Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

On the Road of No Return

ВТ0Р ДЕЛ - Part 03

Par Петре Наковски · Partie 9 sur 26 · Environ 21 minutes

Lire en English

Во дрвеното корито Лазо ги изми репките и потоа со чакијата ги излупи, ги посече на поголеми парчиња и ги истури во големото котле. Железната плоча на шпоретот врз која Лазо го стави полното котле веќе беше силно загреана. Водата полека се загреваше, се појавија првите вриежи и тогаш Лазо почна да меша со големата дрвена лажица, што скришум ја имаше земено од задружната кујна.

Цела ноќ репките вареа. Испаруваше водата, Лазо дотураше друга и мешаше, вртеше де лево де десно, сркаше од зовриената вода, ама освен горчина не чувствуваше сладост на шеќер. Понекогаш ја будеше жената си да му помогне во мешањето за да може малку да здивне, да седне, да одмори нозе, да испуши цигара. Немаше трпение да чека, ја заменуваше жена си и одново ги мешаше зовриените репки и така до бела зора.

- И, извари ли шеќер? – со сонот во очите го праша жена му.

Лазо посече парче од една репка и и го подаде.

- На, лизни...

Лазовица, со дување го олади жешкото парче и со нескриено љубопитство – лизна, ги навлажи усните, згрчи образи и, плукајќи, прекорно просаска:

- Е, море Лазо, ако така од репки се вареше шеќер... Срам да ти е... цела ноќ не ме остави око да затворам...

Мешај, Лазовице, мешај, јас малку да дремнам – му се гавреше со неговиот глас и, гледајќи го право во очи, го караше: - Срам да ти е, пусти Лазо, срам немаш... Ај таму - право во очи му се потсмеваше Лазовица. - Ај тргни ми се од пред очи и оди и без да те види некој, истурија оваа помија во трапчето. Ако дознаат луѓето, Господ да чува и да брани, цел живот ќе бидеме за потсмев... Види го ти него, фабрикантот и трговецот со шеќер од тикви... е, кутар ти мој Лазо... од репка, репка на глава да ти расте, - колнеше таа - во котле шеќер ќе правиш, срам да ти е... – гласно рече Лазовица и погласно удри да се смее...

Намуртен Лазо тој ден и наредниот не се појави на нива да собира и да товари шеќерна репка...

Веќе не поднесуваше да гледа репка, па дури и шеќерот во задружната менза му горчеше...

Пан Вишњевски со неверување го прими кажувањето на Митре и молбата на Лазо. Оптоварен со мислата дека на луѓето им е нанесена голема неправда, нервозно удираше со тупаницата на масата на директорот на централата на државните земјоделски стопанства:

- Не чуено и срамно, господине директоре... Да не речам дури и нешто полошо. Сето тоа ми личи на времето кога Црнците кои работеа во американските плантажи и за извршената работа добиваа само храна и ситни подароци.

-Нам тоа не ни е познато. Ако е така, тоа за нас е голема срамота... Ве молам, господине Вишњевски, смирете се. Уште денес се ќе проверам и со сите средства ќе ја избришеме таа срамота...

- Тоа не е само срамота, господине директоре, туку и понижување... Во држава во која се глорифицира духот на слободата, ние, со проштевање, кон тие напатени луѓе, се однесуваме како кон робови...

- Не зборувајте така. Сте рекле тежок збор, многу тежок... Ако тие луѓе за извршената работа не добиваат плата, тоа не значи дека ги оправдува вашите непријатни зборови... Сакам да знаете дека полските власти покажаа една голема, би рекол неограничена толерантност спрема грчките другари. Тие не замолија да не се мешаме во работите што се однесуваат на бегалците. Настојуваа и натаму настојуваат сите проблеми поврзани со нивниот престој кај нас да ги решава нивниот партиски комитет и можеби тука е грешката. Имам сознанија дека комитетот си презеде некои овластувања, кои се надвор од нашите полски закони. При еден разговор со секретарот Фанис, подвлеков дека бегалците ќе бидат санкционира само во случај ако ги прекршат полските закони. На ова Фанис ми рече дека сите бегалци му се потчинети на партиското раководство, кое добива директиви од централата во Букурешт и остро ме предупреди да не се мешам во нивната работа и дека за судбината на бегалците е одговорна нивната партија...

