БЕЗБЕДНОСНАТА СОСТОЈБА ВО РЕОНОТ НА С. РАТАЕ ОД - Part 01
БЕЗБЕДНОСНАТА СОСТОЈБА ВО РЕОНОТ НА С. РАТАЕ ОД
21. 8. 2001 г.
До ГШ на АРМ, на личност генерал Панде Петровски (фото копие од извештајот од Командантот)
Во извештајот кој е испратен од командантот на Оперативно-тактичката група - 1 на бригадниот генерал Јосип Бошевски, покрај другото стои:
“На 19. 08. 2001 г. во вечерните часови од реонот на с. Ратае, беше непотребно отворен оган од вооружена група која беше надвор од контрола на МВР и од составот на единиците за борба против тероризам. Под команда на мајорот Трајковски, остварено беше дејство од тенковите по џамијата во с.
Непроштено. Ценам дека денешното минирање на манастирот во с. Лешок од страна на ДТГ е реакција во знак на освета”.
“Од страна на ОТГ-1 и лично од моја страна, бевте информирани и запознати повеќепати да се преземат итни мерки за престанување на дејствата на горе споменатите единици и состави, од причина што истите не беа загрозени до тој степен, да мора да се постапува на тој начин. Исто така Ве информиравме дека во с. Ратае е стационирана вооружена група (полиција) која оперативно не е под контрола и команда на СВР Тетово, а која честопати отвора оган без потреба и може да предизвика сериозни последици по имплементирање на мировниот договор...” “На 21. 8. 2001 год. лично упатив наш старешина со мисијата на НАТО во реонот на с. Ратае, при што е утврдено дека вооружената група, кон преставниците на мисијата се однесувала крајно дрско и некоректно со зборовите “дека секоја мисија на НАТО ќе биде убиена”.
“На прашањето на старешината од командата на ОТГ-1, кој раководи со оваа група и чии наредби извршува, од страна на лицето по име Марјан кое не сакал да го каже презимето, изјавил дека тој и групата извршуваат наредби на генералот, и не доаѓа предвид некој друг да раководи и командува со нив”.
“Од страна на присутните лица со “црвени беретки” манифестиран е висок степен на омраза кон мисијата на НАТО со упатување закани “ќе видите Вие што ќе се случи за два дена”.
Вакви и слични извештаи тие денови од Тетовскиот реон МО и ГIII добиваше скоро секојдневно, посебно и од мисијата на НАТО, со потенцирање дека во тој реон има некои единици кои се надвор од секаква контрола и кои можат да предизвикаат потешки последици по реализирањето на целата операција “Жетва” и имплементирањето на Рамковниот договор. Во неколку наврати добивани се и оптужби од македонските жители во тие села од постапките на некои единици во “црвени беретки”. Секако за сето ова беше информиран и претседателот на Р. Македонија и премиерот на Владата на РМ.
Тоа беше создавање на неизвесност како за настаните така и за идната реализација на договорот и на смирувањето на стабилизацијата во државата.
Денес (август 2006 г.) сите тие случувања, непосредно пред Охридскиот договор по неговото потпишување ми изгледаат како очајанички обиди на некои структури да продолжи кризата и конфузијата во Р. Македонија. Но тоа доправа треба да се откриваат и разјаснуваат. За среќа не се случи така како што настојyваа таквите структури. Кон тоа длабоко верувам, дека значително придонесе и АРМ - со своите старешини и војници, со одговорното однесување за цело време на кризата.
РЕЗИМЕ Од почетокот на војнaтa во Р. Македонија, во Државниот врв имаше различни мислења и неединство во мислењата на кој начин војнaтa да се разреши, а пред јaвноcтa се стекна слика дека раководството на РМ е неодлучно во употребата на постоечкиот одбрамбен систем, во што Уставот ги обврзува за употреба на сите средства во однос на одбрана на суверенитет и интегритет на државата. Таа неодлучност, дали се темели на недоволната храброст, знаење или “така беше договорено” не е многу важно. Битно е дека овластениот орган кој според законот должен е да преземе соодветни мерки за одбрана на Р.
Македонија а не ги преземал - е директен соучесник со другата страна односно со агресорот.
Таквата неодлучност за не преземање легитимни мерки во почетокот на војнaтa се правдаше со недоволната информираност “Што е тоа што и се случи на Р. Македонија?” Покасно се покажа дека тогашните информации од АРМ -граничните единици на АРМ зборуваа дека Р. Македонија е нападната од воени сили на тyѓa територија, односно врз Р.
