Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Very Short History of the Macedonian People: From Prehistory to the Present

Front Matter - Part 01

By Ристо Стефов · Part 1 of 4 · About 19 minutes

Read in English

Многу кратка историја на македонскиот народ од праисторијата до денес Ристо Стефов Многу кратка историја на македонскиот народ од праисторијата до денес Published by:

Risto Stefov Publications rstefov@hotmail.com Toronto, Canada All rights reserved. No part of this book may be reproduced or transmitted in any form or by any means, electronic or mechanical, including photocopying, recording or by any information storage and retrieval system without written consent from the author, except for the inclusion of brief and documented quotations in a review.

English Version Copyright © 2008 by Risto Stefov Macedonian Version Copyright © 2012 by Risto Stefov Translated from English to Macedonian by Sonja Prus e-book edition СОДРЖИНА Вовед................................................................................................................ 4 Преисториска Македонија............................................................................. 6 Античка Македонија ...................................................................................... 8 Римска Македонија ...................................................................................... 12 Македонците во Индија и Пакистан........................................................... 14 Појава на христијанството........................................................................... 15 Византиска Македонија ............................................................................... 17 Кирил и Методиј........................................................................................... 19 Средновековна Македонија......................................................................... 21 Отоманска Македонија ................................................................................ 22 Движењето за независност .......................................................................... 24 Поделена Македонија .................................................................................. 29 Првата светска војна .................................................................................... 30 Периодот помеѓу Големите војни............................................................... 31 Втората светска војна и Македонците во Југославија .............................. 32 Грчката граѓанска војна и Македонците во Грција................................... 33 Македонците во Бугарија ............................................................................ 36 Македонците во Албанија ........................................................................... 38 Република Македонија................................................................................. 39 Македонците во дијаспората....................................................................... 42 Библиографија .............................................................................................. 43 Вовед Македонија е древна земја чија историја се протега наназад илјадници години пред Христа. Она по што Македонија е најпозната е нејзиниот кралот Филип II кој ја проширил територијата на Македонија, ги обединил различните племиња што ги освоил и направил големи политички, економски и воени чекори, трансформирајќи ја Македонија од обична држава во супер-сила. Потоа, неговиот син Александар Велики ја претворил Македонија во голема империја што се протегала од Источна Европа до западните граници на Кина.

Македонија е, исто така, земја која била окупирана од освојувачи, авантуристи и колонисти, вклучувајќи ги Римјаните, Византијците и Турците, кои владееле со неа многу векови, но не можеле да го избришат нејзиното автохтоно име кое опстоило до ден-денес.

Уште од потпаѓањето на Македонија во рацете на Римјаните, македонскиот народ се борел за својата слобода, но никогаш не пожестоко отколку во 1903 година кога целиот македонски народ се кренал против отоманскиот окупатор во славната, но катастрофална борба. Неуспевајќи да се изборат за своја независност, Македонците станале плен на нивнте амбициозни соседи: Грците, Србите и Бугарите, кои, во 1912 година, под маската за ослободување, ги испратиле своите војски да ја нападнат и освојат Македонија. Потоа, со помош на македонскиот народ, тие ги протерале Турците, но, наместо да ја ослободат Македонија, ја окупирале и се бореле еден против друг за што поголомо парче земја од неа.

Војната помеѓу Грција, Србија и Бугарија завршила со Букурешкиот договор од 1913 година. И покрај протестите на македонскиот народ, трите агресора ја поделиле Македонија на три дела и истите ги присоединиле кон себе.

Како резултат на тоа, Грција зела лавовски дел од 35,169 квадратни километри (51%); Кралството на Србите, Хрватите и Словенците задржало 25,774 квадратни километри (39%); а на Бугарија í било дозволено да земе, по мала ревизија, 6,798 квадратни километри (10%).

Во текот на Втората светска војна (1941-1945) македонскиот народ во целиот географски регион на Македонија учествувал во антифашистичката коалиција во согласност со ветувањето на Атлантската повелба според кое “сите земји кои учествуваат во борбата против фашизмот ќе изберат свој форма на владеење и ќе им биде овозможено да живеат безбедно во рамките на своите граници, и на сите земји им се дава уверување дека сите народи во сите земји може да живеат во слобода“.

