Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

The Solun Assassins

ДЕЛ ВТОРИ ГЕМИЏИИТЕ НА ДЕЛО ГЕМИЏИИТЕ - РЕВОЛУЦИОНЕРНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА - Part 01

Par Крсте Битоски · Partie 5 sur 20 · Environ 18 minutes

Lire en English

ДЕЛ ВТОРИ ГЕМИЏИИТЕ НА ДЕЛО ГЕМИЏИИТЕ - РЕВОЛУЦИОНЕРНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА

- ВРХОВНИОТ МАКЕДОНСКИ КОМИТЕТ Гемиџиите сметале дека тие, како индивидуалисти, како револуционери коишто се готови да се саморжртвуваат без притоа да имаат потреба од ангажирање на широките народни маси, ќе можат секој момент да ги реализираат своите планови, само ако имаат доволно парични средства. Затоа тие постојано биле преокупирани со грижата за наоѓање на парчини средства и постојано мислеле дека парите, а потоа и динамитот, се главните пречки на патот кон исполнување на револуционерните задачи. Се разбира, тие никогаш не помислувале дека до пари ќе можат да дојдат на легален начин -преку членски внос, работа или слично. Во прво време, според плановите што ги кроеле, пари требало да најдат на брз и лесен начин. На пример, размислувале да му дигнат пари на богатиот велешки Турчин Аршин-бег, но никако не успеале да влезат незабележано во неговата куќа. Правеле обиди да дигнат пари и од други места, но без успех. (Истото, 118.) Тогаш се родила оригиналната идеја до пари да дојдат преку “откуп”.

Коста Кирков и Тодор Богданов, како деца на богати семејства, предложиле да бидат “грабнати”, а од нивните родители да се бара откуп за нивното “ослободување”. И, навистина, тие “исчезнале”, односно се скриле во една конспиративна куќа во Солун, а на нивните родители им било јавено дека ако сакаат да им бидат вратени децата живи и здрави треба да дадат: таткото на Коста - 400 турски лири, а на Тодор - 200. Двајцата родители, меѓутоа, не паднале веднаш во стапицата. Криејќи од властите, тие се труделе да равберат каде се наоѓаат нивните деца.

Првите сондажи направени во Солун не дале резултати. Потоа разбрале дека “грабнатите” ученици не се наоѓаат во Солун, туку во планина и дека поблиску за нив ќе можат да дознаат ако одат во Софија. (Според некои податоци, Коста и Тодор се криеле во Солун, Дупница и Рила.) Таткото на Тодор откажал да даде откуп, додека таткото на Коста, Иван, отишол во Софија да го бара сина си. Во Софија разбрал дека децата се живи и здрави и дека штом ќе дадат откуп ќе бидат ослободени.

Стариот Иван се поврзал со Гоце Делчев и лично нему му дал една значителна сума (200 лири). Меѓутоа, преговорите за “откуп” се одолжиле доста, поради што се потрошиле многу пари, така што во касата на гемиџиите останале многу малку пари - 20-30 лири. (Т. Органџиев, 118; П. Шатев, В Македония под робство, 74, Ст. Симеонов, 6.)

Оваа прва акција, иако делумно успешна, им покажала на гемиџиите дека снабдувањето со пари е мошне сложена, ризична и тешка работа. Тоа ги направило да бидат малку пореални во своите планирања, како и пострпливи.

По добивањето на “откупот”, Коста и Тодор биле “ослободени”, а повеќемина заговорници се собрале во Софија за да размислат како да се снабдат со поголема сума пари и да почнат со реализирањето на своите планови, зашто со парите што останале од “откупот” не можело да се почне ништо. “Но -пишува Шатев - попаднати во туѓ средина, ез никакви средства за живот, тие видоа дека не така лесно се прави конспирација п се прибираа при своите родители”. (П. Шатев, 75.)

