Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Macedonians Through the Whirlwind of the "Red" Waste

ВТОРАТА ФАЗА ПРИЗНАВАЊЕ ОД КПГ. ТРЕТАТА ФАЗА - Part 01

Par Стојан Кочов · Partie 2 sur 17 · Environ 20 minutes

Lire en English

ВТОРАТА ФАЗА: ПРИЗНАВАЊЕ ОД КПГ. ТРЕТАТА ФАЗА:

ЗАФАТИ ЗА НЕЈЗИНОТО ЛИКВИДИРАЊЕ ОД СТРА НА КПГ.

Авторот, Евдокија Фотева - Вера, со овие свои ставови, донесе не само двојна вистина со нејзино лично толкување и нов образ на историските настани низ призмата на „револуционерност и чесен комунист”, туку и со став како идеолог на масовното движење, кое за прв пат се случи кај нас Македонците.

Што пишувана официјална историја за овие фази: Д - р Ристо Кирјазовски во книгата „Егејскиот дел на Македонија по Граѓанската војна во Грција” на стр. 135, вели:

Во развитокот и дејноста на НОФ разликуваме два периоди:

1. - Период кога беше раководен од КПЈ – КПМ (1945 – 1946) и

2. - Период кога беше раководена од КПГ (1946 – 1949).

Значи, за сега имаме две пунудени „реалности”. А што ни зборуваат фактите и аргументите (од руските, југословенските и грчките воени ахиви), но и од автори кој беа истакнати активисти на НОФ и АФЖ, и од борци во ДАГ, ќе ги проследиме во оваа студија која има за цел да се расветли историјата на Македонците под Грција.

КОЈА БЕШЕ СУШТИНАТА НА НОВОТО МАСОВНО ПОЛИТИЧКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ТОКМУ ПО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА И ОД КОГО БЕШЕ ИНИЦИРАНО? ВО ШТО Е ТАЈНАТА НА СТРАТЕГИЈАТА НА ПОРАЗОТ ВО ТАА ВОЈНА?

Значеше ли тоа, со ЗАВЕДУВАЊЕТО НА НАРОДНИТЕ МАСИ (невидена демагогија) - ново пресуредување на македонскиот простор и Македонците под Грција?!

Но, сепак разврската во историјата на македонскиот народ под Грција, ќе биде долг и мачен процес. Секој барем малку писмен историографски аналитичар веќе ја насетува вистината дека за нас Мекдонците Граѓанскат војна не беше револуција и продолжување на ИЛИИНДЕН, не беше македонска револуција, затоа што ние Македонците не раководевме со двата основни столба на таа војна:

1. Политичкиот (идеолошкиот столб) бидејќи ние немавме луѓе во централните органи на КПГ, туку цело време се расправавме со локалните партиски комитети на КПГ.

2. Военополтичкиот (воено командниот столб) бидејќи ние Македонците не раководевме со воените акции, но и ниту располагавме со такви луѓе кои поседуваа високи воени познавања.

Во последните години, официјалната историја завзема се по реален став спрема фактите. Токму тоа го потврдува Р.

Кирјазовски, во најновата книга види: „Македонците и односите на КПЈ и КПГ”, стр.218, тој сега пишува: „...И покрај тоа што повеќе од една третина од силите на ДАГ беа составени од Македонци, во ГШ, во обласните штабови и во окружните единици на ДАГ, немаше ниту еден Македонец. Од вкупно 125 произведени полковници на ДАГ, немаше ниту еден Македонец, Во Привремената демократска влада и нејзините институции, до април 1949 година, Македонците не беа преставени. Ист случај беше и во ЦК, ПК и во окружните и околиските комитети на КПГ.” Значи, така говорат фактите, а НОФитите и АФЖитите ( како партиски војници ) на македонскиот народ му пропагираа дека ние Македонците во Граѓанската војна преставуваме ВОЕНО – ПОЛИТИЧКИ ФАКТОР!?

