Metodija Shatorov Sharlo (Political Views)
Front Matter - Part 07
Повикот, објавен летото 1940 година, до монополските работници и работнички (тутунџии) и до целата работничка класа на Македонија, имаше за основна цел да ја дискредитира владата на Цветковиќ-Мачек, да ја мобилизира таа маса во борбата за национални, економски и демократски права и за сојуз со СССР. Во овој повик стои: “Нас не искористува и крада, лажа и заведува, плаша и гона. Повеќе од стотина илади нас заработено Је околу садење и работене на тутуно. Со нашата работа даваме милјарди динари вреднос, али таа вредност што смее ние сториле не е користиме неа ја зема и дига како ќар (печалба) при продавањето на тутуно нашио газда - државата.
Овој ќар то е нашата мака и пот. Ние работиме и живеме во немаштина и сиромаштија... тешки пари спечалени со нашата пот ги расфрла и арчат разни ашлаци, распикуќи кои jaBHAJIC на грбот народен и на сила повела".
Во насоките што треба да се прави се заклучува: “Ние мораме да поведиме одлучна борба за поарен живот и слобода на работничката класа, борба за захтевите на нашите сојузници селани. Оваа борба треба да а поврзиме и да го оствариме работнички селски сојуз. Нашата борба е наедно и борба за захтеви на градските средни слоеви, а нарочито борба на Македонците, Арнаутите и Турците против угнетувањето и золумов над нас". ° Овој повик, како и повикот до војниците и граѓаните во Македонија, и до скопските работници во септември 1940 година, ќе придонесе за мобилизирање на работничката класа да се борат за своите интереси со штрајкови. Во записникот од Петтата конференција на КПЈ стои: “Во Македонија досега немаше штрајкови. Во 1940 година, прв пат 16 штрајкови и по 40 дена". "" За активноста на IK на КПМ и на базните организации на КП се видливи големите резултати постигнати во тоа време.
1. Резолуција на Покраинската конференција на Комунистичката партија во Македонија одржана околу 8 септември 1940 година ® Исто, стр. 328-331.
75 Исто, стр. 347-350.
Овој документ има програмско значење за комунистите во Македонија, а тоа се гледа од прашањата што се опфатени и од ставовите што се заземени. Овде ќе се задржиме само на еден дел од нив што се од битно значење за решавањето на македонската национана самобитност. Во овој документ за македонското национално прашање стои: “Политиката на национално потискајне, асимилација, див терор и преследувајне на се што е македонско, како и на македонската култура, јазик и песни се спроведува со целата им крвожедност. Измаченото, обесправено и национално поробено македонско население се најдува пред нови и големи борби". Понатаму стои:
“Манифестациите и демонстрациите што станува во Македониа се израз на насобраното македонско народно негодувајне против големосрпската политика на колониална експлоатациа и национално ропство". °° Покраинскиот комитет и Партиската конференција националното прашање го подигнуваат на висок степен, односно на еден од најбитните за разрешување во борбата за мобилизација на македонскиот народ од ропството — како на колонијално, така и на национално. Националното прашање е битно во ова време. КПЈ долго време дискутираше, a не заземаше јасен став по македонската национална самобитност.
На советувањето на ЦК на КПЈ во Словенија, јуни 1939 годиа, се заклучува: “Потребно е КПЈ да и посвети на оваа покраина особено внимание и што побргу да проработи околу реорганизацијата на КП во Македонија, околу мобилизацијата на широките слоеви на потиснати народи на Македонија во борбата за секојдневните потреби, слобода и равноправност". “!
Но, овде нема збор за македонската национална индивидуалност, туку за КИЈ постојат широки слоеви на потиснати народи. Во писмото испратено од Тито до Г.
Димитров, на 20.VI 1939 година, стое: “Ние мораме веднаш да заземеме Јасен став спрема националните прашања во Војводина, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија.
