Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

The Solun Assassins

ДЕЛ ВТОРИ ГЕМИЏИИТЕ НА ДЕЛО ГЕМИЏИИТЕ - РЕВОЛУЦИОНЕРНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА - Part 15

Par Крсте Битоски · Partie 19 sur 20 · Environ 20 minutes

Lire en English

едната на чело со Сарафов, другата-со Цончев. За да се реши прашањето кој ќе биде во Врховниот комитет, бил свикан Осмиот вонреден “македонски” конгрес, што се одржал во април 1901 година. На овој конгрес присуствувал и Г. Делчев.

Тој ги вложил сите усилби да го оневозможи изборот на Цончев во Врховниот комитет. Во говорот одржан на Конгресот, тој меѓу другото рекол дека врската помеѓу МРО и Врховниот комитет не постои сега, “зашто Б. Сарафов сакаше да ни испрати оттука свои луѓе за раководители на Внатрешната организација. Но, таа Организација си е месна, тајна... Му се противставуваме на Сарафов, зашто, ако тој испратеше оттука луѓе за раководители... ќе станеше катастрофа...” (Крсте Битоски, Македонија и Кнежевство Бугарија, 158.)

Бидејќи на овој конгрес бил избран Врховен комитет од приврзаниците на МРО, на Сарафов и на Цончев, бидејќи, значи, Цончев не можел сам да раководи, во јули истата година бил одржан Деветтиот редовен конгрес на македонската емигрантска организација во Бугарија.

Токму на овие два конгреса Сарафов бил обвинет од цончевиот табор за проневера на комитетски пари. Тоа било сторено со цел Сарафов да се компромитира и да се елиминира како фактор во емигрантското движење. Бидејќи најлесно можело да се оправдаат средствата ако се каже дека биле дадени како помош на револуционерното движење во Македонија Делчев изјавил; “За потрошени средства за потребите на МРО треба да се сметаат само тие што биле потврдени со печатот на Централниот комитет. Ако за некои суми нема така уредни расписки, а се посочува само дека и биле дадени на Внатрешната организација, нека се знае дека тие суми не се примени во Македонија...” На Конгресот познатиот врховистички офицер Саракинов ги обвинил Сарафов и другите членови на бившиот комитет дека проневериле 100.000 франци и си ги поделиле. Меѓутоа, ниту Саракинов ниту Цончев можеле да го докажат таквото тврдење.

Била избрана и специјална комисија за прегледување на сметките, но таа не ја извршила својата задача.

На Јулскиот конгрес било обновено обвинението против Сарафов. Тој изјавил дека не сака никому да му дава сметка за оние суми што лично ги нашол без да го ангажира името на емигрантската организација. На Десеттиот ко,нгрес во јули 1902 година му било одговорено на Сарафов дека сметките ги прегледал Цончевиот комитет и нашол кусок од 6.000 лева. Пак била формирана комисија, но проневерата и натаму останала недокументирана. Сарафов изјавил дека сето тоа било голема клевета против него. (Спомени на Д. Груев, Б. Сарафов..., 62-

73.)

Дури и да имало проневера таа била сторена додека Сарафов бил претседател на Врховниот комитет, т. е. До април 1901 година. А помошта на гемиџиите тој им ја дал точно една година подоцна, во април 1902, кога немал никаква функција во Врховниот комитет и кога никој не можел да го обвинува за проневера на народни пари. Тоа што Шатев така убаво напишал за “понижување на своето достоинство” од страна на Сарафов, не може да биде потврдено.

Сарафов бил комуникативна личност, кој и често успешно доаѓал во контакт со разни лица во странство. Голема “ слабост" му била да бара помош 3a “ делото". Современиците го знаат како човек кој лесно ги трошел парите (и за лично задоволство, но и за други потреби), но и кој умеел на разни начини да ги набави. Токму во март 1902 година, во Женева, од некој богат Англичанец добил 50.000 франци. Тој во Европа бил доста познат како “ водач" на македонското движење. За каква противвредност ги добил тие пари, што ветувал, не ни е познато. Признава дека само ќерката Ha Англичанецот “ силно симпатизираше на нашето дело". (Истото, 71.)

Штом ги добил овие пари, знаејќи дека гемиџиите имаат голема потреба за помош и дека порано барале таква од Делчев, веднаш го повикал Орце во Женева и му дал 10.000 франци.

