My Family and the Macedonian Community in Canada: My Life Story (1939-1985) - The John Givens Story
AGENDA - Part 08
George Loukras, еден од нашите поранешни претседатели, го нарече, "Златната доба на националното движење во Канада". Тоа беше време на голема обединетост и позитивен раст каде што Македонците работеа заедно за да се постигне една заедничка цел, единство на сите македонски иселеници во Северна Америка.
Меѓутоа, кога го поразив Антон Павлов за претседател на Обединети Македонци од Северна Америка на конвенцијата во 1970 година, група на чело со Аристотелис Мориховитис, шест месеци по одржувањето на конгресот, на 7 Март 1971 година свика состанок на огранокот Торонто на Обединети Македонци од Северна Америка. Ова собрание не беше во согласност и ги прекрши одредбите на Уставот на Обединети Македонци од Северна Америка. Согласно Уставот, "Изборното членско собрание мора да биде свикано со препорачано писмо испратено 21 дена пред изборите до сите редовни членови со утвдена агенда на состанокот." Ништо од горенаведеното не се случи. Во периодот од 1969 до 7 март 1971 година, Мориховитис беше претседател на огранокот Торонто кој ја претставуваше организацијата на конвенцијата. Антон Павлов беше секретар, а јас бев благајник. Што се случи? Мориховитис свика редовен состанок, но повикувајќи ги само неговите сојузници да присуствуваат. Важно е да се знае дека и покрај тоа што бев благајник на огранокот Торонто, не бев поканет да присуствувам.
Јас, заедно со многу други непоканети членови откако разбравме дека се одржува состанок, отидовме на тој состанок и по пристигнувањето дознавме дека Мориховитис всушност спроведува нелегални избори. Како благајник јас бев обврзан да обезбедам финансиски извештаи за членството. Согласно Устав, не може да се одржат избори, без претходно да се обезбедат тековни финансиски извештаи на членството. Уште еднаш, овој состанок и се што се случи во текот на состанокот беше незаконски и нелегално.
Иако ние жестоко се спротивставивме на нелегалноста на изборите, не успеавме да ја стопираме и во знак на протест, ние го напуштивме собранието.
Расцепничката група го избра "националистот", Антон Павлов за претседател на Обединети Македонци од Северна Америка, огранокот Торонто. Овие активности превземени од страна на расцепничката група беа ништо повеќе од "кисело грозје", откако ја загуби претседателската трка за Заедничкиот Управен Одбор на Обединети Македонци за Северна Америка. На овие избори јас победив, но не со еден глас како што нагласува Др. Вражиновски во неговата книга, туку со 38 гласови наспроти 23. Овие нелегални постапки резултираа со поделба на членството во Торонто, на две спротивставени групи.
Заедничкиот Управен Одбор (Централен Комитет) одржа состанок во Хамилтон, Онтарио на 12 Јуни 1971 година. На состанок присуствуваа: Џан Гивенс, Васил Диневски, Бил Јанев, Антон Павлов, Доне Паппас, Џон Сукас, Бил Клечов, Алекс Јанев, Коста Романовски, записничар Петре Василевски. На состанокот присуствуваа и Аристотел Мориховитис, Владо Ристевски, Петер Кондофф, Коста Станвик, Спиро Базел, Ило Опасини, Спиро Карфел, Ангело Аргиро, и Дени Ѓучос.
На овој состанок, Заедничкиот Управен Одбор ги донесе следните решенија а) Состанокот (изборен) кој се одржа на 7 март, 1971 година од страна на огранокот Торонто, беше прогласен за ништовен и неважечки. Сите донесени одлуки кои се однесуваат на одделот за Торонто гранка помеѓу 7-ми Март и 12 Јуни 1971, исто така се ништовни и неважечки.
б) Заедничкиот Управен Одбор му наредува на Обединети Македонци (Торонто)
дека управата за1969/71 (управата која беше во сила пред 7ми Март) останува во сила и да продолжи со работа до потамошното известување.
ц) Традиционалниот Илинден Пикник кој го одржуваше огранокот Торонто, стана манифестација на сите гранки на Обединети Македонци од Северна Америка.
