Front Matter - Part 07
Кога влезе, началникот му рече да го земе решението од секретарката и да го потпише пред него. Службеникот, сосем тивко, изговори:
- Зошто баш jac?!
Тоа негово прашање се разјасни.
- Оди веднаш донеси го решението, - му рече на чалникот, веќе со тон на наредба.
Службеникот брзо го донесе решението, го потпиша и, налутен, излезе. Началникот ми го подаде решението.
- Одете на шалтер да ви го заверат, и да ви дадат уплатница со сумата што треба да ја платите.
Се поздравив и излегов. Пак кај службеничката. Таа, откако го завери решението и Јас се потпи шав на копијата дека сум го примила, буквално ми го потфрли заедно со уплатницата. Ги
3e,rOB H 3aMHHaB. YIIITe ea BpaTa MKOTHHO OTBopeHa H
3aTBopeHa.
Комплетираните документи во папка ги носам во Судот, каде треба дефинитивно да се завери купопродажниот договор.
Влегувам кај службеничките кои ги примаат документите.
- Повелете, - ми се обраќа една од нив, млада, многу дотерана, но со акцент во говорот кој зборува дека не е охриѓанка.
Јас и кажав дека сум дојдена за да го заверам договорот за куќата што неодамна ја купив, и тоа дека и сопственичката што ми ja продаде куќата и јас не живееме во градот. Ја замолив колку е можно побрзо да се подготви заверувањето на до говорот, за да се запише во судските книги. Таа рече дека нема проблем. Но, откако го погледна договорот, бојата и изразот на лицето и се изменија, па по мала пауза додаде:
— He оди тоа така брзо. Треба сите документи детално да се прегледаат и да се одобрат.
- A кој треба да ru прегледа? — прашав.
- Потпретседателот на Судот. Дојдете по десет, петнаесет дена.
- Нели етоа многу време? - се обидов пак.
— Бидете среќни, ако за толку време се заврши.
Ги оставив документите, зедов потврда дека сум ги предала, на која инсистирав да се стави и датум, и излегов. Не ми се веруваше. И тука ли?
Поминаа двете недели, и трета, и четврта. Прашувам повеќепати, и по телефон, и лично, одговорот е еден и UCT — потпретседателот е зафатен, има многу предмети за одобрување. Веќе почнав да се сомневам дали воопшто му ги дала моите документи. Се колебав дали да одам кај него лично или не?
Тогаш се сетив на една комична ситуација од пред неколку години. Во Скопје, мојата ќерка купи стан во зграда што беше во изградба. За последната рата што требаше да се плати, ни недостасуваа пари. Некако присобравме, и требаше од Управа за јавни приходи потврда дека не должиме пари за данок по било кој основ. Од градежната организација од која го купивме станот бевме опоменати дека, ако до утредента не ја донесеме потврдата дека сме Ја уплатиле ратата, станот ќе биде продаден на друго лице. А тогаш многу тешко се доаѓаше до можноста да се купи стан во новоградба, и тоа покрај сопственото парично учество и со поволен долгорочен кредит.
Влегувам во зградата на Управата за Јавни приходи, и зад стаклото на единствениот шалтер што ги издаваше потврдите, седи и јаде службеничка, дебелка, целата замастена од мајонези и кечапи. Веројатно јадеше хамбургер. Потоа дојде на ред нешто слатко. Па кафе. Иако на шалтерот задспуштеното стакло пишуваше пауза, и да не сакаш, стануваш сведок на сите тие активности.
Немаше истакнато во кое време е паузата, но прет поставувам дека е токму тогаш... Чекам трпеливо. И конечно го поткрена минијатурното стакло на шалтерот. Се наведнав и со понизен глас кажувам дека ми треба потврда, и тоа итно.
- Пополнете го формуларот, - ми подава лист хартија.
Го пополнувам и го враќам. Чекам.
Пак доаѓа до стаклото. Вели:
- Дојдете по една недела.
- Ама како, ве молам, ми треба веднаш, ќе ми го продадат станот! - продолжувам со голема молба во гласот.
- Ви реков, по една недела, - решително пресече.
