Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

A Story Told About a Person from Zhelevo: A Book About Risto Mavrovski

Front Matter - Part 01

By Спиро Мавровски · Part 1 of 14 · About 21 minutes

Read in English

Кажувања на еден желеец Книга за Ристо Мавровски Средил, припремил и искоментирал неговиот син Спиро Мавровски Кажувања на еден желеец Книга за Ристо Мавровски Published by:

Risto Stefov Publications rstefov@hotmail.com Toronto, Canada All rights reserved. No part of this book may be reproduced or transmitted in any form or by any means, electronic or mechanical, including photocopying, recording or by any information storage and retrieval system without written consent from the author, except for the inclusion of brief and documented quotations in a review.

..........................................................................................................12 Мојот брат Спиро Михаил Шкаврев (Мавровски) (1925 – 1948 год.)..................................................................................................16 Мојата сестра Софија Михаил Шкаврева (Стефова) родена 1932 год ....................................................................................................21 Мои сеќавања за средбата со тетка ми Софија ...........................22 Најмалиот брат Никола Михаил Шкаврев Мавровски (1937 –

2007) ................................................................................................25 Неколку збора за мојот стрико .....................................................26 Мојата снаа од брат Христина Васил Беќарова, Шкаврева .......28 Моето сеќавање за првата средба со Ристана..............................28 Мојот брачед Васил Христо Шкаврев, Мавровски (1914 – 1990 год.)..................................................................................................29 Кратка историја на село Желево (Andartikon), Леринска околија (Florina) ...........................................................................................30 Планините.......................................................................................32 Плодови дрва и растенија..............................................................32 Води во нашето село......................................................................32 Животни диви и домашни .............................................................34 Развој на селото..............................................................................34 Село Желево географски по маала...............................................37 Куќата..............................................................................................41 Аурот (штала за воловите) ............................................................43 Храна ...............................................................................................43 Облека што ја носевме...................................................................44 Христо Михаил Шкаврев, Мавровски (1928 – 2004 год.)..........45 Детските игри во Желево ..............................................................47 Даскали што не учеа во школото..................................................48 Нашето имање во с. Желево..........................................................49 Човечки капацитети .......................................................................49 Како живееше и како се прехрануваше селото во времето од 1928 – 1940 год. ..............................................................................50 Војните во Желево 1939-1945 год. ...............................................52 Граѓанската Војна во Грција 1945-1949 година..........................62 Последиците од војните за желевци (преселби) 1949год...........67 Раселени желевци после Граѓанската Војна во Грција ..............68 Моето излегување во партизани 1947 година .............................74 Во болницата во Тирана – првото ранување ...............................82 Повторно во борбите на Грамос 1948 год. ..................................83 Второто ранување, одење во Булкес, октомври 1948 год. .........85 Повторно на фронт, април 1949 год.............................................87 Третото ранување, 12.08.1949 год. кај Лисец..............................89 Мое кажување за болница „250“ ..................................................90 Културно уметнички живот во Швидница ................................112 Запознавање и брак со Софија Роси...........................................114 Принова во семејството, првиот син Спиро..............................115 Нашата преселба во Македонија ................................................117 01.09.1957 год. ФНР Југославија, НР Македонија....................118 Хотел „Солун“..............................................................................118 Како ја најдовме Битола во 1957 год Битола.............................120 Егејската зграда............................................................................122 Кажувањата на мајка ми Софија Роси Мавровска....................124 Мое видување за семејството на мајка ми.................................127 Вториот син Васил.......................................................................131 Нашата најмала ќерка Неда.........................................................135 Периодот 1958 –78 год. ...............................................................135 Мојот општествен живот.............................................................138 Спортот во Битола........................................................................139 Мое видување за спортот ............................................................140 Настани во мојот живот...............................................................142 Моето видување за татко ми Ристо Мавровски ........................145 ВИДУВАЊА НА РИСТО ЗА СВЕТСКАТА ВОЈНА ...............155 Мои видувања за изгубената граѓанска војна ...........................160 Мое видување за помошта од Америка и крајот на Граѓанската војна во Грција .............................................................................162 Мое видување за раководството на ДАГ...................................168 Пролог ...........................................................................................170 Епилог ...........................................................................................172 КРАТЕНКИ...................................................................................173 Литература ....................................................................................174 Предговор Оваа книга не претендира да ги каже историските факти, не е историографски прецизна со време, настани и личности.