Многу е нечесно и злонамерно да не се прави сосема јасна разлика меѓу она што се случуваше во развојните фази на НОФ и АФЖ: раководени од КПЈ и КПГ.

Фактите, говорат, дека по масовните насилно мобилизации во Македонија во единиците на ДАГ беа регрутирани повеќе од 16

– 17 илјади Македонци и тие преставуваа повеќе од 60% од вкупната бројка на активните борци во Демократска армија. Но треба да се знае дека повеќе од 12 – 14 илјади служеа надвор од етничкиот дел на Македонија, т, е низ цела Грција и тие немаа никаков допир со организациите НОФ и АФЖ. Сите тие борци, немаа никакви можности: ниту да зборуваат на македонски, ниту да запеат, ниту да се организираат во некакви македонски асоцијации.

Ете како, кај Македонците идентитетот се губаше и исчезнуваше.

Тогаш, како да се објаснат таинствените патишта на црната политика, на злото, за масовното турнување на Македонците во тој пекол, посебно на македонската жена, во Граѓаска војна, која на Македонците му донесе искоренување?

Но, секој паталец се прашува: зашто овој автор (како и другите досега), не кажа дали таа војна за нас Македонците беше револуција или измама? За какво македонско прашање се зборува по Втората светска војна? Чии беа тие високи политики што ги спроведуваа НОФ и АФЖ? Македонски…!? Или на тугинците им ги реализиравме своите строги определби (со Букорешкиот договор 1913) спрема македонското прашање и Македонците, за ново планирано пресуредување до фаза на геноцид.

Со овој труд, авторот ни покажа дека направи ЕМОЦИОНАЛНО ПРОЧИСТУВАЊЕ - КАТАРЗА, и останува да живее со чувство дека ја победивме историската неправда -дека ние Македонците со НОФ и АФЖ направивме „ПАРЧОСУВАЊЕ НА ПРАНГИТЕ” (види: весникот „Незаборав” од 14 мај 1994 година), но од изнасеното се гледа дека тоа нее КРИТИЧКО ГЛЕДАЊЕ НА ИСТОРИЈАТА. Не доволно ја познавла глобализацијата на светската идеологија, пред Втората светска војна и по неа, или смислено не сака да признае дека НОФ и АФЖ се најдоа во менгемето на КПГ и КПЈ и чекореа преку тенка нишка (токму по моделот на идеологизацијата спроведен во практиката по Втората светска војна во Македонија под Грција). Особено: КПЈ и КПГ ширеа лажен оптимизам за националните интереси на Македонците во Грција. Во годините од 1944 - се до 1948 година ги држеа Македонците во контролирана конфронтација оневозможувајќи им во животот да решат многу национални битни прашања за опстанок, не за водение војна.

Авторот, повеќе зборува за последиците од Граѓанската војна, а не за причините. Не покажа веродостојни знајби за причините на Граѓанската војна, за духовната и идеолошката поделеност на Македонците и за тој период на време кога државите се најдоа под влијание на разни политички сфери (глобализација-световна идеологија) и тука се раѓаат прашањата кои следат и бараат одговор, токму од Евдокија Фотева - Вера - лидер на АФЖ. Со проблемите изнесени во оваа книга, Евдокија Фотева

- Вера, ни покажува дека не изградивме вредносен суд за тој период од нашата историја. Нашата потреба е вистината за тој период, не за да го прикажеме минатото во светлина и да го исправиме, туку да не дозволиме во иднина да ни се повтори.

Ете тие се и основни причини што ме определија кон иследување на настаните со добри намери за сестрана оцена.

