Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

History of Contemporary Greece

Front Matter - Part 01

By Стојан Киселиновски · Part 1 of 9 · About 18 minutes

Read in English

Историја на Современа Грција Стојан Киселиновски Историја на Современа Грција Published by:

Risto Stefov Publications rstefov@hotmail.com Toronto, Canada All rights reserved. No part of this book may be reproduced or transmitted in any form or by any means, electronic or mechanical, including photocopying, recording or by any information storage and retrieval system without written consent from the author, except for the inclusion of brief and documented quotations in a review.

*** December 1, 2018

*** СОДРЖИНА ПРЕДГОВОР ................................................................................4 ГРЦИЈА - (1821-1913)..................................................................5 ГРЦИЈА ВО ПЕРИОДОТ НА БАЛКАНСКИТЕ И ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА (1912-1918) ................................................18 ГРЦИЈА МЕЃУ ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ - (1919-1939) ....23 МАЛЦИНСТВАТА ВО ГРЦИЈА - (1913-1939) ......................31 ГРЦИЈА ВО ПЕРИОДОТ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА -(1940-1945)..................................................................................43 МАЛЦИНСТВАТА ВО ГРЦИЈА ВО ПЕРИОДОТ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА - (1940-1945)...........................47 ГРЦИЈА ПО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА ...........................50 МАЛЦИНСТВАТА ВО ГРЦИЈА ПО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА.........................................................................................62 КУЛТУРАТА - (19-20 век)........................................................67 ПРЕГЛЕДАНА И КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА ...................71 Германски историчар објаснува како е фалсификувана грчката историја .........................................................................77 Грчкиот идентитет и грчката нација се вештачки проект на Германија ....................................................................................83 ПРЕДГОВОР Трудот Историја на современа Грција, на синтетичен начин, ја претставува историјата на Грција од почетокот на грчкото востание до нашите дни (1821-2016). Во трудот е претставена дејноста на Филики Етерија, текот на грчкото востание, појавување на еленофилското движење, ставот на големите сили (Русија, Велика Британија и Франција) кон грчкиот проблем. Улогата на Мегали идеја за создавањето на Голема Грција, т.е. држава на два континента и пет мориња.

Во трудот е претставен и развитокот на грчката држава и нејзината внатрешна и надворешна политика во цел овој историски период. Претставена е, исто така, и положбата на Грција во периодот на Балканските војни, Првата светска и грчко-турската војна и нивните територијални, етнички и политички последици за грчката држава.

Посебно внимание се обрнува и на историската судбина на малцинствата во Грција по Втората балканска војна, периодот меѓу двете светски војни, периодот на Втората светска војна и повоениот период. Претставени се и процесите на миграција на домородното население и процесите на колонизација на инородно население и нивните етно-јазични последици.

За пишувањето на овој труд беше користена примарна архивска граѓа и разновидна историска литература (грчка, бугарска, македонска, француска и романска). Со печатењето на Историја на современа Грција ќе се дополни една празнина на македонската историографија и јавноста ќе се запознае со историјата на нашиот јужен сосед.

Авторот ГРЦИЈА - (1821-1913)

Грчкото востание (1821-1829): Со почетокот на Француската револуција (1789 г.), во историјата на човештвото завршува “праисторискиот” и почнува историскиот период. Француската револуција сериозно влијаеше во еманципаторските процеси низ светот. Паролата “Слобода, еднаквост и братство” ја крстосувала Европа. Овие национално-ослободителни процеси го опфатиле и Балканот. Во почетокот на 19 век почнало Првото и Второто српско востание предводени од Караѓорѓе Петровиќ (1804 г.) и Милош Обреновиќ (1815-1817 г.). Истите национално-еманципаторски процеси се забележуваат и во Грција. Идеите на Француската револуција во Грција ги пренесле грчките студенти што студирале во западните европски земји, новата грчка трговска класа, која одржуваше активни трговски и идејни врски со многубројните грчки колонии распространети низ целото Средоземје.

