Библиографија - Part 02
Кога ме назначија како шеф на тие синтетски погони, прва работа ми беше да вработам 5 инжинери приправници а, не инжинери со искуство. Секој ден, по два часа, слушавме по еден од тие инжинери да го изложи документарниот материјал кој требаше да го има собрано од техничка литература за технологиите кои можат да се применат во нашите погони. Се дискутираше и се одеше кај постројките да се види дали е можно истите тие производи да се произведат кај нас.
Погонот за смоли беше пуштен во работа со технологија добиена од Колор Медводе, Словенија. Екипата на млади инжинери и техничари брзо ја совладаа ова технологија така да погонот за бои и лакови се задоволуваше со околу 200т смола годишно. Втората година, истата екипа од инжинери и техничари, произведе 1000 т смола за Колор Медводе без никаква рекламација за квалитет. Погонот за лепила почна да испорачува лепила по цела Југославија.
Што се случило? Целата работа беше направена од екипата на техничари и инжинери без никаква помош од надвор. Таа екипа не учела по Кемрич и не била во пракса во Словенија или Германија. Сите тие имаа завршено факултет или техничка школа во Македонија. Покасно еден од тие инжинери, Тошко, стана врвен инжинер во прочуена холандска фирма. Другиот, Перо, исто така, почна работа за голема германска фирма.
Прашањето што се поставува е: да имаме доверба во нашите Македонци или да чекаме со години помош од “подобрите”?
Американец од Калифорнија, мој гостин кој го прошетав кај Маврово, Охрид и струга, седејки на ручек со него, ме праша:
“која е разликата меѓу Македонија и Калифорнија? “ Јас, без размислување одговорив: “Огромна”. На тоа он рече: “Не, само 2оС, но, вие би требало да ги сопретите ракавите малку погоре”. Тоа го рече деловен човек од Калифорнија. Мислам дека сите разбират што сакаше да каже.
Тоа значи дека екипата од синтетските погони ги постигна големите успеси само со вложен соодветен труд и, цело време, да се мисли дека може да се постигне дури и невозможното.
Кај иновациите на нашите пронаоѓачи се случава нешто друго.
Неповерењето доаѓа од раководните фактори. Скоро и нама меѓународен саем за иновации од кој Македонците да не се вратат со златен или сребрен медал. Зар тие награди им ги дават зашто ги сакат Македонците?
Не.
Изложбата организирана од Амбасадорот Фуере кај Европскиот центар од Скопје по повод на денот на иноваторите на Европа беше друг доказ за квалитетот на македонските иновации. Беа избрани и изложени 16 иновации. Кога прашав за мислење на еден од организаторите он ми одговори дека се по квалитетни и од европски иновации. Иако со многу долг инжинерски активен стаж им се вошитував на тие иновации. Разговарав со повеќето пронаоѓачи. На прашањето зашто одма не ги применуват скоро сите ми одговорија дека чекат помош од владата. Тука застанува се. Зар не грев да се остават неостварени така добри пронајдоци?
Моето лично искуство покажува дека сепак се потребни средства за изградба и експериментирање на еден прототип.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/kratki-vistini/3 le 29 octobre 2026