Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Macedonians Through the Whirlwind of the "Red" Waste

ВЕСТ НА ВЕСНИКОТ ПОЛИТИКА - БЕЛГРАД И НОВА МАКЕДОНИЈА – СКОПЈЕ

Par Стојан Кочов · Partie 15 sur 17 · Environ 18 minutes

Lire en English

ВЕСТ: НА ВЕСНИКОТ ПОЛИТИКА - БЕЛГРАД И НОВА МАКЕДОНИЈА – СКОПЈЕ

(23 август 1992)

Тито ги „смрзнал” егејските Македонци.

Со таен, но траен сојуз со Грција и НАТО и, по Титов налог, пред 42 години, Југославија прифатила во наредните децении да не го поставува прашањето за судбината на егејските Македонци во северна Грција.

Образложење: „Во летото 1950 година, Тито реши дефинитивно “да го реши грчкото прашање” постигнувајѓи спогодба со својот стар воен соработник Фицрој Меклејн. На Бриони Меклејн стигна во јуни 1950, и тоа како неслужбен преставник на британската влада. Тој беше подготвен и овластен, во случај на поволни резултати од разговорите, на Тито да му понуди противуслуга. Ваквиот договор беше постигнат во најголема тајност. Британската страна го одржа ветувањето и на Југославија и испорача помош во вредност од 30 милиони фунти стерлинзи, како и заем од 11 милиони фунти стерлинзи.” АРХИВ НА МАКЕДОНИЈА Во февруари 1953 година во Анкара се водени тристрани разговори за формирање на Балкански Пакт за пријателство и соиработка по меѓу Грција, Југославија и Турција.

Во август 1954 година се дополни и се стави во сила со потпишувањето во Блед (Југославија) за воен Сојуз помеѓу трите потписници.

Балканскиот Пакт од 1953 гтодина беше еден момент како подршка на Југославија од заканите што и беа упатувани од земјите на комунистичкиот лагер и затоа не траеше многу. Така во 1961 и трите земји оценија дека Балканскиот пакт стана мртво писмо.

Но, со потпишувањето на Балканскиот пак имаше и разбирливи последици спрема македонското прашање, бидејќи Југославија на Грција и направи отстапки на Грција и тоа: го распушти „Сојузот на Македонците од Егејска Македонија” и затвори (ликвидира) пропагаторскиот весник „Глас на Егејците”.

ВЕСТ: НА УТРИНСКИ ВЕСНИК – СКОПЈЕ Факсимил од обелоденетите документи на ЦИА: CONTINUING SATELLITE AND TO THE GREEK GUERRILAS. CIA HISTORICAL REVIEW PROGRAM RELEASE IN FULL – Central Intelligence Agency:

Тајните документи на ЦИА за Тито, Југославија и за Граѓанската војна во Грција .

Наслов:– Судирот Тито - Сталин ги оставил на цедило Македонците во Грција.

Какви биле процените на ЦИА за Македонија и за реалациите меѓу Белград и Софија.

Наслов:–Независна Македонија голема закана за Тито за време на Инфорбирото.

Депортација: Доколку, се соочи со сериозна закана во текот на 1949 година од формирање на македонска држава,Тито би можел да организира масовни депортации на Македонците во други делови на Југославија, анализира ЦИА во својот извештај за Македонија во 1949 година.

„...Серијата документи на ЦИА, кои се однесуваат на Граѓанската војна во Грција, датираат од 1946 до 1949 година и тие даваат една нова конотација на случувањата од тој период.

Американските разузнувачки информации недвосмислено покажуваат дека тогашна Југославија и Македонија како дел од федерацијата, активно учествувале и го помагале герилското движење на северот на Грција. Подоцнежното откажување на подршката и поразот на комунистичките герилци, ЦИА во најголем дел ја припишува на судирот меѓу Тито и Сталин.”

(8 и 9 август 2005)

Кој треба да даде одговор за историјата на егејска Македонија која стана земја на несреќни луѓе со црна судбина? Луѓе -жртви, без историја: ни во матичната историја на Македонците, ни во грчката историја на своите соборци. Педесеипетгодишна амнезија: за предавствтото спрема Македонците - кои беа изманипулирани, излажани и продадени! За овие 55 години светот се измени, а ние останавме неми набљудувачи.

