Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Testimonials 2001

Front Matter

By Панде Петровски · Part 1 of 19 · About 20 minutes

Read in English

СВЕДОШТВА Панде Петровски СВЕДОШТВА

2001 Published by:

Risto Stefov Publications rstefov@hotmail.com Toronto, Canada All rights reserved. No part of this book may be reproduced or transmitted in any form or by any means, electronic or mechanical, including photocopying, recording or by any information storage and retrieval system without written consent from the author, except for the inclusion of brief and documented quotations in a review.

****** February 23, 2015

****** CONTENTS ВОВЕД ..............................................................................................4 ВОЕНАТА КРИЗА ВО МАКЕДОНИЈА ВО 2001 ......................11 ПРЕЗЕМАЊЕ НА ВОЕНИ АКЦИИ ПРОТИВ Т.Н. “ОНА” ......21 ВОЕНАТА ОПЕРАЦИJА СКОПСКА ЦРНА ГОРА “МХ -1” ...40 ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОПЕРАЦИЈАТА ..........................................47 КУМАНОВСКАТА ОПЕРАЦИЈА “МХ - 2”...............................55 ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОПЕРАЦИЈАТА “МХ - 2”..........................65 ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОПЕРАЦИЈАТА “ВАКСИНЦЕ” ...............75 ОПЕРАЦИЈАТА “РУЃИНЦЕ”......................................................78 АРАЧИНОВО - ОБИД ДА СЕ РЕШИ КРИЗАТА СО ПОЛИТИЧКИ СРЕДСТВА ...........................................................87 ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОПЕРАЦИJАТА - “АРАЧИНОВО” ..........99 СОСТОJБИ ПОСЛЕ ВОЕНАТА ОПЕРАЦИJА ВО АРАЧИНОВО...............................................................................112 НАСТАНИ ПОСЛЕ ПРЕКИНОТ НА ОГНОТ ..........................128 КАРПАЛАК..................................................................................158 ЉУБОТЕН ....................................................................................183 РАЗОРУЖУВАЊЕ НА Т.Н. “ОНА” ..........................................187 РЕЗИМЕ ........................................................................................191 КРАТКА БИОГРАФИJА ЗА АВТОРОТ....................................199 ИЗВАДОК ОД РЕЦЕНЗИJАТА НА ПРОФ. Д-Р ВЛАДО ПОПОВСКИ ЗА КНИГАТА СВЕДОШТВА 2001....................201 ПРИЛОЗИ .....................................................................................203 ВОВЕД Југословенската народна армија (ЈHА), како сојузна армија во составот на СФРЈ, со распадот на државата, постепено отпочна и таа да се распаѓа. Распадот на СФРЈ започна со воени дејcтва, пред се, во СР Словенија и СР Хрватска. Единиците на ЈHА, оставајки дел од воените средства во СР Словенија и во СР Хрватска, се повлекоа од територијата на СРС и СРХ, иако истите прогласија cамоcтојноcт на независни суверени држави.

Во БиХ живееја три вида на народи: Срби, Хрвати и Босанци.

Од тој аспект ЈНА се обиде да го спречи одвојyвањето на БиХ, но во тоа не успеа - се случи граѓанска војна со тешки последици, поради што меѓyнародната заедница испрати воени cили за спречување на конфликотот.

Република Македонија својата самостојност ја стекна без војна

- по мирен пат, со референдум на 8. 9. 1991 г. во кој 95% од народот се изјасни за самостојна држава. Во текот на 1990 година беа организирани парламентарни избори со повеќепартиски систем и следеше формирање на сопствени самостојни институции: парламент, влада со свои министерства и тн.

