Front Matter - Part 09
Позната е долгогодишната традиција на политичките процеси на комунистите и држењето на обвинетите. Познато е и држењето на самиот Ченто пред Судот за заштита на државата во Белград. Познати се, понатаму, примерите на Ѓорѓи Димитров и многу други. На Броз и на Трајчо Костов. Позната е практиката обвинетите да не го признаваат судот и да одбиваат да одговорат. Ништо од сето тоа не се случи на процесот.
- Темпераментниот Ченто бил многу смирен на процесот?
- Ченто, од причини кои му се само нему познати, ниту еднаш не откажа да одговара, не го оспори фактот дека судот е легитимен, не изјави дека е фатен дома, а ни при пребег преку граница, не дојде ни до ексцес при сослушувањето на сведоците. Единствената работа од која беше лишен од претседателот на судот, угледниот Панта Марина беше, должината на неговата последна реч.
При спомнувањето на наводот дека врска на Ченто во Солун требало да му биде Петре Соколовиќ од Прилеп, познат по своите великосрпски убедувања и соработка со властите и диктатура во Кралството Југославија, јас го прашав Ченто (и тоа е моето единствено прашање), од каде на каде, од сите можни врски во борбата за македонската кауза, да го најде името Петре Соколовиќ? На тоа Ченто, смирено одговори: “За тоа сега овде не сакам да расправам.” Ни во Советот на Судот не беше искажано никакво сомневање во монтираноста на процесот, барем не во мое присуство. Ниту, пак, беше разгледувана некаква можност од една таква алтернатива.
Не е мое да толкувам, уште помалку да судам, зошто процесот се одвиваше, имено, така, зошто Ченто го одбра тој пат и тоа држење, зошто не го отфрли судот и не изјави дека процесот е монтиран, зошто не ја исползува трибината, како мнозина порано, за одбрана и на својата личност и на каузата за која се суди... Допуштам, дека за тоа и такво држење тој имал свои причини.
Тоа не ја намалува неговата трагедија, напротив. Луѓе сме, со обврски, со сила на слабост, со способност за жртва за своите најблиски.
- Жртви, манипулации, игри, од се по нешто се споменува во врска со Ченто?
- Дека во сето тоа има нешто, и дека и самиот Ченто, најверојатно, од своите мотиви, знаеше дека сме сите заедно жртви и изманипулирани, за мене најсилен доказ е мојата средба со него, по неговото излегување од затвор. Сосем случајно се сретнавме на некогашната улица Гоце Делчев во близина на Друштвото на писателите. Јас му се приближив, ми беше мило што го гледам на слобода, го поздравив. Тој ми одговори срдечно, без задршка, без никаков негативен поттекст во поздравот. Разговаравме за тоа кога излегол, како е со здравјето, што мисли за понатаму. Разговорот помина во најпријателски тон, без штогоде грд поттекст, од што јас и тогаш заклучив дека и на самиот Ченто му беше јасно дека и јас сум една од жртвите во тој монтиран процес.
Тоа се фактите.
Притоа, морам да додадам уште нешто. Имено, напорекливо е дека процесот беше јавен, а е познато дека нема полиција на светот којашто ќе допушти јавен процес ако постои штогоде ризик тој да добие поинаков тек и расплет одошто било предвидено во монтажата. Од тоа заклучувам дека ОЗНА и другите фактори имале однапред уверување дека до ексцес, кој ќе го разголи процесот, нема да дојде. Како и што не дојде.
За мене, се додека не се обновија разговорите за легитимноста на самото судење, немаше сомневање во тоа дали процесот е монтиран или не. Од причините кои ги кажав порано.
Значи, во тој процес Методија Андонов Ченто не е ни првата, ни единствената жртва. Во светлината на сегашните сознанија јас се придружувам кон сите барања вистината докрај да се изнесе на видело, да излезат на показ сите актери, од ЦК КПЈ, ЦК КПМ, Собранието на Македонија, владата и ресорните органи, за да се утврди дека манипулацијата нема само една жртва, дека нивниот број е доста голем и дека, на крај, и јас сум една од нив.
- А предлозите за рехабилитација?
- Инсистирајќи на рехабилитацијата на Ченто, јас поставувам јавно барање и за мојата рехабилитација како жртва на овој монтиран процес. И на другите прилепчани, смислено одбрани како дополнителни жртви. Јасно е дека изборот бил вршен врз база на нивната јавно искажувана македонска ориентација, -рече на крајот, нашиот соговорник Коле Чашуле, инаку судија-поротник на судењето на Методија Андонов во 1946 година во Скопје.
