Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Metodija Shatorov Sharlo (Political Views)

Front Matter - Part 04

By Riste Bunteski — Bunte · Part 4 of 21 · About 18 minutes

Read in English

националните револуционерни движења, во кој меѓу другото пишува: “По втората партиска конференција на (БКП во Берлин) со моето враќање во Бугарија 1928 година ја зедов на себе работата во партијата специјално во областа за национално-револуционерното движење. Видов дека дотогаш не постоеја национално-револуционерни комисии при партијата и немаше активност во национално-револуционерно движење во Бугарија. По моето доаѓање создадов комисија од 3-5 члена, која работи под мое раководство. Во комисијата зедов еден другар од Добружа, еден од Македонците, и еден од Тракија. На првото заседание на оваа комисија ги прецизиравме обврските и решивме: внатре во сите ракофодства, како и во македонските и добружанските здруженија, да се создадат конфронтации (фракции) и се утврдија насоки за нивната активност.

Покрај централната национално-револуционерна комисија беа создадени и месни комисии под раководство на месните партиски организации. Нужно беше да се вложат големи напори и објаснувања за да се сфати, во нашата партија, значението на национално-револуционерното движење, а посебно за големото значење и важноста на ова прашање.

Многумина го сметта национално-револуционерното движење за второстепено. Видов тогаш како второ прашање се издигна за централните, окружните, околиските и другите организации прашањето за внатрешната а особено за надворешната политика на буржоазијата во Бугарија и продолжението на постојните состојби. Гребаше да се посвети потребното внимание, затоа што постоеја половина милион Македонци, добруџанци и тракиски емигранти во Бугарија и поради тоа во сите делови на организациите требаше да му посветиме доволно внимание.

По организирањето на централната комисија и организирањето на Софиската (во Софија имаше многубројна емиграција) беше пристапено кон создавање конфронтации (фракции) во македонските братства (легални масовни организации). Со ова створивме партиски одделенија е се создадоа можности да раководиме со сите конфронтации во македонското-револуционерно движење во Софија, исто така и во провинциите. Особено беше важно и разјаснувањето на партиската маса за значението на национално- револуционерното движење, како и за карактерот на националните организации. Само за овој проблем требаше да се вложат големи напори од страна на партијата за објаснувањето кое беше неопходно за разбивањето на одредени неправилни погледи, кои ги имаше, и тоа во ова време, кај повеќе партијци.

Многумина мислеа дека ВМРО и легалните емигрантски организации дејствуваат на самото дело и се единствени организации на национално-револуционерното движење во Бугарија и на Балканот и дека само комунистичката партија единствено им откажува соработка. Друга посебност и премногу потенцираност кај Македонците стоеше за решавање:

на партиските и отчетните конференции и преземените мерки од раководствата не подлежат на критика.

Во нашата партија, посебно во годините по војните, не беше дозволено да се зборува за национално-револуционерно движење, иако постоеше во составот на партијата (емигрантски комунистички сојуз). Оваа состојба беше се до втората партиска конференција (крајот на 1927 година во Берлин) кога се измени ова становиште и се прифати за постоење на национално-револуционерно движење во Бугарија. Но и потоа многумина другари стоеја на поранешното становиште по националното прашање. Затоа беше неопходно да се внесе во партијата идеолошко појаснување за постоењето на национално-револуционерното движење во Бугарија. Понатаму беше неопходно да се укаже за ВМРО (врховисти м.з.) како на фашистичка организација. Исто така требаше да се укаже и за ВДРО (Внатрешна добруџанска револуционерна организација).

Овие две “илегални" организации во Бугарија дејствуваа негативно во легалните емигрантски општествени организации, како и во братствата. Меѓутоа, по разјаснувањето на состојбите решивме: партиските конфронтации да се активираат во разјаснување на партиската линија по националното прашање и по националните револуционерни движења во Бугарија (усвоена на Втората партиска конференција).

