Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Metodija Shatorov Sharlo (Political Views)

Front Matter - Part 06

Од Riste Bunteski — Bunte · Дел 6 од 21 · Околу 19 минути

Читај на English

Нашата народна ВМРО (Об. ) и во сојуз со бугарските работници и селани да се дигниме како еден човек за да ја срушиме крвавата и противмакедонска војно-фашистичка влада и нејзините врховистички орудија (михајловисти и протогеровисти). Во овој документ се бара: премавнување на воената положба и повлекување на сите бугарски воени, полициски и административни власти од Петричко и нивно заменување со месна македонска милиција и администрација од трудбеници. Со тоа да се создадат услови за самоопределување на Петричко и по неговото одделување од империјалистичка Бугарија за на овој начин да послужи како почеток и стимул за ослободување и обединување на цела Македонија. Долу крвавиот бугарски империјализам и неговиот агент ВМРО (врховистичка)". 77 Bo средината na maj 1935 година Bo повикот “Измачени и онеправдани Македонци" стои: “Врховистичката банда по сугестија и наредба на царот и војската понапред вршеше врз нас најсвиреп терор. По воено-фашистичкиот преврат на 19 мај минатата година владата ја распушти организацијата на Иван Михајлов, бидејќи таа веќе му пречеше на бугарскиот империјализам. Меѓутоа, со тоа нашата положба не се подобри.

Теророт на бандата со масовна величина сега е заменет со теророт на војската и полицијата". °° Во повикот од мај 1935 година на ВМРО (Об.) за бугарските империјалисти и за врховисти-михајловистите и протогеровистите стои: “Тие им го одрекуваат на Македонците >" Исто, стр. 315, 318, 319.

28 Исто, c1p.319.

правото на своја држава; македонската национална свест;

македонскиот јазик, со тоа сакаат да го зачуваат своето господство во Петричко. Тие спроведуваат бугарска пропаганда сред нашиот народ, а да ја оправдаат својата освојувачка политика во однос на цела Македонија. На крајот ги истакнува паролите: Надвор бугарските окупаторски оружени сили од Македонија; Долу насилничкото насадување на бугарштината во Македонија; Бранете си ја националноста; Изградувајте го единствениот Македонски фронт за борба против империјалистичкото иго". > Обласниот комитет, со кој раководел Шаторов, во повикот од Јуни 1935 година истакнува: “На врховистите им недостасува идејни аргументи и тие се послужоја со единствените такви за нив - парабелум, убиства, одвлекувања, тепања и слични други.

Крвавиот врховизам, поттикнуван од бугарскиот империјализам, имаше цел да ја уништи ВМРО (Об.), затоа што таа ја изразува македонската национална свест, се бори за национално и економско ослободување, за воведувањето на македонскиот јазик во училиштата, за самостојна македонска држава, за правото на самоопределување до одделување од бугарската држава". © По повод убиството на Симеон Кавракиров во почетокот на Јуни 1935 година издадени се два повици во кои меѓу другото стои: “По двегодишен плен во рацете на Михајловите банди, малтретиран, измачуван и влечкан, а најпосле убиен, затоа што беше пламенен и нескршлив борец против врховизмот и кој по двегодишно малтретерање не ја напушти ВМРО (Об.) и не прејде на страна на врховистите. Останатите македонски дејци, кои поминаа низ крстосаниот оган на врховистите и на бугарските империјалисти, вдахнувани од херојското држење на Симо и на неговите другари што ги снајде истата судбина во борбата смело го креваат знамето носено од нив и Ја разгоруваат борбата за целосно уништувње на врховизмот и за соборување на бугарскиот империјализам. Фашистичката диктатура и михајловистичките банди го убија Кавракиров

* Исто, стр. 320, 321.

% Исто, стр. 320, 324.

затоа што тој ќе предизвикаше огромен револуционерен подем ако одново се вратеше жив пред нас".

