Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Literature of Fact in Petre Nakovski's Novels (Master's Thesis)

4. ЛИТЕРАТУРА НА ФАКТОТ

By Татјана Пеливанова · Part 2 of 14 · About 8 minutes

Read in English

4. ЛИТЕРАТУРА НА ФАКТОТ

(РАЗВОЈ)

„Кога читаш литература на фактот, ти читаш за нешто што се случило навистина – не е приказна којашто некој ја измислил“.

19 Литературата на фактот како поим или правец во литературата е воведена во Европа во триесеттите години од минатиот век, а апогеумот го постигна по Втората светска војна во дела кои пред се` се посветени на периодот од Втората светска војна и по неа.

Литературата на фактот од овој период најмногу е присутна во современата литература на: Полска, Русија, Грција, Велика Британија, Франција, САД.

Поимот го воведе литературната критика меѓу двете светски војни како замена за наративната проза од триесеттите години, чија главна цел е веродостојно претставување на автентични настани која применува репортерски или мемоарски искажувања карактеристични за современиот роман.

Ваквата дефиниција ја наоѓаме во Речникот на литературни поими (S łоwnik terminów literackich) под редакција на Јануш Славински, кој литературата на фактот ја дефинира како:

„Современа наративна литература која се засновува врз документот и ги содржи литературни видови, како: роман, репортажа, автобиографија, биографија, мемоари“. (...)

Во основата на литературата на фактот лежи: романот-репортажа, кој е дефиниран како „роман кој низ креацијата на романсиерската фикција се стреми кон 19 www.misshannigan.com/Genre/nonfiction/nonfictionnotes.html создавање тукуречи документарна релација за настани, појави, доживувања во одредена средина или историски процес“.20 Во романот - репортажа доминантната улога му припаѓа на проверен (автентичен) опис на одреден настан што се карактеризира или претставува вообичаено големо, значајно општествено, политичко, воено значење. Во оваа смисла литературата на фактот е дел од писменоста ( книжевноста) во која доминира актуелната општествена, политичка, воена, социолошка и психолошка проблематика.

Во литературата на фактот најважна е вистината, историскиот факт, автентичниот настан.

Оттука, авторите ги користат оригиналните раскажувања и во тој случај најчесто се служат со:

- репортажата, есејот, разговорот, биографските романи, белетризираните дневници, мемоарите, кои се „многу корисни и често даваат многу важен придонес во историјата, а секако придонесот зависи и од личностите и нивната улога во историските случувања“.21 Овие дела имаат значајно општествено и културолошко значење. Имено, тие можат да послужат како извор за општествени, историски и политички истражувања, на животни реалности, на знаења за луѓето и мотивираност на нивните однесувања, за психата, за оценката на актуелната стварност.

Репортажата, дневникот, биографијата се класични видови на литературата на фактот.

Во литературата на фактот најважна е вистината, односно историскиот факт базиран врз документот, автентичниот настан, пренесени во роман - репортажа, есеј, разговор, и значењето на таквите литературни дела општествено и културолошки е многу значајно.

Литературата на фактот е пишување проза која ги презентира и објаснува идеите, и зборува за вистински луѓе, места, предмети и настани. Таа е експозе или интерпретација на тема која е презентирана како факт.

20 Janusz Sławiński, M. Głowiński,T. Kostkiewiczowa: Słоwnik terminów literackich. - Warszawa;

Kraków: Zakład Narodowy im. Ossolińskich -Wydaw, 2008 21 Lindon Baines Jonson: Pogled unatrag 1963-1969. - Zagreb: Globus, 1974, стр.8 Според хрватските теоретичари на книжевноста, Зденко Шкреб и Анте Стамак, „литературата на фактот се темели на автентични доживувања и барања да се негува веродостојноста. (...) Прозата се темели врз основа на документарни факти, па со овој поим е окарактеризирана и прозата на Данило Киш во чие дело „Гробница за Борис Давидовиќ“ се претставени белетризирани факти кои авторот ги собрал од документарните записи за концентрационите логори за време на Сталиновото владеење“.22 Според овие критичари, „... оваа литература ги прикажува конкретните настани и се засновува врз историски документи и документарна литература и ваквите дела постигнуваат најголеми светски успеси“.23 Според бројни автори литературата на фактот е документ на времето.

Најистакнатите литературни достигнувања од овој вид меѓу другото се:

„Медаљони“ - Зофија Налковска, „ Да се стигне пред Господ Бог“ - Ханна Краљ, „Разговори со џелатот“ - К. Мочарски, „ Раскази“ - Т. Боровски, „ Императорот“ - Р.

Капушчински ( Полска); „ Доктот Фауст“ - Томас Ман, „ Опера за три грошеви“ -Бертол Брехт и др. ( Германија); „ Мемоари 1963-1969“ - Л.Б.Џонсон ( Америка);

„Еден ден на Иван Денисович“, „ Архипелагот Гулак“ - Александар Солженицин, „Мајсторот и маргарита“ - Михаил Булгаков.