Специјално во Софија беа создадени конфронтации, како во извесни емигрантски организации, така и во централните. Во составот на тие конфронтации беа зачленети само македонци и Доброџанци. Во Софиската организација на партијата беа организирани конфронтации, во неколку од нив со поголема бројност за раководење беа организирани бира (биро), а во повеќето случаи беа определени другари да раководат со конфронтациите. Со тоа централната комисија воспостави врски непосредно со сите конфронтации, од кои сме добивале податоци за состојбите во тие организации и за меѓусебната внатрешна борба во ВМРО (врховисти). Благодарение на тоа ЦК на партијата имаше точни податоци за размерите на внатрешната борба во средината на македонските автономисти.

Јасно беше дека опстојуваат две струи и дека внатрешните борби се засилуваат и дека секој се подготвува за пресметка.

ЦК знаел за причините на разделувањето, имено:

протугеровистите одат со политичката струја на Цанков, додека пак михајловистите со струјата Ha ЈБапчев. Меѓутоа, [IK недоволно внимателно постапил спрема добиените податоци и дозолил неправилна оценка на социјаниот состав на групациите. Тој оцени дека протогеровистите ја преставуваат крупната боржоазија на македонската емиграција, додека пак во основа крупната буржуазија е претставена од личноста на ЈБапчев. A крилото на Михајлов е поврзано со малата боржоазија, со фашизирано раковдство со провидни демократски определби. Меѓутоа состојбите беа: обратни

. 25 михајловистите со ЈБапчев а протугеристите со Цанков".

Во ВМРО (Об.) настанува конфронтација помеѓу националните сили и комунистите, доаѓа до напуштање на раководството од одредени личности, како, на пример, Васил Хаџи Кимов и враќање на старите позиции, кон создавање на трет центар за сплотување со ВМРО на Ванчо Михајлов и од него поткрепениот Национален комитет. ВМРО Об.) ги критикува овие однесувања и нивната идеја основа на која се организираат. Според ВМРО (Об. ), ставовите кои ги заземале лицата од третиот правец се гледа дека во нив егзистираат врховисти. Тие биле во голема заблуда, која се изразува во ставовите: ВМРО може да има народен карактер, Македонија е бугарска земја, во Петричко нема национално потиснување, да се постигне помирување помеѓу двете крила на ВМРО (Ванчовистите и Протогеристите), а не да се води со HUB 25 Доклад 3 — 1 или 396, 2161, АМ Скопје фонд Шаторов.

решителна борба докрај. Овде е, очигледно, дека настапува дијаметрално спротивна конфронтација помеѓу новите основи што ги постави Шаторов, по овластувањето во 1928 година и старите ставови помеѓу националното и класното ропство (дека во Бугарија постои само класно, а не и национално ропство). “ ВМРО (Об.) потпадна во крајно неповолна состојба, поради активноста на спротивната страна за враќање на старите позиции, со кои се оспорува дека во Македонија под бугарска власт постои национално ропство, и во контекс на тој однос се напаѓа и политиката на БКП по националното прашање.

Сложената политичка и организациона состојба на BMPO(06.)

наложила свикување на нова обласна конференција за разрешувње на новонастанатите актуелни пршања во однос на активноста на врховистите и Бугарската монархија. За оваа цел во април 1935 година од Париз пристигнал нов раководител на организацијата ВМРО (Об.) Методија Шаторов-Димо. Веднаш по неговото пристигнување свикана е Обласната конференција во месноста Бела Вода на Витоша. На оваа конференција биле присутни околу 10 лица-делегати на групи и организации, како и од раководството на ВМРО (Об.). На дневен ред биле поставени следните прашања: |) реферат за внатрешната и надворешната положба; 2) отчет на ЦК на Ш револуционерна област; 3) разјаснување на ставовите за самоопределувањето и за македонската нација; 4) избор на раководство.

Во текот на расправата никнале нови несогласувања. Сите присутни не ги поддржувале двете становишта: за самоопределување на Македонците од пиринскиот дел, до користење правото на отцепување од Бугарија и со другите делови кои се под Србија и Грција, организирање на самостојна македонска држава. Становиштето за посебноста на македонската нација и за нејзиното национално ропство во трите нејзини делови (Бугарија, Србија и Грција) и дека борбата треба да се води против тројното национално ропство, а не само за класно ослободување. Против овие ставови биле Б. Михов и А. Мартулков. Посебно остро се искажал Б. Михов против ге Д. Добринов, стр. 212, 213.