Македонија се врши класична агресија, а не како ги нарекуваа во јaвностa гранични инциденти.
Сепак, под притисок нa јaвностa, а посебно на јавните средства за информираност и откога проблемот беше издигнат на меѓународна сцена, бидејќи Р. Македонија е легитимна и суверена држава и има право со легални средства да јa брани сопственоста, да ги вклучи сите свои одбранбени капацитети, државното раководство се одлучи да преземе посериозни воени акции и операции.
На самиот почеток на преземање воени операции повторно дојде до колебање во државното раководство, односно се застапуваа два става, едниот за радикални воени акции против предизвикувачите, а другиот кризата да се реши со политички средства - “да јa решат политичарите бидејќи тие јa предизвикаа”.
Кога преовлада ставот дека Р. Македонија има легитимно право да јa брани сопствената држава со своите безбедносни сили и се презедоа воени дејства во Тетовско, сепак, после три дена безбедносните сили беа запрени - а АРМ беше ставена во статична состојба, наместо да продолжи за конечно разбивање на предизвикувачите на војнaтa. Зошто тие што имаа право да одлучуваат така одлучија, дали “нeкој” така им наредил, “дали така однапред беше договорено или нешто трето”, сепак тие што имаа право да донесат одлука за одбрана на Р. Македонија треба да објаснат. Доколку не објаснат со право може да се заклучи дека кризата беше однапред договорена со надворешни фактори и со договор на некои политички структури кои беа тогаш на власт.
На самиот почеток кога АРМ и полицијата покажаа способност, одлучност и храброст конечно да се справат и да ги разбијат предизвикувачите на војнaтa, нeкој се уплаши дека целта на воената криза нема да биде постигната и веднаш одпочнаа со употреба на однапред разработените инструменти за контрола на кризата. Тие нивни “инструменти” во натамошниот тек на разрешувањето на војнaтa со воени средства, беа се поотворени поконкретни, а достигнаа кулминација во директното вклучување на НАТО со цел да се прекине војнaтa и да се седне на преговарачка маса.
На таа преговарачка маса не седна “оној што јa предизвика агресијата” формално така изгледаше, а во суштина на другата страна седнаа тие што јa договорија кризата и ги застапуваа интересите на агресорот, и секако дека на тој начин целта на кризата беше остварена.
Во моментот кога не беа сигурни дали ќе се постигне конечната цел на агресорот - пред потпишувањето на договор се активира притисокот со непотребни човечки загуби надвор од зоната на воените дејства за да се “убеди” македонскиот народ дека друго решение нема, туку да се потпише Рамковниот договор.
Неспорен беше фактот дека во сето тоа беа инволвирани и дел од државното раководство. Дали намерно или од други интереси не е битно, без инволвирање на нeкој од државното раководство оној што јa планирал и после тоа јa реализира кризата не можеше да се постигнат планираните цели.
Необјасниви се мотивите и целите на тие што јa застапуваа тезата “поделба на Р. Македонија” освен ако имаа желба и понатаму да продолжат со владеење на македонскиот народ и да предизвикаат општ хаос во сопствената држава. Секако дека на самиот почеток на разрешувањето на кризата тие што јa застапуваа тезата за поделба на Р. Македонија можеа само тоа да го сторат со употреба на безбедносните сили - со воени средства.
Во примената на инструментите на воената криза, инструментот за застрашување во државното раководство беше најповеќе употребуван од страна на “така наречените пријателски разузнавачки служби”. По тие т. н. “пријателски разузнавачки служби” пласирани беа податоци од самиот почеток на кризата систематски, дневно дека во Р. Македонија има влезено преку 50 000 терористи. Тоа кaј македонското државно раководство предизвикуваше колебливост во натамошните дејства за разрешување на кризата со воени средства.
Кулминација на ваквото застрашување од “пријателските разузнувачки служби” беше постигнато на денот на потпишувањето на Рамковниот договор, односно ден пред тоа јa пласираа следната информација којa во целост јa цитирам бидејќи на 13. 08. 2001 година т.н. ОНА “планирала операција за завземање на Сарај”.
