Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Macedonians Through the Whirlwind of the "Red" Waste

ЗВУКОТ НА ВОЈНАТА - Part 01

Par Стојан Кочов · Partie 6 sur 17 · Environ 20 minutes

Lire en English

ЗВУКОТ НА ВОЈНАТА:

Настани кои покажуваа промени во политика и првите чекори кон пеколот на Граѓанската војна.

- Факти и аргументи:

За доказ дека злото не паднало од небото - туку и нашата приказна е дел од овие конфликтни балкански состојби

1. Со заповед на Ј. Броз - Тито Број 236 од 2 април 1945 година.

Првата егејска бригада е расформира.

2. Можеби им дала повод тогашната изјава на Тито во Москва:

Во Москва на 26 април 1945 година, Маршал Тито даде изјава за “Њујорк тајмс” во која вели: “Ако Македонците од грчките области изразат желба да се обединат со другите Македонци, Југославија ќе ги почитува овие нивни стремежи.” Види:

Југословенско - советски договор за пријателство е склучен на 11 април 1945 година, во Москва, и ФО 371/48388/7762.

3. Од официјалната историја: Формирањето на македонските организации: НОФ, АФЖ и НОМС не сомнено имаа политичка цел, пишувана од Ристо Киријазовски (1966/181) ја открива „вистината” и ја остава како информација, но од друга страна ја турка тезата дека водевме револуција, а не измама со создавањето на НОФ, АФЖ и вели дека биле раководени од КПЈ/КПМ од периодот во времето (23 април 1945- 14 октомври

1946).

Секој што чита историја и тој што посакува да знае, лесно ќе открие колку сме грешиле ние Македонците во нашето (само)

жртвување, односно колку и зошто сме ја потхранувале и не сме можеле да ја согледаме трагедијата на Македонците под Грција?

Време е македонската историја да ги разоткрие игрите на „големите ледери, државници и нашите занесени ороводци” и македонскиот народ да дознае:

КОЈ ГО АКТИВИРА „МАКЕДОНСКИОТ СИНДРОМ” ЗА НАШЕТО (САМО) ЖРТВУВАЊЕ ВО ГОДИНИТЕ (1945 -

1949) НА ГРАЖАНСКАТА ВОЈНА!?

Зошто? Затоа што Граѓанската војана е најтрагичниот настан на Македонсците од егејскиот дел на Македонија и ги прави луѓе без корен и кај сите е всадено чувство на оттугеност.

Многу авторитативно ќе беше, како ледер на АФЖ; главен и одговорен агитатор за мобилизација на македонската жена, ако за овоа прашање проговореше и авторот Евдокија Фотева -Вера, но и таа ги одмина овие релеванти историски прашања и не упати: во уште една магловитос во тие настани дека тоа бил некаков период на ИЛЕГАЛНОСТ, а не објаснува зошто прибегнале на ОПЦИЈА НА ВОЈНА, кој му годеше исклучиво на тугинците. Што значи досега не е речено ништо: која им била намерата и страетшката цел на оформените Народноослободителните фронтови и која им била платформата на НОФ и АФЖ.

Но, да видеме како се оформи НОФ, АФЖ и НОМС, раскажува еден од основачите Павле Раковски: “Автобиографија (моите страдања), АЕА издавачи, 2000/ стр. 341: “ Кон средината на април 1945 година добив порака од Џоџо Урдов. Веднаш да заминам за Скопје. Отидов. Политичката комисија веќе беше распуштена. Наместо неа, при ЦК на КПМ во Скопје, на 23 април се конституира, односно се формира Народноослободителен фронт-НОФ на Македонците од Егејска Македонија (без конференција и избори, по пат на кооптација).

