A Story Told About a Person from Zhelevo: A Book About Risto Mavrovski
Front Matter - Part 14
Реков пет денови и во овие пет денови ако не го уништиме непријателот, adios amigo, ние си одиме... Американскиот даночник за вас и за оваа војна потроши голема пара.
** Ова се извадоци од книгата на генерал мајор Д.
Зафиропулос, “Антибандитската Војна 1945 – 1949“, која го опишува крајот и катастрофалниот пораз на Демократската Армија на Грција и несогледливите последици за македонскиот народ во неа.
Што се случуваше со македонскот население во оваа војна.
Нашето македонско прашање се решаваше спрема ситуацијата на фронтот, се даваа многу права кога им требавме, училишта на мајчин јазик, самоопределување до отцепување, чисти воени единици, но само за кратко, кога во 1948 год. во март се собраа децата и се однесоа по народните републики, а во 1949 год.
старо младо и се што остана се префрли во Албанија, тогаш КПГ и ДАГ ја направија најголемата грешка, не откорнаа за секогаш од нашите родни огништа, и можност монархофашистите да ја реализираат својата цел. Целосно истребување и егзодус невиден во поновата историја. 1949 год.
во важност беше паролата НЕПРИЈАТЕЛОТ НА ВИЧО НЕМА ДА СТАПНИ, и ГРАМОС Е НАШ ЗА СЕКОГАШ. За жал и покрај сето оружје немаше доволно борци да ја зачуваат таа огромна територија. Останаа борци од женски род, помали единици, цело население беше вклучено во борбата но сепак тоа беше малку да се зачуваат големите слободни територии.
Од редовите на ДАГ борците пребегнуваа во Југославија, кај монархофашистите, голема штета се нанесе со резолуцијата на ИБ, зошто 1949 год. Југославија, ги затвори граници за премин, што предизвика и дополнителни непотребни жртви на наша страна.
Помошта на страната на монархофашистите беше голема од сите западни земји, во се што беше потребно, меѓународната ситуација беше на нивна страна, владееше студената војна така да директната помош од Советскиот Сојуз изостана, за разлика од американците кои многу јавно со се застанаа на страната на монархофашистите.
По поразот на ДАГ раководството на КПГ се нафрли со секакви клевети против македонските раководители и команданти во редовите на ДАГ, сакајќи да се оправдат за поразот а вината да ја префрлат на македонските раководители кои божем биле на страната на Југославија а против ДАГ, што е голема лага и клевета, што покасно излезе на видело, се работеше за обратното. Тоа раководство беше директно виновно за поразот и тоа Никос Захаријадис, Михали Парцалидис, Вландата, Гуша, Маркос и некои други, но овие се директните виновници.
Мое видување за раководството на ДАГ Кој се генералниот секретар на партијата Никос Захаријадис и генерал Маркос?
Од двајцата Средноазијци кои ја поведоа Граѓанската војна, со мамката на КПЈ/КПМ (НОФ и АФЖ), дека ќе ни создадат нова свест, едниот се викал Никос Захаријадис, роден е на 27 април 1903 година во Одрин (Адријанопулис)., Источна Тракија.
Татко му бил вработен како службеник – експерт во француската трговска компанија за тутун „Рези“, со седиште во Цариград. Никос Захаријадис од 1911 – 1912 година живее во Скопје во населбата Ибни Пајко, каде неговиот татко работел во претставништвото на споменатата компанија „Рези“. Во Скопје Захаријадис заоди на училиште. Во 1913 година се преселуваат во Солун. Во 1922 и 1923 година како морнарски работник допатува во Советскиот Сојуз, каде се зачленува во КПСС. Во 1924 со размена на населенијата меѓу Турција и Грција, семејството Захаријадис се преселува во Грција. Во 1924 година го посетува познатиот комунистички универзитет за народите од Источна Европа КУТВЕ во Москва. Захаријадис бил лидер на грчкото комунистичко движење и генерален секретар на КПГ, од 1936 до 1956 година. Захаријадис упорно го култивираше во редовите на КПГ култот и сета доверба во апсолутната непогрешност на КПСС и на Сталин, факт, како што и самиот призна, многу скапо го плати грчкото комунистичко движење, грчкиот и македонскиот народ и самиот тој. Се самоуби како робијаш во градот Соргун во Сибир 1973 година.