Затоа автоматски потпадна под јурисдикција на Извршниот Управен Одбор. Оваа година Илинденскиот Пикник ќе биде спроведен (организиран) од Извршниот Управен Одбор и сите гранки се повикуваат да дадат полна подршка за овој ден да прерасне во вистинска манифестација на сите Македонци.
д) Одлуката донесена од страна на првиот состанок на Заедничкиот Извршен Одбор, за регистрација на организацијата беше финализиран и одобрен.
Како резултат на тоа, по поништувањето на нелегалните избори одржани на 7 Март 1971 година од страна на Заедничкиот Управен одбор на Обединети Македонци од Северна Америка и одбивањето од страна на расцепничката група да ги почитува одлуките на Заедничкиот Управен одбор, огранокот Торонто распиша нови избори на кои беше повикано целокупното членство на Обединети Македонци од Северна Америка вклучувајќи ја и отцепничката група преку со препорачана пошта.
Иако расцепничката група присуствуваше на состанокот, откажа да учествува на изборите и ја прекина постапката до таа мера што требаше да се повика полиција.
Како резултат на тоа, претседателот беше принуден да го прекине состанокот пред да се одржат изборите. Следствено на тоа, нови избори беа закажани за гранката Торонто на Обединети Македонци од Северна Америка, на кој состанок Петре Василевски беше избран за претседател.
Расцепничката група се спротивстави на апликацијата на Заедничкиот Управен Одбор да ја регистира организацијата под провинциските корпоративни правила на Онтарио, согласно претходното решение на Заедничкиот Управен Одбор на Обединети Македонци од Северна Америка, во чие донесување учествуваше и расцепничката група.
Искористувајки ja можностa и времето кога нашата апликација беше замрзнатa поради нивниот приговор до провициските власти, тие тајно аплицирале до федералните власти за регистрација на нивната организација во Отава.
Тие ги излажаа федералните власти дека постои друга организација со исто име и се разбира не им откриваат на властите во Отава дека тие веќе приговарале на локалните власти за нашата апликација на Обединети Македонци од Северна Америка за регистрација со провинциската влада. На крајот, со отфрлањето на нелегалните избори од 7 Март 1971 година од страна на Заедничкиот Управен Одбор и апликација до провинциските власти, резултираше расцепничката група да биде принудена да го прифати името "Обединети Македонци од Канада, огранок Торонто" , со кое име тие ја регистрираа нивната расцепничка група во Отава.
Во наредните месеци, расцепничката група продолжи да работи одделно и независно од Обединети Македонци од Северна Америка, огранокот Торонто. Тие едноставно се отцепија од матичната организација на Обединети Македонци за Северна Америка. Кога стана јасно дека тие се откажаа од матична организација, огранокот Торонто на Обединети Македонци од Северна Америка одлучи да го прекине нивното членство во матичната организација. Со други зборови, тие беа исфрлени од Обединети Македонци од Северна Америка. Огранокот Торонто ги извести во писмена форма дека нивното членство е прекинато.
Со поделбата, вратите на огранокот Торонто беа ширум отворени за поединци и различни групи да изразуваат секакви видови на реторики и пропаганда во име на Обединети Македонци, кои беа во спротивност со принципите и статутот на матичната организација. Секоја група се обидуваше да се декларира како поголеми патриоти од другите. Како пример, можеме да го погледнеме Антон Павлов. Д-р Вражиновски го опишува Павлов и неговата платформа, ја карактеризира како националистичка и затоа Павлов го гледа како "националист". Тој исто така го опишува "другото крило", оние кои не се со исто мислење како Павлов, вклучувајќи ме и мене, како "федералисти". Важно е да се забележи дека оваа националистичка платформа, полна со противречности никогаш не беше прифатена од страна на неговата организација, Обединети Македонци од Канада, огранокот Торонто. Наместо тоа, тие се уште го користат Уставот на Обединети Македонци од Северна Америка т.н. "федералисти". Иронијата тука е богата и не може да се преувеличува.
Одеднаш, Заедничкиот Управен одбор станаа "федералисти", а Антон Павлов, сомопрогласениот "националист", кој загуби на претседателските избори на конвенцијата. Тој беше еден од оние опортунисти. Декларирајќи се "националист", тој се обидуваше да покаже дека тој е подобар Македонец од сите нас. Тој излезе со неговата т.н. платформа, едно контрадикторно парче хартија, претендирајќи да се прогласи за голем "националист". Но, неговата платформа никогаш не беше прифатена ниту од неговата група. Со други зборови, и јас ќе бидам груб, едно парче хартија добро само за во тоалет!
