Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Very Short History of the Macedonian People: From Prehistory to the Present

Front Matter - Part 03

By Ристо Стефов · Part 3 of 4 · About 18 minutes

Read in English

Македонците брзо ги зазеле повеќето стратешките точки, како на пример, поштата, градското собрание и локалната полициска станица и го прогласиле Крушево за ослободен град. Доследни на своите демократските определби, лидерите на ослободителната војска го конституирале Собранието на Крушево, кое наименувал комитет од шеесетина членови, по дваесет од секоја од заедницата: од македонското, влашкото и од албанско население. Бил изготвен Крушевскиот манифест кој, во основа, ја признал секоја етничка заедница како рамноправен партнер во борбата и го прогласил Крушево како мултиетничка заедница. Комитетот, од своја страна, избрал извршен орган од шест делегати, по двајца од секоја заедница, кој функционирал како привремена влада. Владата, пак, од своја страна, формирала финансиска, судска и полициска власт. „Во Крушево, под зраците на привремена слобода, братство и на еднаквост, националните омрази биле растерани, а мир и слога царувале. Цели единаесет дена Крушево живеел како мала независна држава и, иако минијатурна, облечена со крв и месо, таа беше идејата која ги поттикнала Македонците да се борат против тиранијата до Илинденското востание.“ (Страна 193, Васил Богов, Македонско откровение, Историски документи, Растресена и неповрзана модерна политичка идеологија Bogov, Vasil. Macedonian Revelation, Historical Documents Rock and Shatter Modern Political Ideology)

За жал, Крушевската Република траела само две недели, но, таа била славна Република која засекогаш ќе го потсетува македонскиот народ на неговата вечна борба за независност и жед за слобода. Ослободувањето на Крушево им го врежа на новите македонски генерации наследството на еден безвременски и незапирлив марш кон самоопределување.

Првичниот успех на бунтот бил изненадување за Османлиите, особено со оглед што османлиските сили биле бројно супериорни во однос на оние на комитите. Четите, и покрај тоа, сепак, ги демонстрирале своите способности во битките и повеќе им парирале според волјата, отколку според нивниот број. Османлиите, за жал, биле решени да го угушат бунтот и натрупале дополнителни сили, разместувајќи вкупно 167,000 пешадијци, 3.700 коњаници и 440 парчиња артилерија (сите топови). Само Крушево бил опкружен со 20.000 отомански војници, вооружени со 18 топови против опкружената восјка од не повеќе од 1.200 востаници. Битката за повторно заземање на Крушево започнала на 12 август, кога Македонците извикувале „Слобода или смрт“ како одговор на нападот на отоманскиот топовски оган. Питу Гули и неговите луѓе се бореле херојски. Пружале трвд отпор против напредувањето на отоманските сили, но не биле дораснати на отоманскиот генерал, Бахтијар паша. Бахтијар бил вешт воен ветеран кој ги поразил четите со напаѓање на целиот регион истовремено. Регионот бил опкружен со војници, опколен со топовски оган и секое македонско упориште внатре во тоа опкружување било нападнато истовремено од сите страни, прекинувајќи им ги сите засилувања и поддршка однадвор.

Штом Крушево паднало во рацете на османлиите, другите упоришта на ВМРО почнале да се предаваат едно по едно, приближувајќи го десетнеделното востание при крај. Во Крушево, Бахтијар паша им дозволил на своите војници да вршат убиства, пљачкосувања и силувања цели три дена. Градот бил трајно уништен, 117 цивили убиени, 150 жени силувани, а 159 куќи изгорени.

Како последица на Илинденското востание, според Радин, вкупно 4.694 цивили биле убиени, 3.122 жени силувани, 12.440 куќи изгорени, 201 село срамнето со земја, 75.835 луѓе останале без своите домови, а околу 30.000 луѓе ја напуштиле земјата засекогаш, станувајќи постојани бегалци. (Страна 105, ВМРО и македонското прашање) Покрај злосторствата извршени против цивилното население во Македонија, најзначително влијание од востанието била загубата на толку многу лидери на ВМРО.

