Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

The Macedonian People's Revolutionary Struggle 1876-1912

ВТОРИОТ УСТАВ НА ВНАТРЕШНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА - Part 07

Par Ристо Поплазаров Крсте Битоски Глигор Тодоровски · Partie 11 sur 11 · Environ 4 minutes

Lire en English

Извади Јордан револвер, Бомбашијата го отепа, Македонијо, Еден му другар убија.

А с двајца Јордан избега, Македонијо.

Четата му се растури, Поново чета си собра, Македонијо!

Битката кај мечкин камен

- Ој ти, пиле, славеј пиле, Попеј ми се песничица, Да се чуе надалеку, Надалеку – преку вардар, Преку вардар до велешко, Од велешко - до прилепско, Од прилепско до крушово, Од крушово – до корија, Зад корија – мечкин камен – Там се бие голем јунак, Голем јунак – Питу Гули...

Ојте вие, крушовчани, Што сте така нажалени, Со куќите изгорени, Со топои изорани?

Заплакало е мариово Заплакало е Мариово За тој ми Ѓорѓи Сугаре:

- Каде си, Ѓорѓи, да дојдиш Каде си страшен војводо, Од Грци да не куртулиш – Грци станале шпиони!

Викна ми Ѓорѓи. Подвикна Од демирхисар планини:

- Слушам ве, браќа, слушам ве, Слушам ви гласот жалостен.

Еве сум, браќа, кај идам Со триесет одбор момчиња, Момчиња саде избрани Од цела кааза Битолска!

Пристигна Ѓорѓи Сугарев Со триесет одбор момчиња, Сите со пушки манлихер И со наган леворвери.

Проклет бил шпион лигушот – Тој ја предаде четата.

Кога ми стигна Сугаре Во параловски ливади, Згрмија турски залпои Од параловски чукари.

Извикна Ѓорѓи Сугаре:

- Дружино верна, зговорна, Гуните пусија свиткајте, Зашто се камен не најдва!

Уште ми речта не рече, Згрмија нови залпои, Ѓорѓија ми го удрија И многу одбор момчиња!

Јордан војвода и мајка му Провикна се баба фурса, Провикна се в пуста гора:

- Стани Јорде, стани синко, Мајка сину да те види, Салте, синко, мили Јорде, Да познаам, синко, тебе!

Кој ќе гази траги твои?

Кој ќе носи бомби твои?

Кој ќе носи пушка твоја?

Кој ќе носи сабја твоја?

Пиле пишти низ гората, Пиле пишти и и дума?

-Ај си иди, баба фурсо, Ќе настанат рожбите му, Па ќе газат трагите му, Па ќе носат бомбите му, Па ќе носат пушката му, Па ќе носат сабјата му!

Па се врати баба фурса, Па се врати с лице смешно, Да одгледа рожбите му.

Бесењето на војводата Александар Турунџов Црно му било пишано На Александар Турунџов:

Шеснаесет години војвода На седумнаесет го фатија.

Го кладоа во долапи, Во тешки пранги железни.

Бог да го бие пашата Тој валијата битолски, Тој на Александра говори:

- Кажи бре, кажи, Александро, Што си досега направил?

Ми одговори Александар:

- Дегиди, пашо, битолски, Не ли ме прашаш, распрашаш, Се право ќе ти раскажам:

К’шлите сум ги изгорел Железници бомбардирал, Турците сум ги истепал, Анките сум ги одбулил.

Тогаш се паша налути И луто ми го излага:

- Ја излези, бре Александро, Надвор е твојта невеста Со машко дете на раце!

Се израдува Александро, Излезе од долапите.

Тогаш му раце врзаа, На бесилка го однесоа, На бесилка – на атпазар.

Дојде поп да го опева И дробни солзи пророни.

Александро му прозбори:

-Не плачи, дедо, не жалај!

Ако ме мене обесат, Нека се живи браќа ми – Поарни ќе се од мене, Поарни храбри војводи!

Смртта на Веле Марков Вучат ми силни ветрови, Татони небо и земја Над крушовската планина, В несреќната ракитница.

Зафучи тешка планина, Заофка гора зелена:

- Дегиди, велко војвода, Дегиди славни јунаку, Што стори, што се напраи Од гора сестра с оддели И в голо село Кондиса.

Трагата ти ја најдоа Леглото ти го разбраа – Потера, лути черкези, И аскер со илјадници.

Зафати битка крвава Во селото Ракитница.

Кај што јуначки паднаа И тирчу, страшен бајрактар, И ти самиот загина, Четата ти се растури.

Стани ми, брате, бесценет, Стани ми, страшни јунаку, Збери си одбор јунаци, Рајата да си одздивни, Оти се турско не трпи!

Од плач се богу дожале И на земјата дотежна, Земјата се стресе, растресе И Велко од гроб извика:

- Горо ле, горо зелена, Не плачи, сестро, не жали – Довечер чекај на гости Други војводи, комити И ќе им чуеш песната:

- Слобода или смрт јуначка!”