Повеќе од половина век си ги поставувам прашањата: Зошто КПМ - меѓу КПЈ и КПГ - ги жртвуваше Македонците под Грција? Зачудува однесувањето на официјалната историја и државна номенклатура пред светот, како да немаме факти и аргументи дека сме постоеле и дека постоиме?

Зошто КПМ дозволи НОФ да се најде во менгемето на КПЈ и КПГ и во положба да ја брани логиката на безумието и одеше по работ на бричот.

Зарем КПМ не знаеше дека НОФ на КПГ и направи не проценлива услуга, но не помалка на КПЈ. Значи , фактите бесмислено говорат дека хаосот во егејска Македонија, бил испланиран поради нечии стратешки интереси и потреби и целите на НОФ и АФЖ од 23. 4 1945 - 16. 10. 1946 биле диктирани однадвор.

Значи, не е потребна голема мудрост и аналитичка способност па да се заклучи дека на овој начин се создавани услови за легален прогон на македонското населние организирано во овие организации. Злосторството не може да се сокрие. Уште потешко е тоа да се заборави.

Дека: КПМ - МЕШУ КПЈ И КПГ - ГИ ЖРТВУВАШЕ МАКЕДОНЦИТЕ ЛЕГАЛИЗИРАЈЌИ ГО ГРЧКИОТ ПРОГОН НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА.

Зарем неможеше да согледа дека идеолошкиот активизам на туѓинците, се ширеше како малигно заболување на душата, кај Македонците под Грција во годините 1944-1950 година...

Зошто ја отфрливме алтернативата која не би била помала славата ако непријателот го победевме со ненапуштање на вековниот стремеж за зачувување на сопствениот исконски македонски простор - нашето прадедово парче земја и компактноста на македонското население во Македонија под Грција?

За на крај: знам дека сме виновни за нашиот пораз, оти ние не се спротивставивме кога можевме и кога требаше. Јас со години се обидувам да бидам крајно коректен во презентацијата на информациите (историските факти) што ги поседувам и ги објавив во книгите „Идеолошкиот активизам над Македонците под Грција”, „(Само) жртвувањто на Македонците под Грција” и „Билет во еден правец” но ... останува едно големо НО!

Искрено се надевав дека авторот на книгата „До пеколот и назад”, ќе дадеше одговор на одредени прашања за причините -СТРАТЕГИЈАТА НА ПОРАЗОТ, а не за последиците од таа трагична војна.

СОБОРЦИ, ПРИЈАТЕЛИТЕ И НЕПРИЈАТЕЛИТЕ На крај, авторот Евдокија Фотева - Вера зборува за непријателите и пријателите од висок ранг од кои како лидер на АФЖ добивала директиви.

Мошне тешко е „идеолошки” да ги дефинираме. Тие беа комунисти, националисти, големогрци, миротворци, демократи, а ќе ги променеја и сите други идеологии само што повеќе да се зацврстат мало азијадските Просфиги во Македонија.

Во поглавјето „Поразот на Демократската армија” стр. 21.

Евдокија Фотева - Вера дава оценка: „...Генералниот секретар на ЦК на КПГ Захаријадис, по паѓањето на Вичо, велеше:

“Грамос ќе биде гробница на монархофашистите”. Меѓутоа, по бројните жртви, ако не се повлечеше ДАГ во Албанија, ќе се случеше обратното, на што подолго работеше лично тој со неговото Политбиро со сменувањето на докажаните воени стратези со таканеречениот “Закон за Врховниот воен совет”, кога му е одземена командата на генерал Маркос над ДАГ, поставувајќи нови “воени стратези” без потребно соодветно искуство”.

А/ Маркос - генерал или злосторник? Во еден број на грчкиот весник „Та Неа” и „Епикера” што се печати во Атина, беше објавена информацијата за средбата во Атина на генералот Маркос со генералот на владината војска на Грција во времето на Граѓанската војна, Цакалотос. При таа средба двајцата генерали се ракувале и од се срце се прегрнале, а Цакалотос му рекол на Маркос: „Вака требаше да се ракуваме уште пред да почне Граѓанската војна за да спасиме многу животи”. А генералот Маркос му одговорил: „Навистина, поради мене загинаа многу луѓе, но не треба никогаш да се заборави дека направив едно големо дело за иднината на Грција:смислата на борбата беше во тоа што ги протеравме Славомакедонците од северниот краеви на Грција, со цел Македонија, да остане грчка. “ Види: „Нова Македонија”, од 25. 02. 1992.