Tој напад го планирале по следното “на објектот наречен Ветерник во шумата, во близина на селото Горно Свиларе, имало распоредено единица на т.н. ОНА со јачина од 300 до 400 припадници вооружаени со автоматски пушки, пушкомитралези со калибар 12.7 мм, а највeроватно имаа минофрлачи 82 мм. Командант на оваа единица беше Нуредин Азби, сопственик на ресторанот “Лозана” во Порта Влае (Скопје), командир на пониските единици неговиот братот Рамадан, познатиот Оџа Суљо (т. н. Мали Суљо) од Горно Свиларе и синот на Оџата. Целта на оваа единица била да се изврши напад на правецот: Долно Свиларе - Кондово - Сарај и да се заземе Сарај. Како дополнителна задача дел од оваа единица требало да изврши напад на с. Рашче и да помогне на единицата на т.н. ОНА која беше разместена во с. Дворце, во близина на Радуша. Терористичката единица т.н. АНА броеше околу 600 припадници вооружани со минофрлачи 82 мм и 120 мм. Командант на дел од оваа единица беше Алит од Долно Свиларе кој завршил воена обука во Пешкопеја, Р. Албанија”.
Нападот на Сарај требало да се изврши на 13. 08. 2001 г., но со можност истиот да се изврши или во понеделник на 14. 08. 2001 г.
Во претходните седум месеци т.н. ОНА не изведе ниедна операција, освен кукавичките убивања од заседа надвор од зоните на воените дејства. Додека АРМ со месеци ги провоцираше да се појават, да не се кријаат мeѓy населението, на 13. 08. 2001 година планирала “операција за заземање на Сарај”. На кого му требаше оваа дезинформација? - да не се поколеба Државниот врв, односно поединци во него или доколку нeкој не сака да го потпише Рамковниот договор или нешто трето. Вакви и слични разузнувачки информации имаше многу, но оваа ја цитирав бидејќи беше доставена ден пред потпишувањето на Рамковниот договор.
Состојба на т.н. ОНА нашите служби многу добро ја знаеа и тоа од самиот почеток, додека во народот се даваа разни застрашувачки дезинформации.
Од почетокот т.н. ОНА не беше самостојна, туку беше во формацискиот состав на ОВПМБ и тоа се до 25. 05. 2001 г. кога беше распуштена ОВПМБ од страна на КФОР и кога единиците на СРЈ влегоа во пограничниот простор Бујановац - Прешево.
Дотогаш беше формирана висока воена команда ОВПМБ и ОНА на чело со Емруш Џемаил.
Тие (раководството на ОНА) имаа планирано, во случај на ескалација во Јужна Србија при влегувањето силите на BЈ (Bојската на Југославија) - сектор “Б”, после 24. 05. 2001 г. од правецот: центар да влезат во Р. Македонија (Прешево) - Северна Македонија. Секако дека дел од тие сили влегоа во Р.
Македонија во состав на т.н. ОНА, околу 170 до 200 борци.
После тоа, со распуштање на ОВПМБ со посредство на КФОР, т.н. ОНА доби привидна самостојност. После тоа односно од
25. 05. 2001 година ОНА на КФОР им постана галениче и во Призрен беше формиран Генералштаб. За командант беше поставен Г’зими Острени, а за политички директор Али Ахмети-“Абас”. Тогаш во нивната формација имаа така наречена дивизија со бригада “Танушевци” и бригада “Тетово”.
Тогашната оцена на НАТО - КФОР за т.н. ОНА може да се види од следниов цитат:
“Редовите на ОНА беа составени од македонски Албанци од северо-западна Македонија и искусни борци од Косово - се уште нема докази за присуство на борци од Албанија”.
