Metodija Shatorov Sharlo (Political Views)
У. РАЗЛИЧНИТЕ ГЛЕДИШТА МЕЃУ ШАТОРОВ И СОСЕДНИТЕ КОМУНИСТИЧКИ ПАРТИИ - Part 02
Во основите на линијата на Партијата по македонското прашање лежат определбите: “Право на народот на самоопределување, се до отцепување". 9! Понатаму ce истакнува: “се е поцврсто единството на заедничката борба Ha Арнаутите, Турците и Македонците против секое угнетување од која и да е страна, било да доаѓа од Србија, Бугарија, Грција или Италија за ова не е мала заслугата на нашата Партија". 2 На јануарскиот Пленум на ПК на КПМ одржан во 1941 година се донесува следниот заклучок: “Пленумот исто така потцртува дека Комунистичката партија во Македонија ниту, за момент не се откажала од својата крајна цел: полно ослободување и равноправност на Македонија - дури до барањето, до отцепување во самостојна државна заедница". 193 Методија Шаторов во писмото до “Стојана" по ова прашање зазел свој став: “Одговор е само еден: да се обединат сите Македонци и други народности во Македонија за општо свое право за слобода и равноправност, но не цепење на македонската земја и македонскиот народ. За таа своја слобода и равноправност Македонците треба да се борат заедно со Бугарите, Хрватите, Србите, Грците и Црногорците на Балканскиот Полуостров, затоа што судбината денеска им е еднаква". Во повикот до Македонците, Турците, Арнаутите и Власите, издаден пред 2 абгуст 1941 година, Покраинскиот комитет по ова прашање за обединување на Македонија бил доследен во својата определба: “ Македонскиот народ се бореше не за монархија, не за султан и цар, но се едно каков бил тој, дали Турчин или Немец, а за СЛОБОДНА МАКЕДОНСКА 1 Илегален печат, том II, кн. 2, стр. 71 и 135.
52 Исто, стр. 103.
193 Документи и материјали, том 1, кн. 2, стр. 382.
РЕПУБЛИКА, како равноправна членка меѓу сите комшијски балкански држави". !“ Ставовите на КПЈ, КПБ и КПГ по ова прашање се спротивни.
Уште во 1935 година донеле одлуки македонското прашање да се решава во постојните граници. КПЈ на Сплитскиот пленум, истата година, донел одлука против обединувањето на Македонија, а решавањето на ова прашање да се остварува во постојните Југословенски граници поставени и со Версајскиот договор по завршувањето на војната од 1918 година, кога Македонија е распарчена на повеќе делови помеѓу балканските монархии. Овој став раководството на КПЈ го задржал без промени и во годините 1940-1941 и потоа, а тоа се потврдува со ставовите на објавените свои документи: “КПЈ истапува против разбивањето на сегашната државна територија на Југославија, бидејќи сака тоа преуредување на државата да го постигне по
| мирен пат, врз основа на националната равноправност". 25 На Мајското советување на КПЈ, одржано во 1941 година, за Македонија бил заземен следниот став: “Македонија исто така ja доживеа таа несреќа меѓусобно да ja поделат неколку освојувачи. Од под велико-српското угнетување таа дојде под бугарски, а делумно и под италијаснки јарем. Задачата на македонските комунисти е да ги собираат народните маси во борбата против насилното присоединување и делење на Македонија, а за слободно национално определување на македонскиот народ и за негова национална независност". Овие ставови се однесуваат само за делот окупиран од страна на фашистите во 1941 година, а не и за деловите окупирани од монархиите во 1918 година, односно ЦК КПЈ немал свој став за обединувањето на сите делови а распарчена Македонија од 1918 година. Меѓутоа, на истото советување за Словенија бил заземен став за обединување на сите нејзини делови окупирани и од 1918 година.
Истиот став (“ грешка") LIK КПЈ го направи во прогласот од 7 ноември 1941 година упатен до народите на Југославија. За Македонија стои: “Намразените окупатори не ти донесоа 194 Извори, том I, кн. 1, стр. 30.
