Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

On the Road of Time (Following the Traces of Memories)

ПЕТРЕ НАКОВСКИ НА ПАТ СО ВРЕМЕТО - Part 06

Par Петре Наковски · Partie 6 sur 18 · Environ 21 minutes

Lire en English

И тоа време беше време на лаги, на понижувања, блатење, предавства, време на подлости и кодошења, време на клеветење и губење и изопачување на сопственото лице, време на уништување на се што значеше живот, беше нечовечко и погано време. И колку да е грдо и проклето, треба да се памети тоа време затоа што ние бевме во тоа време, затоа што нас не голташе тоа време. И правеа така тие времиња да бидат што полоши и да бидат што попогани зашто така најбрзо се внесува стравот и најдобро се откорнуваат корените...

Стариот прекина за миг, во дланката ја искашла кашлицата и рече:

- Сега е подобро. Не ни бранат. Си го зборуваме јазикот и дома и надвор. Слушаме радио на сите бранови и јазици и гледаме телевизија на сите канали што ги фаќаме и ги разбираме. Јас имам две антени – една гледа на север, друга гледа на југ. На нашите не им бранат да ни дојдат на гости и нас не не викаат во полицијата кога се враќаме од гости. За нас тие таму во Атина многу се грижеа, многу сторија и прават, а за вас, кои барате имоти и државјанство, тие таму во Атина направија математика што може да се прикаже со ваква равенка: А1+А2+А3=0. А знаеш како ја решаваат равенката? Ете вака: А1 тоа е коленото родено меѓу 1895 и 1915. Тоа колено, значи А1 изумре и врз него го додаваат коленото родено по 1915, значи А2. Тоа е најомразеното колено зашто учествуваше во граѓанската и се растури по комунистичките земји. И тоа тукуречи е при крај. На оваа колено му го додаваат коленото означено со А3, тоа се децата што ги собраа комунистите и ги одведоа по државите. И ќе почекаат да си врви времето во кое А3 по едно десет или петнаесет години ќе се истопи. Дури потоа ќе го запишат резултатот: НУЛА. Ќе прашаш, а децата на коленото А3? За нив местата во кои се родени нивните дедовци и татковци ќе бидат само спомен. Ете, тоа е таа математика што ја смислија во Атина.

И времето убива...

5.

Нашиот пат со времето и трагите на спомените не однесе во селото Езерец, сега Петропулаки. Името му е многу старо и го носи по некогашното истоимено село кое се наоѓало повисоко и лежело во подножјето на планината Орле, која, според едни така е наречена од високата карпа чиј врв завршува со глава на орел, а според други по белоглавите орли што сега се помалку ги има. Старото село било изградено во средината на сега непостојното планин-ско езеро. Местото го посетивме и таму видовме само остатоци од дебели ѕидови, откорнати, испокршени, испре-вртени и расфрлени камења и дебели парчиња од кера- миди. Понатаму висока песочна карпа на која се гледаат вдлабнати редови. Се зборува дека меѓу тие редови имало букви, ама не грчки, туку кирилски кои за време на диктатурата на Метскас во 1936 година дошле луѓе од југот и ги изделкале со казма.

Сегашното име на Езерец му е дадено по некој си Петропулакис кој од островот Крит, како што гласат гласо-ви, заедно со своите паликарја, повеќето поранешни затво-реници, бекрии и козокрадци, дошол во Костурско да ја ослободува Македонија. Загинал, ама не се знае од чиј куршум и тоа не во Езерец, туку во Сничени, соседно село кое денес е наречено Кастанофито, по тоа што има многу костени. Не е напишано дали некој од тие паликарјата загинал и не се знае што станало со торбата на Петропу- лакис. Исплашените Сниченци телото на јунакот ноќе скришум го префрлиле во атарот на селото Езерец, па оттука подоцна во чест на тој критски паликари било прекрстено во Петропулаки. Тука нема музеј на Петропу-лакис и ниту му се знае гробот. Не се памети дека во чест на Петропулакис, јунакот и херојот од Крит и неговите паликарја биле одржувани свечености.

Езерец, некогаш село со над стотина куќи и повеќе од петстотини души, зиме е празно. Оние десетина Езерчени, што се уште ги крепи земјата, се преселуваат во Аргос Орестикон, гратче порано познато со името Рупиш- та. Пролетта, а посебно летото, Езерец живнува. Од градо- вите се прибираат селаните за да ги дотераат своите куќи и да приберат здравје во чистиот воздух и студената и бистра вода што тече од планинските извори и за да ги очистат и средат надгробните плочи и камења и на своите предци и најблиски да им запалат свеќа. Така го бележат своето истрајување и опстојување.

