СЕ ПОСТАВУВААТ ПРАШАЊАТА - Part 01
СЕ ПОСТАВУВААТ ПРАШАЊАТА:
1. Против кого се формирани овие македонски организации и нивните фронтови?
2. Кои беа отспротива на фронтовите?
3. Која им беше целта на борбата?
Дали сето тоа беше по директиви на Цветко Узуновски - Абас, односно: Тито и Колишевски?
Значи, како што видовме предходно, какви се конфликти доживеавме, такви ТЕГОБИ НА КОЛЕКТИВНА ВИНА а сега со оформувањето на НОФ и сите други организации, ни сугерираа наводно на нас Македонците, само така ние одреден “Патот на Слободата.” агитирајќи туѓи цели со пропаганди на гол патриотизам.
Истражувањето и анализата покажува: од таквата наша поданичка не контролираност - Ние Македонците под Грција им станавме предмет за одмаздување во нивните идеолошки ставови на КПГ и КПЈ, но и државната политика на Грција и Југославија.
Таквиот развој на настаните почна уште во далечната 1944 -1945 година една мала група интелектуална елита кои покасно ја сочинуваа организацијата НОФ, неместо добро да ги планира нашите животи, тие дозволија да бидат изманипулирани од КПЈ/КПМ Југославија и нашата судбина им ја препушти на Грците и како резултат доживеавме геноцид и забрана да се вратиме на вековните огништа, а збир на сето тоа не доведе до крајно чувствителната состојба дури до криза на Македонскиот идентитет.
Дури влеговме во аферата на разнебитувањето на македонштината,правејќи многу отстапки и болни компромиси.
Се се правеше на штета и понижување на македонскиот народ.
Македонската приказна од април 1945 - до октомври 1946 како и зошто беше оставена во сенка.
Македонските организации НОФ и АФЖ како најголеми гласници во почетокот на 1945 година ги имаа опфатено комплетно, скоро сите Македонци, а грчката власт преземаше незапамтени терористички акции; убиства и прогонства над обичните селани кои имаа национално македонско чувство.
Посебно селаните кои масовно беа организирани од овие активисти на НОФ и АФЖ, сите беа луѓе без професија, но стапувајќи во овие организации политиката им стана професија и повекето станаа “Ловци (Рибари) на човечки души” и сите тие идеолошки активисти го натераа македонскиот народ да гледа во празно, но не само во војната, туку и по војната кога илјадници Македонците беа заборавени и оставени по светот да талкаат, а земјата на нашите предци ја оутуѓивме и остана пуста. Големите староседелски духови кои беа длабоко врзани за земјата ( јазик, народ - нација, црква, што во името на народот се исполнуваше смислата и индувидуалната егзистениција и значењето на колективното содружништво како македонски народ под окупација на Грција, но никогаш не беше приватено наложувањето на Грчката држава дека во неа Македонците станале Елини), сега беа потиснати од “револуционерните” поданички сили на НОФ и АФЖ кои немаа никакви сознања за ставот на големите сили донесен на ЈАЛТА??
Дали ние Македонците токму во овој период на време под раководство на КПЈ/КПМ, не свесно им го предизвикавме државничкото право на грчката влада (према меѓународното право да не гони) да ги преземе сите ужасни акции против нас, и да завршат со геноцидни зафати?
Што значи Македонците кои членуваа во НОФ и АФЖ во 1945
- 1946 година, под команда на КПЈ/КПМ беа натерани со своите акции, сосема полека да ја отворат вратата на прогонот и геноцидните акции, за да излезат за секогаш од своите домови и потем жртвувајќи се во редовите на ДАГ, сосем обезличени со растурени семејства, да се прогонат и да се најдат пред затворена вратата (како луѓе: по род не Грци), за да не се вратат никогаш во своите прадедови огништа.
Значи, сега, по толку години, официјално од овој историопис имаме официјални јасни факти, кои даваат одговор; дека македонскиот народ во Егејска Македонија го организира (не се исклучувам и јас Павле Раковски) и го натера да ги “фати планите” КПЈ/КПМ, но немаме одговор: која им беше целта на КПЈ/КПМ на чело со Тито (види: кој бил ТИТО (Vo Centrar so Vasko Eftov, NEDELA (09.10.2016) vo 18:50h Kanal 5)) и македонското тогашно раководство, што ги натераа Македонците од Егејска Македонија да го земат оружјето и да ги фатат планите уште пред официјално да почне Граѓанскат војна во Грција?
