Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Macedonians Through the Whirlwind of the "Red" Waste

КАДРОВИТЕ НА НОФ И АФЖ ПО НАЛОГ НА ЗАХАРИЈАДИС ДА СЕ РЕГРУТИРААТ ВО БОРБЕНИТЕ - Part 01

Par Стојан Кочов · Partie 13 sur 17 · Environ 20 minutes

Lire en English

КАДРОВИТЕ НА НОФ И АФЖ ПО НАЛОГ НА ЗАХАРИЈАДИС ДА СЕ РЕГРУТИРААТ ВО БОРБЕНИТЕ РЕДОВИ НА ГШ НА ДАГ

... На 3 октомври 1948 година во селото Рудари Преспа, Лерински округ, беше свикан актив на военополитичките кадрови на НОФ. (!?) Захаријадис ми рече дека и jac треба да одам воредовите на ДАГ. Веднаш се согласив. (На тој состанок беа распоредени сите членови од раководството на НОФ кој каде треба да оди).

„Ке одиш, ми вели, во 18. Бригада на ДАГ како помошник на политичкиот комесар(тога политички комесар на 18. Бригада.

“Тогаш, се сметаше 3a најмакедонска и беше раководена од политичкиот комесар Ташко Гушевски - Маки, и командантот Пандо Вајна)

На крај во своите автобиогравски белешки дава суд:

„Практично, со нашето апсење прастана да постои НОФ. Таа организација живуркаше и во емиграција, Ho во 1951 година е преименувана во Илинден". По иницијатива на Никос Захаријадис, за раководители Ha ,,Илинден" се избрани: Пандо Вајна, Ставро Кочев и др. Овие внатрешни непријатели отидоа во Бугарија и сосема преста дејноста на HOB, т, е. „Илинден“.

Ставот на официјалната историја по 1995 година.

Како во (најновата книга) официјалната истрориографија ги има опишано Македонските со КПЈ и КИТ? Види : ,,Македонците и односите на КПЈ и КИТ (1945 - 1949) - официјални документи со коментари" од 1995година, глава осма, стр. 201.од Ристо Кирјазовски. Тој сега со нови ставови и спротивни на досега изнесените во првите книги на овој автор како што е книгата:

„Народноослободизелниот фронт и другите институции на Македонија (1945 - 1949) од 1985година и други книги издадени до 1995 година од истиот автор.

Извадоци A: ,,... Време е, македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија, и пошироко, да ја запознае целата вистина и секој чинител да го преземе врз себе делот на одговорноста за се што се случи. Време е, нештата да се именуваат со нивните вистински имиња. Тоа е наша обврска.

ЛОВ НА „ТИТОВИТЕ АГЕНТИ” И НА ДЕЗЕРТЕРИТЕ ОД БОРБЕНИТЕ ЕДИНИЦИ НА ДАГ КОИ БЕГААТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА ПОД ЗАШТИТА НА КПМ/КПЈ За дезертерите кои до вчера биле раководни членови на НОФ и АФЖ, сега ги напуштаа редовите на ДАГ, заборавија дека во двегодишното постоење и со нивната агитација, создадоа цврст партиски апарат, воспитан во духот на Југословенската партија.

Сите тие НОФити и АФЖити беа комунисти, партиици, потикнати од КПЈ (вклучително и лидерот на АФЖ - Евдокија Фотева - Вера), сега таа за нив на стр. 204, вели:

... Тие секогаш и долу, во Егејска Македонија, во КПГ, НОФ, АФЖ, НОМС Се служеа со интриги (се мисли на сите кои дезертераа од редовите на ДАГ за време на Граѓанската војна и се префрлија во Југославија – Р. Македонија)... Ние со Минчо по природа бевме вистинољубиви, воспитани на чесност... Си останавме доследни на македонската организација НОФ на Егејска македонија.

