српското, Бугарското и Грчкото владичество во Македонија. Да оставиме на страна што било пред векови. Самите великосрпски младежи сега признаваат оти Македонците не сакаат да бидат под Српско ропство и чекаат момент да се ослободат. Тоа е најсилно доказателство оти Македонците не се Срби. Тие сет само Македонци и такви ќе си останат. За да си останат Македонци, слободни, от никого непотиснати и не експлоатирани тоа е смислата на македонската борба.

За това, оти великосрбите, лејале крв - не се криви Македонците. Никој не ги терал, никој не ги канел великосрбите да дојдат во Македонија. По таја причина требат да си идат, да се исчисти Македонија од српските шовинисти.

Македонци! разобличете ги паклените замисли на

1 великосрбите, a истакнати Македонци Ha штрек! Ha борба!" 07 Bo овој билтен, BO прашањата што се третираат ce гледаат Јасните ставови Ha [IK по македонското прашање, а тоа може да 6 Билтен на ПК КПМ од 20 јуни 1940 година.

"Hero, бр. 1, стр. 21-23.

се види и од оваа констатација: “Се е поцврста заедничката борба на Албанците, Турците и Македонците против секакво угнетување (сваког угнетача) без разлика од која страна, дојдува од Србија, Бугарија, Грчка или Италија. - Ова е не мала заслуга на нашата партија".

Покраинскиот комитет во септември 1940 година издава напис под наслов “ПОЛОЖЕНИЈЕТО И НОВАТА ОПАСНОСТ HA МАКЕДОНИЈА". Со оглед на неговото значение за ставовите на ПК, поголем дел ќе цитирам од него, без да коментирам Овде стои: “Специјално за Македонците постој истата опасност како за другите народи во Југославија да станат робови на Германците и Италијаните, но под превезот на Бугарија.

Бугарија е галено дете на Хитлер и Мусолини, Бугарија има аспираци над Македонија и се готви да е земи под помошта на Германија и Италија. Се праша што ќе добијат Македонците од едно такво сменување на господарите од сменувањето на империјалистите кои ја душат и ќе ја гушат и утре. Со преминувањето на македонците под власта на цар Борис, апсолутно нема да се измени посуштествено положението на Македонија.

На место српските џандари, ке има бугарски, на место српски порезници ке имат бугарски и т.н. Македонците ке бидат преследувани од бугарските власти, така како што се денеска преследувани од српските империјалисти. Бугарските џандари не помалку умејат да псуват “вашата мамка македонка!" Оти точно ново ропство за Македонците претставува преминувањето им под Бугарска властнека послужи за пример оваја част, на Македонија која е под бугарска власт - Петричко.

Цели 28 години од како Петричко е во Бугарски раце. Тој крај неје напреднал ни во едно направленије. Македоницте во Петричко исти како Македонците под српско сет колониа.