постоењето на македонска нација и се залагал да се напушти ставот за национално-револуционерниот карактер на движењето, односно бил против израмнувањето на пационалното CO класното ропство. Тврдел дека помеѓу БКП и ВМРО (Обединета) веќе нема никаква суштинска разлика. 27 Меѓутоа, принципиелна поставеност на прашањето е дадена уште на Петтиот конгрес на КИ и посебно со решението на БЛС од февруари 1934 година. Од овие решенија било јасно дека КИ и балканските комунистички партии се на становиште за признавање на македонската нација и јазикот. Одредени членови на БКП, како и членови на раководството, се спротивставиле на ставовите за постоењето на македонска нација а посебно за сознанието за посебен македонски Јазик.

Спротивставувањата се изразиле и во неслагањето да се создаваат организации на ВМРО (Об.) во пиринскиот дел на Македонија, со нивно тврдење дека било непожелно да се води

, 2 пропаганда од позиција на “Македонска нација". “ Со преземањето на раководството на Обласниот комитет на ВМРО (Об. ) за пиринскиот дел на Македонија Методија Шаторов, согледувајќи ја состојбата на теренот, покрај другите активности, презел мерки и за средување на односите и совладувањето на отпорите кои постоеле на линијата против самоопределувањето на Македонците и постоењето на Македонска нација. Поради сето ова неслагање Шаторов напишал напис под наслов “Единствениот фронт на македонските маси и борбата со отстапувањата" објавен во сп.

“Пропагандист" бр. 5 од мај 1935 година орган на ЦК на БКП.

Во овој напис Шаторов изнесува факти дека поедини комунисти во Петричко се на мислење да не се создаваат организации на ВМРО (Об.) зашто борбата за социјално ослободување може успешно да се води и од БКП. Шаторов Јасно го истакнал ставот на партиското раководство, тврдејќи дека народните маси сакаат да ја создадат ВМРО (Об.) и затоа што тие во Бугарија не се само социјално, туку се и национално поробени, а ВМРО (Об.) се бори за нивното национално ослободување. Ставовите на комунистите кои заземале

“1 Исто, стр. 213.

28 Исто, стр. 222.

спротивни ставови за ВМРО (Об.) ги оценил како “неболшевички, тесно гледање и опортунизам", ги критикувал комунистите кои се спротивставиле на ставовите за постоењето а македонската нација.

Овде ќе цитираме еден дел од овој напис: “Се сретнуваат другари, кои не можат да разберат дека оценката на партијата за тоа дека македонските Словени претставуваат одделна нација не подлежи на сомневање. Единствен аргумент на тие другари е тој дека македонските Словени зборуваат на бугарски Јазик.

Меѓутоа, Македонците како под бугарска така и под српска власт, не зборуваат на бугарски Јазик, ова го докажале повеќе филолози од меѓународен карактер. Но и да допуштиме, за момент, дека тие заборуваат на бугарски јазик? Значи ли тоа дека тие се дел од бугарската нација? Се разбира дека Hel...

Македонците можат и да зборуваат дури и на бугарски, и покрај тоа тие преставуваат посебна нација. Според нашето убедување, прашањето за одделен македонски Јазик не е нешто, кое не стои пред разрешување. Другарите, кои тврдат за непостоењето на македонската нација, стојат на неболшевички позиции по националното прашање, тие на дело застануваат на позициите за присоединување на “Бугарите од Македонија" кон Бугарите од старата Бугарија, т.е. на освојувачките империјалистички позиции на бугарската буржоазија". > Во ова време, по најразлични поводи БКП и ВМРО (Об.) упорно го застапуваат становиштето дека Македонците не се Бугари, туку се одделна македонска нација, подложена на национално угнетување и класна експлоатација. Врз основа на тоа македонскиот народ се организира за борба против асимилаторите од Белград, Софија и Атина; за правото на самоопределување користејќи го првото на отцепување и обединување во самостојна македонска држава; со право да се зборува на македонски Јазик во училиштата, затоа што македонскиот народ ги има сите белези на нација. "“ 25 Исто, стр. 222, 223 и Нелегалниот периодичен печат во Бугарија (Ковачев Велчо), 1923-1941, Codus, 1986, стр. 236.