... На 11 - 12 април во грчката „јафка” во Скопје ме однесе еден мој другар од моето село Димитар Трповски со цел да се видам со група раководители на НОФ кои ушта во 1948 година дезертираа во Југославија. Тие на чело Михаил Керамитчиев, Вангел Ајановски - Оче, Стеријана Вангелова - Славјанка, Лена Стојкова - Мирка и други ме нападнаа и ми ракоа дека ние се предадовме на Грците. Јас тогаш се налутив и им реков дека тие се малодушни и дезертери, го оставија народот што го организираа и побегнаа да се скријат, да си ја спасат кожата и своите семејства, а пак ние верните на Партијата и нашиот народ ќе останеме докрај и да загиниме. Види по опширно: стр.

85.

По овој навистина искрен став на Евдокија Фотева - Вера, се наметнува прашањето: дали овие луѓе сега именувани како „дезертери” биле за обединета Македонија во балканска федерација или ја бранеле тезата дека КПЈ на Македонците од Егејска Македонија, ќе им даде југословенско решение? Тогаш, зошто ја напуштија егејска Македонија (по втор пат. Првиот беше со егејската бригада) и македонските борци кои ги имаа турнато во ДАГ на бојштата низ цела Грција ги оставија во рацете на Грците? Зошто не се бореле за таа цел која за нив била најоптимална македонска опција?

Оваа состојба највпечатливо ја осликува нејзината приврзаност кон КПГ и реакцијата кон своите соборци нарекувајќи ги дезертери, односно историската од типот на „Дали си за Захаријадис или за Тито”. Оваквите изјави беа со умисла и тие имаа разорен ефект за македонското единство.

Се повеќе се плашам од искривоколчување на вистината и морам да го наведам и овој факт:

Во книгата на Лилјана Панова „Крај на една илузија”.

Граѓанската војна во Грција и Македонците 1946 - 1949 , на стр.

159 пишува: „... Николова , пак , му се доверила на Ајановски -Оче дека “КПГ повторно почна да ја спроведува својата расцепничка политика меѓу кадрите на НОФ: дека денеска во НОФ постојат три фракции , едната на Паскал (Митровски), другата на Раковски и третата на Којчев” , и дека “КПГ повторно подготвува нешто против НОФ”.

Објаснето во фуснота: „Состанокот се одржа ноќта на 12 - 13 април. Покрај Раковски и Николова , присуствуваа и Тане Наумов, секретар на Леринскиот окружен одбор на НОФ, Керамитчиев, Димовски - Гоце и Вангелова - Славјанка”.

Значи, од таквиот став на Евдокија Фотева - Вера, го откриваме феноменот што беше присутен кај Македонците од егејскиот дел на Македонија. Тој феномен е карактеристичен и беше присутен во годините на војната 1940 - 1949 година, посебно кај раководителите: „Пропагирај, организирај и внесиго македонскиот народ во паријата или војната, остави го и бегај”.

Тоа е факт дека се случи со нашите раководства на организациите: КПГ, КОЕМ, СНОФ, СНОВ, НОФ, АФЖ и НОМС.

Од кога го турнаа македонскиот народ во окопите на војната, настана најосновното погрешно расудување кај македонските раководители на НОФ и АФЖ. Настана следната:

ИДЕОЛОШКА КАРАНИЦА ЗА „КОЈ ПОВЕ ЌЕ ЈА САКА МАКЕДОНИЈА И КОН КОГО ДА ЈА ОБЕДИНИ” ИЛИ „СО КОГО ДА ГО РЕШИ МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ” Сега, по приклонувањата им стана чиста политичка дезориентираност и секој од нив сфати дека „следен за отстрел може да биде секој од нив”.

Македонските НОФити и АФЖити, со различни ставови и секој со својот стап (партиската палка) се вдаде да присобере доволен број преживеани борци или бегалци со цел да формира „вистински борци” за иднината на Македонија и Македонците од егејска Македонија.

Што тоа ни покажува?