Шаторов и Обласниот комитет во првата декада на јуни 1935 година, во повикот под наслов “Браќа Македонци" истакнаа:

“Пред 12 години, бугарската буржоазија со својот преврат од 9 Јуни им ги одзеде и најелементарните права и слободи на трудбениците и национално угнетените, какви што ги имаше од владата на Стамоблиски. Како последица од овој преврат дојдоа септемвриските настани и горноџумајските колежи, во кои крвави бањи над работниот бугарски и македонски народ зеде активно учество и македонскиот врховизам, во лицето на врховистичката ВМРО на Т. Александров и Протогеров. На годишнината од овој крвав датум ние треба масовно да излеземе на улица за да ja демонстрираме нашата готовност за борба против фашизмот, војната, империјализмот и неговиот верен шпион - врховизмот - во лицето на воено-фашистичката диктатура и на натрапениот Национален Комитет". © Посебен апел до Македонците, Обласниот комитет издава во Јуни 1935 година, а по повод формирањето на Националниот комитет, во кој посебно се истакнува: “Назначениот од крвавата диктатура Врховистички национален комитет врши подло предавство со светото македонско ослободително дело и ги гази заветите на Гоце Делчев, барајќи го присоединувањето на Македонија кон Бугарија. Нешто повеќе. Натурен на македонските маси, тој сака сега да ja уништи целосно самостојноста на македонското емигрантско движење". 63 На крајот на јуни 1935 година Шаторов и Обласниот комитет издаваат повик по повод големиот македонски празник Илинден. Овде ќе го цитираме само оној дел каде се оценува улогата на врховистите во оваа славна македонска револуција од 1903 година: “Една од причините за поразот на Илинденското востание е тоа што беше предвреме предизвикано од врховистите-агенти на бугарскиот е! Исто, стр. 324, 325.

52 Исто, стр. 325, 326.

63 Исто, стр. 326, 327.

империјализам чија цел беше мешање од надвор и заробувањето на Македонија од страна на Бугарија". © Обласниот комитет на ВМРО (Об.) за Македонија под бугарска власт во август 1935 година подготвил повик до Македонците против судскиот процес што почнал од 29 јули во Горна Џумаја. Во повикот стои: “Фашистичката власт се подготвува да ги осуди на стотици години затвор поради нивната борба против врховизмот, а за слободна и независна Македонија. Во исто време михајловистичките главорези, џелатите на народот се на слобода и повторно се закануваат... Полицијата се обидува затворениците да ги обвини за комунистичка дејност и да ја престави ВМРО (Об.) како комунистичка организација.

Бугарската влада не смее да признае дека, на обвнинителната клупа ги има поставено идеите на Гоце Делчев и Јане Сандански, како што го правеше турската власт во минатото, ги суди борците за македонска слобода. Воено-фашистичката влада со својот бесен терор сака да ја задуши нашата борба за подобрување на нашата тешка економска положба и за извојување на независна Македонија". © Го завршуваат овој повик со: “Долу врховистичка-фашистичка банда на михајловистите и протогеровистите и нивниот господар-бугарскиот империјализам".

Во повикот “ТГрудбеници-Македонци" се пишува следното:

“Ние, Македонците под бугарска власт ќе придонесеме најмногу за ослободувањето и обединувањето на поробена Македонија одкако самите ќе се ослободиме од канџите на бугарскиот империјализам и врховизам. Тие се нашите главни непријатели, нашите непосредни поробувачи... Борбата против воено-фашистичката диктатура, за самоопределување на Петричко и цела Македонија за создавање на независна република на македонските трудбеници". © Обласниот комитет во 1935 година го издаде и повикот под наслов “Браќа Македонци" во кој стои: “Преку своите верни агенти, врховистите, на чело со Т. Александров и А.

* Исто, стр. 337.

65 Исто, стр. 338.

66 Исто, стр. 340, 341.

Протогеров, бугарскиот империјализам успеа да завладее над раководството на ВМРО. Така оваа народна организација се претвори во терористичко котило на бугарскиот фашизам.

Михајловисти и протогеровисти, тоа се две крила на една банда. Тие заедно ги колеа македонските и бугарските работници и селани во 1923, 1924, 1925 година. И едните и другите и денеска се орудие на бугарскиот империјализам во неговата противмакедонска политика".

