Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Literature of Fact in Petre Nakovski's Novels (Master's Thesis)

5.5. „НА ПАТ СО ВРЕМЕТО“ - Part 01

By Татјана Пеливанова · Part 11 of 14 · About 20 minutes

Read in English

5.5. „НА ПАТ СО ВРЕМЕТО“

„... Кој ќе посведочи ако не ние за болките и чемерите, за плачот и лелекот, молитвите и солзите, за исчекувањата без крај, за пожарот, за викот и крикот, за ужасниот пораз, за откорнувањето и патиштата што се` подалеку не` водеа од дома и надежно ќе проречи дека по години и по времиња пак се`ќе биде наше?...“153 Според проширената дефиниција за литературата на фактот, романот „ На пат со времето“, објавен 2010 година во издание на „Матица македонска“, Скопје, е типичен роман-репортажа.

Содржински претставува навраќање кон времето од крајот на Граѓанската војна во Грција и е сублимат од посетата и личните доживувања на авторот и неговата сопруга ( како деца одведени од родната грутка) на оние места во костурскиот и леринскиот крај каде се воделе битките меѓу ДАГ и владината војска; на оние места каде започнало искоренувањето и раселувањето на Македонците и на местата во Јужна Албанија каде биле сместени Македонците по иселувањето и биле лекувани ранетите борци. Исто така овој роман е базиран врз сведоштва на живи учесници и сведоци, архивски документи, исечоци од весници и списанија, објавени мемоари, белешки, и е типичен претставник на литературата на фактот чии Слика 13. Насловна страница на романот „На пат со времето“ 153 Петре Наковски: На пат со времето. - Скопје: Матица македонска, 2010, стр. 7 елементи ќе бидат анализирани подолу во текстот.

И токму ова ги потврдува размислувањата на авторот дека романот е од се` по нешто: „роман, патопис, репортажа, мемоари“.154 Силно е сознанието дека авторот си поставил за цел да ја долови вистината од сегашна перспектива „... со единствена желба да се сочува доживеаното, со малку напор да се подиспраши и подизбрише правта наслоена врз спомените без разлика на тоа колку се мачни и болни“.155 Романот започнува со поезија, лична творба, во која авторот повикува кон помирување на нацијата, потсетување на злото кое Македонците од Егејскиот дел на Македонија ги отсели и ги расели од прадедовата земја, укажува на тоа дека дел од нацијата се нашла во опасност да биде уништена од мрачни и болни умови, дека над неа лебди македонскиот синдром на постојано неединство и самоуништување, и праќа порака за единство, слога и ум за опстојување:

„Кој ќе посведочи за времињата во кои сме биле впиени (...)

(...) Кој ќе запише дека живот сме точеле длабоко вжилени во прадедовата и дедовата земја на која премногу и` сме биле верни?(...)

(...) За таа надеж голема и за се` и сите кои во времињата ги снема потулено пламенче на свеќа нека свети и одушевен жив жар на вечен опстој, дај Боже, во сите нас да гори и просветли не` денес за да бидеме посложни и поумни утре. Амин!“156 154 Петре Наковски: На пат со времето. - Скопје: Матица македонска, 2010, стр. 9

155 Исто, стр. 9

156 Исто, стр.7-8 Романот е хронотоп и е сегментиран во време и во простор. Композицијата се темели врз движењето на раскажувачот во просторот, што е својствено за патописите. Дејството во романот е сместено во сегашноста, во 2008 година и претставува соочување со спомените кои живнуваат по 60 години од завршувањето на граѓанската војна. Фактите изнесени во овој временски период се подредени со ретроспективна композиција, односно авторот низ посета на местата низ сеќавања ги следи настаните и дозволува постепено повторно запознавање со времето, настаните и со судбината на населението гледано од денешна перспектива. За ова авторот ќе напише:

„ Впрегнати под јаремот на таа голема желба тргнавме на пат со времето и по трагите на спомените кои се дел од нашето опстојување и постоење кое, како што рекле мудрите умови, е составка од многу минато и малку сегашност“.157 Во содржинското јадро се обработуваат следните настани:

• Посета на костурскиот и на леринскиот крај

• Посета на Јужна Албанија со посебен осврт на Прењес, Корча, Елбасан, Драч и на Сукт

• Спомени од преживеаното Желбата повторно да се изодат патиштата на искоренувањето и раселувањето, желбата повторно да се потсетат на своето, на постоењето такви какви што биле -вкоренети во прадедовата и дедовата земја, желбата да се види тоа што останало во сеќавањата, а не останало на јаве, го поттикнало авторот повторно да се соочи со спомените „од времето кое како лишај и лош сон е залепено и врежано во нивните и наши спомени и поттикнати од загрозата на помислата дека времето со текот се` брише, се охрабривме да појдеме на пат со времето што одмина и, носејќи со себе и својата судбина и бележењата од живите искази на повеќе учесници во настаните и случувањата, тргнавме уште еднаш да ги изврвиме патиштата на нашето искоренување и раселување“.