Се обидувам да и објаснам, но ни малку не ми помогнаа ни повторените молби. Се оддалечи од стаклото и воопшто не ми обрнуваше внимание.
Целата во очај шеткав во ходникот. Тогаш наиде една моја многу добра пријателка, душа од човек. и кажувам дека се работи за безизлезна ситуација.
- Чекај, не нервирај се, сега ќе дојде една моја другарка, ja бидува за се. Дете од мајка ќе украде, нема да се сети. Оваа овде е безнадежен случај, - ме успокојуваше пријателката.
Спомнатата другарка брзо пристигна.
И се приближивме. Се запознав. Слаба, на триесетина години, жена со долга коса свиткана во плетенка и свртена околу главата. Штом разбра за што се работи, ми рече:
- Оди земи 100 грама кафе.
Купив. И го дадов. Ја зеде и белешката со бројчето.
- Чекајте ме тука, - рече.
Од местото каде што стоевме, можевме да видиме и да слушнеме доста. Не застана кај шалтерот, туку веднаш влезе во собата, и го даде кафето и почна да ја прегрнува.
Службеничката стоеше под зачудена. Слушаме:
- Мила моја, од кога не сме се виделе. Да беше отидена во Америка, побрзо ќе те видев. Ho, да не се чудиш. Ти не, ама jac бев во Америка. Цела година. Со една фолклорна група. Леле, како сум поминала. Туку, чекај, да не заборавам. Една моја бртучетка купила стан, заглавила со термини, па итно и треба потврда за данокот од кај тебе. Ќе и го земат станот. Срцка, знам дека имаш да издаваш по триста потврди дневно. Затоа, дај го формуларот, jac ќе го заверам. Знам дека имаш работа, преку глава, а сите сакаат брзо.
Службеничката, која уште не беше освестена од каде се познава со оваа жена, а и беше срам да Ја праша, се разбира, самата го завери формуларот. Пријателката го зеде, се поздрави набрзина и рече дека пак ќе наврати, убаво да си позборуваат, и истрча кон нас, а ние пред неа истрчавме на улица.
По извесно време доаѓам во Охрид, и тоа право во Судот.
Службеничката на приемното одделение во Судот пак ми вели дека потпретседателот уште е многу зафатен и дека не знае кога ќе бидат документите готови за заверување. По изразот на нејзиното лице и по тонот со кој ми одговори, осетив едвај прикривано непријателство, или барем така ми се стори.
Побеснев и решив веднаш да одам кај потпретседателот. Знаев дека не му е приемен ден. Претходно се информирав како се вика, колку години има и кога дипломирал на Правниот факултет во Скопје. Не бевме иста генерација, но сигурно сме се сретнувале низ факултетот. Сме дипломирале приближно во исто време, со тоа што јас паузирав скоро две години, така што ме стигнаа две генерации, по време на студирање, но не и по возраст.
Брзо ја пронајдов неговата канцеларија. Секретарка немаше.
Тоа ја поедностави работата. Слушнав дека има луѓе кај него.
Тропнав и влегов. Седеше на фотејњата зад бирото. Веднаш му се обратив:
- Здраво, колега. Многу години не сме се виделе, можеби од дипломирањето... но, ти не си се изменил, веднаш те познав.
Еве да те потсетам, - му го кажав моето име и презиме.
Тој стана и ЈБубезно се поздрави со мене. Не ми стана јасно дали ме препозна.
Јас МУ ПОМОГНаВ, CO TOA ШТО ГО HOTCCTUB.
- Ние бевме помалку студентки тогаш, во однос на вас машките, но јас на тебе добро се сеќавам.
— Ма се разбира, и Јас на тебе, - рече и извади чашка од шкафот да ми тури виски, кој веќе го пиеја со двајцата гости. Луѓето кои очигледно му беа во пријателска посета, наскоро заминаа.
