ГЛАВА ДЕСЕТТА На сон сум го читал статусот на партијата Нам ни дадоа ручек - м - Part 05
Гледаше во снежниот прозорец, како на филмско платно, воздух, оган, вода, војници и игра на судбината.
Човек би можел да се плаши од она што го дознал со текот на годините. Од каде му е на човека таа моќ да минува низ животот со гордост, со толкава храброст?
Се присети на Сократ кој рекол пред своите ученици - “Глупав е стравот од смртта. Додека ме има мене, ја нема неа, кога смртта ќе дојде, тогаш ме нема мене. Значи, смртта и јас никогаш не се среќаваме.” Во мислите му се јавија разни размислувања и се обидуваше да си даде одговор, дека секое суштество се обидува да и се спротивстави на смртта. Погледот на Добрина молеше, проколнуваше, бараше уште еден час, уште неколку минути, тој имаше уште нешто да каже, дека и тој и се посветил на татковината, некогаш и го давал својот млад живот. Можеби тогаш оваа таткова земја ќе го примеше поинаку, не наклеветен, не омразен, во свој сопствен гроб.
Ги затвори очите и повеќе не гледаше во прозорецот.
Утринската светлина го облеа прозорецот и сончевите зраци ги осветлија ѕидовите на собата. Сувогорски лежеше мртов покриен со бел чаршав.
На гробиштата беше многу студено, стушено и сиво.
Ожалостени беа многу. Во дворот на капелата се појави Строгов, но така дискретно што никој не го забележа. Можеби ги внесуваше последните белешки во досието на Добрин Сувогорски.
Поворката тргна по угорнината. Ја мина парцелата на заслужените и првоборците, па на борците и стигна до општонародните. Одеше немо, се до ископаниот стар гроб.
Покрај пресната земја стоеше стар крст и врзоп од стари коски.
Се одржаа говорите и еден од нив рече: - Добрин Сувогорски не умре сега, туку пред триесет години.
Можеби човекот сакаше уште нешто да каже, но силниот ветар му го однесе ливчето од затреперените раце и човекот занеме, гледајќи во мртовецот.
Потоа заедно со другите и тој фрли грст земја над спуштениот ковчег.
ГЛАВА ПЕТНАЕСЕТТА Алма -Ата, град во Казахстан каде што привремено беа донесени сите осудени членови на НОФ по издржување, односно анулирањето на казната од сибирските логори.
Сувогорски , кога се врати во Југославија, беше прогласен за “руски шпион”.
Не знам. Не разбирам ништо од таа наша несреќа. Велат да бидеш распнат на крст или жив закопан, не е толку страшна смрт, како што ја величат. А, можеш ли да си замислиш како можело да биде осудено на смрт цело едно семејство од своите истомисленици комунисти и соборци?
Обично се погубуваат оние што паднале во тие нивни “гревови”, бидејќи малкумина биле оние што со голема тешкотија станувале лојални Југословени. Тие знаеа дека казнетите ќе бараат одмазда - комунистичка правда и сето тоа во “името на народот”.
Тоа се случило уште во Алма-Ата.
Алма -Ата, град во Казахстан каде што привремено беа донесени сите осудени членови на НОФ по издржување, односно анулирањето на казната од сибирските логори. Таму настана несогласувањето бидејќи имаше предлог да побараат да ги вратат во Ташкент; во средината каде што живееја многу Македонци - борци на ДАГ, за да им докажат на грчките комунисти дека тие не се виновни за неуспехот на Граѓанската војна. Но, во тоа време помеѓу СССР и Југославија односите беа “топло-ладно” и речиси сите посакаа да се вратат во Југославија и остана само еден од нив кој подоцна, кога се врати во Југославија, беше прогласен за “руски шпион”.
Што се случило со нас?!
Откако дојде погубниот крај, на татко ми и мајка ми, јас за нив не знам ништо, и никој не дозна што се случи, освен за татко ми дека е закопан во туѓ гроб и ако некој побара да ја опишам вистината за нив, не ќе можам. Слабо и површно си спомнувам на нив, но сетики се сеќавам на она: “Ти Делјане, молчи! Оти ништо не знаеш и не треба да знаеш за овие партиски работи...” и се така бев укоруван по прифатилиштата.
Јас сега тоа го сфатив, што тие не го сфаќаа.
Мајка ми имаше писклив глас, особено кога викаше по нас со татко ми, но сите понекогаш тагувавме-тагата, како и незадоволството, беше вообичаен наш придружник во животот.
Дури и времето ни пречеше, кога секој не одминуваше и се криеше од нас...
Мајка ми велеше: “Егејците наши (поранешни комунисти на КПГ) сега југословенски комунисти, казнувале немилосрдно, полошо и од Светиот Дух...” Ударот на судбината и мајка ми ја пречека зад аголот, во вид на страшната Алцхајмерова болест од која умре. Поради болеста таа не можеше да оди, забораваше се и сешто, малку по малку болеста и ги уништуваше мозочните клетки.