Паскал Митревски 13 добил одврзани раце да одбере уште четворица и да го состави централниот раководен орган-петчлено Биро. Ме повика и само ми го соопшти тоа. Ме праша за мислење. Кои четворица други, освен него, мислам оти треба 13 Паскал Митревски од должноста секретар на Политичката комисија на Македонците под Грција, по решењние на ЦК на КПМ на почетокот на февриари 1945 година замина за Белград со цел да ја посетува тримесечната партиска политичка школа, која беше организирана од ЦК на КП на Југославија. (види: Паскал Митревски и неговото време 1912 - 1978. од Т.

Мамуровски 1992 година.

да влазат во ова Биро? Му ги предложив следните. Георги Урдов-Џоџо, Ило Димаков-Гоче, Наум Пејов и Махаил Керамиџиев.

Ми заблагодари и отиде. А Бирото го состави вака Паскал Митревски, Георги Урдов-Џоџо, Михаил Керамиџиев, Танас Коровешов и Павле Раковски.

Јас веќе споменав дека Митревски високо стоеше пред моите очи поради довербата што му ја укажуваше партиско-државното раководство на СР Македонија. Го ценев и почитував едноставно и отворено. И тоа, ми сечини одлучи, за мојот избор во највисокиот раководен орган на НОФ.

По првата седница, петтемина тргнавме да ги удриме темелите на НОФ на терен: Во Костурско, во Леринско, Воденско, Ениџе-Вардарско и Серско…” ДАЛИ КРВАВАТА ПРИКАЗНА ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА ПОЧНА СО ИЛЕГАЛОНОТО ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗЛОТО ОД ОРГАНИЗАЦИИТЕ - НОФ И АФЖ!?

(Заробеници на поданството - пола век, една вистина заробена во вечна тајна).

Што се случи со оформувањето на НОФ и АФЖ во Скопје под раководството на КПМ/КПЈ?

Дали НОФ и АФЖ, можеби несвесно по налог на тугинците направија увоз на „револуција” во егејска Македонија!? И токму на тој простор од НОФ и АФЖ беше применет стариот добар принцип:„Ако не си со нас, тогаш си против нас”.

Ќе каже ли некој, конечно, кој донесе решение за таквата катастрофален потфат!?

ИМАШЕ ЛИ НОФ ВИЗИЈА КАДЕ ОДИ?!

Ќе има ли доблест да каже дека таа одлука беше погрешна и трагична политика за Македонците под Грција?

Таа туѓа филозофија, всушност и го наметна многу чувствителниот груб тест низ личноста (обичниот селанец) со идеолошко насилно определување, но и стигматизирање на оние кои беа не определени или беа против таквиот апсурд на сенародни фронтови. Сето тоа се покажа дека: ТОА БЕШЕ СМИСЛЕНО СКЕНИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТ СВЕСТ ВРЗ ЦЕЛОКУПНОТО МАКЕДОНСКОТ НАСЕЛЕНИЕ, А ТОА ГО ДОБИЈА ВО ПРВИОТ ПЕРИОД ОД 23 АПРИЛ 1945 ГОДИНА ДО ОКТОМВРИ 1946 ГОДИНА.

Факт е дека тоа беше време, кога се помалку го посакувавме минатото. И враќањето назад. Македонската свест за себеси, за својата реалност беше целосно свртена кон идеолошкиот активизам. ТОА БЕШЕ И АЛИБИ ЗА ДОУНИШТУВАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА. Тугинците посакуваа пак да не турнаат во преграткита на колонистите (кои токму тие беа на чело на КПГ, на ПБ на ЦК, на ГЛАВНИОТ штаб на ДАГ и ЕАМ). Се беше зајазделено. Болно, јадовито и се нишанеше токму во нас Македонците.