Во текот на 1903 година, Крсте Мисирков од Пела (Постол), еден од најистакнатите имиња во историјата на македонската култура и основач на современиот македонски литературен јазик и правопис, ја објави својата книга „За македонцките работи“, во која ги срочил начелата за стандардизација на македонскиот литературен јазик.

Во 1908 година, надежите на Македонија за подобра иднина повторно биле подгреани со отпочнувањето на Младотурската револуција. Младотурското движење, предводено од Комитетот на Младотурците, имало за цел реформа на последните остатоци од Отоманската империја, со спроведување на социјални и политички реформи во Македонија. Многу Македонци, вклучувајќи го и Јане Сандански, ги поддржувале Младотурските идеали. Македонската револуционерна организација, преку Јане Сандански и новоформираната национална сојузна партија, активно учествувала во Младотурската движење со цел постигнување автономија за Македонија. За жал, и тоа движење завршило со неуспех, што го отворило патот за поделба на Македонија од страна на нејзините соседи.

Поделена Македонија Во 1912 година, Грција, Србија и Бугарија ги здружиле силите, навлегле и ја нападнале Македонија под изговор дека ќе ја ослободат и, со помош на македонскиот народ, ја протерале турската војска во она што ќе стане познато како Прва балканска војна. Но, кога војната завршила, наместо да си заминат и да го наградат македонскиот народ за нивното учество во протерувањето на Отоманците, освојувачките армиите останале во Македонија и продолжле да ја окупираат. Првата балканска војна завршила со потпишувањето на Договорот од Лондон, во мај 1913, но трите држави осанале незадоволни со македонската територија што ја освоиле. Тоа ја предизвикало Втората балканска војна во која Македонците биле регрутирани и присилени да се борат едни против други како поткрепа на нивните окупатори. Обидите на Бугарија да спроведе нова поделба не успеале и Договорот од Букурешт во 1913 година ги потврдил исцртаните границите кои, со мали промени, останале во сила до ден-денес.

Не успевајќи да постигнат независност во 1903 година, Македонците, сега поделена, биле оставени на судбината на нивните нови господари.

Грција зела 51% од Македонија (Егејска Македонија) и ја преименувале во „Северна Грција“; Бугарија анексирала 10% (Пиринскиот регион) и го укинала македонското име, а Србија презела 39% (Вардарскиот регион)

и го преименувала како „Јужна Србија“. Н. Пашиќ од Србија и Е.

Венизелос од Грција се согласиле за новоформираната грчко-српска граница, така што ќе има „само Срби на север и само Грци на југ“, а ќе нема „Македонци“ ниту на север, ниту на југ. Со овој договор започнало уништувањето на македонското географско, природно и етнички единство. Интензивни денационализаторски кампањи биле спроведувани во сите три дела на Македонија со цел наметнување туѓи идентитети врз македонското население, од таков вид што им одговарале на интересите на државата која го контролирала соодветниот регион. Во окупираната Македонија од српска страна (Вардарска Македонија), Србите ги етикетирале Македонците како „Јужни Срби“"; во окупираната Македонија од грчка страна (Егејска Македонија), Грците ги нареувале „Славофонски Грци“", додека во окупираната Македонија од бугарска страна (Пиринска Македонија), Македонците, едноставно, биле нарекувани Бугари.

Првата светска војна Кога Првата светска војна избувнала во 1914 година, Бугарија застанала на страната на Централните сили и до 1915 го окупирала српскиот дел од Македонија. Но, поразот на Централните сили и крајот на Првата светска војна во 1918 година довеле до потврдување на поделбата на Македонија од 1913 и Македонија повторно била оставена поделена. На Париската мировна конференција, Македонците побарале независна и обединета Македонија, но нивните барања биле игнорирани.

