Literature of Fact in Petre Nakovski's Novels (Master's Thesis)
5.2. „И КАМЕНОТ Е ЗЕМЈА“ - Part 01
5.2. „И КАМЕНОТ Е ЗЕМЈА“
„... чендо Кире, каде и да одиш, две работи да не заборавиш: словото и патот.
Само така ќе се вратиш, ќе си дојдеш дома.
Го заборави ли словото, се заборави себе.
Го заборави ли патот за дома
- скитник остануваш засекогаш.
Словото чендо, е тоа што си ти, го заборави ли, ќе те заборават сите, чувај го, а и тоа ќе те чува тебе.
Ако словото не го заборавиш, и патот нема да го заборавиш...
И тогаш ќе си дојдеш дома...“62 Трагиката на Македонците од Егејска Македонија е содржана и во вториот роман на Петре Наковски „И каменот е земја“. Овој роман е објавен во 1988 година.
Во ова дело авторот ја искажува состојбата на населението кое живее на територијата опфатена со воените дејствија и се наоѓа во виорот на огромните несреќи што ги носи војната.
Во содржинското јадро на романот „ И каменот е земја“ се движат низа судбини на личности во една временска рамка. Романот е хронотоп.
63 На страниците
62 Петре Наковски: И каменот е земја. - Скопје: Огледало, 1988, стр.139 63 Во делото „За романот“ ,Михаил Бахтин, ги поставил почетните теоретски постулати за романот како целина, но во своето теориско истражување се осврнува и на важноста на времето и просторот во на оваа книга е опишано времето сместено во временски граници во кои се случиле опишаните настани. Според Роланд Барт во романот „се вселува „нов код“ , кодот на просторот и времето“64.
Фактите изнесени во опишаниот временски период подредени се со хронолошка композиција на текот на настаните и дозволува постепено запознавање со времето и со населението и при тоа авторот се надоврзува на настани што се случиле порано, но претставуваат зачеток на опишаниот временски период изразено со наведениот дел од романот:
„... Ама пред да скрши солунскиот фронт, до половина ја исекоа српските, француските и англиските војници. А тогаш пред да удри Италијанецот, Гркот ги натера сите на ангарија и сечеа редум. На овие ридишта копаа ровови и градеа бункери и истураа крв сите војски, а ниедна не беше сакана“.65 Таквата композиција го потврдува и творечкото мајсторство на авторот, да користи хронолошко и ретроспективно раскажување на ликовите.
Слика 5. Насловна страница на романот „И каменот е земја“ Временската рамка на романот „И каменот е земја“ се одвива во периодот од мај-јуни 1947 до 4 мај 1948 година.
Во основата на романот се обработуваат следниве вистински настани.
романот. Хронотоп буквално значи “време-простор“, односно суштинска поврзаност на временските и просторните врски кои се уметнички изразени во литературата.
64 Венко Андоновски: Структура на македонскиот реалистичен роман. - Скопје: Детска радост,
1997, стр.123
65 Петре Наковски: И каменот е земја. - Скопје: Огледало, 1988, стр.10
• Белиот терор од страна грчката држава и мобилизација на младите во редовите на ДАГ
• Бомбардирање на селото
• Собирање и одведување на децата Мобилизацијата на младите во редовите на ДАГ е настан низ кој е претставено принудното мобилизирање на младите момчиња и девојки во редовите на ДАГ. Младите, момци и девојки од селото насилно се мобилизирани (по наредба на Главниот штаб, а не по закон - во тоа време влада не постоела. Привремената влада се формирала на 23 декември 1947 во преспанското село Асамати). Во селото „останаа вдовиците, жените во години и доилките, старците и децата“. При извршувањето на оваа акција забележлив е разговорот воден меѓу таткото и синот, во кој е изнесена разликата во сфаќањето за учеството во војната:
„ – Татко јас одам да ја земам крвта на братот, - тогаш Ѓорѓи го фати за јака и му просаска во очи: - Не те подигнав за крвопиец. Крвта остави им ја на дивјаците.
Ние имаме подруга жила... и помисли дали си сигурен дека со тие што те повикале и на кои ти си им поверувал го избравте најдоброто или најлошото време? Знам, туѓинецот нема што да бара тука, ама ние си бараме и нешто што долго го бараме.