Значи, со ова што вели Маркос, во Граѓанската војна ние Македонците се боревме за да ја изгубиме Македонија под Грција!? Тој, значи , преставувајќи ни се како комунист не лажеше!? Па произлегува дека Генеролот Цакалотос и како човек и како воин е по хуман жали за жртвите. А ние во историјата се отепавме да пишуваме славопоики за генерал Маркос кој се покажа дека водеше наше истребување во самите редови на кои му служевме.

Кој е генерал Маркос?:

Од двајцата Средноазијадци кои не поведоа во Граѓанската војана, со мамката на КПЈ/КПМ ( НОФ и АФЖ) дека ќе ни создат нов свест се:

Едниот се викал Никос Захаријадис, роден во Андријануполис во 1903 година.Завршил високо образование. Се самоуби како робијаш во градот Соргун во Сибир 1973 година. Другиот се викал Маркос Вафијадис, роден во село Тосије во 1906 година во Мала Азија. Завршил четврто одделение. Во Граѓанската војна (1945 - 1950) Захаријадис го избра и го направи генерал и претседател на привремената влада за еден ден и кога сака да го потроши. Тоа го стори во 1948 година, го прогласи за болен го суспендира и го прати во прогонство, во градот Пенза СССР.

Тие за време војната градејќи го “новиот свет” сурово газеа врз достоинството на Македонците, ги валкаа нивните национални чувства и упорно го негираа македонскиот национален идентитет. На крај не отпоздравија...

Потоа следеа:

Годините на валканите пароли Силата на црвената бура Мрачните мисли на идеолошкиот активизам Изгнаници со порабена судбина.

Неоти има фајде што сега народот ги нарекува натрапници...

Б/ На Конгресот во мај 1987 година на прес конференцијата со грчките и странските новинари, во септември 1988 (скоро година дена и потоа) во Солун генералниот секретар на КПГ, Харилаос Флоракис, конкретизира, односно кажа отворено зошто на Конгресот зазеде таков став. Имено, на односното прашање од новинарот на „Месимврини”, Флоракис, меѓу другот рече дека: „Во оваа пригода сакам да кажам дека за нас, за нашата Партија, македонското малцинство не постои!” (Вечер, од 5 ноември 1988, с. 9).

В/ Кој е Никос Захаријадис? Никос Захаријадис е роден на 27 април 1903 година во Одрин (Адријануполис). Источна Тракија.

Татко му бил вработен како службеник - експерт во француската трговска компанија за тутун „Рези” со седиште во Цариград. Никос захаријадис од 1911 - 1912 година живее во Скопје во населбата Ибни Пајко, каде неговиот татко работел во преставништвото на споменатата компанија „Рези”. Во Скопје Захаријадис заоди на училиште. Во 1913 година се преселува во Солун. Во 1922 и 1923 година како морнарски работник допатува во Советскиот Сојуз, каде се зачлени во КПСС. Во 1924 со размена на населенијата меѓу Турција и Грција, семејството Захаријадис се преселива во Грција. Во 1924 година го посетува познатиот комунистистички универзитет за народите од Источна Европа КУТВЕ во москва.

Никос Захаријадис бил лидер на грчкото комунистичко движење и генерален секретар на КПГ, од 1936 година до 1956 година. Захаријадис упорно го култивираше во редовите на КПГ култот и сета доверба во апсолутната непогрешност на КПСС и на Сталин, факт,како што и самиот призна, многу скапо го плати грчкото комунистичко движење, грчкиот и македонскиот народ и самиот тој. Се самоуби како робијаш во градот Соргун во Сибир 1973 година.

На 2-от Пленум на ЦК во февруари 1946 година, Захаријадис под убедително влијание, дека условите покажуваа оти е време да се “помине во вооружена борба”.