Но, треба одма да се каже дека со оформување на македонските организации НОФ и АФЖ од КПЈ/КПМ во Скопје, ние Македонците од Егејска Македонија добивме два лути противници: КПГ и новата грчката влада кои непоколебливо го бранеа суверенитетот на Грција.
До сега во македонската историја на место историска анализа – вербализам ЗНАЧИ ЛАЖНА БИЛА НАДЕЖТА од КПЈ/КПМ.
Тито, Колишевски и Цветко Узуновски – Абас.
Каква политичка и национална изопаченост од главните раководители на КПМ: Да се прикриваат злосторствата направени над своите многубројни соборци (од Ченто до Влахов - види: докуметарецот од 25- 29. 07. 2011г.) , кои беа анатемисани како автономисти и сепаратисти, а беа вистински борци за решавање на македонското прашање, но сега да им се пропагира на Македонците од егејскиот дел на Македонија:
“Борете се за Обеинета Македонија” “Македонскиот народ и македонското движење се под раководството на КПЈ.
Македонскиот народ од Егеј ќе го најде своето целосно воспоставување само во рамките на Федеративна Југославија, а тоа на Егејска Македонија да се приклучи кон Југославија.” Нели е тоа грев, да го туркаш сопствениот македонски народ во војна, во која Македонците под Грција доживееа геноцид и за навек го изгубија родното огниште. Да, тоа е грев со историски дименизии на КПЈ (Тито) и на КПМ (Колишевски и Узуновски)
е за формирањето на НОФ, АФЖ, НОМС и форсирањето на масовност на македонското население, а тоа доведе до разнебитување на македонското семејство, посебно со ангажирањето на Македонка во АФЖ и одземање на децата настана најстрашното за традиционалното македонско семејство во тој дел на Македонија. (Тоа се покажа дека било стратегија на планираниот ЗАГОВОР за големите преселби).
Таква беше тајната смисла на дејствијата на НОФ и АФЖ, кои и тие со својот народ свето веруваа во својата исконска вера за обединување на Македонскиот народ (уверени дека сега се под раководство на КПЈ, односно под раководството на на Народна Република Македонија).
Има нешто нелогично во обидите Тито и Колишевски, одново да му се наметннат на Македонците под Грција како водачи (НОФ и АФЖ), токму оние луѓе кои беа во голем конфликт со Грците (ЕЛАС и КПГ), по пребегнувањето на егејската бригада во Југославија и инсталирана во титовата армија.
Од таквиот чин, селаните од Егејска Македонија, беа во крајност збунети, не само на почетокот, туку и низ целиот тек на Граѓанската војна, бидејќи организациите НОФ и АФЖ за Грците овие организации не биле автоктони. Но, од агитациите на овие организации, Комунизмот им беше всадуван (и наметнат) на македонскиот селанец, како “идеал и вечна перспектива”, ама по 1948 година ги збунува непринципиелноста на КПЈ/КПМ, токму тогаш кога беснееше Граѓанската војна.
Од исходот на настаните очeкувањата се покажаа залудни и кобни. Но, се поставува едно сериозно прашање:
- Зошто Македониците (во Грчката држава) со векови го прифаќавме саможртвувањето наместо самооткажувањето сд себе си, како цена на удобниот живот и иднина што можеа да ги имат?
Одговорот бил: “Ние сме Македонци и ништо повеќе! Си имаме свој јазик, обичаи, култура и историја”.
Стратезите тоа добро го знаеа, но исто им беше познато дека досега грчката власт спрема Македонците преземала најсурови мерки за нивната денационализација и асимилација, за искоренување на нивниот национален идентитет.
Ете, зошто бил примамлив говорот на Цветко Узунов, но исто така ни дава повод да анализираме дали постои заговор? Од кого и каква му беше целта?
Поимот конспирација против народот постоеше во сите комунистички народи, а нее за чудо дека и кај нас да постоел.
Организациите НОФ и АФЖ во почеток сето тоа го планираа тајно и буквално од Македонците бараа да се вклучат масовно (мажи, жени и младина), значи, тотална мобилизација - да се дише заедно, да се дејствува или размислува по наредбите од идеолошките активисти. Да се планира заедно во тајност, посебно во смисла на нелегален или чин со умисла.