Дали намерите и стремежите нема да пропаднат само во локви крв? Размисли синко, зашто угорнините и удолнините не се фаќаат само со еден чекор и само со една капка крв. Лесно е да се рече: „ Ќе одам“? Ама зошто? Дали си помислил зошто?... На туѓинецот удри му само в чело. И повеќе да не слушнам за некоја крв. ... И велам.
Пак, де, дека угорнините и удолнините на се фаќаат со еден чекор и со една издишка. И ова не заборавај го...“66 Со ова се потврдува моралот и етиката меѓу две генерации.
Теророт, со поддршка на грчката национална армија го вршеле вооружени паравоени и парадржавни групи, пред се` составени од грчки националисти чие мнозинство во текот на Втората светска војна, соработувало со окупаторите:
Италијанците, Бугарите, Германците. Теророт ( бел терор)67 се состоел од формите:
66 Петре Наковски: И каменот е земја. - Скопје: Огледало, 1988, стр. 28 67 Види: Стојан Киселиновски: Егејскиот дел на Македонија 1913-1989. - Скопје, Култура, 1990 забрана на идентитетот, разни форми на казнување на левоориентираното население или одделни личности и опљачкување на куќите и стоката.68 Развојот на борбените дејствија предизвикало организирано собирање и заминување на децата во странство69. Пошироко објаснување за овој настан наоѓаме во предговорот на политиколошката студија „ Македонските деца во Полска (1946-1968)“ од д-р Петре Наковски:
„Причината била зачестеноста на бомбардирањето на македонските села од страна на владините воени единици, особено на оние во кои биле отворани македонски училишта. Од друга страна, потребите на ДАГ во храна и луѓе се повеќе растела, се јавила и потреба за осигурување безбедност за десетици илјади деца чии животи биле во опасност. Затоа, 1947 година, Привремената демократска влада на Грција упатила молба до владите на земјите со народна демократија, привремено да ги примат децата од ослободените и полуослободените територии. Позитивниот одговор ги активирала околиските и селските народни одбори за организирана акција за заминување на децата во странство. Децата заминале со жени - мајки, кои биле одговорни за групи од по 20 - 25 деца на возраст од 2 до 14 години.70 Во романот „ И каменот е земја“ наоѓаме сликовит и емотивен опис на заминувањето на децата и разделбата со родителите:
„Тргнаа. Измешани - деца, жени, старци. Првин во куп. Полека се разретчуваше купот. Се создаваше колона. По двајца, по четворица...Род по рода... Се наведнува мајка - нешто шепоти, теши, поучува, стега раченце да го стопли пред да се оддели... Чекор по чекор, одеа фатени за раце, фатени за фустаните на мајките...
Таму нека застанат мајките и сите други што ги испраќаат децата. Можете да се збогувате...71
„Тргнаа... оглувени и исплашени од молежите и молитвите, не ги бришеа ни своите, ни мајчините солзи, што останаа да им течат по образите...“72 стр.137
68 Види: Ετσι αρηισε ο εµφυλιος, Ατινα, 1987 (во превод) Така почна граѓанската 69 Види: Петре Наковски: Македонски деца во Полска (1946-1968): (политиколошка студија). - Скопје, Млад борец, 1987, стр.18
70 Исто, стр.21
71 Петре Наковски: И каменот е земја. - Скопје, Огледало, 1988, стр.151 72 Петре Наковски: И каменот е земја. - Скопје: Огледало, 1988, стр.164 Со заминувањето на децата родителите биле ослободени од обврските да се грижат за децата, па така оружената борба се здобила со нов прилив на борци, кои биле ангажирани за извршување на задачи во позадината, како: пренесување ранети и муниција, копање ровови, градење бункери. Заминувањето на децата и мобилизација на родителите за потребите на фронтот довело до разбивање на македонското семејство. Со жртвите од воените дејствија и егзодусот на децата започнало искоренувањето на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.
Слика 6. Мајки пренесуваат ранети Катадневниот живот и однос на луѓето кои се наоѓале во постојано барање за да ја сочуваат својата индивидуалност, слободата и во исто време достоинството, верата во Бога, и со сомнеж ја изразувале вербата во паролите што секојдневно биле убедувани за праведноста на војната што ја водела левата страна, се факти што авторот настојува да ги сочува при што карактеристично е дека тој секогаш има позитивен став спрема обесправените, како на одделни личности, така и на колективитетот.
