Front Matter - Part 09
- Еве вака ќе се договориме... Кога ќе имаш, ќе ми платиш. Што ќе речеле децата. Откако ќе биде созидано, добро ќе им дојде.
- Не знам што дати речам...
Се прекина телефонската врска... Јас бев свесна дека дома не смеам да зборнам за тоа. Но мајсторот по неколку дена ми телефонира дека работата е завршена.
Веднаш заминав за Охрид да видам што направил. Новите бетонски столбови се издигаа нагоре. Градежниот материјал прибран. Само големите нови греди, четириесет на број, стоеја наредени во дворот, една до друга. Му се јавив дека сум тука.
Утредента ми телефонираше рано претпладне. Ми се пофали дека има нова внука и рече дека многу ќе им направам мерак на сите во семејството ако дојдам кај него дома. Решив да појдам.
Знаев дека Лабуништа е големо село, претежно со албанско население, или дел од луѓето што го сочувале македонскиот Јазик, а ja примиле муслиманската вера. Некои дури го говореа најчистиот македонски Јазик. Влегов во селото со такси, а мајсторот ме дочека пред огромната неодамна изградена џамија, како што бевме договорени. Тој, само што се поздравивме, со гордост се пофали дека неговиот брат ги обезбедил парите за градење на џамијата.
Кога влеговме во неговата куќа, среде големиот салон во приземјето беа поседнати на земја, на душеци, неколку жени, а околу нив трчкаа шест-седум деца, внучиња. Веднаш срипа неговата жена, која ја познавав од порано, бидејќи дојде еден ден на градбата, и ме пречека со раширени раце. Потоа се поздравија со мене и двете снаи и уште една жена која не знаев во кое сродство е со нив. Ме почестија. Јас го дадов подарокот за новото бебе и играчките за останатите дечиња.
Поразговаравме за некои работи од нивниот живот. Децата се ангажираа со играчките и повремено њубопитно се загледуваа во мене. Поголемите ме прашаа како се викам.
На крајот јас ги пофалив мајсторот и синовите дека многу и добро работеа. Неговата жена рече дека и тие се благодарни од мене. Им ветив дека пак ќе дојдам и си заминав со такси кон Охрид.
Гредите, една по една, полека ги прибрав во десната приземна соба, во која се се ставаше како во магацин. Таму беа сместени и дел од циглите.
Неколку дена откако дојдов во Охрид, се срет нав со една блиска пријателка на моја роднина. Имаше стан во градот и често престојуваше по повеќе денови тука. Беше вдовица, а немаше деца ни од првиот ни од вториот брак. Беше наследила два стана од сопругот што и почина пред неколку години, а како банкарски службеник, и самата имаше добра плата.
Бидејќи одевме во ист правец и ме праша поради што сум во Охрид, и раскажав за маките со куќата и градбата. Тогаш ми предложи да ми позајми една сума пари, без обврска брзо да и ги вратам и не со голема камата. Тие и така и стоеле во банка.
Се jaBuB во Скопје кај моите.
— Реши ти, како што мислиш, — ми рекоа.
Однапред беа сигурни како ќе решам. Бев веќе заробеник на куќата што ja градевме. Taa управуваше со мене.
За почеток позајмената сума беше толкава, при ближно на онаа со која мислев дека ќе се стави и третата плоча, чие поставување како да се наметна со изградените трети столбови.
Откако ги зедов позајмените пари, му се јавив на мајсторот.
Дојде уште утредента. Ја донесе и мешалицата. Таа беше една од ретките, словенечка, што изгледаше и помодерно и беше поефикасна за работа. Ја врза со истиот дебел синџир за едно од цврстите железа на прозорецот од приземјето, па тој го затвори со огромен катанец, како што правеше и порано.
Ми запиша кој и колку материјал треба да набавам за да продолжи со градењето натаму и си замина в село. Рече дека ќе дојде по два-три дена. И јас заминав во Скопје да си земам некои неопходни работи.
Само по еден ден ми телефонира и вели:
- Газдарице, ти да не знаеш нешто за оваа работа, украдена ми е мешалицата?