За грчките власти (и западните сили), таквата организирана мрежа од НОФ и АФЖ им годеше и на сите проектанти на Граѓанска војна и тие сите тајни за подбуцнување на војна ги подготвуваа скоро повеќе од една година (23 април 1945 година кога почна да дејствуваат организациите НОФ и АФЖ, се до -31 март 1946 година кога и официјално почна Граѓанската војна.
Со почнувањето на војната на НОФ и АФЖ, улогата им беше сменета, но сега од КПГ на чело со Захаријадис, а не од КПЈ на чело со Тито.
Шеесет и нешто годони идеолшка неправда и прикривање на кобната туѓа концепција. Значи, сега можеме да потврдиме дека ова беше појдовната база (за тајната стратегија) за масовното политичко организирање на Македонците од Ег. Македонија и се знае од кого беше иницирано т.е од КПЈ/ КПМ, односно од Југославија со согласност од Тито.
Значи, формирањето на НОФ и другите македонските организации на 23 април 1945 година, имаа задача да го организираат македонскиот народ во борба за обединување на Егејска Македонија со Вардарска Македонија, односно со Југославија.
Логично за секој Македонец, се отварат многу прашања за кои досега во историјата, ниту се отворени, ниту е даден било каков одговор во македонската национална историја и во “историјата за егејците” што ја пишувал историчарот Кирјазовски: Ја пишувале тие што дезертирале од редовите на ДАГ (интересно е што само тие имале право да пишуваат).
1. Дали раководството на македонскиот ЦК на КПМ беше убедено дека со НОФ и АФЖ (со таквата кобна концепција) ќе можеше да се обедини Егејска Македонија, токму по Втората светска војна? Или тотално слепо постапуваше по наредбите на Тито? !
2. Дали избраните (кооптираните) членови на НОФ и АФЖ биле вистински лидери на Македонците од Ег. Македонија или биле само марионетки во рацете на таинствените луѓе со голема моќ под лична команда на Тито?
3. Значеше ли тоа, со ЗАВЕДУВАЊЕТО НА МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА (наивното верување на невидена демагогија) -ново пресуредување на македонскиот простор и Македонците под Грција?!
4. Зошто, на овоа прашање македонската национална историја се уште нема дадено одговор, туку дозволуваше (дозволува) да се прикриват можните теории на заговор кои наидуваа на плодна почва во Ег. Македонија и да не се обелоденува еден таков тежок поданички национален престап спрема сопствениот народ кој доживеа геноцид! ?
Да ги проследиме сите надворешни и внатреши воено -политичкте и државнички пречки за неможната реализацијата на ова кобна концепција - не македонска (за опстојување на родното огниште), туку потик за отварање конфлик меѓу Грците и Македонците, кој не водеше до самоистребување од прадедовите огништа.
Токму, по оваа книга на историчарот Кирјазовски се отварат многу прашања. Но, сепак разврската за историјата на македонскиот народ под Грција, ќе биде долг и мачен процес.
Секој барем малку писмен историографски аналитичар веќе ја насетува вистината дека за нас Мекдонците Граѓанската војна не беше револуција и продолжување на ИЛИНДЕН, не беше македонска револуција, затоа што ние Македонците не раководевме со двата основни столба (Политичкиот и Воениот Столб) на таа војна:
Значи, така говорат фактите, а НОФитите и АФЖитите (како партиски поданички војници на КПЈ/КПМ) на македонскиот народ му пропагираа дека ние Македонците во Граѓанската војна преставуваме ВОЕНО - ПОЛИТИЧКИ ФАКТОР!?
Многу е нечесно и злонамерно да не се прави сосема јасна разлика меѓу она што се случуваше во развојните фази на НОФ и АФЖ: раководени од КПЈ на Југославија и КПГ на Грција.
Фактите, говорат, дека по масовните насилно мобилизации во Ег. Македонија во единиците на ДАГ беа регрутирани повеќе од 16 - 20 илјади Македонци и тие преставуваа повеќе од 60% од вкупната бројка на активните борци во Демократска Армија.
(ДАГ) Но треба да се знае дека повеќе од 12 - 14 илјади служеа надвор од етничкиот дел на Македонија, т,е низ цела Грција и тие немаа никаков допир со организациите НОФ и АФЖ. Сите тие борци, немаа никакви можности: ниту да зборуваат на македонски, ниту да запеат, ниту да се организираат во некакви македонски асоцијации, но најважно дури им ги сменија и македонските имиња и презимиња, бидејки таму Грците не знаеле дека во Грција имало посебен македонски народ со свој идентитет и јазик.