Каде и да свртиш поглед, очи ќе ти бодат урна-тини што ги остави граѓанската, но и куќи на распаѓање на чии порти висат катанци, што ги обесиле сопствениците кои од патот на големата измама никогаш не се вратиле дома. Засекогаш останале во источните земји на Европа и како единствен белег дека тие тука биле се урнатите авлии, `рѓосаните катанци обесени на портите, мрачните отвори на прозорците и вдлабнатите покриви.

Езерец истраја во сите палежи и опљачкувања што ги вршеле и Османлии, и качачки Арнаути, и остров-ски арамии и италијански и германски золдати, но го опустоши граѓанската.

За Езерчени и сите намерници југот завршува на работ од врвовите на планината Одре легната на височина од 1525 метри над морето и, чиниш, за сите нив тука завршува светот. Кога од таму прудолу, кон полето лениво се спушта југовината, тогаш со себе таа носи и шири мирис на највкусен планински чај од Одрето.

Во утринската ведрина од тука се гледа целото Костурско поле, Костур, езерото и околните села. Десно дреме гола планина завиена во синило и оттука името и е Сињачка. Право пред очи, отаде Мали – Мади, се извишува Вичо и далеку – далеку, во белата замаглина одвај се гледа врвот на Пелистер и Иван Планина. Лево - Копанче, Свети Илија, Круша и Горуша и зад неа Котелската Кула, 1758 висок рид кој од јужната страна е пресечен со многу стрмна карпеста падина на чие дно лежи селото Котили (Котелци). До самоти врв прескокнавме осум редови, сега, плитки ровови обраснати со висока трева, и на тој простор се гледаат повеќе ` рѓосани куршуми и празни фишеци отколку дробен камен. На самоти врв – гола, испрана карпа на која нечија рака напиша: 16 јули 1947 година.

Тој ден месец и година во попладневните часови од одредот што изгина, само двамина мажи, партизани, борци на Демократската армија на Грција, го бранеа ридот.

Кога им снема муниција, за да не бидат заробени од војни-ците на владината војска се фрлија во амбисот. Двамината мажишта, едниот Грк, другиот Македонец, со едно тело и иста судбина се најдоа на дното на бездната. Подоцна најдовме дека едниот се викаше Ване Доров Малков од костурското село Шештево, внук на комита кој загинал на Ножот.

Многу стрмен е камениот гол ѕид на Котелската Кула и длабока е бездната. Колку траеше летот до дното?

Како да се нарече и со што може да се измери чинот на тие двајца мажи?

Врз камената и карпеста плоча неука рака го има испишано денот, месецот и годината, а прашината што налегнува врз неа ја издувува северњакот и само дождот ја пери... Во цепнатините расте мов и по некое ретко цветче.

Целиот простор пред камената карпа на кој се уште се гледаат остатоци од ровови, расте бујна зелена трева и многу планинско цвеќе. Помислив да наберам и да сплетам венец. Се наведнав ниско, но не за да наберам цвеќе, туку да се поклонам пред сенките и правот на тие, кои тука распарчени останаа за навек...

Се исправувам, пуштам поглед на околината и во тој миг го слушам гласот на сега осумдесетгодиншната, партизанка, Мита:

- Огромни се планините на Северен Пинд, реон познат под општото име Грамос. Високи ридови, некои голи, каменети и карпести, столетни борови и шумите мрачни, студени водје ги делкаат клисурите, а ноќите ведри и небото извезано со ројови ѕвезди и се чини толку се блиску, што само рака да испружиш и ќе ти легнат на дланка. Зорите ведри, росни, студени во кои како бел килим маглата е послана по длабоките котлини, а облаците

– црните носат долготрајни студени дождови, што доаѓаат нагло со многу силни и долги грмотевици инивниот одглас долго се пренесува низ долгите и длабоки трапишта, процепи и клисури. А белите облаци носат жега. Ветриш-тата силни и од нога те корнат и огромна бучава шират меѓу столетните стебла, во бранови удираат на карпестите бездни што најмногу ги има на јужната оголена и карпеста страна. Северната – густо обрасната со секакви дрвје, зеленило колку душа ти сака. Дење горештините се големи, каменот толку се стоплува што врз него јајце можеш да испржиш. Од високите ридови окото паѓа врз Костурското Поле и Населицата, Вичо се гледа и отаде Кајмакчалан, високите ридови на Пелистер и јужно - врвот на Олимп.