Ни покажува дека тие наши политички лидери, (кои дали беа одредени од (КПГ или КПЈ) во прв ред немаа сфатено дека војните се водат со целосен иденитет и имаат јасни почетоци и краеви. Ние Македонците во Граѓанската војна немавме ништо, ниту идентитет, ниту почеток, ниту крај, туку бевме максимално манипулирани и искористени и оставени по светот како вечни талкачи.

Да ја проследиме Евдокија Фотева - Вера, која ни дава на знаење со нејзиниот став дека таа : не чувствува никаква одговорност, затоа што постапуваше совесно и го правеше тоа што од нејзе го бараше комунистичката Партијата.

Но, ни покажува и тоа дека после толку талкања, толку пропагирања, толку жртви, како лидер на АфЖ борејќи се за обединета Македонија, сега цврсто го прифаќа ставот спрема македонското прашње што го гарантираше КПГ уште од 1936 година: „Полна рамноправност на Македонците во рамките на грчката држава” и status quo на границите и ништо повеќе, се друго досега од КПМ?КПЈ беше само жртви и манипулации со Макеонците под Грција.

А што е со тие „дезертерите” што ја бранеле тезата: дека КПЈ на Македонците од Егејска Македонија, ќе им даде југословенско решение?

Повеќе од јасно е дека тие што биле спрема ставот на КПЈ не биле за„обединета Македонија во балканска федерација” т. е за последниот предлог на КПГ. Не, тие не беа за тоа, како и сите Македонци што се изјаснија на 2 - от конгрес на НОФ, туку тие сега им се додворуваа на КПЈ и југословенските власти дека тие се за „македонското пројугословенско движение” и за status quo на гарниците.

Сите тие наши ракодители, сега наракувани „дезертери” низ историографијата за Егејците и низ нивните книги и личните автобиографии ги сретнуваме дека тие дошле во Скопје по налог на КПГ и работеле на формирање на македонски единци за враќање во Грција. Значи , изигруваа СТРАТОЛОЗИ (Офицери за мобилизација). Ги ловеа тие борци Македонци што спасиле душа за да ги вратат назад на бојштата во Грамос.

Покасно, тие отворено беа втурнати во „Создавањето на историјата од името на југословенските интереси “, а тоа за Македонците под Грција значи : ИСТОРИЈА БЕЗ ДЕТАЛИ.

Што тоа значи ? Постои една изрека која вели: „Ако не знаете зошто сте претрпеле неуспех, не сте ни помалку поумни од колку што сте биле пред него.” Тоа значи , дека некој и по полавек сака да незнаеме зошто и како влеговме во таа граѓанска војна.

Многу изгубени илузии. Многу саможртвавања со нејасна национална цел, многу партиски оправдувања, но едно е јасно дека тугинците преку нашите НОФити и АФЖити, Егејска Македонија стана предел од злости и пакости и молитви. Од кројки и прекројки. Од земања и давања. Од негации и одобрувања, од големи соништа на мали политичари.

Во 1949 година оловните еха на оружјето се повеќе надвиснуваше како пресметка за зовриените емоции. Во единците на ДАГ отанаа само обичните заведни и мобилзирани селани. Дел од раководителите на НОФ не отпоздарвија...

Драматиката и по ликвидацијата на ДАГ, за Македонците смртоносната стапица остана трајна. Времето потврди дека чемреењето продолжи и под идеолошката пајажи на, да си ја газиме сенката на својата полувековната судбина.

Вистина е‚ тоа дека политиката е насекаде валкана‚ но грозно е‚навистина‚подло и приземно кога луѓето што го повикуваа народот на револуција им го свртуваат грбот. Не знам дали историјата забележала сличен пример кај другите народи.