Само Југославија го одржала своето ветувања и дозволила создавање на една македонска република во рамките на Федеративната Народна Република Југославија. Грција и Бугарија ги игнорирале своите ветувања и, по конфликтот, повторно продолжиле со своите тврдења дека Македонците не постојат и како такви одбиле да ги признаат македонските малцинства што живеат во нивните држави.

Со распаѓањето на Југославија во доцните 1980-ти, Република Македонија преку референдум ја прогласи својата независност и во 1991 година стана суверена и независна држава. Македонците во Грција и Бугарија, од друга страна, сè уште не се признати и никакви права не им се доделени, дури ниту оние најосновните човекови права што им припаѓаат во согласност со меѓународните норми на кои Грција и Бугарија се потписнички и се должни да ги почитуваат.

Откако Република Македонија ја прогласи својата независност во 1991 година, Грција води пропагандни кампањи против македонскиот народ и инсистира на тоа Македонците да не го користат името „Македонија“, бидејќи името „Македонија“ исклучиво припаѓа на Грција. Без ниту ронка доказ, Грција го користи овој изговор за да ја блокира Република Македонија да се приклучи и да стане члнека на меѓународни институции.

Не постои никакво оправдување или привилегија за она што Грција го прави, бидејќи Македонија, историски, никогаш не припаѓала на Грција.

Бидејќи името „Македонија“ е вткаено во македонскиот етнички идентитет, никој, освен самите Македонците, нема право да одлучува како да се нарекуваат себеси.

Македонија е библиска земја и е позната како Македонија веќе три илјади години, уште од почетокот на првиот милениум пред Христа.

Иако Македонија денес е поделена помеѓу Грција, Бугарија, Република Македонија и Албанија, автохтоните етнички Македонци чии предци се родени во Македонија сé уште гледаат на Македонија, а не Грција, Бугарија или на Србија, како на нивна татковина. Сите етнички Македонци кои живеат во Грција, Бугарија, Албанија, Република Македонија, во САД, Канада, Австралија и ширум светот, кои имаат корени во Македонија, сметаат дека припаѓаат на Македонија и имаат право да изберат како да го именуваат своето родното место што ги поврзува со нивното историско минато. Со други зборови, ниту Грција, ниту Бугарија, ниту Албанија, па дури ниту Република Македонија, нема право да избере име за татковината на етничкиот македонскиот народ.

Единствоено самите етничките Македонци, како целина, го имаат тоа право.

Преисториска Македонија Не е познато од кога точно постои Македонија и кои биле нејзините први владетели. Конвенционалната историјата го датира раѓањето на градот Еге (Aegae) и на Аргеадската македонска кралска династија околу почетокот на VII век пред Христа, со Пердика I како нејзин прв владетел.

Сепак, постојат докази што лоцираат мала група луѓе кои себеси се идентификувале како Македонци уште во X век пред Христа. Овие луѓе живееле во регионот меѓу денешниот Костур и Лерин, чиј центар се наоѓал во денешото место Рупишча, исто така наречено Аргос Орестикон од класичните историчари.

Сегашната теорија е дека праисториските Македонци потекнуваат од мешавина на луѓе од племињата на Пелазгите, Илирите, Тракијците и Фригијците, кои живееле во тој регион околу почетокот на првиот милениум пред Христа.

Се чини дека времето околу илјада години пред Христа бил клучен период во развојот на првото македонско кралство. Додека сè уште било во племенска фаза, ова мало македонско кралство од тогаш почнало да здобива воена сила и да врши политичко влијание во регионот.

Легендата вели дека првиот владетел кој ја воспоставил Аргеадската кралска династија во Рупишча бил кралот Каран (Caranus) кој, се верува, дека е првиот крал кој владеел со македонското кралство од околу 808 до 778 година пред Христа.