Од овој став се дојде и до трагичноста во Граѓанската војна, која по неколку успеси, западна во безизлезна положба и постепено глибеше и помина во најразорната фаза, со катастрофално рушење на силите од Левицата.

Во август 1948 година, Захаријадис го смени од главен командант на ДАГ генерал Маркос Вафијадис, познат со својот став (стратегија и тактика) дека вооружената борба треба да се развива во мали ефикасни партизански воени единици. Не фронтално.

Захаријадис, со смената на Маркос, ја презеде целокупното командување и настојуваше да створи вооружни едници на ДАГ за фронтална борба и тактика против националната армија на Грција, која беше 10 пати поголема и потпомогната од Америка.

Во август 1949 година, на фронтовите Грамос и Вич, ДАГ е скоро уништена и повекето од борците поминаа во емиграција во источните земји. Захаријадис, по таквата нова положба, западна во уште низа поголеми грешки , кои имаа како последица на целокупното лево движење. Тој изјавува и вели:

“Поразот, беше едноставно мала “починка” - здив и припремание на ДАГ.

Глас на востаничкото радио: ЗА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ИНФОРБИРОТО

„На 4 ноември 1949 година грчкото востаничко радио ја пренело официјалната изјава на ЦК на КПГ, за причните на поразот на Демократската армија. Во неа , покрај останатото, било истакната: „Од денот кога Информационото биро на комунистичките и работничките партии го разоткри Титовото издајство, бандите на слугите на империјализмот започнаа се повеќе отворено да ја поткопуваат тешката нерамномерна борба на грчкиот народ. бандата на предавниците и дезертерите се востанови во Скопје и под раководство на белградската клика, организираше дезертерства од Демократската армија. Тито не лиши од потребните резерви. на крајот, не само што и дозволи на монархофашистичката армија да ја употреби југословенската територија за да ја нападне Демократската армија на Кајмакчилан, туку, исто така, дозволи неговите сили да не нападнат зад грб во текот на борбите на Вичо”.

Вукмановиќ - Темпо, во својата книга„Како и зошто народноослободителната борба во Грција доживеа пораз”, на стр. 77, „Инволвирањето на Југославија во грчката револуција било толку големо што КПЈ се почувствувала обрзана да изнесе анализа за неуспехот на револуцијата. општиот заклучок бил дека КПГ не успеала поради тоа што недвосмислено не ја признавала македонската нација и што била сосема претпазлива во превземањето воени акции, особено откога генерал Маркос бил сменет “под лажен изговор”.

Захаријадис како Генерален Секретар на ЦК на КПГ, претседател воениот Совет на ДАГ. Зборувајќи за проблемите на поразот на ДАГ, на 13 Конференција во 1950 година рече:

“Ако од порано го знаевме ставот на Тито, дека ќе биде таков, ќе размислевме дали да го земеме оружјето и да војуваме во Граѓанската војна.” Тој исто продолжи со обвинувањата и вели: “НОФ беше создаден од Тито и Колишевски... Неговото основачко и раководно јадро беше составено од титови агенти од типот на Митревски Керамиџиев, Гоце, Раковски, Вера и други, со единствена цел да ги унапредат интересите на Белгратските раководители во егејска Македонија... Да го користат славомакедонскиот прашање за остварување на нивните националистички планови-присоединување на Егејска Македонија...” Тоа го напиша Захаријадис, и беше усвоено на посебното советување на Македонските кадри на КПГ, разгледано и прифатено од Полит-бирото на ЦК на КПГ. Така грчката страна гледаше и ги разбираше работите. Види: ТО ККЕ 1918-1952, стр. 271, а го цитира и Павле Раковски во книгата 2000/347.

Од малата продукција на историографските трудови, остава впечаток трудот на Аргити КОВАЧИ - мајор во ДАГ „Непокорен докрај”, книгоиздателството МИ - АН, Скопје,

2005. Стр. 75. Тој пишува: „...Во Румели (Грција) ги загубивме сите одреди не за да ослободиме територии, туку да си го обезбедиме делничниот леб. Никаде во светот некое друго ослободително движење не се случи да има такво неурамнотежено раководство и таква неспособна команда.