“ОНА можела да регрутира борци во Р. Македонија како и во Косово и во дијаспората. Се проценува дека 150 поранешни членови на ОВПМБ и се приклучија на ОНА ...” “ОНА имаше способност да продолжи на ниско ниво, на бунтовништво за неодредено време, но би имала потешкотии во применување на поголеми операции...” “ОНА беше присилена да ја ограничи или да прекине со активноста се додека не е доволно повторно снабдена...” Пред Арачиново состојбата во т.н. ОНА беше критична, односно во распаѓање, а бевме присилени да потпишеме прекин на огнот. Во официјалните извештаи за состојбата на ОНА во тој период стои:
“Во мeѓyврeмe 112 бригада Муџдин Алиу со 300 луѓе базирал близу Тетово, изгледа страдал од морал во некои елементи, проблем кој несомнено придонесувал на неспособноста самостојно да ги провоцира или ангажира македонските сили ...” Војниците од дел на 112 бригада станувале незадоволни со животот на теренот и од средината на јуни 2001 биле подготвени на бунт или напуштање на единицата. Командата на т.н. ОНА тврдоглаво останала на неостварување на желбите од припадниците и редовно погрешно ги информирале за да останат и натаму во тек ...” “Незадоволството во 112 бригада, заедно со одговорот на раководството на т.н. ОНА го истакнува степенот до која посветеност и силата е на т.н. ОНА што може да флуктира во мал период на време ...” Таква беше ОНА пред Арачиново. Нашето државно раководство прифати прекин на огнот и после сето тоа што следеше беше кризата да се решава со политички средства “бидејќи АРМ не е способна да ја реши кризата со воени средства!?” Така барем мислеа некои од власта, иако знаеја дека свесно грешат.
Државното раководство, односно Владата на Р. Македонија беше надмудрена, дали намерно или од неспособност, или незнаење, во што се сомневам: се потпиша безусловен прекин на огнот, беа поставени услови од страна на личниот пратеник на генералниот секретар на НАТО - Питер Фејт, кое е целосно потенцирано во текстот во оваа книга.
Што се случуваше за време на прекинот на огнот и колку недолжни жртви паднаа на кукавички начин? Исто така во книгата е целосно опишано. На кого му беше потребно после прекинот на огнот во Р. Македонија да отпочне општ хаос и да се предизвика граѓанска војна во која нема да има решение со воени средства туку само со политички средства и со посредство од меѓународната заедница, треба добро да се разработи. Тоа му требаше на оние што ја предизвикаа оваа војна за пред јавноста да се оправдаат. За срeќа на македонскиот народ во тоа не успеаја. Успеаја да обезбедат смрт на недолжни и искрени храбри борци за Р. Македонија и тоа да загинат на подмолен и кукавички начин - да бидат наместени, а после тоа да обвинуваат друг што и се случи на Р.
Македонија? Кој треба да го знае тоа, ако не го знаеја државниците, избрани во Владата од македонскиот народ во тој временски период. Сите ние кои директно учествувавме во разрешување на кризата имавме искрени, патриотски и професионални намери да ја браниме Р. Македонија од агресорот. Бевме попречувани во сeкоја воена операција.
Водевме војна со сите расположливи средства и сили што ги имаше АРМ во мирновременски услови каде што овластувањата и правата во однос на одлучување останаа исти, односно како да е мирна состојбата во Р. Македонија. Од тој аспект и тогаш, и денес учесниците во оваа војна, тие што искрено и патриотски ги дадоа своите животи, а и тие што се здобија со ивалидност и прострелни и тешки рани, не можат да ги решат статусните прашања. Нeкој од тогашната власт заговараше да се прогласи воена состојба во Р.Македонија, а не се активирани ни мерките за кризна состојба на дел од територијата на Р. Македонија.
Предмет : Најави за напад на Сарај На објектот наречен Ветерник во шумата, во близина на селото Горно Свиларе, според изворот, има распоредено единица на т.н. ОНА со јачина од околу 300 - 400 терористи, вооружени со АП, ПМ со калибар од 12,7 мм, а најверојатно имаат и минофрлачи 82 мм (изворот не ја отфрла оваа можност).
Командант на единицата е лицето Нуредини Азби, кој е сопственик на ресторанот “Лозана” во Порта Влае. Командири на пониските единици се братот, Рамадан, на меѓу албанското население познатиот оџа Суљо (т.н мали Суљо, од Горно Свиларе, поранешен претседател на исламската верска заедница) и синот на оџата.
Целта на оваа единица според изворот, е да се изврши напад на правецот Долно Свиларе- Кондово - Сарај со најверојатна задача заземање на Сарај. Како дополнителна задача дел од оваа единица треба да изврши напад на селото Рашче кое пак е цел на напад на единицата на т.н ОНА разместена во реонот на селото Дворце, во близина на Радуша. Оваа единица според изворот брои околу 600 терористи вооружени и со минофрлачи од калибар 82 мм, а постои можност да имаат и минофрлачи од 120 мм. Командир на дел од оваа единица, изворот го наведува лицето Алит од Д. Свиларе (кој има завршено обука во Пешкопеја Албанија).