Треба уште еднаш да се потврди дека, како прво ова книга е потполно автобиографска во смисла на позицијата КОЈ КАЖУВА И КАКО КАЖУВА (раскажува, прикажува, докажува со нужна потреба за личното - емоционално прочистување)? Изнесувајќи ги проблемите од последиците, многу сериозно и убедливо различните аргументи со една фантастична уверливост во Партијата и борбените дејања, не убедува дека таа била света работа… Но, современата цивилизација се базира на способноста и доблеста да се кажува се и ништо да не се смета за толку свето, за да неможе да биде критички изанализирано. Но, очевидно и факт е, авторот наш, спаѓа меѓу многумината тврди комунисти и го брани своето непоколебливо марксистичко становиште: „Кога ќе го слушне зборот капитализам - монархофашизам, веднаш го фаќам пиштолот!” Тоа значи дека била и останува толку политижки и идеолошки ориентирана дури и по 55 години остана со ненадминато страотно обременување со тешко наследство од 20

- от век, т. е „Векот на крајностите” што ги доживеавме ние Македонците. Затоа, денес кога пред нас (ние сите што ја преживеавме несреќата) ја имаме оваа книга, стои деликатна работа: реално да ги процениме причините и критички да ги процениме последиците од тие четири години исполнети со ненадмината бруталност, терор - геноцид.

Токму за овие и многу други прашања (кои се со умисла засенчени од повеќе автори кои беа од истиот ранг во Граѓанската војна и од официјалната македонска истрориографија), е една и останува како основа од најделикатните работи да се објасни ФЕНОМЕНОТ НА НАШАТА ПОДАНИЧКА СВЕСТ.

Исто така, многу се манипулира со ставот „Јас сум стар комунист и треба да имате посебна почит”, но одма се поставува прашањето: Дали комунистите Македонци во КПГ се бореа за самостојна независна и обединета Македонија? Но, исто така се поставува прашањето, дали тие можеа? Но, прашањето е што авторот на книгата „До пеколот и назад” се појавува како партиски идеолог и со нејзините интерпретации и сознанија наметнува како единствени вистини, прикажувајќи се, притоа, како единствен „поклоник” на вистината. Но, со тоа врши „запечатување на фактите и прави доста искривени коментари”.

Ако основните принципи врз кои се засновуваат нациите/државите се: територијалниот, државниот, историското и културното минато, етничкиот, јазичниот и на крај економскиот принцип, тогаш Македонските Комунисти како членови на КПГ практично спрема нивните прифатени програми, се откажаа од принципите: територијалниот и државниот. Тоа им беше наложено од КПГ, бидејќи таа се бореше исклучиво за територијалниот и државниот суверенитет на грчката држава и затоа остануваа (прифатени и неприфатени) само принципите: етничкиот и јазичниот, а исто така и историското и културното минато на Македонците. Што значи, сето наше (само) жртвување беше за една минимална програма што ја нудеше КПГ, посебно:” по 15 мај 1943 година кога во Москва, на иницијатива на Ј.В.Сталин е донесена одлука за распуштање на Комунистичката интернационала (Коминтерна), со што формално е признато правото на самостојно решавање на секоја комунистичка партија. Види:

„Историја на македонскиот народ”, Скопје 1988 година, страница 345.” ТАЈНИТЕ НА ЈУГОТ ЗА ЈУЖНИТЕ МАКЕДОНЦИ ВРЕМЕ Е ДА СЕ РАСТАЈНАТ.

ПОЛА ВЕК ГО ЧЕКАМЕ МИГОТ НА ПРЕИСПИТУВАЊЕТО, една вистина заробена во вечна тајна, но фактите говорат дека во егејска Македонија, злото не паднало од небото. Значи, цели 55 години ни се сугерираше дека треба да бидеме внимателни (спрема оние кои не турнаа во Граѓанаката војна), зашто токму тие луѓе ја создадоа македонската држава. Или ако ги обвинуваме и ги негираме тие луѓе, ќе сме ја негирале и македонската држава? Ова нели личи на историско назадувае?

Но, колку и да е болна вистината, таа треба да се каже во име на идните генерации кои не треба да бидат оптоварени со тешките идеолошки товари на минатото.