РАЗВОЈОТ НА НАСТАНИТЕ ВО 1945 ГОДИНА И СОЗДАВАЊЕТО НА ОРГАНИЗАЦИИТЕ НОФ, АФЖ И НОМС, НИЗ ПОЛИТИКАТА НА КПМ/ПКЈ ЗА ОПТИМАЛНОТО ОМАСОВУВАЊЕ НА ЦЕЛОКУПНИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД ВО ЈУЖНА МАКЕДОНИЈА (Хаотична неизвесност на македонските перспективи.Низ многу фурии, со многу потреси. Влеговме до драматични услови. Настан за паметење. Голем исчекор во (не) познатото:

23 април 1945 година, беше ден (време) на асиметрични и болни судбински обрачи. Народот никој и за ништо не го прашува. Измамен. Разочаран тргна по леснозборците)

ШТО НИ СЕ СЛУЧУВАШЕ? ЗОШТО И ОД КОИ ПРИЧИНИ СЕ РАЗВИВАШЕ СТРАТЕГИЈА ЗА „МАСОВНА ОДМАЗДА”?

Значи, создадовме: НОФ - народен фронт на мажите!? НОМС – народен фронт на младината и АФЖ - Антифашистички народен фронт на жените!? По овоа, во Егејска Македонија за ништо друго не се зборуваше освен за политика. Беше создадена таква клима што како никој да нема време да ги согледа другите проблеми, освен политиките и претераното агитирање - до таков степен што на оптовареност што народот стана политички збрлавен.

Зошто Грците немаа оформено сличен фронт за грчките жени, туку дури на 23 октомври 1948 година во селото Рудари – Преспа оформија ПДЕГ (Сегрчки демократски сојуз на жените), но не Антифашистички фрон!? Лидерот на АФЖ - Евдокија Фотева - Вера, одамна требаше да ја образложи идејната платформа, за таквата масовна мобилизација на македонската жена, која доведе до обездетување и обезмакедончување на македонската куќа и токму од тогаш почна да се пишува историјата на црната судбина на македонската жена.

Против кого? Кои беа отспротива на фронтот? Која ни беше целта на борбата? Политичките пораки, ни беа ли јасни? Дали тоа беа туѓи апсурдни творби за колективни халуцинации:

„Советизација на Балканот”? „Балканска федарација”?

„Обединета Македонија”? Но, зад таквите потфати, ниту Сталин, ниту Тито во тој период на време не ја посакуваа таквата реализација. Сите овие теми во изминатиот пола век беа најмногу експлоатирани од луѓето со пројугословенски став, и вршеа замаглување на вистинските политички воени зафати и проблеми. Но, по разгорот на Граѓанската војна се покажа дека приоритетно им стана „Разрешување на проблемот со малцинските прашања помеѓу Грција и Југославија?” Но, нели беше редно да се запрашат лидерите на НОФ и АФЖ:

Зошто истото не го направија и другите поголеми малцинства во Грција, како што се: Турците, Власите, Арнаутите и други?

Или тие нама позади нив некој да ги потурни во хаосот?

Посебно е неасно: Антифашистички фронт на жените!? За фашизамот на 9 мај беше прогласено дека е победен. Зошто токму од македонската жена (само од егејскиот дел на Македонија) сега се бараше да отвори таков фронт? Дали и грчките жени оформија таков фронт? Одговорот е: НЕ!

Требаше ли лидерот, конкретно, авторот на книгата „Од пеколот и назад” на македонските жени кои беа турнати во пеколот на војната, да им даде одговор?

Зошто така спонтано како гром (рофија), како дамла од небото, така масовно, така фронтално, се создаде таква невидена семејна револуција?! Таков невиден апсурд во цивилизираниот свет?!

Моделот за масовното учество во политиката, беше применуван во Големите револуции уште од 19 век, поврзан со принципот на суверениот народ да ја стави на практичната проверка мобилизација на народните маси. Европејците по Втората светска војна, беа исцрпени од таквите циклуси на мобилизирање кои за помалку од половина веќе им донесе материјални лушувања, толитаристички идеологии и 50 милиони жртви. Но и десетици милиони емигранти и незадомени луѓе и за нив и за човечката цивилизација веќе овој историски модел беше исцрпен.

Впрочем, тоа го подврди и грчката историографија дека услови за масовна оружена борба во Грција реално не постоееја.