НЕ САКАНИ, БОЛНИ ВИСТИНИ - КОМУНИСТИЧКИ ЛОГОРИ НА ИДНИТЕ СМРТНИЦИ Сепак, сепак не молчеа сите, но за нив беа измислени смртните логори. И како што се ближеше крајот и се наѕираше исходот на борбата на Демократската армија, толку повеќе Албанците беа Принудени да водат сметка за својата инволвираност во грчките настани, со тоа што можеа да ја компромитираат и да ја изложат на разни опасности Албанија и да биде нападната од НАТО. Поради тоа, на 5 мај 1949 година, министерот за внатрешни работи на Албанија Мехмет шеху нареди да се расформира логорот што беше организиран во непосредна близина на грчко - албанската граница, каде шро се чуваа граѓани на Грција осудени на смрт од преките судови на Демократската армија.

Повеќето од затворениците беа Македонци, осудени поради агентурска дејност во корист на југословенските известителни служби и пресудите се извршуваа на лице место.

Но, такви логори ги имаше и во Преспа. Затворениците беа исклучиво од постари лица кои јавно ги осудуваа акциите на НОФ, АФЖ и на воените штабови на ДАГ. Сите тие беа мајки, татковци или сопруги на борци кои служеа во единците на ДАГ или имаа погинато, а тие како најблиски остро реагираа. Имаше и такви родители кои имаа и по два до три синови мобилизирани во ДАГ и имотите им беа запустени.

Но, се поставува прашањето: КОЈ ГО УБИ ДУХОТ НА ОВИЕ ЛУЖЕ КОИ СЕГА МАСОВНО ДЕЗЕРТИРААТ?!

Кога човек ќе размисли по длабоко‚ овој нејзин став ја прави искрена и доблесна. Таа покажува решеност и верност да издржи до крај на пораката од Колишевски: „... да се борат чесно и да имаат поверење во КПГ “, и до крај да остане со борците Македонци кои беа мобилизирани токму од нив.

Се поставува прашањето: зошто Евдокија Фотева - Вера и по 55 тунелски години, со судбина на духовна опустеност не води во нови заблуди? Од какви национални интереси тоа го прави?

Можеби затоа што во главите и душите ни владее конфузија за тоа кому му служевме и за каква цел гиневме. Но, дека е време конечно јасно и отворено да му погледнеме во очи на морничавата идеолшка поданост во таа војна не треба да има сомнење, барем од такви личности како Вера, која изнесе доста релеванти аргументи за Граѓанската војна.

Официјалната историографија пишува за репресалите врз Македонците борци во единиците на ДАГ. За аферите на група македонски борци на Грамос и Вичо кажува: Службата за безбедност и судската служба на ДАГ, имаше за цел да елиминира секаква реакција на Македонците кои агитираа во корист на Југославија. На 5 јули 1949 година беа уапсени повеќе борци Македонци и над нив беа извршени пресуди изречени од Прекиот суд на ДАГ. Потоа следеа„Бувската афера”, „Африканската афера”, „Изолираните логори за Македонци во реонот на Вичо”, „Кајмакчаламскиот одред” и многу други. Од сведочењата на осудените билоречено:

„Причините за дезертирањето лежело во недовербата спрема решенијата и делата на ЦК на КПГ спрема македонските борци...” Од КПГ и штабот на ДАГ, беа посочувани како разузнувачки и диверзански центри и такви центри имало три: Првиот е политичкиот и се раководеше од КПМ, и лично од нејзиниот секретар Колишевски. Овој политички центар ја имаше главната контрола на другите два центри. Вториот центер на ОЗНА и Третиот центар на ИИ група на југословенскиот Генерален штаб.

КПГ и Главниот штаб на ДАГ од таквиот развој на настаните реши да испрати висока делегација во Скопје - Југославија.

Делгацијата на КПГ - НОФ во Скопје пристигна на 8 февруари 1949 година. Истиот ден, во 11 часот е одржан првиот состанок.

Од КПМ на состаникот учествуваа Лазар Колишевски и Цветко узуновски, а од грчка страна - Милтијадис Порфирогенос, Никос Георгијадис и Паскал Митревски (како преведувач).

Од страна наЦК на КПГ беа поставени следните прашања:

1. Во редовите на македонскиот елемент се појави едно непријателско движење спрема денешната заедничка борба на грчкиот и на македонскиот народ...