Овој обид на гемиџиите имал и една друга последица: за првпат тие се откриле пред Револуционерната организација дека постојат како револуционерна конспиративна група којашто планира да се бори против османската власт и веднаш ја добиле нејзината поддршка во лицето на нејзиниот прв човек - Гоце Делчев. Така, уште во почетокот кога ги правеле првите конкретни чекори, гемиџиите започнале да сфаќаат дека без помошта на Револуционерната организација, со која не сакале да имаат врска, не ќе можат лесно да ги реализираат своите цели.

Во тоа време групата на Мерџанов заминала за Бугарија, а гемиџиите се прибрале во Велес при своите родители. Тука се поврзале со Месниот комитет на Револуционерната организација, чии главни претставници биле Петре Бошнаков и Трајче Христов. Во Организацијата, се разбира, не влегле, но се разбрале да работат заедно за “општото дело”. Трајче Христов и Тодор Органџиев во јануари 1900 година отишле во Софија и се сретнале со Делчев, кој ја одобрил оваа соработка. (Т.

Органџиев, 118.)

Гемиџиите, веројатно со цел да ја прошират својата дејност и во други градови во Македонија, користејќи ја врската со Делчев и Организацијата, поднеле молба со барање некои од нив да бидат назначени за учители во Штип и во Струмица, но не успеале.

Наоѓајќи се на куп во родниот град, гемиџиите зимата 1899/1900 година ја поминале главно во организирање на “зимски седенки”, на кои се читале книги и се дискутирало по нив. Базаров, главниот херој на Тургењев, им оставил најсилен впечаток на сите. Тие сакале да го имитираат него: зборувај малку, работи многу!

Гемиџискиот кружок се замешал и во општествениот живот на градот. Во 1899 година, по иницијатива на велешкиот егзархиски владика, требало да се изгради камбанарија кај црквата “Св. Пантелејмон”. Во исто време требало да се организира акција за собирање на помош за црквата “Св.

Стефан” во Цариград. Гемиџиите се противставиле на двете иницијативи. Тие испратиле неколку покани до граѓанството залепени на вратите на црквите и училиштата, со кои агитирале дека, наместо да се расипуваат народни пари за камбанарија, да се реновираат урнатите и стари училишта, а парите за црквата во Цариград да се потрошат за просветни цели, “На тој начин -пишува Ст. Симеонов - реакцијата на Велешкиот кружок се пројави против раководителите на културното бугарско дело во поробените земји, како против вишата управа во центарот, Цариград, така и против нејзиниот претставник во провинцијата

– велешкиот владика”. (Ст. Симеонов, 7.)

Планирајќи во прво време своите идеи и акции да ги прошират во повеќе градови во Македонија, Кружокот проектирал да издаде еден хектографиран лист. Најупорен приврзаник на оваа идеја бил Коста Кирков. Но, и за една таква акција биле потребни, покрај другото, средства, што гемиџиите ги немале.

Обидите сами да се снабдат со средства не ги давале потребните резултати. Затоа гемиџиите решиле да ги исползуваат силите на Организацијата. Особено тесни врски тие воспоставиле со Трајче Христов.

Трајче Христов бил истакнат револуционер во Велешко. Во Велес држел бакалница, но, жеден за образование, на возрасни години завршил мала матура и потоа му се предал наполно на револуционерното движење како агитатор и организатор. Како учител во Струмичко, Пехчевско и Малешевско, бил и реонски раководител во делови преку кои врвеле каналите на Организацијата. Гемиџиите чувствувале дека такви лица можат да бидат од голема корист за нивното дело па се обиделе да ги придобијат и Христов и Бошнаков. Уште повеќе што и овие, како и луѓето од Кружокот, сметале дека позаможните велешани треба да бидат принудени да го помагаат револуционерното движење. Меѓутоа, и Христов и Бошнаков повеќе клонеле кон Организацијата и не сакале да се слеат со Кружокот. Кога гемиџиите тргнале за Солун, со нив отишле и Христов и Бошнаков, но брзо ги напуштиле и се вратиле во Велес, а потоа заминале за Софија.

Пишувајќи за овие знаменити велешки граѓани, П. Шатев, кој лично се познавал со нив, дава интересна оценка за нивното место во ослободителното движење: “Трајче Христов и П.