Еден од првите дејци што ги ширеле новите идеи бил Ригас Велестенлис или Ригас од Фереа. Ригас од Фереа ги повикувал балканските народи против османлиското владеење и формирање на ново Византиското царство со центар во Цариград. “Подобро еден час слобода, отколку четириесет години ропство и зандани”, беше пораката што Ригас ја упатил до поробените балкански народи. Поради својата бунтовничка активност, Ригас од Фереа бил апсен од Австријците, предаден на турските власти и убиен во Белград (1789 г.).

Слободарските идеи на Ригас од Фереа паднале на плодно тло.

Во 1814 г., во Русија (Одеса), Емануил Ксантос, Николаос Скуфас и Анастасиос Цакалоф, ја основале организацијата “Филики Етерија” (“Пријателско Дурштво”). Целта на Друштвото била, преку востание, ослободување на Грција од турското ропство. Филики Етерија брзо организирала свои Ефории (филијали) на различни делови во Европа каде живеело грчко население. Раководството на востанието му било предложено на Јоанис Каподистрија, руски дипломат. Јоанис Каподистрија, како вешт дипломат и добар познавач на европската политичка реалност создадена со Виенскиот конгрес (1815 г.), го одбил предлогот. По одбивањето на Ј.

Каподистрија, раководството на востанието му било предложено на Александрос Ипсилантис, аѓутант на рускиот цар.

Грчкото востание, наместо во Грција, почнало во Романските принципати Молдова и Влашко. Во романските принципати управители (“Господари”) биле Грци-фанариоти. Во јануари 1821 година во Влашко, по смртта на фанариотот Александар Шуцу, власта преминала во рацете на т.н. “Комитет за заштита”, кој го сочинувале видни болјари, дел поврзани и наклонети со Филики Етерија.

Романското население било незадоволно од Османо-фанариотско управување и тоа незадоволство се изрази преку востанието на чело со Тудор Владимиреску, кој исто така бил во дослух со Етеристите. Востанието во Влашко почнало на 23 јануари 1821 г. Во планинското село Падеш, Т. Владимиреску го повикал населението во борба за слобода и правда.

Истовремено, во март 1821 година, Александрос Ипсилантис, со т.н. “Светиот баталјон”, ја преминал реката Прут (граница меѓу Русија и Молдавија) и влегол во Јаши, главниот град на Молдова. А. Ипсилантис го повикал народот на востание и го убедувал романското население дека една голема сила (алузија за Русија) стои зад етеритското движење.

Соработката меѓу етеристите и Т. Владимиреску, по осудата на рускиот цар на востанието, не траела долго. “Не сум подготвен да ја пролеам романската крв за Грците...”, се исповедал Т.

Владимиреску на еден австриски претставник. Обвинет дека соработувал со Турците, Тудор, по наредба на А. Ипсилантис, бил уапсен од етеристот Јордаке Олимпиос. Вечерта меѓу 26 и 27 мај 1821 година, без судење, бил убиен од страна на Василис Каравија. Неговото тело било масакрирано и фрлено во бунар.

По смртта на Т. Владимиреску неговата војска (Пандурите) се распаднала и со тоа ослабнало етериското движење во романските принципати. На 7 јуни 1821 година во Драгашани, Турците успеале да ги поразат етеристите и тие биле принудени да емигрираат во Молдова или Австрија. Пребегнатите етеристи во Молдова биле исто така поразени во Скулен на Прут и во манастирот Секу. Со тоа Турците успеале да го задушат етериското востание во Молдова и Влашко. А.

Ипсилантис заминал во Австрија, бил уапсен и умира во затворот 1828 година.

Борбата против турското владение продолжила во Грција. На Пелопонез и островите почнале првите воени судири меѓу грчките востаници и турските војски. Први во редовите на востаниците се вклучиле т.н. “Клефтес” (“ајдути”) и Арматолите, вооружена православна милиција на државна служба во Османлиската империја.