Зошто?

Ова се белешки од мојот татко кој ги пишувал некаде во далечните 90-ти години, со временски интервал од повеќе од 40 години од некои случувања. Тоа беше напишано во 2-3 тетратки, многу од настаните се повторуваа, за многу личности се забележани само имња, или села од каде се личностите, но почувствував потреба сето ова да го средам, да го подредам, да го претставам мојот татко на нашите семејства, кои допрва доаѓаат каков и што бил нивниот дедо, прадедо, што оставил, за што се борел во животот. За да ние денес можеме да го продолжиме неговото дело и бидеме горди што сме имале таков родител кој оставил многу во самите нас. Ние до крајот на животот со гордост ќе го споменуваме неговото име и дело.

Доколку со моето пишување го задржам вниманието и на случајните читатели на оваа книга ќе ви бидам благодарен, и една замолница до сите Вас, доколку имате нешто со што би го дополниле или исправиле текстот би Ви бил многу благодарен, податоците да ги доставите до мене, за да ги искористиме во некоја друга прилика.

Во книгата ќе ги прочитате основните податоци за семејството на татко ми од прадедо му Ристо, до неговите наследници денес. Историографски, географски, етнолошки, култоролошки и други видувања за село Желево и живеењето во него. Лични видувања за војните, втората светска во Грција и пошироко, граѓанската војна во Грција, видувања за ДАГ, неговата борба и ранувањата. Одењето во Полска и целото негово делување таму, партиски, воени школи, работа во фабрики, учество во организации, културни и политички. Доаѓањето во Република Македонија, животот и настаните во Скопје, Битола, работата во фабриката за фрижидери, општественото живеење, семејството и на крај спортот тој неизбежен дел од неговото живеење. Накратко ова е тоа што ќе можете да прочитате, се разбира тука се и нашите размисли од нашето семејство за него како човек, родител, сопруг, дедо. Во прилог ќе има фотографии за оние кои ги имаме и за настани кои се значајни за нашето семејство. Во книгата има мали делови од пронајдени историски факти кои говорат за истите настани за кои зборува мојот татко, само го потврдуваат неговото видување на настаните, за жал за многу од настаните, не можев да ги пронајдам личностите, во некој следен обид ќе го направам и тоа, засигурно му го должам тоа, по се она што тој направил за мене.

Ова е мое прво пишување, прв обид да изнесам нешто и од моите видувања за Беломорска Македонија. За тоа многу пати сум зборувал, била моја тема и во Македонскиот парламент, во многу говори во најразлични здруженија за Беломорскиот дел и јавно. Овој мој прв обид се надевам дека нема да биде и последен, во долгите разговори со мојот татко за многу работи имаше многу недоразбирања во однос на некои настани, личности и дела, дури и кога истите беа сеуште живи, а не потоа кога не ќе можете да ги слушнете двете страни.

Следното ако го има би напишал нешто лично и мои размислувања за одредени настани, малку или многу поразлични од неговото видување и доживување на настаните каде тој беше директен учесник. Од временска дистанца некои работи изгледаат поразлично.

Кратка автобиографија Мавровски Ристо (Mavru Hristo), роден 1928 год, во село Желево, Леринска околија, Егејска Македонија, од татко Михаил и мајка Неда.

Основно училиште од 6-ти клас завршив во селото, а после завршувањетѕо останав со родителите. Поважни датуми во историјата и мои се: 28.10.1940 год. започна грчко – талијанскиот бој, 1941год. капитулација на Грција, во селото после тоа дојдоа германци и италјанци, се до капитулацијата на Италија 09.07.1943 год. после тоа повторно се враќаат германските војски и остануваат до 20.10.1944 год. После нивното заминување доаќаат војските на ЕЛАС кои останаа до март месец 1945 год. За цел овој период јас сум во селото и работам во позадината.

После заминувањето на ЕЛАС-то во селото доаѓа монархо фашистичката војска и останува во селото до април – мај 1947 год. Пролетта 1946 год. започнува граѓанската војна во Грција и завршува на крајот на Август 1949 год.

Јас излегувам партизан во јуни 1947 год. и се борев во граѓанската војна се до нејзиниот крај, три пати сум рануван, бев лечен во Албанија, Југославија и Полска, при тоа сум четири пати оперисан, останат со траен воен инвалидитет од 70%, неспособност до крајот на мојот живот. Имам семејство сопруга, два сина Спиро и Васил, ќерка Неда снаи Елена и Маријана, зет Здравко, внуци Цветанка, Христо, Васко, Методија, Марика и сега веќе правнуци и зетови и снаи од внуците.

