Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Testimonials 2001

РАЗУЗНУВАЦКИ ИНФОРМАЦИИ

By Панде Петровски · Part 19 of 19 · About 10 minutes

Read in English

РАЗУЗНУВАЦКИ ИНФОРМАЦИИ

(Н/К С) (ОРКФОР) околу 150 приврзаниси на воорузените албански екстремисти во ФYРОМ, од регионот на Тетово се обиделе да избегаат преку граница во Косово во текот на раните утрински часови. До попладнето единиците на КФОР привеле 78 од нив. Со бегањето во Косово, тие најверојатно ке се обидат да се претстават како бегалси кои бегаат од пукањето. Не мозе да биде исклуцено дека лутината и фрустрицацијата на овие лица сега мозе да се рренасоси кон КФОР.

ОПЕРАТИВНА СИТУАЦИЈА

1. Акција на опколување И рребарување на Кривеник во близина на границата со ФYРОМ.

На 27ми во 0610х Ролукрбат спроведе орколување И пребарување на сомнителна кука во Кривеник (ЕМ 227 624).

Претходната нок тие приметиле 20 лица како носат кутии И сандаци во куката. Кога ја рребарале куката насле АКМ 7,62мм пуска со 27 кутии муниција, М-57 пистол 7,62мм со 6 кутии на муниција, И л елек отрорен на курсуми. Кутиите кои сто биле набљудувани претходната вецер биле полни со храна; куката била риљарниса.

2. На 27ми во 1325х ХРС 4-27 И 13 ТГ известија дека 7 албански мази доагјаат преку контролната тоцка 75 (ЕН 550050)

на патот за Витина. Тие тргнале од Скопје за да го избегнат насилството во Македонија и отисле да ја посетат нивната тетка. Тоа биле татко, мајка, 4 деца и еден пријател на семејството. Таткото ке го остави семејството и се врака во Скопје на работа

*** Почитуван г-дин Феит, Имам чест да Ве известам за следново:

Подготвени за завршување на кризата која го нарушува мирољубивиот, демократски развоj на РМ и коjа воедно претставува директна закана за регионалната стабилност;

Веруваjќи дека безусловниот прекин на огнот, чиишто услови се утврдени подолу, претставува конкретен чекор кoн пошироката цел да се разреши кризата;

Поздравуваjќи jа намерата на НАТО да помага во разоружувањето и распуштањето на вооружените етнички албански групи и одобруваjќи го присуството на мисиjа на НАТО за оваа цел и предусловите за неjзино распоредување и помош во процесот на разоружување, а особено:

- Дека мора да се постигне генерален, безусловен и постоjан прекин на огнот и

- Дека мора да се оствари доволен прогрес во диjалогот мeѓy политичките партии, како што е дефинирано од страна на НАТО и ЕУ;

Потврдуваjќи jа cвоjатa посветеност кон имплементирање, без одлагање, на планот за градење мерки на доверба;

Владата на Република Македониjа одлучи како што следи:

1. Безусловно ќе го почитува и ќе се придржува кон прекинот на огнот и ќе се воздржува од сите воени деjствиjа, употреба на сила и незаконски деjствиjа против етничките албански вооружени групи.

2. Го признава и се придржува кон дополнителниот Протокол Женевската конвенциjа (Протокол II) од 12. авгyст 1949 во врска Заштитата на жртви во немеѓународен конфликт.

3. Прекинот на огнот се однесува на сите безбедносни сили во Република Македониjа. Владата ќе обезбеди одредбите од oвоj документ исто така да се применат кон било кои нерегуларни сили и вооружени цивилни групи.

4. Под вооружени сили се сметаат сите страни, групи и поединци кои го прифаќаат авторитетот и командата на Влалата на Република Македониjа, вклучуваjќи ги регуларните сили, полициските сили, гранична полициjа, армиски и полициски резерви, воена полициjа, разузнувачки служби, македонското Министерство за внатрешни работи и локалната специjална полициjа за антитероризам и полициjа за одржување на jавeн ред и мир.

5. Бара да се обезбедат меѓународни надгледувачи.

6. Одредбите од прекинот на огнот ќе стапат во сила, од 0001 часот 6 jули 2001 по jавна обjава.

7. МОДАЛИТЕТИ а. Прекинот на огнот со однесува на сите оружjа вклучуваjќи го и поставувањето мини или други импровизирани експлозивни направи.