158

157 Петре Наковски: На пат со времето. - Скопје: Матица македонска, 2010, стр.10

158 Исто, стр. 9 Низ документарен приказ и со многу автентични описи на местата, авторот го започнал своето патување во костурскиот и леринскиот крај. На својот пат доследно ги опишал местата гледани од сегашна перспектива и низ сеќавањата на сведоците со кои разговарал ги расветлил настаните од времето на Граѓанската војна во Грција и „успева да ги протолкува внатрешните доживувања, траумите и страдањата кои остануваат длабоко врежани во колективната трагедија и меморија“.159 Следејќи ги настаните го бележел времето и луѓето кои биле принудени да ги остават родните огништа и да заминат на пат од кој нема назад. Карактеристични за романот се исто така и описите на родното место, сеќавањата на домот, обичаите, верата, спомените од детството - се` она што денес е како со гума избришано, но се` уште живо врежано во меморијата на изгонетите, во меморијата на нивните семејства и на нивните потомци. Впечатлива и многу емотивна е сликата кога авторот го посетува родното село Крчишта:

„ Застанавме на местото викано Вишомо, од каде се шири мала возвишеност во чија средина има црква. Околу неа - празно. Во таа празнина беше Крчишта. Ја гледам празнината која во мене буди болка и морници ме тресат. Беше, го нема, сал името му остана... Ете, велам, оваа празнина беше село и оваа празнина беше полна со живот... А тука, велам, каде сега стоиме, беше куќата во која сум се родил“.160 Остатоците од темелите на урнатите куќи потсетуваат дека во македонските села се случило лошото. Урнатите голи ѕидови се метафора на отсуство.

При своето патување низ овие краишта низ сеќавања повторно го доловил и го оживеал целото зло што војната им го направила на македонскиот народ. Нема место, нема камен каде што војната не оставила крвав белег.

„Барам семејства. Беа, ги нема. Барам куќи, беа, ги нема. Го барам тоа што некогаш беше. Сега го нема... Во кои непознати ширини на светот ги растури времето?161 Во селото Лобаница авторот низ сеќавања се вратил во далечната 1948, поточно на 25 март кога заедно со други деца од селото, а и од другите села од костурскиот крај на единаесет години бил одведен и одделен од мајчината прегратка и однесен во источноевропските земји.

159 Од промоцијата на романот „На пат со времето“ одржана во Штип на 4.12.2010 година 160 Петре Наковски: На пат со времето. - Скопје: Матица македонска, 2010, стр. 58

161 Исто, стр. 59 Читајќи ја книгата читателот ја доловува сликата за костурскиот и за леринскиот крај денес, но и во минатото, па затоа авторот ќе напише: „... тука сме во сегашното време без живот... Сега има само време за намнисување на изминатото време и време за да не се заборави далечното време“.162 Невообичаено е впечетлив делот посветен на поимот време опишан на страниците 59-61 во романот „На пат со времето“.

Во романот авторот дава опис и на природата, патиштата, на црквите, на современо изградените градови, на новите куќи во селата во кои живеат дојденците од Мала Азија (Маџирите), кои новите куќи ги изградиле со камењата од куќите на иселените Македонци, а особено се осврнува и на сегашната ситуација и на односот на грчките граничари и на граѓаните кон Македонците.

Посетата на авторот и неговата сопруга на Јужна Албанија е со единствена цел, да ги најдат оние места каде како деца биле донесени кога бил направен егзодусот и да ги најдат нивните први детски траги оставени во туѓа земја и при тоа ќе забележи: „уште еднаш да стапнеме на истото место од каде зачекоривме по патот што не` однесе во далечни земји“.163 Низ разговори и сведоштва со локалното население, особено со постарата генерација, авторот во Корча ја барал куќата во која биле прифатени на 26 март 1948 од страна на жителите на Корча. Оваа судбина на одведените деца најсликовито е опишана во романот „Постела за чемерните“ од Петре Наковски, што е и предмет на анализа во овој магистерски труд. Исто така, низ патувањата од град до град, од Прењес, Корча, Елбасан, Драч па се` до Сукт, авторот повторно го следи сижето на неговите романи: „ Постела за чемерите“, „ И каменот е земја“, „ Големата измама“.