3 Исто, стр. 223.

Обласниот комитет под раководството на Шаторов во 1935 година презел низа активности за изградба на платформата на ВМРО(Об.). Во ставовите за практичното изградување на единствениот револуционерен фронт има големо движење напред кон рационализам. Обласниот комитет препорачува да се прават револуционерни комитети без оглед на тоа дали конкретната личност била симпатизер на михајловистите или протогеристите. Едновремено со тоа фракциите на ВМРО (Об.)

да работат засилено помеѓу членската маса за прифаќање на ставовите на ВМРО (Об. ), со крајна цел избирање во целост на прогресивни раководства на братствата. Програмата за изградување единствен фронт на македонското движење се општи политички ставови на ВМРО (Об.) кои ќе се примат од масите непосредно, поради тоа што се од непосреден карактер:

самостојност на македонското движење, против врховизмот и големобугарскиот шовинизам; за слободна и независна Македонија; национално, политичко и економско ослободување на македонскиот народ; општа борба заедно со социјално угнетените во Бугарија; за правото на пиринскиот дел на Македонија на самоопределување до одделување и соединување заедно со другите два дела на самостојна македонска република. "!

Со промената на ставот во однос на ВМРО (врховисти)

Обласниот комитет на ВМРО (Об.) свикал посебна седница, на која организациониот секретар Методија Шаторов поднесол реферат за потребата од организирањето на единствен фронт и со членската маса на ВМРО и од двете крила. >> Овие ставови 3b на ЦК на БКП со писмо до внатрешното раководство на партијата бара да преземат мерки за привлекување на михајловистите во единствениот македонски фронт. Се оценува дека со нивното вклучување ВМРО (Об.) повторно ќе го подигне знамето на обединувањето. Ова становиште се спроведува од пролетта 1935 година со доаѓањето на Шаторов за раководител на Обласниот комитет на ВМРО (Об.) за пиринскиот дел на Македонија. За вакво становиште се користи 3! Исто, стр. 227, 228.

32 Исто, стр. 228, 229.

положбата на ВМРО на Ванчо Михајлов по нејзиното забранување од страна на бугарската власт од 1934 година. > Обласниот комитет на ВМРО (Об.) за Македонија под бугарска власт, со доаѓањето на Шаторов за раководител, во април 1935 година објавува повеќе прогласи, повици и други написи до македонскиот народ. Поради интересноста и јасноста на ставовите на Шаторов и на другите членови на ОК, ќе цитираме и коментираме делови од овие документи. Во повикот од крајот на април по повод прославата на Први мај 1935 година, покрај повеќето ставови, стои следното: “На Први мај македонскиот национално поробен народ и емиграцијата во Бугарија исто така го изградува единствениот револуционерен фронт со бугарските, српските и грчките работници и селани против нивните поробувачи... Се прогонува дејноста во името на слободата и независноста на Македонија, се прогонува дури и името Македонец. И тука, како и во Грција и Србија нам ни се одрекнува нашата националност... Бесплатно доделување на сите општински, манастирски, чифлички и државни земји на безимотните и сиромашните селани... Високо поткренување на знамето на Гоце Делчев, Јане Сандански, Димо Хаџи Димов.

Одбрана на нашата самостојна националност... Право на самоопределување на Македонија под бугарска власт (Петричко), вклучувајќи ги и правото на нејзиното одделување во самостојна држава... Ослободување и обединување на трите дела на Македонија во независна република на македонските трудбеници". за Во декларацијата од janyapu-anpui 1935 година стои: “Владата на Златев, наред со веќе преземените противмакедонски мерки, се готви да го задуши македонското национално-револуционерно движење. Таа дури го откажа правото на Македоните да се нарекуваат Македонци и, на тој начин, широко дејствува за обезличување на Македонците како народ и нација".

