Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Metodija Shatorov Sharlo (Political Views)

У. РАЗЛИЧНИТЕ ГЛЕДИШТА МЕЃУ ШАТОРОВ И СОСЕДНИТЕ КОМУНИСТИЧКИ ПАРТИИ - Part 04

By Riste Bunteski — Bunte · Part 20 of 21 · About 16 minutes

Read in English

Македонија немаше слобода и независност и пред окупацијата, а после неа падна само под ново ропство". “ За ова прашање, ЦК на КПМ во 1948 година, правејќи анализа за развојот на партиската организација во Македонија констатира: “Шарло сметал дека таквиот став е неправилен, бидејќи, според Шарло, “Македонија не била независна и слободна и според тоа ништо не изгубила, туку само добила нови господари". =’ Раководството на ЦК на Македонија и во 1948 година го осудува Шаторов за неговиот став дека Македонија во составот 255 255 Напис од Шаторов објавен Bo “Пропагандист" од мај 1935 год. бр. 5, стр. 24-28 и Д. Добринов: ВМРО (Об.), Софија, стр. 222 и 223.

256 Извештај на Шаторов од 16 септември 1941 год. до КИ Москва.

251 Извештај-анализа Ha ЦК КПМ до LIK КПЈ од 16 јуни 1948 год. стр. 7, 8.

на Кралска Југославија немала слобода и независност, дека балканските војни биле окупаторски за Македонија. Го поддржува ставот на КПЈ заземен во Мајскиот проглас дека со фашистичката окупација Македонија ја изгубила слободата и самостојноста. Тоа значи дека балканските војни биле ослободителни.

15. Покраинскиот комитет во својата програмска цел посебно му посветувал внимание на прашањето за социјално и национално ослобдување.

За подобрување на положбата на работниците, за повисоки надници, за осумчасовно работно време, за поповолни цени на земјоделските производи. Како пример: Покраинскиот комитет во повикот до тутунџиите во Македонија кон крајот на 1940 година пишува: “Тутунот е монопол на таа туѓа држава на завојеватели, експлоататори и плачкаши, кои ја експлоатираат Македонија... Зар не е плачка да купиш тутун за 20-25 динари, да го продадеш 300-400 динари? 258 Програмските начела на Покраинскиот комитет на Комунистичката партија во Македонија претставуваат максимална програма за ослободување на Македонија, наспроти минималната програма која ја предвидува КПЈ, БКП и ГКП за решавање на македонското прашање во постојните граници.

258 Документи и материјали, том И, кн. 2, стр. 368.

УП. ПОЛОЖБАТА И АКТИВНОСТА НА МЕТОДИЈА ШАТОРОВ ПО СУСПЕНДИРАЊЕТО ОД ФУНКЦИЈАТА ПОЛИТИЧКИ СЕКРЕТАР НА ПК Во своето писмо до ЦК КПЈ кога ја доставил одлуката на Комунистичката интернационала, во почетокот на месец септември 1941 година, тој за себе побарал да му се дозволи да замине во партизани. Во тоа време постоеше Скопскиот партизански одред. Инструкторите на ЦК КПЈ тоа не го дозволиле.

Карактеристично е да се истакне дека во писмото на Тито од 4 септември 1941 година до Извршниот комитет на Коминтерната, покрај другото, стои ова: “виновниците ќе ги ставиме пред нашиот воен партизански суд". Од овој искажан став на Тито до Коминтерната може да се согледа дека раководството Ha LIK КПЈ за грешките наведени во овие документи Методија Шаторов ќе биде ставен пред воен суд.

Досега не се располага со документи дали Методија Шаторов бил осуден од воен партизански суд. Меѓутоа, според сеќавањето на Цола Драгојчева (“Из мојте спомени") може да се види дека делегатот на КПЈ во разговор со неа барал таа да помогне Методија Шаторов да се префрли во средината на Југославија, односно во Србија за да му се суди. Драгојчева тврди дека со тоа не се согласила, затоа што Шаторов врз основа на лажни обвиненија бил осуден на смрт со стрелање.

Исто така Добри Мичев во (Војно историски зборник, книга бр.