Зимите студени и со многу снег и виулици кои создаваат високи и тешко проодни намети. Пролетта е најубава.

Есента тажна, магловита, студена и влажна.

- Тука, на Грамос, беше одлучено да се пресме- таме со противникот.Тука да фатиме пусија - продолжи со раскажувањето тогаш осумнаесетгодишната партизанка. -Тука се пикнавме во ровови и бункери и на тој начин постојано бевме на нишан. Тука го чекавме противникот само со своето пешадиско оружје, неколкуте ридски топо-ви со само се на се пет илјади топовски гранати. Беа ли доволни за да го сотрат непријателот? Да, велеа и викаа тие од високото партиско и воено раководство, а непријателот само во текот на еден ден и ноќ врз нас фрлаше повеќе од пет илјади топовски гранати, а да не ги броиме минофр-лачките и авионските бомби... Тука, зад чуките и карпите човекот беше поцврст од каменот и карпата. Такви бевме и тоа го признаа и противничките генерали кои во своите извештаи, мемоари и воени бележења напишаа дека – нофитите – значи Македонците, се борци со силен дух, голема физичка издржливост и над се многу храбри борци.

Се браневме сами и бевме бранети од карпите, чуките, шумите... Противникот знаеше каде сокривме глави и ката ден не биеше со топови, минофрлачи и најмногу со авиони. А таму каде тешко си пробиваше пат, со дозвола на Американците фрлаа напалм бомби донесени од Америка. И кога и тие не помогнаа, Атина побара да се употребат некои специјални бомби кои тогаш веќе беа стигнале во Грција, но Вашингтон не дозволи. Бомбите беа нови во светот и употребени можеа да изгорат се и да уништат се. После нив не би имало живот. А тенковите до тука, до борбените позиции не стигнуваа. Козјите патеки за нив беа тесни..

Колку денови и ноќи се бројат од 14 јуни до 22 август 1948 - та? Толку денови и ноќи траеја борбите.

Толку денови и ноќи траевме и ние. Си спомнувам како првите денови од битката, кога владините бригади не можеа да ја скршат нашата одбрана, авионите не биеја со некакви специјални бомби. И порано не биеја со бомби, но овие, донесени од Америка, ги викаа напалм бомби. Лошо оружје, од него гореше и земјата и небото. Горевме и ние.

Се гореше, но се браневме макаршто секој ден ни се стеснуваше просторот и бевме се помалку...

Си спомнувам, шеесеттиот ден вечерта падна наредба да се повлечеме на нови позиции. Беа последните.

Зад нас веќе беше Албанија. Вечерта се изброивме. Од 460 борци, момчиња и девојки на возраст од 16 до 22 години, колку што броеше нашиот баталјон пред да почне битката, живи останавме само 95 од кои 60 беа ранети. Кого прво да преврзиш, кого да пренесеш? Некои ни се оладуваа во прегратките..

Поминаа години и по толку изминато време и живите борци – учесници не без солзи раскажуваат за својата изгубена младост. Се обидуваат да избегаат од тој свет, но длабоко во себе, во својата свест и паметење ги чуваат сликите од тој свет што како неизлечива рана го носат во себе...

Храбри ли беа тие момчиња и девојки, родени во годините од 1920 до 1930 кои беа стожерот на Грамос и на Вичо?

Стоејќи на ридот под кој длабоко лежи бездната на Котелската Кула, ете, само се обидувам да си ја вообра-зам сликата за нив, но таа е бледа, далеку е од онаа вистин-ската во која војната беше дел од нивниот живот, од која едни останаа на вечна стража, други од неа излегоа осака-тени, а трети го фатија неочекуваниот, но принуден егзил и голем број од нив засекогаш останаа во туѓи земји и меѓу туѓи народи... Бледа е сликата што сакам да ја создадам и во неа да ги видам како во оган горат планините на Грамос и како тие момчиња и моми чело му ставаат на усвитениот челик на гранатите и бомбите исфрлувани од англиските спитфаери и американските москити...

А од тука, па натаму се извишуваат Бел Камен, Горна и Долна Арена, Чарно и Краставец, Аљавица, Грамос и многу други планини и врвови каде од 14 јуни до 22 август 1948 година, од двете страни на боиштата гинеше македонската и грчката младина.