Ова го пишувам и посветувам на моето семејство, за кое сум премногу среќен дека се толку на број и ќе се множат, нека тие проценат за се што направив во животот и оставам на нив да го продолжат делото и да ја завршат нашата почната и незавршена работа.

Се надевам дека со ова ќе го задржам вашето внимание, и за се она што не ви го кажав во животот ќе се потрудам да го напишам за вечно да го имате пред вас.

Семејството на прадедоми Ристо Шкаврев Прадедо ми Ристо со неговата жена имале четири деца, три сина: Јоте, Трпо и Јован и една ќерка Митра.

Првиот син го крстиле Јоте. Дедо Јоте се жени за баба Стојна, тие се нашите претци. Тие имале три ќерки и еден син. Ќерките ги крстиле: Мара, Таса, и Неда мојата мајка, и синот Ристо.

Тетка ми Мара се мажи за Ѓорѓи Трендов и имаат два сина Пандо и Танас, и три ќерки Дафина, Велика и Митра.

Тетка ми Таса се мажи за Ѓорги Перелов и имаат четири синови: Филе, Вангел, Пандо и Иљо, и една ќерка Фанија.

Вујко ми Ристо се жени за Вана, невеста од село Јановени, костурско и имале еден син кој го крстиле Васил. Но за жал вујко ми умира а Вана го остава детето кај баба и, и мајка ми па тој расти заедно со нив и нас. Вана се премажи за Крсто Јандревски.

Мајка ми Неда се омажи за татко ми Мијал. Имале четири синови: Крсто, Спиро, Ристо и Никола и една ќерка Софија.

Ова дотука е семејството на дедо ми Јоте кое го продолжуваме ние неговите потомци.

Вториот син на прадедо ми Ристо е Трпо кој има три сина:

Коте, Павле и Васил, една ќерка Дафина со мажот и Трајко, оваа фамилија е комплетно во Канада и јас немам некои поголеми информации за нив.

Третиот син на прадедо ми Ристо е Јован и тие имале само еден син Лазо. Лазо се жени и има два сина: Танас и Доне и две ќерки Петра и Велика.

Тука се случува еден немил настан пред да биде оженет дедо Јован. Арамиите геги го беа фатиле Јован додека берел дрва, го врзале и го носеле по патот, каде ги сретнало некое дете на кое му рекле ќе одиш во селото и ќе му кажеш на Ристо Шкаврев, да донесе златни лири оти ако не, ќе го убијат неговиот син Јован. Прадедо ми Ристо земал пари и ги пречекал гегите кај Бачорно орниче. Јован бил врзан, но се случило нешто неочекувано тие сакале и него да го носат за Албанија, но прадедо ми Ристо пошто знаел нешто албански ги разбрал гегите, па им понудил да запалат по една цигара а на Јован му кажал да слези за по надвор и да бега колку што може подалеку.

Така детето избегало но останал прадедо ми Ристо со нив, тие го однесоа до село Трнаа и тука го заклаа, главата ја однесоа во Корча, а телото го закопаа во нивите трновски.

Во Корча некои власи од село Псодери ја познаа главата и за тоа јавија во село Желево дека Ристо Шкаврев е заклан, и прикажан како голем ајдутин, но вистината е оваа.

Танас се жени за жена од Гиновци, Доне зема жена од Трпчеви, Петра се мажи за Јане Манџуков, а Велика за момче од Јован Беќаров.

Ќерката на прадедо ми Ристо е Митра, таа се мажила за Илија, кој станува поп и се сега Поп Илиеви. Тие си изродија многу деца и тоа: четири синови Никола, Богоја, Пандо и Павле, шест ќерки и тоа Мара, Елена, Софија, Цвета, Кала, Архонда од нив по една се омажи во село Герман и Арменско а сите други во село Желево.

Ова е она што јас го знам за семејството на прадедо ми Ристо Шкаврев.

Моето семејство Моето семејство беше од следните членови: Татко Михаил, мајка Неда, браќа Крсто, кој почина многу млад, Спиро, јас Ристо, сестра ми Софија, малиот брат Никола, тука беше и мојот братучед Васил Шкаврев и баба ми Стојна, вкупно осум членови.

Братучедот Васил беше роден 1914 год. но откако умре татко му остана со баба ми и мајка ми и со нас. Баба ми Стојна почина во 1936 год. но пред тоа ослепе и цел товар и за нас и за неа и за брачедо беше на мајка ми Неда.

Татко ми Михаил Бојков (1903 – 1964 год.)

Во меѓувреме мајка ми се омажи за мојот татко Михаил кој беше со потекло од сегашниот албанскиот град Билишта, роден 1903 год. православен македонец. Имаше три сестри кои беа мажени во село Ореово, Преспа и тоа Мара во семејство Џамбазови и Сандра омажена за Мијал Мијаловци, а Ристана беше мажена во село Раби, Преспа за Божин. Татко ми се презиваше Бојков, од татко му Бојко, но во селото го зеде презимето од мајка ми Шкаврев, но во селото го викаа Мијале Арнаутчето, како за секој дојденец и тој имаше прекар. Татко ми беше добар мајстор за градење куќи и други мајсторски работи, на тој начин се грижеше за цело семејство. Татко ми работеше и по селата, а најповеќе во село Буф, тука цело село го познава како Мише мајсторот. Во селото работеше со многу семејства ќе ги напоменам оние каде сум работел и јас:

Опашинови, Поповци, Јанкулови, Еминагови, Чинчеви, Тргачови, Србинови, Василеви, Гагачеви, Бејкови, и многу други кои не ги помнам, но татко ми остави голем печат во село Буф. Други села каде што работеа се: Арменско, Свата Петка, Горно и Долно Клештина, Клондораби, Лажени, Герман, Раби, Рудари, Штркоо, Папли, Оровник и Лак во Преспа. Има работено на патот за Преспа, на караулата на грчко албанската граница (телониото) во село Смрдеш. Работел на грчко бугарската граница во 1936 год. каде се градеше одбрамбената линија (Grami Metaxa), и тоа за да Грција се брани од бугарски напад така да преку цело лето работеа добри мајстори, меѓу нив и татко ми, го правеја одбрамбениот ѕид од Аргирокастро се до Кавала на крајот. Тајфата на татко ми со кои работеше беа:

Трпо Попов, Коле Алтано, Гиро, Ламбро Тркалов, Стерјо Тркалов, Спиро Ласко, Коле Пучугов, Дане Чаков (подоцна стана воденичар), овие беа постарите и најдобри мајстори а со нив имаше и помлади кои помагаја, меѓу нив беа: брат ми Спиро, Коле Карафилов, Ристо Тркалов, Ѓорги Гушев и многу други.

Татко ми беше секогаш многу работлив и почитуван човек во селото, никогаш никому не борџел, а не сакал ниту караници, секогаш весел прв на орото посебно Тешкото, и покрај сета работа секогаш наоѓаше време за нас децата. Тој стално не учеше да бидеме работливи, чесни, ценети, према секого, да не крадиме, не лажиме, и секогаш велеше „ Со работа се ќе имате“.

Тој беше и работник и педагог и организатор, никогаш не велеше да било која работа е завршена, беше прогресивен, зошто неправдите ги чувствуваше на својот грб, многу работа и мала плата. За време на окупацијата 1941-45 год. тој пак најдваше време и начин да копаме нови нивје, ги сееме со рж и кртули (компири), јачмен, овес и се тоа да проживееме. Тој беше организиран во покретот со чеканот во раце, а од 1947 – 49 год. и ако во постари години зеде учество во редовите на ДАГ, беше на Грамос, Вичо, Албанија, се до крајот на јуни 1949 год. кога беше поставен за полјак во селото се до 16.08.1949 год. кога е заробен од грчката војска на Превал, така да не се префрли со останатите во Албанија, продолжи да живее во селото и да работи но уште во потешки услови отколку претходно. Тој остана во селото само со ќерка му Софија, а децата Спиро загина во месец јуни 1949 год на Шестевската Бука, јас бев во Полска, а Коле во Унгарија, мајка ми почина во април 1948 год. така да тои остана вдовец на 45 год. Беше принуден да се ожени за жена од село Оштима, со која имаше машко дете Ѓорги Бојков, но поради децата кои ги имале и двајцата од претходните бракови, детето го дале на посвојување во село Лажени, леринско кај луѓе што немаа деца.