Вардарска Македонија била повторно инкорпорирана, со остатокот на Србија, во новото Кралство на Србите, Хрватите и Словенците, кое подоцна беше преименувано во Југославија. Македонците повторно биле регрутирани од страна на окупаторите и уште еднаш присилени да се борат и да ги даваат своите животи во војни на други народи.

Периодот помеѓу Големите војни Од 1913 година, сите последователни грчки влади спроведувале денационализаторска политика на територијата на Македонија окупирана од Грција за да искоренат сè што е македонско, вклучувајќи имиња на македонските села, градови, гратчиња, реки и езера. На пример, малата рекичка која се појавила на мапите пред 1913 година како Црна Река на планината Олимп, а која се влива во Егејското Море, била преименувана во Мавронери (црна вода) на грчките карти од страна на грчките картографи по 1913 година. Кутлеш бил преименувана во Вергина, а Кукуш станал Килкис. Со текот на годините, ова било правено за секој топоним и хидроними што постоеле. Македонските семејства, исто така, биле принудени да се откажат од своите родени презимиња и да ги користат само новите имиња што „звучат грчки“.

За време на диктатурата на Метакса, Македонците биле изложувани на брутално угнетување. На луѓето не им било дозволено да зборуваат на јазикот што единствено го знаеле, им биле пишувани високи парични казни и биле принудувани да пијат рицинус како казна доколку говорат на мајчинот јазик. Македонскиот јазик бил забране и прогласен за нелегален и покрај фактот дека во 1924 година, под надзор на Лигата на народите, Грција го признала неговото постоење како посебен јазик кога го објавила „Абецедарот“, буквар на македонски јазик, за потребите на македонски деца.

Периодот меѓу двете светски војни исто така бил исполнет со постојани напори да се смени ситуацијата во Македонија и да се најде начин да се поништи нејзината поделба. Во 1925 година, ВМРО (Обединета) била формирана во Виена под раководство на Димитар Влахов, Павел Шатев, Георги Занков, Ризо Ризов, Владимир Поп Тимов и Христо Јанков. Нивната цел била да се ослободи Македонија во нејзините географски и економски граници и да се создаде самостојна политичка единица што ќе стане рамноправна членка во иднита балканска федерација. Во 1935 година, едно македонско национално движење било основано во српскиот окупиран дел на Македонија, а во 1938 година првата збирка песни од Венко Марковски, насловена „Оган“, била објавен на македонски јазик. Во 1939 година, збирка песни од страна на првиот современ македонски поет, Кочо Рацин, со наслов „Бели мугри“, била објавена на македонскиот јазик. Во 1940 година, демократската група Македонци предложиле политичка програма за национално и социјално ослободување на Македонија.

Втората светска војна и Македонците во Југославија Во април 1941 година, Германија ја нападна Југославија и ја отвори вратата за фашистичкиот сојузник, Бугарија, да ја окупира, речиси, сета географска Македонија.

На 11 Октомври 1941 година, македонскиот народ започна војна за ослободување од бугарската окупација и до 1943 година антифашистичкото расположение му даде поддршка на сé посилното комунистичкото движење кое подоцна ја формираше Комунистичката партија на Македонија. Во текот на истата година, отпочнаа голем број движења за ослободување и за преземање на власта, а и првите македонски воени единици беа формирани ширум целиот географски регион на Македонија. Штабот на Народноослободителната војска објави манифест за своите цели за ослободување на Македонија. На првото заседние на Антифашистичкото собрание на народно ослободување на Македонија (АСНОМ) се одржа на 2 август, 1944 година, во манастирот Св. Прохор Пчински. Четириесет и една година по Илинденското востание од 1903 година, претставници од сите делови на Македонија се собраа заедно за оваа пригода и одлучија да донесат устав за современата македонска држава која ја наименуваa „Народна Република Македонија“. Президиумот на АСНОМ бeше формиран со Методија Андонов Ченто, како нејзин прв претседател, и беше донесена одлука за формирање на современа македонска држава која ќе стане дел од новата Федеративна Југославија. Во април 1945 година, првата македонска влада беше формирана со Лазар Колишевски како нејзин прв претседател. Во 1958 година, Охридската архиепископија беше возобновена, а во 1967 година беше прогласена и нејзината автокефалност. Македонскиот народ, барем во еден дел од Македонија, конечно, беше слободен сам да раководи со себе.

