Front Matter - Part 03
5ид од куќата, кон задниот двор, имаше еден дел срушен, колку еден метар. На него имаше врата, низ која се излегуваше во задниот двор. Ја отворив со голем напор таа задна врата, бидејќи таму, зад неа, беа натрупани купишта ryope. Видов дека задните дворови на соседот и на нашата куќа, како и дворот на големата двокатна куќа, сопственост на истата сопственичка од која ја купив куќата, не се поделени. Тоа ме изненади и исто така ме загрижи.
Распоредот на куќата внатре беше многу едноставен, но истовремено и многу практичен. Од влезот се минуваше во немал ходник, во кој беа влезните врати за левата и десната соба. Левата соба беше доста поголема и констатирав дека во неа ќе можат да се сместат кујната и бањата. Но, каде биле тие порано?
Не беше можно куќата да немала бања. Многу подоцна, по повеќе години, разбрав дека тие простории, кујната и бањата се наоѓале во доградба, зад куќата во која се влегувало од задната врата. Таа доградба успеал да ja сруши соседот со помош Ha Санитарната инспекција, наводно бидејќи ширела нехигиена.
Дали не згрешив што токму за оваа куќа, во ваква состојба, дадов пари колку за еден добар двособен апартман?! Таа мисла ми прелета само за миг, но во вториот момент, кога погледнав низ прозорецот кон езерото, од кое ме делеа само неколку метра
- знаев дека сум направила многу значаен чекор во животот.
Првата помисла, откако излегов од куќата и ја заклучив влезната врата со катанецот, ми беше дека е добро Митко што не е со мене! Ќе ме фрлеше в езеро или сам ќе се фрлеше! Но, за мене, во мојата визија, тоа беше најубавата куќа, зашто верував дека еден ден тоа ќе стане...
Кога ја преминав улицата и само со десетина чекори дојдов до езерото, ме исполни такво чувство на среќа, како некој да ми го подарил најчудесниот дворец во најчудесното катче на Земјата!
- Дали ja виде новата сосетка, госпоѓата што ја купила куќата, сега кога доаѓаше? Цел ден се мотка наваму-натаму.
Се прави важна како да купила палата. Му се радува na ona ќумезарникон?! Баксуз еден! Сум ја гледала кај со седите на кафе. Баш не ми изгледа за многу учена! И мажот го знам. Таа сигурно ce буфта на ваму-натаму, бара врски за да и дозволат да го поправа куќарено. Ќе добие дозвола кога ќе си го видам тилот.
- Не вели двапати. Ке најде некој, ќе поткупи, ќе сврши работа, - нервозно зборуваше мажот и, - и додека ние да се свестиме, ќе ја оспособат за живеење.
- Ти мислиш така оди таа работа, плукни-залепи. На прво место, дури да го исчистат се то ѓубре однатре, им треба еден месец. Целата електрична инсталација, нели ја искинавме? A вода — од каде? И гаволот да го наместат да копа за да ја најдат цевката за вода, нема да им успее. Да пе зборуваме за канализацијата. Целата е под рушевините на доградбата, во која беа сместени кујната, бањата и клозетот, што ја срушивме, благодарение на пријателот што донесе решение дека е склона на паѓање. Па барем од неа се куртуливме. Да ги видам новиве газди како ќе живеат без сето тоа!
— A мори жено, зарем не знаеш дека ова скопјан чиштава CO сите се поврзани - половина град го купија.
- А ти зарем со малку луге си поврзан, зар на малкумина си им направил услуги: дали имот си им спасил, а на законот си погледал низ прсти, на колкумина што ce тужеле во судот си им шепнал да фрлат некоја поголема пара во џебот на судијата, за да им се реши работата во нивна корист, а за општинарине и да не зборуваме. Еден нема што не се офајдил од тебе, повеќе или по малку. На многумина си им ги наросил очите. И кому требало, и кому не требало. Дури и за портирите и куририте по нешто имало. Не можам да грешам душа, и за нас остануваше, фала му на бога, па инаку како ќе ја направевме куќа ва. Со една плата, и таа не од најголемите, средна.
- Ти како се разборува, како навиена. Фали уште некој да наслушува. Денес не треба многу. Доста е некој да те накодоши. Запри ја малку устата. Треба да размислиме кои луѓе да ги фатиме, да не им даваат дозвола ни ќерамида да чепнат. Половината од ќерамидите ги разместивме, а и со децении стојат таму наредени на покривот, ако не и преку сто години. Тече внатре од сите страни. И од задниот, полусрушениот зид, што падна кога ce туркаше доградбата.
