Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Metodija Shatorov Sharlo (Political Views)

1941 ГОДИНА - Part 04

Од Riste Bunteski — Bunte · Дел 16 од 21 · Околу 13 минути

Читај на English

Со ваквиот став Конпартијата во Македонија го губи доверието а добро можат да се користат и хитлеровите и бугарските агенти во Македонија, од друга страна во народните маси постои потромашко расположение (разочарување)".

На истото место стои: “Јас го окривувам ЦКЈ, што тој подмукло организирал борба против другарите од ПК, и како ни во клин ни во плоча, не наречува нас Македонците шовинисти, а никакви конкретности за тоа нема, а ние помогнавме на Конференцијата (се мисли на В земска конференција одржана во 1940 год. м.з.) да се разјасни македонското прашање, но нашата критика ЦК ја прими кисело. Од тогаш, односно од завршувањето на конференцијата па до врзувањето на ЦКБ ние не бевме обавестувани за актуелните прашања внатрешни и надворешни, ние сами се определувавме".

Покраинскиот комитет и Шаторов биле против ставовите на ЦКЈ изнесени во прогласите што се однесувале за Македонија, односно дека и Македонија со фашистичката окупација ја губи слободата и независноста, а дека за време на српската монархија Македонија имала слобода и независност, што значи дека војните 1912-1918 година и за Македонија се ослободителни а не окупаторски и поробувачки. ПК во своите прогласи издадени до македонскиот народ по фашистичката окупација 1941 година јасно има кажано дека Македонија потпаднала под ново ропство, односно во прогласот стои: “со право се праша секој чесен Македонец: “каква ли е оваа слобода, штом Шумадинците се заменети со Бугари, а Македонците се држат под карантин". Во прогласот од Јули 1941 година од ПК до македонскиот народ стои: “Вие добивте ново ропство, ново насилие, нов терор. Вашите деца-синови...

лежат уште во занданите на Косовска Митровица и другите апсани под власта на германските фашисти, нивната кривица беше и е, оти се бореа против српските поробители и империјалисти за слободна Македонија".

ЦКЈ ги обвинил [IK и Шаторов дека не организирале саботажи и акции и дека Шаторов сакал со бегство во Софија да се извлече од контролата на ЦКЈ. За овие обвинувања во споменатиот документ Шаторов вели: “лага е, јас немам дезертирано од работа ниту пак од партиската должност. Јас бев отсутен само еднаш во месец мај и тоа од 24.В. до 1.У1.1941 година кога бев во Софија по барање на ЦКБ. Вистина е дека ние овде немаме организирано акции како во останатите делови на Југославија, ситни саботажи имало во тутунските монополи, додека во фабриките саботажи немало, причините за тоа се од политички и организационен карактер. Одбивам дека тоа е направено свесно. Што се однесува до оценката на ЦКЈ дека сите народи на Југославија се сметат под окупација и поробени (освен Македонија), дека со окупацијата македонските маси се сметале 3a “ослободени". Оваа оценка Ha ЦКЈ не е точна и Ја отфрлувам, затоа што партијата, уште пред дојдувањето на окупаторот, ги објасни вистинските намери на фашистичките окупатори од Германија, Бугарија и Италија. Можам да кажам дека Јас лично и членовите на ПК во нашите усмени и писмени агитации укажувавме на опасностите кои му претат на македонскиот народ од бугарскиот, германскиот и италијанскиот фашизам. Влегувањето на германците во Бугарија ни даде поново повод да му објасниме на македонскиот народ за поробувањето кое му се спрема. Како доказ за ова се нашите билтени и прогласи. Вкоренето е кај Македонците: “да видиме...". Ова неможевме за една и третина од годината да го искорениме од македонските маси, дури отрезнувањето настана во душата на Македонците по избивањето на антисоветската војна. Дотогаш не беше ништо во состојба да ги убеди дека СССР и Германија не се во некој таен војни сојуз. Народите на Југославија, а специјално во Србија и Црна Гора беа убедени дека ја изгубиле својата слобода и затоа веднаш на позив на партијата се дигнаја на оружје. Toa во Македонија неможеше да се случи. Требаше да се објаснува и пријателството на СССР со Англија, затоа што македонските маси, со нивна помош, беа под колонијално ропство и поробени. Во почетокот Македонците ги загрижуваше самото нарушено пријателство на СССР и Германија, сега пак симпатиите на поголемиот дел на народот се за СССР а против разбојникот Хитлер. Овие се политички причини, што се оденсува до организационите причини, тоа е што ние до антисоветската војна не бевме поврзани со селото. Вистина е дека ние во некои места имавме врски но не од некое поголемо значење. Во крајните делови на Македонија (ресенско...