Грчката граѓанска војна и Македонците во Грција По Варкискиот договор од декември 1945 година, употребата на името „Македонија“ и на македонскиот јазик повторно беа забранети во Грција. Грчките власти повторно почнаа да применуваат терористички тактики против македонското население. Според статистичките податоци, само во 1945-1946 година: 400 убиства биле регистрирани;

440 жени и девојки биле силувани; 13.529 биле интернирани на грчките острови; 8.145 затворени во грчките затвори; 4.209 обвинети; 3.215 осудени на казна затвор; 13 доведени до лудило како последица од тортура во затворите; 45 села напуштени; 80 села опустошени; 1.605 семејства ограбени, а 1.943 семејства протерани.

Во текот на Грчката граѓанска војна од 1946 до 1949 година, многу Македонци се бореле на страната на Грчката комунистичка партија (ККЕ), едноставно затоа што таа им ветувала човекови и национални права. Од 35.000 војници регрутирани во Демократската армија на Грција (ДАГ), проценето е дека околу половина биле Македонци. За време на конфликтот, 87 македонски училишта биле отворени, каде учеле и се хранеле околу 100.000 ученици. Се објавувале, исто така, и македонски весници, како „Непокорен“, „Зора“, „Единство“ и „Борец“, а се формирале и културни и уметнички здруженија.

За жал, по поразот на ДАГ сите придобивки биле изгубен, а следеле ужасни последици за македонскиот народ. 28.000 македонски деца-бегалци, кои биле евакуирани во земјите на Источна Европа за да се спасат од конфликтот, биле трајно одделени од своите семејства. Грција не ги сакаше назад, па тие станаа постојани бегалци прогонети во Источна Европа и Советскиот Сојуз.

Борците, кои се бореле на страната на партизаните што успеале да избегаат од нападот на грчките ројалисти, биле протерани на Советскиот Сојуз и во други земји од Источна Европа. Подоцна, повеќето се вратија на Република Македонија или се приклучија на нивните семејства кои емигрирале во САД, Канада и Австралија.

Илјадници Македонци ги загубија своите животи додека се бореа за слободата на својот народ, а голем број македонски села беа изгорени до темел од страна на грчките ројалисти.

Кон крајот на 1950-тите, жителите на неколку села во Лерин (Флорина), Костур (Касторија) и Воден (Едеса) беа принудени да се заколнат на лојалност кон Грција и да се откажат од својето македонско потекло и припадност и од својот мајчин јазик.

Оваа политика на денационализација, сепак, наиде на отпор бидејќи македонскиот народ продолжи да се чувствуваат како Македонци и да зборуваат на македонски јазик кришум.

Со неминовниот распад на Југославија, угнетените Македонци во Грција, исто така, почнале да чувствуваат ентузијазам и започнале да формираат свои движења кои вродиле со такви организации како Македонското движење за балкански просперитет и партијата

„Виножито“.

Во врска со развојот на настаните со Македонците во Грција, на 8 септември 1995 година, членовите на етничката македонска политичка партија во Грција, партијата „Виножито“, отвори своја канцеларија во Лерин.

На 19 јануари, 1997 година, Втората конференција на партија „Виножито“ се одржа во Лерин и на неа учествувале 76 делегати од сите локални единици. Бил усвоен еден политички манифест, како и организациони принципи, а бил избран и Централен совет составен од

19 члена.

Централниот совет ја одржал својата прва седница во Воден, на 26 Јануари 1997 година, и избрал петчлен Политички секретаријат, Економската комисија, Совет на уредници, итн.