Демократските сили, по четиригодишната војна со окупаторите (Германија и Италија), не беа подготвени за една уште потешка потешка борба. Поголемиот број од тие активности уште на почетокот повеќе претпочитаа да одат во затвор и да во логори, отколку да се борат во планините. Од ДАГ отсуствуваа лужето од градот, дури и од приградските населби, отсуствуваа учесниците на ЕЛАС и на движењето на отпорот. ДАГ, во своите редови успеа да евидентира околу 24 – 25,000 борци, и тоа не на доброволна основа, туку по пат на присилна мобилизација, и тоа од селата. Товарот на борбата, главно падна врз Македонците, каде што старо и младо, жени и мажи , беа вклучени во борбата токму по заслугите на НОФ и АФЖ се одело од оган во оган без милоста на бога.

Но, не е објаснето зошто и како од НОФ и АФЖ е применет „Моделот за масовното учество во политиката” токму во егејска Македонија над населението кое претставуваше 3% од вкупното во 10 милионско население во Грција? НОФ и АФЖ, уривајќи ги сите брани, трескавично се инфлтрира во секојдневниот живот на поединците правејќи од секој од нив субјект - или пион во колективната игра. Ако знаеме дека по завршувањето на Втората светска војна, особено во периодот на таканаречената студена војна и жестоката идеолошка конфронтација меѓу Исток и Запад, поимот комунизам добива нагласено идеолошко значење. Имено, во публицистиката, па дури и во политичките науки во западните земји, особено во САД, тој термин почнува да се употребува како синоним за сталинизмот како систем за политичка диктатура и терор, но и со значење на субверзивен и заговарачки дејствувања и движења. Во рамките на тоа се употребуваше и изразот

„светски комунизам” за да се означи тукуречи секое движење кое настојуваше да ги наруши постојните економски и политички интереси на големите западни земји. Така, изразот комунизам се претвори во пропагандна флоскула. Се беше во заштита на новиот режим во Грција и нашето стигматизирање е токму од тогаш, па се до ден - денес и проблемот со името, а ние Македонците не сакаме или неможеме да го сватиме.

Каква и колкава беше високата цена на Македонците од масовната политика?

Прво, големиот број на жртви во Граѓанската војна е цената што е платена на една таква масовна политика.

Второ, со крајот на војната изгубивме еден голем сегмент на сопствениот идентитет: се раслој и обездети македонското семејство, се обезмакедончи македонската куќа и македонското село и се отворија незапирливите миграциони процеси за консолидација и канализирање на личниот живот во нови услови, надвор од родниот крај.

И, на крај, како да му се објасни на македонскиот народ дека обединета Македонија е предадена.

Отсекогаш, се поставуваа прашањата:

1. Дали со чинот: оформувањето на НОФ, АФЖ и НОМС, по Втората светска војна, сами не сме ја предизвикале кобната судбина на македонскиот народ под Грција?

2. Дали со познатите спротиставени политики и практики на комунистичките парти (Југославија, Бугарија и Грција) спрема макеонското национално прашање, идеолошки токму во оваа Граѓанска војна со умисла ни го ангажираа “македонскиот синдром” и не доведоа до: Македонецот-спроти Македонецот?

По ова идеолошка збрка, за нас Македонците настана фатална дезорганизираност на македонските позиции.

3. Значи, ако досега сме го познавале:

а) македонското движење со бугарска етничка историска- тенденција;

в) македонското национално движење со македонска етничко историска- тенденција, сега по Втората светска војна се јавува и б)македонско движење со пројугословенска историска- тенденција.

Големиот политички превид што ни се случуваше пред нашите очи во 1945-1949 година, всушност, беше најтрагичен. Тоа беше особено време, во кое не само македонската историја ќе забележи дека ретко кој народ во историјата како нашиот самиот си ја посакувал толку злокобно својата несреќа.

Долги години иследувајќи го целото ова прашање (создавањето на НОФ и сите маки кои доаѓаат оттаму, што неможевме да бидеме сами со својата македонска правостојност), произлегуваат две клучни прашања:

Прво: како ова наше прашање (борба) им го покажавме на светот, конкретно на Големите сили, и нашата улога и визија со македонска опција во Граѓанската војна?