Како што Фригијските племиња започнале да ја напуштаа западна Македонија и да се повлекуваат во Анадолија, така зад нив останувал вакуум што со времето бил пополнуван од страна на Македонците кои полека напредувале кон исток и ги заземале напуштените плодни земјишта. На македонскиот народ му требало околу еден век да мигрира кон исток, но до IX век пред Христа, направиле нивното присуство да се чувствува во Централна Македонија.

Со текот на годините, како што македонското кралство се ширело, така неговото центар се преселил во Еге, во близина на денешниот Воден.

Знаеме од Херодот дека Пердика и неговите браќа го преселиле македонскиот центар, но никаков податок не е даден. „Херодот (8.183)

пишува дека ,[Пердика] отишол во друг дел од Македонија и се населил во близина на градините именувани по Мида, синот на Гордиј ... над градината се извишува планината наречена Бермион, неосвоива зимно време’." (Стр. 65, Јуџин Борза, Во сенката на Олимп, појавата на Македон/ Eugene Borza, In the Shadow of Olympus The Emergence of Macedon/).

Градот Ега е основан во близина на Воден, во текот на VII век пред Христа и станал втора македонскиот главен град. Хамонд проценува дека Пердика дошол на престолот во 650 година пред Христа. (Страна 11, Хамонд, Чудото Македонија/ Hammond, The Miracle that was Macedonia)

Херодот продолжува: „Од Пердика, за кого зборуваме тука, Александар води корени на следниов начин: Александар бил син на Аминта; Аминта на Алкест/Alcetas/; татко на Алкест бил Аероп/Aeropus/; на Аероп, Филип; на Филип, Аргеј/Argaeus/; на Аргеј, Пердика, првиот суверен.“ Со други зборови, познатите кралеви на Македонија пред времето на Херодот владееле како што следува: Каран, Коин, Киримас Пердика I, Аргеј, Филип I, Аероп I, Алкест, Аминта I и Александар I.

Античка Македонија Александар I (498-454 п.н.е.) ја проширил територијата на Македонија и, до 5 век пред Христа, Македонците создале обединето царство.

Александар бил персиски сојузник во Војните помеѓу Градовите-држави и Персија. Под поимот ’градови-држави’ мислам на градовите јужно од планината Олимп, како Атина, Теба, Спарта, Коринт и други, кои во тоа време постоела како независни држави. Кога Македонија се појавила на меѓународната сцена, својата прва монети ја исковала за да го афирмира името на царот. Синот на Александар, Пердика II (453-413 п.н.е.)

владеел со Македонија во текот на Пелопонеските војни и бил на страната и на Спарта и на Атина, грижејќи се за интересите на Македонија и, во исто време, да се осигури дека рамнотежата на моќта ќе биде одржувана.

Архелај I (413-399 п.н.е.) ја направил Македонија да биде значајна економска сила, продавајќи граѓа на Атина. Тој, исто така, ја проширил инфраструктура и одбраната на Македонија, градејќи патишта и тврдини и реорганизирајќи ја македонската војска (Тукид,II.100). Тој, исто така, го преселил главниот град на Македонија од Еге во Пела и ги основал Македонските олимписки игри во Дион, светиот град на Македонците.

(Хер.V.22)

Архелај I бил случајно ранет за време на лов во 399 пред Христа и починал од раните. Неговата прерана смрт предизвикала хаос во Аргеадската династија, речиси, шест години по што Аминта III се појавил како водечка личност која следна ќе владее со Македонија.

Аминта III бил правнук на Александар I.

Откако ги оставил работите во неговото царство нерешени, Аминта III починал во 370 пред Христа, препуштјаќи му го престолот на својот најстар син Александар II. „Деценијата во 360 година, го турнало Кралството на Македон во нова династички криза, засилена со непрекинатите надворешни закани. Во почетокот на неговото владеење, Александар бил принуден да ги поткупи Илирите, иако е проблематично дали тој, исто така, им го дал и својот помлад брат, Филип (иднината Филип II), како заложник.“ (Стр. 189, Јуџин Борза, Во сенките на Олимп, појавата на Македон)

Аминта III владеел од 393 до 370 пред Христа и водел политика на исцрпување и ослабување на Градовите-држави. Неговите два сина, Александар II и Пердика III, владееле подоцна, но само накратко.