2. Напоредно, кај Македонците - бегалци од Грција кои се наоѓат во Југославија се формира непријателско расположење...

3. Центар на таа непријателска пропаганда против нашето движење е една група македонци, кадри кои ја напуштија Грција по директива на НОФ и пропагираат против КПГ и ДАГ и ги повикуваат борците Македонци да ги напуштат борбените редови и. т. н.

Спрема П. Росос, враќајки се од Белград во Грција на 7 април 1949 година на ГШ на ДАГ им пренесол што им зборувале дезертерите кои до вчера биле членови и раководители на НОФ и АФЖ на Македонците кои биле пребегани од прогонот на грчките власти сега привмено сместени во Скопје: „Не одете будали, да гинете без никаква корист во ДАГ”. Види по опширно во книгата Кирјазовски од 1995 година.

ИЗГУБЕНА Е СЕКАКВА СМИСЛА ЗА НЕКАКОВ МАКЕДОНСКИ ПОЛИТИЧКИ ФАКТОР.

ИМАШЕ ЛИ ИЗЛЕЗ ОД ХАОСОТ?

Кај Македонците се испомешаа: објективноста и обрските спрема сопстевниот народ.

Сето тоа уште еднаш го потврдува фактот дека го испуштивме нашето време. Ни избега. И ние од него бегавме. Се посипавме со злости и пакости, со делби и омрази. Го исподеливме народот и го разнебитивме. Се дезориентиравме и прифативме нов товар на идното време.

Значи, зад нас ја оставивме татковината - МРТВА ЗЕМЈА и нашето враќање стана неизвесно, иднина недефинирана, оти тоа зависело од минатото и ние се најдовме надвор од интегралните истории на Р. Македонија и од на Р. Грција. Сите знаеме дека се правени злосторства над Македонците под Грција. Но зачудува фактот дека дури Р. Македонија (како наследник на КПМ?КПЈ)

не ги осудуваа, конкретно за Граѓанската војна не може да замижи пред историските факти и дека опредлбата на НОФ за оружена борба, во април 1945 година(НОФ од формирањето на 23 април 1945 година се до половината на октомври 1946 година беше раководена од КПЈ?КПМ). Таа беше погрешна, со многу тешки последици за Македонците. Тврдењето, дека НОФ така постапи за да го заштити народот од теророт на монархофашистите, не држи, и преставува неуспешен обид за оправдување, бидејќи одлуката за оружена борба е донесена по еден месец од разоружувањето на ЕЛАС, кога атинскиот режим се уште не беше организиран и зацрвстен, поради што не беше во можност да примени масовен терор.

Се поставува основното прашање: До кога ние Македонците ќе замижуваме пред реалните факти?!

Ако самите се оценувавме дека сме способни да раководевме до чета, тогаш зошто со години пишуваме во историјата дека во Граѓанската војна ние Македонците сме биле воено политички фактор? Ако, таквата вистина за нивната политичка и воена способност ја кажаа само пред Захаријадис, тогаш, зошто и за каква цел го повикуваа македонскиот народ?!

Но, едно е јасно: од досегашните повеќе годишни истражувања се потврдува дека овие лидери на НОФ и АФЖ, или од едната (КПЈ) или од другата (КПГ) Партија биле удостоени со високи признања и оситуирани како заслужни борци, а народот од Македонија под Грција доживеал геноцид! Сеќавање што кај секој паталец трае цел живот.

Има ли друга вистина? Дали има човек кој бил лидер на НОФ или АФЖ, кој сигурно и компетентно ќе ни потврди со факти некоја друга историска вредност. И ќе му веруваме на кажувањата? Но, досега ниту еден македонски политичар од организациите на НОФ и АФЖ не призна дека згрешил и ниту помислил да му се извини на македонскиот народ. За сега, само можеме да жалиме за тоа.

