Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

A Story Told About a Person from Zhelevo: A Book About Risto Mavrovski

Front Matter - Part 03

Par Спиро Мавровски · Partie 3 sur 14 · Environ 22 minutes

Lire en English

ИМА ЕДНА СУДБИНА Деца бевме, кому згрешивме Виновни што бевме без вина Толку тешко кој не проколна Животот по светот ни мина.

А, плачат, плачат за нас планините Сенките под маслините А во нас, боли во нас и векува Рана што пече, не се лекува И низ светот нам секаде Срцата ни ги отворија Само таму нема враќање Портите ни ги затворија.

А, плачат, плачат за нас планините Сенките под маслините А во нас, боли во нас и векува Рана што пече, не се лекува....

Ех, колку тежат таму планините Тешки се и горчините На сите клета ни е судбината Исто не боли далечината!

Кај и да сме не го заборавивме Детството што таму го оставивме Мојата снаа од брат Христина Васил Беќарова, Шкаврева Христина Васил Беќарова, Шкаврева е родена 1928 год. во село Желево,од многу сиромашно семејство со повеќе женски деца од кои Ристана беше последното дете. Завршува 6 ти клас на грчки јазик во селото. За време на окупацијата на селото таа е дома и работи да поможи да опстане семејството. Како младинка се запознава со Спиро Шкаврев, мојот брат, таа врска станува се посериозна и на крајот стануваат брачни другари.

Значи на крајот на 1946 год. таа станува член на семејството Шкавревци, но не за долго, потоа брат ми Спиро излегува партизан пролетта 1947год. таа останува кај нас до пролетта 1948 год. кога и таа заминува за во планина и се бори во редовите на ДАГ, до крајот на август 1949 год. од каде заминува за Албанија, од каде е префрлена во Полска, каде летото 1950 год. се премажува, зема момче грк и ствара ново семејство. Така од страна на брат ми Спиро немаме потомство, а Ристана престанува да е Мавровска. Во тоа кратко време што беше кај нас беше доста вредна и работлива, со некои грешки што ги направи покасно за кои таа си знае, и ќе се присети кога ќе го чита ова. Ристана сега живее во Скопје со својот другар и децата, адреса не знам, го пишувам ова за спомен.

Моето сеќавање за првата средба со Ристана Мојата средба со мојата стрина Христина (Спировица)

Шкаврева. Беше тоа некаде 1970 год. во Битола во мојата Егејска зграда, периодот после светското првенство во кошарка одржано во Љубљана, кога Југославија стана првак. Ние децата после ова игравме кошарка на секој чекор дури и во дворот и во влезот на зградата, така да тој убав пролетен, саботен ден, дојде една непозната жена со поголема торба во рацете, и ни ја прекина играта влегувајќи во влезот. Ненадејно се заврти на кај мене и ме запраша дали во зградата живее Ристо Шкаврев, но наеднаш се заврти накај мене ме гушна и почна силно да плаче, прашувајќи дали сум јас Спиро синот на Ристо, откако потврдив стисокот и писокот уште повеќе се зголеми и заедно заминавме на третти спрат кај нас во станот, каде после време се врати и татко ми со кого се немаа видено од Полска веќе 13 години, после долго плачење заминавме кај стрико ми Коле.

Паметам дека донесе како поклон една голема, прекрасна стаклена риба од Полска. После имавме уште неколку средби во Скопје, така да јас се сеќавам во добро светло на неа, покој и на нејзината душа да почива во мир, несреќата со мојот стрико ја пратеше цел живот.

Мојот брачед Васил Христо Шкаврев, Мавровски (1914 –

1990 год.)