6, стр. 20) пишува: “LIK на БРП се ангажира пред Коминтерната за Методија Шаторов и тој е спасен од исполнувањето на издадената смртна пресуда на Титовиот штаб. Методија Шаторов е повлечен во Софија". Од овие две искажувања и од писмото на Тито испратено до Коминтерната за неговото судење може да се претпостави дека бил изведен пред воен суд и осуден на смрт во негово отсуство, без да биде формирана комисија за да ги испита обвиненијата против Шаторов.

Во почетокот на октомври 1941 година Методија Шаторов бил повлечен во Софија од каде бил испратен за помош на Пловдискиот окружен комитет. Таму активно учествувал во средувањето на окружната партиска организација.

Шаторов активно дејствувал за афирмација на македонското национално сознание и за подготвеност на народот да се бори за национално ослободување, за негово обединување и создавање на самостојна македонска држава. Оваа активност била упатена не само среде македонскиот народ, ами и среде соседните народи и нивните комунистички работнички раководства за заедничка борба за остварување на македонските национални интереси.

Анализирајќи го прогласот на ЦК на БКП под наслов “За слобода, рамноправност и самоуправување на Македонија" од декември 1941 година (со поднаслов до “ Македонците" ce истакнува: “Војната на Балканот доведе до окупација на Македонија од страна на германските и бугарските војски... Вие денеска сами гледате оти сте сто пати повеќе поробени и ограбени него пред војната. Вие не добивте никаква слобода туку сурово ропство.

Укажувањето кое ви го даваат македонските комунисти оти е Хитлер зло напаст за човечанството, оти тој не носи слобода туку ропство, оти тој дојдува во Македонија не затоа нешто да помогне туку да земи и да ограби и да експлоатира заедно со својот слуга бугарскиот фашизам-денеска стана вистина". = Како основ за овие ставови на бугарското партиско раководство му послужиле ставовите на Шаторов искажани во писмото до “Crojan” и во прогласот издаден за 2 август 1941 година, 3a прославата на Илинденското востание. Компарацијата на овие документи ја потврдува големата сличност, како и потполната идентичност, на пример: “Ваши раководители и борци од минатото како Гоце Делчев, Пере Тошев, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Димо Х Димов и други", **° како што стои во прогласот на ЦК на БКП. Истите овие личности се наведени кај

. . 261 Шаторов во неговото писмо до “ Стојан" од мај 1941 година. 6 259 Историски архив на КПЈ, т. VII 1941-44 год., стр. 82, 83.

260 Исто, стр. 83.

261 Извори, том I, кн. 1, стр. 17.

Во овој проглас на ЦК на БКП стои: “Во сегашната ситуација на Балканот, слободата на Македонија, воглавно зависи од активното учество на македонскиот народ во славната ослободителна борба на српскиот, хрватскиот, црногорскиот, словеначкиот, грчкиот, бугарскиот и другите балкански народи, кои тие водат против Германците, Италијаните и бугарските поробувачи и окупатори на туѓи земји и народи". °° Шаторов во споменатото писмо до “Стојан" пишува исто така дека Македонците треба да се борат заедно и ги наведува истите народи (само без Словенија). °° Ова укажува дека Шаторов уште во мај 1941 година македонската борба ja поврзувал со борбата на останатите балкански народи, а не само со југословенските народи, становиште што го наметнувала BO ова време ЦК на КПЈ.

Исто така во прогласот Ha LIK на БКП стои: “Cera вас ве принудуваат да плакате тешки порези по српските закони". ~** Ова е преземено од прогласот на Шаторов од 2 август 1941 година каде стои: “Македонците не се борија за да ви земат даноци по српските наредби". 265 (Ставовите BO прогласот за бугарската окупација на Македонија (и за насилното одземање на житото и другите прехранбени производи) се преземени од Шаторовиот проглас по повод 2 август.

За Илинденското востание во прогласот на ЦК на БКП стои:

“Вие старите Македонци живи сведоци за Илинден ќе потврдите да е Илинден бил и да е стварно македонски, а не Илинден на бугарските фашисти". Шаторов за ова пишува:

“Илинденското востание и Крушевската репувлика беа дело на македонскиот народ, али не дело како што сакајат да го престават врховистите-денешните македонски фашисти, нити дело на бугарката држава. Бугарските фашисти-сакајат да го украдат илинденското знаме" 262 Историски архив на КПЈ, том VII, 1941-44 год., стр. 85.