Тој го изодил патот на спомените, со географија, македонска и по грчки променета, со лични патила, трауми, трагедии и низ средбите со живите повторно му испливувале ужасите на војната. Патувајќи во Прењес ги нашол старите бараки во кои било сместено македонското бегалско население, меѓу кои и неговите родители, за што кратко ќе за запише: „... пред очи ми се јавува сеништето на болните спомени 162 Петре Наковски: На пат со времето. - Скопје: Матица македонска, 2010, стр. 60-61

163 Исто, стр.124 што како наследство ми ги оставија моите родители и многу други кои во Прењес ги поминаа најтешките времиња по своето искоренување од родното место“.164 Романот се темели и врз сведоштва на некогаш одведените и мобилизирани деца кои повторно ги преживувале настаните. Во долгите разговори со авторот тие раскажувале за се` што доживеале како деца одделени од своите родители и препуштени на неколку „ мајки“ да се грижат за нив. Особено карактеристично е раскажувањето на Доне кога се сретнал со Албанката:

„... Со дланките ги покрив очите и ми се чинеше дека уште подобро ја гледав мајка. Исти движења на рацете и телото и иста леснотија во движењето. И ете така во привидот беше мајка, а на јаве една непозната жена која кроце-кроце доаѓаше на кај нас... Со слободната рака ни даде знак да седнеме ... и од торбата извади нешто завиткано во бел пешкир... пред очи се откри румена, миризлива од страните лесно потпечена и се` уште топла... тиква... ја пресече тиквата на фаши ... и секому му подаваше со рака... пресечував олкацко парченце, го принесував до усните и толку долго го оставав прилепено, колку што можеа градите де се наполнат со тој упојувачки мирис“.165 И можеби некој ќе рече дека тиквата (која фигуративно е симбол на глупоста и празниот ум) и не е толку важна во целиот овој опис, но, токму овој неполезен детаљ166 ја открива суштината на сеќавањето. Имено, токму тиквата и нејзиниот мирис со мислите децата ги враќа дома, во селото, кај мајката, кон обичаите.

Несомнено авторот избирајќи го токму овој детаљ сакал да го сочува овој „сегмент од заедничкото сеќавање, сегмент од семејната меморија“.167 Во своето патување низ Јужна Албанија, авторот ги посетил местата каде во текот на Граѓанската војна се лекувале илјадници партизани. Повторно ги вратил спомените низ сеќавањата на преживеаните борци кои биле ранети и се лекувале во болниците во Корча, Елбасан и Сукт.

164 Петре Наковски: На пат со времето. - Скопје: Матица македонска, 2010, стр.149

165 Исто, стр. 179

166 Венко Андоновски: Структура на македонскиот реалистичен роман. - Скопје: Детска радост, 1997, стр. 126 167 http://www.blesok.com.mk/tekst.asp?lang=mac&tekst=1033&str=4#, (Елизабета Шелева:

Романот како философија на сеќавањето)

За натамошната судбина на ранетите кои се лекувале во овие болници дополнителни информации наоѓаме во книгата „Грчката болница на островот Волин“ од генерал д-р Мјечислав Барчиковски, која претставува вреден запис и достојно сведоштво.

Во романот „ На пат со времето“ низ сеќавањата на сведоците на ова бурно време е опишан и патот на раселувањето во источноевропските земји, посебно во Полска и Узбекистан, во поранешниот СССР. Впечатлив е разговорот со полскиот персонал во бродот во кој се испреплетуваат македонските зборови кои се слични на полските зборови. Грозоморна е реченицата изречена за бараките во Ташкент од кои биле иселени јапонските заробеници од времето на Втората светска војна и на нивно место биле сместени борците на ДАГ. Потресна е сликата кога мајката го губи своето дете на бродот: „... чупчето, детето ми го нема, људје, барајте, помозите, детето ми го нема, ми го нема чупчето...“168 Детето го нашле, а за неговата судбина било пишувано и во фељтонот на Ванчо Андонов во весникот „Нова Македонија“ од 1973 година и подоцна во „Вечер“.