Ете како, кај Македонците идентитетот се губеше и исчезнуваше. Терајќи го народ да верува во идеолошото поданство и жртвувајќи го македонскиот патриотизам во корист на интернационализам. Ние Македонците насилно замижувавме и тоа го доживеавме како типичен македонски национален синдром.
Тогаш, како да се објаснат таинствените патишта на црната политика, на злото, за масовното турнување на Македонците во тој пекол, посебно на македонската жена, во Граѓанската војна, која на Македонците му донесе искоренување?
Дури НОФ И АФЖ, се до денденс намат евиденција кои беа сите борци со име и презиме.
Но, секој паталец се прашува: зашто овој автор (како и другите досега), не кажа дали таа војна за нас Македонците беше револуција или измама? За какво македонско прашање се зборува по Втората светска војна? Чии беа тие високи политики што ги спроведуваа НОФ и АФЖ? Македонски...!? Или на тугинците им ги реализиравме своите строги определби (со Букорешкиот договор 1913) спрема македонското прашање и Македонците, за ново планирано прессуредување до фаза на геноцид.
Ете тие се и основни причини што ме определија кон иследување на настаните со добри намери за сестрана оцена.
Токму за овие и многу други прашања (кои се со умисла засенчени од повеќе автори кои беа од истиот ранг во Граѓанската војна и од официјалната македонска истрориографија), е една и останува како основа од најделикатните работи да се објасни ФЕНОМЕНОТ НА НАШАТА ПОДАНИЧКА СВЕСТ.
Во моето истражувание сакам да ги отворам сите прашања кои досега немаа никаква надеж да добијат одговор. Поаѓаки од тоа ако знаеме зошто сме претрпеле пораз, тој може да стане многу значаен, ако од него ја извлечеме корисната лекција.
ВО ОВА ВОЕНО ИСТОРИСКА-ПОЛИТИЧКА СТУДИЈА, ЗА ПОГУБНИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ОД ФЕНОМЕНОТ НА ПОДАНИЧКАТА СВЕСТ.
Никого не бранам, оти не сум ни адвокат и суд. Јас не критикувам, туку го поставувам вистинскиот проблем, а работите сакам да ги преставам реално. Моето долгогодишно истражување за КОРЕНИТЕ НА ЗЛОТО, односно, сакам да се реставрира развојот на националната историја - посебно за Македонците под Грција. Кој ги намами Македонците под Грција во идеолошкито ГУБИЛИШТЕ?! Во кое се исчезнува, се губи глас, човекување - право и надеж за повторно враќање.
ЛИДЕРИ СО ПОЛИТИЧКА СТРАТЕГИЈА КОЈА НЕ ГЛЕДА ПОДАЛЕКУ ОД ЗАДУТРЕ, Македонскиот народ го изведоа на слепиот пат и самите тие заталкани во бурјаните на примитивноста со идеолошка заслепеност, а македонските села и народот беа ставени под “бодликава жица”. Македонците во таа масовна психологија беа натерани во режим чие мото беше:
“Во егејска Македонија (во македонските села) во кои владееа НОФитите и АФЖитите не смеело да се има Македонци кои се против нив, тие би биле нечесни Патриоти. Во таквата супер идеолошка позиција, јавниот простор ја губеше својата цел.
Последиците беа катастрофални за опстанокот на Македонскиот народ. Македонското семејство беше разбиено:
мажите членуваа во НОФ, жените во АФЖ и младинците во НОМС. Со тоа семејството беше лишено и од патријахалност и од матријахалност. Беа максимално ангажирани во агитационите пунктови за иднината што ја креираа НОФ и АФЖ преку директивите; еднаш од КПЈ и потоа од КПГ.
Низ анализата ќе проследиме еклактантни докази за отсуството на македонската свест за нашето коленичење. По директивите на Тито, Темпо и Колишевски се поведувавме како полтрони, пред Захаријадис и Маркос изигрувавме сервилни итромани, дури сами сме се заборавиле. Намамени, заитавме кон ветената “иднина”, сме си ја заборавиле сегашноста. Едно е сигурно точно: сме оставиле обемно досје на “Здодевна историја”.