Итриците се погрижија да станат водачи, да имаат истакнати функции, да се кријат и добро да уживаат. Многу од нив и денес седвижат високопоставени, зборувајќи за борби и жртвувања. Срамота! Затоа не позеде лошото. Вистината ќе блесне кога ќе прозборат и ќе напишат обичните борци, кои согореа во пеколниот оган на Граѓанската војна. Авантуристи, фалбаџии, никаквеци како маркос, Гусјас, Вландас, војнички неписмени - и тоа беше неуспехот на ДАГ. Се разбира, најголемата вина ја носат Захаријадис, Барџиотас и други од полтичкото раководство. Крајот на Граѓанската војна се овенча со опустошување на Корештата (Костурско), на Преспа, на реонот на Вичо. Да не постојат веќе големи села во Корештата.

Се се опустоши !... Десетици илјади загинати на боиштата, стотици жртви на воениот суд во Лерин. Зошто не одите да ги откопате коските на осумстотини и педесетте (850) жртви во масовната гробница што се наоѓа надвор од Лерин? Грција загуби и уште многу ќе губи ако не престане да го прогонува населението во Западна Македонија во грција и ако на илјадници бегалци - Македонци не им дозволи слободно да се вратат на своите родни огништа. Крајот на Граѓанската војна имаше трагични последици, особено за населението од реонот на Вичо. Освен огромните жртви на боиштата, во последните борби на 13 и 14 август 1949 година, принудно и со закана на оружје, народната милиција (припадници на Привремената влада и ДАГ под команда на КПГ) го принуди населението од Преспа, Костур, Лерин и другите места да пребегне во Албанија. Доколку за време на нашето повлекување од Вичо, на

13 и 14 август, тоа неселение сосила не беше принудено да пребегне во Албанија, тие реони немаше да се опустошат.

(Зарем овие потези од раководставото на КПГ преку народната милиција насилно да го иселуваат македонскиот народ, не се геноцидни зафати?).

„... И на Аверов (владин преставник) немаше да му успее на тие места да ги несели свои6е истомисленици од мецово - Епир во куките и имотите на домородните Македонци. Колку ли валкани игри се прават врз грбот на овој прост народец! Време е да се размисли кои се тие што го делат народот на надворешни и внатрешни бегалци...” Таков е судот на овој храбар и достоен македонски воин - мајорот Аргири од Костурско.

*** Захаријадис, продолжуваше со манипулирањето на Македонците, се до последна политичка моќ која располагаше како Генерален секретар на КПГ. По негова иницијатива на денна седницата на Претседателтвото на организацијата “Илинден” на Македонците од Егејска Македоннија, формирана по иницијатива на Захаријадис, што се одржа на 4 јуни 1956 година, раководителот на организацијата Пандо Вајна во својот реферат во врска со прогонот на Македонците од КПГ, меѓу другото, рече: „Во периодот на борбата на ДАГ и после поразот, Захаријадис спроведуваше политика на клеветење и прогонување на еден добар дел од славомакедонските кадри и народни борци. Сосема неосновано и многу лесно на славомакедонците кадри и народни борци им ја лепеше етикетата “агент на непријател на народот” и “Тито ви агенти” и. т. н.” Реакцијата реагира остро против неговата изјава и како почеток во 1955 година во Ташкент на 6-от Пленум во март 1956 година, по интервенција на советите, Захаријадис е сменет од положајот генерален секретар и идната година беше испишан и од член на комунистичката партија на Грција.

Значи, ако добро го разбравме генералниот Секретар на ЦК на КПГ- Никос Захаријадис како што вели: “Ако бев информиран како што сум денес, тоа немаше да ми се случи”.

По ова, беше испратен во заточеништво во Сибир и трагичната смрт се случи во 1973 година во градот Соргут во СИБИР.

ЗАКЛУЧОК СИТЕ ЗЕМЈИ (НАЦИИ) КОИ ИММА СТАРА КУЛТУРНА СТРАТЕГИЈА УСПЕВАА ДА ОПСТОЈАТ. ШТО СЕ СЛУЧУВА ДО ДЕНЕС, СО НАС МАКЕДОНЦИТЕ?