Останавме ние двајцата, па продолживме да разговараме. За факултетот, за годините потоа. Во тоа добро расположение, се обидував да насетам дали тој навистина се сети на мене од студентските години, но тоа сега веќе не беше важно. Му кажав за тоа дека купив мала куќа од една жена, веднаш крај езерото и дека ги поднесов документите за заверка, тука кај нив во Судот, скоро пред еден месец. Тој се зачуди зошто уште службеничката не ги доставила документите кај него. Му реков дека жената што ми ја продаде куќата живее во Белград и треба специјално за заверката да дојде со авион, односно дека не може да остане повеќе од еден ден, затоа што е во работен однос. Го замолив, ако може да се прецизира денот и терминот на потпишувањето.
Изгледаше дека му е мило што од оваа своја не мала функција може да ми услужи, како на своја колешка. На негов предлог, веднаш слеговме заедно кај службеничката. Ги побара од неа документите, укорувајќи ja зошто не му ги доставила толку долго време.
Таа беше изненадена што се појавив одеднаш кај неа во придружба на потпретседателот, но не се збуни.
- Ми ce затурија некаде, — рече таа веднаш, како да го имаше веќе подготвено тоа оправдување. Колегата дури тогаш се налути.
Таа се обиде да претстави дека и сега, во овој момент, не може да ги најде документите. Стоевме и ja чекавме.
— Кога ќе ги најдам, ќе ви TH донесам, - рече, дури како со лутина во гласот.
— Не, сега да ru најдеш, — настојуваше потпретседателот.
Ми се стори дека и тој насети во сето ова некоја не чесна работа.
Чекавме, стоејќи на нозе. Таа виде дека нема како повеќе да одлага, ги извади и му ги подаде, целата вцрвенета во лицето.
Тој приседна и на лице место ги прегледа.
- Се дати биде подготвено за потпишување до задутре во 11 часот! - строго и рече.
- Ама знаете колку многу предмети имам..., - се обиде пак службеничката.
- Знам, но документите се предадени пред цел месец, - пресече тој.
Излеговме во ходникот.
- Слободно телефонирај и на белграѓанката нека дојде. Ве чекам задутре во |1 часот кај мене в канцеларија, - срдечно се поздрави со мене. Јас му се заблагодарив и заминав брзо по скалите. Бев среќна... Тој не е во мрежата! Да се молам до задутре да не го фатат во неа!
Се јавив во Белград. Милена веднаш прифати. Таа прекрасната Милена.
Веднаш утредента, еден ден пред договорениот термин, долета со авион. Вечерта ќе преспие во Охрид, за да сме сигурни дека ќе бидеме точно навреме кај потпретседателот. Подобро никој да не разбере дека дошла. Нема да излегуваме никаде. Барем не, додека не се завери договорот во интабулационата книга.
Никој, дури ни најдобрите пријатели! Довербата ја бев изгубила во сите.
Следниот ден, во закажаниот термин, бевме кај потпретседателот. Тој срдечно не пречека. Не го криеше задоволството што ќе ја заврши работата, ете, за мене, неговата колешка од факултетот.
По испиеното кафе, слеговме заедно кај службеничката. Кога тој и ги побара документите, дрско му одговори дека уште не се готови. Тој наредбодавно и рече дека ќе почекаме тука, и веднаш од соседната канцеларија, на негово барање, донесоја три столици на кои сите тројца седнавме.
- Ама зошто, штом ќе бидам готова со заверување на документите, ќе ве повикам, - реагираше таа.
Потпретседателот изгледа се увери дека се работи за заткулисна игра, целиот вцрвенет во лицето од непочитувањето кон него како претпоставен, посебно пред мене и пред гостинката од Белград, рече:
— Не, тука ќе почекаме! - но со тон во кој се почувствува и закана. - Странката е од Белград. Мора да замине веднаш со авион.
Седевме тука, заедно со него, десетина минути. Службеничката ги заведе документите. Тој и ние потоа, како што бараа прописите, се потпишавме и на документите и во големата книга со дебели корици. Се ставија и печатите.
Пред да излеземе, службеничката рече:
- Заверениот договор ќе ви биде готов по една недела.
- Најмногу по еден час, дојдете да го земете договорот, - ни рече потпретседателот, а потоа обраќајќи и се на службеничката, и нареди - до тогаш да го изготвите, бидејќи странките треба лично да го подигнат, а тие не живеат тука, како што веќе, се надевам, разбравте!