Во м. декември 1991 г. РМ и Сојузниот секретеријат за народна одбрана на поранешна СФРЈ започнаа преговори за формирање на Армија на Република Македонија (АРМ) по мирен пат. По разговорите беше постигнат договор ЈНА - во февруари и март 1992 г., конечно да се повлече од РМ. По повлекувањето на ЈHА, РМ, како последна република од поранешните републики на СФРЈ во остварувањето на својата самостојност, ја формира Армијата на Република Македонија како заедничка армија на сите народи и народности кои живееја во РМ. ЈHА- по постигнатиот договор помеѓy тогашната влада и ССНО, со повлекувањето по мирен пат, ги повлече сите воени средства и опрема, освен личното вооружување што и припаѓаше на граничните единици кои ја обезбедуваа границата према Р.

Албанија, Р. Грција и Р. Бугарија.

АРМ - своето формирање го отпочна со старешински кадар кој тогаш беше во ЈНА, без опрема и вооружување. Користејки го искуството на тогашните старешини, кои беа во составот на ЈHА, ентузијазмот на Македонците - старешини, набрзо се отпочна со формирањето на АРМ и веќе на 1. 4. 1992 г. беа повикани првите регрути за служење на воениот рок во АРМ.

ЈHА тогаш, до 1991 г., на територијата на РМ ја имаше распоредено командата на 3-та Армиска област (под надлежност на 3-АО беа: териториите на РМ, Косово, СР Црна Гора и Јужна Србија), а од единици (здружени оперативни единици), го имаше Битолскиот корпус за Западна Македонија и Кyмановскиот корпус во Источна Македонија и гр. Врање од Јужна Србија. Покрај овие оперативни единици во РМ беа распоредени дел од военото воздухопловство и против воздушна одбрана, ракетни единици за против воздушна одбрана, повеќе самостојни бригади итн, односно 20-25 000 стален состав на војници и старешини.

Иако ЈHА ја однесе целокупната опрема и вооружување, но не и човечки фактор, тогаш во РМ имаше активен и резервен состав-војници и старешини околу 120 000 способни и обучени во ЈHА- човечкиот фактор кој не претставуваше проблем за формирање на сопствена армија. Затоа, веднаш се отпочна со формирањето на АРМ бидејки во РМ имаше оспособен офицерски и подофицерски кадар од сите родови и видови (пешадија, артилерија, оклопни единици, инженерија, пилоти, морнари итн.).

Офицерскиот и подофицерскиот кадар беа основа за формирањето на АРМ, поради што беше брзо формирана.

Покрај тоа, во РМ имаше изградено воени објекти во сите градови со добра инфраструктура за совршена и квалитетна обука. Набрзо во АРМ беа формирани 3 корпуси: Битолски корпус, Скопскиот корпус и Кумановскиот корпус. Во составот на АРМ беше вклучена и територијалната одбрана.

Во периодот од 9 години, односно до почетокот на воената криза, АРМ имаше 3 реорганизации со цел да се формира мала, мобилна и современа армија, која, пред се, ќе преставува фактор за одвраќање од евентуална агресија и, истоврмено, со својата борбена готовност, да обезбеди извршување на задачите, одредени со Уставот и Законот за одбрана на РМ.

Во 1998 г. бев назначен да ја организирам и да ја водам реорганизацијата на АРМ, пред се да формираме компактибилна армија, спрема армијата на земјите членки на НАТО и во рок од 5 години, така реорганизираната армија, да може да биде кандидат за членка во НАТО.

Планот за реорганизацијата на АРМ, односно формацискиот состав, тогаш го потпиша преседателот Киро Глигоров, како врховен командант бидејки тоа му беше уставна надлежност.

Според тој план беше планирано АРМ да има во својот состав:

14 000 активен состав војници и старешини од кои 50% професионални војници и 50% регрутен состав, а во резервниот состав да има околу 40 000 војници и старешини - односно во воена состојба во АРМ бројноста би била околу 55 000 - (воена армија) што одговара на светските стандарди во однос на бројот на жителите и економската моќ на државата (2% во однос на бројот на жителите). Пред оваа реорганизација АРМ, заедно со резервниот и активниот состав, имаше околу 120 000 старешински и војнички кадар.