Никола Вражалски, тогашен јавен обвинител на Македонија:
- Ченто првпат го сретнав на Козјак, кога ги подготвуваа документите за АСНОМ. Ми остави впечаток на еден чист, народен, директен човек, кој никому не му правеше политика.
- Што мислите за обновувањето на судскиот процес?
- Има место во ова време и во оваа клима и мислам дека веќе никој не може да стави вето на тоа, - смета Вражалски.
Крсте Црвенковски: - Се што се изнесе во расветлувањето на “случајот Ченто” говори дека е тој земен од органите на УДБА од дома, а не како што со години се твредеше дека е фатен на југословенско-грчката граница при бегство и тоа со декларација во џебот, со која сакал во ОН да го иницира прашањето за создавање самостојна обединета Македонија. Потоа, монтиран му е политички процес на кој е осуден на долгогодишна робија.
Ченто беше цврст и во своите убедувања постојан човек. Уште од пред војната имаше голем углед на достоен борец за национални права, а иако не беше комунист, тој беше македонски патриот.
Во годините по војната кога настапивме со планови за болшевизација на општеството и најавивме борба до истребување на занаетчиите, ситните трговци и поимотните селани. Ченто се почувствува измамен и се стави во нивна одбрана. Таквиот став, ние комунистите во тој период го сметавме за ерес и дојде до политичка разврска со Ченто која заврши со негова смена од местото претседател на Президиумот на АСНОМ (прв претседател на македонската република).
Ченто навистина имаше и неколку судири со раководството на македонската партија. На пример, есента 1943 година кога во Кичево Главниот штаб поведе разговор со кого да бидат разменети неколкутемина германски офицери што беа заробени, Темпо на листата први ги набележа Лазар Колишевски и Мара Нацева, а Венко Марковски предложи прв на листата да биде Павел Шатев, во што го поддржа и Ченто.
Тука настанаа првите кавги.
Натаму и во деновите кога се подготвуваше заседанието на АСНОМ, Ченто кога го одби Темповиот предлог Видое Смилевски да влезе во Одборот, и кога побара од Смилевски национално да се изјасни бидејќи дошол од Србија, за претседател на Комисијата што се формира за да го сослуша и да го казни Ченто, Темпо го одредува токму Смилевски.
Последниот инцидент се случува во врска со донесувањето на првиот Устав на ФНРЈ во кој М. Андонов барал да се внесе Лениновиот принцип за правото на народите на самоопределување до отцепување. Бидејќи ЦК КПМ тоа не го прифати, Колишевски го води Ченто кај Кардељ на разговори во Белград. На крајот е најдена солуција Ченто да може да ја напушти салата на Собранието на Југославија и да не гласа за Уставот. Откако тоа се случи, на Ченто му е наметната етикета сепаратист.
По сето ова сметам дека е потребно на државен план да се расчисти целиот случај, од Ченто да се симнат сите анатеми и тој да се врати во нашата историја, како прв претседател на Македонија. Не сме толку богати со личности за да можеме толку лесно да ги отпишуваме, - вели Црвенковски.
Киро Глигоров: - Трагична е судбината на Методија Андонов Ченто зашто станува збор за една извонредна личност, автентична и народна, за голем Македонец, за патриот, за човек со сопствени ставови и сопствен грб.
Долг е на денешното време да се изнесе сета вистина за него.
Во тој случај тоа ќе биде и негова вистинска рехабилитација.
Ништо нема да се загуби, а ќе се отстрани една толку црна дамка од новата македонска историја.
ИСТОРИЈАТА НИКОМУ НЕ ПРОСТУВА Сценариото за бегството, процесот, пресудата и побијата- прецизно исмислени Ченто не можел да биде апсен и осуден без знаење на највисоките раководства на Македонија и Југославија Кому му пречеше Методија Андонов По сите овие страници, на крајот да го додадеме и следново:
Отворањето на досието на Методија Андонов Ченто од оваа временска дистанца и во оваа 1990 година беше своевиден предизвик: кога не можат да поколебаат ниту затворените и испразнети архиви, ниту ѕидот на молчаливите, ниту дочекувањето со сомничави погледи и испраќањето со “добронамерните” одвраќања од олку “тешки” теми. Голема беше настојчивоста упорно да се трага за да може чесно да се отвори, да се открие и заокружи, конечно така и да се почнуди макар дел од вистината за Ченто. Се разбира, толку колку што дозволуваа сведоштвата зад седум катинари, толку колку што подадоа рака да помогнат отворајќи ја душата да проговорат дел од оние најповикани негови современици; директни и индиректни учесници, блиски и далечни, познати и непознати.
Табу-темата Ченто веќе не е она што беше вчера.