Во моето истражувание сакам да ги отворам сите прашања кои досега немаа никаква надеж да добијат одговор.

Поаѓаки од тоа ако знаеме зошто сме претрпеле пораз, тој може да стане многу значаен, ако од него ја извлечеме корисната лекција.

ВО ОВА ВОЕНО ИСТОРИСКА – ПОЛИТИЧКА СТУДИЈА 3 ЗА ПОГУБНИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ОД ФЕНОМЕНОТ НА ПОДАНИЧКАТА СВЕСТ, никого не бранам, оти не сум ни адвокат и суд. Јас не критикувам, туку го поствувам вистинскиот проблем, а работите ги гледам реално. Моето долгогодишно истражување за КОРЕНИТЕ НА ЗЛОТО, односно, сакам да се реставрира развојот на националната историја - посебно за Македонците под Грција. Кој ги намами Македонците под Грција во идеолошкито ГУБИЛИШТЕ?! Во кое се исчезнува, се губи глас, човекување - право и надеж за повторно враќање.

Но, морам да го кажам и тоа: одмна не ги сметам за историографи тие што својата вистина ја соопштуваа само тогаш кога се совпаѓа со таа на власта. Јас само сакам да кажам во какво страшно, трагично време сме живееле, а никои од македонските политичари не сака да каже: кои го донел злото во егејска Македонија. Како во едно време на лажни критериуми, комунистичката идеологија доминираше над разумот и македонскиот патриотизам се извалка со космолитизмот. Во вистинскиот пекол на Граѓанската војна, македонските раководства на НОФ и АФЖ треба да се знае дека тие беа: ЛИДЕРИ СО ПОЛИТИЧКА СТРАТЕГИЈА КОЈА НЕ ГЛЕДА ПОДАЛЕКУ ОД ЗАДУТРЕ, македонскиот народ го изведоа на слепиот пат и самите тие заталкани во бурјаните на примитивноста со идеолошка заслепеност, а македонските села и народот беа ставени под „бодликава жица”. Македонците во 3 Моето долгогодишно истражување има за цел да открие: кој помогна (одмогна) на Македонците под Грција по поделата (1913), да си ги сочува (напушти) многувековните цивилизациски традиционални вредности на етничкиот простор и да се се дојде под ударот на тотален геноцид.

таа масовна психологија беа натерани во режим чие мото беше:

„Во егејска Македонија (во македонските села) во кои владееа НОФитите и АФЖитите не смеело да се има Македонци кои се против нив, тие би биле нечесни Патриоти. Во таквата супер идеолошка позиција, јавниот простор ја губеше својата цел.” Последиците беа катастрофални за опстаникот на Македонскиот народ. Македонското семејство беше разбиено:

мажите членуваа во НОФ, жените во АФЖ и младинците во НОМС. Со тоа семејството беше лишено и од патријаххалност и од матријахалност. Беа максимално ангажирани во агитационите пунктови за иднината што ја креираа НОФ и АФЖ преку директивите еднаш од КПЈ и потоа од КПГ.

Народот вели, секое време, свој сон. И своја илузија. Евдокија Фотева - Вера, како и нејзините соборци - раководители на НОФ и АФЖ, доживеале многу соништа и многу илузии. За секој се е чуено и видено. Ама неразбрано. Прашањето е колку до сега сакавме да чуеме, колку да разбериме од сите оние наши лидери - секој си го толкувал кажаното на свој начин. Тоа се случува и со Евдокија Фотева - Вера. Но, ако не се соочиме со реалноста на минатото, нема да бидеме многу среќни во иднината, дури и во средината на македонскиот народ во Р.

Македонија.

Низ анализата ќе проследиме еклактантни докази за отсуството на македонската свест за нашето коленичење. По директивите на Тито, Темпо и Колишевски се поведувавме како полтрони, пред Захаријадис и Маркос изигрувавме сервилни итромани, дури сами сме се заборавиле. Намамени, заитавме кон ветената „иднина”, сме си ја заборавиле сегашноста. Едно е сигурно точно: сме оставиле обемно досје на „Здодевна историја”.