Сето ова беше речено со високо подигнат тон. Се поздравивме со колегата. Се договоривме да се видиме по еден час кај него во канцеларијата.
Во договореното време, тропнавме на вратата на неговата канцеларија, со заверените договори в раце, кои во моментот кога ни ги предаваше службеничката, имавме чувство дека има желба и физички да не нападне. Кога видов дека потпретседателот е сам, го извадив скриеното шише виски од чантата и побарав чаши, да го прославиме дефинитивното ШТ говоа HAIMA ‘Hed 013d тоижоипоГЕен 0g oOWehAd BY оКНЕНП99 BIO)
"OHRUIM и тодопеаш ехиноп OW - ика ен ‘(PX по ‘exel - оптедеволто WH о1ипо209 ПО иомон BH ‘XAT derrod и dowAx ноподиап HUE[OH тоиџоп 09 “енопијА| “рносд9 BH 121 9 он имГопио ‘eHar(ox 9 ormos ordwemedi eH ме Геп Loud ен eLeXOdI IYO дил, оШиИн озон Тежок ин 2Н 'roredI син OWeLdmOdII ell оОНПОООЏо JWXKON рол)
“owgeHd.1odIT 99 онпиз BHOITUA 00 ‘ererredis IYO SWEOIIEH BIOY | (UDELL 929 ивраќп Коа зиао по КЖГОУ jOIMIAdI По WAIrOIOI " Хонов ОПИО 99 BY 99 ПО AIOHW[eH иозжо|Ј "еџп2иио BHEAULUEOL OF ‘QIALr QLUIAAY по LeeaAIrdIro UI OM от вин по ATOHW 99 Todi ‘edrdfogd Ктони mxdrrod dsemedin ено eH rododoar() ;ereraedin тепоп el HOM OLJIJAIr LeI'HQ BY РОЗА, ик uae) edArAoodir ош Гол BH 8103409 ПО LoOHOUgRE 0d ‘dedi ornogd 1eedeQg WI BY JIMIIOY HOM OLJJALr LeedAred 99 ипи еве elox og erredig ‘uroged итинитоиаон rdAdIe or reedArAdodn 29 MBIONOHOII ‘UHUQITAD ИХЕ2ЧОЕ Leedemad 90 “ЧИН BH OHIULOdID от оа oH ‘eaedn отимоножве по Дочпен иџи онпочрап онопќоо ди 9 UITBY BOL ПО ОНОИ РЕ “ИТОНИЖ LTeedAXIrorodin и ераќоЌио 92 “РПЧЕеДП ипоп 99 elox od eredic рено По дочпен OWEOIDIEY
"ЛОГ
[ow ‘dogg rologd ен нопопзот “Гол. 09 22 mileakaedreon OHRID ‘OWEBHMIWRE И РУШЕР ЕНПО ОП OWEHIID]] "идовто OI Гол. отатиШ
"OBILI HOTS 04 оин ЗОО — ‘eroged eIreW 9 OH BE() "OWHLOJR BY дин 5 OHITAd ‘Of — "OIIIUII JOMOH ОП BAL WEWH ‘WeLOOhOII он ом ov /Merre[un oredAnAN er OHQIALOI опио Ud OLIIOE —
:MHAQOII 99 BLRIJIOY ГИНИПОЈЛ BHALOLD rod енопеатеи ‘uiedredy 199090Ш ПО BAN BHOMAJIAIrOI HOW по BLEHOLAYN ре ‘dogoIor „ихзидотои“ LOUIIEH BH dHBIAHONREO
- Боже, драга другарице, откако Ја купи куќата од мене, се што правиме во врска со неа е како да е за време на воената окупација од 1941. Дури ни за ова денес, за овој убав настан, не треба да знае никој. На што личат некои од овие луѓе овде?!
Дали постои некое скриено зло што ги обединува? Просто, како некоја завера на злите духови!
- Ајде Милена, да не си го расипуваме овој прекрасен ден.
Гледаш дека се наоѓа и по некој добар човек. Ако немаше такви ние денес не ќе се девме овде.