Како помош во реорганизацијата на АРМ тогашната Влада на РМ потпиша договор со САД, односно со еден тим пензионирани старешини од САД, МПРИ,-со т.н. инструктори -тим на воени ветерани. Помошта беше во изработка на планот за стабилизација и одвраќање, и бидејќи РМ постана како членка во системот за партнерство за мир - која РМ веќе тогаш беше членка на партнерството за мир.

Таа група инструктори предложи свој план за реорганизација на АРМ - кој од генералштабот и МО не беше прифатен. Во предлогот беше РМ да има армија со една бригада- т.н. лесна пешадиска бригада со два лесни баталјони и дел од специјалните единици. (да нема артилерија, оклопни единици, воздухопловство итн.).

Во тоа време (1998) РМ од воена опрема и вооружување имаше:

94 тенка т-55, 36 хаубици 105 мм, преку 100 хаубици 122 мм, минофрлачи 120-60 мм преку l00 оклопни транспортери преку

300 итн.

На 26.12.1999 г. по изборот на новиот претседател на РМ -Борис Tрајковски, министерот за одбрана акад. Н. Кљусев организираше реферирање поради запознавање на врховниот командант со состојбата во тогашна АРМ и Планот за реорганизација за наредните 5 години.

За моментната состојба во АРМ реферат поднесе тогашниот началник на генералштабот генерал Трајче Крстевски, а јас поднесов реферат каква треба да биде АРМ после 5 години, односно после реорганизацијата.

Во тој реферат, покрај другото, нагласив: “Во реорганизацијата на АРМ имаме несогласувања со тимот МПРИ, но тоа е надминато бидејки овој план во два наврати во Брисел е целосно прифатен од сите земји членки на НАТО со небитни забелешки”.

Набрзо после тоа, односно во јанyари 2000 година, беа пензионирани околу 500 старешини меѓу кои и сите генерали т.н. “кочничари” на реформите.

Секако после тоа, односно после заминување на дел од нив во пензија, беше прифатен планот на тимот МПРИ - и 2000 г.

отпочна реорганизацијата на АРМ под нивна контрола. Р.

Словенија не го прифати тимот МПРИ, а Хрватска ги протера после извесно време, додека ние од Македонија ги протеравме дури во мај 2001 година.

На почетокот од 2001 година, пред кризата, АРМ беше во завршна фаза на преформирање, односно “расформирање” (3.АК, расформиран, 2.АК- битолски во фаза на расформирање, тенковските и артилериските единици расформирани, воздухопловството расформирано), граничната бригада во фаза на формирање и на секоја караула имаше по 10-12 војници итн.

Но 2000 година како прво: беше промовирана новоформирана единица, а таа беше лесната пешадиска бригада со два баталјона која свечено ја претстави претседателот Борис Tрајковски и која во својот состав имаше еден професионален баталјон и еден баталјон со регрyти.

Предлогот од тимот МПРИ, испратен со писмо преку тогашниот амбасадор на НАТО во РМ, а потпишано од XЈ.

Хаен, покрај другото го содржеше следново:

Цитат: “Зборувајки за структyрата на АРМ, односно каква армија треба да има РМ во иднина се вели: “Најтешкото прашање се однесyва на потребните хеликоптери. Сегашниот буџет не може да издржи сила која што ќе биде компактибилна со НАТО и тоа со пилоти, обучени по стандардите на НАТО, ова треба да остане инспирација за во иднина...”;

5. “наведената македонска политика е одбранбена, кое во современата воена наука значи дека силата повеќе е противтенковска, а не тенковска. Исто така, ограничувањето во буџетите и човечките ресyрси диктираат дека нема потреба од тенкови во силите, посебно ако не се доволно добри и ако нивното одржување е скапо. Треба да се направи правилна проценка на заканите и стратегиската одбранбена анализа која што ќе се фокусира на период до 2005 г. и натаму.