Пресметките меѓу грчките востаници и турскиот аскер биле крајно сурови. Турските власти репресијата ја почнале со погром на грчкото население во Цариград. Цариградскиот патријарх Григориос Петти бил обесен на црковната порта на Патријаршијата и биле убиени и други Грци-фанариоти што живееле во познатиот Цариградски кварт “Фанар”. По убиството на Патријархот, црквата била затворена, бојадисано во црно и повеќе не се одржувале црковни обреди. Грчките востаници, на чело со Теодорос Колокотронис, по заземањето на Триполица (Пелопонез), убиле многубројно турско население. Во месец април 1822 година, 7000 турски војници се истовариле на островот Хиос и го масакрирале грчкото население на островот. Поголемиот дел од населението биле убиено, а други биле продадени како робови на Блискиот Исток. Мал дел од населението се спасило, бегајќи на други грчки острови (Кикладите). Ова трагично собитие било овековечено од францускиот уметник Еуген Делакроа во неговата позната слика “Масакрот од Хиос”.

Во периодот од 1821 до 1824 година востаниците ределе успеси на копно и на море. Тоа се должело и на фактот дека востаниците биле раководени од способни дејци како Теодорос Колокотронис, Маркос Боцарис, Константинос Канарис, О.

Андруцос, Григориос Дјакос-Папафлесас и Димитрис Ипсилантис, брат на А. Ипсилантис.

Со почетокот на самото грчко востание се појавиле и првите внатрешни недоразбирања и судири. Дејноста на Етеријата, воените раководители на востанието, најдоа на силен отпор кај т.н. коцобати, привелигиран слој уште од периодот на поранешната управа, кои се стремеле да го преземат раководството на востанието. На 24 март 1821 година во Патра се организирала првата локална власт на чело со владиката Германос. На 25 март 1821 година митрополитот од Патра го благословува востанието. Оттогаш 25 март се празнува како национален празник на Грција.

По ослободувањето на дел од грчката територија се прават и првите чекори за државно организирање. По организираните избори, на 20 ноември 1822 година во Епидаур се свикало Првото национално собрание. Националното собрание во Епидаур ја прокламира независноста на Грција и бил прифатен и првиот Устав на земјата со кој Грција се прокламирала за Република. Со новиот Устав законодавната власт била во надлежност на Националното собрание, а Извршната власт била во надлежност на петчлен Извршен совет, кој го наименувала владата. Со Уставот се гарантирало правото на живот, имот, право на сопственост, слобода на говорот и се забранувало ропството. Но новиот Устав не го предвидувал решавањето на аграрното прашање за кое живо било заинтересирано грчкото селанство. Второто Национално собрание кое било одржано во Аргос (10 април 1823 година) исто така не го решило аграрното прашање. Националното собрание решило земјата што останала по заминувањето на Османлиите од Грција да не се дели на селанството, туку да се продава.

Во меѓувреме продолжиле судирите меѓу востаниците и османлиската војска. Турскиот султан Мехмед Втори, советуван од австриската дипломатија, побарал воена помош од Мехмед Али, египетски паша и турски вазал. Во 1825 година египетската војска на чело со Ибраим-паша, син на Мехмед Али, крваво го задушила востанието на островот Крит и Пелопонез. Востаниците, за да одбегнат поголеми жртви, почнале почесто да спроведуваат герилска војна, т.е.

клефтополемос (“удри и бегај”).

Крвавите собитија во Грција од самиот почеток на востанието го привлекле вниманието на европската јавност. Во Европа се појави едно силно елинофилско движење. Грчките востаници биле помогнати на најразличен начин и многу Европејци, меѓу кои и англискиот поет Бајрон, заминале во Грција да се борат за нејзината слобода. Речиси 2000 од нив ги положиле животите за слободата на Грција. Истовремено, елинофилското движење вршело силен притисок врз европските влади за интервенција во Грција. Во 1826 година се случила трагедијата на градот Месолонги. Градот бил долго време опколен од османлиските војски. Населението, по долгата опсада, страдало од глад, жед и болести. Голем број жители, меѓу кои и лордот Бајрон, умреле од тифус. Обидот на востаниците за пробив на османлиската опсада не бил успешен. Војските на Ибраим-паша и Решид-паша влегле во градот и го масакрирале целокупното останато население.

По трагичните собитија во Месолонги (1826 г.), европските големи сили решиле да интервенираат. Русија, Англија и Франција побарале запирање на вооружените дејствија.