Бошнаков беа две натури коишто се надополнуваа, двајца типични претставници на народните револуционерни маси и интелигенцијата во Скопско. Тие се воспитувачи на повеќе знајни и незнајни борци, револуционери во Велес и околијата.

Трајче Христов, П. Бошнаков и Милан Попјорданов се предвесници на сите борци и револуционери од првата револуционерна епоха што Велес и Околијата ги дадоа...” (Во Бугарија Тр. Христов бил во служба на Револуционерната организација и близок соработник на Делчев. Павел Шатев, престојувајќи подоцна по задача во Бугарија, се сретнал со Христов, кој го однел во една конспиративна куќа и го запознал со Гоце Делчев и со Сандански. Прашан од Шатев зошто се собираат во оваа куќа, Христов одговорил: “Се кријат. Добиеви се парите од Мис Стон, полицијата знае, а пак врховистите не спијат и сакаат по секоја цена владата да ги конфискува, за да не и се даде можност на Внатрешната организација да се засили и да биде посамостојна...” Шатев со големи симпатии пишува за дејноста на Христов и Бошнаков во Бугарија. Христов бил центар околу кого се групирале велешките емигранти, граѓани, занаетчии, трговци, и особено селаните, а Бошнаков бил цецтрална личност на Велешката околија, а и на дел од интелигенцијата на Скопскиот револуционерен округ. Т.

Христов инцидентно бил убиен 1902 година, а П. Бошнаков, по повеќегодишно боледување, умрел во 1908 година во Скопје. - П. Шатев, 222-224. П. Бошнаков е автор на познатата книшка под наслов: Единъ Македонецъ, Българската пропагапда въ Македония и Одринско, София 1902.)

Неуспешниот обид на гемиџиите да се зближат со луѓето на Организацијата на начин каков што тие го разбирале предизвикал разочарување кај нив, а во исто време ја засилиле нивната волја да истраат по патот по кој тргнале. Тоа го зацврстило нивното старо убедување дека со многу луѓе работа не се врши!

На среќавањето во Софија меѓу Т. Органџиев, Т. Христов и Гоце Делчев, последниов ги одобрил нивните погледи и им ветил поддршка. Меѓутоа, Организацијата во моментот не била во состојба материјално да ги поддржи гемиџиите. Но, тоа што не можел да го стори Гоце, можел да го стори Борис Сарафов.

Задграничните претставници на Македонската револуционерна организација во Бугарија Гоце Делчев и Ѓорче Петров се стремеле кон зближување и соработка со раководството на македонската емигрантска организација (Врховниот македонски комитет), со цел да биде исползувана емиграцијата како помагач на ослободителното револуционерно движење.

Како резултат на тие стремежи и настојувања, се дошло до изградувањето на заедничка платформа за акција во прилог на Револуционерната организација.

На 1 мај 1899 година започнал Шестиот вонреден конгрес на македонската емигрантска организација во Бугарија, на кој била прифатена листата за избор на нов Врховен комитет. За претседател на Комитетот бил избран Борис Сарафов. Новиот Врховен комитет со сите морални и материјални сили на емиграцијата се ставал во служба на македонското револуционерно движење. За собирање на средства бил распишан “патриотски заем”, а се минало и кон организирано собирање на доброволци прилози. Едногодишната дејност на Сарафовиот комитет, помогната од Делчев и од Ѓорче Петров, дала значителни резултати. На следниот, Седми конгрес на емиграцијата, на кој за првпат присуствувале и Делчев и Ѓ.

Петров бил констатиран буџет од 450,000 лева, што било голема сума пари. Тие пари биле давани главно од македонската емиграција за помагање на Револуционернага организација во Македонија и добар дел од нив се трошеле за тоа.

