РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА
22.10.2001 година Скопје Генерал Панде Петровски Советник на Министрот за одбрана ДО ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Г-дин Ставре Џиков
5. И како војник и како граѓанин на Република Македонија, кој беше директен сведок во случувањата со кризата во Република Македонија, лично сум заинтересиран за потполно расветлување на сите аспекти на настанувањето и разрешувањето на кризата. Мислам дека и граѓаните на Република Македонија имаат право да ја сознаат целата вистина за овие случувања, посебно што последиците од нив во најголема мерка, а некои и неповратно ги погодија луѓето од кризните подрачја. Одговорните за ова треба и мора да му дадат отчет на македонскиот граѓанин.
СОВЕТНИК ЗА РАЗВОЈ И УПОТРБА НА АРМ Генерал Панде Петровски Факсимил од одговорот на барањето на Јавниот обвинител од страна на генерал Панде Петровски Одговор на предмет - 31/2001 Проучувајќи го предметот ст. дов. бр. 31/2001, во кој, покрај барањето за одговор на поставените прашања, во основа се изразува сомнеж во однос на употребата на АРМ во кризните реони, од аспект и улога на тогаш актуелен началник на Генералштабот на АРМ, ги доставувам следниве одговори и појаснувања:
1. АРМ, според Уставот на Р. Македонија и Законот за одбрана се употребува исклучиво по одлука на Преседателот на РМ, односно Врховниот Командант на Армијата. Во настанатата криза, предизвикана од дејствата и активностите на албанските терористички групи во РМ, посебно откога бев поставен за заменик на началникот на Генералштабот на АРМ, сите одлуки одобрени од Врховниот командант на Армијата во целост се извршени. Во архивот на Генералштабот постојат документи, планови и одлуки, како доказ за сите планирани и одобрени операции на Армијата и истовремено како потврда за извршените борбени дејства за сите тие операции.
2. По одлука на политичкиот врв на РМ, а согласно спогодбата за безусловен прекин на огнот, АРМ од 5. 7. 2001 остана и ги задржа борбените позиции на границата кон СPЈ во делот кон Косово... АРМ во целост ги задржа постигнатите позиции и не дозволи проширување на т.н. ОНА надвор од постојните позиции...
Одговорноста во однос на просторот на правецот с. Порој- с.
Јажинце и селата с/3 и ј/у од наведениот правец во актуелното време за кој се изразува сомневањето во врска со одговорноста и употребата на АРМ, имаше полициски станици и полициски пунктови, и во тој исти период АРМ беше одговорна и го држеше Јажинце. Зошто МВР ги напушти тие позиции, односно полициски станици и пунктови и зошто како епилог на тоа, дојде до раселување на граѓаните, пред се население од македонско потекло од овие региони - одговорност, очигледно треба да се побара од структурите на Министерството за внатрешни работи...
“Претпоставувам, а така би требало, на Јaвното обвинителство на РМ му е познато кој дозволи прекин на огнот, односно кој бараше прекин на огнот. Јaс нити во улога на началник на Генералштабот на АРМ, нити како војник тоа не го побарав. Од друга страна, од аспект на мојaтa професионална војничка етика, за мене би било поразително да си дозволам да барам прекин на огнот од многу послаб непријател, а посебно од непријател на Р. Македонија”.
Армијата на РМ беше подготвена војнички да ги порази и да ги уништи терористичките групи, влезени во РМ. Јaс во улога на началник на Генералштабот, заедно со своите соработници и командниот кадар на теренот, со своето искуство и стручност, се обидов да ги разбијам и уништам терористите. Зошто тие во целост не се разбиени и уништени, одговорот единствено и подобро од нас - Армијата, веројaтно го знаат нашиот политички врв и меѓународните фактори.