Кога врне, порој тече внатре. Се е скапано. Коњ да врзеш, ќе иркне, а не пак луѓе. Дали знаат и самите што купиле! Фрлиле пари за џабе!
- Оти нема да влезат внатре, нема, туку само ќе не изгњават малку повеќе. Треба да дежураме. Штом се појави мајстор уште во дворот, веднаш пријавување во градежна инспекција.
Тој Миле кусиот за неколку минути ќе достаса на точак. Ќе акаше по селана ако не беше ти. Кога да ме види, ќе се искриви од клањање. Помини-замини, ќе донесе по едно шише домашна ракија. Ти и со секретарон на Општината стоиш многу добро.
Туку дури да дојде до него работата, ќе помине многу време.
Замоли ја архиварката што ги прима барањата за поправки на куќи, ако дојде нешто до неа, да го замота некаде и да те информира дека дошло такво барање.
Сфаќав дека од се беше најважно куќата колку е можно поскоро да се оспособи за живеење. Ако на соседот, во овие неколку години во кои во неа не живеел никој, му била намерата да ја руинира до тој степен за да не може во неа да се живее, ја постигнал целта. Беше очигледно дека многу работи се намерно оштетени. Пред се, поради извадените и растурените ќерамиди, целиот под беше скапан. Врнело повеќе месеци, па и години, дожд, а и снег. Се гледаше дека и дел од зидот кон задниот двор намерно е уриван. Водоводни цевки, како и одводни, не постоеја. Струја немаше.
Испратив писмено барање за поправки на куќата до службата за градежништво при Собранието. Дури ни полупаднатите SUAOBU не смееја да се по прават без нивна согласност. Извадените ќерамиди, иако врне во куќата и скапува и натаму внатре, не смееше да се надоместат, ни да се попреместат. Сите тие нивни забрани се граничеа со апсурд.
Писменото известување во одговор на моето барање не дојде брзо, но сепак дојде. Одговорот од надлежните беше негативен.
Не ми се веруваше колку децидно стоеше напишано дека не се дозволуваат ни најмали поправки.
Не ми преостануваше ништо друго, па отидов на разговор. Ме прими еден млад службеник. Тој, от како трпеливо ме сослуша, најладнокрвно ја повтори реченицата од писмениот одговор, кој најверојатно тој го напишал и ми го испратил.
Се обидов дури со малку повисок тон да разговарам со тој сосем неискусен и по целиот свој изглед неодговорен млад службеник:
- Вие, дали сфаќате дека врне внатре?! Тече од сите страни!
Мачки, кучиња влегуваат! Мора да разберете!
- Но, и вие треба да разберете дека, како што ви напишав, додека не се усвои Урбанистичкиот план, не може ни ќерамида да се премести.
Ладнокрвниот одговор личеше како да е снимен на магнетофонска лента.
— Колку време уште ќе треба да чекаме на неговото усвојување?
Тоа трае со години. Речиси шест години се расправа за него и никако да се донесе. Токму на овој дел од градот, покрај брегот на езерото, - се обидував да делувам на службеникот, но залудно.
И кај многу други службеници се обидував, но ништо. Со месеци само тој единствен одговор.
Видов дека работата со дозволата станува се помалку веројатна, па во договор со двајца мајстори, кога доаѓав во викендите, малку по малку, почнав да поправам некои работи внатре, во куќата зад затворени врати. Со текот на времето стекнав доверба во нив и ги ангажирав да подработуваат и кога не бев тука.
Се разбира дека и натаму главните пречки доаѓаа од првите соседи... Тие беа и натаму непријателски расположени кон нас...
и дел од нивното по широко семејство. Најдолгиот sum од нивната куќа и нашата беа поставени паралелно, на растојание од само десетина сантиметри. Го следеа секој наш чекор. Се обидуваа на сите можни начини да ги спречат мајсторите да работат. Се правеа со надеж дека ќе не принудат да се откажеме од тукушто купената куќа. И што беше уште позачудувачки, веруваа дека ќе успеат во тоа. Затоа моравме да внимаваме тие да не бидат дома кога мајсторите ќе ги вршат поправките.