Вчера го посетивме овој дел од некогашниот пекол. Цело време не придружуваше само тишина и шумолење на ветерот меѓу дебелите стебла на боровите и буките олишени од авионски, топовски и минофрлачки гранати. Тони искршено и парчосано железо гние во земјата обрасната со густа зелена трева. Пред и во остатоците од ровови и бункери не се знае дали има повеќе дробен камен или куршуми, празни фишеци и парчиња од челик. Во лединката легната под едно голо карпесто ритче, обрасната со папрат под чија сенка зреат шумски јаготки, најдов големо парче од авионска бомба и половина од минофрчка граната. Ги собрав во ранецот за спомен и кога го нарамив се свиткав под нивната тежина. И се запрашав:

колку ли олово и железо падна врз момците и момите кои цели седумдесет деноноќија ги бранеа овие планини?

Колку од нив засекош останаа тука и колку живи и сакати се извлекоа од тука? Тогаш, овие планини, ридови, карпи и чуки беа симбол на беспримерна преданост и храборст.

Сега, по многу одминато време неизбежно во мозокот се вклинува прашањето: која беше целта тие, осумте илјади партизани на Демократската армија на Грција да влезат во ровови и бункери и само со пешадиско оружје да и се спротивстават на осумдесет илјадна владина армија обле-чена и сита и вооружена со најсовремено оружје? Тука, на Грамос, македонските и грчките момчиња и моми, бранеј-ќи ги безводните ридишта и чуки, гинеа под оганот на топовските и минофрлачките гранати и под бомбите и напалмот што со бродови стигнуваа од Америка. Доволно ли им беше оружјето што им стигнуваше товарено на мазги, коњи и магариња и врз кревките плеќи на жените од македонските села во Костурско, а најмногу врз плеќите на жените од Преспа? Живи сведоци тврдат дека секоја вечер, во колона од 300 до 500 товарени правда го газеа патот и козјите патеки од Руља преку Брезница, Смрдеш, Лоба-ница, Крчишта, Новоселени, Шак, Ревани, Калевишта, пренесувајќи го до складиштата во Пиљкати, Јановени, Слимница, Омоцко и Тухуљ или директно до борбените позиции. Тоа беа жени на возраст од 16 до 60 години. Од Преспа до Грамос колку долг беше патот? Толку, колку што траеше ноќта. Од изгревот до заодот денот чмаеше под сенката на авионите.

Поминавме по тие патеки, но не пеш туку со кола.

Тогаш тие поминуваа по козји патеки, кои сега се претво-рени во автомобилски патишта послани со асфалт. Поми-нуваа низ селата кои денес не постојат, а дека постоеја сведочат црквите и по некоја надгробна плоча во оскрна-вените гробишта. Нема куќи, дури и остатоци од куќи нема. Ако маџирските села во Костурско се изградени со делкан камен, тоа се камењето што со воени камиони беа изнесувани во педесеттите и шеесеттите години од пепло-саните и урнатите куќи во Смрдеш, Лобаница, Косинец, Крчишта, В`мбел, Д`мбени, Долно Папратско, Новоселени, Калевишта...

Убави се нивните куќи. Во темелите и ѕидовите на нивните нови куќи се вградени камењата од нашите куќи, од нашите цркви, од нагробните плочи на нашите претци.

Тие, кои тука останаа, велат и повторуваат:

нашите да не бегаа преку граница, сигурно нивните куќи ќе беа поголеми и поуваби.

Недела е и камбаната на црквата Свети Никола во Езерец повикува на молитва. Забележав дека камбаната бие подолго од вообичаеното. Последните шест ѕвонења се подолги и потивки од претходните и долго одекнуваат по долиштата.

Кому ѕвони?

За одговор никој не отвора уста. Настојувам да извлечам одговор, но Езерчени, како по договор в уста држат вода.

По неделната богослужба се прибравме во куќата на поп Стерјо. По подолг разговор за селото и неговото минато, го прашав свештеникот:

- Оче за кого камбаната ѕвони тивко и подол?

- За душите... – рече тивко и со растреперен глас ни го раскажа настанот за кој само старците потајно зборуваат.

Во 1905 година, на 17 март, беше петок, грчки паликарја влегоа во селото. Рекоа дека ќе бараат војводи, ама не им беше до војводите. Удрија по куќите да пљачкосуваат. Бараа злато. Откако никој од нив ништо не најде во келарите и амбарите тоа за што беа дојдени, одделија шестмина мажи и ги одведоа на Св. Илија, надвор од селото, Таму ги мачеа и на крај им ги посекоа вратните жили и пршлените и така ги оставија да искрвават. Не дозволија селаните да им одат на помош. Така во маки умреа. Селаните ги погребаа ноќе и од тогаш никој надворешен не го знае местото на нивната вечна почивка, освен Езерчени.