Исто така низ сведоштва е опишан и животот на оние кои никогаш не се вратиле дома и кои во туѓи земји свиле гнезда, создале семејства, но го сочувале македонскиот јазик, адетите, песната и орото. „Егзилот како состојба најсилно го чувствуваат оние кои го имаат како дел од сопствената, но и од личната историја“169.

Како директен учесник во раселувањето, авторот дал конкретна слика за состојбите во тогашно Скопје, кога заедно со својата сопруга и многу други Македонци од Полска се вратиле во Македонија. Особено се осврнал на длабоко вкоренетата македонска неслога и омраза, нетрпеливост и разединетост. За Егејците, а не за Македонци од другиот дел на Македонија. За сомнежот кон Македонците од Егејскиот дел на Македонија, кои по пристигнувањето деновите ги поминувале во Идризово, не за да одмореле, туку на распит.

И токму во оваа смисла е прикажан и начинот на кој авторот, па и личностите учесници во настаните и сведоци на оваа војна, на ова систематско и планирано 168 Петре Наковски: На пат со времето. - Скопје: Матица македонска, 2010, стр. 238 169 Весна Мојсова-Чепишевска: (Чинот на пишување како чин на ослободување), Игра и симула- ции. - Скопје: Галикул, 2011 раселување ги изнесуваат своите болни сеќавања, својот морален суд, својата огорченост.

„ Без патетика, со едноставни описи, Наковски ги бележи времето и луѓето кои се принудени да ги остават родните огништа и по разни патишта физички и психички осакатени да се прашуваат каде ги водат и кому татковината ја оставаат“.170 И покрај се`, тие го сочувале човековото достоинство, гордоста и свеста за својата национална припадност – македонскиот идентитет.

Романот „На пат со времето“ кој е предмет на анализа претставува допир по старите рани и болки за Македонија. И не случајно авторот во прологот го цитирал Сеферис171: „Споменот каде и да го допираш боли“.172 Прв елемент со кој се потврдува дека делото има елементи од литературата на фактот е автентичноста на просторот, имињата на населените места, топонимите.

Дејството во романот се случува врз основа на движењето, односно патувањето низ костурскиот и леринскиот крај и во Јужна Албанија.

Во романот авторот ги употребува македонските ( вековните) имиња со невообичаено точна топографија на селата, градовите, планините, реките, кои Грците со закон

173 ги имаат погрчено, односно ги имаат преименувано со грчки имиња, но анализирајќи го романот секој ќе може во својата меморија да го сочува минатото, историјата, коренот, а истото треба да биде сочувано и во национална меморија.

Села: Долно Калештени ( Като Калиники), Псодери ( Писодерион), Винени (Пили), Желево ( Андартикон), Лак ( Микролимни), Оровник ( Карје), Попли (Левконас), Рудари ( Калитеа), Штрково ( Плати), Медово ( Милонас), Раби ( Лемос), Герман ( Агиос Германос), Дреново, Оровник, Кулата, Перо, Нивици ( Пцарадес), Орово (Пиксос), Граждено (Врондерон), Ошени (Инои), Света Недела (Аја Кирјаки), Статица ( Мелас), Ново Габреш ( Нео Гаврос), Езерец ( Петропулаки), Сничени 170 Од промоцијата на романот На пат со времето одржана во Штип на 4.12.2010 година 171 Јоргос Сеферис, грчки поет, добитник на Нобелова награда за литература 1963 година 172 Петре Наковски: На пат со времето. - Скопје: Матица македонска, 2010, стр. 5 173 1928 година во Грција бил донесен закон за промена на имињата на населените места и на топонимите

(Кастанофито), Котелци ( Котили), Косинец ( Иеропиги), Четирок ( Месопотамија), Д`мбени, Лобаница (Агиос Димитриос), Смрдеш (Кристалопиги).

Градови: Костур ( Касторија), Лерин ( Флорина), Воден, Рупишта ( Аргос Орестикон).

Авторот не потсетува и на градовите и селата во Јужна Албанија во кои биле сместени одведените деца, раселеното население и ранетите борци:

Градови во Албанија: Билишта, Капештица, Корча, Поградец, Елбасан, Перењас (Прењес), Драч, Сукт, Бурељ.

Села во Албанија: Трестеник, Височишта, Врник, Звезда и Појан.

Топоними кои се среќаваат во романот, а се клучни за настаните кои се случуваат во тој временски период се: Леринско Поле, Преспа ( Преспес), Превалот, Деволско Поле.

