Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Inhabited Places in Aegean Macedonia

Front Matter

Par Тодор Христов Симовски · Partie 1 sur 6 · Environ 7 minutes

Lire en English

Насeлените Места во Егејска Македонија Тодор Христов Симовски Насeлените Места во Егејска Македонија Published by:

Risto Stefov Publications rstefov@hotmail.com Toronto, Canada All rights reserved. No part of this book may be reproduced or transmitted in any form or by any means, electronic or mechanical, including photocopying, recording or by any information storage and retrieval system without written consent from the author, except for the inclusion of brief and documented quotations in a review.

************** January 20, 2019

************** СОДРЖИНА

“ТРУД – ЕДНАКВО КОРИСЕН ЗА НАУКАТА И ПОШИРОКИОТ КРУГ ЧИТАТЕЛИ”........................................4 МЕСТО ПРЕДГОВОР .................................................................6 I - РЕПЕРКУСИИТЕ ОД БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ (1912-

1913) ..............................................................................................9 II - МИГРАЦИОНИТЕ ДВИЖЕЊА ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА ВО ТЕКОТ НА ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА ......................................................................................................12 III - МИГРАЦИОНИТЕ ДВИЖЕЊА ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (1919-1940) .....................................................14

1. Иселувањето на Македонците во Бугарија и СХС .................14

2. Сместувањето на македонските емигранти во Бугарија ........17

3. Иселувањето на Македонците во прекуморските земји ........20 IV - ПРИСИЛНОТО ПРЕИМЕНУВАЊЕ НА НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА, ТОПОНИМИТЕ И МИКРОТОПОНИМИТЕ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА ........................................................24 V - ПРОГОНУВАЊЕТО И ИСЕЛУВАЊЕТО НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА ПРЕД И ВО ТЕКОТ НА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА (1945-

1949) ............................................................................................37 VI - ИСЕЛУВАЊЕТО ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА ВО ПРЕКУМОРСКИТЕ ЗЕМЈИ ПО ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА И НАТАМОШНОТО ПРИСИЛНО ПРЕИМЕНУВАЊЕ НА НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА...................43 БЕЛЕШКИ ..................................................................................49

“ТРУД – ЕДНАКВО КОРИСЕН ЗА НАУКАТА И ПОШИРОКИОТ КРУГ ЧИТАТЕЛИ” Во трудот “Населените места во Егејска Македонија” се опфатени окрузите: Коструски, Лерински, Воденски со околиите: Воденска, Мегленска и Ениџевардарска, Кукушки округ со околиите, Кукушка и Гуменџиска, Солунскиот округ со околиите Солунска и Лагадинска, како и Калјарска и Негушка околија.

Во трудот “Населени места во Егејска Македонија” се опфатеоколии, како и бројни напуштени населби кои денес не постојат. Тие се дадени по азбучен ред. Името на населбата е означено прво со македонско, а потоа со новото грчко име.

Секоја населба е обработена посебно, со краток осврт на географските, етничките и стопанските карактеристики.

Авторот во својот труд укажува на сите етнички промени кои настанале одделно за секоја населба, претежно, како резултат на денационализаторската и асимилаторската политика на грчката држава од балканските војни до најново време.

Карактеристични се ситуациите по балканските војни, Првата светска војна, Грчко-турската војна (1920-1922) и конвениите што следат по нив (Нејската и Лозанската); по Втората светска војна, Граѓанската војна во Грција и антимакедонската политика на повоените грчки влади кои принудиле да се иселат бројни Македонци во прекуморските и други земји, како и колонизаторската политика, односно населувањето на напуштените македонски населби со население од друга народност.

Авторот документирано, служејќи се со изворна граѓа, литература и долгогодишни истражувања, укажува на сите овие настани и промени. За георафските белези и стопанските карактеристики, авторот користи административни, генералштабни и други карти, статистики, литература и други истражувања.

На крајот од текстот, по азбучен ред, е даден комплетен список на сите населени места; во почетокот населбите се споменуваат прво со македонско, а потоа со новото грчко име, додека во наредниот список името на секоја посебна населба се споменува со грчкото, а потоа со македонското име. На тој начин читателот има можност лесно да ја пронајде бараната населба во трудот, доволно е да го познава само едното од двете имиња.

Трудот има предговор, како и повеќе илустрации од населените места, објекти и месности, со што тој е попрегледен, подостапен и позбогатен.