Ете така со години и децении, и во емиграцијата, но и во сегашноста живееме со страв да не ги навредиме тие што ни го нанесоа злото. А ние Македонците, великодушно и искрено ја прифативме нивната парола и со години крваревме. Таа парола во Граѓанската војна, ни имаше станато „рак рана” викајќи, ќе се бориме до смрт: „Да го победиме Англоамериканскиот фашизам”.

И кој знае уште колку години, ќе се расфрламе со недоквакани ветувања колку што сакаме но, ние Македонците еднаш за секогаш треба да сфатиме: дека имавме (и останува во нас да го имаме) невидливиот водач кој ни го покажува патот кон човековата несреќа. А ние уште и ден-денес живееме со паролата:

„НАПРЕД ВО БЛИСКОТО МИНАТОТО! ЗА “ГОЛЕМИТЕ ВАЗАЛСКИ ПОЛИТИКИ” И „УСПЕСИ” ВО ГРАЖАНСКАТА ВОЈНА!!?” Македонците под Грција, членувајќи во редовите на КПГ, минаа низ три карактеристични фази.

Но, пред да ги анализираме фазите едно принципиелно појаснување: Ако основните принципи врз кои се засноваат нациите/државите се: историското и културно минато, територијалниот, државниот, етничкиот, јазичниот и на крај економскиот принцип, тогаш македонските комунисти како членови на КПГ, практично според прифатените програми, се откажаа од двата принципи: територијалниот и државниот.

ПРВА ФАЗА: Првиот дел од кариерата на авторот доброволно зачленување во редовите на КПГ и прифаќање на нејзинта програма и платформа. Политичкиот рејтинг на КПГ, односно левите сили во земјата (Грција) на парламентарните избори се движел како следи: на 7 ноември 1926 година КПГ добила 41.

928 гласови или 4, 38% на 19 август 1928 година добила 14. 325 гласови или 1, 41% на 25 септември 1932 година добила 58. 229 гласови или 4, 97%, а на изборите одржани на 5 март 1933 година добила 52. 958 гласови или 4, 44%.

Не може секој да одговори на тешкотиите и на бурите кои го пратат членот на една таква партија. Деца на работничката класа, деца на иднината, на борбата, деца на непоколебливоста и издржливоста и на херојските потези, само такви можат да бидат членови на партија.

Авторот Евдокија Фотева - Вера, ни кажува дека членувала во КПГ и се борела во воените редови на ЕЛАС и ЕАМ. Таа, тоа го смета за патриотска должност и дека го застапувала ставот за решавање на „Македонското прашање во Грција” 4 Каков бил ставот на Комунистичката партија по македонското прашање?

Во политиката на КПГ по однос на македонското прашање се карактеристични пет периоди:

1. Период на формирањето на КПГ (1918 - 1924 година);

2. Период од „Обединета и независна Македонија” (1924 - 1935 година);

3. Период на„Полна рамноправност на Македонците во рамките на грчката држава” (1935 - 1949 година);

4. Период(на манипулирање) на Обединета и независна Ммакедонија во Балканска федерација (од јануари 1949 - 10 март 1949 година);

5. Период на полна рамноправност на Македонците (од 1949 -

1988година);

6. Период на непостоение на македонско малцинство

(Македонски народ во Грција) се до денес.

4 Почетокот на македонското прашање некои западни дипломати го датираат од 1870, кога Русија ја принуди Турција да дозволи формирање на посебна бугарска справославна црква - Егзархија, со контрола врз деловите од турската провинција Македонија. Други, го застапуваат мислењето дека тоа прашање датира. од 1878, кога на Берлнскиот конгрес било извршено ревидирање на Санстефанскиот договор кој Русија и го наметнала на Турција по Руско - Турската војна. Со Сан - стефанскиот договор Бугарија ги добила границите што ги исполнувале бугарските национални соништа, и бил доделен целиот дел од Македонија под Југославија, вклучувајќи ги и Врање, Костур, Лерин, Острово и еден мал дел од Егејскаот Море, западно од Солун. на Берлинскиот конгрес Русија се откажала од Санстефанскиот договор, со што Македонија била вратена во рамките на Турција. (Види:

Документи; Велика Британија и Македонија. (1944 - 1945).