Се работи за комплексно прашање на кое одговорот не беше во структурите на Армијата. Почитувајки ги државните институции, Армијата ги извршуваше наредбите на Врховниот командант, па и оние кои беа во насока на прекинување на одредени операции. Но и за ова - зошто Армијата добиваше наредби кои ги спречуваа натамошните борбени дејства во рамките на одредени операции - одговорот пак не е во структурите на Армијата”.
3. За елиминирање на опасноста од терористичките групации на просторот од с. Порој до с. Одри во време кога бев началник на Генералштабот на АРМ испланирав операција и истата јa презентирав на седницата на Советот за безбедност на 6. 8. 2001 год. Зошто тогаш не е одобрена одлуката за изведување на операцијата, одговорот, веројaтно го знае Врховниот командант. Мене како началник на Генералштабот одговор не ми беше даден, као ни одобрение, односно одлука за изведување на операцијата не одобрена”.
4. Не сум сигурен кој јa планираше воената криза во РМ.
Мeѓyтоa, кој и зошто јa контролираше и кој и зошто не дозволуваше истата да се разреши со воени средства беше повеќе од очигледно. Армијата сигурно не е, па затоа конкретните одговори по овие прашања не можат да се бараат во нејзините структури. Сознанијата по оваа проблематика, што ги имам како тогашен началник на Генералштабот, само можат да ги насочат правците за барање на одговор”....
5.И како војник, и како граѓанин на РМ, кој беше директен сведок во случувањата со кризата во РМ, лично сум зинтересиран за потполно расветлување на сите аспекти на тие случувања и разрешувањето на кризата. Мислам дека и граѓаните на РМ имаат право да јa сознаат целата вистина за овие случувања, посебно што последиците од неа во најголема мерка, а некои и неповратно, ги погодија луѓето од кризните подрачја. Одговорните за ова треба да му дадат очет на македонскиот граѓанин.
Генерал Панде Петровски / Потпис По чија сугестија или инструкција се одлучил Јавниот обвинител на РМ да ми постави вакви прашања и да бара одговор, сaмо можам да предпоставам - а што не беше многу битно, но зошто после два дена кога се “случи” Карпалак, мeѓy првите пристигна на лице место, што не е вообичаено, - би требало да каже поради вистината на воената криза во РМ.
Уште побитно од тоа е што на 5. 8. 2001 г. НГШ преку А1 телевизија добива наредба, за ослободување на спорниот простор, а вeќe на 6. 8. 2001 г. Јавниот обвинител бара појаснување со писмен акт до МО и НГШ! Зошто е тоа така, односно што се гледа од споменатиот документ, а веќе на 8. 8.
2001 “се случува Карпалак”!?” Истиот ден (на 8. 8. 2001 г.) пред Советот за безбедност поднесов оставка.
Сето тоа беше вeројaтно мотивирано со тезата кaј поединци од Владата на РМ јa пласираа идејата “дека министерот Владо Бучковски и генералот Панде Петровски не сакаат да ги извршуваат наредбите на Врховниот командант”.
Многу покасно, проф. Љубомир Фрчковски, кој беше тогаш советник на Преседателот, во двонеделникот “Форум”, по преговорите во Охрид, раскажувајки за нив, мeѓy другото забележа: “На 5. 8. 2001 г. се случи она што цело време се убедувавме да го потврдимe”, но не кажуваше со кого се убедувале и продолжи: “Имено има една линија во СДСМ, којa јa блокираа Армијата во акциите. Претседателот напиша писмена наредба за извршување акција. Генералштабот се обиде таа наредба да јa скрие и дa не јa изврши, но ние се обидовме преку телевизија A1 вечерта дa јa објавиме за да не може тоа дa го скрие Министерството за одбрана”. За оваа констатација немам коментар бидејќи како што истакнав во архивата на ГШ не постои “наредба” којa АРМ не јa извршила, односно сите одлуки се донесуваа на Советот за безбедност, а д-р Љ. Фрчковски не беше член на тој Совет и не присуствуваше на седниците, исто така по таа јавна наредба од
5. 8. 2001 г. ГШ подготви одлука и како што истакнав, пред сите членови на Советот јас ја реферирав.