Овие прашања сега се узреани од внатрешно-политички и надворешно-политички причини. Ние ќе Ви го јавиме своето 80 Исто, стр. 334-338.
$1 (Собрани дела на Тито кн. 4 стр. 256.
становиште, HO ќе мораме да побараме и Ваша помош". ““ Во септември 1939 година Тито во извештајот до КИ пишува:
“Cera е особено важно да се постави македонското прашање и прашањето на Црна Гора, каде што италијанскиот фашизам цврсто зачекори и каде што со помошта на своите агенти спроведува своја пропаганда". > Во една ваква состојба по македонското национално прашање, [1K на КПМ во резолуцијата мораше да го постави со сета сериозност, дека без јасен став по националното прашање не може Македонците да се кренат во борба, а секое одолговлечување и колебање само ги отежнува состојбите и го дезорганизира македонскиот народ.
Се постави прашањето за создавање единство во редовите на работничката класа против сите видови на нејзините непријатели, за создавање челичен сојуз меѓу работниците, селаните, македонската интелигенција и целиот македонски народ за борба против српските империјалисти и поробители.
Со овие ставови [IK на КПМ поставува широка платформа за опфаќање на сите социјални структури од населението на Македонија во борбата за ослободување од класното и националното ропство.
Се зазема јасен став против економската експлоатација за повисока цена на тутунот, памукот, афионот, сусамот и пченицата, против монополот. Со овие ставот КП на Македонија поставува економски барања што се од материјален интерес за населението. Недвосмислено е определувањето за прашањата на селското население: за земање на земјата од чифликсајбиите, манастирите, и вакафите, националните големосрпски великаши и колонисти, а давање на македонскиот земјоделец-производител. Како заклучок стои: “Лозунка и сакајне земјата во Македонија од чифликсајбите, големосрпските шовинисти и “терои", таја на колонистите, манастирите, црквата, круната и вакавите, треба да премине во рацете на македонските селани и производители. Македонците од големите ридои и планини да слезат и работат земјата на
% Исто, стр. 229.
83 Исто, кн. 5 стр. 10.
своите татковци, а на стварно бедните колонисти да се даит земја во Србиа земјата на тамошните чифликсајби и чорбаџи, манатирска и крунска". (види фуснота 80)
Конференцијата се определува и зазема став за запазување на чистотата на Партијата, односно на нејзиното чистење од туѓи елементи и за нејзино засилување и зајакнување на борбената способност - да се излезе од секташтвото, затвореноста и организациите со цел да се преобразат во политички фактори и раководители на масовните борби на македонскиот народ.
Со помошта дадена од ЦК на КПЈ и активноста на [IK н КПМ, офргаизациите на КП во Македонија застануваат на здрави нозе и за кратко време забележуваат видни резултати како во организационен така и во политички однос. Резултатите се видливи. За ова време се обновени ПО во Скопје, Велес, Куманово, Прилеп, Битола, Гевгелија, Штип, а се формирани нови во Кавадарци, Тетово, Струмица, Крушево Охрид, Гостивар, односно веќе постојат 16 партиски организации.
Партиското членство се зголемува од 140 есента (крајот на 1939 година) на 250 членови до У земска конференција. Овие резултати се постигнати со пожртвувана и несебична деноноќна работа на ПК и на основните партиски организации, како и на месните комитети, односно се постигнати резултати, благодарение на правилната политика по повеќе прашања што се од интерес на македонскиот народ. За правилната политика за прием на нови членови, во овој документ стои: “При пријемајне партијни чланови како услови да се зема-борбеноста и готовноста за жертви со цел да се рашират и прошират нивните организации и уште потесно да се врзат со широките народи маси" (види фуснота 80.) Партиските организации се отвораат за лица кои се подготвени со својата активност, борбеност и способност за поврзување со широките народни маси - лица кои се со углед и поверение, кои можат да дејствуваат мобилизаторски кај истите.