193 Документи и материјали, том И, кн. 2, стр. 298.
ослободување, како што ти ветија, туку бесправие и ропство, како и на сите народи на Југославија. Сега е време и ти, македонски народе, да се дигнеш на востание против тој најголем непријател на националната независност". Меѓутоа, за Словенија имаше поинаков став - ги повика сите Словенци:
“Словенци од Југославија, од Приморска, од Корушка, сите вие што сте поробени, обединете ги своите сили во еден едниствен фронт на словенечкиот народ во борба против вашите зверски непријатели кои ја распарчија и поробија вашата земја. Сега дојде часот за вашето конечно ослободување и обединување".
196 Од цитираниот проглас може да се констатира дека македонскиот народ се повикува на борба против окупаторот, но со тоа не се нуди перспектива за целосно обединување на Македонија, ами се повикува само еден дел од македонскиот народ на борба против непријателот на целото општество, додека на Словенија исе нуди обединување на сите нејзини делови, односно ослободување и обединување на целата своја татковина.
Активности за обединување на Македонија постоеле кај одредени Македонци кои раководеле со комунистите во егејскиот дел на Македонија, како што се Илија Димовски-Гоце, Панко и др., кои застапувале мислење за обединување на егејскиот дел на Македонија и делот кој бил окупиран од Бугарија, а потоа да се побара независност на цела Македонија.
Ова било расположението кај кадрите Македонци, а исто така и кај македонското население. Комунистичката партија на Грција преземала активности спротивни на расположението на македонските кадри и на македонските маси и ги презела сите мерки за разбивање на ваквите ставови и организации што почнале да се создаваат за оваа цел. Ова се правело се со цел за победа на линијата на грчката партија ова население да не учествува заедно со Комунистичката партија на Грција за ослободување на Грција од окупаторот. За разбивањето на овие ставови и организации (конкретно на политиката на Грчката партија) придонесол Лазо Трповски, кој бил функционер на
196 Собрани дела Ha Тито, кн. 7, стр. 217.
Македонското биро на КПГ и кој во врска со тоа ги следел и ги раководел овие организации. Од овие ставови на Грчката партија јасно може да се заклучи дека истата била против создавањето на секаква организација на овој дел на Македонија која би имала 3a цел обединување на Македонија. !"!
LK на KIIb во 1940 година издаде проглас “Повик во борба да се сочува мирот на Балканот". За Македонија е изнесен следниот став:
“Македонскиот народ е најзаинтересиран да се сочува мирот.
Борејќи се за мир, тој не се откажува од борбата за национално ослободување и самоопределување...
Правилно е што Македонците од Југословенскиот дел на Македонија сега ги усмеруваат сите свои снаги да се изборат за автономија... Автономијата на Југословенска Македонија ќе послужи како центар за обединување а распарчените делови на Македонија во една единствена Македонија, која ќе, од своја страна, послужи како обединувачка алка во братскиот сојуз помеѓу Југославија, Бугарија и Грција.
Македонците од Бугарија не можат да имаат поинаква политика од онаа која ја води основното езгро на македонскиот народ кој
; . be 1 се наоѓа BO Југословенска Македонија". ќи Во прогласот издаден во декември 1941 година, под наслов “За слобода, равноправност и самоуправување а Македонија", ЦК на КПБ ja осудува бугарската фашистичка окупација на Македонија и присвојувањето за Бугарско се што е Македонско".
Тито во јануари 1941 година подготвил текст за проглас под наслов “Проглас на ЦК КПЈ по повод избивањето на војната на Балканот". Се смета дека овој текст Тито го напишал за да послужи како основа за заеднички проглас, односно ОТ Егејска Македонија во антифашистичката војна 1941-1943 год. том УП, кн. 1, Скопје 1985 год., стр. 447.
198 Историска вистина — Култура 1983 год., Скопје, стр. 155.
Hero, стр. 156.