И токму во оваа смисла е прикажан и начинот на кој авторот, па и личностите учесници во настаните, го изнесуваат својот морален суд, огорченост, својот длабок хуманизам, како и солидарноста со обесправените. Оттука тие не се рамнодушни, туку се ангажирани набљудувачи и со тоа го привлекуваат вниманието врз човековата судбина, неговата смисла, предизвикуваат чувство на поврзување со тие кои, живеејќи во неправедно политичко или државно уредување и покрај се` го сочувале човековото достоинство, вредност и свест за што вреди да се борат и да го жртвуваат својот живот.
Ова е типично за романот „И каменот е земја“ кој е предмет на анализа во која преку фактите се добиваат пошироки знаења за настаните, луѓето, времето и нивните ставови.
Прв елемент со кој се потврдува дека делото има елементи од литературата на фактот е автентичноста на просторот, имињата на населените места, топонимите.
Имено, дејствието се случува во Егејска Македонија, во костурскиот крај.
Селото во кое се одвива главниот настан е Крчишта, родното село на авторот. Во „И каменот е земја“, авторот ги употребува македонските ( вековните) имиња со невообичаено точна топографија на селата, градовите, планините, реките, кои Грците со закон ги имаат погрчено, односно ги имаат преименувано со грчки имиња, но анализирајќи го романот секој ќе може да ја научи географијата на Македонија
73.
Па, оттука се дознава дека во Егејска Македонија има села кои се викаат:
Грлени, Четирок, Нестрам, Косинец В`мбел, Брезница, Мањак, Лобаница, Косинец, Долно Папратско, Новоселени, Шак, Ревани, Горно Папратско, Езерец, Крчишта, Дупјак, Ловраде, Сничени, Ошени, Света Недела, Галишча, Добролишта, Мокрени, Кономлади, Медово, Герман, Штрково, Рудари, атари на села: Косинцко, Лобаницко.
Топоними кои се среќаваат во романот, а се клучни за настаните кои се случуваат во тој временски период се: Вировите, Пополе, Беј-бунар, Карчицко поле, 73 Види: Петре Наковски: И каменот е земја. - Скопје, Огледало, 1988, стр. 172 - опис на Македонија низ населените места....
Клопотареј, Брезето, Поленик, Нова Чешма, Стара Ливада, Синадев Рид, Борово, Вишомо, Тумбите, Сињачка, Корештата, Телок, Преспа.
Имиња на планини: Горуша,Одрето, Круша, Мали Мади, Аљавица, Орлето, Николер и на планински врвови: Фалцата, Стените, Вичо, Грамос, Копанче, име на реки: Белица.
Имиња на градови: Кожани, Костур, Рупишта, Солун.
Имиња на манастири: Свети Врач, Свети Илија и сл.
Втор елемент со кој се потврдува дека делото има елементи на литература на фактот е временската рамка и вистинските настани кои се случувале во тој временски период.
Авторот преку својата нарација хронолошки ги изнесува сите настани кои се случувале и оставиле траен белег врз судбината на Македонците, тој се држи за реални факти и ги изнесува настаните од животот на одделни личности и општествени групи.
Граѓанската војна во Грција започнала на 30 март 1946 година со напад на полициската станица во Литохоро од страна на грчките партизани.
Датуми: септември и октомври 1947 - населението се криело во шумите, спасувајќи се од владините војници и од бомбардирањето, февруари 1948 -подготовка за организирано собирање на децата, 25 март 1948 година - заминувањето на 54 деца со три жени од селото Крчишта, 4 мај 1948 - враќање на четиринаесетгодишните и петнаесетгодишните деца од мобилизација кои подоцна биле одведени заедно со најмалите деца во Преспа и оттаму во Југославија.
Особено важен и историски настан кој е опишан во делото е отворањето на училиште74 во селото. Децата учеле на македонски јазик и наставата ја држел 74 Види: Σολων Ν. Γριγοριαδης: Ο εµφυλιος 1946-1949, τοµος 2 , σελ. 200 - 201 ( Солон Н. Григоријадис:
Граѓанската 1946-1949, том втор, стр. 200 - 201) „ОДЛУКА на Главниот штаб на ДАГ за народно образование под број 5 од 10 август 1947 година за отворање училишта на слободните територии“.
Со членот 5 од оваа Одлука е одредено: „За децата кои потекнуваат од националните малцинства народните совети да отворат одделни училишта. Наставата да се води на јазикот на малцинството“.