Конференцијата констатира дека еден од најзапоставените сектори на работа е работата меѓу жените. Со цел за подобрување на состојбата се определува за создавање женски здруженија под разни форми и со различни цели според месните услови. На У земска конференција во рефератот за задачите на КПЈ во работата со жените стои: “Во Слобенија жени се 10% од целокупното членство на Партијата, во Црна Гора 650, а во Србија добри 1050, во Хрватска добри 450, а во Македонија 10%, во Војводина 5%, а во целата партија 6%...
Бидејќи другарите во Македонија на сите полиња така добро почнаа да работат во најскоро време од нив можеме да очекуваме и весник за жени на македонски јазик".
Во однос на другите националности во Македонија во Резолуцијата стои: “Македонското национал-револуционо дбижењние не е и ниможе да биди туѓо на правата и борбата на целииот македонски народ вклучително таја на Арнаутите, Турците, Куцовласите и др., који сет исто така експлоатирани и поробени, подложени сет на терор и асимилација. Работниците и селаните Арнаути и Турци во Македонија сет бракја по судбина на македонските Славјани. Партиските организации да го развиват братството, солидарноста и општност на борбата затова само слободна и независна Македонија можи да гарантира слобода на сите потиснати и поробени во Македонија".
Категоричниот став на [IK на КПМ и на Покраинската конференција 1940 година, во однос на колонистите колонизирани во Македонија од страна на големосрпската монархија, ќе предизвика полемика во редовите на КПЈ, а посебно на У земка конференција во Загреб 1940 година.
Колонизацијата во Македонија предизвикува големо незадоволство и судири помеѓу властите и колонистите од една страна и македонското население од друга што ќе доведе до такот степен - со завршување на убиства Овие судири настанале, затоа што на бедниот македонски народ до 1934 година му се одземени 127.301 хектари земја за колонизација и се колонизирани 2869 домаќинства, со просечно по 8,34 хектари по домаќинство. "? Но каква била имотната состојба на населението во Македонија под српска власт! Во овој дел на Макеоднија во 1931 година имало 171667 домаќинства. Од овие
84 , Документи и материјали, стр. 346.
85 Документација на главното поверенство за колонизација на Македонија и Косово, извештај 1940 год. Оваа документација се наоѓа во МАНУ Скопје.
домаќинства имаат земја за обработување 127597 домаќинства, а немаат 44070, или 34,5% од вкупните домаќинства, а од оние кои имаат земја за обработување 28076 домаќинства имаат земја до | хектар или вкупно имаат 14456 хектари, што инесува просечно по домаќинство од 0,51% хектар земја, или 22,00% од домаќинствата кои имаат земја за обработување, односно до 2 хектари имале 51 954 домаќинства, или вкупно 50277 хектари, со просечно по 0,97 хектари, или 40,72% од домаќинствата кои имале земја. Ако вкупната обраболива површина се подели на домаќинствата кои имаат земја, доаѓа по 4,40 хектар, а ако се подели на вкупниот број домаќинства, изнесува по 3,27 хектари земја обработлива. При ваква имотна состојба, во овој дел на Македонија со колонизираат на штета на сиромашното (и без никаков имот) население - толку голем број на домаќинства. 86 Bo Резолуцијата na B 3emcka конференција на КПЈ од 19 октомври 1940 година ce заклучува: “Борба против колонизаторските методи на српската буржоазија во тие области (Македонија и Косово) и протерување на сите оние колонизирани елементи преку кои српската буржоазија го угнетува македонскиот, арнаутскиот другите народи". 87 Bo дискусијата на оваа конференција Методи Шаторов, секретар на ПК на КПМ, по рефератот за националното прашање (референт Милован Ѓилас) ќе го изнесе следното:
“Втората грешка е по прашањето на колонистите. Референтот вели дека колонистите на Кавказ биле бранети од болшевиците.
Едно е Царска Русија, друго е Македонија. Едно е националното прашање пред војната, а друго е денеска.