Васил Христо Шкаврев, Мавровски е роден 1914 год. во село Желево од татко Ристо и мајка !!!!!!!, Школата ја заврши во селото, а после тоа продолжи да учи во Лерин угостителска школа. Васил уште од мал остана сирак, почина татко му Ристо а мајка му се премажува за Крсто Јандровски, тој останува да расти со баба му Стојна и тета му Неда. Затоа Васил остана кај нас и стана дел од нашето семејство, со завршен занает. 1934 год. Васил заминува војска каде служи цели 2 години, и кога се враќа станува селски пољак заедно со Павле на Поповци. Васил работи до 1940 год. кога повторно е земен војник и веќе на 28.10.1940 год. се наоѓа во првите борбени линии на албанскиот фронт. Тука продолжува да се бори во редовите на 303 полк каде и се ранува но повторно се враќа на фронт. После капитулацијата на Грција тој се враќа дома во своето семејство кое го оснива заедно со Елена Сандрина и имаат две чупиња Јана и Тена а покасно и син Ѓорги. Така Васил се дели од тета му Неда живее свој живот, за време окупацијата беше во резервите на ЕЛАС, а во 1947 год. се приклучи во редовите на ДАГ, каде е ранет и префрлен во Катлановска Бања, Македонија. Од тука е префрлен во Скопје, до 1956 год. но во меѓувреме поради желбата да се врати кај своето семејство во Грција, паѓа во затвор. После затворот се остварува желбата и тој се враќа во Желево, кај своето семејство, но животот станува претежок и тој заминува за Белгија каде работи во рудници, а од таму се преселува во Торонто, Канада, каде се разведува од другарката Елена и се преженува со друга жена од Баница, Катина Кочопулу но со неа нема деца. Неговите деца се исто во Торонто омажени, оженети, тој живее со Катина Ова го пишува неговиот брачед Ристо, кој од Васил јадел и ќотек кога овој беше пољак, зошто кравата правеше зијани по полето, Васил го пиеше и вареното млеко, а со него спиевме и се покривавме со исти лозник. Напишано да остане спомен за идните поколенија. Нека му е вечна памет, Васил почина 1990 год. во Торонто, Канада.

Кратка историја на село Желево (Andartikon), Леринска околија (Florina)

Селото Желево е едно од поголемите села во овој крај заедно со с.Герман во Преспа. Желево припаѓа во Леринска околија, порано била во Костурско но јас не помнам таква работа, зошто сум се родил под леринска околија. Во времето кога сум се родил грците го преименуваа селото од Желево, во Andartikon и во грчките карти се уште постои под тоа име.

Ова се сеќавања на Ристо Мавровски за периодот од 1928 – 1949 год. за селото, вклучувајќи и сеќавањата на неговата баба и мајка.

Нашето село е големо и многу убаво, се наоѓа во пазувите на Бигла планина. Се граничи со селата: на северо исток со влашкото село Псодери (Pisoderi), на север со Герман (Agios Germanos), на северо запад со селата Рудари (Skalitea), и село Папли (Levkona), на запад со селата Оровник (Karijes), и Буковик (Oksija). На југо исток со Оштима (Trigono), а јас мислам дека се граничи и со село Бесфина (Fika). Тоа е големиот синор на нашето село кои постои и до ден денес.

Селото е големо и така поставено да има убав панорамски поглед кога се гледа од патот кој поминува покрај село а ги поврзува Лерин преку Преспа со Корча во Албанија, а од друга страна продолжува преку Корештата до град Костур.

Од нашето село до албанската граница има 24 км. и до селата Смрдеш (Kristalopigi), и Вамбел (Moshohori), а блиску е и селото Раби (Lemo). Од тука произлегува и големото стратегиско значење на нашето село, од што произлегува богата историја и големите случувања за време на грчко – италјанската војна во м.Октомври 1940 год. а потоа и за време на втората светска војна кога многу војска помина покрај нашето село.

Подолу ќе се обидам да ви ги опишам по сеќавање некои имиња на местата и реките со неговите притоки кои извираат и врват низ селото и се влеваат или ја сочинуваат големата историска река Бистрица (Alijakmon).

Топогравските имиња на синорот на нашето село се со истите имиња кои ги имаа и тогаш и покрај трудот на грците даги променат.

Према влашкото село Псодери се следните: Пистолој стени, Рамна плоча, Крстот, Казано, Џембра, Ѓорѓова глава, Секот.

Према село Герман: Чрни камења,Киванца, Широки моџарки, Мечкино дувло Према село Рудари: Концки рид, Концки моџарки, Желевско голниче.

Према село Папли: Плати, Мазниор, Калугерица, Кофило.