- Господине директоре – се нафрли Вишњевски - за случајот што го изнесов нема да молам, туку најостро барам, тие луѓе да се наградени со плата така, како што се наградени Полјаците кои заедно со нив ја вршат истата работа. Немојте ова да го сфатите како закана... Јас ќе побарам одговор од Варшава... – Вишњевски впери прст кон ѕидот на кој висеше портретот на претседателот и без да се поздрави, тргна кон излезот од канцеларијата.

- Пан Вишњески, почекајте – замоли директорот.- Имајте малку трпение. Секако дека тука некој згрешил намерно или ненамерно, ама тоа не значи дека работите отидоа до таму за да ја вмешаме Варшава. Дојдете, седнете тука, смирете се и заедно да размислиме како да ја решиме таа матна работа, која некој ни ја намести...

Верувајте ми, јас ветувам, дека уште денес, пак ќе разговарам со тие од грчкиот комитет и ќе барам од нив да ги почитуваат нашите закони. Најостро ќе им речам дека за судбината на бегалците одговараме и ние, значи ние Полјаците.... Само полека, со смирени нерви. И искрено и со почит ве молам, немојте да ја мешате Варшава. Се разбира дека мораме што побрзо, би рекол под итно да ги смениме работите. На наш терен, ние сме господари. Јас, како директор, сега, ете тука пред вас, веќе донесов решение. Писмено ќе побарам од сите директори на земјоделските стопанства со сите да потпишат договори за работа, се разбира исти како тие со полските работници. Бегалците да ги имаат истите работни обврски како Полјаците. Така е најправедно, нели?

Вие, пан Вишњевски, уште денес да потпишете договор со секој. Нека си знаат колку пари заработуваат. Тие да се рамни со нашите работници во земјоделските стопанства. Нема да правиме разлика.

По вечерата, откако сите се разотидоа во своите соби и ја снема вообичаената врева, пан Вишњевски тропна на вратата од подрумската просторија, во која живееше Коле. По второто тропање, сега посилно, поспан, се појави Коле.

-О, пан Вишњевски, повелете... простете, јас...

-А ти, пан Коле, да не спиеше? – со тон на извинување праша пан Вишњевски и без стеснување го пречекори прагот. – Наминав кај тебе да те видам и да те поканам да ми дојдеш на гости.

Коле, облекувајќи се набрзина, праша:

-А по кој повод чекаш гости, пан Вишњевски?

-Голем е поводот. Да одиме и таму, кај мене, ќе ти кажам... Облечи се потопло зашто надвор од студ снегот веќе се скамени. Стави и капа. Ако си готов, да одиме.

Полека се пробиваа по замрзнатиот снег. Студениот и силен северен ветер им дуваше право в лице и им го забавуваше одот. Одеа молчејќи и по половина час застанаа пред влезот на големата зграда, во која пан Вишњевски живееше сам и држеше само една од многуте одаи.

-Ете, пан Коле, стигнавме – пан Вишњевски покажа со рака. – Палатата е подигната во 1582 и доградувана e во наредните векови. Во неа живееле поколенија на четири моќни семејства од околината чии грбови се врежани во порталот19. Од 1945 година му припаѓа на земјоделското стопанство.

Коле застана пред скалите и се загледа во високата кула што се извишуваше покрај трокатната куќадо која беше прилепена уште една двокатна, а до неа и еднокатна зграда. И додека пан Вишњевски ја 19 Портал – украсно архитектонско опточување на влезните врати на црквите, палатите, градските управи и зградите на богатите.