По повод изборот на Шаторов за секретар на Покраинскиот комитет на Комунистичката партија на македонскиот дел под српска власт во пролетта 1940 година, е издаден во јуни повик до работниот народ на Македонија. За врховистите во овој повик стои: “Неможат искрено да се борат за слобода и равноправност на македонскиот народ, разни Ванчо Михајловисти и други кои што ja бараат та слобода од бугарскиот, италијанскиот или кој било друг туѓ империјализам. Искрено мислат само тие што се како против српската хегемонија и големосрпскиот империјализам така и против секој друг империјализам". Во оваа година во илегалниот печат објавен е следниот став на Шаторов:

“Бугарските империјалистички барања кои во Македонија доаѓаат во облик на терористичкиот бандитизам на Ванчо Михајлов и други слични тугински агенти". °° По бугарската окупација 1941 година Шаторов во писмото до “Crojan” за целта на врховистите пишува: “Некои Македонци-врховисти сакаат да кажат, дека борбата на Македонците е свршена со окупацијата на Македонија од страна на германски, италијански и бугарски војски. Дали тоа е вистина. Но, тоа неможе ни да биде, затоа што Македонија не доби ни национална ниту политичка слобода". оз

61 Исто, стр. 342.

68 Документи и материјали 1921-1941 год. том 1, кн. 2, стр. 315 и Илегален печат на КПЈ во Вардарска Македонија меѓу двете светски војни, том 2, KH.

2, стр. 170, 171.

% Извори за ослободителната војна и револуција во Македонија 1941-1945 год., том |, кн. 1, стр. 15 (понатаму Извори.)

Во сите градови во Македонија се создаваа македонски комитети (на 13.04.1941 година во Скопје, е формиран бугарски централен акционен комитет за Македонија). “Во тие комитети влегоа испечени врховисти, во некои градови, како во Скопје беа испратени дури претседатели и секретари од Бугарија.

Комитетите се користеа за спроведување на чисто бугарската политика за викање само “Ура! Да живее Хитлер, Мусолини и цар Борис!" Тие комитети многу бргу си ja изиграа улогата, затоа што не го заштитуваа македонскиот интерес, и ја изгубија довербата кај народот. Овие комитети беа и сега се база на окупаторите". "“ Понатаму Шаторов пишува: “Бугарската фашистичка власт, заедно со македонските врховисти-фашисти, секој ден ги

7 преджвакуваат хитлеровите лаги".

Покраинскиот комитет на КПМ, раководен од Шаторов во 1941 година издаде проглас по повод Илинденското македонско востание од 1903 година, а во еден дел за врховистите се истакнува и ова: “Илинденското востание и Крушевската република беа дело на македонскиот народ, а не дело, како што сакаат да го претстават врховистите - денешните македонски фашисти, ниту дело на бугарската држава... Македоно-бугарските врховисти фашисти и оваа година се опитват да ja фалсификуваат македонската борба и да го заблудат македонскиот народ и да му докажат, дека Илинденското востание, дека славната Крушевска република биле “идејите" биле “слободата и равноправието" што му ja донесоа цар Борис и Хитлер. Каква подигравка и какво фашистичко бестрамие.

Македонци, на празнувањето Илинден оваа година, сакаат фашистите да ви донесат нова “радост". Туѓите радиостаници известија, оти Гермаија,Италија и Бугарија сакале некако да го решат македонското прашање. За таа цел втасал од Загреб Иван Михајлов, кој преговара со бугарското државно раководство.

Фашистите од сите лагери есапат, оти ќе можат да ги излажат македонските маси, ако биде поставен за “фирер" во Македонија Иван Михајлов. Михајлов ќе игра крвничка улога

10 Исто, стр. 16.

" Исто, стр. 24.

во Македонија, како што игра таква улога Анте Павелич во Хрватска: агент на империјалстите, шБачкаш, потисник, хитлеровски џандар во Македонија, кој ќе има за задача да ги рани и облекува Гермаците и да го уништува секое движење, кое ќе биде за слободна Македонија.