Према село Оровник: Шумјакот, тука се наоѓа месноста Селце, Герака.

Према село Оштима: Асанова падина, Скапецот, Среден рид, Церот, Главата, Тополата, Галик, Чуките, Каменова ливада, Преол, Темнилак, Рендеш, сите овие се погранични имиња.

Сега ќе ги набројам подробно имињата од десната страна на реката: Голема ливада, Клапата, Вангоа ливада, Сливата, Бороички рид, Велови мочарки, Темова стена, Јановски мочарки, Борички ливади, Борички трап, Пелиор, Фуруглица, Лаго, Расадници, Сетките, Ранчејца, Попово орманче, Паправи орница, Среден дол (Срендол), Брода, Касарица, Горна валевица, Перелова бавча, Бавча на Коле шоферо, Темовски ливади, Олништа, и Џолин трап од едната страна а од другата десна страна се: Копачките, Поволи мочарки, Кулето, Сперкоица, Керамицата, Ташови ливади, Манастирска ливада, Средни реки, Јанови падини, Средно риче, Гробот на Васил Темовски, Средни мочарки, Николецко риче, Николецко падинче, Кончко Трпо, Бурлеица, Конски падини, Нозете, Лозината, Дудумов трап, Старо Желево, Војновски ливади, Белоец, Средците, Долни куп, Горни куп, Главчето, Долна Падишта, Горна Падишта, Честакот, Цветкови мочарки, Гробот, Белои ореви, Пучунгов трап, Доловски дол, Братиндол, Кокошка планина, Плочите, Бачово орниче, Чуките, Темнилак, Јанкова ливада, Црвеницата, Питачот, Лош трап, Стојкова чесма, Муртови падини.

Планините Нашите планини се богати со шума и тоа ги има следните дрва:

Бука, Даб, Јавор, Леска, Багрем и Смрека во мали количини.

Во селото се насадени Борови дрва уште во 1930 год. и еден дел е останат како голина. По реките има Тополи и Врби така да селото изгледа во секое годишно време многу убаво како огледало.

Плодови дрва и растенија Низ селото имаме Сливи, Цереши, Јаболка, Круши, Праски, Ореви.

Во планините има и диви круши, диви јаболка, дивјачки, костени, жирје од дабовите, растат и манитари, печурки, планучки јагоди, малини, мечкино грозје, боровинки во голината, капинки и друго.

По планините растат и многу лековити растенија како што се салеп, петопрст, здравец, турско цвеќе, невени, босилок, коприва, скреба, папрат, троска, бозје, трнја, отровна млечка, и уште многу други треви кои ги има во изобилство но малку се користат.

Води во нашето село Низ и покрај нашето село протекуваат многу притоки на реката Бистрица.

Од кај селото Псодери доаѓаат следните притоки: Солак, Свети Илија, а низ селото Косаа, Чамуров трап, Манастирски трап.

Од село Желево се: Чемвра, Бороиски трап, Џолин трап, Срендол. Кај Света Недела и Свети Никола се средни реки, тоа се притоци од голините кои се вливаат кај Јанцои ливаѓе. Од кај Мазниор, Дудумов трап, кај старо Желево, преку Белојец Среците до Ваковска валевица кај Купот, (Пучунгов трап), и од кај Превал надолу до Оштимскиот синор преку Бачорни орници.

Сите овие притоки се со води изобилни и се користат за наводнување на ливаѓето и нивјето. Дел од овие води се користеа и за бројните воденици, сето се водеше преку јазови или доази кои се користеа за мелење на брашно.

1. Доазата која беше доста долга од кај Керамицата и Ташои ливади наводнуваше во Белоец до Средците и Кулето.

2. Од Дудумов трап (Грлото), покрај Главието ги наводнуваше Горни куп, Долни куп се до мостот близу реката.