отклучуваше влезната врата, Коле се загледа во порталот на кој беше изрезбан легнат лик потпрен на череп и до него натпис: Hodie mihi, cras tibi и полугласно читаше. Пан Вишњевски го забележа тоа и праша:

- Успеваш да го прочиташ натписот? А знаеш што значи? Како што гледаш е со латинско писмо и на латински јазик, а значи – Денес мене, утре тебе... Да, на секој така му е судено, пан Коле - рече Вишњевски, и ширум отворајќи ја големата врата, ниско се поклони и со испружена рака пред него, замоли: - Повели пан Коле, влегувај во моето царство... Право, па лево во дневната... - тивкиот глас на пан Вишњевски силниот ветер го одвеа во недогледно.

Оладеното лице и малку вкочанетите прсти на Коле се смлачуваа во пријатната топлина што зрачеше од калјевата светликава печка која се извишуваше во левиот агол. Неговиот поглед шареше по сидовите на кои висеа големи слики во позлатени рамки и портрети на брадести мажи во одминати години и жени во долги фустани и со златни прстени на прстите и ѓердани на разголениот врат. Вишњевски не му пречеше да се изнагледа и кога Коле, вчудовиден од тоа што првпат го гледа, се сврти кон Вишњевски и со тон на големо изнена-дување и љубопитност, праша:

- Сево ова е твое, пан Вишњевски?

- Тоа што го гледаш, пан Коле, е оставено од поранешните жители... И не е само ова. Следи ме за да видиш што уште е оставено. Целото домаќинство е тука. Германците со себе, во паничниот страв од одмазда, бегајќи, со себе зеле само толку, колку што им било дадено да земат. Се е на истото место, како пред шест години, кога во оваа куќа вриеше животот, што ужасно згасна при крајот на големата војна. Се е тука... – рече пан Вишњевски и доврши: - Do dzi ś tu nie dotarli szabrownicy... 20 Другите куќи, пред вашето пристигнување малку беа ограбени, а оваа куќа ја спаси случајот што во неа повремено престојуваше командантот на пограничниот баталјон...

-Може ли да одиме и погоре? – праша Коле.

20 До денес тука не стигнаа ограбувачите на оставен имот.

-Може, зошто да не. Ќе одиме до кулата и од таму ќе ја видиш околината. Сега многу нема да видиш, ама дење, окото се полни со голема и ширна рамница. Одиме...

До кулата водеа вртени тесни скали. Кога стигнаа горе, Коле одеше од прозорец до прозорец и со вчудовидување гледаше на големата рамница бледо осветлена од полната месечина. Од јасно зацртаните линии на нивите што неодамна беа изорани и посеани сфати колку труд тој и сите во стопанството, дојдени од југот, вложија за да соберат се што роди оваа рамна земја. Два и пол месеци од нивите до магазините тој ги тераше коњите кои довлекоа стотици коли товарени со репка, компир, морков и зелка. Тие стотина луѓе два месеци, од утро до вечера собираа, товареа и растоваруваа... Многу пот истурен на таа ширна рамница која сега целата е задремена под белиот снежен покривач. Целиот беше занесен во тие размислувања и во големината на рамнината.

-Да слеземе во дневната и таму со чашка вотка и со мезе, како што личи, да прославиме, пан Коле.

Повели, одиме во дневната...

На масата, во тркалезен послужавник – ситно кроени листови шунка, тркалца од колбаси со боја на топен килибар, на околу маринирани печурки лисичарки и корнишони. Од страната, шише вотка – żubrówka и две кристални чашки.

- Еве, пан Коле, повели, czym chata bogata21 - со широк замав Вишњевски покажа на масата.

Седнаа. Пан Вишњевски ги наполни чашките со вотка и рече:

- Да наздравиме, пан Коле. Денес е голем наш полски празник. До дно!...