Во моментот, сите во НАТО, и тука, и во Брисел, имаа потешкотии со потребите АРМ да има тенковски баталјони за двата корпуси. Единствено сценарио за кое што би била таквата опрема е или за парада или за внатрешни репресивни операции”.

“...Ќе има потреба од радикална редукција на персоналот, и колку што можев да оценам од неодамнешните публикации исто така тоа е цел на министерството за одбрана. Сепак заради правата за пензија сегашните старешини можат да ги одолговлечат реформите. Заради тоа потребно беше да се направи аражман за предвремено одење во пензија кое ќе биде финансиски прифатливо за оние што треба порано да заминат во пензија, а тоа би било добро и за севкупниот морал...”

9. “Постои временски прозорец на можности од 5-10 години додека трупите на НАТО се наоѓаат во регионот за реално преструктуирање које ќе биде интероперабилно со линијата на НАТО. Максимално искористување на овој период ќе резултира во армија со јасна цел, армија која ќе напредува во 21 век. Со тоа ќе зајакне стабилноста на Р. Македонија и на регионот”...

завршен цитат.

Овие инструкции - насоки од МПРИ, преку канцеларијата на НАТО во РМ, во 2000 г. беа целосно спроведени, и војната во РМ во 2001 г. ја дочека АРМ како “Армија на 21-от век”.

Во 2001 на РМ и се случи војна, која дојде во искyшение да ја брани својата независност и територијалната целовитост. Зошто се случи таа војна во 2001 г. кога РМ, како самостоја и суверена држава функционираше 10 години и како таква беше меѓународно призната. И денес, 2006 г., граѓаните на РМ ја бараат вистината: “Зошто се случи војната во 2001?”- “Hикој не сака да ја каже таа вистина”.

Од политички аспект се случи “револуција” за промена на опшествено-политичкиот систем. Од аспект на употреба на безбедносните сили не им беше дозволено да ја спречат таа војна - односно се тактизираше “топло-ладно”, за да се стекне мислење дека РМ не може проблемот да го реши сама, со сопствените безбедносни сили. Затоа во оваа војна победија политичарите, а АРМ и народот беше понижен од своите тогаш актуелни “лидери” - “вожди”.

Секако дека историчарите ќе дадат конечна оценка за тој период, а посебно зошто тоа се случи и шом беше тоа што се случи во 2001!?

Јас покасно се вклучив во разрешувањето на тоа што и се случи на РМ. Откога бев вклучен во ГШ директноучествував во државниот врв во начинот на разрешување на кризата со воени средства. И тоа во фаза на одлучувањето, планирањето на воените операции како и во изведувањето на борбените операции. Со овој труд се обидов да го изнесат пред јавноста моето видување на настаните во 2001 година. Ова мое искажување пред се е поради почит кон храбрите бранители кои искренно застанаа во редовите на АРМ за да ја бранат сопствената татковина, а посебен почит кон погинатите борци кои за слободата на својата татковина ги дадоа своите животи.

Авторот ВОЕНАТА КРИЗА ВО МАКЕДОНИЈА ВО 2001 Што и се случи на Р. Македониjа во 2001 г. - класична војнa, воена криза односно недефинирана вoјнa?

Согледуваjќи ги елементите, односно карактеристиките на една класична вoјнa, и споредувајки ги со она што и се случи на Р.

Македонија, се доаѓа до заклучок дека станува збор за вoјнa, односно за агресија од една држава врз друга. На РМ во 2001 и се случи вoјнa со елементи на воена криза. Дали таа вoјнa, или воена криза беше договорена со тогашните државни -политички структури во РМ или не, ќe оценат историчарите.

Јac, кoј подоцна се вклучив во разрешувањето на кризата и учествував во планирањето и изведувањето на воените операции, освен во воените дејствија во с. Танушевци и с.