Ете така со години и децении, и во емиграцијата, но и во сегашноста живееме со страв да не ги навредиме тие што ни го нанесоа злото. А ние Македонците, великодушно и искрено ја прифативме нивната парола и со години крваревме. Таа парола во Граѓанската војна, ни имаше станато “рак рана” викајќи, ќе се бориме до смрт: “Да го победиме Англоамериканскиот фашизам”.
И кој знае уште колку години, ќе се расфрламе со недоквакани ветувања колку што сакаме но, ние Македонците еднаш за секогаш треба да сфатиме: дека имавме (и останува во нас да го имаме) невидливиот водач кој ни го покажува патот кон човековата несреќа. А ние уште и ден-денес живееме со паролата:
“НАПРЕД ВО БЛИСКОТО МИНАТОТО! ЗА ‘ГОЛЕМИТЕ ВАЗАЛСКИ ПОЛИТИКИ’ И ‘УСПЕСИ’ ВО ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА!!?” Таква беше психологијата на секојдневниот живот. Живеевме во еден хаос на поединечна и на колективна параноја. Нашето трагично разидување не имаше доведено до многу далеку од реалноста. Таквата прегратка, со авторитетот, беше прегратка на самоуништување. Таквата послушност беше акција со крајна политичка цел и тоа со нас Македонците се случи.
Останува горливиот факт: дали ова сурова Титова добрина, стана причина за една македонска трагедија?
Таквата мамка Македонците ја доживеаја како најзастрашувачка и како таква ја паметат. Но и сега, по оваа реалност што се обелоденува по 70 години е шок за здравоумниот човек. Читателот е принуден по неколку пати да го прочита и да се запрашува: Зошто тоа ни го направија Тито (КПЈ) и Колишевски (КПМ)? Зошто!? Секој прогонет надвор од татковото огниште се опитва и бара одговор... Но, да ги проследиме настаните, трагајќи по вистината...
“Кога вистината ќе почне да се движи, ништо не може да ја запре.” Емил Зола (1840 - 1902)
Како можеле КПМ и членовите ЦК на Македонија да дозволат и да го намамат македонскиот народ од Егејска Македонија кога се знаеле следните ставови на Тито по прашањето за Обединувањето Македонија и по македонското прашање биле спротивни:
- Јосип Броз - Тито во текот на втората светска војна упорно се залагаше за задржување на предвоените граници со цел да се сочува Версајска Југослвија.
Акцијата на една поголема група Македонци борци и активисти од Костурско и Леринско во мај 1944 година намамени да се отцепат од ЕЛАС и да се вклучат во Титовата армија ја оквалификува како екстремна и штетна и отцепените им ги врати на Еласитите во Грција. Но, Тито, добро знаел дека овие луѓе го отворија конфликтот и пребегаа во Југославија, а конфликтот остана не решен.
Не сомнено е дека кај овие Македонци патриотизмот и националната определба им беше изразена на највисок степен, но во политиката нормално, се прават грешки. Но, кога суксесивно се повторуваат истите грешки, тогаш станува збор за елементарно незнаење, политичко слизнување и глупост.
Сите конфронтации, расправи, земања - давања, инаетење на релација Македонци - Грци завршуваше секогаш во полза на Грција. Зошто? Затоа што тоа го бараа западните сили на чело со Тито.
Каква била дипломатската игра на Тито (КПЈ/КПМ) за иднината на Македонците под Грција, токму по завршувањето на Втората светска војна на почетокот на 1945 година?
Никакваа! Македонците под Грција станаа и едни од најголемите жртви (20.000) на комунизмот и митот на југословенството. Токму Македонците (викани Егејци), на КПЈ/КПМ - Тито му послужија како монета за поткусурување на Титовите амбиции за владење со балканот?!
Додека во текот на војната Ј. Броз - Тито го застапуваше ставот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија ќе ги остварат своите аспирации во рамките на грчката држава, по договорот во Варкиза од 12 февруари 1945 година забележуваме радикална промена на ставот.
Положбата во Н. Р. Македонија и Ставот на КП на Југославија.
Паролата и националниот став.
- Зошто на Срем, а не на Солун? (на кратко: поопширон следи).