3. Пучунгов трап наводнување до Белои ореви

4. Од кај Војновски воденици за Јанкови ливади

5. Од кај Ваковска валејнца преку кафината на Брода, покрај Кашарицата до водениците на Дане Чаков и Поп Андон

6. Од кај Олништата за водениците на Николовци, Јаневци и Војновци

7. Јазот за воденицата на Ристо даскалот Џукела

8. Јазот за наводнување на ливадите Галик

9. Најголемиот и нај потребен јаз за селото доаѓа од Јанцои ливаге и Бороиски трап преку Јандровската воденица, преку Ситките, Килеец, Аџиои градини, поминува низ сред село, покрај Џолин трап, покрај Бундовци, Волчо Флоров, Темовци, Кировци, Воиновци влегува во сред село каде се дели надва дела. Едниот врви низ сред село и удолу покрај Марковци, Пучунговци, Ралевци, Паскови,Барбаловци и оди во Олништа.

Вториот продолжува покрај Наум Дидов, Поповци, Додевци и излегува во едно мало трапче кое греди од кај Ѓамовци и Бундовци и покрај Сареви и Митановци се влива во Срендол трап.

Ова е начинот како селаните ги наводнувале ливаѓето и нивјето, а воедно и го мелеле брашното во селото.

Водата за пиење и готвење беше посебна приказна. Од нашите соселани во Канада, Америка, беа испратени средства и со помош на селаните изворската вода од Пелиор беше донесена по водоводен систем до селото, а од таму се направија чесми по сите маала. Така нашето село имаше изобилство на чиста и изворска планинска вода, значи со труд и слога на сите заедно има и резултати.

Животни диви и домашни Низ нашите планини може да се сретне следниот дивеч: волк, мечка, лисица, дива свиња, овие се штетни но интересни за ловџиите за рекреација и спорт. Уште има зајаци, куни, кунатки, јазовци, глувци, стаори, кртови, ежови, разни отровни змии и тоа: шарка, водни змии, смокови,зелени гуштери и гуштерици, жаби, бумбари, диви оси. Од птиците има:

планински орли, ластовици, соколи, гарвани, страчки, чавки, јаребици, паук, диви гулаби, сојки, потполошки, врапци.

Домашните животни ни беа: кучето, мачката, бишка, кон, магаре, крава, волови, овци, кози, а од птиците: кокошки, бибки, гуски, мисорок, франкови кокошки.

Развој на селото Селото Желево има голема историја и низ неа развој на селото, со земјоделие, селско стопанство, сточарство, занаетчиство и други активности.

Многу важен момент во историјата на Желево беше купувањето на месноста Селца од 49 семејства со 4000 златни наполеони од турците. Тие семејства беа печалбари по Америка и Канада и со тие пари ја купија Селца, семејстваа се следни:

1. Марковци со 4 семејства

2. Јановци со 4 семејства

3. Папазови со 4 семејства

4. Гадучови со 3 семејства

5. Тодоровци со 4 семејства

6. Флоровци со 4 семејства

7. Кировци со 4 семејства

8. Воиновци со 3 семејства

9. Бундовци со 4 семејства

10. Пачковци со 3 семејства

11. Лучкови со 2 семејства

12. Николовци со 2 семејства

13. Темовци со 2 семејства

14. Лумборовци со 2 семејства

15. Митановци со 2 семејства

16. Нолевци со 1 семејство После купувањето на Селца се разви земоделието, лоарството, сточарството, овчарството, но селото почна и внатрешно да се развива.

Во тоа време се отворија 5 дуќани, продавници, од кои три беа од влашкото село Псодери: Маќио, Наки, Гога. Од селото имаа дуќан Јандровци, но тие и колеа стока и продаваа и месо, и дуќанот на Кузе и Петре Дограмот, а овие имаа и свој камион за превезување и носење на стоката. Имаше фурна за печење леб бело пециво: симити и кулачиња мали, газдарицата беше еврејка.

Во селото постое неколку кафани каде се береа селаните:

На Брода беа на Фото Темо Сотиров, и на Ѓорги Трендов.

Во средсело: Петре Голијот Темелко, Куфело Ило Сандрин, каде правеа и добри слатки, Лазо Милошев и една мала трафика на Сотир Гулин.

Во селото работеа и многу занаетчии меѓу кои беа попознати:

Ковачи Петко и Филе Кировци, Тенекеџии и собари Ѓорги Трендов, Сликар Сотир Макријата, бочвари, калјџии, самарџии, имаше и берберница каде работеа браќата Раде и Ѓорги Марку.