Коле ја подигна чашката и праша:

- А што се слави?

21Полска пословица – буквално значи : со ова куќата е богата, а со значење – покана и охрабрување гостинот да ја прифти поканата и да јаде и пие.

- Се слави голем полски национален празник. На денешен ден, 11 ноември 1918 година, Полска, по

123 години ропство, си ја врати државната независност.

- Честит празник и векови да трае – пожели Коле.

Отпи од чашката и некако воздржано, ама зачуден рече:

- Денес, пан Вишењски, кога отидовме во градот да однесеме компир во една голема фабрика, не видов знамиња и пароли со кои се бележат државни празници...

- Точно е тоа дека не си видел, бидејќи тој празник денес не е државен. Во сегашна Полска овој празник тукуречи стана семеен и се слави далеку од очите на власта. Празник со знамиња, пароли, говори, побогати ручеци во фабричките мензи и со многу луѓе на булеварите и плоштадите, славиме на 22 јули.22 Денес имаме нова Полска, во нови граници скроени од големите. На Исток без Креси23, на Запад со Ziemie Odzyskane24, без крал и претседател, со политбиро и централен комитет, со диктатура на пролетаријатот, послушна влада и државен грб со вековниот бел орел на кој му ја симнаа кралската круна.

Пан Вишњевски прекина, гласот му затрепери и откако отпи од ново наполнетата чашка, тивко и испрекинувано го продолжи раскажувањето.

- Ние, Полјаците, пан Коле, во вековите што одминаа имавме паѓања и издигања. Бевме држава која значеше во Европа. Да, во Европа значеше, ама внатре, дома, имавме делби. Од Запад стигнуваа други идеи кои за полската магнатерија, аристократијата и високото свештенство, кое му беше послушно на римскиот папа, не 22 Државниот празник на Народна Република Полска беше востановен на 22 јули 1944 година.

23 Kresy – така Полјаците ги викаат териториите во Западна Белорусија и Украина од кои беа иселени во 1945 година.

24 Западно- северните области на Полска добиени 1945 година.

беа прифатливи. Во Полска во тоа време се читаа книгите на француските енциклопедисти и набрзо стигнаа и трите принципи на француската револуција- слобода – еднаквост - братство. Тие напредни идеи беа прифатени од голем број членови на полскиот сејм кој четири години по ред расправаше за да ги претопи во уставни одредби. И така на 3 мај 1791 година во Варшава беше прогласен првиот устав на Полска, кој ги подели Полјаците. Ноќта, меѓу 18 и 19 мај во малото гратче Тарговица се собраа противниците на уставот – видни магнати и некои бискупи и за помош и се обратија лично на руската царица Екатерина II да испрати воена помош. Полска беше нападната од стоилјадна руска војска и така почна полско-руската војна. Полјаците храбро се бранеа и покрај тоа што имаа и победи, полскиот крал Станислав Аугуст Поњатовски нареди прекин на воените дејствија и со писмо и се обрати на царицата со кое и предложи вечен сојуз, па дури и абдикација од кралската титула во корист на нејзиниот внук – Константин. Крајот на војната ја запечати првата поделба на Полска меѓу Русија, Прусија и Австрија. Потоа во јануари 1793 следеше втората поделба меѓу Русија и Прусија. Како одговор на ова беше националното востание наречено Кошчушковско, по името на водачот на востанието Тадеуш Кошчушко. За жал востанието не успеа и на 24 октомври 1795 година по третпат Русија, Прусија и Австрија ја поделија Полска. На европската карта Полска беше избри-шана. Во изминатите векови полските кралеви ја делеа Полска меѓу синовите и Полска си беше Полска. Моќните соседи ја поделија Полска и според нив Полска веќе не беше Полска. За едните беше губернија, за другите провинција. Но, во сите тие 123 години на робување, во свеста, срцето и духот на Полјаците, Полска секогаш беше Полска. Заговорот во Тарговица кај нас Полјаците е запаметен како најголемо национално предавство. Предавниците кои повикаа туѓа помош за да си ги сочуваат привилегиите се обележани со вечна инфамија, а во текот на Кошчушковското востание многу од нив народот во Варшава ги бесеше на импровизирани бесилки, на уличните дрвореди.