б. Властите на РМ ќе ги преземат сите можни мерки за да осигура безбедност и слобода во движењето на целиот персонал на меѓународната заедница.

в. Тие ќе jа задржат сегашната позициjа на нивните вооружени сили, освен онаму каде што ќе се постигнат понатамошни аранжмани со кои се овозможува локално дезангажирање или онаму каде штo владините сили се упатени да се вратат во касарните. Нема да го користат прекинот на огнот за промена или подобрување на нивните позиции.

8 ПРЕДУПРЕДУВАЊА а. По стапување на прекинот на огнот, силите за спроведување на законот се обврзуваат да деjстуваат без пристрасност и потполно да ги применуваат законите на Република Македониjа без каква било етничка, верска или расна предрасуда.

б. Ниедна од наведените одредби за прекинот на огнот нема да бидат толкувани како губење на неотуѓливото право на самоодбрана. Самоодбрана значи употреба на толкава неопходна и пропорционална сила потребна за одбрана на себе си и другите од напад или од претстоен напад. Секаква употреба на сила мора да биде ограничена на степен, интензитет и траење, неопходни за самоодбрана и не повеќе.

Одмаздата не е самоодбрана и ќe претставува прекршување на прекинот на огнот.

Началник на ГШ на АРМ генерал-потполковник Панде Петровски Раководител на Оддел за полициjа во МВР генерал Ристо Галевски

*** август 2001 Почитуван Заменик Претседателе, Како одговор на писмото на Претседателот Траjковски од 14 jуни со кое се бараше помош од НАТО за разоружување на етничките албански вооружени групи, имам чест да Ве информирам дека eтничките албански вооружени групи дадоа обврска за нивно разоружување, што ќe претставува еден од елементите за одлука на САС (Северноатлантскиот Совет)

НATO да обезбеди помош за оваа цел во тесна координациjа со вашите власти. Властите на Република Македониjа ќе бидат известени зa деталниот воен план за собирање изработен од Командантот на Наменските сили Жетва. Oвoj план ќe биде спроведен од Наменските сили Жетва, откако САС ќе одлучи да овласти разместување на силите. Како што знаете, следниве се предуслови за ваквото разместување:

- траен прекин на огнот, почитуван од сите страни;

- општ политички договор меѓу главните политички партии;

- договор со властите на Република Македониjа за статусот на Наменските сили Жетва и условите по кои Наменските сили Жетва ќе јa спроведуваат cвojaтa мисија;

- план претставен од HATO, а прифатен од Владата на Република Македонија, кој ги одредува модалитетите и временскиот распоред за предавање на оружјето, вклучувајќи и експлицитна согласност на етничките албански вооружени групи за нивната подготвеност да го предадат целото свое оружjе.

Мисиjата на Наменските сили Жетва ќе има за задача да спроведе ограничени операции во Република Македониjа (l Турциjа ja признава Македониjа под неjзиното уставно име) со цел да го собере и отстрани оружjето и мунициjата од разоружените етнички албански групи, како дел од процесот на разрешување нa кризата во земjата. Силите ќе бидат ангажирани во ограничен временски период, при што caмaта операциjа на собирање на оружjето немa да надмине 30 дена.

Тие ќе бидат мултинационална сила со големина на бригада.

Како што знаете, правните советници од НАТО и вашата страна рaбoтaт на официјален договор кoj ќе го дефинира статусот на Нaмeнcкитe сили Жетва и персоналот на тие сили, вклучувајќи и договори за бараната поддршка нa земjата домаќин.

Наменските сили Жетва се овластени да употребат сила во самоодбрана, за заштита на силите и за спроведување на мисијата, вклучуваjќи ja и можноста да приведуваат лица кои ќe го попречуваат спроведувањето на мисиjата кoja е тука прикажана.

Наменските сили Жетва ќе извршат пасивно собирање на оружjето од етничките албански вооружени групи и ќе го координираат движењето и уништувањето нa opyжjeтo и мунициjата. Собраната мунициjа и експлозивни средства ќе бидат уништени во земjата. Собраното opyжje ќе биде отстрането и уништено во трета земjа, освен ако Командата на Наменските сили Жетва сметаат дека тоа не безбедно.

Претставниците на РМ ќе бидат поканети од Командата на Наменските сили Жетва да ja набљудуваат операциjата.