Постоеше и една поголема тајфа на мајстори ѕидари кои работеа во нашето и во другите села а во неа беа: Трпо Попов, Мијал Шкаврев Бојков, Коле Алтано, Ламбро Бучунго, Ламбро и Стерјо Тркалов и многу други.

Превозни средства во селото имаа: Јане Манџуко кој имаше кола со коњи и ги услужуваше селаните носејќи дрва, камења од планината и други работи. Исто имаше и камиони кои возеа до Лерин и тоа Коле Николов, Танас Јану, Борис и Петре Јану Манџукои, Коста на Балковци.

Следно што работеше во селото беа водениците за мелење на брашно:

1. Горна Валевица остана само името

2. Ваковската валевица воденицата кај среците на Фили Киров

(коачот)

3. Јандровска воденица

4. Ташовска воденица

5. Чаковска на Дане воденица

6. Попандон Петков воденица

7. Филовска воденица

8. Флоровска воденица

9. Николовска и Воиновска воденица

10. Марковска и Бундовска воденица

11. Беќарова воденица

12. Ристо Џукелов (даскалот во Галик) воденица Да ги наведам и каливите на нашите соселани кои имаа овци и кози.

Кај месноста Белоец ги имаше: 4 каливи на Николовци Петре, Наум, Стилијан, Ѓорги, 2 каливи на Переловци (Јановци), и по една на Ѓорги Трендов, и Лазаровци. Кај месноста Горни Купот по една калива на Филе Киру (коачо), Станишеви, Јоше Бачков, во Пучунгов трап беа Пучунгои каливи, кај месноста Бачооро орниче беа Маркови, Лумбурови, Бодановци (Трпчеи), Црвенците Курзови каливи. Најповеќе каливи имаше во селца скоро сите од селото а некои од селаните ги чуваа и дома овците и козите како: Тодорка и Софија Гадучови, Голановци, Ламбро Флоров, Коста Станишев, Букуровци и многу други.

Во тоа време имаше илјадници овци и кози, многу летни бачила каде се правеше убаво сирење, маст, урда, путер, а остануваше и волна и козина за потребите на селаните.

Во селото имаше една школа, но поради големиот број на деца се отвори уште една поголема и поубава. За жал денеска од младите нема ништо, така да и овие училишта се празни.

Селото има и две убави цркви Свети Никола, Свети Атанас, тука се гробиштата на нашите претци прадедовци, дедовци, татковци, мајки, браќа, сестри нека му е вечна слава и лесна да им е земјата.

Село Желево географски по маала Ќе се обидам по сеќавање да го опишам нашето село по маала гумна и се што паметам во него.

Ќе започнам од месноста Брода од каде иди пат кон селот, со кој се дели селото на два дела и тоа Горни и Долни дел. Во Брода имаше две кафиња покрај самото џаде и тоа на Фото Темо Сотиров, и на Ѓорги Трендо, подолу беше куќата на Танас Јану шоферот. Повнатре имаше изградена куќа на Балковци и во неа живееше Наум Перелов Јану, тука близу беше и Чекмеето каливче, и Бундови ниви. Тоа беше стара Брода, а во понова Брода има и нови изградени куќи и тоа на Јане Манџуко и на Ланџакови Маала – Ташовци Ќе се обидам да ги кажам семејствата по маалата по мое сеќавање:

1. Стамовци - Stamu

2. Балковци - Balku

3. Карафиловци - Karafilu

4. Лазаровци - Lazaru

5. Петковци - Petku

6. Пацовци - Paca

7. Андончини - Andoniu

8. Гиновци - Ginu

9. Нановци - Nanu

10. Сандрини - Sandras

11. Џолини - Andoniu

12. Ѓакеи - Andoniu

13. Кировци - Kiru

14. Ласко Спиро - Stergiu

15. Флоровци - Floru

16. Милосовци - Mircu Во оваа маала има повеќе фамилии со исти имиња, затоа се изгледа како да има малку семејства.