Мое видување за стрико ми Ѓорги Уште една средба со човек од семејството на татко ми, за жал таа средба траеше не цел ден. Таа средба беше со пара братот на мојот татко Ѓорги Бојков. Бев директен учесник на таа средба, летото 1978 год. кога на вратата на нашиот стан заѕвони едно симпатично младо момче кое го побара Ристо Мавровски.

Татко ми беше на работа, а пошто детето говореше грчки ја повикав мајка ми за да се разберат. Таа ми кажа дека тој е брат на татко ми, по што јас бев доста изненаден затоа што претходно не ми кажал никој ништо, за ова младо момче малку постаро од мене. Откако ручавме дојде татко ми се запознаа, затоа што и тој за прв и последен пат го виде тогаш и тргнавме кај стрикото Коле. Кога него го прашавме дали го познава, тој гледајќи го млад мислеше дека е мој другар, но откако научи кој е имаше многу солзи радосници, затоа што го виде својот брат. Жалното во сето тоа беше, што тој мораше да се врати назад и да замине за Канада каде тетка ми Софија го повлече кај себе. Понатаму тој беше еден од најредовните кој секогаш се јавуваше за да ги честита Божиќните и Велигденските празници, се ожени си има деца и посакувам таа врска со него, да не прекине со смртта на татко ми, ние го сакаме како дел од нашето семејство сега и за секогаш до век. Те сакаме наш човеку.

Покасно сестра ми Софија се омажи за Коле Филев од село Оштима, па така татко ми работеше и живееше кога во Желево кога во Оштима, а после разводот со новата невеста, се пресели и живееше со сестра ми Софија во село Оштима. Тука останува до крајот на животот во септември 1964 год. и неговата желба да дојде и живее со своите синови во Битола никогаш не се оствари. Тука дојде само еднаш кога го видовме, за жал после тоа се разболе и почина.

Така завршува неговата историја, но неговото дело продолжува од неговите деца Ристо, Коле, Софија и парабратот Ѓорги Бојков, неговите внуци секогаш ќе го споменуваме и почитуваме како најсакан и почитуван наш родител, татко и дедо. Нека му е вечна славата и нека почива во мир. Од неговиот син Ристо.

Мои лични видувања за дедо ми Мијал Дедо ми успеав да го видам само еднаш во животот. Се сеќавам дека дојде и зборуваше. Татко ми и стрико ми да бараат место или готова куќа, за да можеме сите заедно да живееме. Дедо ми како ѕидар мислеше дека ќе го направиме тоа, носеше доста пари со него, кажа дека ќе се врати да го продаде имањето во Желево и ќе се врати, за жал никој повеќе од нас него виде мојот дедо Мијајле, ни останаа сликите каде е прв на орото, и со соселаните на кафето. Нека му е лесна земјата, споменот остана.

Мојата мајка Неда Јотева Шкаврева (Маврова) (1900–1948 год.)

Мојата мајка Неда Јотева Шкаврева (Маврова), родена 1900 год.

во село Желево, од татко Јоте, мајка Стојна со моминско презиме Бачкова покасно Шкаврева. Неда беше последно дете на тоа семејство. Неда не заврши школа но беше многу бистра, убава и паметна жена. Пошто претходно сестрите и братот се оженија само Неда после смртта на татко и Јоте, а покасно и брат и Ристо остана дома за да ги гледа сите останати, друг избор немаше, за да биде блиску до мајка си. По смртта на брат и Ристо, сната се премажи за Крсто Јандровски и го остави синот Васил да го гледаат тетка му и баба му. Бидејќи Неда беше најмала сестрите ја замолија да остане дома и тие му најдоа момче, домазет од далеку дури од град Билишта.

Разликата меѓу нив беше три години, постара мајка ми од татко ми. Мајка ми продолжи да ги гледа Мајка и и внук и, а во 1923 год. му се раѓа првото дете по име Крсто, второто Спиро се раѓа

1925 год. така да постепено семејството се зголемува со нови членови и нови усти за хранење. Таа се принудува да работи повеќе и тоа како аргатка кај сестрите, и кај други по богати селани за да можат да се прехранат.