Другиот се викал Маркос Вафијадис, роден во 1906 година во село Тосије во Мала Азија. Завршил четвртто оделение. Во граѓанската војна (1945-1950), Захаријадис го избра и го направи генерал и председател на привремената влада за еден ден и кога сака да го потроши. Тоа го стори во август 1948 година. Генерал Маркос Вафијадис познат по својот став
(стратегија и тактика), дека вооружената борба треба да се развива во мали ефикасни партизански воени единици. Не фронтално. Тој го прогласи за болен, го суспендира и го прати во прогонство, во градот Пенза, СССР. Захаријадис со смената на Маркос Вафијадис, ја презеде целокупната команда и настојуваше да создаде вооружени единици на ДАГ за фронтална борба и тактика против националната армија на Грција, која беше 10 пати поголема и потмогната од Америка и Англија.
Тие двајцата за време на војната градејќи го „новиот свет“ сурово газеа врз достоинството на Македонците, ги валкаа нивните национални чувства и упорно го негираа македонскиот национален идентитет.
Пролог * Ликовите на фотографиите чиниш испливуваат, живнуваат, го отсликуваат животот што сега ми се јави во духови и сенки.
Низ фотографиите го барам тоа што беше, луѓето со нивните радости, таги и болки. Беа, ги нема. Барам семејства. Беа, ги нема. Го барам тоа што некогаш беше. Сега го нема.
Духови и сенки на духови...
Гледам на ликовите од фотографиите и правам напор да ги видам патиштата по кои се витосаа.
Во кои земји?
Во кои непознати ширини на светот ги растури времето Кое време?
И како?
Колено по колено Поединечно-еден зад друг.
И збирно, во куп, и толпа...
Време....
Што е време и што се луѓето во времето?
Времето убива.
Времето ранува.
Времето лекува.
Времето заборава.
Времето не остава траги.
Времето уништува.
Времето е убиец.
Дали е сведок?
Времето одминува.
Времето носи, однесува.
Времето памети.
Времето докажува, Времето потврдува, Времето прифаќа и отфрлува.
Се вели во времето на тој и тој, Во времето на големите бури, Во времето на таа војна, Во времето на тие и тие болести.
Тука сме. На празно, на голо, олишено место.
И времето е изминато, одминато, А тука, сега, во сегашното, денешното, Во ова миговно време, Сега сме во одминато време.
Сега сме во времето поделено на сега и вчера.
Време...
Чие време и какво време?..
Тука сме - во изминато време, Време без луѓе, без куќи, Тука сме во сегашното време без живот, Само ледина и јата гаврани.
Време.
Чие време?
Какво време?време на што?време мерено со што?
Време обележано со што и како?
Изгубени во времето.
Согорени во времето.
Времето носи.
Што носи?
Време на радости.
На глад.
На страв, На жртви, на лаги, на пцости.
Време на клетви, кодошења и измами.
Време на колнења, на чекање.
Време стегнато меѓу времињата.
Какви?
Време за паметење.
На што?
Време на постоење, Време на истрајност.
Време на чување на времето.
Тука времето се мерело со време За копање темели, за делкање камен, за ѕидање И редење керамиди, за орање и сеење, жнеење, Време на берење плод, време на свадби, празници, Растење и стареење, време на радости и таги, Време на животот...
Потоа дојде и време на војни.
Време на лошо време И време на големи ветувања и лаги Време на одлачување на чеда од мајки И време на искоренување.
Време на молчење на камбаните.
Време без вера во Бога.
Каде застана времето?
Сега има само време За намнисување на изминатото време И време да не се заборави далечното време.
Тука сега има само сега.
Дали ќе трае само толку, колку што ќе останеме Наведнати над пепелиштето И остатоците од темелите на нашите куќи?
Време во нас останато засекогаш вгнездено И запечено во спомените.
Време над кое се превалува и превртува маглата И правот на заборавот....
Време за одмаглување.
Време за обеспрашување на правот Што налегна над времето.
Време на зреење.
Време потребно за да дојде друго време
* Петре Наковски, „На пат со времето“, Скопје, 2010 година.
Епилог Голем љубител сум на природата, планините, и секогаш кога наоѓаме слободно време со другарка ми одиме до Неолица, околните планини, пиеме студена изворска вода, каде поминуваме многу убави моменти кои ме потсетуваат на мојата младост.
За се што поминав во овој период во град Битола најмногу ми помогна мојата сакана другарка Софија, таа беше се и домаќинка, и економист, и педагог кон воспитувањето на децата и спрема мене, секогаш најдуваше време и начин да ми помогне и во работата и во приватниот живот, само со слога и меѓусебно разбирање успеавме иако посиромашно да излеземе на крај со сe. Го изучивме синот Спиро, колку можевме и ќерката, ги оженивме и омаживме и така станавме дедо и баба со нашите најмили ни внучиња. Сега секој си ја гледа сопствената фамилија.