Александар II водел експанзионистичка политика и упаднал во регионот јужно од Олимп. Во Тесалија, поставил македонски гарнизони во градовите и одбил да ги евакуира истите. Теба, која во тоа време била град-држава со најголема воена сила, интервенирала и ги принудила гарнизоните да си заминат, земајќи го Филип, најмлиот брат на Александар II, како заложник за да ја осигури покорноста на Македонија. По смртта на Александар II, неговиот брат Пердика III го наследил престолот. За жал, Пердика III бил убиен во една битка заедно со 4.000 негови македонски војници додека се бореле со Илирите.

Третиот син на Аминта, Филип II, станал наредниот македонски крал.

Филип II (359-336 п.н.е.) бил еден од најголемите луѓе на Европа (Теоп./Theop.F.GR.H. f, 27), кој бил заслужен за проширување и обединување на Македонија и за нејзино претворање во прва европска држава и сила во модерната смисла на зборот – организирана држава со заеднички национален идеал.

Филип II ги покорил сите соседи на Македонија, вклучувајќи ги Илирите, Тракијците и градовите-држави и ја направил Македонија да биде најмоќно царство на Балканот. Бил особено суров кон градовите-држави што ги окупирале териториите на периферијата на Македонија, каде што ги истерал колонистите и сите нивни градби ги срамнил со земја.

Во 338 пред Христа, неколку градови-држави создале коалиција и нивните војски се здружиле за да се обидат да го спречат Филип да навлезе на југот на Пелопонез, но Македонците ја поразиле коалицијата во битката кај Херонеја. Филип станал хегемон на градовите-држави.

Филип, исто така, имал за цел да ја освои и Персиската империја, но, за жал, бил убиен пред да има можност своите планови да ги преточи во акција. Бил трагично убиен за време на свадбените прослави на неговата ќерка Клеопатра.

Александар III Велики (356-323 п.н.е.), син на Филип II, го наследил својот татко на возраст од 20 години и веднаш ги угушил сите востанија предизвикани од Тракијците, Илирите и градовите-држави кои кренале бунтови кога дознале за смртта на Филип. Во обид да ја спроведе политика на татко му и да покаже дека не толерира револти од страна на неговите потчинети, Александар ја срамнил Теба со земја откако извршил масакр на 6.000 жители и продал 30.000 нејзини жители како робови.

Како главен водач на македонската војска и на сојузничките сили, Александар ја нападнал и навлегол во Персија и по своите победи во трите големи битки кај Граник, Ис и Гавгамела, ја покорил Персиската империја и ја заменил со една македонска империја која се протегала од Европа до Египет и до Индија. Од тогаш па сè до доаѓањето на Рим, Македонците ги обликувале настаните на овој огромен простор речиси три века.

На Александар III бу била дадена титулата „Велики“ од страна на Римјаните откако постигнал толку многу за толку кратко време.

Оттогаш, секој генерал ја проучувал неговата тактика и се обидувал да му парира, но, безуспешно.

Покрај тоа што не изгубил ниту една битка во текот на целата негова кариера, Александар е заслужен за создавањето на најмалку осумнаесет градови, некои многу познати како што е Александрија во Египет, за отворање трговските патишта помеѓу Истокот и Западот, што се протегале од Европа до Африка и до далечната Индија. Доколку живеел подолго, Александар ќе го освоеше Западот, започнувајќи со Картагина и денес светот ќе беше поинакво место.

Ако на Александар му се суди за неговите дела, нека биде тоа за сите негови дела, а не само за неговите освојувања и за воен гениј во себе.