Второ: како ние -Македонците, самите гледавме на ова прашање и дали низ целиот период на Граѓанската војна, бевме уверени дека ја остваруваме токму македонската опција?

Или, можеби ја почитувавме ленинската теза дека, комунистичкото движење, на националното прашање гледа, како на тактичко и во основа одговара на интересите што секогаш одговараат со државните интереси на доминантната нација, во нашиот случај на Грчката. Тогаш се поставува прашањето: Зошто така не пропагираа НОФИТЕ и АФЕЖИТКИТЕ, па ќе бевме сведоци на една сосема друга ситуација, а можеби и не ќе доживеевме таков национален пораз.

Трето: Зошто едно такво витално и национално прашање (големи жртви, изгубен македонски географско-историски простор и. т. н) не е третирано во интегралната македонска историја, туку како секторска- “Егејската”, а таквата не може да има рамен третман во изучување и презентација на националната историја.

Се до 1945 година македонскиот народ под Грција имаше цврсто духовно и национално единство. Постарите Македонци и нивните деца и внучиња живееа со ист дух, и го негуваа македонскиот национален идентитет и единствени на таа стратегија, значи македонскиот човек, како стратегија за опстанок го прифати: “Културното затворање и затворањето на поединецот во идентитетот и во заеднијцата-македонска”. И, НОФ и АФЖ, токму на таква почва најдоа доверба и во масите и станаа доминантни господари во пропагирањето на политиката што ја диктираа:

КПМ/КПЈ од 23 април 1945-до т. н “Братство и единство” до 21 ноември 1946 година. (Токму по овој чин настанува иронијата и многу елегантно КПМ/КПЈ, си ги измија рацете од Македонците под Грција и ги оттуѓи како робови. Но, да ја проследиме ова добро позната историска приказна).

Сведоштва:

Види: “ДОКУМЕНТИ - за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава” Том втори.

ДИРЕКТИВИ ОД ГЛАВНОТО РАКОВОДСТВО НА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНИОТ ФРОНТ ДО ОКРУЖНИТЕ ПОВЕРЕНСТВА НА НОФ.

Септември 1945 г.

Да се рашири нашиот НОФ секаде каде што има Македонци во секое село, во секој град, квартал, колиба и земеделска куќа.

Нити еден Македонец, Македонка или Македонче да не остане надвор од НОМС, АФЖ, НОФ и надвор од нивните влијанија.

(стр. 721-722-723)

ПАРОЛИ НА НОФ, АФЖ И НОМС СО „СТРАТЕШКИ ДИРЕКТИВИ” ЗА „МАСОВНА ОДМАЗДА”. СЛОБОДАТА САМО ДОАЖАШЕ, НО НИКОГАШ НИКОЈ НЕ ЈА ДОЧЕКА Уште на 22 Ноември 1945 година, покажуваат многу воинствено истрчување и тоа една година пред официјално да се објави Граѓанска војна во Грција:

„Ниту еден Македонец не треба да се најде надвор од антифашистичките организации НОФ и АФЖ”.

Напред! (Но сега не со паролата): „Тито - Лазо - Партија!”, туку со „Сталин - Захаријадис - Партија!” Само така организирани ќе можеме да го уништиме фашизамот и да ги добиеме нашите права и право на полно самоопределување.”

“Напред. Сите Македонки во Антифашистичкиот фронт на жените (АФЖ) за целосно уништување на фашизмот, за нашата слобода, за нашите права”. Викавме, како да ги раскинуваме ропските сиџири.

Викаше и македонската жена организирана во Антифашистичка организација АФЖ заедно со лидерот Евдокија Фотева - Вера.

Напомена: цел свет знае оти на 9 мај 1945 година беше прогласена тоталната победа над фашизамот, а по се изгледа дека нашите пароли беа излитени или погрешно позајмени.