Меѓутоа, славољубивиот Сарафов започнал да се занимава со “висока политика”. Претседателското место во Комитетот, полната комитетска каса и слично биле доволна материјална база за бујната Сарафова фантазија да направи од самиот него “голема” личност и “голем” политичар. Границите на Бугарија за него веќе станале тесни, Располагајќи со големи суми пари, тој го основал во странство веспикот “L’Effort”, кој, уредуван од Симеон Радев, изиграл, покрај другото, голема улога во популаризирањето името на Сарафов како “водач” на македонското движење.

Соработката меѓу претставниците на Револуционерната организација и Врховниот комитет била санкционирана и на Седмиот конгрес на емиграцијата, одржан во почетокот на август 1900 година. Меѓутоа, на долго по овој конгрес, започнале да излегуваат на површина принципиелните разлики што постоеле меѓу Македонското револуционерно движење и Врховниот комитет, а кој, со формирањето на Сарафовиот комитет, не биле и не можеле да бидат изгладени туку само привидно истиснати. Всушност, се покажало дека уште пред формирањето на Сарафовиот комитет, офицерите замешани во комитетските работи, на чело со генерал Иван Цончев, тајно од Делчев и Ѓорче Петров, зеле решение да работат за преземање на Македонската револуционерна организација и на нејзиниот ЦК од офицери, а кога ќе се постигнело тоа, Цончев требало да си даде оставка во бугарската армија за да го преземе претседателството на Врховниот комитет и да крева востание во Македонија. Сарафов, газејќи ги спогодбите постигнати со заграничните претставници, ги вложил сите сили да го преземе раководството на Револуционерната организација и да ги истисне од нивните позиции и самите задгранични претставници. Таквата политика на Сарафовиот комитет ги заострила односите со Делчев и Ѓ. Петров и со Организацијата и подоцна довела до полн раскин и до отворена конфронтација меѓу Врховниот комитет и Револуционерната организација.

Сарафовиот комитет и Сарафов лично, ако се исклучи материјалната помош дадена, особено во првиот период, на Револуционерната организација и нанел огромна штета од морален и политички карактер. Со своите акции Сарафов создавал впечаток кај европските влади и јавноста, и одделно во другите две соседни на Македонија држави, дека се што станувало во Македонија, сите подготовки на угнетениот народ за отфрлување на султанскиот јарем, се негово дело. Со таа погрешна политика тој давал значајно оружје во рацете на сите недоволно упатени или недобронамерни да ја напаѓаат Револуционерната организација и да и препишуваат цели и стремежи што таа ги немала. Сарафовиот комитет им давал повод на многумина што биле убедени во потчинетоста на Врховниот комитет кон дворецот и бугарската влада да тврдат дека зад Срафов и неговите пријатели офицери стојат бугарските штикови и дека револуцијата што се подготвува во Македонија, е управувана божем од Софија и ќе започне со знак даден од кнезот Фердинанд и неговата влада.

Во значителна мера компромитиран, Сарафов не можел да остане повеќе на чело на Врховниот комитет. Бидејќи доброволно не сакал да го напушти комитетот, повеќето од комитетските офицери, на чело со Цончев, решиле да го отстранат на следниот конгрес. Преку дамагогија, измама и сила цончевистите успеале тоа да го сторат на Деветтиот конгрес во јули 1901 година. (Крсте Битоски, Македонија и Кнежевство Бугарија (1893-1903), Скопје 1977, 126-166.)

Врховниот комитет минал во рацете на Цончев (иако претседател бил познатиот бугарски писател Стојан Михајловски), доверливо лице на Фердинанд, а Сарафов продолжил и натаму да се занимава со “револуционерна” работа трудејќи се сега да се претстави како пријател на Македонската револуционерна организација.

Гемиџискиот кружок одржувал врски со Борис Сарафов, кога тој бил претседател на Врховниот комитет, но и подоцна.

Групата на Мерџанов добила материјална помош од Сарафов, кога тој бил на чело на Комитетот, а гемиџиите - подоцна.

