ДЕЛ ВТОРИ ГЕМИЏИИТЕ НА ДЕЛО ГЕМИЏИИТЕ - РЕВОЛУЦИОНЕРНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА - Part 06
Откај Делчев Кипров отишол во домот на Сарафов, кој во тоа време се наоѓал во Софија и се подготвувал со чета да замине за Македонија. Таму го нашол и Орце и им раскажал за разговорот што го водел со Делчев. Одговорот на Сарафов бил токму во духот на неговите сфаќања: да се дејствува, да се урива без разлика на време и простор.
“Со мудрување револуција не се прави - рекол Сарафов. - Ние треба да се бориме против турската тиранија со сите средства”.
(Александаръ Кипровъ, Сигналътъ на революцията - Ил.
Илинденъ, III, 24, София” 1930.)
Објаснувајќи го ставот на Делчев по прашањето на атентатите, Кипров, меѓу другото пишува: “Гоце беше симпатизер на нашите идеи, но не можеше да се отклони од општиот принцип на Организацијата и затоа секогаш ни беше во опозиција и гледаше да не ‘заузда’. А ние сите бевме негови најдобри пријатели. Тој го сакаше Орцета, херојот на Солунските атентати...” (Истото, 5.)
Г. Делчев во истиот хотел се сретнал и со Мечев, пред овој да тргне за Солун, меѓутоа, не можел да го убеди дека не треба да работат “на своја глава”.
Има некои индикации што тераат да се претпостави дека Делчев кога бил во Солун да се сретне со Груев имал разговор и со некои од гемиџиите. Меѓутоа, поверојатно е дека гемиџиите, откако биле готови и решиле да почнат со атентатите, ниту имале можност ниту се сретнале со него. Впрочем, тие го знаеле неговиот став и нивното евентуално среќавање можело да има само информативен карактер. Делчев, колку и да симпатизирал на нивната акција, бил револуционер кој ослободувањето го очекувал од свесната акција на широките обесправени маси и се што правел на револуционерен план секогаш првенствено ги имал на ум интересите на Организација. Немало потреба него да го убедуваат гемиџиите дека таа Организација се уште не била подготвена да го поведе народот во општо востание. Тоа тој подобро го знаел од нив. Но не можел да го прифати и мислењето на гемиџиите дека преку изолирани динамитни акции ќе се постигнат некои значајни резултати и одозгора на тоа дека народот ќе биде поштеден од терор и убиства на властите.
Гоце Делчев и Ѓорче Петров, противници на едно недоволно подготвено општо востание, ја развиле теоријата за “перманентно востание”. Под нивно влијание во дискусиите и советувањата се оцртала една линија, едно сфаќање, што ја отфрлувало идејата за “класично” прогласување на востанието, а како најефикасен начин на дејствување се предлагала тактиката на перманентни напади и терор против турските административни власти и установи. Гоце сметал дека четите на Организацијата требале да почнат напади против аскерот и со “атентати од страна на решителни момчиња по железнички линии, исто и против државни установи...”. Но, тој не заборавил да истакне дека тоа секогаш требало да се прави подалеку од христијанското население, за да не биде тоа изложено на прогонства – и жестокости на властите. “Така проповедал Гоце
– пишува неговиот биограф П. Јаворов - зашто само љубовта кон народот го раководеше на секоја стапка во неговиот бурен живот. Тој ја сакаше слободата на македонското население, а не на македонската земја. Гоце не можеше да изложи на сеча десетина илјади души, кога ја анулираше смртната пресуда дури и на докажани турски шпиони...” (П. К. Яворовъ, Гоце Дълчевъ, София 1942, 74.)
Делчев, работејќи неуморно за организирање на населението за востание, фактички го подготвувал за жртв и саможртв.
Меѓутоа, тј решително бил против непотребни и невини жртви.
Тероризмот Гоце го прифаќал, но како средство на ослободителната борба, на определено место и во определено време. Затоа тој не се согласил со гемиџиите да ја изведат својата акција во толку неповолно време за Организацијата. Тој бил свесен за тешките последици од тоа, а гемиџиите се гледа;
не размислувале доволно реално за она што ќе се случи по нив.