Сите тие стратези за време војната градејќи го “новиот свет” сурово газеа врз достоинството на Македонците, ги валкаа нашите национални чувства и упорно го негираа македонскиот национален идентитет. На крај не отпоздравија...

Потоа следеа:

Годините на валканите пароли “Силата на црвената бура” Мрачните мисли на идеолошкиот активизам Изгнаници со порабена судбина.

Неоти има фајде што сега народот ги нарекува натрапници...

По катастрофата на Граѓанската војна, Захаријадис кој беше моќ и мит, стратег на револуцијата, каква оцена апостериори даде за војната, но сега не со говорот на политичкото насилство (барем таков беше познат), туку конечно се оправдува пред историјата. Скоро на ист начин се оправдуваа сите, па и НОФ и АФЖ и КПГ и КПЈ/КПМ. Некои се смета за единствени поклоници на вистината, дури извршија свевидно насилство на историјата. Но, значајните настани и личности кои се дел од македонското минато во егејскиот дел на Македонија останаа и не се целосно расветлени.

Од измама во измама, а тоа претставува за нас Македонците (кои сме биле испратени со билет во една насока на луѓе со изгубено достоинство, луѓе тажни и во болка). Втор дел на ужасот по Граѓанската војна. Така говорат веродостојните факти и тоа е историска вистина. Тие факти ја покажуваат мрачната и темна завеса на нашата судбина.

Низ минатиот половина век, многу често се прашував зошто во Македонија на овие теми неможеме отворено да разговараме.

Станува збор за клучни национални теми, изместени од националните интереси, неверојатни тајни политички проблеми што уште постојат, а не сакаме да ги согледаме и да ги видиме.

Конечно, знаеме ли чии жртви сме? Едноставно, никој не сака да разговара на овие табу - теми. Ете, сега, дури и авторот која била основа и лидер на АФЖ не упати во понови тајни заблуди.

Во изминатите 55 години, многу крикови од Македонците кои беа жртви во Граѓанската војна не сакавме да ги слушнеме дури тука во родната држава на сите Македонци. Овоа се потврди и на Собраниската Анкетна Комисија за заштита на човековите права и правните експерти која се одржа на 23 јануаеи 2006 година, како што реже Вања Тошевски: „Во тогашна Југославија, се блокираа сите практички активности на тој план.

И тоабеше во корист на Грција...” Верувам дека ние паталците (искорнатите од Македонија под Грција) сфатиме дека сите тие идеологии како: нацизмот, фашизмот и болшевизмот се создадени од амбициите на нивните создавачи кои се наракуваа дека се загрижени за доброто на човештвото (напр: Ленин создаде систем, кој на крајот го уништи и него самиот). Власта во рацете само на еден човек е вистински извор на опасност, отсекогаш. Но, во ниедна земја власта (партијата-КПГ) не била толку многу сурова спрема своите војници што ги остави по светот и пола век не проговори за нивната судбина...

Заборава КПГ дека илјадници Македонци ги дадоа животите за суверенитетот нас грција. Заборава за време на отпород против германците се дадоа илјадници жртви. Забарава ли КПГ дека во редовите наДАГ Македонците ги имаше низ цела Грција и гинеа на боишта на Грамос и дека по ликвидацијата заедно со нив станавме политички просфиги. Заборава дека Грците борци ги врати на своите огништа и им овозможи да ги залечат раните, нас Македонците не остави по всетот со билет во еден правец? Има ли смисла и човечност на таквите „Комунистички партии”, уште да им верува?

На крај од оваа пообемна воено - политичка аналитичка студијаа може да се заклучи дека: КПЈ и КПГ посакуваа во Граѓанската вијна да си ги решат сите наследени балкански проблеми по поделата на етничка Македонија во (1913) и на Македонците да им докажат дека никогаш тие нема да застанат зад барањето „Обединета Македонија”.

Македонците под Грција беа жртви на КПЈ/КПМ и КПГ, кои ја разгорија и ја лоцираа војната и овозможија тогашната грчка влада да спроведе воени терори, уништувања и обездетувања на македонската куќа и со тоа да се создадат „легитимни” миграциони движења на илјадници Македонци.

Тежок е товарот што го носиме цели 55 години, но и многу работи не разјаснивме, па се поставува основното прашање: