A Story Told About a Person from Zhelevo: A Book About Risto Mavrovski
Front Matter - Part 09
Да го објаснам моето работење во општествениот и политичкиот живот во Швидница. Од зимата 1952 год. кога се вработив во фабриката за вагони се поврзав со сите нејзини организации како: Партиската организација на КПГ за во Полска, Масовната организација „Никос Белојанис“, за сите кои живееа во Полска. Политички бегалци грци и македонци, Масовната организација на македонците „Илинден“.
*На седницата на Претседателството на организацијата „Илинден“, на Македонците од Егејска Македонија, формирана по иницијатива на Захаријадис, што се одржа на 04.06.1956 година, раководителот на организацијата полковникот Пандо Вајна во својот реферат во врска со прогонот на Македонците од КПГ, меѓу другото рече: „... во периодот на борбата на ДАГ и после поразот Захаријадис, спроведуваше политика на клеветење и прогонување на еден добар дел од славомакедонските кадри и народни борци. Сосем неосновано и многу лесно на славомакедонските кадри и народни борци им ја лепеше етикетата „ агент на непријателот “ итн. Врз основа на лажни обвинувања во 1948 – 1949 година и подоцна, повеќе славомакедонци беа уапсени, а некои од нив и ликвидирани Јас бев во сите тие организации како нивни член и активист, пошто само јас имав завршено такво школо, така да брзо станувам член на општинскиот градски комитет. Главната парола на партијата беше: НАТПРЕВАРУВАЊЕ И ПОВЕЌЕ РАБОТА. Тогаш заедно со Сотир Асенчаров формиравме претседателство на Илинден
- Сотир Асенчаров претседател од с. Герман, преспа
- Ристо Мавровски секретар и одговорен за просвета
- Маноли Беговски благајник од воденско
- Цвета Склифова учителка по македонски јазик
- Ташо Чапканов надзорник и инспектор
- Илија Склифов за музика и играорци
- Коле од с. Бапчор за младината.
Ова беше одборот и советот во периодот 1952 год. покасно имаше и кадровски промени, но покрај овој одбор имавме и други секции како спорт, ликовна, коресподенција, целта беше да ги собереме сите наши и да ги известуваме за се. Ние соработувавме и со масовната организација „Никос Белојанис“, а воедно бевме и нивни членови. Во градот се формира одбор од сите фабрики во кои учествував и јас како член со следни луѓе:
Ванго претседател, грк Лочос член, грк Ристо Мавровски одговорен за македонците, Апостолис Димакопулос секретар, грк Василис Зогас по партиски задолженија и задачи Зиринчев член, македонец Сотир Асанчаров член, македонец Танас Трендов член, македонец Ова е претседателството на масовната организација „Никос Белојанис“ во град Швидница во 1952 год. а покасно имаше доста измени во членовите и во работата на тој одбор кои се преименува во совет.
Од 1952 год. до половината на 1957год. во Швидница нашите беа распоредени по разни фабрики:
Фабриката за вагони:
Мичиковски Никола жената му Александра, синот Сотир и бабата од жената Ѓоргиевски Никола, жената му Христина, ќерките Кираца и Елена и детето почина Љанговски Алеко со мајка си Шкордов Мичо, жената му Лефтера, синот Илија и ќерката Александра Трповски Сотир жената му Цана и детето Ване Трповски Васил со жената Гичевски Трпо жената му Циља Ангелов Мичо од серско Чапканов Ташко од воденско Дедо Мичо од воденско Доне од с.Руља Манчев Пандо од с. Загоричани Пуровска Василка со децата Мичо и Лина Мавровски Ристо Во оваа фабрика бевме вкупно 34 души, а фабричкиот одбор беше составен од следните лица:
Ѓоргиевски Никола, претседател на „Илинден“ Шкордов Мичо, секретар Чапканов Ташко, благајник Мичиковски Никола, член Трповски Васил, член Фабрика М - 9 Склифов Илија и сопругата Цвета Асенчаров Сотир, сопругата Јана, ќерката Мира, татко му Јосе Аџиевска Митра, свекрвата и децата Митра, Цена, Сандра, Дора и Вангел Илиевски Алеко сопругата Софија и син му Грујовски Ставре сопругата Станка и две ќерки Ѓорги и сопругата со четири деца од с. Загоричани Костадинов Ѓорги од с. Зеленичево Фабричниот одбор беше составен од три члена и тоа:
Склифов Илија претседател на „Илинден“ Илиевски Алеко секретар Костадинов Ѓорги благајник Склифова Цвета учителка по македонски јазик Фабрика – ЗВАП Во оваа фабрика претежно работеа млади кој дојдоа од школите, и тука им беше прва работа, а меѓу нив имаше и постари, прво ќе ги набројам нив:
Коцманов Ристо Дафов Методија со жената и синот Зиринчев Пандо овие се постари Христина младинка од с. Лк Мара од с. Шестево Чана од с. Лаген Коле од с. Бапчор Склифов Кузо од с. Загоричани Џатева Олга од с. Поздивишта, дојде малку покасно Ѓаковски Тодор од с. Герман Ламбро и Мара од воденско Одборот беше од следните членови:
Коцманов Ристо претседател на „Илинден“ Зиринчев Пандо секретар Коле од с. Бапчор благајник и одговорен за младите Во Спуџелнија кооперација за картонажа во која работеа инвалиди и тоа:
Беновски Маноли, сопругата Александра и ќерката Драмов Ангел Стамков Тодор Бегалов Коста работеше во градината Одговорен беше Беновски Маноли.
Фабрика – СВУП работеше само Трендовски Танас Фабрика – Кожна галантерија (ренкавице) работеа Пуровска Лина и Роси Софија Мавровска.
Кооперација за конфекција работеше Пуровски Мичо Дрвна кооперација работеше Мавровски Коле Во градската болница работеа: Кирова Александра, имаше ќерка, Виша Поповска, Пандовска Антигона со децата.
Во градот Счегом работеа Ѓорги Тасевски, со жена му Костадина и децата, имаше и други наши но не можам да се сетам на нив. Имаше наши и во градот Јавожина Свонска, кои припаѓаа на нашата организација „Илинден“ која броеше вкупно 104 члена.
Засекош во овој град на гробиштата останаа Василка од с.
Герман, Мичиковска Александра од с. Раби, Синот на Ѓоргиевски Коле и Христина како мало.
Би сакал бегло да ги набројам задачите од страна на партијата КПГ, друштвото „Илинден“, друштвото „ Никос Белојанис“, и ПЗПР (Полската обединета работничка партија).
Главна задача и пароли беа: „СИТЕ НА РАБОТА“, „СИТЕ ДА НАУЧАТ ЗАНАЕТИ ЗА ДА СЕ ВРАТАТ СПРЕМНИ ВО ТАТКОВИНАТА“, „ПОВЕЌЕ РАБОТА, ПОКВАЛИТЕТНО ИСПОЛНУВАЊЕ И НАТФРЛАЊЕ НА НОРМАТА“, „НАТПРЕВАР ПОМЕЃУ ПОГОНИТЕ И ФАБРИКИТЕ“, „НАУКА, БРАТСТВО И ЕДИНСТВО МЕЃУ ПОЛИТИЧКИТЕ ЕМИГРАНТИ ГРЦИ И МАКЕДОНЦИ“, „СО СИТЕ СИЛИ ДА ПОМОГНЕМЕ ДА СЕ ИЗГРАДИ ПОЛСКА, ПОБРЗО И ПОКВАЛИТЕТНО“, така се работеше со тие пароли, и така поминуваше нашиот живот.
Дописник на весник „Димократис“ Во Полска излегуваше весник „Димократис“, кој излегуваше на грчки и македонски јазик во градот Вроцлав. Во редакцијата на весник Газета работници, излегуваше и нашиот дневен весник, кои беше популарен и читан меѓу сите полит емигранти грци и македонци, во него од сите градови имаше дописници кои секојдневно испраќаа извештаи од работата и нивниот живот по градовите. Во Швидница во редакцијата на весникот
„Димократис“, соработници бевме јас Ристо од страна на македонците, а од грчка страна Димакопулос и Зогас. За мојата работа бев пофален и награден повеќе пати од редакцијата, и бев испратен на курс за дописничари во Вроцлав, кој курс траеше три месеци. Курсот успешно го завршив, така да до крајот на мојот престој во Швидница бев постојан дописник и соработник на весникот. Покасно го вклучив и Никола од наша страна да известува за активностите и работата на младите во Швидница.
Друг крупен политички настан во тоа време е и смртта на великиот Јосиф Висарјонович Сталин во март 1953 год. тука буквално се прекинува и неговата слава, но самата смрт и погреб беше одбележена со свирење на сирените, сите граѓани беа во ставот мирно, и со солзи во очите. Малку порано умре и Болеслав Бјерут секретар на Полската компартија ПЗПР. За нов секретар беше поставен Едвард Охаб, кога се носи одлука сите членови на КПГ кои живеаат во Полска по автоматизам да станат членови на ПЗПР, од тој период јас член на фабричкиот и градскиот комитет. Во овој период како што кажав важеа паролите „ПОВЕЌЕ РАБОТА, МИР ВО СВЕТОТ“ а за нас „ПОВЕЌЕ РАБОТА, ПОКВАЛИТЕТНО ИСПОЛНУВАЊЕ И НАТФРЛАЊЕ НА НОРМАТА“,и „ПОМОШ ЗА НАШИТЕ ДРУГАРИ КОИ БЕА ЗАТВОРЕНИ ВО ОСТРОВИТЕ МАКРОНИСО И ЃУРА, така да преку црвен крст се праќаше мала помош од сите наши вработени.
Во Швидница имавме и наша кујна, а во кујната работеа таткото Коле и мајката на Пандо Шиперков, и ќерката на дедо Коле.
Културно уметнички живот во Швидница Покрај кујната имавме и голема сала (клуб), даден од полските власти за употреба лично за нас, за собири, игранки и други свечени претстави кои ги правевме тука. Во оваа година се формираа и следните културни друштва, се со цел за поорганизирана и подобра живеачка. Во Швидница беше формиран Хор и Оркестар, во Оркестарот беа следните членови:
Склифов Илија диригент и прва виолина Костадинов Ѓорги мандолина и гитара Драмов Вангел мандолина Мавровски Коле џез тапани, брат ми Склифов Кузо гитара, помал брат на Илија Ѓаковски Тодор гитара и тапани Играорната и пејачка група беа составени од следните членови:
Никола од Бапчор одговорен Цана Трповска Пуровски Мичо Пуровска Лина Чапканов Ташко беше главен на цел одбор.
Ова беше една многу голема мешана група во која учествуваа грци и македонци, млади и стари, беше многу способна и пофалена на многу натпревари. Оваа група се натпреваруваше во градот Вроцлав со исти групи од Згоржелец, Легница, Јелења Гура, Вроцлав така да ние го освоивме првото место, и како награда добивме пехар и комплет народни носии. Во градот Швидница групата секоја сабота даваше претстава, а исто и во соседните градови Немча, Белава, Џорџонов и други. Секогаш со нив го славевме нашиот празник Илинден и сите наши празници, со разни претстави и забави во кои учествуваа и другарите од грчко потекло, така да со нив немавме никакво недоразбирање и проблеми, туку се беше во најдобар ред и мир.
Јас во Швидница бев сместен на ул. Панска бр. 24, и тоа есента 1952 год. а заедно со мене беа и другарите: Васил Зогас, грк, Крлингичи Сократис, грк, дедо Мичо од воденско и јас Ристо.
Овој стан беше фабрички и сите што живееа во оваа зграда работеа во фабриката за вагони, тука ми беше подобро, бев во центарот на градот и така да можев да им помогнам на сите наши работници што работеа во другите фабрики и живееа во градот. Како што спомнав претходно фабриката за вагони беше на крајот од градот и таа тука направи станови за своите вработени, интернат за младите кои се запослија тука. Сите вработени добија станови според бројот на членови на семејството а самците останаа во интернатот. Ова беше летото 1952 год. кога на сите ни беше дадено се за живот.
Политичка школа во фабриката за вагони Веќе наредната 1953 год. Коцманов Ристо, беше испратен на школување на земјоделски факултет во Варшава, тој претходно работеше во фабриката – ЗВАП. Фабриката за вагони во септември 1953 год. во кругот на истата отвори политичка партиина школа која траеше наредните девет месеци, за активистите од фабриката. Во оваа школа учествував и јас, таа работеше во две смени, претпладне и попладне, во зависност од работното време на учесниците. Предмети кои се изучуваа беа:
Меѓународна борба на работничката класа Марксизам Политичка економија Борбата на полската комунистичка партија Новата технологија и и изградбата на Н.Р. Полска Историја на КП СССР Разни други пропратни предмети и теми Наставата и предметите ги држеа и предаваа големи и признати научни и просветни работници. На крајот на школото се изврши полагање на овие предмети како теоретски така и практично, што накнадно се покажа доста корисно во нашата понатамошна работа. Покрај учеството во школото, јас продолжувам да пишувам во весникот „Димократис“, да помагам во работата на школото каде се учеше македонскиот јазик, во играорната група, учествував во активностите во фабриката и градот, им помагав на нашите болни, и на постарите другари, работа премногу, но немаше никакви пречки ни од мене, ни од одборот, се беше во интерес на нашиот народ.
Во летото 1954 год. се продолжи со работа дојдоа некои нови младинци од Романија, меѓу нив и Пуровски Мичо и Лина, брат и сестра, кои се вклучија во сите претходни активности. Во месец септември од градот Швидница, на партиска школа во градот Лоџ, беше испратен Сотир Асенчаров, школата траеше девет месеци. Со неговото заминување дојде до промена во одборот, така да сега новиот состав во 1954 год. е следен:
Мавровски Ристо, јас претседател Беновски Маноли секретар Чапканов Ташко благајник Стамков Тодор член Склифов Илија член Дафов Методија член Илиевски Алеко член Ѓоргиевски Коле член Пуровски Мичо член Запознавање и брак со Софија Роси Во есента во Швидница од град Легница доаѓа за стално Роси Софија, кај својата сестра Склифова Цвета, негде во месец ноември 1954 год. ние со неа се познававме од порано, но сега се запознавме од поблиску, зошто таа и порано идеше кај сестра и за разни претстави и игранки, но сега се беше многу посериозно, што покасно заврши со брак. Сега ја најдов правата љубов кај Софија Роси и по неполни три месеци за Нова година 1955 год. стапивме во брак, се венчавме со Софија, така да таа стана моја официјална другарка до крајот на животот, земајќи го моето презиме Мавровска. На свадбата присуствуваа мојот кум Васил, побратимот Чапканов Ташко, нејзината сестра и зет Склифова Цвета и Илија, и многу наши пријатели. Од тој ден станавме една заедница, едно семејство, јас и официјално станав оженет човек, со поголеми обврски кон брачниот другар и поширокото семејство. Со мене до тогаш живееше мојот братучед Танас Трендо, на кого му го отстапив станот, а јас се преселив во станот на Склифова Цвета и Илија, за по кратко време се преселиме во наш стан на ул. Трибуналска бр.1/1. Како поголем стан го зедов кај мене пак братучедот Танас Трендо, а пролетта 1955 год. во Полска од Унгарија дојде мојот помал брат Мавровски Коле, кои беше испратен во Згоржелец од каде го зедов да живее со нас и со Танас. Сега веќе бевме четири члена фамилија. Софија се грижеше за сите нас, за сите домашни работи и обврски, ни правеше измет на сите, а ние живеевме како сложно семејство.
Принова во семејството, првиот син Спиро Така сега ние се вративме секој во својот град и својата фабрика, така да јас сум повторно на работа во фабриката за вагони. Сега ми се случува првиот убав и голем ден на
09.04.1957 год. мојата другарка Софија раѓа здраво машко дете, така јас станувам татко со голема радост и гордост. По кратко време го крстиме Спиро, убаво име а и име на мојот брат кој загина во ДАГ во јуни 1947 год, како народен херој. Од како се роди детето размислуваме за неговиот понатамошен развој, нега и живот, затоа што тука климата беше доста променлива и влажна. По консултациите со доктор Желински, тој ни препорача доколку сме во можност да ја напуштиме Полска и се преселиме на Балканот, за да го спасиме детето. За Грција не сакав да одам, зошто немаше услови за детето, затоа се решивме сите заедно со другарка ми Софија, брат ми Коле, нејзината сестра и зет Склифова Цвета и Илија сите заедно да поднесеме молба во Варшава до југословенскиот конзулат. Од како ги испративме за кратко време ни пуштија анкетни листови кои требаше да ги пополниме и со слики да ги испратиме во Белград. За кратко време ни одговорија потврдно дека можеме да се населиме во Н.Р. Македонија за стално.
Дозволите кои ги добивме беа со важност од шест месеци, затоа беше неопходно да се завршат многу работи документи од работа, партија, синдикат, градските совети на Швидница, и после сите овие формалности кои беа неопходни.
Како што кажав погоре, јас заради поголема плата и да го одржувам семејството, се запишав и завршив курс по техничко цртање, се вработив во новиот погон за нови вагони, како КВ бравар, и како бригадир на бригада. Во тоа време бев избран и секретар на организацијата на ПОРП, во погонот за монтажа на вагони, заедно со Тадеуш Ковалски, кој беше организационен секретар. Тука во тоа време од нас се бараше што поголемо производство, подобро исполнување на месечните планови, ова се бараше во цела држава, за побрзо градење на станови, школи, болници, фабрики, подобро земјоделие, паролите МИР ВО СВЕТОТ и ВРАЌАЊЕ ВО ТАТКОВИНАТА се уште беа актуелни. Сите групи работеа по планот, имавме собири, игранки, забави, концерти се со големи успеси кај нашите во градот, така релативно мирно помина оваа 1955 год.
Но веќе наредната 1956 год. донесе многу немири и пресврти во животот и општо во полското општество. Во оваа година се појавија големите штрајкови и тоа во фабриката за вагони „ Сталин“ во град Позњан. Станаа големи штрајкови и тоа во Варшава, Вроцлав, Краков, ги имаше и во нашата Швидница, но со помал интензитет. Во овие штрајкови имаше и жртви. Во исто време вакви нереди се случуваа и во Унгарија, но тука веќе имаше и контра револуција на чело со Имре Наѓ, која советските војски ја задушија, при тоа за жал со многу човечки и матерјални жртви.
Би се навратил уште еднаш на состојбата во СССР после смртта на Сталин, за партиски генерален секретар на КПСС е назначен Никита Сергеевич Хруштов, така да тој веќе на наредниот дваесетти конгрес на партијата ја кажува за прв пат паролата за култ на личноста за другарот Сталин. Тој говореше за грешките на Сталин од смртта на Ленин па се до неговата смрт, дека Сталин уништил милиони чесни комунисти во целиот меѓународен свет и во СССР. Сега како главен извршител и десна рака на овие егзекуции се кажува за Берија, кој е осуден на смрт и стрелан. Имаше и доста процеси по народните републики како Бугарија, Чехословачка. Унгарија, Романија, Албанија во кои се осудени и стрелани поголем број на кадри.