Поп Стерјо стави прст на усните. Разбравме дека за тоа не се зборува, туку само се молчи и со молкот треба да се памети.

- Како се викаат секој во селото ќе ви кажи, а за тоа каде се погребани, секој во уста држи вода. Не се кажува зашто некој ќе дојди и ќе го испогани местото на вечната почивка. Ете, сто години поминаа и никој не им го помати сонот. А вам ќе ви кажам кој како се викал и каде лежи.

Полека, како на погреб, тивко и молкум стиг-навме таму... Поп Стерјо се прекрсти, се прекрстивме и ние и замре нашиот воздив. Молчиме и гледаме на патерицата со која поп Стерјо ни го покажува вечното почивалиште и вели:

- Тука лежи Стерјо Сидовски, го носам неговото име – триесет и пет годишен, сирачиња ги оставил – Зисо, Коста, Риса и Тана. До него лежи Стерјо Фотовичин, млад, неженет. Од таа страна Петро Николов - не стигна да има челад. Потака Стерјо Љочковски, таму Ставре Ставровски и до него Геле Шомовски...

Се помоливме за вечен покој и одново се прибравме дома кај поп Стерјо.

Во разговорот, во кој ни е вткаено подалечното вчера, му кажав на поп Стерјо дека бевме во селото Ошени

- Инои и таму видовме дека има гимназија. Сакав уште нешто да кажам, но поп Стерјо веднаш ме прекина:

- А што си мислиш дека ако не би ги собрале децата, зарем во Езерец немаше да има гимназија? Ќе имаше и тоа поголема од таа во Ошени, туку некој умеше тука да нема гимназија.

Не изостана и денешното време за кое поп Стерјо неколкупати го искажа сомневањето за опстојувањето на Република Македонија.

- Ами како ќе живее таа држава која е толку малечка и сиромашна? – прашуваше и загрижено мрдаше со глава, искажувајќи го на тој начин своето сомневање во нејзиниот опстанок.

- Ами, дедо попе – му велам полека и тивко – таа сега ти е како едно малечко осамено и сиромашно мече...

- Што?! – подвикна со тон на големо изненаду- вање. – Велиш малечко мече? Мече, а? Па тоа ќе порасне и еден ден ќе биде мечка!...

- Ами што да се прави, дедо попе, и мечињата си растат...

Пладнето заминавме од Езерец. На свиокот, пред мостот го слушнавме одвај чујното ѕвонење на камбаната на црквата Свети Никола, чиниш ни кажуваше дека нема умирање и исчезнување на човекот се додека за него трае споменот...

6.

На пат за селото Иеропиги19, надвор од Месо-потамија20, седнат скраја од патот, не пресретна маж во години. Размислував дали да застанам зашто од добро- намерници бевме предупредени дека има качаци кои со закана на пиштол тераат да ги возиш на југ до некој од големите грчки градови. Молежливиот израз во очите на непознатиот ме натера да застанам. Човекот не поздрави на грчки и, прашувајќи дали одиме во Иеропиги, не замоли да го земеме.

- Влези - му реков и, возејќи со намалена брзина, врзавме разговор. За почеток - од каде си, кој си, што работиш... Рече дека живее во Иеропиги.

Го прашав дали секогаш така се викаше селото.

- Не – рече. - Порано се викаше Косинец и живееле ендопји, кои си отидоа. Сега има само едно едндопско семејство. Стари се...

- А каде се ендопјите?

- Што знам. Се растурија по светот.

- И ти го засака местото, селото?

Стариот одмавна со рака и потврдно рече:

- Не. Не го засакав. Кој сака туѓо? Тука корен не пуштивме. Младите бегаат во градовите или во Европа, а

19 Старото име му е Косинец, а новото име што значли Свет извор на селотому е дадено по водата што извира од под темелите на црквата 20 Старото име му е Четирок. Месопотамија значи – меѓу реки секој ден не има се помалку. Умираме на туѓа земја. Нам помили ни се местата од каде не доселија. Без ливадите, планините, врвовите и водите на Пинд ние секој ден венемe... умираме без нив. Без нив, врвовите на Пинд, ние сме ниски. Таму бевме орли, тука дури и на чавки не личиме. Ни го зедоа Пинд, не соголија. На орлите им требаат врвовите и височините, а нам, саракачаните, недогледните пасишта и студените води на Пинд. Тагува-ме, многу тагуваме зашто не можеме без нашите планини на Пинд. Ете и тука има планини, ама не се како нашите...