Референтот има шовинистички став. Не можиме да отидеме кај македонскиот селанец и да му кажеме дека колонистите му се браќа на македонскиот селанец. Бидејќи генералите, жандарите, шпионите не се браќа. Доколку би оделе во сојуз со колонистите, тие би одговориле со лопата. Има околу 10 илјади фамилии со околу 70 илјади хектари. Сите тие се потисници (врз) македонскиот народ и со нив не можиме да имаме добри односи. Во Бела Русија сите колонисти биле уапсени и земјата
86 , Документи од пописот за имотната состојба на населението 1931 година на Кралството СХС.
$7 Документи и материали, стр. 360, 361.
(им била) одземена. Тоа сме должни и ние да го сториме. Кој ја познава психологијата на македонскиот селанец знае дека тој се бори за крваво одмаздување врз колонистите... На колонистите им е дадена најдобрата земја, таа им е одземена на селаните.
Пасиштата и шумите им се одземени на селаните. Во Македонија има малку земја, затоа бараме колонистите да се иселат во Србија. Земјата има да им се даде на македонските селани, само доколку има повеќе, тогаш да им се даде на другите нации". 88 Co овие ставови на Шаторов нема да се согласи делегатот од Војводина и од Црна Гора, како и, нормално, феферентот Милован Ѓилас.
Разликите за колонистите и понатаму остапуваат во раководството на КПЈ, односно помеѓу ПК на КПМ и претставниците од другите делови од кои што се колонистите за да останат на земјата што им е доделена од српската монархија. Во Билтенот на ПК на КПМ бр. 3 од 30 октомври
1940 година се констатира: “Од горното се гледа оти селаните треба да сет стопани на земјата. Најболниот вопрос во Македонија е тој за земјата. Тој не е разрешен од србските завојувачи во корис на македонските селани. Македонските селани само негодува али се борат за својата земја. Примери на крвави бојеви стихијна борба има многу во Македонија. Нека послужи само за пример село Лисиче скопско. Кога дошле колонистите со српските власти да е земат селската утрина и бафчите на селото мало и големо со вили, колци и мотики е излегло да се зафатил формален бој сред селото. До ден денешен близу четири години, лисичани се судат за тој случај.
Земјата ќе се добије од селаните само во борба со пњачкашите-српските власти. Таја борба и тија сакања за земјата, да се дај на селаните, покренува и ја води само Комунистичката партија во Македонија. Селаните ќе добијат земја во сојуз со работниците
- со комунистите".
Во повикот од септември 1940 година до работниот народ BO Македонија ПК на КПМ, се обраќа за борба против скапотијата и шпекулацијата, а со тоа и против сиромаштијата и гладувањето на македонското население. Против крвавиот 58 Исто, стр. 349-350.
8 Билтен на ПК КПМ бр. 3 од 30 октомври 1940 год.
£8 бес-бсе “dro ureludorew и HLHOWAMO]Y об И ome ‘Mhod инодоч ижап охиатеп o[lIod)) и OG0HEWAY] оЧ,, :ио19 хичоп Гоно og ХиетеН "..еЕГитиоо09 JLUHIOdBHAION и глиншоатен LO иношешпои “е|инопожеИј 0d итеџоп и ијдиниаош злихопаооиопот Гохопоќ “NUaoNLId]] BH hdd и очт2ЌоИАП ено нопот2 BWAIFOI OX ито “Генеиап 99 РП РОЗА uiry ‘uneexudin инерап ичхел OWRD тешки? инипо. 1920(Иал. ош ores “ИОТ?