Во својот политички манифест, партијата „Виножито“ ја објавила својата желба да соработува со сите демократски и анти-националистички сили во земјата во борбата за мир и европска интеграција.

Партијата „Виножито“ е членка на Европската слободна алијанса која со децении се бори за правата на лица, народи и региони без државјанство.

Друг развој во однос на Македонците во Грција вклучува отворање на грчки огранок на Европското биро за помалку употребувани јазици (European Bureau for Lesser Used Languages (EBLUL), организација посветена на зачувување на помалку употребуваните јазици во Европа.

Ширум Европската унија не помалку од четириесет милиони луѓе говорат на јазик во нивниот секојдневниот живот што се разликува од официјалниот јазик на државата во која живеат. Во моментов, оваа бројка претставува 10% од вкупното европско население, но, наскоро, со проширувањето на Унијата, бројот на луѓето кои зборуваат различен јазик од официјалниот јазик на нивната држава ќе биде многу, многу поголем. Грција исто така, не е исклучок, колку и енергично државата може да го негира тоа; фактите зборуваат сами за себе. Многу повеќе отколку еден занемарлив дел од грчкото население е двојазичен. Не е можно да се обезбедат прецизни бројки, бидејќи ниту еден од пописите спроведени до ден-денес не го вклучуваат прашањето за јазикот.

Единствениот исклучок бил пописот од 1920 година, но бројките, добиени за северните региони на земјата, никогаш не беа објавени.

Уште повеќе, долгогодишната политика на маргинализација и потиснување успеа, природно доволно, да го намали вистинскиот број на оние кои зборуваат на неофицијални јазици. Овој непријателски третман на оние кои говорат повеќе јазици во Грција има свои почетоци во раните денови на современата грчка држава, пред 170 години. Во оние области на земјата каде што преовладувал аравантскиот јазик, се вложувале секакви напори за да се обесхрабри неговата употреба. Има, можеби, некои оправдување за ова во очајничките напори да се обединат регионалните населенија во една единствена грчка држава, при што како средство за оваа цел се користи политиката на хомогенизација на различните популации.

Македонците, како што е Насе Парисис, кој во моментов е претседател на грчкиот огранок на ЕБЛУЛ, се стремат за воведување на македонскиот јазик во грчкиот образовен систем.

Во 1995 година, организацијата Human Rights Watch – Хелсинки, ја осуди Грција за угнетување на нејзиното етничко македонско малцинство, кое Грција негира дека постои. И Амнести Интернешанал и Европскиот парламент апелираа до Грција да го признае македонскиот јазик и да престане со угнетување на етничките Македонци кои живеат во нејзините граници.

Македонците во Бугарија Политичките промени по капитулацијата на фашистичка Бугарија и државниот удар од 9 септември 1944 година позитивно се одразија врз Македонците во Пирин. На 9 август 1946 година, Комунистичката партија на Бугарија, под водство на Георги Димитров, официјално ја призна македонската нација и правото на делот од Македонија, контролиран од Бугарија, да се приклучи кон НР Македонија. По Втората светска војна, Македонците во Бугарија беа признати како одделна и посебна етничка група. Демографските податоци од повоениот попис во 1946 година покажаа дека најголемиот дел од населението во Пиринска Македонија се изјасниле како етнички Македонци. Следеше период на културна автономија и афирмација на македонските национални и културни вредности. Македонскиот литературен јазик и национална историја беа воведени во образовниот систем и, речиси, 32.000 ученици учеа македонски јазик. Во 1947 година во Горна Џумаја (Благоевград), беше отворена првата македонска книжарница, читална и регионален Македонски народен театар.

Македонски весници, како што се „Пиринско дело“, „"Нова Македонија“, „Млад борец“ и други беа, исто така, објавувани. Беа формирани литературни, културни и уметнички асоцијации што придонесуваа за ширење на македонската култура.