По повод 50 - годишнината на ДАГ, група истражувачи на весникот „Ризоспастис”, орган на ЦК на комунистистичката партија на грција, (КПГ), по повод 50 - годишнината на ДАГ, подготви и објави труд под наслов „50 година на ДАГ”. Трудот во деведесет продолженија го објави споменатиот весник во

1996 и 1997 година.

Авторите на трудот „50 години на ДАГ” врашат ревизија на решенијата и ставовите на 6 - от Пленум, (1956) 7 - от Пленум, (1957), и на 8 - от Конгрес, (1961), на КПГ кои политиката на раководствот на КПГ на чело со Никос захаријадси во периодот 1945 - 1949 година ја имаат оценето за погрешна и штетна, а „некои грешки” што ги направил, тој наводно, не одиграа решавачка улога за развојот и исходот на настаните.

Факти: „... Судирот во декември, кој тареше 33 дена со поразот на ЕЛАС и договорот во варкиза на 12 февруари 1945 година.

Авторите на трудот „5о години на ДАГ” го прифаќаат ставот на Сталин во врска со судирот меѓу ЕЛАС и Англичаните во Атина што го изнесе на средбата на делегациите на КПСС, КПГ и АПТ одржана во јануари 1950 година во Москва. Сталин тогаш рече дека дофоворот во варкиза не требало да се случи и ЕЛАС требало да ја продолжи борбата надвор од Атина. На забелешката на Захаријадис дек Георги Димитров со телеграма од 15 јануари 1945 година му препорачуваше на раководството на КПГ да настојува на договор со Англичаните, односно мирољубиво решение на судирот, Сталин на тоа остро реагираше со зборовите: „Димитров не е ЦК на КПСС.” На што не упатува ствот на Сталин? Не упатува на договорот со Тито. Да се сочува социјалистичкиот поредок во Југославија и источно - европските земји, а да бидат можни варијанти - не за освојување, туку за „буричкање”. Најверојатно, најоптималната варијанта им беше со нас Македонците од егејскиот дел на Македонија...

Но, интересно е мислењето и ставот на Тито изнесено на средбата со Маклен.(Види: Студиските анализи за Граѓанската војна (1945-1949) стр.336/337, статија од Јоже Пирјевиќ:

ФО371/78716/Р 4691.

(Авт.превод- СО РАСКИНОТ НА ТИТО-СТАЛИН И ПО ЛИКВИДАЦИЈАТА НА ГРАЖАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА.

“...Ова беше како предуслов во мисијата на Маклен, што се оствари на 5 мај 1949 година, кога вечераше со Тито и беседеја за многу наталожени прашања, но и за ставот на Југославија т.е за односите со Запад. Тоа што се однесува за Грција, Тито не се откажува од тоа дека има дадено голема помош на андартите (ДАГ) во изминатите години. Но, се сложи дека сега положбата е сменета и рече дека, сама Југославија не можеше да им го откаже правото на азил на политичките бегалци, но тие сега се држат во внатрешноста на земјата и тоа подалеку од границите.

Навистина, така го сватив, дека Тито можеше да даде ветување, дека во иднина не ќе им дозволи на тие луѓе да се вратат во Грција за да продолжат со војувањето. И дека повеќе не ќе им даде никаква помош на андартите (ДАГ) Ми зборуваше, дека ова изнесеното не ќе се обелодени пред јавноста, односно да се дознае, бидејќи ќе го доведе во многу сложена положба.” ФО371/78716/Р4691.

Во Граѓанската војна доживеавме да се потчиниме на партиската насоченост и “Ставовите на посилниот секогаш за нас да бидат најдобри!” Да се повикува народот на национално востание е доблест, но тоа може да биде и национална измама. Ако НОФ и АФЖ решија да го повикуваат македонскиот народ под Грција на сенароден фронот за спроведување на своите стратешки определби, се поставува прашањето: водеа ли сметка (имаа гаранции) дека тие не се легитимни пред светот и не ќе можеа да го постават македонското прашање ниту пред Советот за безбедност, ниту пред Обединетите нации, туку пак требаше, тоа да го сторат Грција или Југославија. Не знаеја дека тие се строго контролирани и од сите балкански комунистички партии и ни од далеку нема да успеат да ги реализираат тие историски желби.