Но, тоа одеше макотрпно. Мајсторите работеа со сема тивко и одвај забележани, главно во внатрешниот дел од куќата. Од патосите, сите скапани даски беа искорнати, а подот беше послан со нова мушама. Ги попреместивме и старите ќерамиди, пак украдувајќи часови кога немаше никој кај соседите, колку за да не тече вода внатре, во куќата.
Така, наскоро имаше каде да се склони глава.
Кога доаѓав од Скопје, и ќе видев дека соседите не се дома, мајсторите брзо ќе ги повикав. THe на брзина ќе подзидаа, дел по дел, од старите полусрушени зидови. Потоа jac пак заминував во Скопје, а тие продолжуваа сами.
На двапати се случи мајсторите да ми се јават и да ми кажат дека тоа што претходно го подизградиле е срушено од страна на соседот правник и неговата жена.
Кога ќе допатував следниот викенд, ќе повикав полиција.
Полицајци ќе излезеа на лице место. Дури ќе извадеа и тефтер, наводно да запишат нешто во врска со настанатата штета.
Гледаат и размислуваат. Обично ќе дојдеа двајца, од покрупните. Велат:
— Има ли очевидци - нема. E ако нема, како да ги обвиниме соседите!
Но, јас се обидував да објаснам дека очевидци не може да има, бидејќи задните дворови на двете куќи не беа поделени. Токму тој дел на куќата, каде беа намерно срушените зидови од соседите, беше скриен за погледите на минувачите. Не се гледаше ни од едната ни од другата улица, бидејќи се наоѓаше зад големата бела куќа на Милена. Всушност, таму имаше пристап само од заедничкиот заден двор. Јас повеќепати им објаснував на полицајците дека друг човек, за да влезе во задниот двор на нашата куќа, би морал да помине низ нивниот двор, дворот на соседите. Не би можел да влезе од предната страна на нашата куќа, бидејќи таа беше лепенка со големата куќа од Милена. А и зошто би доаѓал човек непознат, кој би бил неговиот интерес да ги руши зидовите на нашата куќа? Со кој мотив би го правел тоа?
Очигледно беше дека соседот ги користеше сите свои врски од работното место, само за да нее оневозможи куќата да ја оспособиме за живеење. На него, на неговите постапки посебно влијаеше неговата сопруга. Таа се однесуваше многу примитивно кон нас, со закани и простачки изрази. Тогаш не знаев ништо за неа. Понекогаш ми се чинеше дека тоа го прави од здодевност, од немање што да работи. По цел ден шеткаше наоколу и само озборуваше. Имаше само еден син, кој студираше во главниот град и додека да се вратеше нејзиниот сопруг од работа, требаше со нешто да се исполни времето.
Но јас не се откажував.
Викнав мајстор електричар, кој живееше во непосредна близина и заедно со свој колега ја поврзаа струјата во целата куќа со нови кабли. Постоеше стар струјомер и куќата доби осветлување, а и неколку штекери за приклучување на електрични апарати, пред се на печката. Со тоа беше на правен крупен напредок.
Во Охрид живееја наши пријатели, прекрасни луѓе, кои не само што се радуваа за секоја нова поправка во куќата, туку и ни помагаа тоа да го оствариме. Еден ден пријатно не изненадија — ни по дарија здрава, иако употребувана, но многу сочувана влезна врата, која веќе не им била потребна. Така и старата влезна врата беше сменета, заедно со "рѓосаниот катанец замина на отпад. Прозорците беа здрави, дури на нив имаше и железни шипки за поголема безбедност.
Пријателите што им ја подарија вратата, Марга и Иван, и двајцата скоро истовремено останаа без работа. Сопругот, солиден правник на одговор но место во огромна разгранета трговска организација, неодамна остана без работа. Преку ноќ, директорот и група негови луѓе прогласија банкротирање и ставање на фирмата под принудна управа, со неброено многу долгови. Имотот се распродаваше по минимални цени. На луѓето, по разни основи, на принуден начин им престануваше работниот однос. Во списокот на тие влезе и Иван, веројатно поради по тенцијална опасност да изнесе во јавноста факти завистинските малверзации и состојби во фирмата, како и за заграбените парични средства од страна на луѓето од раководниот тим, помогнати од функционери во власта.
Скоро истовремено, по два месеца, и неговата сопруга, проектант во Проектанското биро на градот, беше отстранета од работа како технолошки вишок. Со две деца кои се школуваа во повисоките класови на средното училиште. Без никакви резерви парични средства.