СОЛУНСКИТЕ АТЕНТАТИ Во долгогодишниот подготвителен период за востание, кој бил исполнет со чести судири со органите на власта, Македонската револуционерна организација не се служела со динамитни атентати и диверзии по градовите или по сообраќајните комуникации. Тие биле посложени и поризични операции и за нивното успешно извршување ниту имало способен кадар ниту пак Организацијата подготвувала таков. Но, почнувајќи од почетокот на 1903 година започнале да се организираат и такви акции. Тие во прво време биле дело на врховистичките чети или на Борис Сарафов.
На 15 јануари 1903 година бил сторен обид да се исфрли од шините мешаниот воз што одел од Солун кон Деде-Агач.
Истиот ден и приближно на истото место (во близината на станицата Порој), друг воз бил нападнат со оружје. Во истиот реон, на две места и на доста, долго растојание, биле искинати телеграфските жици покрај железничката линија. Во последните десет дена од март во истиот реон пак биле извршени слични диверзии. Сите тие биле извршени од познатиот разбојник Алексо од Долни Порој, кој бил во служба на Цончевиот Врховен комитет. (Крсте Битоски, Дипломатски одгласи за Илинденското востание, Скопје 1983, 101-103.) Овие напади минале без последици.
А. Кипров, по наредба и со материјална и друга помош на Борис Сарафов, формирал специјална чета со задача во Одринско да го дигне во воздух експресниот воз. Меѓутоа, бидејќи претходно имало еден безуспешен обид да се минира пругата, турските власти започнале да обрнуваат посебно внимание врз нејзиното обезбедување. И покрај тоа, во месец март Кипров успеал со динамит да урне еден железнички мост на пругата Цариград-Виена, недалеку од бугарската граница.
(А. Кипров. ц. илустрација Илинден.)
Прва крупта и успешна динамитна акција во Македонија пред Солунските атентати била извршена од Гоце Делчев. Меѓу 31 март и 7 април 1903 година, големиот железнички мост при Ангиста (Серско) и блискиот до него тунел биле урнати. Тоа била, значи, првата повначајна акција од таков вид извршена во рамките на ослободителната борба на нашиот народ во предилинденскиот период, управена против турската власт, но истовремено и против европскиот капитал. Делчев бил мошне задоволен од успехот на оваа акција. Еве во врска со тоа што му напишал на Јаворов: “Го разурнавме кај Ангиста железничкиот мост и тунелот блиску до него. Ги прекинавме на едно место шините и на две места телеграфските жици. Се се изврши толку успешно што и најдобриот воен инженер би ни завидел. Од страна на Турците досега нема никакви движења. Кога ќе пишеш во весникот за извршеното, немој тоа да и го препишувал на чета, туку воопшто на онаа сила што се наоѓа низ целата земја под името Тајна револуционерна организација.
(Христо Андонов-Полјански, Гоце Делчв - Преписка, Скопје
1972, 178.)
И навистина, во в. “Свобода или смрт”, што го уредувал Јаворов, на 7 април 1903 година била објавена статија за настанот при Ангиста, во која стоело: “Ангиста е почетокот на судбоносниот за Турција крај во нашите борби. Тоа нека го знае султанот, нека го знае и целиот свет... Ангиста е дело на Тајната револуцинерна организација”. (Истото.)
Делчев во овој реон се задржал една недела и потоа сам заминал во Солун за да се сретне со ЦК и Д. Груев и да разговара за востанието. Во Солун планирал да остане десетина дена. Градот го напуштил непосредно пред Солунските атентати. Оваа била последната обиколка на Гоцета по родната земја.
Се случувале настани во Македонија, често и посериозни, за кои пошироката јавност, особено во Европа, никогаш не дознавала. Страдањата на нашиот народ под османска власт веќе биле “нормална” појава и за нив повеќе се пишувало воопшто отколку конкретно. Меѓутоа, на сето она, па дури и најситното, што ги засегнувало интересите на странскиот капитал, во Европа му се давало голема гласност, и дипломатските претставници во Цариград и во Македонија ги известувале своите влади телеграфски често и во подробности.