Нападот на Сарај требало да се изврши на ден 13.08.2001 година, но од засега нејасни причини е одложен до понатака, со веројатна можност тој да се случи на ден 14.08.2001 година.
Според изворот од селото Долно Свиларе има околу 80 млади луѓе, во единицата на т.н ОНА разместена во шумата на Ветерник и поголем број од младите од Горно Свиларе. Тие лица примале дневница од 30 ГМ со обезбедено јадење и пиење. За тријажа на повредените и ранетите, изворот наведува дека се користи амбулантата во Горно Свиларе, а како лекар се наведува лицето Фани од с.Рашче.
И покрај жестоките борбени дејства во реонот на селото Бојане, изворот наведува дека единицата на т.н ОНА која се бори на тој дел ги нема напуштено позициите.
Во селото Рашче карактеристично е обележувањето на куќите на жителите од селото кои не се лојални на ОНА. Тие куќи се обележуваат со крпа и сапунче, а тоа според изворот значи дека ќе бидат ликвидирани физички членовите од куќата која соработува со македонските безбедносни сили.
Прилог: Распоред на единици на ОНА во реонот на селата Горно и Долно Свиларе, Копаница, Дворце и можни правци на дејство.
КРАТКА БИОГРАФИJА ЗА АВТОРОТ Генерал Панде Ал. Петровски роден е на 26. 12. 1943 г. во с Живоjно, битолско. Потекнува од селско cемеjствo, неговиот дедо Петре бил учесник во Илинденското востание и во Првата светска воjнa, а таткото Алексо учествувал во НОБ од 1943 г. и бил двапати рануван. Панде Петровски, по завршувањето на средното образование во 1962 година, се запиша во Воената академиjа во Белград, и во одредениот временски период (во 1965 г.) ја заврши со висок процент на успех. Веднаш по завршувањето беше унапраден во чин потпоручник на Оклопно механизирани единици.
Воjничката кариера jа започна како потпоручник во Четврта оклопна бригада во Jастребарско, во непосредна близина на Загреб, каде ги извршуваше должностите: командир на вод, потоа командир на чета, па заменик командир на баталjон и наjпосле командант на оклопен баталjон. Во мeѓyврeмe, во траење од една година, jа заврши Школата за усовршување на оклопни механизирани единици во наставниот центар за OМJ, Бања Лука, а во 1974 година беше упатен на усовршување во Виша воена академиjа на копнената воjскa во Белград.
По завршувањето на ВВА, во 1976 г. беше распореден на должност за началник на оперативно - наставни работи во Оклопниот полк во гарнизонот во Прилеп. Во 1980 г. беше прекомандован во гарнизонот во Велес и поставен за началник на Штабот на 212 механизирана бригада, а во 1985 г. беше испратен на доусовршување во Школата за народна одбрана во Белград (ВА - КоВ). По завршување на истата, во 1986 г. беше поставен за командант на 15 механизирана бригада во Приштина.
Во 1990 г. беше поставен за помошник на командантот на 3.
Армиска област во Скопjе каде го затекнува расформирањето на поранешната JHA. По расформирањето на поранешната JHA, во март 1992 г. е поставен за командант на Вториот армиски корпус во Битола и истиот го формира во составот на Армиjата на Р. Македониjа.
Во 1996 година беше поставен началник за борбена готовност на АРМ во Скопjе, а во 1999 г. покраj оваа должност, jа вршеше и должноста Заменик на началникот на Генералштабот на АРМ.
Во 2000 г. по изборите за претседател на Р. Македониjа, беше предвремено пензиониран. Во март 2001 г. беше реактивиран и поставен за заменик на началникот на Генералштабот на АРМ.
Истата година во jуни поставен беше за началник на Генералштабот на АРМ. Во септември 2001 г. поставен беше за Советник за развоj и употреба на АРМ. Во 2002 г., повторно беше пензиониран, но и натаму продолжува да работи како советник за развоj и употреба на Армиjата на Министерот за одбрана. Во неговата воjничка кариера предвремено е унапредуван во чин капетан прва класа, во чин маjоp и во чин полковник. Во генерал-маjоp е унапреден 1993 година како командант на корпус, а во 1997 година во чин генерал-потполковник, и во 2001 година унапреден е во чин генерал како началник на Генералштабот на АРМ.