Македонец, во романот претставен преку ликот на учителот Коле, борец на ДАГ, кој при отворањето на училиштето на следниот начин им се обраќа на децата:
„И да знаете и да запаметете дека овој ден е и ден на вашите татковци, постари сестри и браќа кои сега на боиштата со оружје в рака се борат и се изборија, вие да имате свое, наше, македонско училиште... во кое ќе го учите јазикот на вашите баби и дедовци, на вашите мајки и татковци и никој нема да ве кара и да ве тепа, да ве срамоти и да ве омаловажува затоа што ќе зборувате на тој јазик... А сега јас на секои три деца ќе ви поделам по еден буквар“.75 Но, на монархофашистите не им одговарало децата да учат на својот мајчин јазик, виделе опасност во тоа дека Македонците се здобивале со национални права што ги реализирала привремената влада, а тоа значело признавање на постоење на македонско национално малцинство во Грција. Селото било бомбардирано и при што загинале седум деца. Овој грозоморен настан меѓу населението предизвикал огорченост и најразлични размислувања и оценки. Една од тие е и искажувањето на поп Васил, кој вели:
„... Тие не удрија по децата... Друг пат можеби пожестоко ќе удрат по децата, ама некни не` удрија по децата... Удрија тие овој пат по писмото и по словото наше...“76 Во романот исто така, наведувањето на наслови на весници, имиња на логори, како и на историски личности и воени и политички организации ја потврдуваат тезата за литературата на фактот.
Весник: Елефтерја (Слобода).
Логори: Аи Страти, Ѓура, Макронисос, Трикери, Егина.
75 На 10 август 1947 година со статутарниот акт бр.5 на Главниот штаб на ДАГ на Македонците им се признаени националните права, а со тоа и правото да учат на македонски јазик. Види: Стојан Киселиновски: Егејскиот дел на Македонија 1913-1989. - Скопје: Култура, 1990 стр.137 76 Петре Наковски: И каменот е земја. - Скопје: Огледало, 1988, стр.102 Историски ликови: Георгиос - крал на Грција, Фридерики - кралица на Грција, Маркос - генерал, главен командант на ДАГ, Пандо Шиперков - мајор на ДАГ кој загинал февруари 1948 на Свети Врач, Каравангелис - грчки владика во Костур, Метаксас - грчки генерал, на 4 август 1936 вовел воена диктатура во Грција, Чакаларов - илинденски војвода, организатор на илинденското востание во Костурско.
Воени и политички организации: ДАГ - Демократска армија на Грција, ЕОН - ( Елиники органоси неон) - Грчка организација на младите, НОФ -Народноослободителен фронт, УНРА (United Nations Relief and Rehabilitation Administration (UNRRA),77 ЕЛАС - ( Елиникос Лаикос Апелефтеротикос Стратос) -Грчка народна ослободителна армија.
Во романот носечки ликови се машките актанти78 Ѓорѓи и Киро. Тоа се два клучни лика кои се типични претставници на Македонците од костурскиот крај.
Јунаците се обичните луѓе. Во романот се среќаваат и ликовите на: Ѓорѓевица (Лина), синовите Васил, Доне, Наум, Ставро и Ставровица, со децата Ленка и Панде, Митре, Митровица, Лазо, Кузе, поп Васил, учителот Кире, Стефо, Лаки столарот, Киревица (Мара), децата: Ристе, Коста, Маре, Јане, Софка, Бисера, Вера, Костовица, Олга, Кољовичка, дедо Наќе, Лена Костова. На страниците на делото е насликан обичниот човек кој се бори за сопствената човештина и за спасување на моралните вредности.
Трет елемент со кој се потврдува дека делото има елементи на литература на фактот се вистинските ликови на: Лазо, Кузе, Горѓи, неговата жена и синовите, поп Васил - лик во кој е претставен мојот дедо Стерјо, Вера, Кољо, Пандо Шиперков.