Планини: Лехово, Вичо, Бигла, Бела Вода, Лунѕер, Баздровица, Ѓупката, Врба, Дреничето, Лисец, Моро, Чука, Орле, Одре, Сињачка, Мали Мади, Копанче, Свети Илија, Круша, Горуша, Котелска Кула, Бел Камен, Горна и Долна Арена, Чарно, Краставец, Аљавица, Пинд, Петре Пелени, Амуда, Николер.

Слика 14. Планината Орле Реки: Морава.

Езера: Преспанско Езеро, Костурско Езеро.

Остров: Св. Ахил.

Манастири и цркви: Света Троица ( Агија Тријада), Св. Петка, Св. Атанас, Св. Ѓорѓи, Св. Јован, Св. Илија.

Втор елемент со кој се потврдува дека делото има елементи на литература на фактот е временската рамка и вистинските настани кои се случувале во тој временски период. Секако тука е важно и да се спомене дека со самото присуство на авторот на посетените места каде се одвивале овие настани кои се клучни за расветлување на судбинските превирања и текови на Македонците од Егејска Македонија, се потврдуваат автентичноста на времето и настаните.

- Во селото Герман, ноември 1947 во воени услови бил отворен првиот курс за македонски учители. 80 демобилизирани момчиња и девојчиња кои имале завршено основно образование добиле наредба во време од 15 дена да научат да читаат и да пишуваат на кирилица.

- Во селото Дреново од октомври 1947 до август 1949 година од народната власт, за казна, без суд и пресуда, под присила ги собирала татковците, мајките, жените и заедно со малолетните деца на оние кои фрлиле пушка и прибегнале на другата страна.

- Пролетта, март 1948 од селото Герман четиристотини и педесет деца на возраст од две до четиринаесет години биле одведени прво во Долно Дупени, оттаму во Љубојно, а потоа со воз од Битола одведени во источноевропските земји.

- На 11 и 12 февруари 1949 била донесена наредба за заземање на Лерин. 360 мобилизирани жени од преспанските и корештанските села ги извлекувале ранетите од фронтот.

- Во селската црква Св. Недела во селото Нивици на 25 март 1949 година бил одржан Вториот конгрес на НОФ, на кој биле донесени одлуки за поголемо учество на Македонците во Граѓанската војна и дека за возврат грчките комунисти на Македонците ќе им направеле македонска држава. Таму била направена најголемата измама за македонскиот народ.

- На 13 и 14 август 1949 година на просторот од раскрсницата пред селото Раби, грчкото воено воздухопловство фрлило 34 бомби тешки 250 килограми, 530 бомби тешки 125 килограми, 1900 бомби тешки 10 килограми, 70 напалм бомби, 620 ракети, 26 000 гранати од 20 мм, 43 000 митралески куршуми од 12,7 и 7,7 мм174.

- Во селото Граждено се наоѓа пештера во која била сместена партизанска болница175.

- Во селото Винени била сместена привремената демократска влада на Грција која била формирана во декември 1947 година во преспанското село Асамати. Во селото Винени се наоѓа „Пештера Захаријадис“, во која се носеле политички и воени решенија и одлуки, како на пример: „ одлуките за заземање на Воден, Негуш и Лерин“.176

- Од 14 јуни до 22 август 1948 година траеле борбите на Грамос.

Слика 14. На ова место била главната болница на ДАГ 174 Види: Историја на грчката граѓанска војна, стр. 533 175 Види: Петре Наковски: На пат со времето. - Скопје: Матица македонска, 2010, стр. 50

176 Исто, стр. 51

- Во весникот „Елефтеротипија“ од 7 јули 1959 било напишано дека во селото Тремино ( Каридја) сите жители дале заклетва дека во иднина нема да зборуваат на словенски дијалект и биле посочени за пример од официјални личности.

- Во весникот „ То Вима“ од 8 јули 1959 година било напишано дека славомакедонскиот јазик требало да биде забранет порано.

- Весникот „Елиникос Ворас“ од 4 август 1959 година известил дека жителите на костурското село Крија Нера (Лудово) решиле да се заколнат дека целосно ќе го заборават тој јазик и дека ќе зборуваат на грчки.

- Во весникот „Катимерини“ од 11 август 1959 година било напишано дека во селото Атрапос ( Крпешина) жителите се заколнале дека веќе нема да зборуваат на нивниот словенски дијалект.