Јас се вчудоневидов. Му реков дека јас не би ни можела да знам, бидејќи веднаш заминав за Скопје. А и да сум била тука, сум можела да не бидам во куќата, бидејќи и кога сум таму, во неа не спијам.
— Дојди побрзо, - рече, - да видиме што ќе правиме.
Со првиот автобус заминав за Охрид. Како и по веќепати дотогаш, доаѓајќи од Скопје во Охрид, слегував од автобусот на поблиската постојка кај мојата куќа, кај Гимназијата. Тргнав по правата улица што одеше директно до езерото, каде беше и мојата куќа. Тукушто поминував покрај куќата што почна да се гради скоро во исто време кога и мојата, и сакав да видам до каде се стигнало таму со градбата, во дворот здогледав иста мешалица како на мајсторот. Се вознемирив, бидејќи тој велеше дека во целиот овој крај нема како неговата, што ја купил од Словенија. Но веднаш си помислив дека не е можно да е таа, бидејќи секако тие што му Ја украле не би се осмелиле да работат со неа во непосредна близина. И одеднаш се сетив дека мајсторите што ја градат оваа куќа се роднини на мајсторот...
Сето ова ми стана сомнително, но никако не можев да поврзам за што станува збор. Дали мешалицата не е негова, па морал да им ја врати на роднините, или пак, ако е негова, им ја дал да работат со неа, а мене ми кажува дека му е украдена, за да оди да работи на некое друго место за повеќе пари. Во секој случај, не ми беше пријатно.
Ме пречека седнат во дворот. Се поздравивме. - Дали пријави во полиција за кражбата? - го прашав.
— Каква ти полиција, на прво место ќе ме набедат дека лажам.
- Нема зошто,- реков.
- Ти незнаеш, не си имала работа со нив. Што е најлошо, — рече, - нема со што да работам. Нема да можам.
— Ке се снајдеш, - реков, ќе позајмиш од некого.
- Нети дава никој, секому му треба.
Ја отворив влезната врата. Се уште се колебав дали да му кажам за мешалицата што ја видов во дворот кај што работат неговите роднини. Однапред се плашев од тоа во каква ситуација ќе се најде ако сфати дека е фатен во лага. Тој и не знаеше дека мене ми е познато дека тие мајстори се негови блиски роднини. Тоа ми го имаше кажано инженерот што ја надгледуваше работата.
На крај се решив да не му кажам дека Ја видов мешалицата и каде ја видов. Откако влеговме внатре, приседнавме на столиците што беа тука. Со категоричен тон му реков како знае да се снаоѓа, дека мора да ги догради скалите од приземјето до првиот кат. Сега веднаш да измери колку и какви даскичиња и летви требаат за оплата, железо имаше преостанато, имаше и песок и цемент!
- Бидејќи сите тројца синови ми заминаа да работат во Италија, а за оваа работа ми треба уште еден работник, за тоа ќе ми платиш уште сто евра, - рече, - и тоа однапред.
Мислев како да постапам и по кратко време решив.
- Добро, - реков. - Причекај малку да испиеме по едно кафе.
Го ставив ѓезвето за кафе на плинското решо што беше тука на масичето и го запалив. Излегов пред вратата и My се јавив на пријателот, сопругот на пријателката каде што преспивав и го замолив да дојде ако може веднаш со точак. Тој пристигна додека го пиевме кафето. Пред него извадив лист хартија и му реков на мајсторот:
- Мојот пријател е правник и пред него ќе потпишеме спогодба за тоа дека ти веднаш ќе почнеш да ги правиш скалите и дека за тоа бараш уште сто евра, и покрај тоа што во претходната спогодба беше договорено да ги направиш и скалите за парите кои веќе ти ги исплатив. Јас се согласувам да ти платам уште сто евра што ги бараш, откако ќе ги направиш скалите, бидејќи, како што кажа ќе земеш и работник. Сето тоа го напишав на листот за спогодбата.