263 Извори, том I, кн. 1, стр. 19.

264 Историски архив на КПЈ, том VII 1941-44 год., стр. 83.

265 Извори, том I, кн. 1, стр. 40.

266 Исто, стр. 30.

Оваа компарација е доволна да се утврди дека во декемврискиот проглас Ha ЦК на БКП од 1941 година во основа (во интерес на македонското национално битие) се преземени и прилагодени ставовите во современите услови, од прогласите и писмото до “Стојан" на Методија Шаторов.

Во јануари 1942 година Шаторов бил примен за член на ЦК БКП и бил избран за секретар на Софискиот окружен комитет.

Тој непосредно раководел со воената комисија на Окружниот комитет која активно работела за формирање на првите партизански чети. Во октомври 1942 година настанала провала во партиската организација кога се затворени околу 31 лице. Во оваа провала полицијата дознала дека Методија Шаторов е главен организатор на акциите и бугарскиот фашистичи суд го осудил на смрт во отсуство. И поркај сето тоа Методија Шаторов ја продолжил активноста и како секретар на Обласниот комитет непосредно раководел со диверзански групи за убиство на високи фашистички раководители во Софија. Така во февруари 1943 година го организирал убиството на генералот Христо Луков и др.

Во март 1943 година Окружниот комитет донесол решение да се прослави Први мај и да се организира отпор за заштита на Евреите од прогонство. Било одлучено првомајскиот проглас да го напише Методија Шаторов и уште еден член на Комитетот.

Договорено било во еден илегален стан, според пишувањето на В. Горанова, тогашен организационен секретар на Обласниот комитет. Во книгата “Револуционерна Софија", стр. 596, стои:

“Првомајскиот проглас требаше да го напишеме со Методија Шаторов за оваа цел решивме тој да дојде во илегалниот стан на Окружниот комитет на ул. “Доростол" бр. 48 кај Петрана Нацева. Во овој стан имаше уредено скривница. Јас влегов вечерта во станот, а тој требаше да дојде во шест часот наредниот ден. Точно во шест часот утрината позвоне надворешната врата и ние знаевме дека доаѓа тој, Петрана отиде да отвори и дури го отвртила еднаш клучот. Но слушнала необични гласови па се осмелила да праша “кој е"? Домакинот Василев знаеше дека кај нас секогаш имало по нешто и не предупреди и викнал “ полиција"! Петранка ги помоли да почекаат да се облечи а јас влегов во скривнацата. Претрес вршеја внимателно... Во тоа време пристигнува Шаторов. Тој се искачува по степениците и разбира што станува но не се исплашува и продолжува покрај стражарите и звони на нашиот стан како да има познати луѓе. Вратата му Ја отворат агентите.

Тој ладнокрвно му подава шише млеко “за учителката" (Петрана беше учителка). Полицаецот во моментот се држел за пиштолот и го примил шишето млеко, во тој момент Шаторов му рекол “догледање" и се вратил по степениците непопречен од никого. Во овој критичен момент го спаси само неговата голема присебност и многу (“благонадежниот")) изглед (тој беше секојпат добро облечен)".

Прогласот го напишале другата вечер, во друг илегален стан. И двајцата биле осудени на смрт од бугарските власти, но и покрај тоа не се откажувале од активноста.

По демонстрациите на 15.01.1943 година во Софија (и другите преземени активности под раководство на Шаторов) во организацијата настанала провала. Полицијата затворила поголем број активисти и потоа покренала судски процеси. Во овие провали е провален и секретарот на Обласниот комитет Методија Шаторов, кој во отсуство бил осуден, по вторпат на смрт со стрелање.

За смртните пресуди, во еден дијалог со еден негов соработник кој барал да замине во партизани затоа што бил осуден на смрт и поради тешките услови на илегалниот живот, Шаторов на тоа му одговорил: “Ти знаеш, ми рече, оти јас имам две смртни пресуди. Но сега задачата налага да бидат тука макар што условите се тешки, се движам помеѓу многу луѓе, не знам кој е пријател, а кој непријател. Ние сме тука, неможното да го направиле можно".