Ете, како се случи: бунтот на скопското кале и штип: Недела претпладне, 7 јануари 1945 година - Божик. Во офицерскиот дом на плоштадот во Скопје се одржува Вториот Конгрес на Народната младина на Македонија. Стотици војници, вооружени, се симнуваат од калето и преку Камениот мост доагаат пред Офицерскиот дом. Со транспаренти, извикувања, мешаница, пароли “Не сакаме на Срем, сакаме на Солун” и “Не на Берлин, туку на Солун”. ОЗНА почнува да ги апси. (Види:
Фокус, стр, 24, Мај 2009 година).
Анализирајќи го овој проблем и познавајќи ја ситуацијата во Грција, мојот став е: Паролата : “Не на Берлин - туку на Солун” значеше акција против конечната пресметка со фашизмот и окупацијата. И нешто пострашно бидејќи поголеми воени силни на Велика Британија беа стационирани во Солун и за Македонија значеше катастрофа. Значи требаше да почне војна против англиските трупи кои веќе беа стационирани во Солун, а силите на ЕЛАС влегоа многу покасно и најверојатно Черчил тоа го направи со умисла за голема и сигурна безбедност за Грција, да биде токму така. (Следи по поопширно во следните поглавија).
Така, тоа не беше само манипулација со светите чувства на Македонците за обединета Македонија, ами растурање на тукушто создадената и единствената македонска држава. Но, сега проблемот е: Зошто Тито (КПЈ/КПМ) ги создават македонските организации по непол два месеца со цел да ја присоедината Ег. Македонија кон Југославија?
Сега ги има доволно фактите кои ни овозможуваат да го обелоденине нашето минато. Ако фактите се света работа, уште на почетокот треба да се каже дека низ петогодишниот период на Граѓанската војна немавме национални нишани со кои можеме да ја наречеме МАКЕДОНСКА РЕВОЛУЦИЈА (Со ниеден национален симбол знамето кое за војникот претставува амајлија и други битни национални елементи), како што тоа го правеше историчарот Кирјазовски во досегашните негови книги со искривените факти. Но тој, и сега во својот епилог на оваа книга, внесува стари и неодржливи заклучоци и пишува:
“...направен е обид да се даде почит на величествената борба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, која имаше длабок национален и прогресивен карактер...?” И понатака пишува: “Оружената борба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во периодот 1945 - 1949 година преставува продолжение, односно континуитет на поранешните борби за опстанок, и за политичка и национална рамноправност и слободи.” (215, 216)
Дали Граѓанската војна имаше елементи да се нарекува “Македонска револуција?” или 60 години, само ги залажуваме генарациите? Колку што јас знам (како учесник во таа војна)
низ сите тие сурови борби, не видов македонски белег (отсем “одговорни за Македонците” поставени од КПГ и ги користеше за свои цели), а на боиштата дадени се повеќе од 20. 000 жртви.
Но, јас сакам да прокоментирам за само еден национален значај што важи кај сите народи - знамето.
Ние Македонците, го немавме нашето знаме, а во светот е познато: Занмето на државата што го олицетворува духот на општеството. Под него се тргнува во напад, бидејќи се смета режиси за олицетворение на татковината: војниците му се колнат на верност, а неговата загуба е срам за секоја војска. Но, освен тоа, знамето ја остварува врската меѓу народот, земјата и управувачите. На борбеното поле, во старите времиња, под него стои кнезот - војводата, токму по него се ориентираат воините за време на битките. А во мирно време стои до тронот, грижливо чувано до новите борби.
Ме потсеќаат кадрите од “Парадата на победата” во 1945 година: Во Москва по црвениот плоштад Германците носат наведнати германски знамиња и со биење на барабаните ги фрлаат под ѕидиштата на Кремељ.
Тоа беше некаде во 1950 година, кога по ликвидацијата на ДАГ (за грчката држава бевме нарекувани бандити и долго време не ја признаваше како Граѓанска војна) и бевме емигрирани во СССР и од тогаш се уверив дека со нас Македонците нешто недостојно се случува и несме никакви македонски револуционери, туку нечии обични жртви. Тоа ми се потврди и најтешко ми стана кога со голема радост се вратив во Н. Р.
Македонија, и сите ние борци во редовите на ДАГ поминавме низ Удбашките испитувања во КПД “Идризово” и потоа сместени по прифатилишта, а сите функционери на НОФ и АФЖ беа пречекани со државни почести и сместени во удобни станови и на државни функции.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/wanderers-talkachi-e-book-macedonian/24 le 29 octobre 2026