декларација што требало да ja објават КПЈ и БКП во врска со проширувањето на воената опасност на Балканот и особено за положбата на македонскиот народ околу чијашто иднина фашистичките сили вонредно многу ги засилиле своите шпекулации. Од засега непознати причини не дошло до објавување на проектираната заедничка декларација на двете партии.
Мегѓудругото во прогласот стои: “ Македонците не се ни Срби, ни Бугари, ни Грци; тие се Македонци. Како посебен народ имаат право на самоопределување до отцепување, имаат право на своја слобода и самостојност како и сите други народи на Балканот. Под водството на комунистите на Македонија македонскиот народ води борба за своите права и своето ослободување... Комунистичката партија на Југославија и Комунистичката партија на Грција треба да застанат на чело на ослободителното национално движење на македонскиот народ за негово ослободување и обединување. Бугарските комунисти треба да водат борба против обидите на своите империјалисти со помошта на империјалистите на Оската да го подјармат ss 200 македонскиот народ .
5. Создавањето на општ македонски национално ослободителен фронт Партиското раководство на КПМ за реализација на програмските дели предвидувал создавање на општ македонски фронт, со учество на сите снаги од македонските маси кои имат национален интерес за ослободувањето на Македонија од вековното ропство. Историското искуство покажувало дека слободата на Македонија била можна само со организираност на широките македонски народни маси, без разлика на социјалната положба, националната и верската припадност, на сите оние кои имале интерес за ослободувањето и создавањето на македонска република, како самостојна држава на македонскиот простор, со равноправен, суверен статус помеѓу другите балкански држави. Значи се дошло до констатација дека за ослободување на Македонија од Јаремот на 200 Документи и материјали, том I, кн. 2, стр. 379-381.
големосрпскиот, бугарскиот и грчкиот империјализам е потребен општ и единствен сојуз на работниот народ, со селските слоеви, со сите националности организирани и подготвени за едно внатрешно вооружено македонско востанис.
201 На Првата покраинска конференција на КПМ во 1940 година во врска со ова прашање се заклучува: “општо револуционерниот фронт, во кој што треба да учествува целиот македонски народ, а комунистите никогаш нема да се откажат од градењето на македонскиот револуционерен народен фронт кој е од интерес на работничката класа и нејзината секојдневна борба за подобар живот и за демократски слободи". 202 Определбата Ha партиското раководство BO врска CO создавањето HA општиот национален фронт претставува голема далековидост и реалност на состојбите во Македонија, односно дека без учество на широките народни маси и без нивно единство во акцијата не може да се постигне саканата цел, а тоа е национална слобода во сопствена суверена држава. Во овој однос бил заземен следниот став: “Потребата од тактика за обединение на сите македонски групи и елементи, који сет готови да водат борба за слобода против големосрпскиот империализам али да сет туѓи и непријатели на разните империалистички и фашистички пропаганди Бугарска, Грчка, Немска, Талијанска и други. Ете што треба да биди раководно начело на комунистичките организации во секојдневната борба". 2° Секако дека тоа е добро поставена широка платформа за учество во народниот фронт на се она што е против фашистичката пропаганда, без разлика од која страна доаѓаат, а за единството на сите антифашистички снаги (да не се дозволи нивно распарчување, како што било во минатото, кога поедини делови од населението потпаѓале под влијание на окупаторските пропаганди од соседните монархии и со тоа го распарчувале македонското единство за полесно негово поробување).
Неединството претставувало рак рана во минатото, а посебно на еден мал народ како што бил македонскиот во тоа време и 201 Идегален печат, том II, кн. 2, стр. 134-135.
202 Исто, стр. 163.
203 Исто, стр. 169.
посебно со соседи кои водела борба за поробување, а не за национално ослободување на Македонија.
Посебно внимание во овој документ му било посветено на организираното вклучување во општонародниот национален македонски фронт на селското население, ако се има предвид големата бројност на ова население во македонските прилики (преку 80% од вкупното население кое претставувало голем економски потенцијал и жива сила на целокупниот македонски простор). Од неговото учество во борбата можело да се очекуваат многу поголеми резултати во борбата за ослободување. Тоа е разбирливо ако се знае дека на овој дел од населението материјалната положба му била крајно тешка.