охридско) се правени големи покушаји да најдеме врски на кои ние барем малку би можеле да се ослониме. Со нашите усмени и писмени прогласи до селското население успеавме да ја измениме состојбата и сега тоа дава отпор на бугарските власти, не ги дава своите производи и придонесовме да се создадат услови за четнички покрет. Започнавме одредени акции и тоа во околиите кои фашистите ги сметале за најсигурни. Исто така, една од причините е што членовите на партиската организација се релативно млади не служени војска и тоа околу 90% кои требаше да се подготвуваат да ракуваат со оружје".

За обвинувањето на [IK дека имал став да не организира акции и саботажи, а за слободата да Ја чека Црвената армија, Шаторов вели: “не е вистина да некиој во ПК мислел и зборувал оти треба Црвената армија да не ослободи а ние да останеме пострана и да го чекаме тоа ослободување. Ние неможевме без политички и организациони предуслови да организираме четнички партизански акции за кратко време без да се совладаат и разберат одредени состојби од страна на партијата и на македонските маси". Од документите донесени од страна на ПК со кој се располага може да се констатира дека по нападот на фашстичка Германија на СССР, односно на 22.У|.1941 година ПК веднаш организирал војна комисија на чело со Шаторов која вршела подготовки на вооружено востание, се организирале диверзантски групи кои што превземале одредени акции како што е акција на рудникот Радуша и др. Исто така се организирала обука на младите комунисти-скоевци, со што се вршеле подготовки за организирање на партизански одреди и како резултат на тоа е организиран Скопскиот партизански одред.

Меѓутоа, наводите на Драган Павловиќ во извештајот што го поднел Ha 31 август до ЦКЈ се спротивни на фактичката состојба. Во овој извештај Драган Павловиќ напишал: “Борба во сите окупирани земји, како и во сите покраини на Југославија. Единствено никаква активност во Македонија.

Вината е до ПИК... Битна е неактивноста на ИПК, неговите грешки и саботерскиот и контрареволуционерниот став... ПК не ја познава состојбата и силата на организацијата... Полна неактивност на сите сектори... Одлуката за предавање и несобирање на оружје инанесе огромна штета на партијата".

За овие констатации во извештајот на повереникот на ЦКЈ Драган Павловиќ, колку се точни, нека пресудува самиот читател на овој материјал.

Шаторов се обвинува за негово одбивање да се Јави во Белград за расчистување, односно за расправање по македонското прашање. Во неговиот документ за ова обвинување стои:

“Вистина е да јас не се јавив (не отидов) во Београд но се поставува зошто: На захтев на ЦКБ јас отидов во Софија... и да примам инструкции, тоа го направив по одлука... (не се чита по чија одлука) на 24.В. а се вратив на 1.ВИ.1941 год. Во ова време дошла покана од ЦКЈ да се јавам во Београд, другарите решиле да отиде еден член на [1K кој истовремено отиишол Bo ЦК и дал информација за положбата на организацијата... и ги известил дека јас сум во Софија во тој момент. Му напоменувам на другарите од ЦКЈ за фактот дека ние го прашавме ЦКЈ за врзувањето со ЦКБ и за тоа добивме согласност и ни препорачуваја да имаме врска и за тоа ни дадоа и јавката помеѓу двата централни комитета и врз основа на тоа јас отидов во Софија. До ова мое одење ние бевме дел на КПЈ и организационо и акционо поврзани а после тоа се поврзавме со ЦКР".