Токму тогаш, кога имал пари, на Орце му го ветил и му го испратил споменатиот динамит од 1.000 кг. Орце се вратил од Женева задоволен.

Но, има и едно малку поинакво мислење. Симеон Радев, кој тогаш студирал во Женева и бил близок соработник на Сарафов, подоцна изјавил дека Орце отседнал три дена во неговиот пансион. “Имаше неколку среќавања со Сарафов, насамо, и си замина крајно незадоволен од него". (Хр. Силјанов,

258, заб. 1.)

Дали Орце му ветил на Сарафов дека ќе му ги врати парите?

Шатев во своите први спомени (1. Шатев, Солунскиот атентат, 53.) кажува дека се плашеле оти од страна на Организацијата “ke ни се префрлува ако не успееме" и затоа требало да му се вратат парите на Сарафов.

Неколку месеци пред Солунските атентати Орце го осигурил својот живот во Осигурителното друштво “ Њујорк" на 10,000 франци. Се разбира, полисата гласела на друго име, на Симеон Радев, кој за тоа, како и Борис, ништо не знаел. Извесно време пред атентатите Орце испратил писмо до Симеон Радев, со кое го информирал за осигурувањето и го молел парите да му ги предаде на Сарафов. Есента 1903 година од Друштвото “Нујорк" го известиле Радев дека “е осигурен на негово име на

10.000 франци." За мене тоа беше големо изненадување. Малку потоа еден другар на Орце дојде и ми ја соопшти последната волја на Орце. Таа сума да му се предаде на Борис Сарафов. Ми објасни дека на Орце му тежело што добил од Сарафов во Женева 10.000 франци и сакал по својата смрт да му се вратат.

(Хр. Силјанов, 258, заб. 1.) С. Радев му дал полномошно на Сарафов и тој ги повлекол парите од Друштвото “Њујорк". Дел од нив, веројатно половината, Сарафов му ги предал на таткото на Орце, кој за таа цел бил повикан во Софија.

Радев не го спомнува писмото, а Шатев тврди дека Радев бил известен со картичка.

Од гемиџиите не се зачувани документи. Поради тоа, многу драгоцени се две писма. Писмава ги даваме во целост.

(Културен живот, XXIII, 6, Скопје 1978, 20.) И двете писма се од Орце. Првото писмо е испратено од Орце до Симеон Радев:

“Драги брате Симеоне, Наближува часот кога ќе ја завршиме замислената и започнатата од нас работа. Бидејќи сум решил: со завршувањето на работата да се сврши и со мене - тоа е повелбата на мојата свест - се наложува да ти ги пишам овие неколку реда, за да ти соопштам нешто и да се простам со тебе.

Пред неколку месеци отидов во Осигурителното друштво “Њујорк" и се осигурав на 10.000 златни франци, која сума по мојата смрт ќе ти биде исплатена. Сакам и со мојата смрт да бидам во полза за делото, за кое живеев, работев и ќе умрам -делото за ослободувањето на нашата скапа и сакана Македонија.

Те молам, кога ќе ја наплатиш полисата, примената сума да му ја предадеш на нашиот одличен другар и пријател Борис Разлогов. Јас и другарите, ние сите гемиџии, него високо го цениме, го уважуваме и го сакаме. Тој не разбираше и помагаше со совети и пари. Без неговата помош не ќе можевме да и направиме мираз на невестата и да ја прославиме нејзината свадба. (Под “ невеста" и “ свадба" се подразбира гемиџиската акција - атентатите, под Б. Разлогов - Борис Сарафов.) Предај му ги нашите поздрави и нашата благодарност.

Повеќе нема да се видиме. Ти да го дочекаш празнувањето на нашето општо дело и да го доживееш ослободувањето на Македонија.

Братски те бакнува О рц е?

Другото писмо е испратено до неговата девојка. И од него читателот најавтентнично може да ја види преданоста на Орце кон гемиџиското дело, поточно, да ја почувствува неговата њубов кон својот народ и кон својата татковина.

“Cakana, единствена Кате, Кога ќе го читаш моево писмо, мене веќе нема да ме има - јас ќе бидам труп, или веќе фрлен во некоја дупка како претепано куче. Но, во ситуацијава, кога пред мојата смрт ми останува да живеам уште еден час или два, додека ја фрлам и последната бомба, и да го тргнам чкрапецот на мојот нагант, мислам на тебе, писмото нека ти докаже колку многу те сакам.