Селаните, голем дел безземјаши, работеле исполица, или биле ортаци, или момоци, изложени на голема експлоатација.
Посебно со мерките на монархиите (со државните мерки) се доведувале селаните до крајна сиромаштија. Во резолуцијата за нивното организирање бил заземен став: “Тука и во врска со тоа развивање активности и работа за спечалување на македонскиот селанин кој претставува основниот елемент на национал-револуционерното македонско движење". ““ Се оценува BO платформата на КПМ дека земјата дадена на чифлик-сајбиите, големосрпските шовинисти, заграбена по окупацијата, земјата доделена Ha “херои" и на Србите колонизирани, е акт со цел за асимилација на македонската националност и негова денационализација. Потоа се зазема став дека земјата од манастирите, црквите, круната и вакавите треба да премине во рацете на македонските селани и производители, а Македонците од големите ридови и планини да слезат во рамничарските делови и да ја обработуваат земјата на своите татковци и дедовци кои под терор ја напуштиле. Меѓутоа, на бедните колонизирани Срби земја да им се додели во Србија од тамошните чифликсајбии и чорбации и др. Прашањето за цените на земјоделските производи (како што се тутунот, памукот, кожурците, афионот, пченицата) бара борба против постоењето на монополот кој ги ограбувал производителите.
Борбата за заштита на производителите треба да придонесе за организирање и обединување на македонските селани и
204 Исто, стр. 169.
тутунопроизводители во општиот национално-револуционерен фронт. 255 Покраинскиот комитет, имајќи ја предвид структурата на населението кое живеело во Македонија, во која покрај македонското население живееле и Турци, Арнаути, Власи и др., предвидел одредени активности за нивното организирање во општиот македонски национален фронт во борбата за ослободување од експлоатацијата и теророт. Имено само развивањето на братската солидарност и во општата борба за слободна и независна Македонија може да се гарантира слобода на сите потиснати и поробени во Македонија.“ Раководството, согледувајќи ги историските искуства и традиции, предвидело активности во борбата против национализмот, шовинизмот, против верските омрази кои имале 3a цел разбивање на единството. ПК ја развивал активноста за сожителство, добрососедство и заедничка борба против заедничкиот непријател.
На У-та конференција на КПЈ одржана од 1923 октомври 1940 година во Загреб, по прашањето за Народниот фронт, имало различни ставови помеѓу делегатите на македонската делегација, односно помеѓу ставовите заземени на Првата конференција одржана на 8 септември 1940 година и ставовите на ЦК КПЈ изнесени по рефератот по националното прашање, каде се предвидувало учество во Народниот фронт само на работниците и селаните, а не и на другите слоеви и социјални структури на еден широк фронт, како што биле ставовите на раководството на КПМ. Методија Шаторов, во својата дискусија, критички се изјаснил по изнесениот став на референтот по ова прашање (Милован Ѓилас): “Рефератот е апстрактен. Овие ставови се спротивни на ставовите завземени во резолуцијата на покраинската конференција, која е донесена во Македонија. Референтот пак повикува само на сојуз на работниците и селаните, значи либералната буржоазија отпаѓа како и др. Значи, го отфрла Народниот фронт. Но ние поставивме дека и средните слоеви и либералната буржоазија влегуваат во националниот фронт, сите со исклучок на
205 Исто, стр. 169.
206 Исто, стр. 169-170.
шпиуните и на империјалистичките агенти. Меѓутоа, селаните се основната маса во националниот фронт". 2°’ Во Резолуцијата донесена на У-та конференција не постојат ставови по Народниот фронт. Според тоа не е заземен став кој се треба да учествува во структурата на истиот во борбата за ослободување.“ Спротивни определби има и за колонистите кои биле колонизирани од српската монархија во Македонија. Шаторов во врска со колонистите истакнал: “Не можеме да отидеме кај македонскиот селанец и да му кажеме дека колонистите му се браќа на македонскиот селанец. Бидејќи генералите, жандармите, шпионите не се браќа. Сите се потисници врз македонскиот народ и со нив не можеме да имаме добри односи". “? Од овие ставови на Шаторов може да се согледа што по ова прашање предлагал референтот Милован Ѓилас во името Ha ЦК КПЈ на У-та конференција.