Австроунгарската влада, сфаќајќи ја мошне сериозно диверзијата извршена кај Ангиста, му дала инструкции на својот пратеник во Софија грофот Форгач да ја предупреди бугарската влада дека таа ќе биде сметана за одговорна за било каква натамошна штета од ист вид нанесена врз имотот на било која автриска компанија во Македовија. (Институт за национална историја (ИНИ), ф. 424/178-179 - Елиот до маркизот Ленсдаун, бр. 66, Софија, 8 април 1903.) Се разбира, бугарската влада немала никаква врска со она што го сторил Делчев или со она што ќе го сторат гемиџиите. Меѓутоа, големите сили, ползувајќи го фактот што Врховниот комитет сите свои акции против Турција (Македонија) ги организирал на бугарска територија, често ја прогласувале одговорна бугарската влада и за дела извршени од Македонската револуционерна организација, која со бугарската влада немала никаква врска. Точно е дека МРО ја ползувала за вооружување и за други потреби бугарската територија. Бугарската влада, иако често правела сериозни обиди тоа да го спречи, не секогаш имала успех.
Сите овие спомнати динамитни акции претставувале извесна новина за турските власти, но во никој случај не ги навестувале солунските настани. Понатаму ќе видиме дека некои од конзулите на големите сили во Солун се чуделе што Турските власти не успеале ништо да дознаат или да се посомневаат дека во градот се подготвуваат крупни настани. Уште во почетокот на април 1903 година, дваесетина дена пред атентатите, грчкиот конзул во Солун Евгенијадис го известува министерот за надворешни работи во Атина за гласовите што се шират во градот дека по неколку дена ќе бидат предизвикани безредија во македонската престолнина. Тоа требало да биде на Велигден, кој бил на 19 април.
Се шират - пишува грчкиот конзул со еден некоректен јазик -гласови дека и во самиот град Солун “Бугарите ќе извршат злосторства и со употреба на динамит” ќе нападнат цркви и ноќни процесии по повод велигденските празници, како и други јавни установи, со цел да создадат паника и впечаток дека турската власт не може да обезбеди сигурност и оти тие се господари на земјата.
Овие гласови толку упорно се ширеле што некои Евреи, италијански поданици, се обратиле до генералниот конзул на Италија барајќи заштита. Генералниот конзул на Англија, кој исто така бил информиран за “лошите” вести, се обратил до валијата молејќи го да преземе воени мерки за да го заштити градот од евентуални напади.
Во тоа време солунскиот гарнизон бил многу ослабнат, бидејќи поголем дел од војската била испратена во Косовска Митровица за задушување на бунтот на Албанците. Наредба за преземање на вонредни мерки за заштита на градот валијата имал добиено и од Цариград, каде што исто така дознале за заканите на револуционерите.
Католичката милосрдна сестра, Французинката Писи, која во Солун работела во француската болница и поради тоа контактирала со наши луѓе и ја познавала доста добро неиздржливата положба во која се наоѓало македонското население, во својот “Дневник” се прашува: “До кога ќе оди така? Нема ли да се преполни чашата на горчината? И ако стане тоа, како ќе заврши, кога овие несреќници ќе се фатат во костец со една империја? Се слушаат гласови дека денот на расплатата меѓу кутриот македонски народ и Османлиите се готви од Организацијата на 9 мај. За тој ден се планирани атентати со динамитни бомби по различни пунктови по градовите и железниците. Меѓу другите, на прво место доаѓа Солун... Оф, Боже! Како ќе сврши овој потфат, еднаков на самоубиство?” (Ioanis Notaris, Ta gegonota tis Soluns ton Aprilio tu 1903 me vasi eggrafa tu istoriku arhiu tu Elliniku ipurgiu eksoterikon – Makedonika, X, en Solun 1970, 57-58; Славко Димевски, Солунски атентатори. Од Дневникот на една милосрдна сестра.
“Нова Македонија”, 9 јануари 1961.)
Гласовите биле сфатени сериозно од турските власти. Воениот командант на Солун наредил во градот да се задржат три баталјони (2.400 души), што од Смирна биле упатени за Албанија. Англискиот конзул Билјоти се обратил до англискиот амбасадор во Цариград молејќи го, по можност, најблискиот воен брод до Солун (од Волос или од друго место) да се испрати како заштита на градот од евентуални безредија.
(Makedonika, 57-58.)