Маала - Килеец

1. Нолевци - Nolis

2. Бодуровци - Boduris

3. Кочовци - Kocu

4. Симовци - Simu

5. Дибрановци - Divranu

6. Бачковци - Backu

7. Керчовци - Kercu

8. Ванговци - Vangu

9. Папазовски - Papazis

10. Кајчевци -

11. Карафиловци - Karanfilu Во оваа маала има повеќе фамилии со исти имиња, затоа се изгледа како да има малку семејства.

Голема маала Флоровци - Floru Чаковци - Caku Шкавревски, Мавревци - Mavru Бачкови - Backu Филе ковачо - Kiru Темовци - Temu Станишовци - Stanisis Гулини - Gulakis Спиро Лазаров - Lazaru Лучкови - Lucku Голиот Петре - Papa Ilijas Ќумунџијата - Goliu Никола Поповци - Zega Фили мутуфот - Teodoru Тодоровци - Teodoru Манџуковци - Mandjuki Ристо Манџуко - Janu Танас Марков - Marku Коле Ланџако - Landjakis Сотировци - Temu Голановци - Tedoru Переловци - Janu Тодорка и Софија - Teodoru (Luka Gaduci)

Васил кројачот - Temu Ламбро Бундов - Bundu Волчо Флоров - Floru Ламбро Станишев - Stanisis Јанаки Темов - Temu Дудумовци - Dudumi Лијанџакои - Landjakis Трендовци - Trendu Стилијановци - Nikolau Васил Николов - Nikolau Никола Николов - Nikolau Коле шоферот Воиновци - Voinu Пандо Николов - Nikolau Петре, Наум, Ристо, Ѓорги, Јандро Николови - Nikolau Чачановци - Cacani Лазо Милосов - Mircu Панајот Мергелов - Mergelis Маало Сред село Наум Дидо - Lijandjaku Цацини - Cacinis Кузман Јовановци - Janu Поповци - Papailijas Гиро - Argiriu Темелкови - Temelku Јандровци - Mirku Марковци - Marku Куфела - Kufelas Тодор влао - Јанкуловци - Giankulas Дамовци - Damu Тркаловци - Traklas Додовци - Dodu Спиро Дограмов - Janu Саровци - Saru Чареви - Ефтимовци Муха - Eftimiu Ѓиамовци - Giamu Форчо - Hadjikiru Степановци - Stepanis Сканџови - Skandju Румјаковци - Rumjaki Ласкови - Stergiu Во оваа маала има повеќе фамилии со исти имиња, затоа се изгледа како да има малку семејства.

Долна маала Аџиовци Ралевци - Rali Пучунговци - Pucunga Брбаловци - Brbalas Пачкови - Pasku Марковци - Marku Беќаровци - bekaris Букуровци - Bukuris Плчаковци Гадучови - Gaducis Горна маала Митановци - Mitani Нановци - Nanu Лумбуровци - Lumburu Курџовци - Kurdju Марковци - Marku Кировци - Kiru Бундовци - Bunda Мито Трпце - Bodani Шмугреви Сико - Siku Бодановци - Kiru Лони Пирпико - Pirpikis Богдановци - Bogdanis Лизганови - Lizgani Ристо Џукела - Sideri Трпчелои - Trpcelas Рошкови Јановци - Janu Луловци - Lulus Ничеви - Nicu Глигоровци - Gianu Гадучови - Gaduci Лучкови - Lucku Во селото има многу куќи но под исти презимиња: како Беќаровци, Пучуговци, Марковци, Јановци, Кировци, Балковци, Тркаловци, Темовци, Флоровци, Николовци Што имаше во едно селско семејствово село Желево Куќата Да почнам од кералот: имаше голема дрвена бочка за вино, амбар за жито и брашно, две каци за расол, пиперки и домати туршија, каче за сирење и каче за месо. Имаше разбој за ткаење со неговите прибори, сандуци за чување на пљачките, но и ткаенините како саак, бело платно, черги, ќилими, тоа е во ќералот.

Како спиевме и со што се покривавме: имаше рогозина плетена од ржаница, таа се постилаше на подот, кој беше од земја. Над рогозината се постелваше черга ткаена од крпи, имаше долги перници, така легнуваа сите машки од една страна заедно, се покриваа со лозник или веленце кои можеа да бидат од волна или козина праени и валани во селото. Од другата страна женските исто како нас. Во другата соба имаше голема дрвена маса и две големи дрвени клупи, столици за седење но тие беа само за празници, имендени и веселби.