Зборот ,,Тарговица” и денес е синоним на најтешко предавство на нацијата и државата.

Пан Вишњевски прекина, отпи од чашката, длабоко воздивна и продолжи:

-Не поделија, пан Коле, како држава, значи ја поделија државната територија, ама нас, Полјаците не не поделија како народ. Си го сочувавме јазикот и името, без престан си ја збогатувавме нашата национална култура. Секогаш бевме голем народ. Со голема и моќна црква, која секогаш беше црква на сите Полјаци така во Полска, како и надвор од Полска. Нашата црква, пан Коле, покрај зборот Бог, во минатото и сега, секогаш го реди и зборот Полска... Едно неразделно двојство - Полска и Бог... Тоа бевме и тоа сме и сега, ние, пан Коле...

Ние, Полјаците... на чии знамиња од векови е запишано: Bóg, Ojczyzna, Honor... 25 Сега новите власти тие три зборови ги избришаа од знамињата, ама ги има во срцата на Полјаците...

Пан Вишњевски за миг прекина. Коле возбудено го гледаше неговото бледо лице.

- Да седнеме покрај каминот. Таму е потопло.

Пан Вишњевски го прекина краткото молчење и откако удобно се смести во меката фотелја, продолжи да раскажува.

- А потоа? Потоа, пан Коле, имавме востанија и тешки порази. Соседите не делеа, а ние – востание.

Оружје ни беше и косата, ама најмногу свеста. Илјадници Полјаци му се придружија на Наполеон во неговите завојувачки војни затоа што ветуваше воскреснување на Полска. Тој ветуваше и Полјаците гинеа во неговите војни. Гинеше нашата младина во Сан Доминго и во Сарагоса и во војната со Австрија, со Прусија и Русија. Да, точно е, Наполеон ни напиша устав и ни направи Варшавско кнежество, па за возврат му ја наместивме Марија Валевска... Знаете, тој кој пишува, тој и брише. Тој кој дава - тој и зема, тој кој прави – тој и расипува. Зависи со кого се здружува и зошто му е потребно пишувањето устави и правењето кнежества. Кога го дигнавме второто востание во 1830 – бевме сами против Русите. Доживеавме пораз. За многу од живите и осакатените заедно со челниците Европа ги отвори вратите. Во париските салони и хотели, каде се прибра полската 25 Бог, Татковина, Чест аристократска елита – раскол. Таму со години се расправаа за тоа кој е виновен, кој е патриот и кој е предавник.

И секој беше убеден дека само тој е во право. Неверојатно е тоа што идејата за слобода прави големи делби. По триесет години, пак дигнавме востание26. И пак пораз. И пак во изгнанство. Бегство на запад. Пак преполнети париските салони и хотели и пак раскол и пак големи делби. По големата војна, по сто дваесет и три години си ја вративме државата, а болшевиците – во полско – болшевичката војна ги скршивме крај Висла. Успеавме зашто имавме водач, водач обединител на сите Полјаци, кој цел живот не го отпаши коланот на кој му висеше бојната сабја.27 Денес, за него се молчи... По дваесет години не столчија Германците. Пак во големо изгнанство.

Едни на Исток, други на Запад. Станавме војници на сите војски кои беа против Германија. Гиневме во сите големи и мали битки. Гиневме и во шуми со истрел во темето... Ама за тоа денес е забрането да се зборува...28 На сите фронтови ја извикувавме нашата стара полска парола - za nasz ą i wasz ą wolno ść29- за наша и ваша слобода, која беше изгравирана на сабјите и извезена на знамињата на Полјаците учесници во востанијата низ Европа и Америка. Таму каде големите со своите војски не успеваа во битките, беа праќани полските момчиња.