Меѓутоа, не сите верувале во тие гласови. Не верувал дури ни самиот Евгенијадис, сметајќи дека тие нарочно биле ширени за да се “тероризира” и градот Солун, а не само внатршеноста на Македонија.
Ние сметаме дека никој од македонската средина во ова време не бил заинторесиран и немал сметка да шири такви гласови.
Најмалку заинтересирани за тоа биле гемиџиите, кои сметале дека секој инцидент или заострување на ситуацијата во Солун можел штетно да се одрази, односно делумно да го провали нивниот план за акција. По се изгледа ваквите гласови во Солун се јавиле спонтано и биле во врска со диверзијата извршена од Делчев при Ангиста. Овие гласови се појавиле по динамитната диверзија при Ангиста. Веста дека револуционерните напади би биле извршени со динамит исто така може да се поврзе со динамитната акција при Ангиста. Нема сомнение, оваа диверзија, како што спомнавме, прва од таков карактер во Македонија, имала силен и невообичаен ефекг и кај властите и кај оние што за тоа дознале. Специјалните мерки (Истото, 58.)
преземени од солунската вилаетска власт за чување на железничките линии биле поврзани со случајот при Ангиста.
Специјално преземените воено-полициски мерки во Солун се покажале непотребни. Велигденските празници минале без никакви потреси, а градот го продолжил својот нормален живот. Токму во ова време гемиџиите ги привршувале последните подготовки за акција.
* Покрај Банката, гемиџиите решиле да оштетат и да потопат некои од европските бродови што секој ден доаѓале во солунското пристаниште. Се поставило прашање чиј брод да биде потопен. По извршените анализи, дошле до заклучок дека тоа требало да биде францускиот брод. При тој избор се тргнувало од претпоставка дека уништувањето на францускиот брод ќе предизвика најповолен ефект од било кој друг. Имено, Франција имала сразмерно најголеми економски интереси во Турција. Судирите и несигурноста што владееле во Македонија, според гемиџиите биле пречка за нормално користење на нејзините права и рационално експлоатирање на турските богатства од страна на францускиот капитал. Затоа француската влада била заинтересирана за воведување на реформи во Македонија, но реформи кои немало да придонесат за ослободувањето на покореното население туку само да осуетат едно општо востание. Покрај тоа, според гемиџиите, нивната динамитна акција во Франција ќе предизвика најсилен одглас.
Демократските традиции на францускиот народ и силно изразеното прогресивно мнение се сметале за извесна гаранција дека атентатите ќе наидат на поголемо разбирање во Франција отколку во било која друга голема сила. Па дури кога тие се управени против имотот на француски поданици!!
Во врска со ова прашање гемиџиите извршиле и извесни консултации. Еве што раскажува за тоа Шатев: “Јас и Мечев, додека бевме во Софија, пред да тргнеме за Македонија го прашавме еден наш Македонец, кој добро ја познаваше европската дипломатија, што мисли за нашиот план, општо земено. Тој одговори позитивно: таму е, рече тој, болното место на Европа - европските капитали. Го прашавме на која држава е најдобро да и се прави штета. Тој, откако, ни опиша како се расположени европските држави, рече дека најмногу пречат на нашите работи Русија и Аврстрија, иако се најзаинтересирани.
Ако се засегнат нивните капитали, тие пак ништо нема да направат, зашто немаат намера да ги изменат работите во Македонија. Ни го посочи за пример убиството на руските конзули. Русија можеше тие поводи да ги исползува ако имаше намера да спроведе реформи и слично. Исто е и со Австрија.
Затоа тој препорачуваше да се засегнат интересите на другите, освен на Англија, бидејќи Англпја, иако силно симпатизираше, е сама, без сојузници и според тоа нема да тргне сама.
Остануваат Франција, Италија, малата Белгија и други. Ние расудувавме дека Франција најмногу може да повлијае и да ја поттикне и Русија да дејствува. Затоа решивме да изгориме еден француски пароброд. Нашиот советник, кога стана збор за Франција, сакаше да ми каже да не ја засегаме и неа". (1.
Шатев, Солунскиот атентат, 35-36.)
Атентаторите дознале дека паробродот “Гвадалкивир" ќе пристигне во Солун на 27 април, а ќе замине следниот ден. Овој пароброд и припаѓал на компанијата “ Масажери маритиу".