— Така е. Имаш право. За среќа, за убаво, - ги кренавме чашите и наздравивме.
Подоцна ја испратив на аеродромот. Ми беше жал што не е почесто тука. Да се дружиме.
Одев по улица пресреќна. Ми доаѓаше на сите да им раскажам дека сепак правдата победи. Но, си молчев. Не знаев колку од нив, од моите соседи, од моите познати, ќе се радуваат заедно со мене. Не верував дека е голем бројот. Зошто таа завист? И на што? Илјадници од луѓето изградија огромни куќи, цели палати! Си мислев, Jbydbomopar на езерото. Неговата близина. И можеби имаа право. Таа чудесија од убавина, деноноќно пред мене, до мене...
Тоа езеро во мене, во душата, и на сон и на јаве...
Конечно, без судења и судови, без туркање Ha зидови, без проблем за вода, одвод, струја. Летување на повеќе генерации во таа мала куќа. Многу луѓе, многу средби. Децата подрастеа.
Дојдоа и внуци.
Но... дојде и болест. Кај сопругот. Болест неколку години, која и при сите лекари и сите лекови не поминуваше. И не помина...
Како понатаму?...
...Beke неколку години сама со децата, со внуците. Не беше лесно, но во тоа никој ништо не може да измени, да врати...
Куќата е влезена во планот со можност за надградба два ката.
Но кој ќе гради, со што? Пари - една цела плата помалку.
Неговата. Позајмици, кредити...
Бев излегла в град да купам некои намирници за дома.
Влегувајќи во првата поголема продавница се сретнав со еден пријател, кој ги знаеше сите мои маки во врска со купената куќа во Охрид.
-И што реши - ќе градиш или се откажа? Кај би се откажала ти, и да видам не верувам, - ме праша тој, и сам си одговори на прашањето.
- Имаш ли најдено мајстори? - додаде.
- Чекај, има уште половина година за мислење, да собереме малку пари, - реков со смеење.
- Каква ти уште половина, сменета е одлуката од страна на Собранието. Од денот на добивање на дозвола за градба мораш да почнеш да градиш во рок од половина, а не на цела година, како што беше порано. И колку што се сеќавам на деновите кога ти ја доби дозволата, овие денови ти истекува рокот.
- Вистина, или се шегуваш за да ме исплашиш?! — реагирав со смеење...
- Не бре, Виолета, не би се шегувал со таква работа.
Се откажав од купувањето на намирниците и со брзи чекори тргнав кон дома, скоро и да не се поздравив со пријателот. Ми трепереа рацете кога ја отворив дозволата. Имал право! Каква среќа што го сретнав! Но истовремено ме опфати чувство на безнадежност. Би било вистинска авантура да се почне градба на куќа со позајмени пари. Од друга страна, зарем ќе дозволам да пропадне дозволата за градба, која толку макотрпно беше добиена?
По еден час потоа заминав кај сестра ми и зетот да се посоветувам. Мајсторите што ја градеа неговата викенд-куќа уште не си беа отидени. Работеа. Веќе беше направена првата плоча и ставаа столбови за следната. Во населбата Лагадин кај што се градеше куќата имаше веќе изградено стотици куќи и беше една од најубавите населби во непосредна близина на градот.
Уште од врата кога ме виде сестра ми, сфати дека сум многу загрижена и веднаш ме праша да не има некој проблем. Набрзо дојде и зет ми. Им кажав за тоа што го разбрав во врска со градбата на мојата куќа. И двајцата многу се загрижија.
Знаев дека и тие едвај присобраа пари, и гледаа до некаде да дојдат со градењето, барем до покривот.
- Немој да се секираш, - рече сестра ми, нешто ќе смислиме.
Како порано не разбравме!
Ручавме и си тргнав со локален автобус кон Охрид. Не ми се веруваше дека на толку маки што видов да дојдам до таа дозвола, сега може да го изгубам тоа право за градење. Дури има опасност од овие вакви органи во Општината никогаш HoBeKe ga He ro 4o6HjaM. Ce qyBCTBYBaB 6ecnoMourna. Co TKBO 14yBCTBO CTHFHB 40MB H Co TKBO - CM 3adHaJIIa.