Одбивањето од страна на Османлиската империја, ги принудило големите европски сили директно да се замешаат во грчкиот воен конфликт. Во 1827 година, во Наварин, англо-француската и руската флота ја поразиле турско-египетската под команда на Ибраим-паша. Биле уништени 60 турски и египетски бродови и загинале многу османлиски морнари.

Истовремено, рускиот император Николај Први и објавил војна на Турција (1828-1829 г.). Поразена, Турција била принудена да го прифати примирјето. Со мировниот договор од Одрин, меѓу Русија и Труција (14 септември 1829 г.), Османлиската империја и призна автономија на Грција. Со Лондонските протоколи се признала независноста на грчката држава и Грција станала првата независна балканска држава. Новата грчка држава имала површина од 47.516 км² и 753.400 жители. Во составот на новата држава влегувале грчките етнички територии: Пелопонез (Мореа), Централна Грција, Еубеа и Кикладите. На север, новата држава се простирала од заливот на Арта на запад до заливот Волос на исток.

По формирањето на новата држава, во услови на голема политичка нестабилност, почнал процесот на нејзиното организирање. Тој процес поакативно започнал да се реализира со решенијата на Третото национално собрание што се одржало во Тризина (1827). Третото национално собрание го прифати новиот Устав предложен од А. Маврокордатос, претставник на побогатите слоеви на грчкото општество. Според новиот Устав државата се организирала како претседателска република.

Законодавната власт била во надлежност на Националното собрание, а извршната била во надлежност на претседателот на републиката. За претседател бил избран Јоанис Каподистрија.

Преземајќи ја функцијата и базирајќи се на “руската партија” и на воените раководители на чело со Т. Колокотронис, го суспендирал Уставот, го распуштил Националното собрание и создал влада наречена Панелениум. Ј. Каподистрија почнал да спроведува реформи. Тој ја организирал администрацијата, народното образование, но не успеал да го реши аграрното прашање.

Особен проблем за решавање било како да се поделат 721.000 хектари земјиште оставено од Турците по заминувањето од Грција. “Народните старешени” узурпирале 300.000 хектари земја, а само 421.000 хектари биле доделени на безимотните селани. Старите привилигирани слоеви на грчкото општество, наречени од Ј. Каподистрија “турски христијани”, хилаво се бореле за зачувувањето на сопствените привилегии.

Внатрешните превирања во земјата што земале размери на граѓанска војна кулминирале со убиството на Ј. Каподистрија на 9 октомври 1831 година од двајца членови на братството Мавромихалис од Пелопонез.

По убиството на Ј. Каподистрија, Триархијата (Англија, Русија, Франција) решиле во Грција да се воспостави наследна монархија. По одбивањето на грчката круна од страна на Сакс- Кобург, грчкиот престол бил понуден на Отон од Баварија, вториот син на Лудвиг, кралот на Баварија. Во 1832 година принцот Отон пристигнал во Навплион, одушевено пречекан од населението. Во август 1832 година, по кратко баварско регенство, на чело со Јохан Фон Мало Армансперг, Националното собрание го избрал Отон за крал на Грција под името Отон I (1832-1862). Него го придружувале и 3.500 баварски војници, кои ќе се повлечат од Грција во 1838 година.

Со неговото крунисување започнал процесот на изградба на државата и нацијата. Се вовдува кривичното и граѓанското законодавство, се организирала просветата, се формира Атинскиот универзитет (1837). Се организирал и државниот апарат. Клучните места во државниот апарат ги добиле баварците, т.е. администрацијата се “баваризира”. Овој баварски период останал забележан во грчката историја како периодот на Ксенократија (владеењето на странците) или Баварократија (владеењето на баварците). Во времето на Отон I Грчката црква ја прокламирала својата афтокефалност во однос на Цариградската Патријаршија. Прокламирањето на афтокефалноста на Грчката православна црква ги залади односите со Грчката цариградска патријаршија. Дури во 1850 година Цариградската патријаршија ќе ја признае афтокефалноста на Грчката православна црква и односите меѓу двете цркви ќе се нормализират. Истовремено, во периодот на владеењето на Отон I преместена е престолнината од Навплион во Атина.