Македонскиге маси во Џетричко и македонската емиграција BO Бугарија многу добро го познаваат кој е Иван Михајлов и кому му служеше. Денеска тој пак ќе служи на цар Борис и Хитлера и ќе ги убива и пњачка Македонците, како тоа што го вршеше BO Петричко. На неговата совест лежат истепани 5.000 одлични Македонци централисти (членови на ВМРО, присталици на Централниот комитет кои биле против врховистите), борци за Слободна Македонија". "“ 12 Исто, стр. 30, 32.

Ш. Активноста на Методија Шаторов и ПК во

1940-1941 година Во април 1940 година се формира Покраинскиот комитет во нов состав: пплитички секретар - Методија Шаторов-Шарло, организационен секретар - Петар Ивановски-Тиквар членови Коце Стојановски, Добривое Видиќ и Орце Николов.

Со преземањето на партиското раководство од овој комитет, Македонската комунистичка партија во Вардарски дел на Македонија презема низа активности за организационо зацврстување и проширување на партиската организација и за нејзино идејно-политичко издигнување, за да може успешно да се поврзе со масите и да ги води во борбата за национално и социјално ослободување.

Партиската организација била во тешка состојба, затоа што немало покраинско раководство скоро од 1937 до почетокот на 1940 година, а членството изнесувало на крајот од 1939 година

140 лица.

Покраинскиот комитет на Комунистичката партија во Македонија, во Јуни 1940 година, објавува еден повик со наслов “НА РАБОТНИО НАРОД НА МАКЕДОНИЈА". Овој повик има програмско-политички карактер и е упатен до македонскиот народ по повод влошувањето на меѓународната ситуација и опасноста од проширување на експанзијата на фашизмот во Европа. Во почетокот на овој повик стои: “Огинот на империја листичката војна се повеќе се шири. Југославија за малку шо не е зафатена од тој огин". Објаснувајќи ja тогашната состојба во Европа во повикот се обратува до работниот народ во Македонија со овие зборови: “Македонија е прва на ред за да се разигра на неа крвавото воено оро. Арнаутите, Турците, Македонците во Македонија ќе бидат првите жертви на военото колење и пустење". Во однос на однесувањето на големо-српската монархија во Македонија стои: “Со својата политика на национално потиснување режимо го обесправувал македонскио народ, му а задушувал националната свест и чувство и му ги скусувал неговите права... Со својата аграрна политика режимо не го реши прашањето за делењето на земњата. Со својата арамијска политика режимо се повече го цедел македонскио народ и го трукал во крајна сиромаштија и беднотија".

За оваа теша состојба во Македонија и за излезот од истата во овој повик стои: “Многу мина не гледајќи го правио пат, ја гледаат спасувачката во оделувањето на Македонија со помошта на други држави, како на пример со помошта на италијанските и бугарските реакционери. Спасо од големосршската империјалистичка политика го гледат во заробувањето на македонскио народ од друга уште полоша империјалистичка политика". Со овие ставови се осудуваат оние сили во Македонија кои се ослонувале и барале решение на македонското прашање од Италија или од Бугарија, кои не иго мислат доброто на Македонија. Но, за односот спрема српската монархија стои: “Некој мислат слободата на македонскио народ можи да се добие се пазарување и компромиси со режимо. Сите овие патишта се само продавање на интересите на македонскио народ". Со овој повик му се укажува на македонскио народ дека не можат да му донесат слобода ни силите на Ванчо Михалјовистите, па за нив се вели:

“Не можат искрено да се борат за слобода и равноправност на македонскио народ разни Ванчо Михајловисти и други кои што Ја бараат таја слобода од бугарскио, италијанскио или кој било друг империјализам". А за излезниот пат за слободата на македонскиот народ во овој документ стои: “Едино наша Комунистичка партија имала исправно гледиште по националното прашање. Пато за слободата на македонскио народ и неговото право на самоопределување води низ борбата на македонскио народ, заедно со останалите народи на Југославија и со помошта на српскио народ против режимо, против режимската политика на национално потиснување и арамилак, за равноправност на народите". Јасно се укажува дека излезот е само во соработката на работничката класа со Комунистичката партија на чело, која била во првите редови во борбата на македонскиот народ за национална слобода и равноправност. За таа цел се повикува македонскиот народ да ги исчисти своите редови, да ги зајакне и да тргне во борба за остварување на своето национално и социјално ослободување.