Утредента се бев разбудила многу рано со тешка главоболка.
Уште нерасонета, слушнав дека некое возило застана пред влезната врата на куќа та. Погледнав низ прозорецот. Од бело комбе излегоа тројца луѓе во работни алишта. Ми заличеа на работниците што ја зидаа куќата на сестра ми и зет ми. Веднаш потоа од колата што застана зад комбето, излегоа и сестра ми и зет ми.
- Виолета, отвори Ја вратата и стави пет кафиња да се варат, - свика весело зетот.
Не знаев дали сонувам или сето тоа е вистина. Но откако влегоа во куќата, збунето реков:
— Што е оваа работа?
- Не прашувај многу. Со сестра ти решивме, работниците некое време да ги префрлиме тука да работат, да се стават темелите, па после ќе гледаме, ќе правиме. Не смее да пропадне дозволата. Еве и пари за почеток.
Парите ми ги пикна во раката.
Солзи ми потекоа. Ги изгушкав и двајцата.
Набрзо дојде и еден голем камион, за кој со превозникот се договорил зетот, и, сите ствари од внатре од куќата за неколку часа беа извадени и натоварени на камионот.
— Ke ru носиме во Лагадин, во гаражата, — ми рекоа сестра ми и зет ми. Потоа сестра ми влезе во колата и замина, а камионот по неа. Зетот остана да се договори со работниците. Tue веднаш се фатија за работа.
Така почна да се гради куќата.
Не ми се веруваше, првите пари - позајмица од сестрата и зетот. Иако и тие веќе градеа викендица во Лагадин и немаа доволно пари ни за неа. Но тие беа создадени да даваат, да помагаат. Тој, не само затоа што беше лекар, туку - и многу хуман човек, а сестра ми, и душата би си ја дала за да помогне секому, а камо ли мене. Да бевме близначки немаше да бидеме толку блиски. Тој се прерадува кога ја купивме оваа, иако мала куќа. Веднаш до неа, во големата двокатна куќа, која им припаѓаше на истите сопственици, бил интернат, каде живеел како ученик и тој и неговиот постар брат. А во оваа наша куќа била кујната на интернатот, каде се чувале прехрамбени продукти и се готвела храната за учениците и другите луѓе од персоналот. Тоа било во време на окупацијата, од страна на бугарските фашистички војски, во време на Втората светска војна.
Децата заминаа дома. Секој со своите работни обврски. Јас тукушто пензионирана. Од куќата натоварена на голем камион беше пренесена целата покуќнина во гаражата на куќата од сестра ми и зет ми во Лагадин. Беше празна.
Уште кога тргна камионот со покуќнината, њубопитните соседи се растрчаа да разберат дали не сме Ја продале куќата, некои уплашени дека, ако се работи за такво нешто, како порано не разбрале?! Кој не би сакал да купи куќа со поглед кон езерото и во негова непосредна близина. Дури некои дојдоа и до вратата со директно прашање.
Посакував потврдно да одговорам, за да ja видам нивната реакција, но секако дека за тоа сега не беше тој момент. Ниту пак објаснував дека ќе ja градиме. Реков само дека генерално ќе Ја реновираме.
За неколку дена мајсторите го отворија покривот, отстранувајќи ги новите ќерамиди, за кои бев платила не малку пари.
Почна копањето на темелите, но внатре, покрај постоечките 5идови. Со Решението за надградба што ни го издаде Општината, бевме задолжени бетонските столбови да влезат во самите 5идови на постоечката куќа, односно да бидат вметнати во нив. Тие беа со дебелина од 55 см, повеќе од половина метар, што овозможи така да се постапи.
Претпоставувам дека тоа беше смислена замка од една пакосна жена инженер, од која сите се жалеа, вработена во службата за градежништво во Охрид, а која го изготви решението. Таа се правеше да не добиеме решение за надградба. Не можеше да се помири со фактот дека началникот за градежништво во Општината, за да го поткрепи своето решение, неочекувано повика четворица други инженери од околните градови за членови на комисија, која на лице место требаше да ја оцени можноста за надградба. Комисијата едногласно, заедно со него, на записник Ја даде согласноста.
