History of Contemporary Greece
Front Matter - Part 02
Во периодот на српско-бугарската војна (1885), Грција имала антибугарски став и, како и Србија, се стремела да го попречи процесот на обединување на сите бугарски етнички територии во една држава. На крајот на 19 век односите на Грција со Турција биле секогаш затегнати. Честите востанија во Тесалија и Крит (1866-1868) односите меѓу двете земји ги донеле до работ на војна. Во 1896 година повторно избувнало силно антитурско востание на островот Крит за Еносис (Обединување) со Грција. Владата на Т. Делијанис се вмешала во конфликтот. Грчко-турската војна кратко траеше (1897).
Грција била брзо поразена. Со грчко-турскиот мировен договор од Цариград се прифати принципот status quo ante bellum и Грција била принудена да плати воена оштета од 100 милиони франци. Со анектирањето на Тесалија, Грција се доближила до Македонија.
Македонија: Македонија немаше грчки етнички карактер.
Мнозинството од населението било со негрчки етнички карактер (главно со егзархиска црковна припадност), а грчкото етничко население било реално малцинство (9,8 %). Во Македонија ВМОРО (Бнатрешна македонско одринска револуционерна организација) разви силно народно ослободително движење на чело со Гоце Делчев, Даме Груев, Христо Татарчев, Борис Сарафов и други дејци.
Ослободителното движење на македонското население кулминирало со Илинденското востание (2 август 1903).
По поразот на востанието, покрај засилувањето на грчката просветна и црковна пропаганда, грчката држава почнала да испраќа во Македонија грчки вооружени андартски чети т.н.
“Македономахи” (“Македонски борци”). Грчките чети, создадени од критијани или отпадници на ВМОРО (Коте Христов од с. Руља – Кота), повеќе воделе борба со македонското цивилно егзархиско население отколку со четите на ВМОРО или турските војски. Андартите, раководени од Павлос Мелас и Германос Каравангелис, костурски грчки владика, вршеле силен притисок врз македонското егзархиско население за напуштање на Егзархијата и враќање кон грчката Патријаршија. Грчките андарти праќале заканувачки писма до егзархиското македонско население за враќање кон омразената грчка Патријаршија.
“Соберете си го умот во главата, пишувал еден андартски главатар во писмото испратено на 15 март 1907 година до жителите на с. Б’мбоки (денес Ставропотамос), Костурско, и станете пак што бевте елини-христијани, зашто, ако до 20 април не се вратите, ќе влезам како бесен во селото и нема да оставам ништо: ниту жени, ниту деца, ниту кучиња. Има уште време, помислите што правете. Ве поздравува Гр. Закас, Главатар”.
Андартската активност на т.н. македонски борци кулминира со масовните убиства на цивилното егзархиско население во селата Зеленич (Склитрон) и Загоричани (Василијада). На 13 ноември 1904 година андартска чета на чело со капетан Рувас (Георгиос Катехакис) влегла во с. Зеленич, Леринско, и убила 13 свадбари. Ова трагично собитие во историјата е запамтено како Крвавата зеленичка свадба. На 25 март 1905 година, на денот на грчкиот национален празник, голема андартска чета предводена од капетан Вардас (Георгиос Цондос) убила 60 невини селани во селото Загоричани, Костурско. Ова крваво собитие имало одзив низ цела Европа.
Во јули 1908 година, со извиците “Да живее слобода” и со пеењето на Марзелезата, започнала Револуцијата на “Младите Турци”. Младотурската револуција била последната историска шанса на Османлиската империја да ги одбегне реформските обврски наметнати на Турција во Берлинскиот конгрес и да го запази својот територијален интегритет.
Со Балканските војни проблемот на “Болниот од Босфорот” воено се реши.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/istoria-na-sovremena-grtsija/2 le 29 octobre 2026