Несериозно кон нашите добри македонски селани од Костурско, Леринско, Воденско и. т. н кои бескрајно им веруваа

- на валканите пароли - како на свои синови, оти, ако тоа го правеа Грците, нашиот човек не ќе беше влезен во тој геноциден зафат.

Народот и денес ги знае кои се тие луѓе (кои го натераа да биде еуфорично среќен). Тие луѓе не беа малку вредни, и јас ги почитувам, оти нивната заблуда беше убава, но беше заблуда.

Заблудата беше прекрасна, си го сакаа својот народ, од тоа немаше поубаво, но тие го сакаа на погрешен начин, го уништија: го натераа да се саможртвува, обездетија, обездомија и го фрлија по светот за никогаш да не може да се врати. А тие наши политичари од НОФ и АФЖ станаа-апсолутни губитници, смешни и збунети во сибирските тундри.

Значи, ете како македонскиот народ се најде (стоеше) вџасен и разгромен пред овој последен, судбински повик, затоа што знаеше дека со дипломатски трампи изчезнаа неброени Македонци, а сега се бараше од нив масовно учество за да бидат сомлени во т. н револуција, односно како ја нарекуваа активистите на НОФ и АФЖ: продолжување на Илинден.

Народот вели: “За да верува некој во мене, морам да кажам нешто во што јас верувам”. Како да се најде одговор зошто овие наши луѓе нофити и афежити, толку многу им веруваа на тугинците?! Веруваа во војна со нејасна македонска цел. А ако се постави прашањето ‘Зошто им веруваше македонскиот народ на НОФ и АФЖ, а не на КПГ’, тоа прашање е доволно апсолвирано. Народот велеше: “Нашчи се…. “ и дури толку им веруваше македонскиот народ, дека токму тие ја гледаат реалноста на македонскиот национален идентитет па е потребносамо во една таква војна да влеземе и да не има што помасовно. Но, во целиот тој кобен модел на тугинците, единствена неизвесност беше и остана само неизвесноста…

Како што подоцна грчката влада и КПГ, отворено ќе кажат, Тито имал “завојувачки планови против грчка Македонија”

(исто, с. 205), а преку НОФ, односно со помош на НОФ “ќе ја присоедини-анектира Егејска Македонија” (исто, с. 271).

КОИ БЕА ВСУШНОСТ НАШИТЕ СОЈУЗНИЦИ ВО ГРАЖАНСКАТА ВОЈНА?

Одговорот е: Никој! Па дури ни КПМ, бидејќи и таа беше целосно потчинета на КПЈ.

Значи, македонски нихилизам, грешки, поданство и реки крв, но да се вратиме на фактите:

За нас - Македонците како полувековен проблем е што не е докажано со каква национална стратегија на 23 април 1945 година се создадени во Скопје организациите:НОФ (Народно ослободителен фронт), АФЖ и НОМС за Егејскиот дел на Македонија, надвор и независно од КПГ и од било каков политички субјект во Грција кој повеќе од година делува и се раководи од КПМ/КПЈ (Евдокија Фотева - Вера го опишува како ИЛЕГАЛНОСТ) и Програмската 14 цел на НОФ и АФЖ, 14 Организацијата НОФ (дури во 1946 година ја донесува оваа програма се разбира корегирана, а каква програма имаше 1945 година нее позната но, највероватна усмена била.) и си ги поставила следните задачи:

1. Непомирлива борба на Македонците од егејскиот дл на Македонија за извојување на своите национални и социјални права;

2. Афирмација на македонскиот национален идентитет;

3. Актуелизирање на македонското национално прашание во политичкиот живот на Грција;

4. Организирање отпор против теророт и геноцидот што го наметнаа и плански го спроведуваа грчките реакционерни власти врз македонското население;

5. Јакнење на националното едеинство на македонскиот народ;

