РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА ГЕНЕРАЛШТАБ НА АРМ
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА ГЕНЕРАЛШТАБ НА АРМ
2 АРМИСКИ КОРПУС Стр.дов.број 30-182/21-1065
08.08.2001 година.
Вонреден борбен извештај, доставува.
ДО ОПЕРАТИВНА ГРУПА НА ГШ НА АРМ
1. Врз основа на Наредбата на Командата на 2.АК стр.дов. 30-
182/21-973 од 27.07.2001. година и дополната на Наредбата на командата на 2.АК стр.дов.бр. 30-182/21-1007 од 31.07.2001.
година, а во врска со извршувањето на планската смена на ангажираните единици во составот на ОТГ-1, на ден 08.08.2001.
година извршено е превезување 2.пч-КОГ Прилеп/2.мап од касарната од Прилеп преку Велес -Скопје за Тетово, со поаѓање во 07,00 часот. 2.пч-КОГ Прилеп/2.мап е мобилизирана на
25.07.2001 година.
2.- Превезувањето на луѓето беше извршена со 2 (два) автобуси од ЈСП “Пелагонија Транс” од Прилеп, 1 м/в комбе и 1 м/в “Мерцедес” од опис и 1 м/в Хермелин од 2.бВП.
3.- Околу 09,25 часот по пристигнувањето на колоната со м/в во реонот на Групчин (Марков Ѕид) истата беше нападната од заседа од страна на албанските терористи со рачни фрлачи на гранати, рачни ракетни фрлачи и автоматско-стрелачко вооружување.
4.- Во текот на нападот:
а) м/в Хермелин било погодено во задното лево тркало, но истото продолжило да се движи кон Тетово и пристигнало во касарната.
б) Двата автобуси биле погодени со стрелачка муниција при што се повредени следните в/о:
-ПЕТРЕСКИ Станоја РУБИНЧО, роден 1973 година во Прилеп
(ранет во грбот);
-РИСТЕСКИ Кирил ДИМЧЕ, роден 1971 година во Прилеп (ранет во левата подлактица).
Повредените се наоѓаат во гарнизоната амбуланта во Тетово и се вон животна опасност.
Автобусите продолжиле да се движат кон Тетово и истите пристигнале во касарната.
в) м/в “Мерцедес” е погодено со повеќе мини од рачен фрлач при што дошло до запалување на истото. На лице место смртво погодени во м/в останале:
1. резервниот капетан НАУМОСКИ Ѓоре НАНЕ, роден
29.01.1953 година, оженет, татко на 2 деца, живее на улица “Кочо Рацин” број 5 во Прилеп.
2. резервниот поручник КИТАНОСКИ Благоја САШО, роден на
11.11.1961 година, оженет, татко на 2 деца, живее на улица “Ленин” број 168 а во Прилеп.
3. в/о СЕКУЛОСКИ Спасе БРАНКО, возач на м/в, роден на
26.11.1958 година, живее на улица “Кеј 4-ти Јули” број 24-А во Прилеп.
Останатите војници излегле од каросеријата на м/в и завзеле позиција за борба и возвратиле на дејствата на албанските терористи.
Бо борбата загинаа следните в/о:
4. в/о МИНОСКИ Атанас ГОРАН, роден на 27.12.1972 година, живее на улица “Београдска” број 69-Б во Прилеп.
5. - в/о ДЕСПОТОСКИ Благоја МАРКО, роден на 28.09.1973 година, живее во с. Новоселани-Прилепско.
За горе наведените лица потврдена е идентификацијата од страна на Заводот за судска медицина при Медицинсикот факултет во Скопје.
За останатите лица идентификацијата е во тек. Се претпоставува дека се загинати следните лица:
6. в/о ШАБАНОСКИ Алија ЕРДОВАН, роден на 24.10.1980 година, живее на улица “Дабнички завој” број 34 во Прилеп.
7. в/о СТОЈКОСКИ Ѓорѓија МАРЈАНЧО, роден на 20.04. 1968 година, живее на улица “Осоговска” број 52 во Прилеп.
8. в/о ГРУЈОСКИ Александар ЉУБЕ, роден на 03.11.1969 година, живее во с. Пашино Рувци-Прилепско.
9. в/о ВЕЛЈАНОСКИ Милорад ДАРКО, роден на 17.03.1974 година, живее во с. Ропотово-Прилепско.