Пред да се осврнам на некои од обвинувањата и лаги напишани за мене лично, јас би сакал да го прашам Др. Вражиновски неколку прашања. Претходно ја напоменав важноста на реалното време и настаните што се случија во текот на шеесеттите и седумдесеттите до осамостојувањето на Македонија во 1991 година.
Д-р Вражиновски, дали ќе се согласите дека во текот на шеесеттите и седумдесеттите години, а особено во времето кога станав претседател во 1965 година, дека имаше само еден извор на светлина на хоризонтот за нас? Дали Народна Република Македонија во рамките на Југословенската федерација беше единствената надеж за подобра иднина за сите Македонци? Нели мислите Др.
Вражиновски, дека во времето кога нашата земја беше дел од Југославија, една организација како што беше нашата, немаше друг избор освен да соработува со Македонските власти?
Имаше ли некоја алтернатива, која ќе им овозможеше на македонските иселеници да се надеваат на подобра иднина? Дали Вие укажувате на тоа дека членовите на Обединети Македонци требало да се спротивстават на Македонската влада, бидејќи тие биле "федералисти", знаејќи многу добро дека тие беа татковците на Народна Република Македонија? Во тоа време, за нас, клучното прашање беше брзиот развој и просперитет на Народна Република Македонија, без оглед на која федерација припаѓаше. Дали тоа не правеше "федералисти", не ме загрижува ниту малку денес.
Д-р Вражиновски продолжува и вели: " Првата поделба во организацијата, е забележана во 1964 година, кога почна изградбата на црквата Св. Климент Охридски". Тој не е во право. Ако имало поделба, последиците би биле сериозно штетни за напредокот за црковната изградба и на нејзината општина и Синодот.
Факт е дека немаше расцеп во Канадскиот Комитет на Обединети Македонци. Но, во тек на тоа време, а особено 1964-1965, некои членови на организацијата беа критички настроени кон начинот на кој Извршниот одбор на директори на црквата, под раководство на Коста Ендрјус, ја водеше работата и беа строго спротивставени на нивните политики. Иако бев директор во одборот на Коста Андрдрјус, и јас исто така бев против многу негови постапки. Благодарение на единството на Канадскиот Комитет Обединети Македонци и членовите на црквата, успеавме во отстранувањето на извршниот одбор на чело со Коста Ендрјус (освен јас кој бев ре-избран од тој состав на црковната управа), ја отстранивме анти-синодската пропаганда и политики, кога беа надгласани и симнати од власт на изборите во Септември 1965. Ова потврди дека црквата Свети Климент Охридски ќе остане под јурисдикција на својата мајка Македонска Црква во Скопје.
Д-р Вражиновски исто така пишува, "Важен настан кој придонесе за потамошните проблеми и расцеп во самата ООМ и воопшто во иселеништвото, се случи за време на осветувањето на Свети Климент Охридски, од страна на тогашниот Архиепископ Охридски и Македонски, Г.Г. Доситеј, во 1964 година. " Дали се шегуваш Др. Вражиновски? Уште еднаш, ова е сосема неточно. Дали писателот беше збунет или пак го хранеле со неточни информации? Без разлика, она што д-р Вражиновски го пишува едноставно е повторување на анти-синодската пропаганда од 1965. Тоа е понижувачки и деградирачки да се имплицира дека Негово Блаженство, Архиепископот на Македонија Доситеј, имал некаква врска со проблемите на организацијата, бидејќи немаше никаква инволвираност на Архиепископот.
Д-р Вражиновски продолжува да пишува, "Во тоа време имаше сериозен проблем кој предизвика немир помеѓу македонската етничка заедница во Торонто." Се разбира дека Македонците беа вознемирени. Тие беа крајно вознемирени поради оние кои ја ширеа анти-синодската пропаганда против членовите на црковната делегација од Македонија за време на осветувањето на нашата црква предводена од Неговото Блаженство Архиепископот Доситеј.