Работниците и работничките се повикуваат со овие зборови:

“Вие треба да бидете први во борбените редови за национални права и слобода, против скапотијата и војната, против режимо Ha насилие и арамилак". Повикувајќи ги селаните во заедничка борба со работниците стои: “Режимо ве држи во стег и товарил на вас цела војска, жандари, финансии, шумари и секакви чиновници. Секое право ви го зема, дури и правото да се викате Македонци. Режимо сака да ве одели од работниците, вашите браќа по мака оти се бои од вашата слога и заедничка борба. Не лажете се. Бранете си го своето народно име и водете борба за своите народни права и слобода на Македонија".

Со овој повик до македонскиот народ, Покраинскиот комитет излегува со Јасна платформа за ослободување на македонскиот народ, односно го поврзува класното со националното право, ги поврзува интересите на македонската самобитност со интересите на другите народи во Југославија за заедничка борба против ропството, а за национално и класно ослободување.

Повикувајќи ги, пак, селаните за остварување на нивните интереси, што е можно само во зедничка борба со работничката класа, во зеднички сојуз, во повикот стои: “Правете борбен сојуз на рабтоници и селани во борбата против војната и скапотиата, за заштита на вашите селски интереси, за слобода и за поарен и по сретен натамошен живот на македонскио народ".

Во делот за комунистите стои: “Вие треба да бидете организатори и предводители, како авангардана работничката класа и на чело во борбата на македонскио народ за полно национално ослободување". "?

А, еве, го одговорот на професорот Н. Вулиќ по повод неговата статија под наслов “Јужна Србија" објавена на 11. VIL 1940 година, со цел да ги поттикне административните и “просветни" органи да My “разјаснуваа" на Македонците оти сет Срби. За овој одговор во Билтен бр. |, орган на ПК КП во Македонија од 20 јули 1940 година, се вели дека “вистинските Македонци и вистински приврзаници на борбата на македонското дело овие дни му испратиле одговор на проф. Н.

13 Документи и материјаи 1921-1941 год. том 1, кн. 2, стр. 313, 318 (понатаму Документи и материјали).

Bynuk на неговата статија објавена во Правда од 10 овој месец".

Од овој одговор ќе цитираме одредени делови, во кои се битни ставовите искажани по македонското прашање. А, еве, го одговорот: “Целата прогресивна општественост и критиките освободени от шовинизмо кренаа глаите и укажуаа на возможностите и богатството на македонскио јазик, и протиф тероро, кои се врши нат Македонци и нат нивнио Јаззик, на трите дела на Македонија: пот Српско, Бугарско и Грчко".

Понатаму: “Македонската нација се создала исторически, а неје плот на умо на оваи или онаи. Македонскио народ води вејке 50 год. организирана борба за своето постојувајне... Само треба одеднаш да кажиме да Македонците и ден денешен водат борба заедно со српскио, бугарскио и грчкио за своето ослободувајне". Изнесувајќи ги борбените традиции на македонскиот народ за ослободување од ропството, а посебно за борците на Илинденското востание и за Крушевската народна република, во одговорот стои: “После неуспелото Илинденско востание... после 1903 година није имаме во Македонија србоманска, бугароманска и гркоманска пропаганда... во еден брои Ha “Македонски глас" - издаден во Москва 1904 год. стои оти Македонците не се ни Бугари, ни Срби, нити Грци, туку сет само Македонци". (Ова го кажал и Јован Бабунски, кога уште не бил србомански шовинист и агент, истото важи и за Борис Сарафов, додека не станал врховист и бугароман). За македонската националност во одговорот стои: “Македонската нација јет плот на исторически стечени околности и преставува едно географическо и историческо и духовно-културно цело со једнаквост на јазико...

Денеска Македонија пот српско и пот бугарско страда за това, оти јет отцепена од Македонија пот Грчко: от Солун и Кавала.