Александар бил искусен политичар со визија за обединување на сите светски нации заедно како рамноправни, во еден демократски систем (во модерна смисла на зборот). Покрај неговите политички квалитети, Александар, исто така, пројавувал голем интерес за културата и природните науки. Секаде каде што одел, градел градови, библиотеки, културни центри, музеи и многу други светски чуда. Слушал поезија и гледал комедии и учествувал во дебати. Се среќавал со многу луѓе со различни интереси, а луѓето, на чии достигнувања најмногу им се восхитувал, ги праќал во Македонија за Македонците да може да се забавуваат и уживаат. Им наложил на своите природни научници да ја испитуваат и документираат флората, фауната и минерално богатство на овој нов свет. Техниките и знаењета стекнати во тие денови сè уште се применуваат и ден-денес. Ги украсил сите градини на Македонија, вклучувајќи ги и оние во Пела, со растенија што даваат најдобри овошни плодови и цветови што Азија имала да ги понуди. Секаде каде што одел, го подучувал локалното население за културата, уметничките вештини и природната медицина. Како што Мајкл Вуд открива во документарниот филм „По стапките на Александар Велики“, овие дарови кои Александар им ги дал на азиските народи сè уште се паметат до ден-денес. Како што продолжил да ги ослободува азиските народи од персиската доминација, така Александар бил пречекуван со ентузијазам и продолжил да биде величен како ослободител.

Интересно е да се напомене дека војниците на градовите-држави не учествувале во ниту една битка на Александар, бидејќи тие служеле повеќе како заложници за мир и гаранции за безбедноста на македонските окупациски сили во градовите-држави, отколку како борци. Не само што тие немале важна улога во било која од големите битки, туку, тие не биле ниту команданти на градовите-држави, бидејќи Македонците командувале со своите редови.

Неочекувана смрт на Александар му донело на македонското царство немири, почнувајќи со бунтовите од градовите-држави кога 23.000 платеници на градовите-држави биле забележани во Азија (Диодор, 18.7.3-9) и со крвавиот крај на Ламинската војна (Lamian War) во која коалицијата на градовите-држави не успеала, повторно, да извојува слобода од Македонците. (Диодор, 18.10.1-3, 11, 12, 15, 17.5)

Неуспевајќи да најдат наследник за да владее со огромната Македонската империја, водечките генерали на Александар влегле во страшен конфликт кој траел со години. До 300 пред Христа Македонската империја била поделена помеѓу династиите на Антигон I, кој ја зел Македонија и Градовите-држави, на Птоломеј I, кој го зел Египет, и на Селеук I, кој ја зел Азија.

Додека со Македонија владеел Антигон II (276 – 239 п.н.е.), кој бил внук на Антигон I, таа успеала да остане стабилна монархија и да ја зацврсти својата окупација врз градовите-држави. Неговиот внук Филип V (222-179 п.н.е.) се судрил со Рим, кој во тоа време се ширел кон исток, и водел две војни. Откако римската војска го поразила Филип V во Тесалија, Македонија ги изгубила градовите-држави и била сведена на нејзините првични граници. Во третата војна, Рим конечно ја победил Македонија, која во тоа време била управувана од страна на Персеј (179-168 п.н.е.), син на Филип V. Во битката кај Пидна, 20.000 македонски војници ги загубиле своите животи, бранејќи ја својата татковина, а Персеј станал римски затвореник. Персеј подоцна починал во Италија, а македонското кралство престанало да постои. До 146 пред Христа, Македонија станала римска провинција.

Осумдесетина години подоцна, во 65 година пред Христа, Рим го освоил Селеукидското македонско кралство во Азија, кое во тоа време било управувано од македонскиот крал Антиох VII. Последно кое паднало во рацете на Рим било Птоломејското царство, во 30 година пред Христа, кое во тоа време било управувано од македонската кралица Клеопатра VII. Падот на Птоломејската династија значел и крај на македонските потомци во Египет, а со тоа и крај на последните останки на моќната македонска империја.

Римска Македонија По последниот бунт против Римјаните во 142 година пред Христа, Македонија продолжила да постои како дел од подрачјето на Рим. Во текот на овој петвековен период, границите на Македонија се смениле неколку пати. Северната граница била најранлива и склона кон инвазија.