Тоа беше големото мнозинство на црковната општина, кое се согласи да застане цврсто во својата желба да се задржи и да се зачува единството помеѓу нашата црква и мајката црква, Македонската православна црква во Скопје, Македонија.
Тоа беше од позиција на солидарност и единство на нашата организација која беше суштинска за победата над оние елементи во нашата заедница, кои беа против јурисдикцијата на нејзината мајка црква.
Членството на Обединети Македонци, кои беа членови и на нашата Црква, заедно со поголемиот дел од членовите на Свети Климент Охридски, гласаа и се стави крај на дилемите и сомнежите во врска со надлежноста и авторитетот на светиот Синод во Скопје, на изборниот состанок во Септември 1965 година.
Вториот обид против јурисдикцијата на Македонскиот синод се случи во 1981 година, кога некои членови, заблудени во нивната љубомора, веруваа дека судскиот процес беше насочен кон мене како новоизбран претседател и мојот новоизбран одбор на директори. Сепак, тој обид пропадна мизерно.
Д-р Вражиновски се обидува да го опише изборниот процес на Конвенцијата од 1970 година кој ќе го парафразирам. “За време на Конгресот, се појави список подготвен од Спиро Басил со номинација на Џон Гивенс за претседател. Во тоа време, претседател на огранокот на Торонто беше Тели Mориховитис и секретар беше Антон Павлов. Со појавата на листата, се створија две струи во организацијата. Антон Павлов тогаш беше номиниран против кандидатот Џон Гивенс. Со еден глас повеќе, Џон Гивенс победи. Да го цитирам писателот, "За претседател на федералистичкото крило беше избран Џон Гивенс". Ова е целосна лага. По неговиот пораз за претседател, Спиро Василев го номинира него за позицијата секретар. Ако Антон Павлов беше опозицијата на Спиро Василев, зошто Спиро Василев го номинира за секретар? Нормално e Спиро Василев да предложи свој кандидат, некој како Џон Гивенс. Зoшто Антон Павлов?
Резултатите од изборите беа како што следи: 38 делегати гласаа за Џон Гивенс и 23 делегати гласаа за Антон Павлов (читај записникот на Конвенцијата). Дали логиката на писателот и неговиот соработник е дека имаше само 23 "националисти" и дека сите оние кои гласале за Џон Гивенс беа "федералистите"? Секако дека ова не е вистина. Всушност, Павлов како секретар е избран со 50 гласови од вкупно 61 делегати, вклучувајќи го и мојот глас. Ова покажува дека Павлов, исто така, беше избран од страна на "федералистичкото крило”. Едноставна математика покажува дека 27 т.н. "федералисти" гласаа за него. Вистината, едноставно кажано е дека немаше таква поделба на националисти и федералисти на конвенцијата како д-р Вражиновски погрешно тврди. Способноста на кандидатот и довербата што тој ја стекнал меѓу делегатите беше клучната причина за поддршката на делегатите.
Вражиновски пишува: "Со појавата на листата настанаа две струи во организацијата. Посебно незадоволство листата предизвика кај делегацијата од Виндзор, која изрази несогласување со постапката на Спиро Базел". Да, листата предизвика незадоволство меѓу браќата Васос од Виндзор, кој го поддржувале Антон Павлов за претседател. Како што спомeнав, вистината е дека јас исто така ја имав поддршката од најмалку двајца делегати од делегацијата од Виндзор;
заслужните Васил Диневски и Џон Soukas, и двајцата беа избрани во мојот Заеднички Управен одбор. Иронијата тука повторно е богата. Браќата Васос, про-Југословените, го поддржаa "националистот"...
Без оглед на тоа како браќата Васос гласаа на конвенцијата, морам да кажам дека бев во добри односи со Боб Васос, па дури и бев гостин во неговиот дом, кога јас патував до Виндзор. Секој има право на своите верувања. Јас не се обидувам да критикувам некого, ниту пак се обидувам да нападнам некого, но останува фактот дека браќата Васос несомнено беа про-југословени за време и по конгресот.
Недоразбирањата меѓу Спиро и браќата Васос беа во однос на прашањето кој беше про или анти-југословен. Браќата Васос го сметаа Спиро за анти-југословен.