Во животот не пијам алкохол, не пушам цигари, не сум љубител на слатки, многу слабо одам на кино претстави, прво од економски аспект а второ не секогаш сакам да седам во затворен простор подолго време. Од пред три години чувам внуче од ќерка ми Менде и со него ми минува времето.
За се што јас постигнав, а мислам не сум постигнал ама ништо, останав доживотно работник, но не сум разочаран, по што чесно и поштено сум ги вршел сите поставени задачи прво за сите, а после за мене. Од фабриката не сум земал ниту динар помош, а стално сум давал секаде и секому, давав придонеси за градот Битола и продолжувам да давам за подобар град, за вработување, давав за обнова на град Скопје по земјотресот, останав без стан, без кола и други неопходни работи, но душата ми е чиста како солза. Најголемо богатство ми е моето скапоцено семејство, живеам и се трудам да им помогнам на сите мои.
КРАТЕНКИ АФЖ АНТИФАШИСТИЧКИ ФРОНТ НА ЖЕНИТЕ ГШ ГЛАВЕН ШТАБ ДАГ ДЕМОКРАТСКА АРМИЈА НА ГРАЦИЈА ЕАМ НАЦИОНАЛЕН ОСЛОБОДИТЕЛЕН ФРОНТ ЕДА ГРЧКА ДЕМОКРАТСКА ЛЕВИЦА ЕЛАС ГРЧКАНАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА АРМИЈА ПОН НАЦИОНАЛНА СЕГРЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА МЛАДИТЕ ПГ ЗЕМЈОДЕЛСКА ПАРТИЈА НА ГРЦИЈА ИБ ИНФОРМБИРО ЕППЕ ЦЕНТРАЛЕН КОМИТЕТ НА ПОЛИТИЧКИТЕ БЕГАЛЦИ ОД ГРЦИЈА КЗ КРИВИЧЕН ЗАКОН КОЕМ КОМУНИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА МАКЕ ДОНЦИТЕОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА КПГ КОМУНИСТИЧКА ПАРТИЈА НА ГРЦИЈА КПЈ КОМУНИСТИЧКА ПАРТИЈА НА ЈУГОСЛАВИЈА КПМ КОМУНИСТИЧКАПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА МАИ ЕДИНИЦИ ЗА ЗАШТИТА НА ВНАТРЕШНОСТА НОВ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА ВОЈСКА НОД НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ НОМС НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН МЛАДИНСКИ СОЈУЗ НОФ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ФРОНТ ООН ОРГАНИЗАЦИЈА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ПБ ПОЛИТБИРО ПДВ ПРИВРЕМЕНА ДЕМОКРАТСКА ВЛАДА НА ГРЦИЈА ФОРМИРАНА 1947 ГОДИНА НА ГРАМОС, КОЈА НИКОЈ ДРУГ НЕ ПРИЗНАВА ОСВЕН ТАА САМАТА СЕБЕСИ.
ПЕЕА ПОЛИТИЧКИ КОМИТЕТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕ ПЗ ПРИНУДЕН ЗАКОН СНОФ СЛАВЈАНОМАКЕДОНСКИНАРОДНООСЛОБО ДИТЕЛЕН ФРОНТ УДБ УПРАВА ЗА ДРЖАВНА БЕЗБЕДНОСТ ЦК ЦЕНТРАЛЕН КОМИТЕТ ЦС ЦЕНТРАЛЕН СОВЕТ.
Литература
1. „На пат со времето“ – Петре Наковски, 2010 година, Матица Македонска Скопје;
2. „Македонците низ пеколот на црвеното губилиште“ – Стојан Кочов, 2007 година, Матица Македонска Скопје;
3. „Кратка историја на село Желево, Македонија“ – Стојан Томов, Торонто, Канада;
4. „Поздивишта“ – Фана Мартинова, Буцкова и Ристо Шанев,
1988 година, Нова Македонија Скопје;
5. „Ден на Разделените“ – Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, 1993 година, Редакција Нова Македонија Скопје;
6. „Грчката болница на островот Волин“, – Бригаден генерал д- р Мјечислав Барчиковски, организатор и главен хирург на специјалната болница под шифра „250“, Варшава;
7. „Антибандитската Војна 1945 – 1949“ – Генерал мајор Димитри Зафиропулос, 1956 година, Атина.
8 Лични белешки и кажувања на: мојот татко Ристо Мавровски, на мојата мајка Софија Мавровска, на мојот брат Васил Илиев Склифов, на мојата сестра Неда Мавровска.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/risto-mavrovski-e-book-macedonian-1/14 le 29 octobre 2026