Откако се случи тоа, Виолета отиде да ги види пријателите.
Марга ја пречека на влезната врата и Виолета не знаеше зошто ја повика да одат во гаражата. Таа очигледно неодамна беше реновирана. Во неа беа импровизирале продавничка за текстил, со неколку парчиња долна облека, наредени на два рафта и неколку рала чорапи, машки и женски. како и облека за мали деца.
- Мора од нешто да се живее, - процеди низ заби, налутено, со насолзени очи, прегрнувајќи ја Виолета.
Виолета не се осмели било што да каже. Не можеше ништо да се каже, барем успокојувачко, нити нешто што ќе внесе оптимизам.
Потоа се качија во куќата горе на катот каде ги дочека Иван. Марга по обичај и овој пат послужи слатко. Иван побара да се напијат и по една чашка пијалак. Очигледно сакаше малку повеќе да поседат и да поразговараат. Неа секогаш ја сметаше за добар соговорник, а во нивните дискусии внесуваше и по малку хумор, со нота на критика за некои постапки на власта, но не зајадлив.
Сега, по ова што се случи, Виолета не знаеше што да каже за да ја релаксира оваа мачна ситуација. Но уште од првите реченици сфати дека тој веќе нашол начин како да ја објективизира оваа новонастаната нивна состојба.
- Е, моја драга пријателке, со ваква судбина во ова денешно време, не сме ни први ни последни. Ова сега што се случува се подготвуваше подолго време. На ова сценарио работеа луѓе и од внатре и од надвор. Зарем не гледаме дека подолг период намерно се обезвреднуваат големи стопански фирми, огромни трговски организации, фабрики, земјоделски комбинати, од раководните лица во HUB, заедно, во спрега со врвни личности од власта. Нивната цел е, откако ќе ги стават под принудна управа, набрзо потоа да ги присвојат за мали пари, да станат сопственост на тие моќници, оставајќи недобројни работници без работа. На улица.
Иван тогаш стана, влезе во кујната и оттаму донесе исечено сирење, неколку вилушки и чиничиња и го продолжи разговорот, односно се надоврза на претходната мисла.
- Сите тие фабрики, трговски организации, земјоделски комбинати, разни индустриски објекти, со стотици илјади вработени, беа макотрпно создавани по војната, токму од истите тие работници, по цена на огромни напори и самооткажувања, во име на иднината, на идниот подобар живот за сите, и пред се на идните генерации. Токму таа работничка класа остана без работа, без средства за производство, а дел од интелектуалците без институции во кои ќе работат. Буквално на улица. Не малку од нив за да преживеат станаа таксисти, а има и такви што откупија тезги по пазарите, па продаваат овошје, зарзават, или некакви дрангулии. Посебно тие кои не можеа да го продолжат животот со нечесни работи.
Тогаш Марга се обиде да го запре, да не зборува понатаму, како да се плашеше дека премногу се нервира поради ова што го зборува, но тој воопшто не обрна внимание на тоа, продолжи.
- Работничкото самоуправување, средствата за работа на работниците, останаа жални празни пароли.
На работниците им останаа само штрајковите со кои заталкаа по улиците и празните ветувања дека ќе бидат обесштетени, и за нив ќе се отворат нови работни места.
Каде, кога најголемиот дел од индустриските објекти се оштетени и ограбени. Производството на минимум.
Задолжувањето на државата се поголемо.
Осиромашувањето на многу од луѓето до крајни граници.
Од друга страна, во испустените села, од кои беа повлечени луѓето, со непланска политика, за создавање на работничка класа, нема услови, за да можат во нив да се вратат. Сега, по повеќе децении.
Во овој вртлог луѓето се повеќе ќе губат здравје и, дури и живот. Дел од нив се претвораат во маса со која може се да се прави, која за да опстане, за да остане во живот, спремна е на се. Може да се манипулира со неа, и да се користи за остварување на лични цели на властодршците.
Иван дури тогаш како да сфати дека предолго зборувал, а дека тие, двете со Марга само слушале, се извини за тоа и додаде:
- Јас сум се разборувал како на конференција, не требаше да испијам втора чашка ракија. Среќа што нема кој да прислушува, доушници колку сакаш!
Виолета остана уште малку и на заминување им рече дека верува оти тие ќе најдат излез од оваа немила состојба. Тоа навистина и го мислеше.