Во пописот од 1956 година, спроведен од страна на бугарската влада, 63,7% од населението што живее во Пиринска Македонија се изјасниле како Македонци. Од тој попис и по Титовото раскинување на односите со Русија и Бугарија, Бугарија го промени својот став и негираше секакво постоењето на Македонци, забранувајќи на тој начин изразување на македонското потекло и употребата на македонскиот и јазик. Друг попис, спроведен во 1965 година, прикажуваше дека само

8.750 или помалку од 1% од вкупното население што живее во областа на Благоевград се Македонци. Ова беше регион со најголем прикажан процент на Македонци што живеат таму според претходниот попис.

Во 1989 година, група Македонците ја формираа Обединетата македонска организација - Илинден (ОМО Илинден) со цел стекнување културна и национална автономија за Македонците во Пирин. ОМО Илинден - Пирин е политичка партија на македонското малцинство во Бугарија. Таа беше регистрирана како политичка партија во 1999 година и учествуваше во општинските избори, во окромври во 1999 година, кога беа избрани пет локални функционери. Но, на 29 февруари 2000 година, Уставниот суд во Бугарија ја прогласи ОМО "Илинден" - ПИРИН за неуставна. Ова беше директно кршење на правото на слобода на здружување и правото на слобода од дискриминација.

Бугарската влада одбива да го признае постоењето на бројното македонско малцинство во Пиринска Македонија и продолжува да ги крши неговите основни човекови права. Членовите и симпатизерите на ОМО Илинден - Пирин (политичка партија и организација за човекови права) и ОМО Илинден (организација за човекови и малцински права) ги снимаат на видеоленти, ги малтретираат, тепаат, казнуваат и, дури, ги затвораат само затоа што го декларираат својот етнички македонски идентитет.

Македонците во Албанија На локалните избори во Албанија, што се одржаа на 18 февруари 2007 година, еден Македонец од партијата Македонска алијанса за европска интеграција (MAEI) беше, за прв пат, избран за градоначалник.

Едмонд Темелко, 36-годишниот ветеринар, сега политичар, ја освои градоначалничката позиција во општината Преспа, што го прави да биде првиот Македонец избран во Албанија.

Македонците во Албанија сè уште не може целосно да ги уживаат и користат своите основни човекови права, како што се образование на својот мајчин јазик, користење на македонските национални симболи и учество во државните институции. Македонците вложуваа огромни напори за успешно да ја регистрираат својата политичка партија, Македонска алијанса за европска интеграција, што е едно од главните постигнувања за Македонците, бидејќи тие покажаа зрелост и гласаа за себе. На тој начин, му покажаа на албанското општество дека тие се дел од истото општество и дека ќе земат активна улога во решавањето на прашањата во земјата.

Општината Преспа има девет градови населени, претежно, со етнички Македонци кои зборуваат на својот јазик и го негуваат сопственото културно наследство. Македонскиот јазик ќе стане втор службен јазик и на сите македонски места ќе им бидат вратени нивните оригинални имиња кои беа сменети за време на режимот на Енвер Хоџа.

Албанија го доби регионот на Мала Преспа од Грција, во 1919 година, во замена за неколку албански територии во Епир.

Република Македонија Кога Федеративна Југославија започнаа да се распаѓа во доцните 1980-ти, Македонците во Народна Република Македонија ја бараа својата шанса за конечно да создадат сопствена држава. На 8 септември 1991 година, на референдум, 95% од квалификуваните гласачи одобрија и прифатија суверена и независна Република Македонија, со Киро Глигоров за нејзин претседател.

Волјата на народот беше потврдена на 18 септември 1991 година во Собранието на Република Македонија со Декларација за прифаќање на резултатите од референдумот.

Следниот важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на Уставот, на 17 ноември 1991 година, кој беше дополнет по конфликтот во 2001 година и по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Меѓународно правниот субјективитет на државата беше признат на 8 април 1993 година со акламација во Генералното собрание на ОН.

Македонија беше примена како 181 рамноправна членка.

Плашејќи се дека може да ги загуби македонските окупирани територии, Грција беше првата која се спротивстави на независноста на Република Македонија.