Гемиџиите, концентрирајќи ја својата дејност речиси исклучиво во Солун, сакале-нејќеле биле принудени да одржуваат некакви односи со Централниот комитет на Макекедонската револуционерна организација, чие седиште било исто така во Солун. Во прво време, кога дејноста на гемиџиите била ограничена на полето на идејно-политичките подготовки, потребата од некакви односи не се наложувала. Меѓутоа, кога кружокот решил да мине во конкретни подготовки за исполнување на своите планови, ситуацијата се изменила. Дури гемиџиите и да не сакале, или да немале потреба од контакти со ЦК, самиот ЦК не можел да биде индиферентен и да не се интересира за се што се случувало на револуционерното поле во градот, па и во цела Македонија.

Додека ЦК бил во стариот состав, на чело со д-р Христо Татарчев, гемиџиите се однесувале со нужниот респект кон него. Тој претставувал автортет за нив и немало никакви проблеми во односите ЦК - Кружок. Впрочем, тоа било време кога гемиџиите само што минале во акција, а ЦК уште и не знаел за нивните планови. Но, почнувајќи од јануари 1901 година, кога по една голема провала бил затворен ЦК и за претседател на новиот ЦК дошол Иван Гарванов, ситуацијата се изменила. Кој бил Гарванов и новите членови на ЦК?

Појавата и брзото ширење на Македонската револуцонерна организација ги загрижило сите околни претенденти за заграбување на македонската земја. Најмногу ги вознемирило оние кругови околу Егзархијата коишто сметале дека го имаат правото да раководат со судбината на македонскиот народ и мислеле дека без нивно знаење и одобрување не можело и не требало да се презема ништо што би водело кон било какви промени во животот на македонскиот човек. Но, Македонската револуционерна организаЦија била рожба на македонските општествено-економски услови и нејзиниот пат и развиток, цели и стремежи биле диктирани од историската потреба на нашиот народ за слобода, а не од политиката и претензиите на соседните држави.

Оценувајќи го како крајно опасно за интересите на Егзархијата создавањето на Револуционерната организација, одговорните егзархиски кругови решиле, без двоумење, со контраакција, уште во почетокот да ја парализираат нејзината дејност.

Прогласувајќи го јавно своето дело за загрозено од една организација раководена од “багабонти”, тие кругови всушност биле сериозно загрижени за самостојниот пат по кој тргнала Организацијата, кој неминовно водел и кон самостојност на Македонија. Заради тоа, тие се ангажирале да го попречат таквиот од на Организацијата преку мирно вовлекување во нејзините редови и преземање на нејзиното раководство, или преку отворено конфронтирање со неа. Сметајќи се за “страна” спрема антиегзархистите, коишто биле и водачи на Револуционерната, организација, егзархистите првин побарале половината од составот на ЦК на Организацијата да биде пополнет од нивни луѓе, за да можат да се спогодуваат како две страни. Се разбира, нивниот предлог бил одбиен. Им се дозволувало и ним да влезат во редовите на Организацијата откако претходно ќе дадат заклетва, но никој од нив не сакал да положи заклетва. Заклетвата обврзувала да му служат на едно дело чии принципи за нив, биле, во основа, неприфатливи и не сакале да се борат за нивното реадизирање.

Бидејќи по пат на “преговори” егзархиската “страна” не можела да си ја наложи волјата и да ја постигне поставената цел, тргнала по друг пат: започнал да употребува други средства. Да стојат со скрстени раце во моментот кога вестите за ширењето и буењето на револуционерното движење се слевале во Солун и во Цариград од цела Македонија, било невозможно. Врховниот комитет во Бугарија, како носител на великобугарската политика, веќе тргнал кон конфронтација со Организацијата.

Истото започнале да го прават и неговите истомисленици од егзархиската “партија” во Македонија.