Мајсторот го слушна напишаното, откако му го прочитав, неколкупати испитувачки гледаше во мојот пријател, кој дојде неодамна, и потоа се потпиша каде што го напишав неговото име и презиме, а јас каде што беше моето име и презиме. На крајот од листот стоеше и датум. Вака постапив бидејќи не бев сигурна кога ќе најдам нови мајстори, а потребата од овие скали беше итна.
Тогаш веднаш, заедно со мојот пријател зедоа мерки за се што требаше да се набави за скалите. Со колата отидовме во стругарата, каде што ни ги исекоја даските и летвите. На поминување зедовме и еден работник за помагање, од тие што чекаа кај пазарот. Кога се вративме, почнаа со работа. Другиот ден, доцна вечерта скалата беше готова. Му ги дадов и парите.
Ми кажа дека по неговите алати ќе дојде со такси по два дена.
Кога дојде со такси-колата следниот ден, не оставаше впечаток, според тоа како беше облечен, дека ќе се враќа дома. Беше со работнички алишта. Механички го запамтив бројот на такси-колата и компанијата на која и припаѓаше. По еден час откако ги натовари алатите и замина, се јавив во компанијата на која и припаѓаше такси-колата и замолив да ми ja испратат таа кола со тој број. Бидејќи, реков, патникот што го возеше работникот си заборавил еден од алатите и му е потребен, па ме замоли да му го однесам таму каде го одвезе таксистот. Кога дојде таксистот, му реков да ме одвезе таму каде што го носеше работникот со алатите.
Тој веднаш се сети и отидовме до една куќа која беше изградена до првиот кат. Јас му реков на таксистот да ме остави на блиската главна улица, му платив и тој замина. Веднаш го здогледав мајсторот. Веќе беше искачен на скелето и 5идаше.
Си тргнав пешки кон дома.
Пак без мајстори... Можеби сега беше моментот да се одложи натамошното градење. Во разговор со еден инспектор по угостителство, кој често на враќаше во ресторанот кај моите пријатели и испивавме кафе, ми сугерираше да не се откажувам од натамошното градење.
- Куќа без покрив, - велеше, - е како човек без глава. Макар и по малку, нека се подработува. Да не биде како напуштена градба. Посебно дека не си постојано во градов. Има многу пакосни, завидливи луѓе.
- Веќе ништо не ми можат, - му реков.
— Tu Taka мислиш, - ми зборуваше тој. - Не знаеш што неубав народ се изнароди.
По неколку дена откако замина мајсторот, јас секој ден кога поминував покрај куќата што наблизу се градеше ја гледав истата, наводно неговата мешалица, во дворот каде се уште работеа неговите роднини. Но тоа за мене веќе не беше важно.
Бев отишла на пазар да земам свежо овошје и на враќање го видов работникот Борис, кој со неколкуте други работници пак чекаше некој да го повика да работи.
Се израдува кога ме виде и праша како оди со градењето на куќата. Му раскажав за проблемите. - Знаете, има една група мајстори, одовде од градот, сум работел со нив, зет, шура и еден нивни внук. Ако сакаш да ги прашам дали не се ангажирани.
- Добро, - реков, - ако се слободни, дојдете утре кај мене кај куќата да се договориме.
Утредента Борис дојде со мајсторите. Разгледаа што треба да се работи, видоа кој и колку материјал е набавен, пресметаа уште што треба да се купи, се договоривме колку треба да им платам за работењето и си отидоа. Се согласија да почнат со работа веднаш утредента. Се прерадував дека ќе продолжиме и натаму, сега веќе со поставувањето на третата и последна плоча.
Инжинерот кој го имав ангажирано за надгледување се помалку доаѓаше, бидејќи имаше многу обврски, а јас не можев да се решам на негово место да повикам друг, поради нашата дотогашна соработка и мојата пријателка, која ми го препорача и со која работеа во исто претпријатие. На некој начин бев оставена скоро сама на себеси и каквото-такво искуство на мајсторите, нивната оспособеност во оваа градежна работа.
Многу од елементарните работи веќе ги знаев од дотогашното следење на работата на претходните мајстори.