Ова сето го пишувам, не себе си и Министерството за одбрана да ги правдам, поради таквите грозоморни постапки што се случија во тој временски интервал на Карпалак во кој загинаа недолжни борци на РМ. Едноставно да ја потврдам вистината за која ги пишyвам овие сведоштва и да ја извадам на виделина.
На 5 дена пред потпишувањето на Рамковниот договор, а на ден пред случката Карпалак сите спорни прашања од Рамковниот договор беа усогласени. Историската вистина за недолжно загинатите борци, кои загинаа надвор од зоните на воените дејства, обврска е да се каже, бидејќи во сите изведени воени операции што АРМ ги изведе на просторот загинаа само 3 борци - сите други останати загинаа на кукавички начин. Ако нeкој планирал да убие припадници на АРМ без повод можел да го направи и на некое друго место на јавните патишта каде секојдневно се движеа армиските припадници. Но сепак некому му требала “конструкција” пред потпишувањето на Рамковниот договор. Тој “нeкој” во својата совест ќe ги носи недолжните жртви. На тој “нeкој” дали тоа му требало за да се одложи потпишувањето на Рамковниот договор или да се забрза ќе покаже времето. Јас во едно сум сигурен, дека Карпалак немаше да се случи доколку Врховниот командант не ги слушаше “советниците” пред потпишувањето на Рамковниот договор. Но, ве уверувам, ни сега не ми е јасно кој наредил на 6.
8. 2001 год да се повлече полицискиот пункт од местото Карпалак а Министерството за одбрана и Генералштабот да не бидат за тоа информирани. Сите хронолошки постапки преку “Карпалак” наведуваат на заклучок дека нeкој тоа го испланирал со одредена цел, слично како со Арачиново; но со Арачиново беше постигната целта: прекинати беа воените дејства на АРМ и отпочна да се решава проблемот преговарачки, со директно учество на меѓународната заедница, а со “Карпалак” целта можеше да биде: или да се одложи потпишувањето на Охридскиот договор, доколку “режисерот” на тој настан е домашен, или да се забрза потпишувањето, доколку “режисерот” не е домашен или барем не е од македонскиот блок.
На 8. 8. 2001 г. вечерта беше закажана седница на Советот за безбедност во Охрид.
После сето тоа што се случи на 8. 8. 2001 г. во врска со “Карпалак” цврсто одлучив да се повлечам од функцијата началник на ГШ. Тоа сакав да го направам и на 6. 8. 2001, кога на таа седницата на Советот беше барана оставка на Владо Бучковски, министер за одбрана, но после реферирањето на одлуката состојбата се смири и седницата на 6. 8. 2001 заврши со заклучок да се доведат единиците за операција на просторот Еребино.
Како човек од војската и како граѓанин од РМ бев скршен, зошто да загинат недолжни луѓе, а уште повеќе што загинаа поради нечии политички игри за време на воената криза. Иако во својот бележник ја имав формирано оставката уште на 6. 8.
2001 не сакав да објаснувам ништо, само кратко соопштив: “Јас после сето ова што се случи се повлекувам од ова должност”.-Единствено Стојан Андов беше искрен и јавно, на телевизија, го изнесе моето повлекување, но брзо го прекинаа на Македонската телевизија, како не би се искажал докрај.
По грозоморноста на Карпалак лесно можеше цела состојба да излезе надвор од секаква контрола и наместо да се разреши истата да прерасне во граѓанска војна.
Осветата во такви прилики е секогашнеправилна, но таа е најлоша реакција бидејќи во сeкоја освета обично страдаат недолжни луѓе кои најмалку се виновни за она што се случило пред тоа.
Во граѓанската војна нема победници, сите се губитници: на двете страни - и пак меѓународната заедница ќe се вклучеше со многу појаки сили и немаше да го дозволи тоа во што бев сигурен.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/svedoshtva-2001-e-book-macedonian/14 on October 29, 2026