Секое домаќинство дома ги имаше следните предмети: черепна и сач, ношфи, блуд, сито, вретено, софра и столчиња, бакарни котли, големи и мали за готвење и за перење, тиган за готвење и пржење. Бакарните предмети се калаисваа во селото, така да секогаш беа сјајни и чисти. Земнени работи беа: латвица, ќупови, грниња, стомни, стомниња за вода, на тланикот беше врзан синџир и на него се обесуваше котлето за качамак. Од страна на железарија имаше: печка од ламарина, кација и маша, пирустија а тие што имаа овци имаа големи лимени кобли за млеко и тенекиња за претурвање и носење на млекото.

Како се переше: се одеше на реката се правеа места на кои се палеше оган, каде се клаваше котелот да се топли водата, а од дома до реката алиштата се носеа со магариња или коњи, маски, таму ги растоварат, ги попарват и почнуваат да ги удираат со дрвени пиралки, копани, кои беа правени само за алишта. Тука после перењето се спроструваа се сушеа и се носеа дома.

Испрани со сапун, сето ова е интересно оти има доста жени кои кажуваат многу работи. Во времето од 1941 – 1944 год. во селото немаше сапун и селаните сами го правеа. Сапунот се правеше на следен начин, се ставаа: расипано свинско сало, вар нерастопена, одсеена пепел, така да овие се варат заедно, прво се топи салото па му се додава пепелта и на крајот варта на силен зажарен оган, потоа се става масата во калапи направени за оваа работа, за да се исуши сапунот, некогаш се ставаше и овчка лој или од вол.

Осветлението во куќата беше со газија, но кога немаше се топеше лој во кутија, се клаваше фитил на ламаринче и така запален светеше во ноќта за да се вечера, а после тоа се гасни и кандилцето и се легнува за спиење.

Аурот (штала за воловите)

Во аурот има „ јасли за сено “, слама и останато за стоката.

Постојат различни места за врзвање на кравата, телето, воловите, јунците, магарето, на подот се фрла папрат или слама за да не им студи на говедата во зима, а тоа се користи после како гној за во нивите. Се хранеа со сено, слама, трева, букова шума, понекогаш пребои, т.е. мелено жито со трици. Во пролет лето и есен се пасат по планините и ливадите, ова е се така за крупната стока. За овци, кози е посебен начин на чување и хранење во каливите надвор од селото, или во трла, посебни огради за јагниња и јариња, и место за спиење за тој што ја чува ситната стока.

Предмети кои беа во куќата за цело време: Големи и мали балтии, голема и мала варија, разни клинови за цепење на дрва, коса, мали и големи железни вили, исто и дрвени вили за берење на сеното, грибла, срп, сор, рало или плуг за орање на земјата.

Храна Храната беше типична селска, сиромашна храна. Лебот беше од пченка и од рж, пченица само за празници, понекоја погача, зелник, мазник некое пупале. Повеќе имаше кртоли (компир), грав, праз, пиперки, домати, кромид, грашок, леќа, коноп, тикви, зелка, киселец, коприви, млечки за салата, болтур на место ориз (пченица толчена), макало каша, макарони и манестра.

Од млекото од кравите и овците се правеше сирење, урда, маст, матеница, кашкавал, куластра, замислете од една крава да се прехранат четири деца и два возрасни. А секоја крава дава околу 4 оки млеко на ден, но преку есента доаѓаа каракачани и продаваа старо сирење и урда за цела зима и пролет.

Со месо се снајдувавме така да секоја куќа гледаше по една бишка и таа како дива одвај да имаа по 80 – 90 кила, сало и месо, и некое кило овчко месо купено за да се помини од ново до ново. Друго месо имаше говедско, некоја кокошка, овчко ако донесеа Трендовци или Переловци или ако се заколи во селото за да се купи некое кило. Имаше и јајца од кокошките.

Верата во селото беше на високо ниво, така да се постеа сите пости, Велигденски, Божиќни за Богородица, секоја среда и петок, кога се ќе се собери уште колку мрсни денови остануваа.