Новите мајстори почнаа со работа рано утрото, бидејќи живееја во градот. За работењето на третата плоча мораше најпрвин да се направат и двете останати скалила. Јас тоа им го кажав и тие ми одговорија дека тоа не е никаков проблем. Сите тројца беа средовечни луѓе и влеваа некоја доверба. Им кажав дека има се што е потребно за правење на плочата, како и даски и греди што по служија за оплата на претходните скали и каде се наоѓаат. И песок и железо заедно набавивме. Почнаа да работат.
А што и како работат јас не можев да видам, бидејќи и тие се качуваа по нестабилната дрвена скала од надворешната страна на зидот на куќата. На неа не се осмелував да се искачам. Се остана на доверба. Верував дека Борис, кого го запознав како многу позитивна личност, како добар човек, не може да донесе неуки мајстори.
Кога влегував во приземјето слушав дека непрекинато работат.
Поминаа неколку дена, но скалите уште не почнуваа да ги прават. Иако пак ги потсетив на тоа, и дека им е многу потешко да качуваат материјал по дрвената висока скала, и самите да се качуваат, тие велеа дека треба првин да ја подготват плочата и дека и скалите ќе дојдат на ред.
Повремено доаѓаше да им помага и синот на мајсторот, набавувајќи го потребниот материјал, со една постара кола.
Сепак решија да ја прават плочата пред да ги направат скалите.
Оваа, третата плоча, ме убедија дека треба да биде полесна, односно дека ќе Ја прават со цигли во кои ќе спровнуваат железни шипки, како што граделе на многу куќи дотогаш. Им реков да се посоветуваат и со градежниот инженер, штом тој ќе дојде. Потоа ми кажаа дека и инженерот се согласил.
По неколку дена ми кажаа дека се е готово и дека утре ќе го тураат бетонот за плочата. Другиот ден на истата голема талпа прицврстија макара со сајла и дигалка на струја, со која ќе се покрева железната количка полна со бетонот и ќе се истура потоа врз подготвената оплата.
Беше неделен ден. После подигнатите неколку колички со бетон се повтори истиот малер. Прегореа осигурачите. Синот отиде, купи други и се качи горе, ги намести. Продолжија со работа. По неполн час стана нов куршлус. Пак застој, набавување на нови осигурачи, пак продолжија со работа.
Имав подготвено јадење и ги повикав да ручаат кога дојде пладнето. Откако се најадоа, мајсторот ми рече дека малку се вреќите со цемент и дека треба да се купат барем уште три. Но jac му кажав дека ce избројани, точно толку колку беа за претходните две плочи. Тој упорно настојуваше. Јас го потсетив дека е недела и дека нема каде да се купат. Но тој кажа дека во едно од стовариштата има пријател од чуварите и син му ќе купи од него.
— Kora ќе снема ќе биде доцна, што ќе правиме тогаш, a TH знаеш дека не смее да има прекин додека се фрла плочата.
Видов не видов, му дадов пари на син му и тој отиде и донесе уште три вреќи цемент. Откако поработија уште извесно време, мајсторот пак ми свика одгоре дека ќе требаат барем уште три.
Погледнав таму каде беа наредени вреќите. Тие навистина се намалуваа, но не бев убедена дека ќе се потрошат сите. Но, си реков, и да останат, не е проблем, бидејќи и така има уште многу да се работи... И пак му дадов на син му пари да оди да купи уште три.
Но откако тој се врати со новите три купени вреќи цемент, забележав дека со колата се паркира на тротоарот без да ги истовари вреќите. Отиде некаде и се врати по половина час. Му реков да ги истовари вреќите и да ја тргне колата од тротоа рот, бидејќи ќе го казнат. Тој се направи дека не ме слушнал и пак замина некаде. Истурањето на бетонот привршувашс. Рекоа дека се полни и последната мешалица.