Малино Маало, имам намера да ги изнесам моите видувања и факти, кои укажуваат на многу елементи, дека, сепак тоа беше воена криза планирана однадвор со строго разработени инструменти за контрола на кризата, а секако за постигнување на политички цели.

На 14. 3. 2001 г. тогашниот началник на ГШ на АРМ генерал-потполковник Јовo Андревски не повика нас, пензионираните генерали, да не информирал за состоjбата во РМ. Не ми беше познато кoј беше повикан, но на состанокот бевме присутни:

јac, генерал потполковник Митре Арсовски, генерал потполковник Драгољуб Боцинов, генерал Траjче Крстевски и бригадниот генерал Миле Манолев.

Началникот на Генералштабот на АРМ на состанокот не информираше за состоjбата, односно она што беше познато преку медиумите и како е изведена воената операциjа во с.

Танушевци и во с. Малино Маало.

За дискусиjа, по изнесувањето на генерал-потполковник Joвo Андревски, се jавиjа присутните со свои предлози. Еден од генералите, во своjата дискусиjа, покраj другото рече:

“Нашата партиjа зазеде став Р. Македониjа да се брани со помош на Р. Бугариjа. На самата граница вeќe има 20 000 воjници кои веднаш ќe доjдат доколку ги повикаме да јa одбранат Р. Македониjа”.

Не можев тоа да го слушам и нервозно реагирав: “Како можеш Генерале такви зборови да кажуваш кога ние сите знаеме дека Р. Бугариjа во историjата секогаш влегувала во РМ “да не брани”, а секогаш се однесувала како окупатор. РМ има доволно свои воени капацити сама да се одбрани од овие “терористички банди” и продолжив: - “Joвo треба веднаш да побара од Претседателот на РМ да отпочне мобилизациjа на дел од единиците - односно делумна мобилизациjа според Планот за приправност и борбена готовност, кoј е разработен во ГШ како документ и е одобрен од Владата на Р. Македониjа”.

Овoј предлог беше подржан од останатите и беше заклучено што побрзо да се формира дел од воените единици како превентива за евентуално влошување на состоjбата.

Генералот Joвo имаше cвoј став, дека: “политичарите треба да го решаваат проблемот, бидеjќи тие го предизвикаа”. Можеби беше во право, но сепак, проблемот треба да го реши АРМ.

Настаните што се случиjа пред моето активирање зборуваа нешто друго:

На 16. 2. 2001 г. во с. Танушевци доjде до директна престрелка помеѓу припадниците на АРМ сo 4 лица облечени во црни униформи мeѓy с. Дебалде (CPJ) кои се движеа во насока кон с.

Танушевци. Истиот ден околу 15.55 часот, во шумата, 150 м.

северо-западно од “стара продавница”, беа забележани уште две лица кои подигнале шатор. На обид да ги идентификува граничното обезбедување лицата се дале во бегство, со истовремено отворање на оган врз граничното обезбедување, а од другата страна на СР Jугославиjа - од шумата, од неколку места се отворило оган врз македонското гранично обезбедување. Тоа беше првиот елемент кoј укажуваше дека врз нашата териториjа, беше извршен првиот акт на агресиjа, од странска држава, особено што лицата беа облечени во униформи од Заштитниот Корпус на Косово. Подоцна ќе се покаже дека не само што носеа униформи од КЗК, туку дека беа и негови приврзаници.

Четири дена подоцна, на 20. 2. 2001 г., органите за граничното обезбедување на АРМ забележале движења на вооружени униформирани лица од с. Дебалде на делот кoј се наoѓa во Косово. Истиот ден било забележано движење на униформирани лица со маскирни униформи во правецот на с.