Оние членови на вооружените групи кои ќе го предадат своето оружjе и мунициjа на Haмeнcкитe сили Жетва нема да бидат приведени, освен во одредени случаи заради превземање мерки за заштита на силите или самоодбрана или за ефикасно и ефективно спроведување на мисиjата.

При извршувањето на cвojaтa мисиjа, Наменските сили Жетва ќе воспостават аранжмани за поврзување со вашите централни и локални власти со цел да се овозможи соодветна координациjа и да се обезбеди целосна транспарентност при извршувањето на операциjата. За време на операциjата на собирање на оружjето, државните безбедносни сили нема да бидат присутни во оние области кои ќe бидат одредени како локации за собирање на оружјето. Претставници на РМ, овластени од Командата на Наменските сили Жетва ќе бидат поканети да ja набљудуваат операциjата.

Поканети сте да ja прифатите одговорноста за безбедноста и слободата на движење на НАТО силите и на меѓународниот персонал вклучен во процесот на разоружување во РМ и да ги превземете сите можни мерки за минимизирање на ризикот на нивната безбедност надвор од локациите за собирање на оружjето и да прифатите такви привремени дислокации на своите безбедносни сипи или нивни ограничувања какви што ќe ги одреди НАТО за да може да го спроведе разоружувањето.

Cметам дека постојат голем броj на мерки кои вашата Влада мора дa ги превземе за операциjата да биде успешна. Прво, како мерка за градење на довербата, од вас се бара да ги прекинете сите воени воздушни операции за време на операцијата, со исклучок на оние кои се вршат за редовните логистички потреби на безбедносните сили на РМ и за евакуација на жртви во вонредна состојба, кои ќе се извршат во координација со Командата на Наменските сили Жетва. Понатаму, од вас се бара да го повлечете тешкото вооружување и вонредно разместените сили во гарнизоните за време на собирањето на оружјето од етничките албански вооружени групи, истовремено водејќи сметка за барањата за заштита на безбедносните сили на РМ.

Трето, по завршувањето на операциjата, државните безбедносни сили, со учество на етнички албански полицаjци, ќе ги извршуваат нормалните мирновременски обврски за спроведување на законот во сите делови на земjата, без спротивставување или попречување. При тоа спроведување, безбедносните сили строго ќе се придржуваат кон меѓународните хуманитарни стандарди и општите принципи на човековите права и ќе прифатат набљудување од страна на ОБСЕ и ЕУММ. Вашите власти ќе обезбедат никакви нерегуларни сили или вооружени цивилни групи да не деjствуваат во кризните региони.

Би бил благодарен доколку добиjам ваше писмено потврдување дека содржината на ова писмо ja сочинува основата за спроведување на операциjата.

Со почит, Питер Феjт Личен Претставник на Генералниот Секретар на НАТО Заменик Премиер Филиповски Претседател на Координативното Тело

*** РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБАНА ГЕНЕРАЛШТАБ НА АРМ Господине Питер Фејт, Како потписници на документот за прекин на огнот ве известуваме дека на ден 29.07.2001 год. околу 19.15 часот од реонот на с. Гајре (реон на џамијата и школото) е отворен митралески оган кон нашите сили во реонот на с. Лавце при што се повредени тројца припадници на нашите сили.

Веднаш е упатена наша санитетска екипа да ги евакуира повредените и во 19.30 часот по возилото е гаѓано со МФ 82 мм од реонот на школото во с. Гајре при што потешко е повреден уште еден наш војник.

Имајќи ги во предвид тоа што се случи на овој ден: нападот врз касарната, погинувањето на две недолжни цивилни лица и вечерниот настан, најостро протестираме и ве известуваме дека ќе презвемеме соодветни мерки за уништување на терористите било каде да се наоѓаат и дека вакви провокации во иднина нема да ги толерираме и ќе возвратиме со сите расположиви средства за да го заштитиме достоинството на Армијата и на Македонскиот народ.

НАЧАЛНИК на ГШ на АРМ генерал Панде Петровски

12ти Април Генерал Панде Честитка за Големата Победа на вооружените Сили на Република Македонија.

Доказ (покажување) за гордоста и професионализмот во заштитата на суверенитетот на Републиката.

Ричард Грифиц, генерал - мајор шеф на МПРИ САД После тетовската операција, меѓу првите лично дојде во ГШ генерал Грифиц Ричард да ми честита за постигнатиот успех