10. в/о СЕКУЛОСКИ Веле ПЕЦО, роден на 25.09.1970 година, живее во с. Поле-Прилепско.
11 в/о РУШИТОСКИ Кадри ВЕБИ, роден 23.09.1974 година, живее на улица “Врањска” број 6 во Прилеп.
Досега се пронајдени 10 (десет) тела на загинатите припадници на единицата, а 1 (еден) припадник засега го нема ниту меѓу загинатите, ниту во единицата во касарната во Тетово.
После завршената идентификација, дополнително ќе Ви доставиме извештај за преостанатите загинати лица.
г) м/в комбе во кое се наоѓале командантот на колоната мајорот Рашниќ Енер со уште двајца старешини, се вратило назад за околу 200 метри од каде раководеле со борбата.
5.- За нападот на колоната од албанските терористи известени сме во 09,40 часот од капетанот Ческо Ешеф кој беше во м/в - комбе. Веднаш после тоа известена е ОГ на ГШ на АРМ и побарана е интервенција на специјални сили, хеликоптери и санитетски м/в.
6.- Околу 10,30 часот местото на настанот е обезбедено од специјалната единица на АРМ, а хеликоптери на АРМ го пребарувале теренот на местото на настанот.
7. - На местото на настанот за извршување на увид излегоа републичкиот јавен обвинител, истражниот судија од Основниот суд-1 - Скопје, крим – техничари од БВП од Скопје и лекарска екипа од ЦВЗУ - Скопје.
8. - Командата на 2.АК за превземање на телата на загинатите воени лица во Заводот за судска медицина ги ангажира полковникот Живко Најдовски и ппк Павле Ставревски. После извршената обдукција со погребални м/в од ЈП “Бутел” од Скопје телата на загинатите ќе се превозат до касарната во Прилеп, а од касарната во Прилеп со ангажирање на АВЛ од 2.мап ќе се превозат до нивните места на живеење.
9. - Од Командата на 2.АК изработена е наредба за организација на погребот на загинатите воени лица со која се регулирани сите обврски од Правилото на служба во АРМ од точка 595 до точка 604.
10.- Во Прилеп група на граѓани револтерани од загинувањето на своите сограѓани, влегле во касарната кадешто провалиле во еден од магацините од каде зеле 55 АП 7,62мм и 500 парчиња муниција.
Групата граѓани до магацинот од каде што е земено оружијето и муницијата ги одвеле в/о кои се демобилизираа на 07.08.2001.
година кога и го раздолжија оружијето и муницијата.
За надминување на состојбата, покрај командата на гарнизонот ангажирани се две одделенија од 2.бВП и полиција од УВР Прилеп.
Во тек е предавањето на оружијето и муницијата.
11.- После завршувањето на идентификацијата на загинатите припадници на единицата и предавањето на оружијето и муницијата дополнително ќе ве известиме.
МК/ДК КОМАНДАНТ бриѓаден ѓенерал Илија Николовски Извештај од командантот на 2.АК до ГШ за случката
“Карпалак” На 10. 8. 2001 г., дадов јавно сопштение во сите средства за информирање На 9. 8. 2001. Претседателот дојде во Министерството за одбрана, односно во мојот кабинет во Генералштабот Прво што ме праша, дали се стабилизирав и дали сериозно се повлекувам. Му одговорив да, тоа е конечно, па затоа ги повикав командантите на единиците пред нив да го објаснам мотивот и добро би било и вие да присуствувате”. “Кого го предлагаш да те замени?”, - “Ако Вие немате предлог, односно, ако не ви сугерирале, јас немам предлог, имам заменик - а тој е генерал мајорот Методи Стамболиски, но да го викнеме Министерот за одбрана, тој е во својот кабинет”, му велам на Претседателот. Министерот Владо Бучковски дојде во мојот кабинет и го повторивме предходниот разговор.