Шаторов до 15 Јули 1943 година бил секретар на Софискиот областен комитет, а потоа бил заменет од Г. Чангов, но и понатаму останал во илегалство во Горна Бања, по решението за негово заминување на нова должност во Пазарџиската област по војна линија, односно за командант на Третата војна оперативна зона, чекајќи во секое време врска да замине. Во ова време бил свикан состанок на Окружниот комитет. Неговиот соработник раскажува: “Ние со Методија Шаторов бевме нешто како стража".

Според искажувањето на неговите блиски соработници, Шаторов во разговорите и дијалозите се користел со македонскиот јазик, а за ова на едно место може да се прочита следното: “Крај огнот на Чепинци дојдоа партизани и од другите одреди. Покрај нас беше и Методија Шаторов со останатите членови на штабот... во говорот употребуваше македонски јазик. Тој не се наметнуваше само со својот длабоко човечки збор, тој се наметнуваше со неговото познавање на состојбите и неговите интелектуални способности и квалитети во однос со присутните".

Во јуни 1943 година Методија Шаторов заминал во партизани и станал командир Ha Џазарџиската оперативна партизанска зона.

Тој раководел со партизанските единици и со штабот на оваа зона. Покрај низата акции и водени борби, покарактеристична е тешката борба на “Елеџик" на 15 февруари 1944 година. Во оваа борба Шаторов бил ранет во ногата. Времето било многу тешко, со снежни виулици и мразеви, имале одреден број ранети партизани, а тешко бил ранет и политичкиот комесар на зоната Стојан Попов. Во овие тешки услови Шаторов наредил да се спасуваат ранетите и тој лично учествувал во носењето, иако и самиот бил ранет. Преземал мерки за нивно лекување и со тоа им го спасил животот на голем број ранети.

Во средината на август 1944 година Методија Шаторов со Штабот на зоната организирал поголема акција и собрал повеќе одреди на врвот на Милева Скала, каде имало преку 200 партизани. Шаторов формирал четири ударни групи за да групи за да извршат напад оддеднаш на четири пунктови. Првата група од 117 членови требало да нападне и да ја преземе железничката станица Варвара, во која, според информациите, имало оружје, кое требало да се земе. Втората група со околу 60 партизани требало да го нападне селото Варвара. Третата група имала задача да го заземе селото Симеоновец и да го заземе германскиот склад. За оваа цел Шаторов се послужил со итрина и наредил партизанското одделение да биде облечено во војничка бугарска униформа. Четвртата група од 20-25 партизани требало да го нападне селото Семчиново. За оваа цел Штабот ги свикал сите командири и комесари и сите чети Ја примиле задачата и истите ги свикале сите свои борци и ги подготвиле за извршување на поставената задача. Методија Шаторов тргнал со групата на Асен Банев која била одредена за напад на селото Варвара. По извршувањето на овие акции одредите се повлекле поново на планината на Милеви Скали каде што уште во август овој дел беше слободна територија.

Партизанските одреди се зголемувале и околу 27 август под команда на Шаторов на оваа територија имало 800 партизани.

Шаторов предвидувал зголемување на оваа територија и заземање на населени места не само во планинскиот дел ами и во рамнината во полето а со тоа приближување кон Пазарџик.

Партизанските акции станувале се почести и посмели. На 1 септември 10 партизаните ja нападнале железничката станица Дренов Дол, неколку групи извршиле напади на полски села и стигнале до Лозен. Четата на Чапаев одново влегла во Габровица. Овие акции Ја предизвикале бугарската војска и полиција и истата организирала офанзива против партизанските единици.

На 4 септември во 7 саатот Штабот бил известен дека на партизанската слободна зона ќе нападнат воени и полициски сили. Методија Шаторов наредил четите и одредите да се подготват за борба. Тој пред истите рекол: “Другари сега положбата е таква што борба не можеме да отстапиме...

зборуваше со тврд глас пред построените партизани. Треба и должни сме да прифатиме бој со непријателот и да го уништиме, затоа што населението ќе ја изгуби довербата во нас и затоа побргу заземете ги своите места". Меѓутоа, воено-полициските сили биле добро организирани и наоружени и биле многубројни, ги опколиле партизанските единици и почнале да ги разбиваат и ги принудиле на отстапување а во тоа време ги зазеле погодните географски места. Партизанските единици принудени биле да се пробиваат по неповолни терени и на овој ден загинале 12 партизани. Повлекувајќи се со нив, загинува и командантот на зоната Методија Шаторов. 261 За овој настан пишува поопширно Атанас Семерджиев: “После народната победа, трупот му беше пронајден прострелан на неколку места и ограбен од убијците".