Карактеристично за полската книжевност е фактот дека „ како класичар на литературата на фактот во Полска во 60 години го сметале Мелхјор Ванкович (1892-1974). Неговата писателска активност пред се` се ограничува на периодот од Втората светска војна. Други автори чии дела се карактеристични за полската литература на фактот се: Станислав Цат-Мацкевич, Кажимјеж Џевановски, Ричард Капушчински, Јан Јузеф Шчепански и др“.24 Редакторите на Речникот на литературни поими (Słоwnik terminów literackich)

Јануш Славински и Михал Гловински истакнуваат дека „ прирачниот речник на литературните поими, литературата на фактот ја дефинира како документарен 22 Zdenko Skreb, Ante Stamac: Uvod u knjizevnost. - Zagreb: Globus, 1986, стр.337

23 Исто, стр. 548

24 Ryszard Matuszewski: Literatura polska 1939-1991. - Warszawa: Wydawnictwa Szkolne i Pedagogiczne,

1996, стр.137 роман или голема наративна творба чија содржина или фабула означена како роман претставува реконструкција на настани од животот на автентични современи или историски личности, се потпира на документарни знаења преземени од архивски, медиумски или историографски извори или пак собирани од самиот автор.

Наративната техника која е најблиска до репортажата, слободно користи од многу традиционални видови романи посебно од општествено обичајната и биографската сфера“.25 Литературата на фактот својата генеза ја наоѓа во воениот период, тогаш се однесувала на наративни дела пишувани во проза, пред се` такви кои имале документарен и биографски карактер и како таква била пренесена на тлото на современата литература.

25 wspolczesnosc.klp.pl/a-9339.html

4.1. КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЛИТЕРАТУРАТА НА ФАКТОТ Делата на литературата на фактот се разликуваат од белетристиката на неколку начини:

• Луѓето, настаните, местата и идеите кои се презентирани во литературата на фактот се вистинити, тие не се измислени.

• Литературата на фактот е раскажана од автор кој на некој начин учествувал во настаните или изворно е информиран.

• Таа презентира факти, опишува вистински животни доживувања, или расправа за идеи.

• Литературата на фактот е напишана за посебен аудиториум, или за група на читатели. Таа се осврнува на јасна цел, или причина за пишување.

Аудиториумот и целта влијаат на видот на информација која што писателот ја вклучува.

• Стилот е одреден на начин, на кој писателот го користи јазикот. Стилот е одраз на личноста на авторот. Фактори кои влијаат на стилот на авторот меѓу другото се: нивото на формалност, употребата на метафорични зборови, дикцијата или изборот на зборови, шеми на реченици.

• Тонот е ставот на авторот и кон темата и кон читателите или слушателите. Во разговорите може да се чуе тонот на говорителот според начинот на кои зборовите и фразите се кажани. Кога читаме, може да се „ слушне“ тонот во изборот на зборови и детали од страна на авторот. Тонот на литературното дело може да биде опишан со еден збор, како на пример: помпезен, разигран, сериозен, личен, саркастичен или пријателски.

• Перспективата е гледиштето или мислењето кое авторот го искажува за темата, директно или индиректно.

• Пристрасност се појавува кога писателот презентира само една страна ( на пример, со игнорирање на релевантни факти или со користење на емотивен јазик кој на нефер начин ги бранува чувствата на читателите или слушателите).

• Целта е причината за пишување на авторот. Чести цели се: да информира, да убеди, да искаже почит, да забавува, да објасни и да предупреди.

4.2. ВИДОВИ ЛИТЕРАТУРА НА ФАКТОТ Постојат четири типа, или модули на литература на фактот кои се дефинирани од нивната цел.

• Наративната литература на фактот раскажува приказни за настани од вистинскиот живот. Примерите вклучуваат автобиографии и мемоари. Вид на наративна литература на фактот е рефлексивното пишување, кое ги споделува мислите и чувствата на писателот за некое лично доживување, идеја, настан или прашање. Примерите вклучуваат рефлективни есеи, лични есеи и дневници.

• Објаснувачката литература на фактот информира или објаснува. Примерите вклучуваат аналитички есеи и извештаи од истражувања.

• Убедувачката литература на фактот дава причини или докази да го убеди читателот да дејствува или мисли на одреден начин. Примерите вклучуваат статии и политички говори.

• Дескриптивната литература на фактот користи детали поврзани со чувствата за да креира ментални слики за читателот. Примерите вклучуваат описи на ликови и научни опсервации.

26 Предизвик за пишување на овие романи се значајни епизоди и историски моменти, архивски документи и искажувања на живи учесници во опишаните настани, лична посета на места каде се случувале настаните, кои се појавија post factum односно по одредена временска перспектива и дистанца.

Наведените романи на авторот Петре Наковски ги обработуваат многу суштинските историски и општествени настани пред и во текот на Граѓанската војна со посебен осврт на учеството на Македонците во неа.

26 Види: www.misshannigan.com/Genre/nonfiction/nonfictionnotes.html Истакнатиот македонски писател Димитар Солев во рецензијата за романот „Постела за чемерните “ меѓу другото подвлекува:

„При ова, треба да се одбележи дека Петре Наковски е очигледен приврзаник на литературата на фактите. Тенденција во современата раскажувачка култура, која бара нова рамнотежа меѓу фактографијата и имагинацијата. Поаѓајќи од животниот податок, кој има карактер на документ или на факт, таа си ја дозволува слободата нив да ги реди, да ги преплетува, да ги вкрстува, да ги комбинира - се` околу основната идеја. Но, и во литературата на фактите, фактот е повод, а авторот е творец“.

Основната карактеристика на спомнатите романи е дека сите се однесуваат на Граѓанската војна во Грција; значајно е тоа што можат да послужат како извор за нафрлениот терор на грчката држава врз македонското население, како и за учеството на Македонците во Граѓанската војна, нивната посветеност, храброст и самопожртвуваност за национално ослободување и одбрана на идентитетот и човековото достоинство. Најсуштински во нив е вистината, историските автентични настани, и даваат широка можност читателот да ја дознае и осознае вистината за тоа тешко драматично и несреќно време.