6. Разобличување на автономистичката активност на приврзаниците на Ванчо Михајлов и разбивање на нивната шпионска мрежа во овој дел на Македонија, кои како агент на англоамериканските диверзантски центри се бореа против националните права на македонскиот народ;

7. Разобличување на англоамериканските планови, кои имаа за цел егејскиот дел на Македонија да го претворат во база за шпионска и субверзивна дејност против НР Македонија и цела Југославија како и против сите балкански народни републики;

8. Јакнење на братсвото и единството помеѓу македонскиот народ и грчкиот народ и заедно со сите прогресивни сили на Грција, Македонците да се борат против заедничкиот непријател;

им беше: да се борат за извојување на националните права и правото на самоопределување на Македонците под Грција. За остварување на таа стратешка цел, беше применета и оружена форма на борба, за што раководството на НОФ по неколку дена,односно на 28 април 1945 година реши да формира македонски партизански единици. (Види:Кирјазовски,

1995/202)

Се поставува прашањето: Како сето тоа ќе го оствареше НОФ и АФЖ? Кога повеќе од јасно е дека еден дел од македонскиот субјективен фактор, не беше на ниво на барањата и целите на македонското национално-ослободително движење.Тоа се потврди зашто неуспеа да се соочи со многу сложните проблеми, што ги создаваа внатрешните и надворешните фактори. Ниту беше во можност да ги процени нивните сили, а уште помалку стратешките интереси и планови. Зошто до сега никои од тие стратези во НОФ, КПМ и КПЈ не дадоа одговор?

Зошто секој од учесниците во таа војна, остана да си ги поставува прашањата:

а) Ќе беше ли во состојаба НОФ и АФЖ да го оствари самоопределувањето во една новосоздадена положба во Македонија под Грција со извршената етничка промена на населението од 1924 - 1930 година, кога преку 660 илјади доселеници - колонисти беа населени на македонска земја и со тоа грчката држава од Македонците направи малцинство?

Ќе требаше ли некој од НОФ и АФЖ да ги праша тие доселеници дали би сакале да живеат во некаква балканска федерација, или со тоа ние-Македонците си правевме непријатели од овие луѓе. Но, се поставува прашањето дали тие како комунисти Македонци реагираа, на таквите акции од грчката влада. Тогаш, на тоа прашање (менување на етничкиот

9. Организирање на борбата на македонскиот народ за премостување на вештачкиот јаз Македонците од сите делови на Македонија, особено со НР Македонија, која претставува “Пиемонт” за целото ослободување и обединување на македонскиот народ.” Види: во органот на НОФ за Егејска Македонија “Билтен”, бр. 9, од 15 март 1946 година.

состав на Македонија) гледаа како на правено и хуманост спрема тоа население?

б) Дали НОФ знаеше ли дека скоро тие колонисти се на чело на левите сили во Грција како ЕАМ и КПГ(кои не немаа во своите програми- С. К) како Захаријадис, Парцалидис, Иоанидис, Маркос и други,и како можеше да очекува поддршка за таквата оптимална програма за самоопределување на Македонците?

в) Зошто тоа го прави сега кога тие истите членови на НОФ, како учесници во редовите на ЕАМ и ЕЛАС не им даваа да добијат никаков политички субјект во годините на антифашистичката борба и зарем имаа заборавено дека беа прогонети кога побараа национални права и беа наклеветени и анатемисани како автономисти, сеционисти, комитаџии и славофони?

Развојот на силите на НОФ и АФЖ и политиката на КПМ/КПЈ за оптималното омасовување на целокупниот македонски народ.

Значи, ако политичката стратегија и тактика на Маркос била за не омасовување на вооружениот отпор и тоа со искусни борци од ЕЛАС, тогаш каде да ја бараме логиката на таквите политички процеси. Тоа што го правеше НОФ со невидено галопирање во омасовувањето на македонците селани:

Нофитите и афежитите користеа една комбинација на политичка демагогија и сентиментална манипулација со селаните.

Така се формира таа наша позната искривена симбиза: лажни верувања и очекувања - рамно на ветувања.