Тука треба да се напомене и спорот на Информбирото со Југославија, кога Југославија е избркана од членство во Информбирото, Југославија е прогласена за ревизионистичка држава, така се развива кампања против Југославија, од една страна и на Југославија кон народните републики од друга страна. Затоа во Бугарија е осуден и стрелан Трајче Костов, во Унгарија Лајош, така да беше некоја студена војна. Во Полска ова го немаше сем што беше отстранет Владислав Гомулка од генерален секретар на ПОРП, но тој живееше слободно, без никава опасност по неговиот личен живот. Така да во овој период 1948 -1955 год. постоеше само две определби, едната сталинист, информбировец, а другата беше титовист, со тоа што првите беа во мнозинство а вторите малцинство.
Нашата преселба во Македонија Ние донесовме одлука да ја напуштиме Швидница и Полска за секогаш на 28.08.1957 год. да напоменам дека претходните месеци јуни и јули Швидница ја напуштија следните семејства:
- Сотир Асенчаров семејно во Битола, каде имаше мајка и ќерка
- Аџиевска Митра, семејно во Битола, каде имаше маж
- Ставре Груев во Скопје
- Алеко Илиевски во Скопје
- Чапканов Ташко во Скопје каде има мајка, браќа и сестри
- Пандо Зариџев во Скопје
- Сотир Поповски во Битола па во Австралија
- Никола Ѓоргиевски во Битола
- Алеко Љанговски во Скопје
- Маноли Беновски во Тетово
- Ламбро и Мара во Титов Велес, мајка
- Трпо Гичевски семејно во Скопје Јас со моето семејство, и братот Коле заедно со семејствата на Шкордов Мичо и Пуровска Василка, тргнавме заедно, алиштата ни беа сместени во еден вагон од до Битола. Нашето патување траеше од 28.08.1957 год до 01.09 кога преку Чехословачка, Унгарија, Суботица, Белград пристигнавме во Скопје. Откако ние заминавме, во Швидница останаа семејствата на Склифови, Ѓаковски Тодор, Манчев Пандо, тие дојдоа заедно наредната 1958 год. За Грција заминаа кај своите семејства Ѓорги Попконстандинов и Танас Тредов, за Романија замина Драмов Гело, а за Бугарија заминаа Трповски Васил семејно, и Ангелов Мичо, така да во Швидница останаа семејствата на Кирова Александра со ќерките од с. Поздивишта и Стамков Тодор, но покасно Александра замина за Канада а Тодор за Грција.
Последен кој остана да живее Швидница останаа семејствoтo на Dafov Metodi кој беше оженет за пољакиња. Така се растури нашата сложна фамилија која среќно живееше во тие тешки времиња, сложно, заеднички и во добро и во зло, со добри спомени засекогаш.
01.09.1957 год. ФНР Југославија, НР Македонија Со доаѓањето во Скопје, нас не сместија во бараките во Идризово, кој беше како прифатен центар. Тука бевме сместени привремено за да ни се земат некои податоци за нашето минато во редовите на ДАГ, нашата работа во Полска, а најповеќе се интересираа за да се запознаат со клеветите против Југославија во народните републики и СССР, заради познатата резолуција на Информбирото за ревизионизмот на Југославија, на комунистичката партија и Тито. Пошто пред мене беа дојдени повеќе семејства од Швидница, тие веќе имаа дадено подробни податоци за мене, за тоа кој сум од кај сум, што сум бил во ДАГ, што сум работел во Полска политички и партиски, така да тајни и непознаници немаше. Морав да отфрлам клевети кои беа изнесени за мене, кои навистина никогаш не постоеле но имињата на тие кои го кажале тоа или го измислиле, никогаш не ги дознав, можеби и така е најдобро. После престојот во бараките во Идризово, ми беше понудено да останам во Скопје, доколку имаме кај кого да останеме. Но за жал во тоа време нашите најблиски Беќарови Јован и Велика немаа каде тие да се сместат а не пак да не примат нас, така да Леко Балко нејќеше ни да слушне за да не прими. Останавме три дена кај Иљо и Леко Марковски за да се видиме, заминав повторно во Идризово, и на прашањето каде сакаме да се населиме се одлучив за Битола.