Од првиот пат кога те видов, те засакав. Ти ми беше единствена радост, но чувствував дека немам право да се врзувам со тебе.

Јас не си припаѓам на себеси, а на делото, коешто беше цел и смисла на мојот живот - да работам и умрам за слободата на мојот народ, на мојата ценета и сакана Македонија. Те сакав со сите пори на моето тело. Чувствував потреба да те гледам, да го слушам твојот глас, како звукот на цитрата. И сепак те одбегнував, зашто ме плашеа честите средби со тебе, ми ја ослабнуваа волјата, ми ја смекнуваа десницата, зашто ти ми беше единствената врска со животот, а не требаше ништо да ме врзува со него. Понекогаш бев груб, дури и суров со тебе -прости ми за грубоста и суровоста, зад нив ја криев својата безгранична њубов, а срцето ми крвавеше. Верувам ќе ми простиш, ти си добра. А јас сега жалам цто не бев подобар, повнимателен и понежен кон тебе.

Сигурно ќе прашаш: Неопходно ли е да умрам? За мене нема друг излез. Го поддржував пред моите другари ставот: Тој што не ги штеди животите на другите, нема право да го штеди ни сопствениот живот. Знаев дека нашата акција ќе им причини смрт на многу невини луѓе, ќе донесе многу солзи и страдања, зар по сето тоа што ќе го сториме, јас ќе имам право да живеам?

Мислам ќе биде ниско и подло. Да умрам за мене е врховна повелба на мојата совест. И потоа мојата девиза беше не зборови, а дело, а крајот е тој што го краси делото. Има и едно последно сообразување - не сакам да му причинам задоволство на непријателот да се гаври со мене, да ми се подигрува. Зошто ми е живот лишен од слобода да тлее во некоја темна ќелија на Еди-куле, или да се стопи под жешкото сонце во Сахара? Не, претпочитувам да умрам! - Со мојата смрт ќе им го фрлам на моите непријатели, на поробувачите на мојата татковина, мојот безграничен презир. Како што живеев, така сакам и да умрам -скромно и чесно, докрај верен на себеси - сакав да бидам и да останам една целосна личност.

Треба да завршам. Времето не чека. Многу нешта навираат во мојата душа, но не ќе ги чуеш. И така е подобро, срцето ти претскажа што би сакал да ти пишам во овој последен час.

Ќе мине време, раната ќе ти зарасне. Животот е посилен од се.

Ти пожелувам, не, те молам, да си најдеш друг маж, достоен за твојата Јубов, и нему дај му ги своето срце и својата њубов, дај му ги оние радости што ги чуваше и ги намени за мене. Ти пожелувам да бидеш среќна. Понекогаш, во вечерните часови, кога спомените довеани од вечерните сенки ќе навлезат во твојата душа, спомни си за мене. Ти благодарам за тоа.

Те прегрнува и те бакнува првиот и последен од гемиџиите, од самооткажните.

Твојот Орце" СУДБИНАТА НА ГЕМИЏИИТЕ ОСУДЕНИ НА СМРТ Смртната пресуда на гемиџиите требало да ја потврди султанот.

И, бидејќи таа веднаш не била потврдена, станало јасно дека султанот на осудените атентатори им ја изменил казната. Биле префрлени во централниот затвор Еди-куле, каде што затекле голем број македонски затвореници уапсени по повод Солунските атентати. Еден број од нив биле ослободени до крајот на јуни 1903 година, а другите биле ослободени во април 1904 година врз основа на дадена амнестија од султанот.

Ослободени биле околу 1.300 души уапсени по атентатите и Илинденското востание.

Со амнестијата биле опфатени сите политички затвореници, освен тие што со динамит уривале мостови и разни општествени и кредитни установи. Значи, останале четворицата гемиџии и една група македоцски селани обвинетиу по повод диверзијата извршена при Ангиста од Г. Делчев.

Гемиџиите немало на што да се надеваат. Првата алтернатива била егзекуција, а втората - доживотно заточеништво. Првата за нив значела ставање веднаш крај на тешкиот затворски живот, а втората значела само одложување на крајот. Но, вториот случај го вклучувал она вообичаено човечко: да се надева додека е жив.