- На патот Костур-Билишта-Корча, се наоѓа рид ограден со бодликава жица на која виси натпис „ Минско поле“. Овие мини биле поставени 1949 година од минерите на ДАГ и до ден денешен никој не ги отстранил мините.

- На 24 и на 25 март 1948 организирано деца и мајки од селата Брештени, Галишта, Езерец, Новоселени, Долно Папратско, Крчишта, Косинец биле донесени во селото Лобаница.

- Ноќта меѓу 10 и 11 август 1948 владината бригада го нападнала Лисец.

- Во Корча на 26 март 1948 година биле сместени одведените деца од костурскиот крај.

- Во болницата во Корча во февруари 1948 година биле сместени 1500 ранети борци по неуспешната битка за заземање на Лерин.

- Во Прењес 1948 година било сместено македонско население од костурскиот крај.

- Во Драч од мај до крајот на ноември 1948 година во прифатилиште живееле

1600 одведени деца од костурскиот крај.

- Во Бурели, членовите на македонското раководство од страна на Захаријадис биле прогласени за непријатели и за Титови агенти, и целата вина за поразот на Граѓанската војна ја префрлил на нив.

- Од пристаништето во Драч, ранетите борци биле префрлени со бродови во полското пристаниште Швиноујшче, а потоа во болницата „250“ на островот Волин.

Други бродови ранетите ги префрлале до пристаништата во Гдањск и во Шчечин.

- Со бродот „ Кошчушко“ кој отпловил од Албанија на 13 јули 1949 година биле пренесени 750 ранети борци.

- Од Драч со брод биле однесени раселените од костурските и леринските села во Полска.

- Со бродот „ Мичурин“ раселените од костурските и леринските села биле однесени во Ташкент.

Во романот исто така, наведувањето на имиња на историски личности и воени и политички организации, весници ја потврдуваат тезата за литературата на фактот.

Историски ликови: Порфирогенис - член на ЦК на КПГ, Грегоргијадес, Захаријадис, Тито, Сталин, Хрушчов, Болеслав Бјерут - прв секретар на ЦК на ПОРП, д-р Мјечислав Барчиковски - генерал, Кшемјен - генерал, Вацлав Комар -главен организатор и реализатор на грчката акција во Полска, д-р Богдан Беднарски -министер за здравство на тогашна Полска.

Организации: Виножито - Политичка партија на македонското малцинство во Грција, ПОРП - Полска обединета работничка партија; Илинден - народно-ослободителна и револуционерна организација на Славомакедонците, формирана од страна на Захаријадис во украинското село Крошченко во Полска; Здружение на Егејците со седиште во Скопје.

Весници: „ Гласот на Костур“, „ Елефтеротипија“, „ То Вима“, „ Елиникос Ворас“, „Глас на Егејците“.

Носечки ликови во романот „ На пат со времето“ се авторот, Петре Наковски и неговата сопруга, Дитта Наковска, кои се претставници на колективната судбина на сите одведени деца. Патувајќи по трагите на спомените тие ги врват повторно патиштата на нивното искоренување и раселување, тие повторно ги преживуваат трагичните настани на нивното одлачување:

„ Не` собраа и не` одведоа, а зад нас остана недовршената приказна во гласот на дедо и баба... И си мислевме и се прашувавме: дали таму каде што не` носат ќе има ли некој кој ќе не` погали со топла дланка како дланката на нашите мајки, ... кој ќе ни раскаже приказна, ќе ни запее приспивна песна, ќе ни избрише стежната солза?

Ќе има ли нешто од нашата дома? Кога ќе се вратиме дома?... Молчејќи слегуваме на напуштениот друм и пеш го поминуваме патот што некогаш беше пат на разделба“.177 Карактеристично е и тоа што иако целта на авторот е да ги посети сите клучни места каде се одвивале настаните за време на Граѓанската војна во Грција, и од мракот на заборавот „ да ги спасат делчињата од големата целина на човековите патила,“178 во своите забелешки, а и подоцна во романот дал автентичен опис на убавините на природата, опис на селата, на градовите, на современите текови, на односот на луѓето кон нив. Авторот особено се осврнал на употребата на македонскиот народен говор кој се говори во Лерин, но „тивко и внимателно и само во свое друштво“.179 И при нивната посета на Јужна Албанија, тој дал автентичен опис на градовите, на современите градби, патишта, но и на односот на Албанците кон нив, на нивното гостопримство, обичаи.