29 ито олипнопоже|Јј ипооќ итреп оШшожок он ОН" - 5ШоОХ) od “IA[ ен errododl 9 29 ридолои рГрХ20ДЗ nro owengdd eH 1оХоИП БЕГИО 2 (еГинопожеуј Гетив) [HOA BHXA[ ито ‘UQd)) 90 ито отипнопохе | BH ИЖЕХОГП BY JIMIORBIW 99 BIRLOA BH ЕНГоп 09 " "хиаоЖоОЧИ Реши. театт " ејинопоже|Ј ен очт2окИинзИТоП OLOMOIAIOWIIrO1 ен BLULIIEE 04 “ОИЕИОдО eH eruLmeE 08 ИиБод иштодол rexdr и е(иноповИЈ син Lerdm ипиатен и идтоинииј "е(ипхе od 2 потодоу LHOI-MOhBA-IUEOMNLIE]] BH оа12101Ии"рАп OXhULOUIIR)
отоноипжроа,, MOLY QAIN ноон тоимопочо Of хиномто ЕП РШИЈРАТ BH Сао {| BH OLOHEBJIEOY ПоЧоп ОП Y]] РарПеИ OI OLIN генипот 0661 идаколмо по MUITHOTINEA],, тохичоп Og
06 Je[MHOT NEN BHITOQOIrD иониж Р|7,, elerodell 00 edAmdgaeg *, erogQoIrd и (ик ‘QaIr BE ‘O4LOORMHIULOI и 04Lo110d отонџгеноипен нитоап ридови и епа eH Елехитипоп aurodi идоо 99 er unerdddu err EIWOH поен OMMOHOTINBA “BXEIr 29 AIOHW OL ипе ‘Br0QoId и dum ‘gar ee рТрОДОО РХЕРИО 29 BY MON OY dLHUIHOTINE]A пен одо, И QUITMOBH 09 MIU Orodrdraruged] |, :M0Ld derriodi [ogo og
"одот. и eludocum
“епа икЕНЕ РОЈ B ‘rodeH тоижонопохЕК eH 1о004т eda енопаф 2 РОЖОПОП BRL По BHIDKIL BIBI] "BIAT RIL BY рар120 01 10rodeH © ‘UNOLD IAAI и оо “LOB ‘000W eluireL]] и eluHendd | eH eder oHhuHed1£0 elo elUxdeHon erexdonddoonirdrol читоап roroden eAANHLOL 97) *, BTOQOID и QJIr dIrkMed ито lel 2 enuandy ereHdauy ‘eredexdll BH BLULIIRE BE OHOMBE ОП LBITAD 99 И Торопр 29 HHUL[]] и ГОЛИ ‘Horrud[] ©0o1dg ‘04019, ‘O90HBNAY ‘Ol110X)) По иаонио unrodey -oHlealroroddn и dooder aeady nudum 92 РГинопоже | BIO O[[,, ‘MOLD OIOH ов (ипаолат инопзапо и QLUIHRIANIIIM тешаа от ош LOXIQRdI YO OLOMHIIOIEH ULULIIEE OJ BY OLIOWEH)
ипЌ2 и ered ‘edoares lox ‘ereelunuron eH eHedrd ro dodo плачеше за жертвите дадени за “слобода на Јужна Србија" от турскиот јарем, а заборави да кажи за наметнатио Јарем OT страна на српските повинисти - ...3a чес на Македонија, македонскиот народ врти грб на таја акциа". Целта на оваа акција на власитие и поповите била да го внесат и наметнат српството над македонскиот народ, односно да насадат чувство на српски национализам и шовинизам, да се завладее со душите и срцата на македонската младина и да се создаде од нив предавници на своите сопствени народни интереси и идеали во продолжение стои: “ Многу се лажат оние Македонци што мислат, се поубаво ќе биди, ако во Македониа дојди Хитлер и Мусолини. Жестока лага. Такви Македонци сознателно или несознателно стануават ортаци на Цветковиќ-Мачек-поп Корошец, ортаци на најзаклетио враг на македонската слобода-германскио и талјанскио империализам. Македонскио народ во таков случај ке има двојца господари, двојца експлоататори, двојца потисници: српскио џандар и германската чизма.