Тоа значи дека Антон Павлов без сомнение беше кандидатот на федералистите.
Инаку, зошто федералистите би го номинирале "националистот" Антон Павлов за претседател? Тоа нема никаква смисла. Пред и за време на конгресот, Павлов и Мориховитис не се изјаснија дека се националистичкото крило на организацијата и дека остатокот од Обединети Македонци од Северна Америка се федералисти!
Оттука, дали јас бев во позиција да бидам кандидат на федералистите?
Д-р Вражиновски ја поврзува организацијата со проблемот на југословенизмот -кој стана поизразен во втората половина на 1970-тите години. Во тоа време Генерален Конзул на Југославија во Торонто беше Босанец. Овде писателот ги изразува своите политички сфаќања во неговата анализа за работата на организацијата, пред и по поделбата во 1971. Ние веруваме дека контрадикторните толкувања и лагите на неговиот соработник помогнаа да се уништи трудот и угледот на писателот.
Писателот пишува и заклучува дека: Главната причина за нова поделба во организацијата Обединети Македонци е поврзана со формирањето на т.н." Југословенски Сојуз". Во 1975 година се појави нова иницијатива со цел да ги обедини сите Југословенски имигранти во една организација, која ќе работи тука во Канада. Идејата за основање на таква организација потекнува од Југословенскиот Конзулат во Торонто. Претседателот на организацијата во тоа време, Џон Гивенс се согласи организацијата Обединети Македонци да се приклучи кон Југословенскиот сојуз. Сепак неговата цел не е постигната. Набргу потоа, е избран нов претседател и ново (Обединети Македонци) раководство, кое беше убедливо против пристапувањето во југословенската унија.
Ова е апсолутна бесмислица, лаги и измислици на неговите информатори. Во тоа време, 1975-1976, немав никаков контакт со Југословенскиот Конзулат во врска со оваа покана! Ниту сум присуствувал на таква средба. Дури и ако сум бил контактиран, никогаш не сум бил во позиција еднострано да се согласам или да не се согласувам. За да преземам таква акција или било кој друг претседател, потребна беше претходна согласност од Заедничкиот Управен Одбор/Централен Комитет.
Прашањето што мора да се постави е како информаторите на Др. Вражиновски знаеја за мојата намера за приклучување кон Југословенскиот сојуз? Прашањето повторно е кој ме замени како претседател? За кои Обединети Македонци говори?
Др. Вражиновски пишува за средбата на Тели Мориховитис со Југословенскиот Конзул во Торонто во 1976 како претседател на Обединети Македонци во врска со присоединувањето кон Југословенскиот сојуз. Што сакаше да постигне неговиот соработник со оваа лага? Овој ли беше најдобриот удар против Џон Гивенс?
Евe ja ситуацијата која всушност преовладуваше во 1974-1976.
Јас, Џон Гивенс бев еден и единствен претседател на Заедничкиот Управен одбор / ЦК на Обединети Македонци од Северна Америка до откажувањето на неговата повелба во 1999 година. Немаше Втор Конгрес на организацијата и затоа немаше нови избори каде што би можело да ме замени. Тогаш кое беше новото раководство кое ме замени, како што Др. Вражиновски тврди? Немаше такво.
Џејмс Саундерс беше претседател на Обединети Македонци од Северна Америка, огранокот Торонто и отцепничката група "Обединети Македонци од Канада Торонто гранка" беше под раководство на Тели Мориховитис и Антон Павлов.
Со сите проблеми што ги имавме околу нашето единство и одржување на еден Илинденски пикник во 1975-1976, едвај можевме да ја обединиме нашата организација, а уште помалку да се приклучиме кон Југословенскиот сојуз. Ние немавме јазик да се обединиме самите, камоли да се приклучиме на друга организација. Освен тоа, на која организација "Обединети Македонци" јас бев претседател? Јас верувам дека неговата намера беше да го збуни читателот наместо да го просветли. Можеби е интересно, да се истакне дека во 1975 година, Генералниот Конзул не беше Македонец.
Не би имало таква покана поради составот на членството во организацијата, како што не би имало интерес на Обединетите Македонци од Северна Америка како целина да се приклучат кон Југословенски сојуз. Би сакал да го предизвикам Др. Вражиновски повторно да ги посети неговите информатори и да го докаже и потврди неговото нечесно и неосновано обвинување и невистини кои ја исполнија неговата книга, Обединети Македонци.