Изнесувал околу 2.500 тони и патувал на линијата Марсеј- Солун-Цариград.
Гемиџиите решиле атентатите да започнат на 15 април, т.е. на 28 април по новиот стил, 1903 година. Планот составен на последното советување одржано надвор од градот бил следен:
да се потопи францускиот брод; да се минира пругата во близина на солунската станица; да се запали резервоарот за газија, од што се осветлувал градот; да се дигне во воздух Банката; да биде запален Бошнак-ан и да почнат улични борби со бомби и револвери. Прекинувањето на осветлението и фрлањето на градот во темница требало да биде знак за почеток на акцијата.
Улогите биле поделени, секој точно знаел каква била неговата задача во определеното време за акција. П. Шатев (Георги Манасов) добил задача да го потопи францускиот пароброд.
Како што е истакнато, гемиџиите биле решени да се “арчат”.
Меѓутоа, сега, кога дошло времето за “арчење”, се поставило прашање дали тоа “арчење” да биде по секоја цена. Решени да го нападнат првиот град на Македонија, напад кој можел да има несогледливи последици и за цела Македонија, имаат ли тие, гемиџиите, право да го преживеат своето дело или, согласно нивната идеологија, се должни да загинат вршејќи ја својата задача. Тоа било сериозно морално прашање околу кое не била постигната согласност. Едни сметале дека нивното дело треба да продолжи и, според тоа, корисно би било кој може да се спаси. Таков став бранеле Шатев, Бошнаков, Арсов и Богданов.
Орце, Кирков, Мечев и другите биле категорички да се гине.
“Не! - зборувале тие. – Ќе се бориме додека загинеме!” “Тие - пишува Христо Силјанов - не можеа да си го претстават подвигот инаку освен поврзан со еден дрзок гест на самоубиство. Да останат живи, тоа значи да ја затемнат величината на своето дело и сопствениот морал на борци кои на смртта гледаат со полн презир. Да посеат околу себеси смрт и ужас до дотогаш невидени размери, без да ги положат и сопствените глави - тоа беше еднакво на подлост. А што би останало од нивната гордост ако случајно паднат во рацете на непријателот? Само при апсолутна волја за смрт, делото што го започнаа можеше да смета на успех и на ефект”. (Хр. Силјанов,
255.)
Основна причина што Орце, Коста, Мечето, Илија и Владо инсистирале да се гине по секоја цена била таа што тие сметале дека со својата смрт ќе ја афирмираат повеќе борбата за слобода на својата татковина отколку што тоа би го направиле со уривањето на згради и фрлањето на динамитни бомби по солунските улици и убивањето на непријателски војници. Од друга страна тие се плашеле дека нивната акција ќе биде наполно успешна ако извршителите во исто време мислат како да го спасуваат својот живот.
Пред атентатите - пишува Шатев - ние вака размислувавме: Ние немаме орган за да ја пропагираме својата реформаторска акција, па сметаме дека е корисно за делото ако можеме и по атентатот да останеме живи за да можеме да го продолжиме делото. На тоа мислење бевме јас, Милан Арсов и Бошнаков.
Напротив, Мечев, Кирков и Орце беа на мислење задолжително да завши со тоа и нашиот живот. Ние предложивме да не извршиме наеднаш се, туку постепено, едно по едно, а Банката најпосле, зашто целта беше да ги направиме несигурни европските капитали. Мечев и неговите другари одговорија оти ништо не ни гарантира дека по првиот обид нема да бидеме фатени, дека немаме динамит и слично. Затоа тие беа на мислење да не преземаме никакви мерки за, да избегаме, зашто треба заедно со атентатот и ние да загинеме. Така и направија.
Јас не бев согласен со тоа - да загинеме. Тие сакаа да се постигне по можност поголем ефект. Не можев да ги одвратам од тоа”. (П. Шатев, 53.)
Се било готово, се очекувало само да пристигне паробродот.
Гемиџиите овие последни денови од животот ги поминувале шетајќи се низ новиот кварт “Пиргите” во дискусија и размислувања за успехот и ефектот на нивната акција.