Сега таму одиме само за да ги посетиме гробовите на нашите предци...

- А каде се гробовите на ендопјите?

- Пренесени се на друго место. Таму е изградена градинка...

- Нели таму горе имаше куќи? Каде се камењата?

- Во новите куќи... Селото е тукуречи ново и е изградено подолу од старото...

Пред влезот во селото, кафеана. Време е за пиење кафе и белолаглави старци седнати крај масите и потпрени на крлуци, го чекаат својот филџан. Ги поздравуваме, ни отпоздравуваат.

- А таму долу, покривите со ламарини, што е?

- Таму зиме чуваме неколку стотини овци и кози.

- Многу имате – го пофалив.

Стариот тешко воздивна и со тон на навреда рече:

- Кога тука не преселија, дотеравме петнаесет илјади овци, десет илјади кози и три илјади коњи. За толку голем број стока, овие планини се мали и тесни. Крајот на педесеттите години тукуречи останавме без козите и овците. Немаше доволно паша за нив, а ние немавме пари да ја купуваме на друго место. Тогаш владата не натера да ораме и да сееме пченица, јачмен и ` рж и да садиме компири. А ние не оти знаевме да ораме. Ама научивме.

Земјата ја ораме со трактори. Имаме богата земјоделска техника...

Стариот прекина и по кратко молчење, праша:

- А каде ти си видел Влав - Саракчанин во Грција да ора? Влавот, бре, значи ние кои сме дошле тука, поправо не донесоа од Епир, знае да чува овци и кози, сирење, кашкавал, урда да прави. Ние таму во Епир ги презиравме орачите, селаните. Ние таму во Епир бевме епирската аристократија, првите луѓе во Лариса и Атина. Влавот, бре, беше и е кремот на Грција. Во стари години Влавот со сирење и кашкавал ја хранел Европа. Нашите карвани одеа до Белград, до Будапешт, до Букурешт и до Виена. Од таму ги носевме богатствата и ја градевме Грција. Влавот, бре, на Грција и ги изградил првите училишта и цркви, првите јавни згради, првите палати, театри. Сакаш Грк лекар, правник, адвокат, професор, историчар, востаник, брани-тел, дипломат, барај го меѓу Власите. Немој да го бараш меѓу Грците. Власите беа и се кремот на Грција. Таму во Пинд, во влашките села, нашите куќи беа палати. Секој на село имаше куќа градена од делкан камен и секој во Јанина, Мецово, Самарина и други места имаше палата.

Палата, а не куќа. Дали го засакавме местото? Не! Од нас, гордите саракачани на Епир, направија селани, орачи.

Станавме луѓе за исмејување... не изрезилија... Застани тука. Ова е мојата куќа... Слезете... Да ми дојдете дома на кафе, ве молам...

Старата Влаинка – Сараканча не пречека со раширени раце и со насмевка зад која болснаа неколку златни заби. Не седна на широки миндери послани со дебели волнени црвени веленца. И додека пред нас го ставаше слаткото од смокви, на нејзиното чело покриено со густи брчки, видов врежан крст. Влавот, изгледа, ја забележа мојата зачуденост и побрза да објасни.

- Тоа што нашите жени имаат крст меѓу веѓите, ни остана од старо време, од времињата на Јанинскиот Паша. Турците и потурчените за да не пуштаат рака по нашите моми и жени, ги бележевме со херистијанскиот крст, а таква никој Турчин и потурчен дома не смеел да донеси...

И додека го пиевме кафето стариот Влав – Саракачанин ни дораскажа дека тука, во опустошените костурски села Д`мбени, Косинец, Лобаница и Смрдеш, како и во Преспа рај им ветил еден грчки политичар и државник, најбогатиот Влав меѓу Власите во Грција. Името не му го спомна. Рај не најдоа. Тие се осиромашија, а јас сватив дека намерата беше на тогаш опустошеното Костур-ско и на Преспа да им се промени ликот.

Се заблагодаривме за гостењето и станавме за да си одиме.

– А каде ќе одите?

– Во Лобаница.

– Аха, по старо е така.

– А по ново?

– По ново Агиос Димитриос, ама селото веќе не постои... Таму нема ништо, освен едно малечко црквиче што го изградиле Лобанчени кои живеат во Австралија.