Хотел „Солун“ Така да на 09.09. 1957 год. за прв пат во нашиот живот се најдовме на железничката станица во Битола. Стигнавме ноќно време, јас се пријавив во тамошната милиција, тиа ми пуштија кочија не зедоа со тоа што му кажаа пари да не ни бара, се додека не не смести во некој хотел или ан. Така и стана.
Човекот не носеше од хотел во хотел, од ан во ан но за нас слободно место немаше, пошто прашуваа кој сме и од кај сме.
На крајот стигнавме во хотел Солун, тука јас го замолив портирот да ми издаде соба за тројца, а јас да им платам за таа вечер што ќе преспијам, а сабајлето да ја напуштам собата. Тој се сложи им платив 560 динари, кочијашот си замина а јас се договорив утре дента да им платам во хотелот. Да напоменам дека во хотелот портир беше Доне Ферманов од с. Буф кој таа вечер се покажа голем нечовек. Во истиот хотел во тоа време имаше многу наши другари од народните републики а некои беа и од Швидница. Јас цела ноќ не заспав, само мислев што ќе правам со жената и пет месечното бебе, така да излегов на улица и шетав во ноќта. Случајно ја најдов зградата на милицијата, се обратив до дежурниот кој беше изненаден што барам толку доцна, или рано кај нив. Јас му објаснив за случајот, така да тој се јави по телефон кај портирот во Солун, да не ме гиба се додека не се реши нашето прашање во собранието, но за каков хотел зборувам ќе кажам покасно. Така да сабајлето отидов во собранието кај некој по име Лазо, битолчанец. Човекот беше задолжен за сите повратници од народните републики, тој се јави во хотелот и се договори за се што е трошок од нас да плаќа собранието (вода, струја, ќирија), ми даде некои ситни пари, и малку млеко во прав, топено сирење, кравска маст, путер тоа е се што добивме како помош.
Парите што му ги дадов на Вангел не ми ги врати, иако му беше наредено да го стори тоа, но таму нека му се.
Собата во хотелот беше со два кревети и ништо повеќе, многу нечисто со многу тавтабиди и глувци, но друго место немаше, многу од алиштата беа уништени од глувците. После неколку дена дојдоа и пљачките со вагонот, па се јави проблем каде да ги ставиме истите. Му благодарам на една желевка Атина на кумунџиите која имаше втор маж Стамко од с. Раби, таа не прими и ги зеде пљачките и намештајот кај неа, се додека не добивме нов стан. Затоа никогаш нема да му заборавам за овој нивни гест и бескрајната гостопримливост од нивна страна. Во тоа време братот се уште беше со мене, но во друга нехигенска соба, на таванот каде и се вошлоса, така да на моја молба кај директорот на хотелот доби поубава хигенска соба на спратот.
Се ова се случуваше септември 1957 год. во Битола.
Како ја најдовме Битола во 1957 год Битола Градот беше типично балкански, турски, тоа време немаше ниту една широка ни пак асфалтирана улица. Се беше само тесни сокаци со стара калдрма за коњи и магариња, и по некоја државна кола. Канализација многу мала, останато од турско со геризи по куќите. Немаше ниту една зграда, само неколку мали ниско направени со стара технологија, имаше две реки Драгор и Курдерес оваа втората беше многу нечиста и загадена по цела должина каде поминуваше низ градот.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/risto-mavrovski-e-book-macedonian-1/9 on October 29, 2026