Во еден момент, по нападот на едно варварско племе, северната граница се протегала до реката Дунав. Во 27 пред Христа, Август ја прогласил Македонија за сенаторска провинција и значително ја намалил нејзината територија. Со текот на времето, во децениите што следеле, Македонија била поделена на територии. По реформите на Диоклецијан, Македонија станала дел од епархијата Моисија (Diocese of Moisia), а во времето на Константин таа станала дел од Илирската префектура. На крајот на 4 век по Христа, Македонија била поделена на две провинции: Македонија Прима со Солун како нејзин главен град и Македонија Салуторис (Salutoris). Подоцна, во текот на 5-ти и 6-тиот век се појавило друго име:

Македонија Секунда со Стоби како нејзин главен град.

Кога Македонија се нашла под римска власт, бројот на италијански колонисти се зголемил и разни варварски племиња продреле во регионот. Како римска провинција, Македонија била силно експлоатирана, а населението било оптоварувано и осирмоашувано со тешки даноци. Финансиската поддршка на администрацијата на Рим, гарнизоните и воените походи паднале на грбот на локалното население.

Македонија, покрај тоа што била поробена, била, исто така, должна да обезбедува и голем број војници за римските заднински бригади.

Урбаниот живот во Македонија, за време на римското владеење, се одвивал во три различни средини: во слободните градови, колониите и општините. Во слободните градови спаѓале Еге, Пела, Бероеа, Филипи, Хераклеа, Солун, Хераклеја Линкестис и Стоби. За време на римскиот период и Хераклеја и Стоби Линкестис биле големи, важни центри лоцирани на многу прометни патишта.

Друг важен факт е дека повеќето најважни бурни настани во историјата на римскиот период имале одзив во Македонија. Римските граѓански војни, борбата меѓу Цезар и Помпеј и војната меѓу Брут и Касиус се одвивале на македонска почва. Слично, криза на Римската империја во 3-от и 4-от век, колонијалните односи со христијанството и варварски продори, исто така, имале свои корени во Македонија.

Како што споменавме порано, по поразот на Персеј во Пидна, во 168 година пред Христа, Македониjа била поделена на четири региони и станала римска територија. Особено во текот на овој период Македонија била ограбувана и лишувана од своите културни богатства, вклучувајќи ги неброените уметнички споменици што се наоѓале во Солун, Пела и други културно богати градови. Богатствата на Македонија биле префрлувани во Рим и прикажувани на паради на римските улици како трофеи од римските победи во текот на победничките прослави. По 148 година пред Христа, четирите региони на Македонија биле повторно обединети, но, во една римска провинција со Солун како главен град.

Она што е, исто така, интересно е дека сите градови-држави и јурисдиции јужно од Македонија, вклучувајќи ги и Атина и Спарта, биле, исто така, анексирани и додадени на оваа голема римска провинција наречена Македонија. Ова спојување траело околу сто и дваесет години и траело до 27 пред Христа. Во 27 година пред Христа, Август го одвоил регионот за да ја формира провинцијата Македонија и провинцијата Ахаја. Во текот на сто и дваесет години Солун, а не Атина, бил главен град или „мајка-град“ на оваа огромна покраина именувана Македонија.

Македонците во Индија и Пакистан По освојување на новите територии, Александар III градел градови и ги населувал со доселеници донесени од Македонија. Целта на секој град, на краток рок, била да обезбеди економска поддршка и морално да ги подржува локалните македонски воени напори. На долг рок, овие градови ги снабдувале сите воени барања, вклучувајќи го и обезбедувањето војници за воените походи.

Александар III изградил голем број градови северно од Хинду Куш во Бактрија и Согдијана (Bactria and Sogdiana) кои, по отцепување од Селеукидската династија, станале јадро на македонската цивилизација која траела долго во христијанската ера, а, донекаде, и до ден-денес.

Од македонската војска и општата популација кои се осмелиле да навлезат длабоко во Индија, траги можат да се најдат во најодалечените точки во јужниот дел на Индија. Некои, вклучувајќи ги и жените, биле регрутирани од страна на тамилските раџи. Македонските жени служеше како телохранители во палатите, додека мажите служеле на отворено, како чувари.