Во тоа време Тодор Органџиев во Велес примил телеграма од Солун со следнава содржина: “Сите пари што ги имате, испратете ги, Шурков фалира”. Органџиев го продал оризот со кој бил пренесуван динамитот од Кочани и сите пари што ги имале телеграфски биле испратени во Солун. Но, добил нова телеграма од Солун. “Шурков пропадна, земи ги назад парите”.
(Т. Органџиев, 122.)
Тоа било 3-4 дена пред атентатите. На гемиџиите, за првпат откако пред неколку години започнале да се подготвуваат за атентатите, не им требале пари.
Случајот сакал Шатев да се зафати со извршувањето на најризичната задача, но задача која во исто време нудела и извесни шанси да се спаси ако сака да остане жив. Од сите гемиџии Шатев бил најпогодна личност за уништување на “Гвадалкивир”. Тој имал пасош и бил “странски” државјанин и според тоа единствено тој можел легално да се качи на паробродот. Го познавал и францускиот јазик, што исто така можело да му биде од корист.
На определениот ден “Гвадалкивир” пристигнал на Солунското пристаниште со задоцнување од неколку часа. Другиот ден утрото Георги Манасов со куфер в раце со пајтон тргнал кон пристаништето. Во куферот имал долна облека, “Клетници” од В. Иго на француски јазик и, се разбира, повеќе пакетчиња убаво завиен, распореден, но и добро замаскиран динамит. Едно од тие пакетчиња било поврзано со фитилот кој бил така поставен што, во случај ако се укаже потреба, при претресот да може со цигара за миг да се запали и брзо потоа да експлодира.
Откако му бил прегледан пасошот и запишано името во регистарот, Манасов го однел куферот на преглед во царинарницата. Го носел сам за некој од амалите да не направи
“забелешка” за тежината. Прегледот на куферот бил извршен површно и брзо и, тукуречи пред самото тргнување на “Гвадалкивир”, Манасов се нашол на неговата палуба. Сите негови другари, освен Орце, кој бил дежурен во визбата на бакалницата, седнале во близината до пристанишната кафеана за да му мавнат на Шатев за последен пат и да видат како ќе започне да се остварува нивнотодело.
Во паробродот му била доделена кабина во втора класа, која била над нивото на водата. Да се предизвика експлозија на овој дел од паробродот значело само тој да се оштети. Меѓутоа, целта била бродот да се уништи. Време за многу размислување немало. Паробродот тргнал и почнал да ја зголемува брзината.
А требало диверзијата да се изврши што поблиску до пристаништето. Од малите пакетчиња динамит Шатев направил еден пакет, го подготвил за експлозија, го завиткал убаво и излегол од кабината да бара адекватно место. Меѓутоа, насекаде каде што отишол се наоѓал над морското ниво. Значи паробродот не било можно да се оштети на подлабокиот дел за да потоне. Тогаш Шатев решил да најде погодно место што поблизу до машините и тука да предизвика експлозија. Ако не друго, барем да предизвика пожар. Во даден момент, кога во ходникот, во негова близина немало никој и кога паробродот се уште не го имал напуштено пристаништето, Манасов го запалил фитилот и брзо потоа се чула силна експлозија.
Конструкцијата на бродот не била многу оштетена, но започнало да гори машинското одделение.
Настанала ужасча паника. Патниците се прашувале “Што станало?” и преплашени трчале лево-десно без да знаат каде одат. Паробродот започнал силно и продолжително да свири, давајќи со тоа знак дека е во опасност и дека бара помош. На патниците им било речено да се качат на палубата. Наредбата на капетанот на бродот била да се спасат луѓето и нивниот багаж, а другата стока, како и добитокот, требале да останат.
Биле спуштени чамците за спасување, а од пристаништето веднаш пристигнале два воени чамци, а потоа и многу други.
Сите патници и морнарите биле префрлени во чамците. Битката се водела за спасување уште на неколку члена од посадата што се нашле во долниот дел на бродот и постоела опасност да изгорат. Пламенот се повеќе го опфаќал бродот а патниците во чамците, до пред малку обземени од ужасен страв, сега со љубопиттност гледале и коментирале. Меѓу нив преовладувало мислење дека пожарот бил резултат на прскање на парните котли на бродот.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/solunskite-atentati/10 le 29 octobre 2026