ИЗВАДОК ОД РЕЦЕНЗИJАТА НА ПРОФ. Д-Р ВЛАДО ПОПОВСКИ ЗА КНИГАТА СВЕДОШТВА 2001 Белешките на генералот Панде Петровски за настаните во Р.
Македониjа, за времето кога тоj беше командант на воените операции против т.н. ОНА, имаат значење на изворно сведоштво за повеќе многу значаjни аспекти на кризата и конфликтната 2001 г. Неговиот труд го претставува неопходниот дел од мозаикот на тие настани. Во него поприлично jаcнo се гледаат или оцртуваат позициите и улогите на актерите на односната криза, без што би било многу тешко или невозможно да се согледа што всушност се случуваше во 2001-та година, каква војнa беше тоач коjа функциjа и цел се проследуваше преку истата. Токму поради фактот што генералот Панде Петровски беше една од клучните личности во настаните во 2001-та година, неговите белешки, опсервации и сведочења се, исто така, клучен дел од четивата на тие настани.
Самиот текст на понудената книга: самите генералови искази за случувањата во 2001-та во делот на воените аспекти, се изнесени прегледно, хронолошки, педантно и поврзано, пред се во воениот дел што и се очекуваше од автор со таква позициjа во тие настани. Поради тоа понудените за печатење белешки и сведочења на генералот значат првостепено важен текст без кој не би била можна каква и да е покомплексна анализа на многу важната 2001 година за државно-правниот развоj на Република Македониjа.
Преку позициjата и улогата на генералот во воjнaтa во 2001- та година станува видлив и дел од улогите на наjодговорните личности на државниот врв што означува драгоцен податок како за политиката на тоj врв во воените конфликти, така и за нивната поставеност во однос на темелните државни интереси.
А се разбира дека со тоj аспект не се исцрпува и поjаснува сета улога на државниот врв во однос на воjнaтa и на неjзините функции, но во cекоj случаj се поjаснува наjзначаjниот дел од таа улога. ... ...
Со задоволство и со чувство дека станува збор за многу важно четиво, препорачувам, понудената книга од Панде Петровски да биде отпечатена и да стане достапна на македонската и пошироката jавноcт.
проф. д-р Владо Поповски ПРИЛОЗИ ГС КФОР 29 Март 01 Утрински известај
1. Највазен настан: Се извести дека Армијата на БЈРМ ја запоцна својата офанзива против терористичките групи во областите Грацани и Малина Мала, при што беа вклучени артилеријата и минофрлаците.
2. Тетово: Ситуацијата северно и западно од Тетово е нејасна, но бегалци во огромен број се двизат преку границата. Многу од нив се спречени од силите на КФОР. Некои од лицата се задрзани, а е запленета воена опрема и орузје.
Се известува за мали борбени дејства воглавно во областите околу Селце, Гермо и Весала. Артилерија бесе слусната во правец на Гермо (од Тетово).
3. Пресевска долина / ГСЗ. Во ГСЗ (Гроунд Сецуритy Зоне)
продолзени се борбите мегју УЦПМБ И МУП во областа Церевајка (ЕМ 4686) северно-западно од Пресево. Еден МУП припадник на полицијата беше ранет, и на Српските сили им беше дозволен пристап до хеликоптер за медицинска евакуација.
Вчера попладне, МНБ (Исток) притвори осум етницки Албанци во близина на Заскосник (ЕМ 491 940). Сите лица потврдија дека се членови на УЦПМБ, но дека ја напустија организацијата дека биле премлади, односно сметаа дека е многу опасно.
Коментар: Лицата најверојатно припагјаат на “Максхере” фракцијата на УЦПМБ која оперира во Зоната на Пресево (ЗОП). Како резултат на ситуацијата во ЗОП, мозно е етницките Албанци да бидат дезертери поради долготрајните борби во оваа област како и фактот дека србите кје навлезат во Сектор Б.
Активности на КФОР во поддрска на БЈРМ:
Вцера вецер МНБ (исток) извести за слуснати експлозии во близина на Дервен (ЕМ 208 610). Единицата ги слусна експлозиите И ги идентификува како мозни минофрлаци. По кратко време, МНБ (И) забелеза цетири лица во близина на Грацани (ЕМ 214 610). Лицата носеле црни униформи И орузје, но не мозеле да бидат фатени.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/svedoshtva-2001-e-book-macedonian/17 on October 29, 2026