Кон текстот се приложени и нацрти на етнографски карти и тоа по околии за состојбата непосредно пред балканските војни, односно пред поделбата на Македонија, извршените подоцна присилни миграции и етнички промени, како и за состојбата од 1940 година, односно непосредно пред окупацијата на Македонија и Грција.

Авторот во картите ги има внесено сите населби означени во текстот во дадените административни граници. Населбите се означени со квадрати во зависност од големината на населбите.

Името на населбата е дадено на македонски, а во заграда новото грчко име.

Имајќи го предвид сето изнесено, се добива впечаток дека авторот подолго време работел систематски и вложил се со една цел: да ни презентира еден сериозен труд, еднакво корисен за науката и за поширокиот круг читатели.

Скопје, 25 август 1975 год.

Академик, Димитар Митрев, д-р Владо Ивановски МЕСТО ПРЕДГОВОР Како последица од балканските војни (1912-1913) и Букурешкиот мировен договор од 28 јули (10 август) 1913 година, санкциониран од Нејскиот мировен договор од 14/27 ноември 1919 година и од Северскиот мировен договор од 28 јули (10 август) 1920 година, Македонија беше поделена меѓу трите балкански држави – Србија, Грција и Бугарија. (1)

Делот што потпадна под Грција и оттогаш претставува составен дел на грчката држава опфаќа површина од 33.953 км² од вкупно 66.474 км², колку што има цела Македонија. (2)

Со вклучувањето на Егејска Македонија во нејзиниот состав како и на другите територии добиени во и по балканските војни, Грција се зголеми од 63.211 км² на 129.880 км², а нејзиното население од 2.631.952 се покачи на 6.204.684 жители, колку што броеше во 1920 година. (3) Со тоа таа се здоби и со државни граници спрема CXC и Бугарија, иако тие не се ниту нејзини природни, ниту пак етнички граници спрема овие држави.

Од вкупно 2.000.000 жители, колку што броеше цела Македонија пред нејзината поделба, повеќето од половината, односно 1.163.477 жители живееја во Егејска Македонија. (4)

Националниот состав на нејзиното население, кое, како последица од петвековното ропство претрпе сериозни етнички измени, во предвечерието на балканските војни, беше следниов:

Македонци христијани 326.000, Македонци муслимани 41.000, Турци 295.000, Грци христијани 240.000, Грци муслимани 14.000, Власи христијани 46.000, Власи муслимани 3.500, Албанци муслимани и христијани 9.000, Евреи 60.000, Роми 30.000, а преостанатиот број беа жители од други народности.

(5)

Во случајов, немаме намера да навлегуваме во историјатот на националниот состав на Егејска Македонија од порано, но секако заслужува да се подвлече и тоа дека пред доаѓањето на Турците, во овој дел доминираше македонското население и дека, и покрај честите војни во минатото, кои носеа пустош, разурнувања и миграции, Македонците сепак останаа главна националност во Егејска Македонија.

Но, тоа што не можеше да се случи во минатото, за период подолг од пет векови, се случи за релативно кратко време во периодот по балканските војни, во кои настанаа такви крупни миграции и етнички измени во Егејска Македонија, кои имаа несогледливи последици за македонскиот народ во целина.

Со поделбата на Македонија меѓу трите соседни држави, на македонскиот народ, кој дотогаш упорно се бореше за својата национална слобода, му се нанесе голема историска неправда.

Единствена алтернатива за него остана натамошната борба која овој пат, поради новите околности, стануваа далеку посложена и потешка.

Освен тоа, со оваа поделба, покрај сите други реперкусии, Македонците од трите дела на Македонија беа подложени на асимилаторска тортура и присилни емиграции, со единствена цел да се измени етничкиот состав на Македонија. Таквите настојувања предизвикаа последици кои пред се се изразија и се изразуваат во менувањето на националната структура на Егејска Македонија на штета на Македонците.

Во таквата политика на соседна Грција и помогнаа, главно, и неколку историски настани, кои пак, таа, ги искористи за свои цели. Тоа се:

1) Првата и Втората балканска војна од 1912-1913;

2) Првата светска војна од 1914-1918;

3) Грчкотурската војна од 1919-1922 и Лозанската конвенција од 1923;

4) Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција од 1940-

1949 година и

5) Политиката што се применува по Граѓанската војна во Грција, рафинирана, но еднакво перфидна и денационализаторска за Македонците од Егејска Македонија.