Авторитарното кралско владеење, баваризацијата на администрацијата, одбивањето на кралот да премине од католичка во православна вера, немањето наследници, предизвика незадоволство кај населението. На 3 септември 1843 година војската, поддржана од населението, извршила државен удар. Кралот, принуден, прифатил да свика Уставотворно собрание за изготвување на нацрт-устав. Уставот бил прифатен во март 1844 година по примерот на белгискиот Устав од 1831 година и со него се ставиле темелите на наследна уставна монархија во Грција. Со Уставот се предвидувал дводомен Парламент: Домот на пратениците избрани на општи избори и Сенатот со членови доживотно наименувани од кралот.

Законодавната власт била во надлежност на кралот и парламентот. Извршната власт ја извршувал кралот преку владата. Судската власт ја извршувале судии, кои исто така биле назначувани од кралот. Со новиот Устав прерогативите на кралот и понатаму останале големи. Неговата личност била света и неприкосновена. Со Уставот од 1844 година се гарантирала и слободата на личноста, на печатот и се забранувало било каква форма на ропство.

Политичкиот живот во Грција, покрај кралот, бил доминиран од две личности: Јоанис Колетис и Александрос Маврокордатос.

Тие вешто манипулирале меѓу приврзаниците на т.н.

“англиска”, “руска” и “француска” партија. Во тој однос посебно се истакнувал Ј. Колетис, таткото на “Меѓали идеја” (“Големата идеја”) за создавање на “Меѓали Елада” (“Голема Грција”), т.е. создавање на држава која ќе се простира на два континента (Европа и Азија) и на пет мориња (Црното, Мраморното, Егејското, Средоземното и Јонското Море).

Отон I, и покрај постоењето на Уставот, продолжил со неговото авторитарното владеење. Во 1862 година, обвинет од страна на армијата дека не го почитувал Уставот, бил принуден да абдицира и, заедно со својата сопруга Амалија од Олденбург, заминал за Баварија. Починал во Минхен 1867 година и до крајот на својот живот се сметал за грчки крал. Често,од носталгија, се облекувал со грчката национална носија:

фустанела.

За нов крал на Грција бил избран Вилхелм од данската династија Глизбург како Георгиос I (1863-1913). Во 1864 година новоизбраното собрание го усвоил новиот Устав, полиберален од уставот од 1844 година. Според новиот Устав законодавната власт била во рацете на парламентот, а извршната власт била во надлежност на кралот, која ја извршувал преку назначените министри. Првиот министер се избирал од редовите на партијата која имала најповеќе пратеници во парламентот. Со новиот Устав се гарантирала слободата на печатот и правото на здружување.

Во втората половина на 19 век отпечаток на грчкиот политички живот оставиле Теодорос Делијанис и Харилаос Трикупис. За разлика од Делијанис, Х. Трикупис, како прагматичен политичар, сметал дека за реализација на “Големата идеја” Грција прво треба да биде економски и политички стабилна земја. Грчката економија често влегувала во криза. Државата не била во можност редовно да ги сервисира своите обврски кон странските кредитори и често била на прагот на банкрот. За одложување на финансиските обврски, земјите кредитори секогаш и поставувале на Грција нови политички услови.

Но на крајот на 19 век во Грција се забележува еден развиток на грчкиот економски живот. Се развива земјоделството. Растат површините за жито по обединувањето на Тесалија со Грција, лозарството (Грција станала најголем производител на суво грозје). Се прават првите чекори на индустрализација. Во индустријата се воведува машинското производство во прехранбената и текстилната индустрија. Се развива и рударството. Се гради првата ж.п. линија (1869), првото бродоградилиште во Сарос (1879), Коринскиот канал (1889-

1893) и развива трговијата (внатрешна и надворешна). Грција разви една од најголемите трговски комерцијални флоти во светот.И покрај раздвижувањето на грчката економија, сепак таа не била во можност да го прифати целокупното работоспособно население. Во овој период се забележуваат и првите миграциони движења. На крајот на 19 и почетокот на 20 век од Грција со САД се иселиле 350.000 Грци. Со парите испратени на своите семејства, тие придонесувале за економска пулсација на грчкото стопанство.