6. Против надворешните пропаганди во Македонија Покраинскиот комитет, имајќи ги предвид минатиот период и постојната состојба, како и штетноста на политичките пропаганди на Србите, Бугарите и Грците во Македонија, во својата активност посебно им посветувал внимание на надворешните пропаганди во Македонија. Со цел да се спречат туѓите влијанија, без разлика од која страна тие доаѓале, а кои имале за цел да го разоруваат македонското национално ткиво и да наметнат асимилаторска, во корист на едните или на другите, национална свест. Покраинскиот комитет во издадените написи бил доследен во борбата против истите пропаганди и Ја разобличувал нивната штетност за развојот на македонската национална свест. Во еден напис стои: “После неуспешното Илинденското востание во 1903 година ние имаме во Македонија србоманска, бугароманска и гркоманска пропаганда... Ама, ни теророт, ни пропагандите, до ден 201 Документи и материјали, том 1, кн. 2, стр. 349.
208 Тито, Собрани дела, кн. 6, стр. 59-85.
209 Документи и материјали, том 1, кн. 2, стр. 349.
денешен не го скршија македонскиот дух за слобода и равноправије. Македонскиот народ се борел, се бори и ќе се
210 бори заедно со сите потиснати до полно ослободување".
Во повикот до работниот народ во Македонија од Јуни 1940 година по ова прашање се подвлекува: “Со својата политика на национално потиснување режимот го обесправувал македонскиот народ, му Ја задушувал националната свест и чувство и му ги скусувал неговите права. Тој извикувал караници и сејал омраза помеѓу народите ги разединувал и ги отуѓувал од државната заедница". 2 Со своите пропаганди соседните национални држави и нивните партии на окупираниот македонски дел не бирале средства во задушувањето и ликвидирањето на сите национални својства на македонската самобитност. Во овој повик се укажува: “Секое право ви го земаат, дури и правото да се викате Македонци.
Режимот сака да ве оддели од работниците, вашите браќа по мака оти се бои од вашата слога и заедничка борба. Не лажете се. Бранете си го своето народно име и водете борба за своите
. 5 212 народни права и слобода на Македонија".
Насочувајќи ја активноста против пропагандата на потисниците на Македонија, ПК повикува на активност во одбрана на националната свест, на македонската култура, јазик, на песните и придобивките од историските борбени традиции, а со тоа да се спречи асимилацијата и денационализацијата на македонското национално битие.
Во однос на активноста од страна на Драгиша Цветковиќ, претседателот на Владата, на министрите и владиците кои се шетале низ Македонија и делеле жешки говори за заштита на србизмот во Македонија е преземено следното. Во месец октомври 1940 година ПК против оваа пропаганда издал повик до МАКЕДОНЦИ! “Акцијата на црквата и правителството во лицето на патрикот и поповите има за цел да се насади во Македонците чувство на српски национализам и шовинизам, да завладеј душите и срцата на македонската младеж и да створи
210 Исто, стр. 321.
2 Исто, стр. 314.
21 Исто, стр. 316.
од нив предатели на својите сопствени народни интереси и идеали. За чес на Македонија, македонскиот народ врти ги на таја акциа". “!? Понатаму BO еден проглас ќе биде речено:
“Господата од Белград и Софија спорат за Македонија, а македонскиот народ ич не го питат. Тије поробители на Македонија зборуват оти македонскио народ бил српски, бил бугарски и да Македонците немал историа, Јазик и др.
Македонските поробители лажат! Во сушност Македонците не
214 сет нити Срби, нити Бугари, а сет само Македонци".