Илјадници загинаа во битката за Монте Касино во Италија. И за нив како химна денес се пее:

Czerwone maki pod Monte Casino Zamiast rosy piły polską krew...30 26 Станува збор за востанието од 1864 година, наречено – Powstanie Styczniowe – Јануарско Востание 27 Станува збор за Јузеф Пилсудски (5.12.1867-1936)

28 Станува збор за стрелањето на полските офицери во Катинската Шума.

29Za naszą i waszą wolność - за наша и ваша слобода.

30 Црвените булки под Монте Касино Место роса пиеја полска крв...

Го имавме и Варшавското востание... Тоа наше полско херојско самоубиство... Поразите не не обес- храбрија. И да ти кажам, пан Коле, дека учествувавме и во туѓи востанија и победи, како што ти кажав со паролата за наша и ваша слобода испишана на нашите сабји... Да... На Американците им го дадовме Тадеуш Кошчушко, на Унгарците и на Турците Јузеф Бем, наши и нивни национални херои, на Русите - Феликс Џержињски31. Мислам дека и кај вас, во тоа ваше несреќно востание, учествуваа наши Полјаци. И покрај целата наша сиромаштија што ни ја остави војната, ја помагавме и граѓанската војна во Грција. Случајно, пред некој ден се сретнав со еден мој стар пријател, кој бил ангажиран во таканаречената акција ,,Ѕ”, криптоним под кој во строго доверливи услови се одвиваше помошта за грчките и македонските партизани со кои командуваше генералот Маркос. Тој, пријателот, во таканаречените nocne Polaków rozmowy32 ми кажа, дека Полска даде 10 илјади чевли, 10 илјади војнички кошули, 15.000 должни метри плалтно за воени униформи, 4 илјади и петстотини пушки од типот маузер, 50 тешки и 15 рачни митралези, 18 минофрлачи од 81 мм, 679 пиштоли, 4 милиони фишеци, 8 комплетни американски радиостаници, 26 тони санитетски материјал и медицинска оптрема, 600 против-тенковски мини, 1800 против пешадиски мини и голем број други експлозивни материјали. На почетокот помошта од Полска и другите земји на советскиот блок со возови стигнуваше во Југославија, ама по расправата меѓу Тито и Сталин, помошта се собираше во Полска и со полски бродови беше растоварувана во албанското пристаниште Дурес. Според кажувањето на мојот пријател, првата помош Полска ја испрати со авион кој од Варшава полета на 8 октомври 1948 година, носејќи еден тон и шестотини килограми медицинска опрема, лекови и експлозивни материјали, а на 7 ноември истата година од пристаништето во Гдиња исплови бродот ,, Сталова Вола’’ и однесе петстотини тони воен материјал. Целата акција, рече мојот пријател, за помош на комунистите беше во надлежност на II управа на Генерал Штабот на Полската Војска и 31 Feliks Dzierżyński (11.09.1877 – 10.07.1926), - творец и шеф на првите советски органи за безбедност.

32 Nocne Polakóww rozmowy – ноќни разговори на Полјаците - доверливи средби и разговори на Полјаците водени ноќе во тесен круг поврзани со политичките состојби во времето на робувањето на Полска, како и во подоцнежните времиња, посебно во периодот на комунистичкото владеење.