Тогаш видов дека син му на мајсторот набрзина замина со колата, без да ги истовари вреќите. Се колебав како да постапам. Ако кажев дека се сомневам дека тој си ги однесе вреќите дома, ќе требаше да се скарам со мајсторите, пред се со татко му, а тоа ќе значеше дека ќе останам пак без мајстори. Се направив дека не сум Ја видела целата оваа работа, всушност оваа однапред смислена кражба. Ги пребројав преостанатите вреќи со цемент. Имаше уште пет. Веќе не бев сигурна, другите денови, кога небев кај куќата, дали не зеле од другиот градежен материјал. Се случуваше по повеќе часови да не сум тука, а вечерно време заминував на спиење кај моите пријатели.
По неколку дена кога дојдоа да работат, веднаш почнаа со 5идањето на циглите. Пак не се зафатија со правењето на скалите.
Во тоа меѓувреме, скоро и без да забележиме инженерот и Јас, мајсторите набрзина ги направиле двете преостанати скалила.
Кога ги прашав зошто така набрзина, речиси веќе стемнето, ми рекоја дека сакале да ме изненадат.
Откако поминаа неколку дена и бетонот на скалите беше исушен, па мајсторите ги извадија оплатите, јас забележав дека се направени многу понестручно од тие што ги правеше претходниот мајстор. Им реков дека не се добро направени. Но тие ме убедуваа дека неможело поинаку, бидејќи тој дел на куќата е потесен и морало да се прилагодат на таквата несиметрична положба. Тоа беше свршен чин и немаше што да се прави.
Остануваше уште правењето на покривот. Им платив за тоа што го сработија и ги седнав на разговор. Дали правеле покрив на други куќи и дали се сигурни дека ќе можат да го направат. Тие гарантираа и се зафатија со работа. Новите цврсти греди ги сечеа, ги ковеа и некако се оформи новата кровна конструкција, која навистина изгледаше солидно.
Потоа (овој пат со мојата кола) купивме шмиргла, што ја заковаа врз гредите и врз неа летви на кои ќе се редат ќерамидите. Покривот за неколку дена беше готов. Беа наредени и ќерамидите. Овој пат, кога ме повикаа да се качам во поткровјето, кое веќе беше можно со доградените скали и една помошна дрвена, лесно се искачив. Бев толку радосна што ги заборавив сите маки и проблеми. Пред мене блесна во сета своја убавина Охридското Езеро.
По неколку дена најдов еден мајстор електричар за поставување на сите кабли и штекери во целата куќа, кој се согласи Јас да ги набавам потребните материјали, а за работата да му платам на повеќе рати. Приклучок на струја веќе имаше и во куќата пред отпочнување на градбата. Тој навистина одлично си ja знаеше работата и за брзо време приземјето и првиот кат на куќата беа со светло и приклучоци за апарати на струја.
Од основните клучни работи останаа приклучувањето во водоводната и одводната градска мрежа. Благодарение на големи пријатели и мои, а пред се на мојот син, Дарко и Ленка, чиј близок роднина беше поставен за директор на претпријатието за водовод и канализација, ни се овозможи конечно, по редовен пат, приклучување во водоводната и одводната мрежа. Тој ден, кога тоа требаше да се реализира, дојде со службено комбе екипа од Водовод, истоварија алат за работа, како и се што беше потребно за приклучувањето.
Најпрвин почна со копањето за да се открие каде е сместена водоводната цевка која ја носела водата до малата куќа што ja купивме, односно каде проаѓала. Соседите зад нас, од кои ги трпевме многуте претходни тортури, дотрчаа да видат што се случува. Мајсторите констатираа дека целата цевка преку која доаѓа водата во куќата зад нас почнува од нивниот двор и стигнува до уличниот приклучок, без да има отклонување кон нашата куќа. Тогаш решија да копаат поблизу до нашата куќа.
По извесно време еден од мајсторите откри дека постои посебна цевка по која доаѓала вода само во нашата куќа, но дека е пресечена на еден метар пред да стигне до куќата и на неа има ставено чеп. Во тој момент првите соседи буквално побегнаа, кога се откри тоа што одамна го направиле.
По овој настан се чудеа сите очевидци кога и како сето тоа е направено, а да нема сведоци, но и да знаеле некои од соседите, тие MOJIYCIIC.
Веднаш се постави целосна инсталација Ha ДоОВОДоОТтТ И одводот.