Личностите во романот се јунаци и се карактеризираат со свој начин на оценка на настаните. Се искажуваат на свој јазик, (просто) неисполитизиран, обичен, што не им пречи најизразито да си ја искажат маката, стравовите, очекувањата, надежта, но и на свој начин да осудат, да пресудат. Ликовите се претставници на колективна судбина и како таква ја доживуваат сите:
77 ОН за помош и рехабилитација (UNRRA)
78 Види: Венко Андоновски: Абдукција на теоријата. - Скопје: Галикул, 2011, стр.31
„Што ќе правиш Митре? Ќе ги дадеш ли внуците? - Што ќе прават сите, тоа ќе правам и јас, Киро. Да беше син ми тука, заедно ќе мислевме, а вака јас сам треба да мислам. Да не ги дадам, можеби ќе згрешам... да ги дадам можеби пак ќе згрешам... Како да реши човек? Што да правиме? Туку, сега, ете, мене вака ми сече умот: каде сите, таму нека бидат и моите внуци. А дека местото ќе онеме, тоа е сигурно, браќа...“79 Слика 7. Поп Стерјо и авторот Исто така, во ликовите во романот се препознаваат и негативни ликови како Кузе и Вера. Првиот, Кузе, е лик кој се јавува и во романот „Постела за чемерните“ -профитер од маките на другите, кој се служи со предавство, лаги, обвинувања, заплашувања, само за лични интереси. Тој е негативен лик кој опстојува исполнувајќи ги наредбите на оние од НОФ и АФЖ, гуштерот како што го нарекуваат луѓето, страшливец и понижувачки услужлив. Вера - постојано актуелен 79 Петре Наковски: И каменот е земја. - Скопје: Огледало, 1988, стр.126 пропагандист и говорник во служба на актуелните потреби на оружената борба и комунистичкото движење. Во еден од многубројните говори таа истакува:
„ И бидете среќни затоа што нашата демократска влада и партија, и покрај тешките борби што се водат, постојано мислат и на децата. Затоа, не отфрлате ја подадената рака на партијата...“80 Авторот раскажувајќи за трагичните судбините на поединци кои живееле во Крчишта, преку нивните страдања, болка, го осудува државниот систем, режимот, па оттука при анализа на ниту една страница не се наоѓа ниту еден збор на омраза спрема Гркот и грчкиот народ. За да ја долови автентичноста на ликовите на авторот не му било лесно од разговорите со живите учесници во настаните да го запише страдањето, болката, маката, ужасот и на своевиден начин тие состојби да ги изнесе така, за да бидат разбирливи и за малку начитаниот читател.
Според наша оценка, целта на авторот е да ја претстави немоќта на поединците во однос на огромните несреќи, какви што носи војната, која ја водат шепа безумници против моќната владина армија помагана од најмоќната држава во светот.
Четврт елемент со кој се потврдува дека делото има елементи на литература на фактот е и автентичниот опис на домот и семејството, преку кој авторот ја доловува атмосферата и ентериерот на македонската куќа, еден вид „ заеднички код“81 во костурскиот крај. За жал, во услови на војна, домот станува место на страдање и трагично живеење, бидејќи е уништено семејството како основна клетка на општеството. Во романот, домот наместо да е тврдина на семејството, на сплотеноста, домот е место на жалост.
Анализирајќи го делото добиваме жива слика на селските улички, бавчите, нивите, автентичноста на селската куќа, на огништето и сето тоа ја претставува автентичната душа на македонскиот селанец која секојдневно е уништувана од воените настани.
80 Петре Наковски: И каменот е земја. - Скопје: Огледало, 1988, стр.125 81 Види: Венко Андоновски: Структура на македонскиот реалистичен роман. - Скопје: Детска радост, 1997, стр.190 Книгата го покажува трогателниот автентизам на животот и обичаите. Тие од ден на ден се уништувани, уништувана е и вистинската вера во Бога. Но, во секој дом светело кандилцето пред иконата, тлеело во душите на луѓето и претставувало надеж дека ќе опстојат. Во романот на автентичен начин се претставени клетвите: „Отров да ви се стори луканчето што го изедовте сношти со другарите, ајљази едни! И виното што го зедовте од црквата, отров да ви се стори и аир, да даде Господ, да не видите...82 и христијанските православни обичаи, како: палење свеќа, шепотење молитва, прослава на семејни слави, давање благослов, биење на црковната камбана, редење на мртвото тело, опевање покој за мртвите души на старословенски јазик:
„Господи, в скорби распространил мја јеси.83 Желба, би рекле и цел на авторот е низ страниците на анализираното дело да го сочува и најмалиот детаљ за вистината и трагиката на тоа време.
Стилот и јазикот се зависни од творечката индивидуалност на авторот (локален јазик и литературен), во кој се гледа и прецизноста на неговото искажување.