Од документот може да се констатира дека ЦКБ веднаш по војната на Балканот испратил човек за врска со македонската партиска организација. Со враќањето на првите воени заробеници, кои се враќале во Македонија, преку нив дејствувале со притисок македонската партиска организација да се поврзе со ЦКБ. Како резултат на ова, партиските организации во Струмица, Гевгелија, Велес и др. повеќе пати го поставувале прашањето “зошто не се поврзуваме со бугарската партија". Од друга страна ПК не поставувал такво поврзување без согласност со ЦКЈ и по таквата согласност и повикот на ЦКБ и одлуката на Комунистичката интернационала, Шаторов заминал за Софија. Овој дел од документот е прилично оштетен. Затоа сето ова треба да се земе условно, односно се до пронаоѓањето на неоштетениот документ, како и на други документи, кога може да се согледа фактичката состојба.

Според искажувањето на Шаторов во неговиот документ, уште од почетокот на војната на Балканот и со испраќањето на преставници на ЦКЈ до ПК тој се посомневал во чистите намери на ЦКЈ бидејќи пред тоа немал испратено претставник за врски цели два и пол месеци и, како што вели Шаторов, “LIKJ преснал цели два и пол месеци а испратил преставник само за искњучување, дали само за искњучување од партијата треба да се доаѓа. Се прашува ли ЦКЈ зошто ние ro предадовме [IK и организацијата. Се разбира да не е добивме вашата одлука

(мисли на КИ м.з.) и согласноста на ЦКБ и сега немаше да ја предадеме организацијата на југословенските другари, ќе водевме нова борба и уште потешка од онаа што беше во август месец. Во овој случај целата одговорност ќе паднеше на ЦК на КПЈ и на неговиот преставник".

Во основа предавањето Ha [1K и организацијата на КПМ е направено со одлука на надворешен фактор, односно со одлука на Комунистичката интернационала, а не поради точноста на целокупните обвинувања од страна на ЦК на КПЈ.

Во делот на документот за разговорите на Шаторов со ЦКБ документот прилично е оштетен и не може да се согледа што барал ЦКБ во однос на организационата поставеност на ПК, но од неколкуте неповрзани реченици каде се споменува “обласни комитети" може да се претпостави дека е барано од Шаторов во овој дел од Македонија да се организираат неколку такви комитети и со тоа да се изгуби партиската целина на КПМ.

Според зборовите “никаква реорганизација на партијата", исто така, може да се претпостави дека Шаторов не се согласувал да се изгуби целината на ПК на КПМ за овој дел на Македонија.

13 Во прилог на ова може да споменам дека во еден неврзан разговор со Перо Ивановски-Тиквар, тогашен организационен секретар на ПК, дознав дека кога Шаторов се вратил од Софија бил нервозен и незадоволен од разговорот со преставниците на ЦК на КПБ, затоа што барале реорганизација на партиската организација со формирање на обласни комитети и на оваа територија. А Шаторов бил за тоа (ако ПК на КПМ има врска со КИ преку ЦК на КПБ) Македонија да има посебно партиско раководство за цела Македонија.

Секако дека се поставува прашањето зошто е суспендиран ПК и сменет политичкиот секретар Методија Шаторов на ваков начин. Дали стварно имале “ грешки" (сите оние што им се препишуваат) или, пак, дека македонското партиско раководство било самостојно и дека самостојно формирало КПМ со своја програма за целосно ослободување на Македонија и за формирање на македонска држава на целата своја територија? Ваквата програма на македонското партиско раководство не била прифатлива ни за КПЈ, ни за КПБ, ни за KIII', и се направи се само да се спречи програмата Ha [IK на КПМ.

Врз основа на оваа документација може да се констатира:

1. Со организирањето на Покраинскиот комитет во почетокот на 1940 година настапува голема пресвртница во македонското комунистичко движење што има историско значење:

- се конституира Македонската комунистичка партија (со скратенциа: ПК на КПМ);

- се донесоа самостојни партиски документи од програмско значење за КПМ и за македонската национална индивидуалност;

173 Методија Шаторов, писмо до КИ од 16 септември 1941 год. ИНИ Скопје.