Со напорна работа на сите членови на семејството, секој во својата струка, долговите се отплаќаа.
Наскоро на куќата беа поставени врати и прозорци. Се послаа килими на патосите. Се внесоа каучи и шифоњери, шпорети, перални и фрижидери, маси и столици. Куќата заживеа.
Оградите на балконите и плочките со кои беа послани овозможија, стоејќи или седејќи на нив, да уживаме во изгревите и залезите, секој ден од чудесни почудесни, секој ден поинакви. И да не си поет ќе станеш. Ke се всели Bo тебе необичен неспокој, желба за создавање, желба за убавото.
Зошто сите луѓе што се родиле и живеат покрај овој неповторлив дар од природата не стануваат убави, во телото, и пред се во душата.
Не сум сигурна, но мислам дека само во Охрид, кога ќе прашаш каков е оној човек, и ако ти одговорат - убав е, со тоа кажале се.
Всушност се создал израз, во еден збор, за делење на луѓето на добри и лоши.
Сега веќе можеше и мораше да се запре со натамошното инвестирање во куќата. Но и таа одлука брзо пропадна во вода.
Куќата постојано бара-е да биде завршена до крај.
Својата викенд куќа зетот, докторот, ја приврши со истите мајстори, кои ги дочека да доработат на куќата, каде ги најдовме да градат, и ја оспособи за живеење. И тој се изнамачи. Но њубовта кон својот роден крај му даваше сила и го исполнуваше со радост за тоа што го создаваше. Беше горд што на синот и ќерката ќе им остави куќа во таа убавина. Во подножјето на планината, богата со прекрасни шуми и прекрасен поглед кон неповторливото по пејсажи, кои секој момент се менуваа, езеро.
Тогаш таа куќа, на сестра ми и зетот, ни стана втора куќа, во која најчесто се собиравме сите. Моите и нивните деца не делеа ништо и не се делеа. Мојата ќерка и синот на сестра ми беа поврзани и со професиите. Режисери.
Нашата куќа во градот полека ја доправавме.
Скоро истовремено куќата на зетот и сестра ми во Лагадин и мојата беа фасадирани, од вештите раце на група млади фасадери.
Уште од брегот на езерото се гледаше кремасто обоената куќа на три ката, со предните 5идови целите од стакло, што CC издигна на местото на малото трошно приземно куќиче.
0С1
"ОНЕ грн О19МИ и КкелтО го1.0дДосо РН ПОПТОП 09 РУКУ РИ РП 9“ ХИНТОИК 9 ЕГО “РЈопоИЧ ЧИП 1о0ИНЧРИТ РН ЕТрРЈБОК ТООНШК 2 "РТеУКУ ПО РУБИНОАТоПО2 рленон 1ермДоеи БГ ом никеН Гол ен рмоп иМГечКќаовн отк 22 “иПпО2зИЈИЈАП инжок 21И9 09 терриќжкопоа и тетефиап отеп Терухр2 он о1ИПо209 “чИНоОНТоПО2 ЧонН РЕКИ Ро РТРЕУКУ рХОП “1 Хеф ГочО "РТо2ПОИЧ ЕН РЕГРПОАП БГ И рГемкУ ЕН РТРЖБИНОНТ2ПОО ОЈ РОЈ, 02 ТрраКШКОРн 99 иаонеџи инчин ои “ОН "он Теп РН РНОПЏУМО РЕ Теоеплоаи Грк Но НоП9 ре “оОНоОПоОТ2ОП опеаКтошпо РГ ои. “рот, он ЗГРОПОЌ 2Н ОХРЖЕО "РН ре ИТеп ТРоПрГ РП с90 РТРУБИНОН12ПО2 ПО ехКќи епеи рено Је(ИООТ РЕГ оГечоеЕн 99 ИТ, РХОП ОНОРГ онет2 ом оОдожоЕН "опежечто 29 ди. р Тепку