На почетокот на 20 век, Грција се соочила со уште една политичка криза. Војската, на чело со “Воената лига”, се побунила и се повлекла во Гуди, една од атинските преградија.

“Воената лига”, на чело со полковникот Николас Зорбас, побарале од кралот да изврши неколку реформи: принцовите да немат високи воени должности, министерот за одбрана да биде од редовите на војската, унапредувањето во војската да биде по заслуги и споредувања на реформи во армијата и морнарицата.

Немајќи политички лидер, Воениот совет го предложил за претседател на грчката влада надарениот Елефтериос Венизелос, симболот на грчкиот национализам и државниот експанзионизам. Е. Венизелос, по победа на неговата Либерална партија на парламентарните избори во 1910 и 1912, почнал да спроведува сериозни внатрешни реформи за Грција да биде во состојба да се справи со бурните настани од почетокот на 20 век.

Надворешната политика (1832-1912): Со формирањето на грчката независна држава на нејзиниот темел се стави “Големата идеја” за создавање на “Мегали Елада”. Новата грчка држава не ги опфаќаше сите грчки етно-историски територии.

Во составот на грчката држава влегувале Пелопонез, Централна Грција (Стереа Елада), Еубеа и неколку острови од Егејското Море. Надвор од новосоздадената грчка држава останале уште грчки-етно историски територии како Крит, Епир Тесалија, островите од Егејското Море (Лимнос, Митилини, Лезбос, Хиос, Самотраки, Додеканезите и Јужните Споради). Во Кипар живеело компактно грчко население и турско малцинство што го привлекувало вниманието и на Грција и Турција.

Грчката држава се стремала да ги обедини сите овие грчки-етнички територии и, по можност, да се прошири и на туѓи негрчки етно-историски територии (Македонија и Одринско).

Оваа идеја Грција се стремела да ја реализира во две фази: прво Грција се стремела да ги обедини сите грчко-етнички територии, а во втората фаза да се прошири и окупира и негрчки етно-историски територии. Сите грчки влади без исклучок биле посветени за реализација на овој “свети национален идеал”. Во периодот на Кримската војна (1853-1856), Грција била наклонета кон Русија, но блокирана од Велика Британија, не се здоби со никакво територијално проширување. Во 1864 година, Велика Британија, задоволна од изборот за крал на Грција на Георгиос I, им ги остапи на грчкото кралство Јонските острови, управувани од Велика Британија уште од 1815 година.

На крајот на 19 век политичката ситуација на Балканот се комплицира. Источната криза почна со силното востание во Босна и Херцеговина (1875-1878) и Априлското востание во Бугарија (1876). Турските масакри во Босна и Херцеговина и Бугарија (трагедијата во с. Батак) предизвика интервенција на големите сили. Источната криза кулминирала со нова руско-турската војна (1877-1878). По крвавите битки кај Плевен и херојската одбрана кај преминот Шипка од страна на руските војски и бугарските ополченци, патот кон Цариград бил отворен. Турција, поразена, ги прифатила преговорите за мир со Русија (3 март 1878). Со Сан-стефанскиот мировен договор се формира Голема Бугарија (Мизија, Тракија, Македонија), Турција ја признала независноста на Романија, Србија и Црна Гора. Западните сили (Австро-Унгарија, Велика Британија, Франција и Германија) не се сложиле со решенијата донесени во Сан-Стефано. Со Берлинскиот конгрес (јуни-јули, 1878) се ревидирал договорот од Сан-Стефано. Со овој договор се потврдила независноста на Романија, Србија и Црна Гора.

Бугарија била поделена на два дела: северниот дел се формирал во Кнежевство Бугарија, а јужниот дел во автономната провинција Источна Румелија под османлиска управа.

Македонија била вратена во рамките на османлиското царство и се предвидувало спроведување на реформи (чл. 23). На Грција, по силното востание во Тесалија (1878), и се признало правото за анектирање за Тесалија. Дури во 1881 година, со Цариградскиот договор меѓу Турција и Грција, Османлиското царство и ја отстапи на Грција Тесалија и дел од Епир (Пирсос).

Со добивањето на Тесалија и дел од Епир територијата на грчкото кралство се прошири со нови 13.400 км².