Работливите и силните луѓе никогаш не се откажуваат, не се предаваат. Тоа мало импровизирано дуќанче, полека-полека, благодарение на неуморните раце на четиричленото семејство, прерасна во голема продавница во центарот на градот, каде можеше да се купат многу делови од гардеробата по најновиот моден тренд, за жени, за мажи, за деца. Се носеше облека од странски земји. Цели колективи, со вработени од сите возрасти, со нетрпение ги чекаа најновите пратки од современата модна конфекција.
Децата им завршија факултети. Си најдоа соодветни работни места. Создадоа свои семејства.
Први кои забележаа дека мажот ми воопшто не дошол откако е купена куќата беа Њубица и Никола. Јас веќе се бев подготвила како ќе го објаснам неговото недоаѓање. Наминав кај нив на кафе, а и однесов тукушто мелено кафе, кое го бев купила од блиското дуќанче.
- Кај mu е другарот? - прв праша Никола. - Од кога не е дојден!
- Нели знаете дека не го бидува за практични работи. Дури не се направи куќата да може да се живее во неа, не му се доаѓа, -им одговорив кога прашаа зошто го нема.
- Зарем малку соби се издаваат во околинава! Ке изнајмевте некоја, - додаде Jbyouna.
— Ho тој мислеше дека брзо ќе оди со поправките на куќата, — реков јас.
— Тука се излажал! Има да се начека, — дофрли Никола.
По тонот со кој ги изрече овие зборови Никола сфатив дека не ми поверуваа. Не поверуваа дека Митко туку-така не доаѓа. Тој знаеше дека Митко е болен за ловење риби и дека не е можно да се откаже од тоа. Освен ако не оди на риболов на друга страна.
Му кажуваше еднаш порано дека, кога не доаѓа на риболов во Охрид, оди на некои реки или на друго езеро... Но токму сега, кога купија куќа, да оди на друго место да фаќа риби, никој не би поверувал!
- Никола, тоа што не доаѓа Митко цело лето, не ти изгледа малку чудно? Тој да може без Охрид, не ми се верува. Тука сигурно има нешто друго.
- Јас ќе речам нешто, иако можеби ќе згрешам... Митко е налутен дека куќата е купена без негова согласност! Мислам дека прво тој не ја бендиса, а и друго - нели беше чудно што пријателкава наша не го ни праша мажот, туку одеднаш сама реши?... Ја купувам куќата - се сеќаваш дека веднаш пресече...
само што разбра дека се продава куќата, не ни ја виде убаво, а веднаш одлучи. Митко, ако се сеќаваш, ја грабна трската и молчешкум замина на брегот на езерото. Ни збор не изусти. Се согласува или се противи - ама и не беше прашан од жена му.
Да не испадне еден ден дека ние сме криви!
- Што ти текна тебе пак сега, Никола? Од каде ние криви?!
Таа праша дали се продава некоја куќа во близина на брегот, ние и кажавме. Тоа беше се од наша страна. Кој можеше да претпостави дека таа веднаш ќе се затрча, а пред се дека има толку пари? Ние знаеме дека тие живееја скромен живот, со службенички плати, како нас. А дека до толку не го ферма Митко, за да може сама да одлучи, куќа да купи без договор со него, ни на крај памет не би ми паднало!
— Толку многу запна да ја купи токму таа куќа, што ете, и по три години чекање, пак успеа!
Митко и таа за овие изминати години верувам дека имале можност да разговараат и да се договорат заеднички - дали ќе ја купуваат куќата или не. Единствено ако секој останал на своето, а таа сепак решила да ја купи куќата без негова согласност! Само кога ќе дојде и Митко во Охрид, ќе разбереме како стојат работите. Еднаш си мислев да му се јавам по телефон и да му кажам дека без него не ни оди ни риболовов, ама си реков, подобро да не чепкам кај што не ми е работа и се откажав.
- Да ти кажам право, и добро си направил што си се откажал!
Hemoj уште повеќе тебе да mu се налути. Тие толку години ce во брак, ќе си најдат решение!