Главни личности на оваа контрареволуционерна “партија” биле:

Васил К’нчов, началник во Училишниот оддел при Егзархијата во Цариград, М. К. Сарафов, директор на двете егзархиски гимназии во Солун, инаку бивш министер во бугарската влада, Иван Гарванов, професор во Егзархиската гимназија во Солун, и други. За сите овие лица, главно егзархиски службеници во Солун, по потекло Бугари, била туѓа и несфатлива секоја идеја за било каква акција во Македонија којашто не би одела во хармонија со политиката на Егзархијата, односно со официјалната политика на Бугарија. Кон нив биле приклучени и неколку богати македонски трговци, но тоа не го менува фактот дека главни носители на егзархиската политика во Македонија, против која се борела македонската интелигенција, биле познати интелектуалци дојдени од Бугарија и дека тие станале главни идејни носители и организатори на борбата против историски определената самостојна дејност на Револуционерната организација, т.е. против нејзиното основно програмско барање - по револуционерен пат да извојува политичка автономија за Македонија.

Иако претставувала безначајно малцинство, Егзархиската “партија” решила да формира своја организација, со цел не да се бори против османското ропство, туку да и се противставува на Македонската револуционерна организација. Пролетга 1897 година било формирано “Револуционерно братство” со цел, како што признава самиот Иван Гарванов, “да се одбие Комитетот (Револуционерната организација, односно ЦК - б.м.)

од лошиот пат и да се одбегне брзањето со револуцијата, за која ние сметаме дека е предвремена, мислејќи дека таа навистина брзо ќе избувне” (Спомени на Дамянъ Груевъ, Борисъ, Сарафовъ, и Иванъ Гарвановъ, София 1927, 116.) Вистинските цели на “Револуционерното братство”, раководено од И.

Гарванов - пишува членот на ЦК Иван Х. Николов - биле организираната маса “да биде потчинета на наредбите на Егзархијата и респективно на Македонскиот врховен комитет”.

(Изъ запискитъ на Ив, Х. Николовъ, Ил. Илинденъ, IX, 2. София

1937.)

Обидот на братството да го прошири своето влијание во Македонија не ги дало очекуваните резултати. Се покажало дека агитирањето да се чека помош и “слобода” од Бугарија не било прифатливо од македонското население. Свесни за тоа, луѓето од Братството решиле сами да тргнат во поход против револуционерното движење, барајќи истомисленици и помошници во Бугарија. Првин Гарванов воспоставил врска со Врховниот комитет и се ставил во негова услуга. Потоа испратил еден опширен извештај (од 28. IV 1899) до спомнатиот Шести конгрес на македонската емигрантска организација во Бугарија, во кој неточно се прикажувала ситуацијата во Револуционерната организација, се клеветаат повидните нејзини раководители како луѓе проневерувачи на народни пари, насилствени собирачи на пари, клеветници итн., и се барало тие, особено д-р Татарчев, Ив. Х. Николов и Ѓорче Петров да бидат отстранети од раководството на Организацијата. Се жалеле дека вратите на Организацијата биле затворени за луѓето на Братството, дека биле прогонувани од Организацијата и заплашувале дека, ако ваквата ситуација продолжи, луѓето од Братството ќе бидат принудени да употребат сила против Револуционерната организација. Затоа се изразувала надеж дека извештајот ќе помогне за “здружено работење и слевање на сите револуционерни организации под знамето на Врховниот македонски комитет”.

Наоѓајќи се пред опасноста да биде ликвидирано од Револуционерната организација, Братството решило да го испрати И. Гарванов во Бугарија за да се поврзе со одговорните државни и политички фактори и да го добие нивното мислење, и евентуално нивната поддршка во конфронтацијата со Организацијата. Се сретнал со генерал Рачо Петров (доверливо лице на Фердинанд, бил и претседател на бугарската влада), потоа со д,р Стоилов (дотогашен претседател на бугарската влада), од кого сакал да дознае дали владата го поддржува ЦК на Организацијата. Стоилов му одговорил дека владата е против ЦК. Го посетил и Радославов (радославистите во моментот биле на власт) и се уверил дека тој бил наполно на страната на Сарафовиот комитет. Отишол и во Врховниот комитет, каде што Сарафов го прифатил неговото сфаќање за опасноста што ја криело револуционерното движење на Македонија за интересите на великобугарската кауза во Македонија и му ветил дека Комитетот ќе направи се за да се постигне ‘согласност” со Ревоционерната организација.