Така, чекајќи ја смртта, минрале месеци, години. Низ портите на Еди-куле влегувале и излегувале стотици македонски маченици коишто го плаќале вообичаениот “ данок" на ослободителната борба. Во април 1906 година во Еди-куле пристигнале две групи затвореници кои во извесна смисла се разликувале од другите. Тоа биле политички осуденици од битолскиот и скопскиот затвор. Во првата група, покрај другите, биле: свештеникот Георги Василев од Лерин, Симеон Шишков од Екшису, познатиот војвода Алеко Џорлев од с.

Баница - Леринско, Благој Симеонов од Демир Хисар -Битолско, а во втората биле, д-р Петар Кушев од Велес;

познатиот револуционер Тодор Лазаров од Штип и други. Сите овие биле осудени на над 10 години строг темничен затвор и биле праќани во заточеништво.

Бил убав пролетен ден, 6 мај 1906 година. Се почувствувало силно раздвижување на стражари и отворање на врати. Се слушнало звечкање и тропот на железо. Оковувале затвореници. Дошол денот кога гемиџиите се “простувале" од Еди-куле. Ги воделе на заточеништво, заедно со други осуденици. Некои во Мала Азија, а некои во Африка во Фезан.

Така, оковани стотина и педесет, ги спровеле низ солунските улици, низ тесен шпалир од Њубопитни граѓани, до пристаништето, каде што ги чекал чамец што требало да ги пренесе до паробродот “ Константинопол". На паробродот пристигнало едно лице, придружено од двајца полицајци, и на затворениците им поделило скромна сума пари - помош од протестантската црковна општина во Солун.

На 10 мај пристигнале во Смирна. Тука одвоиле една голема група, од која осудените на 10 години биле испратени за Подрум, а осудените на 15 години - на Родос. Другите, по 3 недели чекање во Смирненскиот затвор, на 28 мај тргнале кон пристаништето, каде што ги чекал пароброд за Гриполи.

Патувањето било мошне тешко. За сето време осудениците биле оковани (врзани со синџири за нозе и врат) и речиси неподвижни. Ја дале и првата жртва. Ризо Трајков, 35-годишен, од гевгелиските села, бил болен и не можел да го издржи напорното патување. Неговото тело било погребано в море.

Bo Триполи (во затворот) останале еден месец и на 6 Јули, придружени од одред коњаници и || стражари, тргнале кон последната точка од патувањето - Фезан. Вкупно 55 осуденици, од кои 51 Македонци. По големи перипетии, лишувања, страдања, пржени од несносното сонце, жедни, некои болни, на 6 август пристигнале во Мурзук, најголема населба во областа Фезан. Во Мурзук пристигнале без Никола Трајков, кој добил сончев удар и умрел во страшни маки. Трајков бил од Битола, на 45 години, здрав, неписмен, но со силна волја за живот и слобода. Неговото тело, како и тоа на Ризо, било опеано од свештеникот Г. Василев и закопано таму некаде Bo Либиската Пустина.

Во Мурзук заточениците биле изненадени од пречекот на надлежните власти. Началникот на фезанската жандармерија потпоручникот Мевлид и секретарот на управникот за административен ред, А. Хилми, сториле се што било во нивните сили заточениците да бидат горе-долу човечки сместени и да им се олесни животот. Мевлид ги информирал за условите во кои ќе бидат принудени да живеат, советувајќи ги да бидат штедливи и внимателни, затоа што немало никакви услови да добијат од некого помош. Ваквото внимание им оставило силен впечаток на нашите осуденици. Но, таквиот однос не го одобрувала повисоката власт, поради што Мевлид бил сменет. А. Хилми, образован Турчин, писател и публицист, продолжил да придонесува за олеснување на нивната положба.

Благодарејќи на неговиот авторитет што го уживал пред мутесарифинот, заточениците биле ослободени од оковите.

“Условите при коишто живеат тие во затворот - објаснувал Хилми - се мошне тешки, и тешко ќе можат да ги поднесат големите горештини".

Во ноември 1906 година фезанскиот мутесарифин заминал, а привремено бил заменет од судијата Мурат, Албанец од Подгорица. Тој бил краен фанатик и мошне непријателски настроен против македонските заточеници. Сметал дека тие биле виновни за кризата во Турција и му се чинело дека исполнува голем патриотски долг со тоа што ги мачи заточениците. За да го предизвика и месното население против заточениците-христијани, Мурат ширел ведти дека тие не само што се непријатели на султанот и на државата, туку се најголеми непријатели и на муслиманската вера. На заточениците им било забрането да излегуваат од затворските соби заради перење на облека; не им била давана помошта што доаѓала од дома, а не им била праќана и поштата наменета за нивните домашни; им бил даван пресолен леб, а не им било дозволено да пијат чиста вода; им била скратувана лекарската помош и друго. Благородниот Хилми пред “ загрижениот" за судбината на Империјата Мурат бил беспомошен.