13 Исто, стр. 229.

34 BMPO(06.), Документи и материјали, KH. 2, стр. 303, 304, 305.

* Исто, стр. 305.

Во донесената резолуција во мај 1935 година се анализираат состојбите се донесуваат одредени ставови за натамошна активност на организацијата. Овде пренесуваме дел од ставовите: “Врз основа на таа борба и при се поголемото развивање на борбата, надминувајки ги сите појави на распуштеност, опортунизам и колебање, ВМРО (Об.) треба да всадува и зацврствуа железна дисциплина во своите редови.

Подигајќи ја се повисоко борбата на два фронта, против опортунизмот и помирувањето со него, разгорувајќи се порешителна борба за демаскирање на врховизмот во двете негови разновидности (михајловисти и протогеровисти), обединувајќи ja целата маса околу својот Областен комитет на ВМРО (Об. ) треба решително и со забрзано темпо да ja зацврсти силата на единствениот револуционерен фронт со бугарските и балканските работници за ликвидирањето на бугарскиот и балканскиот империјализам, за дефинитивно разгромување на македонскиот врховизам, за извојување на правото а самоопределување на Петричко и цела Македонија до нејзиното издвојување во самостојна политичка државна единица". °° Опортунизмот се изразувал: во негирањето на потребата од постоење на ВМРО (Об.); во тврдењето дека треба прво да се изгради организацијата, а потоа да се водат акции; во ставот на теророт да се одговара со терор, а што не се совпаѓа во принципите на BMPO(06.). "!

Во повикот кон работното население во Македонија под бугарска власт, издаден во средината на мај 1935 година, а по повод превратот во Бугарија од 19 мај 1934 година, Обласниот комитет констатира и повикува: “Работни браќа Македонци!

Доста веќе глад и робија! Доста со молчење и наведена глава!

Имаме доволно лекции од минатото. Добра лекција ни е и 19 мај за да не се надеваме дека ќе дојде некој од надвор да не ослободи! “Нашата слобода е во нашите раце", така не учеа Гоце и Сандански, така денес не учи и ВМРО ((Об.) единствена продолжувач на нивното дело. Да тргнеме по свој единствен сигурен пат за организирање на масовна борба... и во сојуз со бугарските работници и селани да се дигнеме како еден човек 36 Исто, стр. 313, 314.

37 Исто, стр. 313.

за да ја срушиме крвавата и против македонска воено-фашистичка влада и нејзините врховистички орудија (михајловистите и протогеристите) во името на следните наши барања: За самоопределување на Петричко по неговото одделување од империјалистичка Бугарија за да послужат на овој начин како почеток и стимул за ослободување и обединување на цела Македонија во слободната република на македонските трудбеници".

Во повикот: “Измачени и онеправдани Македонци" од средината на мај 1935 година стои: “Апсењето и малтретирањето на 300 селани и работници во Светиврачко и осудените на 26 од нив; новиот процес против |9 ученици и 9 граѓани во Горно Џумаја; Бугарскиот империјализам со оган и мач сака да не направи безпоговорни робови, но тоа нема да го постигне. И покрај се, ние Македонците заедно со бугарските работници и селани ќе ја згмечеме зверската глава на бугарскиот империјализам. Да живее борбата на македонските работници и селани за економско и национално ослободување".

Во повикот на Областниот комитет на ВМРО (Об. ) BO Македонија под бугарска власт, издаден во мај 1935 година стои: “Браќа Македонци! Во последно време во Македонија под бугарска власт и во Софија се извршија масовни апсења на Македонци. Уапсените се најжестоко измачувани. Дел од нив се ослободени, но многумина се испратени во затворите.

Нивната единствена вина е дека се тие прогресивни Македонци

- националисти, противници на врховизмот. Печатот, меѓутоа, го полнат со лажни податоци од Дирекцијата на полицијата во Софија, дека овие народни синови си поставиле за цел да воведат советска власт во Петричко и сл. Го нас скуваат и клеветат единственото национално-револуционерно македонско движење. Фашистичкиот печат ja нарекува ВМРО (Об.)