Македонскиот народ ќе има двајца господари и во случај да е Хитлер дај Македонија на бугарскиот империализам.
Спасението и слободата на македонскио народ лежи само во борба против правителството на Цветковиќ-Мачек-Корошец за НАРОДНА ВЛАСТ, КОЈА КЕ ДАЈ СИТЕ СЛОБОДИ НА МАКЕДОНИЈА ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА КЕ ЗАКЛУЧИ СО СОВЈЕТСКИО СОЈУЗ ПАКТ ЗА ЗАШТИТА ОТ СЕКОЈ ЕДЕН ИМПЕРИАЛИЗАМ". Со наролата “JIA ЖИВЕИ СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈАТ. "!
Покраинскиот комитет со овој повик до Македонците има јасен став за судбината на Македонија, а на ропството за Македонците му дават еднакво значение како и на српското така и на бугарското дека тие се исти и дека тука нема никаква разлика за македонскиот народ. Излезот го гледа за Македонија само во борба за НАРОДНА ВЛАСТ, која ќе и ги даде сите слободи на Македонија.
Оценка за работата на партиската организација во Македонија на У земска конференција на КПЈ во Загреб 1940 година.
9 Исто, стр. 340-341.
Со активноста на ПИК и на МК, како и на членството на КИМ, ќе се постигнат добри резултати, благодарение на правилната политичка платформа поставена за дејствување на партиските организации од страна на ПК и ЦК на КПЈ. Во оценките на У земјска конференција стои: “Ние денес во Македонија имаме околу 250 членови на партијата, (наспроти крајот на 1939 год.
кога имало 140 члена). Областен комитет (во ова време носи име Покраински комитет) и неколку месни и окружни комитети". Големи резултати се постигнати во синдикалните организации со создавањето на активи. Резултатите не изостанаа: “Порано во скопската организација имаше 40 работници; сега во синдикатите има |000. Основно друштво “Абрашевиќ", започна со приредби. Акции: во последно време 9 штрајка, 2 тарифни акции. Металците во борба 40 дена.
Успех. Вториот металски штрајк 30 дена веќе трае. Искуството и овде покажа дека во синдикатите и во акциите успесите доаѓаат дури под раководства на Партијата. Во Велес, Битола, Куманово, имаме синдикати. Големи прогони во Прилеп, каде шо имаме 150 члена".
За состојбата на Партијата стои: “Во Македонија порано имаше Партија. Решение за организирање на Партијата е донесено на Советвуањето (Советувањето на Шмарна Гора, јуни 1939 година). Порано работата била слаба. Наименуваното биро од Советувњето речиси никогаш не се состанувало. Кога ЦК видел дека работата не оди, тогаш во март 1940 година испратиле помош. Во Македонија до март 1940 година (движенето) било нула; опортунисти брборливи интелекуталци, кукавици. Првите акции (пишувањето на пароли по зидовите) TO разбија стравот кај Македонците од жандармите".
Во ова време постојат 16 организации во погоемите места, со 247 члена, од кои се 23 жени, со шшто се постигнати добри резулатати. Одржани се два пленума и една конференција, на кои се избра новото раководство. Организирани се акции на производителите на тутун и афион. На македонскиот празник Илинден КП организира акции за негово празнување, како и демонстрации против ненародниот режим.
По прашањето на Народниот фронт, Методија Шаторов не се согласил со ставовите изнесени во рефератот по националното прашање, кој го поднел Милован Ѓилас. Критички се осврнал по изнесениот став: “Рефератот е апстрактен. Референтот можел да го има материјалот. Македонците донесоа Резолуција на конференцијата. Имаат печатени документи. Во рефератот спротивност. Димитров пишува дека Народниот фронт во колониите и натаму останува. Референтот пак повикува само на сојуз на работниците и селаните, значи либералната буржоазија отпаѓа итн. Значи, го отфрлува Народниот фронт. Тој тоа го посматра шаблонски, на ист начин како на пример во Хрватска... Во Резолуцијата на конференцијата ние поставивме дека и средните слоеви и либералната буржоазија влегуваат во националниот фронт, сите со исклучок на шпионите и на империјалистичките агенти. Група од либералната буржоазија и самите бараа допир со нас. Селаните се основната маса во националниот фронт. Но има и друго: јазикот, културата итн., што го бара целата нација (и либерланата буржоазија)".