Препреките за вселување во куќата не беа малку. Во неа само до пред неколку години, скоро триесетина години, живеело шесточлено семејство. Родители со четири деца. Секако дека тие имале и бања и други помошни простории. Каде исчезнала водоводната инсталација од куќата, кој ја уништил, кој Ја прекинал, како и одводната, канализационата? Ни најблиските соседи староседелци не ни помагаа, не ни кажуваа како да се поврземе со градскиот водовод. Јас бев убедена дека знаат каде биле инсталациите и кој ги поништил. Секако дека ние бевме нови луѓе за нив, и не би сакале поради нас да ризикуваат да си ги расипат одно сите со старите соседи, колку и да гледаа дека не се во право со целото нивно однесување. Сигурно дека само за неколку години, тричетири, от како во куќата не живеел никој, таа сама од себе не можела толку да пропадне... Јасно беше дека без овие две работи, без водата и одводот, нема живот.
Тоа лето не дојде ни Милена од Белград. Пред да замине, таа ми даде клучеви од нејзината голема куќа. За големата двокатна куќа се грижеше и на таму Никола, а повремено, кога бев во Охрид, и јас.
Ни до ден денес не знам зошто, и Никола, откако ја купивме куќата, избегнуваше за било што да ни помогне. И тој не ни кажа каде се приклучоците за вода и одвод. Можеби се плашеше од соседот... правникот. Да не се замери. Толку години беа први соседи.
Поднесов барање и до водоводното претпријатие во врска со приклучување на куќата на водоводната мрежа. Не ми одговорија. Истото се случи и со барањето до претпријатието Комуналец. Најверојатно зад нивното молчење стоеше пак тој — соседот...
Имаше и една друга работа. Кај некои од луѓето од Охрид постоеше отпор кон секого што не е од градот. Некоја несфатлива завист, ако што било оствари во него. Посебно ако стане сопственик на куќа, уште повеќе ако е таа покрај езерото! А беше се создал и некаков нелогичен отпор кон луѓето од главниот град на државата, иако токму луѓето од Скопје беа најбројните туристи во Охрид. Граѓаните од другите поранешни републики на Југославија нај многу одеа на Јадранско Море. Странските туристи од подалечните земји беа малубројни. Кога ќе дојдеа, се задржуваа кратко, на поминување, на одење или враќање кон плажите во Грција. Од друга страна, Охрид како туристичка дестинација, со сите негови убавини и услови за летување, уште не беше доволно познат, а голем број од луѓето кои издаваа станови за престој на туристи многу малку инвестираа да ги направат поприфатливи за престој.
После мене, купувањето на куќата најмногу го израдува сопругот на мојата сестра. Се разбира, и сестра ми. Зетот беше роден во овие краишта и животен идеал му беше да има куќа во Охрид. Затоа беше пресреќен што, ете, макар некој од семејството, од најблиските, ќе го оствари тоа. Не можеше да сфати како мојот сопруг така да реагира, да се лути, што неговата жена, односно тие заедно купиле куќа во овој чудесен град... и на ова не повторливо место. Да и се лути?! Повеќепати отиде кај него да разговараат за таа работа, но тој не прифаќаше да зборува за тоа.
Зетот, бидејќи и самиот живееше во куќа во Скопје и беше направил доградба на куќата, имаше доста искуство со градежните работи. Тој најмногу се ангажираше да им помага на мајсторите. Гледаше колку е можно побрзо куќата да се оспособи за живеење. Имаше посебна дарба за сите можни технички работи, иако беше лекар.
Еден ден, мачејќи се како да го реши прашањето за приклучување на водата, во просторијата што ja совидавме за купатило, здогледа мал отвор BO прилепениот соседен 5Ид од големата куќа на Милена. Успеа да внесе во тој отвор водоводна цевка, која можеше да ја приклучи на водоводната цевка во големата куќа. Беше неверојатно, дека никој од соседите не сакаше да каже каде може да се исклучи водата од градскиот водовод, на кое место, на кој уличен главен вентил, што беше неопходно за да се приклучи нашата водоводна цевка.
Дури и службените лица од Водоводот не убедуваа дека наводно требало целиот регион од плоштадот се до нас да остане без вода, зашто местото на главниот вентил на тој реон за ис клучување и при клучување било дури на плоштадот.
Всушност, тој голем вентил, како што разбравме многу по доцна, се наоѓал во нашата непосредна близина и намерно бил сосем маскиран, припокриен, CO штички, да не се гледа, за да се спречи нашето приклучување. Но, зет ми тоа го реши со приклучување на цевката пред водомерот на големата куќа, а водата што ја трошевме се мереше со контролен водомер.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/house-on-the-lake-mac/3 на 29 октомври 2026