Танушевци. На 28. 02. 2001 г. доjде до престрелки во непосредна близина на с. Танушевци помеѓу припадниците на АРМ и вооружени униформирани лица. Истиот тoј ден, околу 15.40 часот, во непосредна близина на набљудувачницата “Танушевци”, беа нападнати Органите на граничното обезбедување и Органите на МВР од РМ. Нападот се одвиваше од униформирани вооружени групи од самото село Танушевци (лицата што напаѓаа беа со црни униформи - како што е опремен Косовскиот Заштитен Корпус од Косово).

На 4. 3. 2001 г. загинаа троjца припадници на АРМ (дваjца од подметната мина, еден со снаjперски оган, истреалан од самото село Танушевци).

На 5. 3. 2001 г. беше отворен и минофрлачки оган кон припадниците на АРМ. Сето тоа беше од страна на косовската териториjа; а отворањето на артилериски оган од соседна држава врз нашата териториjа на легални припадници на армиjа кои јa бранат cвoјaтa териториjа означуваше почеток на агресиjа.

На сите овие провокации, односно класичен напад од тyѓa териториjа врз македонската териториjа и врз легалните гранични органи на АРМ и МВР, АРМ само возвраќаше.

Наводно “такви насоки имала од политичкиот врв”, а “Владата на РМ го изрази своето незадоволство од досегашниот инертен однос на силите на КФОР, кои не си ги извршувале задачите” (извештаj од седницата на Владата, одржана тие денови). На таа седница Владата заклучи: “Надлежните државни органи да ги заjкнат постоjните и да преземат дополнителни мерки за обезбедување на самата граница со цел да се спречи прелевање на конфликтот од север кон нашата земjа и да се заштитат виталните институции и обjекти во државата”. По ваквата одлука на Владата, а не на Врховниот командант и началникот на ГШ т.н. провокации се случуваа сeкoј ден. Единиците од Заштитниот Корпус од Косово се префрлаа на нашата териториjа кaј с. Танушевци и с. Малино Маало, а притоа не се преземаа организирани воени акции за разбивање на истите.

Службеното правило на гранична служба децидно предвидува со чл. 24: “Доколку вооружена група влези во наша териториjа АРМ веднаш презема деjства за разбивање и уништување”.

Дури на 12. 3. 2001 г. била “предизвикана” АРМ да преземе поширока акциjа за комплетно чистење на целиот простор на с.

Танушевци - и на с. Малино Маало, наводно, со знаење на КФОР. После таа акциjа во 17 ч. на граничната линиjа се сретнале Командантот на КФОР и Командантот на акциjата од АРМ и после тоа бил “воспоставен граничен режим”. Каде отидоа терористите?

Во Тетово се поjавиjа на 14. 3. 2001 г. бидеjќи на тoј ден во 1030 часот на Тетовското Кале јa нападнаа полициската патрола на МВР, кoјa се движела во правец: Тетово - с. Селце - с. Лавце.

Тoј ден од нападот беа повредени 15 припадници на МВР од кои 7 беа со прострелни рани. Се чинеше дека само до толку КФОР и АРМ и јa завршиjа заедничката акциjа!

Покраj сите претходно изнесени факти во печатените и електронските медиуми имаше јaвнo “надмудрување” кoј треба да преземе акциjа: АРМ или МВР. Во суштина “планерот” на оваа воена криза, со однапред изнесени “провокации”, како што ги нарекуваа - сакаше да се увери дали државното и военото раководство се спремни да преземат одлучна акциjа и во самиот почеток да ги разбиjат тие 27 терористи во с. Танушевци и с.

Малино Маало, од кои само 8 терористи (Според податоците од заробените документи во списокот на терористите од с.

Танушевци и с. Малино Маало, во назначениот временски период, беа: Мухарем Зибери Хасани, Едим Адем Шакири, Задик Раиф Романи, Емируш Меџи Велиjу, Зекир Сефет Џафери, Агим Муса Мемети и Кадри Рустен Садику; Есат Сеjфула Сулуси, Иса Jетиш Синани. Другите беа од Косово.)