Подобрување на положбата настанало по назначувањето за мутесарифин на Џелал-бег, во март 1907 година. Тој им ветил на заточениците дека ќе им го даде сето она што го предвидувал законот. И се трудел тоа да го исполни.

Тешкото и далечно патување од Македонија до Мурзук, непогодните климатски услови и, општо земено, тешкиот заточенички живот, немањето на медицинска помош, го расклатиле здравјето на мнозина македонски интернирци.

Колку од педесетте заточеници ги оставиле коските таму, не е познато. Меѓутоа, двајца од гемиџиите, не успеале да се вратат во својата татковина.

По осумдневно боледување од “блатна треска", на 14 февруари 1908 година умрел “бакалот" Марко Бошнаков. Во мај паднал тешко болен и најмладиот гемиџија Милан Арсов. Неговата смрт предизвикала особена жалост кај сите затвореници.

Свесен дека му се приближува крајот и дека никогаш веќе нема да ги види своите Велес, Солун и Вардар, докрај прибран, тој нашол сили да се поздрави со сите свои другари во затворската соба и потоа да издивне. “Тој - пишува Шатев - со својата смрт не зачуди сите. Ние останавме толку трогнати од приближувањето на неговата смрт што солзите почнаа да ни течат од очите... Во последниот миг, пред да затвори очи, виде како течат нашите солзи. Тоа беше момент каков што ретко го чувствуваат и можат да го поднесат сите луѓе кога смртта им се приближува. На 21 јуни попладне, кога сонцето се готвеше да се скрие зад највисоките песочни ритчиња, ние го бакнавме починатиот другар пред да го поставиме во црниот гроб.

Песокот го покри и него..." И тогаш, кога луѓето започнале да се помируваат со смртта и да ја очекуваат и кога пред перспективата да останат долги години, односно цел живот тука, таа им изгледала спасение, низ Либиската Пустина се пренела неверојатната вест - слобода.

Бил јулски жежок ден, кога во Мурзук станал познат текстот на една телеграма: “Ilo повод отв рањето на Џарламентот, султанот даде општа амнестија". Тоа во затворот предизвикало воодушевување, но и недоверба. Веста била премногу неочекувана за да може лесно да биде прифатена како вистина.

Но, сепак била вистинита. Младотурската револуција од Јули 1908 година отворила нова страница од историјата на Османската империја. Таа ги отворила ширум и вратите на султанските зандани - сите политички затвореници биле ослободени.

На 30 јули во Мурзук пристигнала официјална телеграма за ослободување на заточениците. Истиот ден муслиманските затвореници биле ослободени. Меѓутоа, со ослободувањето на македонските не се брзало. Дури на 13 август управникот на затворот повикал неколку затвореници и им соопштил:

“Сега добив телеграма од главниот инспектор на Румелиските вилаети со која ми јавува дека и вие сте опфатени со општата амнестија. Од оваа минута сите сте слободни. Ве поздравувам со радост и ви го честитам ослободувањето".

Веднаш потоа биле ослободени. Настанало општо славје. Но, се појавиле и првите сериозни проблеми во врска со враќањето.

Без помош на властите, нашите луѓе не можеле да се вратат до Триполи. А властие повеќе не се интересирале за нив. Најтешко било да се најдат меови за вода, камили и придружба. На крајот, по продолжителни инсистирања и молби пред властите, сите пречки биле совладани и бившите заточеници биле готови да тргнат на пат кон родниот крај.

Историчарот не е тој што може да ја опише психичката состојба на македонските заточеници од денот на првата вест за амнестијата до ослободувањето и тргнувањето за татковината.

Тоа, сепак, е работа на писателот.

Заедничките идеали за коишто се бореле, како и истата судбина што ја делеле по турските зандани, придонесувале солидарноста меѓу македонските заточеници, повеќе или помалку, да биде редовно присутна. Таа, од разбирливи причини, била особено силно развиена во гемиџиската средина.

Оваа била една од причините што Шатев и Богданов тешко можеле да се помират со мислата тие да се вратат во својата земја, а двајцата нивни другари, макар и мртви, да останат во оваа далечна и туѓа земја. Но, што можело да се направи.