Македонската нација ја образуваат македонските Славјани, а македонски нарот сет сите кои живеат во Македониа:

македонски Славјани, Турци, Арнаути, Евреи, Власи, Грци и Срби. И така Македонците сет оделна националност со свои јазик, култура, економическо и географско цело исторически ™ Билтен бр. 1, издаден од [TK КПМ од 20 јули 1940 год.

создадено со револуциона борба со македонско национално освободително движеније". "?

Во повикот “Македонци празнувајте славното Илинденско востание"! кој не е потпишан ниту, е дитиран, истражувањата покажуваат дека е упатен од ПК на КПМ, излезен во јули 1940 година. Објаснувајќи ги настаните од илинденскиот период и нивното значение за Македонија, во него се истакнува:

“Илинден е светло и чисто македонско знаме, под које сите и сиромасите Турци, и Власите, и Грците, и Арнаутите и др. Се обединува, така исто као што во Крушево...

Исто така денеска Македонците, Турците, Арнаутите и сите потиснати и експлоатирани во Македонија от српскиот, бугарскиот и грчкиот империјализам, должни сет да се сгрупират за општа борба, за слобода и равноправие. Денеска от секога повеќе е потребно единство и борба, зато што готви се за Македонија нов јарем, нова поделба, ново робство".

Завршува со: “Нека Илинден служи за пример! Нека младото поколени се зарази от огинот на Илинденските борци! - Да живеи слободата и равноправието! Да живеи СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА!" 7° Со овој повик до македонскиот народ во борбата за ослободување од српското, бугарското и грчкото ропство, Покраинскиот комитет ги повикува и сите кои живеат во Македонија, врз основа на илинденските традиции.

На 2 август 1940 година со успех се изведени илинденските демонстрации, организирани од македонските комунисти. Во повикот за успесите кои се постигнати со оваа акција стои:

“Работнио народ во Македонија достојно го прослави годинава Илинденското востание и споменот на народните борци од 1903 година. Во Прилеп се вивна со незадржима силина борбенио пламен на нашио народ. Илјади мажи и жени, стари и млади смело се крена да го кажа своето големо недоволство со ова тешко положение со ова ненародно управление и да ја кажа својата спремнос да се од него ослободи. Илинденските 75 Документи и материјали стр. 318-322.

5 Исто, стр. 322-323.

демонстранти во Прилеп се покажа достојни синој и керки на својте големи татковци от Илинден 1903 година...

Илинденските демонстрации ги собраа во борбените редови сите искрени Македонци, верни синови на својот народ и приврзеници за македонската работа без оглед на нивното убедување... Низ пламенот на Илинденските демонстрации се обистини единството на народите во Македонија. Работниците селаните и граѓаните изковаа сојуз на работниот народ во Македонија за натамошна борба.

На крајот во овој повик, издаден по изведените Илинденски демонстрации стои: “Да ги оцврсниме нашите редој, да го ојакнеме со појке нашио сојуз на работнио народ во Македонија и уште поупорно и поодлучно поведеме во борба за народни права и народни слободи, за слободна Македонија и поарен Покраинскиот комитет успешно ги поставува и поврзува скоро сите прашања од интерес за македонскиот народ, односно кои се од интерес за мобилизирање на борбата за ослободување на македонскиот народ. Тој истакнува дека македонскиот народ не сака да трпи ропство, туку е готов да се бори за своите права, дека не сака да трпи арамилак и грабеж од страна на противнародната влада, на разни капиталисти и воени шпекуланти, кои ги намалуваат работничките надници и цените на тутунот, афионот, кожурците и други селски производи, со што се поскапува сето она што му е на народот потребно, товарејќи му на грбот се поголеми даноци и други давачки. Но и тоа дека не сака повеќе да трпи политичка безправност, насилие и национална потиснатост од големосрпските империјалисти, нити од кои други империјалисти. Со поставените прашања во овој повик, со покажаните резултати од илинденските демонстрации, како и со прославата на Илинден, денот на Крушевската република, поставена е широка платформа која ги мобилизира сите прогресивни луѓе во сојузот на работниот народ во борбата за национално-класно ослободување.

! Исто, стр. 324-325.