267 . . .

Овие искажувања кои се користени BO овој материјал се обј авени BO публикацијата “Револуционерна Софија".

- Атанас Семерджиев “За да има живот" издадено Софија, 1964 год.

- “За народна слобода" Сборник - Софија, 1970 год.

26% Дтанас Семерджиев “И никој не се заврна" партизански спомени издадено Софија 1973 год., стр. 245.

УШ. КРАТЕНКИ БКФ - Балканска комунистичка федерација БЛС - Балкански лендерсекретаријат ВМРО - (централисти-старата) Внатрешна македонска револуционерна организација ВМРО - (Обединета) (Об.) Внатрешна македонска организација ВМРО - (врховисти) Внатрешна македонска револуционерна организација ВДРО - Внатрешна добружанска револуционерна организација ИК на КИ - Извршен комитет на Комунистичката интернационала ИБ БКП - Извршно биро на бугарската комунистичка партија КИ - Комунистичката интернационала КПЈ - Комунистичката партија на Југославија КПМ - Комунистичката партија на Македонија KIIb - Комунистичката партија на Бугарија КП - Комунистичката партија на Грција КП - Комунистичка партија ЗБ - Задгранично биро ЗЗД - Закон за заштита на државата МК - Местен комитет ОК - Областен комитет [IK - Покраински комитет [1K на КПМ - Покраински комитет на комунистичката партија на Македонија ПО - Партиска организација ЕКС - Емигрантски комунистички сојуз ЦК - Централен комитет ЦКЈ - Централен комитет на Југославија ЦКБ - Централен комитет на Бугарија ЦК КПЈ - Централен комитет на комунистичката партија на Југославија ЦК БКП - Централен комитет на Бугарската комунистичка партија Псеудоними што ги користел Методија Шаторов во својата револуционерна активност

. Марко,

. Панајот,

. Пантелеј,

. Бај Панајот,

. Кателини,

. ATaHOCOB,

. Катил,

. Митре,

. Шарло,

10. Саво,

11. Димо.

OO 00 - тло 5 — Потписот на Методија Шаторов - Шарло БЕЛЕШКА ЗА АВТОРОТ Ристе Бунтески - Бунте е роден во селото Големо Коњари - прилепско. Завршил Правен факултет во Скопје. Сега е пензионер. Бунтески на македонска Јавност и се претставил како истражувач и проучувач на историското минато на македонскиот народ. Учествувал на повеќе симпозиуми што ги организирал Општинскиот одбор на Сојузот на здруженијата на борците од НОВ - Прилеп, на теми: Економско-социјалните состојби и колонизацијата во Прилеп и во Прилепско меѓу двете светски војни, Занаетчиството во Прилеп од 1912 до крајот на 1939 година, Материјалната положба на населението во Прилеп и во Прилепско меѓу двете светски војни, Родителската средба во прилепската гимназија во 1940 година;

на Симпозиуми што ги организирало Друштвото за наука и уметност од Прилеп на теми: Политичките ставови за решавање на македонското национално прашање на Методија Андонов -Ченто, Економско-социјалните состојби на населението во Прилеп и во Прилепско од 1886-1920 година; на Симпозиумот што го организира Македонската академија на науките и уметностите на тема: Економско-социјалните последици од војните од 1912 до 1918 година во Прилеп и во Прилепско.

Автор е на монографијата за Кузман Јосифовски - Питу (Македонски национален визионер), во издание на Друштвото за наука и уметност во Прилеп, на освртите на книгите Југословенските социјалисти-комунисти и македонското прашање (1918-1945) од д-р Славко Милосавлевски и Општествено-економскиот равој на НР Македонија, од д-р Лазар Лазаров, како и на двата фењтона во весникот Нова Македонија на теми: Основните програмски цели на Покраинскиот комитет на КП на Македонија во 1940 и 1941 година и Денови на искушенија: Панко Брашнаров.

Ристе Бунтески-Бунте МЕТОДИЈА ШАТОРОВ-ШАРЛО