Инженерката, која патем речено имаше нево обичаено црнтен, веројатно се надеваше дека, кога ќе ја почнеме градбата и ќе се обидеме бетонските столбови да ги вградуваме во постоечките 5идови, тие ќе испопаѓаат. Но не и се оствари желбата.
Дебелината на зидовите беше по повеќе од педесет сантиметри, а истовремено необично цврста, независно од материјалот од кој беа градени пред толку многу години.
Најпрвин се ископаа стопите, всушност лежиштата на бетонските столбови. Потоа местото за поврзните греди.
Се јави потреба за уште еден мајстор. Разбрав дека кај пазарот во Охрид чекаат невработени работници, да најдат било каква работа. Го прашав еден од постарите, заклучувајќи сама за себе дека тој не би се нафатил за тешката физичка работа, мешањето на малтер со рака, и тоа неколку часа, па затоа него го прашав дали познава некој од неколкумината тука што стоеја кој би можел тоа да го работи. Ми го покажа дискретно со движење на главата, за да не му забележат другите, зошто баш него го избра. Кога му се приближив на работникот по име Борис, на кој ми укажа првиот кој го прашав, а и од него го разбрав името, откако му објаснив, веднаш тргна со мене. По патот до куќата се договоривме за износот на дневницата. Тој веднаш се вклучи во работата и јас бев среќна дека не се излажав.
Навистина чесно си работеше.
Токму на Борис, новиот ангажиран работник, кој брзо се вклопи во групата градежни работници, му ја објаснив целата таа работа и му реков:
- Знаеш мачките како копаат со нокти, е сега ти пробај со било кое средство ископај по еден отвор во сите четири зида, по мерка што ќе ти ја каже мајсторот. Ни помалку ни повеќе.
Гледај зидот да не мрдне. Посебна награда ќе добиеш за тоа.
И навистина. Така ни еден од зидовите не се помести, ниту отпадна делче од нив.
Оплатата за бетонските столбови беше внимателно сместувана во тие отвори. Исто така сместувањето на железните шипки, според пропишаните стандарди за градење, претходно врзувани со обрачи, беа вимателно поставени во таа оплата и веќе мораа да излезат над покривот, како и дел од претходно подготвената закована оплата. Кога беше направена подготовката за првите четири столба, мешавината од бетон и песок, пак со пропишан сооднос, се истураше од покривот во полутечна состојба и се оставаше да стои повеќе денови, да се стврдне. На соседите, очигледно, веќе им беше јасно дека се гради, па престанаа било што да прашаат.
Бидејќи градежниот инженер ангажиран за надзор на работата на работниците беше во работен однос, неговото присуство беше недоволно, јас бев принудена во дел од денот да ја следам работата на мајсторите. И набавувањето на потребните градежни материјали во голем дел остануваше моја обврска.
Фидањето на столбот во делот на куќата кој беше лепенка до големата зграда на истата сопственичка, Милена, знаев дека ќе оди потешко. Тој столб мораше да се изгради однадвор, бидејќи од внатрешната страна Ha 5идот имаше изградено ВЦ, целото од камен, кое беше неопходно да служи и натаму. Кога еден од мајсторите почна да копа за стопата на столбот од задната страна на нашата куќа, во нашиот заден двор, се зададоа со закани кон него сите тројца членови од семејството на соседот.
Тој со тешки маки успеа да го заврши копањето. Потоа со итрина ја спушти однапред искованата оплата директно од покривот, во ископаната дупка за стопата, па на ист начин и арматурата, и на крајот од покривот ја тураше и бетонската смеса.
За бетонскиот столб кој се поставуваше од десната страна на таа просторија, чиј 5ид беше паралелен со зидот на куќата на соседот, одеше полесно, бидејќи се SHALE како и другите останати, CO вкопување во зидот, од внатрешноста на собата.
Набрзо се направија и поврзните греди.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/house-on-the-lake-mac/7 на 29 октомври 2026