За жал, нашето учество (1940-1950) никогаш во програмата на националната стратегија не постоеше единство и достоинство, туку лично калемење и корист на поединци членови на Комунистичките партии (КПГ или КПЈ).

Значи: сме сакале со КПГ и КПЈ и сме ги прифатиле правилата да бидат нивни, а колку бевме во состојба да ги контролираме како луѓе со поданичка душа, тоа е докажана работа преку исходот на настаните кој не доведе до национален пораз - геноцид.

Тогаш (1945-1949) поради нашата ропска покорност (кон било кој), ја прави дефинитивно суддбински се по сплеткана.

Што значи, по Втората светска војна, кога луѓето веруваа дека повеќе нема да се дозволи да се случи вакво крвопролевање ние, Македонците, ја доживеавме и со геноцид ја плативме високоризичната авантура преку разбеснетиот ритам на огнот, без македонска опција (ане можевме да имаме, бидејќи бевме под контрола на КПЈ и КПГ) и без присутност за националните интереси, и бранејќи ја комунистичката идеологија го изгубивме идентитетот и дедовите огништа за навек. Тоа во свеста на Македонецот остана како трајно сведоштво - за една потресна големомаченичка легенда, за едно етничко чистење, кое набрзо по ликвидацијата на ДАГ се претвори во уште една незапаметена наша трагедија во која самите сме и сведоци.

Во емиграцијата, гетоизирани, свртени кон себеси, во новиот свет на логорите, далеку од сопствената национална традиција, како единки го баравме спасот во единственото заедничко -тагување по најблиските.

Се поставува прашањето: како можело овие политички стратези да замислат такви апсурдни творби, кога во тоа време и на тој простор беше акумулиран голем историски фанатизам, акумулирани разни смртоносни идеологии. Значи Балканот и натаму остануваше најконфликтен регион во Европа, особено во т. н. Западен Балкан тлееа потенцијални кризни жаришта.

Но, што е за чудо, во тоа време истите тие стратези и политичари беа ангажирани со градење нови “цивилизации” во Сибир и на Голи Оток, а ние Македонците во овие 55 години, не оценивме дека овие политички водачи за нас сториле повеќе добро или зло? Не! Сите молчевме како неми! СПАС ВО МОЛЧЕЊЕТО. Особено по Балканскиот 22 договор во 1953 година. ЅИД НА МОЛЧЕЊЕ.

Кај обичниот наш човек, одвај имаше останато само една исконска желба: да остане Македонец, без разлика уште колку ќе трпи, само со цел еден ден да се врати во својата земја, да го зборува јазикот и да се сретне со своите.

Токму со физичката подела, тугинците посакуваа да настане и тотална духовна подела, а таа се одрази толку разорно, што ни донесе катастрофални последици по сите стратешките национални проблеми: до геноцид на Македонците под Грција и да се стави како проблем пред светот едно од најчувствителнити за нацијата прашањето за името на целокупниот македонски етникум.

22 Во февруари 1953 година во Анкара се водени тристрани разговори за формирање на Балкански Пакт за пријателство и соиработка по меѓу Грција, Југославија и Турција.

Во август 1954 година се дополни и се стави во сила со потпишувањето во Блед (Југославија) за воен Сојуз помеѓу трите потписници.

Балканскиот Пакт од 1953 гтодина беше еден момент како подршка на Југославија од заканите што и беа упатувани од земјите на комунистичкиот лагер и затоа не траеше многу. Така во 1961 и трите земји оценија дека Балканскиот пакт стана мртво писмо.

Но, со потпишувањето на Балканскиот пак имаше и разбирливи последици спрема македонското прашање, бидејќи Југославија на Грција и направи отстапки на Грција и тоа: го распушти „Сојузот на Македонците од Егејска Македонија” и затвори (ликвидира) пропагаторскиот весник „Глас на Егејците”.