Конспиративноста се надеваме дека останува во аналите на едно минато време, и конечно, поприлично е откриен превезот под кој повеќе од четири децении беше затскриено многу непознато, замолчано, исконструирано и рашомонско за првиот претседател на Република Македонија.
И тоа од годините на неговата младост, низ работничко-дуќанџиските децении: како видна личност на прилепската чаршија; како силно немирлив со режимските капи и деспоти.
Натаму, неговото излегување во редовите на НОВ и членувањето во Главниот штаб, изборот за претседател на Иницијативниот одбор, а потоа и за претседател на Президиумот на АСНОМ – воздигнувањето до тронот – прв претседател на Македонија, се до заминувањето од политичкиот живот, неговото апсење, судење и неговите единаесет затворски години, кое се заедно, не малку наши соговорници ги нарекоа и оквалификуваа како монтирани, предлагајќи рехабилитација на Ченто и негово враќање во страниците на нашата историја, во кои тој и припаѓал.
По се ова забележано и понудено, логично останува неминовното прашање – колку, како и дали е воопшто виновен Методија Андонов Ченто?
Одговорот ќе го извлечат и самите читатели, а чекор натаму и своевидна, би рекле разврска и сатисфакција, секако е тоа што Боречката организација од Прилеп, формирајќи посебна комисија, побара да се симнат табуата и, најпосле, вистината за Методија Андонов да излезе на видело. И семејството Андонови упати барање до Окружниот суд во Скопје, кое е проследено до Јавното обвинителство на Македонија за повторување на постапката и за обновување на судскиот процес од 1946 година, за да може денес пред лицето на правдата и пред лицето на јавноста да се отвори и да се расчисти случајот Ченто.
Историјата ја пишуваат историчарите. По правдата трагаат правниците. Ние низ овие страници имавме единствена намера и желба, публицистички што поодблизу да го отвориме досието за Методија Андонов, доближувајќи му ја на читателот оваа необична, значајна фигура на поблиското македонско минато и потоа.
КРАТЕНКИ АФЖ АНТИФАШИСТИЧКИ ФРОНТ НА ЖЕНИТЕ ГШ ГЛАВЕН ШТАБ ДАГ ДЕМОКРАТСКА АРМИЈА НА ГРАЦИЈА ЕАМ НАЦИОНАЛЕН ОСЛОБОДИТЕЛЕН ФРОНТ ЕДА ГРЧКА ДЕМОКРАТСКА ЛЕВИЦА ЕЛАС ГРЧКАНАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА АРМИЈА ПОН НАЦИОНАЛНА СЕГРЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА МЛАДИТЕ ПГ ЗЕМЈОДЕЛСКА ПАРТИЈА НА ГРЦИЈА ИБ ИНФОРМБИРО ЕППЕ ЦЕНТРАЛЕН КОМИТЕТ НА ПОЛИТИЧКИТЕ БЕГАЛЦИ ОД ГРЦИЈА КЗ КРИВИЧЕН ЗАКОН КОЕМ КОМУНИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА МАКЕ ДОНЦИТЕОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА КПГ КОМУНИСТИЧКА ПАРТИЈА НА ГРЦИЈА КПЈ КОМУНИСТИЧКА ПАРТИЈА НА ЈУГОСЛАВИЈА КПМ КОМУНИСТИЧКАПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА МАИ ЕДИНИЦИ ЗА ЗАШТИТА НА ВНАТРЕШНОСТА НРМ НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НОВ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА ВОЈСКА НОД НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ НОМС НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН МЛАДИНСКИ СОЈУЗ НОФ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ФРОНТ ООН ОРГАНИЗАЦИЈА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ПБ ПОЛИТБИРО ПДВ ПРИВРЕМЕНА ДЕМОКРАТСКА ВЛАДА НА ГРЦИЈА ФОРМИРАНА 1947 ГОДИНА НА ГРАМОС, КОЈА НИКОЈ ДРУГ НЕ ПРИЗНАВА ОСВЕН ТАА САМАТА СЕБЕСИ.
ПЕЕА ПОЛИТИЧКИ КОМИТЕТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕ ПЗ ПРИНУДЕН ЗАКОН СНОФ СЛАВЈАНОМАКЕДОНСКИНАРОДНООСЛОБО ДИТЕЛЕН ФРОНТ УДБ УПРАВА ЗА ДРЖАВНА БЕЗБЕДНОСТ ЦК ЦЕНТРАЛЕН КОМИТЕТ ЦС ЦЕНТРАЛЕН СОВЕТ.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/metodija-andonov-chento-e-book-macedonian/9 le 29 octobre 2026