- се проширија партиските организации и се зголеми членството

(од 140 на 720 членови);

- се зголеми бројот на скоевската организација;

- се зголеми бројот на симпатизерите на работничкото револуционерно движење (настапуваат организирано за остварување на своите економски и политички права, организрање на штрајкови и др.);

- организирано настапуваат и широките народни маси заедно со КПМ (изразување преку историските традиции, посебно на Крушевската република, за што се организираат манифестации и демонстрации);

- КПМ го поврзува класното со националното, минатото со иднината на македонската национална индивидуалност, со што се стекнува со доверба и углед кај широките народни маси;

- Покраинскиот комитет се избори на В земска конференција одржана во септември 1940 година КПЈ да завземе јасен став за признавање на македонската индивидуалност (иако имало колебање кај одредени раководители).

Сите свои документи [1K ги издал на македонски Јазик!

2. Критиките, обвинувањата и клеветите изнесени против Покраинскиот комитет на КПМ и нејзиниот политички секретар Методија Шаторов не произлегуваат од базичните партиски организации ниту од одредени партиски раководители на Македонија. Овие обвинувања произглегуваат од испратените претставници во Македонија од страна на раководството на ЦК на КПЈ во 1941 година, а тоа се Лазар Колишевски и Драган Павловиќ, како и од одредени партиски раководители на ЦК на КПЈ. Раководството на ЦК на КПЈ без да ја утврди фактичката состојба ги донесува соодветните одлуки за суспендирање на [IK и 3a ислучување на Шаторов.

3. ПК на КПМ и политичкиот секретар Методија Шаторов не беа контрареволуционери и саботери, а Шаторов не бил ни Бугарин ниту бугарски експонент, ниту предавник, ниту во душата Бугарин, ниту стар Бугарин како што го нарекувале. Тој бил Македонец, комунист и револуционер кој имал јасна визија за македонската национална индивидуалност и за неговата борба за ослободување, поради што и ја создал Комунистичката партија на Македонија.

4. Причините за донесувањето на одлуката на ЦК на КПЈ за суспендирање Ha [1K и за исклучувањето од партијата Ha нејзиниот секретар Методија Шаторов се во основа програмската цел на ПК објавена во издадените прогласи на ПК во 1940 и 1941 година. Во овие прогласи Јасно се гледа целта за ослободувањето на Македонија, а нејзината јачина се гледа во искажаните зборови во прогласите: “Македонскиот народ се бори и треба да се бори заедно со Српскиот, Бугарскиот, Хрватскиот, Грчкиот и Црногорскиот народ за слобода и рамноправност, но не за цепење на Македонија и македонскиот народ, за слободна македонска република како рамноправна членка меѓу сите балкански држави". Значи спротивно со ставот на ЦК КЕЈ за ослободување само Ha дел на македонската територија, а што е условено со постојните граници на Југославија.

5. Постојат спротивни гледишта по организационата поставеност на партиската организација помеѓу КПМ и ЦКЈ.

[IK е доследен во своето становиште дека комунистите BO Македонија треба да бидат организирани во самостојна македонска комунистичка партија, како дел на КПЈ, онака како што биле организирани КП на Словенија и на Хрватска согласно со Одлуката на Четвртата партиска конференција на КПЈ одржана во 1934 година кога е донесена одлука 3a реорганизација на КПЈ во посебни партии за Словенија и Хрватска, а во иднина и за Македонија. ЦК на КПЈ оваа одлука за Македонија не ја спроведува се до формирањето на овој ПК.

Но и по формирањето на ПК на КПМ во 1940 година раководството на ЦК на КПЈ се колеба по ова прашање и не се согласува со посебноста на македонската организација. По суспендирањето на овој ПК (10-11 септември 1941 година), а со новоформираниот Покраински комитет, веќе не постои КПМ, но само со скратеницата ПК на КПЈ за Македонија.