Никогаш не сум се занимавал со историја и не сум упатен во конкретното прашање, зашто така се случило со моите родители, со Добрина и Румена.
Добрин се до смртта велеше: “Јас сум македонски комунист и го исполнувам својот долг...” а, Румена, секогаш со својата иронична насмевка го кажуваше достоинството поинаку и велеше “Храброста е способност на душата со која непоколебливо ги исполнува должнстите и решително се бори со тешкотиите и премрежијата на животот против дрските лажговци...” Таа позната жена, со надуени клепки, крвави белоочници, чија кожа на лицето и на вратот беше сивкава, избледена, како кај луѓе кои што се малку на воздух и коишто лошо спијат, а рацете и беа немирни, со немирен поглед шеташе по лицето на луѓето менувајќи го изразот де предизвикувачки и со потценување, де одеднаш несигурно, збунето и недоверливо. Еднаш кога и се приближи еден претставник од боречката организација, вознемирен, растреперен како човек којшто нешто важно заборавил и дури не се сеќава сосем точно што всушност заборавил, мајка ми добродушно се насмевна, но се воздржа кога забележа покрај него постара жена, стежната со црвено неубаво лице, затегната во фустан со боја на изгоретина. Таа се вртеше, се извиваше пред гробот на татко ми, пристискајќи врз градите букет цвеќе, спечено од сонцето и свенато, така што посака да го положи свечено заедно со човекот кој се претстави дека е претставник на Сојузот на борците на Македонија и рече дека татко ми е рехабилитиран. И сетики посака да каже со неколку напишани зборови:
“...Ти покрај активноста како организатор и борец на национални права и слободи, создаде и македонска азбука од 24 букви за духовен процут на својот народ во виорот на војната во Егејска Македонија.
Твоите национални чувства и љубов кон својот народ дојдоа до полн израз во летото 1944 година, со формирањето на Воденскиот македонски батаљон.
Ти покрај својата активност во формирањето на македонската војска, ја создаде азбуката со која се напишани прогласот до македонскиот народ во Воденско, повеќе песни, Маршот на Воденскиот баталјон.
Ти, беше и остана борец и културен деец, на македонскиот народ. Во сибирските затвори те обвинуваа за “Титов агент”, но и тоа беше само заблуда на КПГ.
Ти животот го посвети на татковината и за сите нас, твоите соборци не си ни “Титов агент”, ниту “Руски шпион”, туку од денес си РЕХАБИЛИТИРАН!
По овие искази, нешто ем тажно ем радосно ја пронижа мајка ми. Охрабрена и осилена од средбата со овие луѓе, го изостри погледот и почна заинтересирано да загледува во овенатото цвеќе. И се сети. Се сети на закопот на татко ми по цели десет години. Тогаш бевме, јас, гробарите и мама...
Сега се насмевна со сила, срцето и тупкаше и јадежот и гореше в грло, ја тераше да си ги голтне плункта. Зазеде став на говорник и рече:
- Што да речам за гревот и покајанието. Се рехабилитира злосторникот, нему треба да му се врати угледот, добриот глас, честа. Злосторници се неговите соборци кои со својата партиска моќ преку институциите го уништија мојот маж, нарекувајќи го “Руски шпион” и за да биде уште построго казнет го обезличија како Македонец и го “унапредија “ во неподобен Југословен.
Стотици луѓе како него настрадаа единствено виновни што сакаа да ја видат и да ја доживеат Македонија како слободна обединета и самостојна. Многу од нив не се вратија меѓу своите, ги изедоа ќелиите на туѓите зандани.
Тие сите никогаш не го загубија угледот пред својот народ, инаку беа судени во “негово име” не ја загубија својата чест, ами ја воздигна во височините на убавината!
Ништо од ова немав сетено, а сега не сме унижени, стоиме простум со луѓето што го рехабилитираа татко ми во тага и очај, останавме меѓу запустените гробови.
Одеднаш сосема јасно сите ја почувствуваме безначајноста на сопствените несреќи и страдања.
Можеби отсега некој ќе ги препознава во мене Румена и Добрина Сувогорски од леринските села во Македонија каде сега владее пустината во родниот крај...
*** II дел
*** ОД ДНЕВНИКОТ НА ДОБРИН СУВОГОРСКИ РАКОВСКИ 2 ГЛАВА ПРВА Прифатилиштата, талкачите ги викаа “нашите университети” Никој не го забележа,во зорнина беше, кога се дочу тропање на големата врата од прифатилиштето. Препалени се растрчавме да му отвориме.Човекот настојчиво чукаше,сакаше да не сретни по толку многу талкање по светот и ние и тој самиот.
Во емиграцијата сите ние зборувавме за даскалот наш Добрин Сувогорски што не учеше марксизан-ленинизам и значењето на Коминтерна. Заеднички ја пеевме Интернациолата небаре ечеше од Москва се, до Костур, Лерин и Воден, ама по Граѓанската војана во годините (1945-1949), се отишло во заборав. Сега пустината која владее убива.