Слеговме во “кожната сала” каде што чекаа командантите на 1.АК; на 2.АК, на ВВ и ПВО, Командата на одбрана на град Скопје и генералите од Генералштабот. После објаснувањето на целта на овој состанок од страна на Претселателот зедов збор и тогаш истакнав: “Како човечки и морален чин не можам да стојам на чело на ГШ и да поднесам 10 жртви кои се кукавички убиени поради нечиј интерес; не сакам никој да ме манипулира за остварување на тесни политички интереси. Не сакам да предизвикам граѓанска војна во РМ и да бидам дел на однапред планираното сценарио на некои личности во РМ и затоа се повлекувам од оваа функција”. После тоа следеше дискусија од присутните генерали кои на нeкој начин го потврдија моето образложение со конкретни примери на теренот, односно кој во суштина ги прави провокаците. Генерал Звонко Стојановски, командант на ВВ и ПВО, покрај другото истакна: “Во 9,30 часот, на денот на заседата, во Карпалак, хеликоптер на КФОР го надлета просторот. Во 10 часот остваривме дејство од нашите хеликоптери по реонот Карпалак и во тоа време две возила од НАТО (два џипа) едното возило успеа да побегне, а другото се скри во Ново Село” итн. ...
После тоа Претседателот му наложи на Никола Димитров да даде јавно соопштение за моето повлекување, но не како јас ги наведов причините, ами тој да го подготви и да ми го донесе да го видам пред да се објави. Никола Димитров вeројатно беше под нечиј друг притисок, па го напишал соопштението и го дал во јавноста без да го погледнам како што беше договорено.
Република Македонија Кабинет на Претседателот СООПШТЕНИЕ за средствата за информирање Претседателот на Република Македонија Борис Трајковски денеска потпиша указ со кој го разреши од должноста началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генералот Панде Петровски. Непосреден повод за ваквата одлука на претседателот Трајковски е вчерашниот трагичен инцидент кај мвснота Карпалак, кога од заседа на терористичките банди беше нападнат воен конвој при што загинаа десетмина припадници на резервниот состав на Армијата на Република Македонија.
На вчерашната седница на Советот за безбедност, генералот Панде Петровски ја потенцираше својата лична морална одговорност за начинот на кој загинаа бранителите на суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија, најавувајќи го своето размислување да се повлече од функцеијата.
Претседателот Трајковски му се заблагодари на генералот Петровски за досегашниот ангажман во вршењето на мошне одговорната функција.
Вршител на должноста началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија привремено ќе ја врши заменикот на началникот, генерал-потполковник Методи Стамболиски.
Скопје.9.08.2001 год. КАБИНЕТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Соопштение до средствата за информирање Иако бев премногу навреден, му се јавив на Претседателот и го прашав, дали го погледавте соопштението што го дал Никола Димитров во јавноста, ми одговори искрено дека не го погледнал - Тогаш утре јас ќe дадам соопштение штом Вашиот Никола така настапи и попладнето, не би дошол кај Вас во Собрание за акцијата која ја планиравме - ќe го испратам генерал Методи Стамболиски”. Tој ми одговори: “Почекај малку, мислејќи да не го затворам телефонот- на друг телефон го повика Никола Димитров и му рече: “Никола што ти реков, генералот Панде да не си го чепнал и зошто не му го однесе соопштението пред да го објавиш да го погледне?”- “Вечер на А1-телевизија да ја кажеш вистината!”. Без оглед дека Претседателот беше искрен, чесен и сакаше докрај да ја смири состојбата во РМ, секогаш не беше правилно сфатен, многу пречки му подметнуваа, тој тоа го знаеше, имаше целосни информации за се што се случува на теренот и пошироко. Го заплашуваа, му се закануваа со ликвидација и што ли не други нечесности, но тој истраа во својата замисла за разрешување на кризата.
И од тој аспект, сепак се одлучив да настапам, јавно да го образложам моето повлекување.
На моето соопштение се јави преку медиумите само тогашниот премиер Љубчо Георгиевски, вeројатно се препознал и ако не спомнав ничие име, или пак мислеше дека ќe продолжам јавно да изнесувам некои факти, односно вистината за оваа воена криза која е договорена и разработена и строго контролирана со одредени инструменти. Но тогаш не сакав да продолжам полемика преку средствата за јавно информирање бидејќи само би ја отежнале работата за конечното разрешување на воената криза, а јас немав намера доправа да градам воена, а најмалку политичка кариера.
Знаејќи ја целата состојба генерал-мајорот Методи Стамболиски не сакаше да ја прифати должноста началник на ГШ- па бев замолен и понатака да останам и да помогнам во разрешувањето на кризата, односно останав до 29. 9. 2001 г., кога со Указ на Претседателот (бр.40 од 29. 9. 2001), бев поставен за Советник на министерот за одбрана за развој и употреба на АРМ.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/svedoshtva-2001-e-book-macedonian/15 on October 29, 2026