Развојот на ставовите се мануваа како се менуваше етничкиот состав на населението. Имено:На шестиот конгрес на КПГ, во декември истата 1935 година, го потврди и утврди, според партиското издание ТО ККЕ АП ТО од 1931 - 1952, со следните изрази: „Ваквата промена не значи откажување од марксистичко - ленинистичкиот принцип за самоопределување на нациите… Населението во грчкиот дел на Македонија денес е грчко во своето мнозинство (тоа го велат по донесувањето на 660 илјади маџири и протерување на околу 80 илјади Македонци. По таквата промена ние Македонците во Грција од вкупното население од 10 милионско население преставувавме само 3,%) и марксистичко - ленинскиот принцип за самопределување бара во денешните услови старата парола -линија да се измени!” (с. 74). Истото и во весникот „Ризоспастис” е даден коментар и се вели: „На шестиот конгрес на КПГ во 1935 година, како ображложење за сменувањето на политиката за обединета и независна македонија, “мнозинството” всушност го прифатило аргументот на “малцинството” дека по големите миграциони движњња меѓу Грција и Бугарија и Турција, грчкиот елемент во егејскиот дел на македонија е во мнозинство и затоа отфрлувањето на политиката за обединета и независна Македонија би било неопходно”.

Еве уште едно конктретно објаснение на основната теза во комунистичкото движење:

„Комунистичкото движење, поради еден суштински ленински историски дискунтинуитет, решавањето на националното прашане не го става врз принципиелна основа (секогаш да одговара на интересите на поробената нација), туку врз тактичка основа (да одговара на т. н класни интереси што секогаш одговараа со државните интереси на доминантната нација) и со тоа во суштина се негираше правото на самоопределување на народите”.

Значи , највисокиот плафон што го гарантираше КПГ беше:

„Полна рамноправност на Македонците во рамките на Грција” и ништо повеќе, другите настојувања се покажаа дека биле јалови и БЕСМИСЛЕНИ ИЛУЗИИ за влегувања во било каква заедничка борба (посебно во Граѓанската војна кое се покажа дека тоа е една голема измама).

Зарем, тешко е да свати дека со овој нов став КПГ својата политика по националното прашање ја стави и подреди во служба и интерес на грчките национални и државни интереси.

Со тој акт на Македонците од егејскиот дел на Македонија им беше скратено правото да ја обединат својата борба со борбата на Македонците од другите два дела на Македонија за национално ослободување, обединување и државно конституирање.

Значи „Братските”, комунистички партии (бугарската - КПБ, југословенската - КПЈ и грчката - КПГ) не биле толку недоветни да не подржуваат за да одделат дел од својата проширена државна територија, со македонски дел.

Туку, конкретно, нашата борба за извојување на малцинските права беше ограничена во грчката држава.

Дали во програмата на ЕЛАС 5 не имаа нас Македонците?

5 ЕЛАС - ЕЛАСИТИ (припадници на оваа војска се викаа „андартес“ - што кај Македонците асоцираше на злогласните дела против македонскиот народ од постилинденскиот период на грчките андарти организирани и вооружени во Грција и испраќани во Македонија со нож да го шират грчкото влијание.