По капитулацијата на Југославија 1941 година, кога овој дел од Македонија подпаднал под ново ропство, заземен е овој став:
“Некој Македонци-врховисти (експоненти на окупаторот во Македонија, наречени врховисти) сакаат да кажат, оти борбата на Македонците е свршена со окупацијата на Македонија от страна на германски, италијански и бугарски војски. Дали тоа е вистина. Но, ни не може да биде, зато што Македонија не доби ни национална ни политичка слобода". 25 IK водела активна борба против бугарската и врховистичката пропаганда која имала за цел да го заведе македонскиот народ за божем бил ослободен и дека нема повеќе за што да се бори.
Во прогласот на ПК од Јуни 1941 година 3a окупаторската пропаганда се истакнува: “От горе на сето тоа на Македонците е забрането да се викат Македонци, а македонската култура и целата македонска 50-годишна борба за слобода и равноправие от страна на бугарските завоеватели се се преставуе не како македонска, а како бугарска". >'® Активноста на ПК и на партиското членство против пропагандите на соседните монархиски држави во основа успева македонските маси да ги отргне и правилно да ги организира за македонското дело, со борба против окупаторите.
7. Социјално-класното прашање
213 Исто, стр. 340.
2 Hero, стр. 362.
215 Извори, том I, кн. I, стр. 14-15.
216 Исто, стр. 20.
Во прогласите на Покраинскиот комитет на Комунистичката партија во Македонија посебно внимание и се посветува на проблематиката од социјално-класната состојба на работниците, аргатите, тутунопроизводителите и др., кои биле под голема експлоатација од страна на господарите.
Поттикнувајќи ја нивната тешка материјална положба и излезот од таквата состојба, дека едина можност е во организирана активност, преку штрајкови и други протести за подобрување на сопствената материјална положба. Како резултат на вкупната мобилизација се постигнати добри резултати во 1940 година, односно се организирани 16 штрајкови, од кои некои траеле и по 40 дена, а тоа е до толку важно што до тој период немало вакви штрајкови. “!" Проширувањето на синдикалните организации било исто така обврска, на пример, во Скопје порано имало само 40 работници членови на синдикални организации. Во 1940 година членството во синдикалните организации се зголемило на 1.000 лица. Слична била положбата и во другите градови во Македонија. “!“
8. Употребата на македонскиот јазик Покраинскиот комитет, како и членството на КП, познавајќи го расположението на македонските маси (колку им биле одбојни туѓите јазици, како српкиот, бугарскиот и грчкиот) одлучил овие да се отфрлат од употребата во печатените материјали, а место нив да се употребува мајчиниот македонски Јазик.
Издадените прогласи, летоци и други написи веќе сите се пишувани на македонски јазик. Ова е за првпат раководството своите пропагандни материјали да ги издава со пишани македонски зборови, а не како дотогаш на српски, за овој дел на Македонија. Придонесот за дејствување сред масите бил многу поголем: се зголемило партиското членство од 130 члена кон крајот на 1939 година на 720 членови до септември 1941 година. Ова зголемување изнесувало скоро за 6 пати. За толку се зголемила и скоевската организација, бројот на 217 Документи и материјали, том 1, кн. 2, стр. 347.
Ла Исто, стр. 348.
симпатизерите и организирањето во напредните синдикални организации. Овие достигнувања биле резултат на вкупната програмска определба на партиското раководство на КПМ кое ги застапувало македонските национални интереси и нудело излезни решенија во борбата за ослободување, кои биле прифатливи за широките македонски маси.
Македонскиот народ за првпат во својата историја имал можност да чита и да пишува на македонски Јазик, наспроти дотогашните туѓи за него јазици.
9. Причините за сменувањето на ПК Во писмото на Тито од 24 јули 1941 година за исклучувањето на Шаторов од членство во Партијата во основа се наведени овие причини: не го умножил прогласот од ЦК, прекинати се врските, не со одзвал на поканата, ставот спрема Србите во
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/metodia-shatorov-sharlo-mac/18 on October 29, 2026