Се гледа способност на изразување. Авторот во делото користи македонски литературен јазик, но делото е збогатено и со костурски говор за да ја долови автентичноста на местото и јазикот: „ чупи, јаска, пуља, к`шча, грендите, виду, опитам, појќе, напрајме, нешчо, троа, зборваш и друго. Во говорот на населението се употребуваат грчки зборови со завршеток од македонскиот јазик, а тоа се зборови од административната, правната, судската терминологија кои се навлезени и се прифатени во локалниот говор, но селаните ги приспособуваат кон народниот говор, условно речено ги македонизираат: „ сколиото ( сколио - училиште), катасхесаме (катасхеси - конфискација), политикито катодигиси ( политики катодигиси -политичко раководство), и етникото имно (етнико имно - национална химна) и друго.
Во анализираното дело карактеристични се прекинувањата на речениците на ликовите, со едноставна лексика лишена од патетиката на паролите, додека говорите на активистите, политичките и воените организации претставуваат најчесто реторика 82 Петре Наковски: И каменот е земја. - Скопје: Огледало, 1988, стр.129
83 Исто, стр.92 неразбирлива за обичниот македонски селанец. Во романот среќаваме сензибилни доживувања: емоции и рефлексии, преку кои би рекле дека авторот идеално ја изразува литературата на фактот изнесена во делото.
Симболиката во овој роман е честа и ја претставува топлината на куќата преку огништето: „Се` додека во него тлее оганче во спуза и се` додека го потсилува домаќинската рака, во куќата секогаш жив е оганот, не престанува животот, па макар да тече и преку споменот“,84 црната шамија ја симболизира жалта и жалењето кон изгубените, тревата бесцветница и плевелот - напуштеноста, каменот - родната земја:
„ Ете, пули онаму десно, на крајот од Стените има камен. Гол е и миен од дождовите, и биен од ветровите, и печен од сонцето откако станал камен. Си стои тој така со векови и ќе речеш: камен, па што? Камен, ама и тој е делче од нашата земја, така, како што е реката, шумата, и изворот, и полето и ... верата... Така... И каменот во дворот, во калдрмата, во темелот, во ѕидот, на патот и крај патот, во нива, и тој е земја и тој е наша земја“,85 - инаку тоа е татковината; сивите и црни облаци ја симболизираат војната, наместената трпеза - симбол на полна куќа, во која домаќинката го чува адетот, чекањето - надежта и споменот. Сликовитоста на овој факт ја наоѓаме во ликот на Бисера, која во осамената куќа низ своето траење ја чува трајноста на македонската куќна традиција: „ Две жени, Бисера, потпрена на столот на кој седеше стопанот, а потпрена, чиниш на неговите силни широкоплеќести рамена и Богородица ... со детуле во рацете, се гледаат а меѓу нив е наместената трпеза и деветте празни места и растрепереното пламенче на масленичето. Чекаат и секоја го преболува својот непребол“86, дабови лисја на трпеза - здравје, гранче дрен -здравје за сите роднини и пријатели, паричето - кому ќе му падне - да е парајлија...
иконата, зборот, говорот, изнесени во делото се симбол на траење, опстојување на нацијата и истовремено се бунт против насилството. Овие се белези на македонската домашна традиција.
84 Петре Наковски: И каменот е земја. - Скопје: Огледало, 1988, стр.116
85 Исто, стр. 175
86 Исто, стр. 117 ПОРАКИ
„... Камен ама ... и тој е земја - дел од тебе... се си има свој корен и до коренот треба да се држи“87;
„ Букварот нема да ви го земам... Оттаму каде што ќе бидете, со вашите ќе зборувате само со буквите“88;
„... чендо Кире, каде и да одиш, каде и да се најдеш, словото да го чуваш, словото чувај го... зашто со него почнува и завршува животот“.89 Авторот преку зборовите: камен, слово, корен, праќа многу јасна порака90 која се карактеризира со актуелност, што значи дека опишаните настани во романот не се само обид да се „ фати“ историјата, во моментот кога се случуваа настаните, туку укажува дека Граѓанската војна во Грција за Македонците била најголемото зло и можеби е ова првата лекција што може да ја научиме од ова дело. Белиот терор, сиромаштијата, гладот, стравот, животот што го живееле во постојан страв пред теророт и смртта, личните и колективните несреќи и трауми во средина која била маргинализирана, оставена на заборав, оставаат голем и траен белег врз судбината на Македонците, но и големи надежи во некаков историски општествено-политички, социјален пресврт широко ветуван од комунистите. Сепак, најважна е вистината.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/pelivanova-tatjana-analysis-petre-nakovskis-novels-mac/5 on October 29, 2026