комунистичка организација, агент на Третата интернационала!

Македонци! Не им верувајте на полициските махинации.

Бугарскиот печат и полицијата ја задушуваат вистината, зашто се плашат од нив. ВМРО Об.) е национална организација, која 38 Исто, стр. 315, 318, 319.

2 Исто, стр. 319.

се бори против ропството во Македонија. Таа ја изразува македонската национална свест и го држи знамето на националноослободителната борба. Во редовите на ВМРО(Об.)

влегуваат Македонци без разлика на нивните политички убедувања. Во неа членуваат сите Македонци, кои ja имаат прифатено револуционерно-демократската борба за национално и економско ослободување - во тој број и комунистие. Нашите организации се борат против бугарскиот империјализам, како што (тоа го прават) отаде (границата) - против грчкиот и српскиот империјализам. Петричко е претворено во колонија, чиешто население најбезмилосно се експлоатира и потиснува по пат на даноци, ангарии, натурени бугарски кметови, воена положба, што е станато систем-отсуство на слобода, забрана на македонскиот јазик во училиштата, во установите и друго. Сето ова ја прави положбата во Петричко неподнослива. ВМРО(Об.)

се бори против ова ропство; но бугарските империјалисти не кажуваат за ова ништо! Тие им го одрекнуваат на Македонците правото на своја држава - сакаат да го зачуваат своето господство во Петричко. Тие спроведуваат бугарска пропаганда сред нашиот народ, за да ја оправдаат својата освојувачка политика во однос на цела Македонија. Во тоа им помагаат врховистите-маихајловисти ии протогеровисти. Обесправени и измачени Македонци! Власта презеде масовни апсења во времето кога секој момент се очекува (да избувне) светската касапница меѓу народите. Бугарските империјалисти сакаат и нас, Македоните, заедно со бугарскиот народ, да не турнат да се бориме за нивните интереси. Затоа се прогоните против македонското ослободително движење, кое се бори против војната и го води македонскиот народ кон нов победоносен Илинден. Протестирајте против апсењата на прогресивните Македонци! Влегувајте во ВМРО (Об.) - единствениот наследник на старите организации на Делчев, Ѓорче, Пере, Сандански! Борете се против ропството во Македонија! Надвор бугарските окупаторски оружени сили од Македонија! Долу насилничкото насадување на бугарштината во Македонија!

Бранете си Ја националноста! Изградувајте го единствениот Македонски фронт за борба против империјалистичкото иго!

Да живее слободна и независна Македонија!“

40 Исто, стр. 321.

Во повикот од истиот Областен комитет издаден на крајот на Јули 1935 година стои: “Македонци, Големиот празник на македонската револуција, ИЛИНДЕН - e пред нас. Пред 32 години (1903) македонските народни маси, предводувани од својата сакана Делчева ВМРО, се дигнаа на оружено востание против султанската и беговска Турција. Целта на Илинденското востание беше политичко ослободување од ропството на Султанот и пашите, чивчиско раскрепостување и предавање на земјата на селаните. Илинденското востание е на незаборавниот и најсветол датум во историјата на македонското револуционерно движење. Илинденското востание заврши со неуспех, но тоа е голем подвит и ќе си остане највеличественото дело во новата македонска историја. Тој го покажува патот кон македонската слобода и независност. Браќа Македонци. Една од причините за поразот на Илинденското востание е тоа што беше предвреме предизвикано од врховистите - агенти на бугарскиот империјализам, чија цел беше мешање од надвор и заробувањето на Македонија од страна на Бугарија. Истиве стари грешници, што се наоѓаат во раководното тело на Илинденската организација, ги викаат бегалците и емиграцијата да доаѓаат на нивни помени и собранија за да злоупотребуваат со скапите жртви, да тргуваат со македонските души и да ја спроведуваат врховистичко-фашистичката политика на бугарските империјалисти.