се одвиваше под криптонимот ,, Ѕ”, значи специјална акција. Ова не е се, пан Коле. Во импровизираните планински болници кои беа сместени во пештери, работеа полски хирурзи, а во Сукт, близу Дурес, воено-болнички логор во кој се рахебилитираа ранетите, главен лекар беше Полјакинка од еврејско потекло. Во јули 1949 година по налог на највисокото полско државно раководско на чие чело беше Бјерут, на островот Узнам беше отворена тајна воена болница ,,250’’ за околу две илјади ранети, опремена со најсовремна медицинска опрема во која работеа врвни полски хирурзи и лекари од разни специјалности. Списокот што беше направен по завршувањето на акцијата изнесува 177 точки, почнувајќи од топовите од 105 мм, минофрлачите од 120 мм и завршува со рачни машинки за бричење и жилети.Таа помош изеде 15 милони долари. Пријателот уште ми откри, дека според извештајот на генералот Комар Полска прифати 13.868 лица, меѓу кои 1500 ранети и 3000 деца. За нив беше отворена одделна жиро сметка од која требаше да се покријат трошоците за превоз, исхрана, здравствена заштита, сместување, воспитување и образование на децата и младинците и други услуги. Ете, пан Коле, така Полска, како и другите земји од советскиот блок, влезе во таа валкана војна за која Сталин, рекол дека: Зарем мислите дека Велика Британија и САД, најмоќните држави во светот ќе дозволат да ги прекинеме нивните комуникациски линии во Медитеранот?! А ние немаме флота. Востанието во Грција мора да заврши и тоа толку брзо, колку што е можно’’. Грчкото комунистичкото раководство не го послуша. И тоа беше првата страшна нагазна мина. Во јули 1948 година во екот на најтешките битки во Грамос, кои траеја 70 денови и ноќи, американскиот новинар Полк, кој во Грамос стигнал преку Југославија, се сретнал со Захаријадис и му пренел дека владата во Атина е готова да предложи прекин на борбите и отпочнување преговори за примирје. И овој пат комунистичкото раководство не послуша и стапна на втората нагазна мина која доведе до поразот. А новинарот во Солун го најдоа мртов. Не се знае кој од завојуваните страни го убил...

Прости, пан Коле, што навлегов во таа ваша драма, а сакав повеќе да се задржам на нашата, полската драма...

Пан Вишњевски прекина, зеде шкорче од каминот ја запали цигара што цело време ја вртеше меѓу прстите. Тутунскиот дим го вдишуваше полека и се гледаше како при секое вдишување му се подигаа градите.

Димот го издишуваше низ носот и тогаш целото лице му се губеше во сивкава магла. Откако до половина ја испуши цигарата, се сврти кон Коле и го праша:

-А таму кај вас, пан Коле - пан Вишњевки неочекувано ја смени темата на разговорот - дававте невести?

-Не, не дававме. Нашите господари сами си ги земаа... поучени по писмена наредба заверена со потпис и печат...

-Зарем?! - Како го правеа тоа? - вчудовидено праша пан Вишњевски.

-Министерствата за внатрешни работи и одбрана до сите воени, полициски, жандармериски команди, до државните службеници, судиите, учителите, поповите и така натаму испраќаа упатства со кои им се наложуваше да се женат со девојки од месното население, значи со Македонки...33 Добро смислена работа со чија помош се кинеше конецот во семејствата. Се разбира за невестите бараа и голем чеиз, најчесто во пари со што осиромашуваа цели семејства... По тие обичаи, на чеизот му даваа тукуречи иста вредност како и на невестата... А по години, кога ќе им завршеше службата, си се прибираа во своите родни места. Таму по градовите или најчесто по островите зашто од таму потекнуваа, тукуречи секоја есен, откако во амбарите, 33 Скоро секоја година беа испраќани до надлежните во Егејскиот дел на Македонија упатства за ставот на грчката држава спрема македонското население. Едно такво упатство се чува во арх. Збирка на авторот и гласи:

,,Ελληνικη ∆ηµοκρατια, Υπουργειον ∆ηµοσιας Τακσεως, Υπουργια Εθνικης Σασφαλιας, ∆ιευνση¨Β. Τµηµα ΙΙ. Αριθ.Πρωτ. 6502/7-50428.