Тој беше комунист до коска,способен да наредува без викање,такаречи молчешкум. Решаваше сам за најважните работи. И секогаш јасно дава на знаење што може, а што во дадената ситуација не може да помине.
Кога не здогледа, наседнати на железните кревети забележав, во неговите очи како да му заискрија. И навистина, како очите да му се полнат со солзи, правејќи голем чекор преку прагот да влезе.
Се зашеметив, кога се појави човек,кого никој не го покани. Но за миг почнав да си намнисувам некои детали од минатото...
Сувогорски туку што влезе во прифатилиштето се поздрави со сите,се потпре на железниот кревет и рече: ете среќен сум, се вратив дури од Сибир!
Како основна забелешка ни се обрати на сите наседнати со зборовите: Можеби не сум сосема јасен и она што обидувам да ви го кажам е следното:
Чувствувам вина и сакам да ја споделам со вас.Токму со вас кои заедно се боревме и оставивме голем пустош во родниот крај!
Вистината е не по наша вина, туку извршувавме туга стратегија,затоа што ние немавме стратегија како да ние староседелците останиме на прадедовите огништана.
Тоа го дознав во една голема сибирска зима.Ми го кажа рускиот иследник и дословно ми рече: “Товариш Сувогорски, Вие се саможртвувавте, а го жртвувавте и макдеонскиот народ за туги цели. Вие добро знаете:
ВО ГОДИНИТЕ (1945-1949) ТОКМУ ТОГАШ ЗА ВАС МАКДЕОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА. ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАВЕСТУВАА СОСТОЈБА СЛИЧНА НА ОНАА ШТО ЈА ДОЖИВЕАВТЕ ОД ПРЕД СТО ГОДИНИ.
Ете зошто: има една руска поговока: “Силнии свегда побеждает безсилного” Кои Вистини не ги знаевме:
Прво: И денденес сите истражувачи се чудат: Како можело КПГ да организара Граѓанска војна (1946-1949) г. за социјализам во Грција, кога цел свет знае дека на Конференцијата на јалта на 4 до 11 февруари 1945 Претседателите Черчил, Сталин и Рузвелт, во присуство на министрите за надворешни работи беше решено: Грција е под сверата на влијание на Англија и САД и договорот со Сталин на Јалта беше гарант дека социјалистичкиот систем во Грција нама да се дозволи со Граѓанскат војна. Значи, остануваше да се изврши етничко чистење на Македонците и со тоа што повеќе меѓународно да се легализира донесеното инородно население од мала Азија.
Види: ΦΟ371/43649 - 00201 Ρ.20431/1009/67.
Второ: Делење на Балканот: Черчил го опишува во своите мемоари: “Пристигнавме во Москва во доцните часови на 9 октомври 1944 година. На 10 октомври ја имавме првата значајна средба и советување и се договоривме во Кремљ. Беше Сталин, Молотов, Иден и јас. Мајорите Бирс и Попов го извршуваа преводот...” Значи, постигната е согласност за поделбата на интересни сфери. Според договорот, Грција беше целосно препуштена на британското влијание, со право, по потреба во секое време, да може да интервенира со сите можни средства.
Трето: Политиката на Советскиот Сојуз спрема македонското прашање беше во функција на глобалната политика и стратегија воопшто и спрема Грција посебно. Сталин, македонското прашање, како и односот на Англичаните, Американците и Грците спрема Македонците под Грција, го користеше како покритие за својата политика што ја спроведуваше во земјите кои паднаа под влијание по Втората светска војна. Во текот на Втората светска војна комуистичките партии во земјите меѓу кои беше поделена Македонија цврсто го почитуваа декларативниот принцип на големите сили за непромена на предвоените граници. Траба да се знае и тоа: На иницијатива на Сталин е донесена одлука за распуштање на Коментерната, со што формално е признато правото на самостојност на секоја комунистичка партија и е подржана тезата: Една држава една партија. Кога тој истиот Сталин со големите сили во Москва
(октомври 1944) ја направи делбата на сфери на влијанија и на Балканот границите да останат непроменети. Ете тоа беше одговор на сите кои гледавме спас во Русија. Тоа беше првиот удар и покажува како го изгубивме обединетиот духовен систем т. е. нацијата остана без стратегија за духовен опстанок на својот етнички простор на Балканот.
Четврто: НАД МАКЕДОНЦИТЕ ВО ТОЈ НОВ ПОРЕДОК КПГ СТАНА СЕМОЌЕН ГОСПОДАР, А ПОСЛЕДИЦИТЕ БЕА СТРАШНИ. ВО ТОЈ НОВ ПОРЕДОК ВРЕДНОСТА СЕ МЕРЕШЕ СО ДАВАЊЕ ЖРТВИ И ВАЖЕШЕ ПАРОЛАТА:
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/wanderers-talkachi-e-book-macedonian/12 le 29 octobre 2026