беа од Малино Маало и с. Танушевци, а останатите од Заштитниот Корпус од Косово, или пак да продолжи плански да јa шири кризата во длабочина на македонската териториjа.

И покраj легитимните права кои ги има РМ, како caмoстoјнa и суверена држава, дефинирани со Уставот, посебно разработени во Законот за одбрана, како и во Правилото за граничното обезбедување на РМ се чекаше цели 26 дена безбедносните сили да преземат сериозна акциjа и да го вратат заземениот простор на териториjата на Р. Македониjа: Танушевци и Малино Маало. Јавните медиуми со право отпочнаа со притисок врз државните органи на Р. Македониjа за преземање воени деjства заради одбрана на суверенитетот и териториjалниот интегритет при што јaвнo се изразуваше сомнеж дека АРМ е способна за таа улога.

На 16. 3. 2001 г., во попладневните часови, ми се jави Владо Поповски, член на Советот за безбедност и одбрана и ми рече:

“Панде, премиерот (Љубчо Георгиевски) и претседателот (Борис Траjковски) сакале да се видат со тебе утре во 10 часот”.

“Кoјa е целта на тоа видување?” го прашав Владо.

“Ќе доjдеш еден час порано и ќe ти обjаснам”, ми рече Владо Поповски.

На 17. и 18. 3. 2001 г. ме убедуваа да се реактивирам со цел да помогнам да се разреши кризата со воени средства тие што предвреме ме пензионираа. По неколку месеци, во еден разговор, претседателот Борис Траjковски беше искрен во одговорот на прашањево: “Зошто ме пензиониравте кога немав услови за тоа?”

“Генерале, јac кога станав претседател не Ве познавав Вас генералите. Ричард Грифитс, генерал мaјoрoт од САД , ми донесе список кoј на кoјa должност да биде, а кoј да биде пензиониран. Јac го потпишав списокот”.

Тогаш ми изгледаше посебно искрен во своите искажувања.

Од разговорот со Љубчо Георгиевски констатирав дека тoј искрено сака да jа реши кризата со воени средства, но се сомнева во командниот кадар во ГШ. На тoј разговор истакна:

“Началникот на Генералштабот е уплашен - се плаши од преземање на сериозни воени акции со АРМ”.

ГЕНЕРАЛНА ПРОЦЕНЕКА За Тетово беше известено дека е мирно и дека нема значителни борби во брдата северно од градот. Во граничниот регион вкупно 79 лица биле пресретнати од МНБ(ј), голем дел од нив го фрлиле орузјето пред очите на КФОР трупите. Одредено количество на орузје и друга воена опрема беше превземено. Се разбира, дека 44 лица биле приведени затворот на во МНБ(ј)

Призрен за понатамошно испрашување. Инаку, приблизно 600 бегалци преминале во Косово. А изгледа дека многу повеке се обидуваат да стигнаат до Косово. МНБ(ј) испрати 2 дополнителни одреди во тој регион. УНХЦР проценува дека 7600 бегалци преминале во Косово од 16 Фебруари, од кои 3700 во последниве 3 денови.

Со оглед на тоа дека насилството во ФYРОМ изгледа дека се намалува, вниманието сега се насочува кон движењето на бегалците и поранешните воорузени албански екстремисти кои се враќаат преку границата.

РАЗУЗНАВАЧКИ ИНФОРМАЦИИ (Н/К С) (ОРКФОР) околу 150 приврзаниси на воорузените албански екстремисти во ФYРОМ, од регионот на Тетово се обиделе да избегат преку граница во Косово во текот на раните утрински часови. До попладнето единиците на КФОР прибере 78 од нив. Со бегањето во Косово, тие најверојатно ке се обидат да се претстават како бегалси кои бегаат од пукањето. Не мозе да биде исклучено дека лутината и фрустрицацијата на овие лица сега мозе да се пренасоци кон КФОР.