Да погледнеме сега прашањето околу Југославизмот и моето гледиште по ова прашање (а не тезите за мојот персонален југославизам). Дозволете ми да кажам дека јас никогаш не сум живеел во Југославија или во Република Македонја. Во 1988 г. имав привилегија да добијам Југословенско Државјанство, по прецизно кажано, моето Македонско државјанство. Го добив со внатрешна помош од Македонија. Денес, јас сум горд да кажам дека сум граѓанин на Република Македонија, но како што кажав јас не сум живеел таму. Ако тоа е нешто што ме правеше Југословен, во тој случај бев Југословен. Денес Југославија ја нема, но јас останувам да бидам лојален граѓанин на Македонија. Голема штета е што книгата на Др. Вражиновски е полна со контрадикции, лаги и инсинуации. Со лагите, неговиот соработник Антон Павлов не само што му ја одзема репутацијата на раскажувач, но и неговиот труд пишувајки ја оваа книга - исполнета со лаги. Се разбира ние знаеме дека целиот расказ на Др. Вражиновски е полн со лагите на Антон Павлов, инсинуации и убиство на карактерот.
Тој продолжува, "Со одлука на Генералното членско собрание на Обединети Македонци од Канада, Џон Гивенс и неколку други, кои се истомисленици, беа ослободени од членство." Прашањето се поставува, за какво членство станува збор? Вражиновски тука не успева да ја идентификува контрадикцијата. Тоа не би било можно за Антон Павлов, претседател на расцепничката Организацијата на Обединети Македонци од Канада, да протерува членови од "ЦК" како што го нарекува Антон Павлов, на Обединети Македонци од Северна Америка. Како е можно членови на една организација да бркаат членови на друга организација, во која тие не се членови? Неуспехот на Д-р Вражиновски да направи разлика помеѓу различни организации многу придонесе за неуспехот на неговата книга.
Злонамерно обвинетите, од кои јас бев еден, иницираше правна постапка против Антон Павлов и неговата група, која на крајот доведе до издавање на формално извинување и повлекување на неговите клеветнички изјави во врска со наводното протерување.
Дел од извинувањето/демантот гласи: "Понатамо тврдиме дека горенаведените лица на кои им го правиме ова извинување никогаш не биле протерани од "Организацијата Обединети Македонци". Ние исто така веруваме дека горенаведените се искрени Македонски патриоти, како и добри Канаѓани, чија чесност, интегритет, и интерес во работата од областа на македонската заедница е над сомнеж и непрогрешлив. Ние го правиме ова извинување со искрена надеж дека нашата акција може да биде добра и корисна лекција за сите нас и нашите идни генерации и ќе им служи на интересите на нашата македонска заедница во Канада и на друго место." Прашањето е, зошто Др. Вражиновски не пишува, па дури и да спомне за извинувањето на Павлов во својата книга? Не знаеше за ова извинување? Дали Антон Павлов не му ја кажал целата приказна или Др. Вражиновски намерно избрал да не ја вклучи оваа многу важна вистина во неговата книга.
Дозволете ми да провериме што пишува Др. Вражиновски за поканата на Професор Др. Џорџо Нуриџани на Конгресот. Тој пишува: "Поканетиот Џорџо Нуриџани првобитно не ја прифати поканата на ООМ”. Покрај големата презафатеност околу печатењето на три негови книги, една од причинитe што не сакаше да ја прифати поканата е одбивањето да учествува на конгресот во ситуација кога Организацијата е поделена и во нејзините редови владеат големи недоразбирања. Неговото писмо до Матицата датира од 20.08.1995 година. Сепак Џорџо Нуриџани се предомисли и учествуваше на конгресот".
Освен тоа што има очигледна грешка со датумот, Др. Вражиновски целосно погрешил или бил погрешно информиран за содржината на наведените писма на д-р Џорџо Нуриџани, копии кои може да се најдат во оваа книга. Никаде во своите писма Др. Нуриџани не наведува причина за некаков расцеп во организацијата.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/the-john-givens-story/30 le 29 octobre 2026