На 6 април 1941 година во истовреме Германија изврши напад против Југославија и Грција и сега во Грција се јави нов господар, со нови фашистички погледи, а на 27 септември истата година е формирана организацијата ЕАМ (Народноослободителен фрона на Грција) и го повика целокупното население на Грција на отпор против фашизмот и за таа цел на заедничкиот состанок на ЦК на КПГ, бараат да се организира ЕЛАС (Грчка народноослободителна војска) и дури на 15 февруари 1942 година се појавуваа воените единици на ЕЛАС - Еласити. Во Костурско беше формиран првиот одред на ЕЛАС на 7. 12. 1942 година и сочинаваа 10 Македонци, 7 Грци и двајца власи. ЕЛАС во цела Грција броаеше околу 70.000 борци, но на 16 јули 1943 година, раководството на ЕЛАС и шефот на англиската воена мисија, полковникот Еди Маерс потпишаа спогодба со која се потчинува грчката команда на ЕЛАС под англиската команда за Блискиот Исток, а на 12 февруари 1945 година, во Варкиза е потпишан договор со кој пректично левицата(КПГ и ЕАМ) и ја предаде власта на десницата во Грција.

Да ја проследиме:

Програмата на ЕАМ (Национален ослободителен фронт, формирана на 27 септември 1941 година главно се состоеше во следното:

А) 1.Прогонување од земјата на германско-италијанскиот и на бугарскиот окупатор;

2. Воспоставување на интегритетот на Грција;

3.Самоопределување на Кипар, Додеканезите и северен Епир. А каде сме ние почитувани Еамити? и

4. Стратешко регулирање на северните граници на Грција

(значи им требаше уште малку македонска земја на овие сојузници). Види: весникот “Махитис”, орган на комитетот на ЕЛАС од 10 февруари 1944 година, во коментарот: ЕАМ е националното прашање. Зарем и досега уште да не знаеме, дека во програмата на ЕАМ апсолутно ништо не се предвидуваше за нас?

Б) Програмата на ЕЛАС (Грчката народноослободителна војска, формирана во Румели-како партизански одреди, на 15 мај 1942 година со исти цели, бидејќи тоа е решено на заедничкиот состанок со ЦК на КПГ и ЕАМ). Прогласот е упатен до граѓаните на Грција и до бившите офицери на грчката армија, познати по својот буржуааски сталеж, а ние Македонците за нив бевме само “Славофони”, никакви борбени сојузници, туку пак само живи војници, како и нашите татковци во претходните војни. Ние, за тој период можеби погромко ја пеевме “Емброс ЕЛАС гиа тин Елада...” и ништо повеќе. Но,има уште еден непобитен факт за секој што бил ЕЛАСИТИН, и не треба да заборава дека дал свечена заклетва.

Тие наши комунисти, стапувајќи во редовите на КПГ и на ЕЛАС ја потпиша следната обрврска: Види: заклетвата на Еласитинот во која гласи дека: ќе се бори за ослободување на татковината -Грција и за заштитата на интегритетот на грчкиот народ…

Второто заколнување:

ЗАКЛЕТВАТА НА ЕЛАСИТИНОТ: “Се колнам дека ќе се борам до последната капка на мојата крв за потполното ослободување, стабилноста и независноста на Грција. За зачувување на интегритетот на грчкиот народ и воспоставување поредок и ред на основните човечки права. За оваа цел ќе се починам на дејствијата и решенијата од наредбите на ПЕЕА и ќе ги извршувамсовесно и дисциплинирано, сите наредби и упатства од претпоставените и ќе ја одбегнувам секоја постапка што ќе ме прави недоверлив како личност и како борец спрема грчкиот народ”).

Во тој период на време, ставот на комунистичката партија на Грција бил неизменет: „На Третиот Пленум на ЦК на КПГ во март 1935 година, на место ставот: право на самоопределување до отцепување од Грција, односно обединета и неазависна Македонија, усвои нов став: Целосна рамноправност на малци -нствата во рамките на грчката држава... за какво македонско прашние се борат Македонците кои стапија доброволно во КПГ и во ЕЛАС?!

Положбата на Македонците во Костур и костурските села во Втората светска војна по окупацијата на Италија.