Внук му Васил кој се родил 1914 год. веќе пораснал и го пратија на школо во Лерин за да учи, да не речат селаните дека е сирак, но мајка ми Неда во 1927 год. и се случила голема трагедија, синот Крсто трчајќи по некоја кола, паднал и потоа починал само на 4-ри години, и останува само со Спиро. Но следната 1928 год. се раѓам јас Ристо, третото машко дете, името го добивам по мојот вујко кој починал порано. После моето раѓање баба ми Стојна од многу плачење по син и и внукот Крсто, ослепе така да тоа беше уште еден проблем за мајка ми. Но таа не потклекна никогаш ниту во еден момент, и со помош на мажот и Михаил, сестрите, со работа дење ноќе, успеа да се справи со животот. Така со работа дома и на ниви времето бргу си врви, а 1932 год. се родило девојче кое го крстиле Софија. Во 1935 год. умира нејзината мајка Стојна, а 1935 год. внук и Васил заминува да служи во грчката војска така да сега семејството е од трите деца и моите родители. Со тоа олесна работата, бидејќи Спиро беше поголем и ги чуваше своите браќа и сестри, па мајка ми работеше кај сестрите, но имаше време да ја гледа сопствената стока. Треба да кажам дека баба ми и сестрите на мајка за животи цел имот го поделија на пола помеѓу брачедот Васил и нас останатите. Негде 1936 год.

Васил се вратил од војска и работел пољак во селото.

Во 1937 год. се роди и последното машко дете Никола (Коле), така семејството сега има седум члена, се до 1939 год. кога внукот Васил се оженил за Елена Сандрина, и од тука се почнува да се движи право удолу, се направи делбата а за Неда и Мијал остана само работата и маките келепур. Почнаа расправи и караници, гибање по камарите каде кокошките несеа јајца, така да Мијал и Неда решија да во дворот изградат нова куќа за Васил со Елена, а нашето семејство остана во старата кашта.

Дојде есента 1940 год. 28.10. Италија ја нападна Грција, започна бојот во нашите места. Грција ги затвори школите, по патот од Лерин покрај нашето село дење ноќе врвеа само колони со војски, фронтот беше само на 24 километри од селото. Само после три дена над селото три италјански авиони го бомбардираа селото, така да тука паднаа и првите жртви, а беше ранета Кала на глигуровци која остана без рака.

По неколку дена стана евакуација на селото, така да ние со мајка ми останавме три недели во село Буф во куќата на Бејкови. За тоа време грчката војска го зазеде аеродромот во Корча така да не постоеше опасност од бомбардирање и ние се вративме во селото, каде за цело време остана татко ми да ја чува куќата и имотот.

Внукот Васил и многу други желевци беа на фронтот, татко ми заради тоа што имаше четири деца беше ослободен од војската.

Војната продолжува а и животот продолжува, дојде Велигден 1941 год. кога во селото пристигнаа германците. Така Грција падна под окупација на германците, но многу скоро пристигнаја и италјанците, така да границата беше поставена на Бигла планина, кај нас и во преспа германци а во костурско италјани.

Со нивното доаѓање почна и гладоста, тие испразнаа се по магацините така да резервите се потрошија. Во Грција илјадници изумреа од глад, не помогнаа ниту пари ниту злато.

Неда со Мијал се трудеа да не дозволат нешто лошо да им се случи на семејството, со голема економија, малку храна, со кртули, граф, малку брашно, некои лоши работи не станаа, цело село го проживеа сето тоа. Мијал работи за малку мисир само да не дозволи да страдаат децата.

Дојде и 1942 год. сега сите селани копаат, ораат нови ниви, садат рж, јачменч мисер, и повеќе кртули и така нема опасност од гладување.

Есента 1943 год италјаните почнаа да ни ја зеват стоката, овци, говеда, крави, телиња, му текна на некој си Марино од село Гавреш да клади пари и ги наговори костурчани кои работаат со кожи, така да италјаните во селото даваат наредба на 10 овци се зема една, ако имаш два волови се зема еден, ако имаш крава и теле се зева телето итн. Така на мајка ми му го зедоа телето, оти ние немавме овци, туку само крава, теле и магаре. Во истото време доаѓаат наоружани луѓе на Калчев да го опљачкаат селото оти било „мрсно“, гркоманско, но селаните побараја помош од италјаните и тие не дозволија да се направи пљачка, само ручаа и си заминаа. После тоа италјаните поделија пушки на некој од селаните. Во ова време се делеше жито во село Арменско за тие кои се пишуваа бугари, но тоа беше далеку од нашето семејство, моите не се мешаа во тие ора.