РЕГ ртоКУ енопкќноп рпИО КИ иох ЕН “ИП9209 о1инп2аоопон 09 треиКинвопес изјхииџфнох 2тиЧа|1 онижо2 он оНБОпПРЕ 29 РП и ИиЖАХШТо иедо трраКќозаноп 99 1 БоЗаАт пенпопо РГох оч рНИП2д2 ртечон оч “иоЗОНПО ИНОХОИИШИОУОП 21ШК реИнН РПОП РНПО 1РРЕрГЕОЗ 97) "2ТИП2209 023 о1и2зоНПОо 09 ИУГРЕЕААЖТОПОаАП гр “оат2 оа о1опоп и толќапоз 03 отизонко - тоинкипиГен По имГеиќнНнБоП “ИЈОППРЕТОП рЕИН епоп од РаќЖжпоОПоОап “рлемку грн 010рЕЌПКУ “опе ТоиИнНиРеИ | грон ОН оНоОНИЖ и оненХКГотооап онГохопо отонРоНОУ ОП 99 ИНИПО.Т оЈИНПоПО ОН тера. ох оо зи1, КУГоХ и они КОП ох ИТНО КОИ ИНЕРИ И ИИЌЕАЛ,
29 ИЧХРУ БИН ИЏОИКРЕ РН рГОЖОИ ИО ЗН РГиср1нрФф рлепопГен оч ин р1210И9| "тераКЌНжоио 92 оНГеал тониж тоиниеГон он отитооРа готраКТоП и оноониж ре ио0оз0пПОо РГрП ИПИОО 21ИНап 09 грТРМКУ РН О190НРрАЌПКУ оп ШеНПоОН оЈШК “ОН "одаеД оточопи хо ен 1240 тои рН РУКУ рНОЈШКПРН РГРК рАЌПКУ “рУ2ОЕОГОЖХИН етапоич “хип тоини“ек | "енпоЌАУЕ и РЕНО ИОДЧОЗ “раИпЈИБ оно “ру, РНЕРТО0НГо ПоОПЈЕИРН 09 рЧрИИНЕЕ 99 „Ооо РН РЖУКУЈ“ „ЕЖКЕГ еночижо|!“ “некоа нопохтоап тоиниеГон ен раќедаопен 22 онБи1оП ЕГО РИАоф он ве пит123 виптенеопцоап 10ГочЧ9 оЧ “РПоОП ИХЕРЕКЖЕРЖРЏ иншопок ргееин еаќжпопоан РГ “оиоДа ошопоп охон зХИипоПО 01 оа тодолнт. зиБ “еж2оБ ГЕН еЕПИТРАТТ ехаоизнекоа руУоноПохРИ РНТНоОНИИО РГРШЕН “НЕОа 1о0ИиЧОНГЕН 0)
ЧОЧОЈОП Една од најважните, најкомплексните и најактуелните нишки во романот е онаа врзана со поткупливоста, подводливоста и личните интереси пред граѓанинот и неговите права, а со самото тоа пред законот, длабоко всадени во механизмите на институциите на државата. Во таа смисла, драгоцено е прикажувањето на голем број службеници - претставници на власта кои се добро платени од државата, и со многу привилегии, за да ги штитат интересите на граѓаните, гарантирани со постоечките закони, при што тие најмногу ги кршат законите и, сосема спротивно, работат исклучиво во своја полза.
Така, главните страдања и апсурдни доживувања кои ги преживува главниот лик се предизвикани од корумпираните, не ретко и поткупени службеници од судството, органите на власта во Општината, Управата за јавни приходи, Катастарот.
Поткупувањето не е само во парична форма, туку со крупни заемни услуги, па и уцени. Директ на причина и последица на ваквиот развој е токму соседот и неговите контакти и врски, зашто тој и самиот се наоѓа на едно од клучните места во локалната чиновничка машинерија.
И покрај сите тие мачни доживувања и неправди, па и наместени судски процеси, со измислени, непостоечки факти, Виолета успева да се всели во куќата, да го оствари своето сопственичко право на неа. Во тоа и помагаат неколку позитивни личности, кои се наоѓаат на клучни места во некои од градските институции.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/house-on-the-lake-mac/9 на 29 октомври 2026