Во ова време се издава билтен кој излегува еднаш месечно.
Излезени се вкупно 4 броја. Првите два броја се печатени на српски и на македонски, а другите два исклучиво на македонски. По билтените излезе еден број “Искра", исклучиво на македонски јазик. Повиците, летоците, билтените и паролите, пишувани по зидовите на македонски Јазик, ќе имаат големо влијание сред македонските маси за нивното подигање во борбата за национално и социјално ослободување, а со тоа ПК ќе се здобие со голем углед како раководител на борбата 3a ослободување.
Во документите од Петтата земска конференција на КПЈ дадена е оценка за постигнатите резултати на КПМ за времето од изборот на ПК во почетокот на 1940 година, односно таму стои:
“На конференцијата во Македонија се покажа дека партиската организација во таа покраина за мошне краток рок прилично организационо се зацврсти штом ЦК КПЈ посериозно започна да дава своја помош и штом беа отстранети некои стари опортунистички и антипартиски елементи. По формирањето на 22 Исто, стр.355-359.
Обласниот комитет (Покраински комитет н.з.) и создавањето на партиски организации во разни места на Македонија, оживеа и борбата на страшно експлоатираното македонско работништво и селанство. Покраинската конференција на Македонија, потоа учеството на македонската делегација наУ конференција на КПЈ без сомневање ќе биде од големо значење за понатамошната работа и развиток на партиската организација во оваа покраина, каде што суровоста на националното угнетување нема граници". ќи Во ноември 1940 година, од ПК на КПМ издаден е леток до македонскиот народ (Брајкја). Во овој леток се објаснува што носи двегодишната империјалистичка војна, која го зафати и Балканскиот Полуостров (војната помеѓу Грција и Италија). Во овој леток се вели: “Македониа под Грчко е напраена пепел от талијански бомби. Битола е исто така бумбардирана от страна на талијански ероплани". Понатаму се истакнува: “Во вакви критични минути големосрбите и големобугарите спорат чија е Македониа и кој треба да ја управува. Тоја спор се зафати по повод речите на П. Думанов во Народно Собрание (бугарското собрание на 21 ноември 1940 год.), кој рече оти Македониа требало да сјаи како драгоцен камен во короната на цар Борис.
Српските шовинисти и поробители му одговориа, оти Македонија ке сјаи како елмас во короната на југословенскио крал... Целата големосрпска штампа, заедно со скопскио лист “Глас Jyra” чији редактори сет македонски предатели шпиони, викнаа: “Македониа неа даваме на Бугариа, та е била српска и српска ќе остани" итн.
Првото нешто, кое бие на очи е признавањето од страна на српските големци да постои Македонија. Досега секогаш си го дереа грлото оти Македонија нема, а има само “Јужна Србија", а сега признаа оти Македонија има не само во Грција и Бугарија, ами и во Југославија. Ама сушноста на споро меѓу i. Собрани дела Ha Тито кн. 6, стр. 124. Белешка: Судирот помеѓу Методија Шаторов и Милован Ѓилас се појави и се изрази само во однос на македонското национално прашање. (Како да се поставуваат и третираат патиштата кои треба да се следат во однос на решавањето на македонското национално прашање.)
српските и бугарските шовинисти е кој да владеи во Македонија и кој да стрижи македонската овца".
ПК на КПМ во овој леток до македонскиот народ ќе истакне:
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/metodia-shatorov-sharlo-mac/7 on October 29, 2026