Минале само неколку месеци од нивната смрт. Нивните тела под песокот само што почнале да се распаѓаат. Нивното откопување било забрането, а казните строги. Меѓутоа, гемиџиите не би биле тоа ако би отстапиле пред поставените задачи и тешкотии. Другарскиот долг се покажал посилен од сите пречки.

Откако добро се подготвиле, двајцата гемиџии, со помош на уште четворица други македонски заточеници, тајно ги откопале гробовите на Арсов и на Бошнаков, им ги отсекле главите и се прибрале во привремените живеалишта. Потоа черепите ги натопиле во јодоформ, ги поставиле во две тенекиени кутии и херметички ги затвориле.

На 18 август населението на Мурзук било сведок на еден невообичаен настан. Македонските заточеници ги товареле бројните камили и тргнувале за својата татковина. На 4 септември карванот пристигнал во богатата оаза Себа, а на 12 септември - во Сокна. И така, од населба до населба, патувајќи низ предели во кои и до 200 километри не можело да се најде вода, на 29 септември карванот со бившите македонски заточеници пристигнал во Триполи. Во градот биле добро пречекани од властите. За нивната положба се заинтересирал лично градоначалникот Асуна. На 4 октомври се качиле на бродот “Суматра" со билети платени од градските власти, а на 5-ти пристигнале на Малта. Оттаму, преку Крит, Пиреј, Смирна, Деде-Агач, Кавала, Лезбос, на 16 октомври 1908 година пристигнале во родната земја, во Солун. Се вратиле во градот, од каде што пред повеќе од две години, со синџири преку вратот, врзани како диви зверови, биле испратени во предели на уште пространата Османска империја, откаде што никогаш не би требало да се вратат.

“По 2-4 дена - пишува П. Шатев - ние се распрснавме сите по своите домови, по разни краишта на трите окрузи - Солунски, Битолски и Скопски - се разделивме, останавме сами, но ги зачувавме спомените за заточеништвото во Фезан". (Павеле Шатев, Заточението Bb Сахара - Фезанњ5, Codusa 1910;

Солунскилте атентат и заточениците Bb фезавње по спомени на павел5Б Шатеве.)

Черепите на М. Бошнаков и на М. Арсов им биле предадени на нивните родители за да ги погребат во своите гробници.

ЗАКЛУЧОК Како што видовме, Солунските атентати по својот одглас што го имале во Европа и по своите последици што ги имале во Македонија биле најкрупен настан во периодот пред Илинденското востание. Сите автори што се занимавале и се занимаваат со историјата на македонското национално-револуционерно движење одделно се задржуваат и на Солунските атентати. И сите тие се обидуваат, на некаков начин, да дадат оценка на гемиџиската акција. Меѓутоа, импресионирани од саможртвата на младите атентатори, речиси сите тие не се во состојба да останат објективни докрај.

Вербата на гемиџиите дека со индивидуални оружени акции ќе ја принудат Европа да интервенира во прилог на ослободителното дело била крајно нереална. Зашто, мошне наивно било да се верува дека, уривајќи ги материјалните богатства на една туѓа земја, ќе можеш да ја предизвикаш нејзината влада таа држава да интервенира во своја корист.

“Има, навистина голема доза од наивност и несфатлива противречност во верата што ги насочуваше бомбите на гемиџиите предимно против Европејците. Ја очекуваа слободата од интервенцијата на Европа, сфаќаа, значи, дека револуционерна Македонија нема сили да се расправи сама со Турската империја, и сепак веруваа дека европската интервенција ќе се предизвика полесно и побрзо преку терор против истите Европејци, преку една борба која по својата природа буди кај Европеецот одвратност и која, третирана како “анархистичка" беше погодна 3a најпакосна за македонските борци експлоатација од страна на непријателите". (Хр.

Силјанов, 260.)

Формирајќи се, на крајот под влијание на анархистичките идеи како револуционери и прифаќајќи ја терористичката доктрина како раководство за акција, гемиџиите не можеле да резонираат поинаку. Tue сметале дека тоа што не ќе биде способна да ro постигне Македонската револуционерна организација со десетици илјадп жртви ќе го постигнат самите со своите животи. Тие не размислувале многу за последиците од нивната акција, дека и тие би можеле да бидат тешки. Верувањето на гемиџиите во девизата: сами правиме - сами ќе одговараме! - се покажала како неточна.