Front Matter - Part 06
Веќе никој друг и ништо друго не ја интересираше Марија. И стануваше тешко, напорно да ја држи таа маска на безгрижност. На добро расположение на лицето. Би плачела на глас. Би тажела над детето. Ја изморуваше да ги повторува, пред секого што ќе дој-деше да ги посети, измислените прикаски за мајка му итатко му Ha Хелвиг. Дека се исти како него. Дека се многу добри луѓе. Дека одвај ја пуштиле да замине со нивниот внук, од кого не можеле ни за кратко вре-ме да се разделат. Дека со радост ја пречекале кога за првпат Хелвиг ја одвел кај нив дома. Колку се ра-дувале кога се родил Карл.... Но ете, таа се зажелела за родното место, за мајка и и сестрите, и не можела да не допатува.
Марија секој ден со страв ги пребројуваше парите.
Тие беа се помалку и помалку. Што ќе прави кога ќе завршат?! Дали скришно, без знаење на нејзините, да почне да бара работа? Можеби нема да разберат.
Ако ништо друго, почесто да го изнесува в град Карл, со количката. Можеби ќе сретне некои од старите другарки или пријатели. Ќе разбере за некое работ-но место... Тоа што добро го знае германскиот јазик секако ќе и биде од корист.
Беа изминале веќе дваесетина дена, откако Мари-ја се помири дека на Хелвиг не треба да се надева. Ни на писмо. Ни на пари. Но, токму на дваесеттиот ден, кога се враќаше од прошетка со Карл, сестра и радос- на истрча од куќата. Ја пресретна со писмо в раце. Не и се веруваше. По радосното лице на сестра и, Мари-ја сфати дека сите потајно страхувале - зошто не доа-ѓаше писмо од Хелвиг. Тоа не го покажувале пред неа. Марија одвај се воздржа да не се расплаче. Ра- цете и трепереа од возбуда.
Намерно не го отвори писмото пред њубопитните очи на сестра и. Таа и го зеде детето од раце. Марија со писмото влезе во собата. Но тоа не беше писмо. Са-мо упатница за пари. На неа пишуваше: „Еве, ви пра-ќам малку пари. Се надевам дека сте добро со Карл“.
И само толку. Во пликото немаше друго писмо. Само упатницата. Пари... Тие и беа сега многу потребни.
Но, иако тоа не сакаше да си го признае, Марија сфа-ти - повеќе од се, таа чекаше писмо од него. Вест за надеж. Надеж дека и натаму ќе остане сопруга на Хелвиг. Карл, негов син. Таа реченица во упатница- та многу малку ветуваше...
Влезе во собата каде беа мајка и и сестрите. Сите тие се правеа дека не гледаат во неа. Чекаа од нејзи-ниот израз на лицето да разберат какви вести и доне-се писмото. Марија тргна кон детето.
- Татко ти ти пратил пари, - му рече на Карл, свесна дека тој ништо не разбира.
Домашните знаеја дека таа ним тоа сака да им го каже. Но, гласот со кој тоа го кажа, не ги израдува.
Имаше нешто плачно во него. Некои со сила задржу- вани солзи.
Сестра и Лиле, секако со желба да ја развесели ат-мосферата, извади од чантата бонбони.
- Ајде сите наваму, - извика. - Јас честам. Мари- ја, кога ќе ги земе парите од пошта, ќе чести побога- то. Тоа се странски парички. Повеќе вредат.
Сите се насобраа околу кутијата. Наде земаше по две наеднаш. Мајка и ja погледна попреку. Да има за сите...
На Марија и стануваше се појасно дека Хелвиг не-ма никогаш да победи во немилосрдната борба со са-миот себеси. Дури и овие пари, Марија беше убедена, ги испратил без тие да разберат. Неговите родители.
Сепак проговорило нешто човечко во него...
Дали да му одговори? Да му каже дека ги прими-ла парите - мислеше, будна, длабоко во ноќта... И таа ќе му напише кусо, со два-три збора како тој: „Ги примивме парите. Ти благодарам. Добри сме.“ И ни-што повеќе. Сакаше тој да сфати дека нејзината одлу-ка да замине не произлезе од моменталната распра-вија со неговите родители. Дека замина од него... Од неговиот убиствен поглед при таа расправија. Тој се и кажа. Ија извади на видело неговата скриена суш- тина. И поради тоа што, иако свесен за длабокиот су- дир, остана цела ноќ кај нив. Не го интересираше ка-ко се чувствува таа. Требаше да и каже макар и еден збор, со кој ќе го ублажи тоа што се случи. Или барем да се обиде да ја обвини за нејзината постапка таа ве- чер. Ако мислеше дека не беше добро што така по- стапи. Зошто не се ни обиде да и објасни нешто од тоа што се случуваше овие последни месеци?
Тојја определи нивната судбина. Ја донесе пресу- дата. Таа вечер. Судбината на нивниот натамошен живот. На нивното дете. Таа најмалку е виновна... И на што да се надева за да најде сили да го направи првиот чекор... назад кон него?
* XK XeJIBUT посакуваше да и напише писмо Ha Марија.
Се плашеше дека тоа уште повеќе ќе ја изнервира.
Кој знае колку е збесната поради сите настани што се случија. Од се што преживеа. Од друга страна, му бе- ше срам од нејзините. Беше убеден дека го осудуваат.
Дека не сакаат да слушнат за него. Сигурно би го ис- кинале и писмото. Кој знае што се Марија им назбо-рувала за него и за неговите родители.
Имаше и многу други причини што го тераа да се откаже од намерата да и се јави. Што да и каже по се ова трагично... и за неа и за него... можеби најмногу за детето?... Не веруваше дека нешто може да се по-прави... Кој од нив двајцата може да се измени... да стане поинаков... сосема друг? Како можат тие двај-цата повторно да се приближат?... Да го продолжат заедничкиот живот?!
Знаеше дека Марија најпрвин ќе побара од него да се оддели од родителите. Не само физички... Дла-боко во себе беше убеден дека не е во состојба сосем да прекине со мајка му и татко му... Не можеше до таа мера да ги разочара... Тој им беше единствената надеж... Смислата на целиот нивни живот. Не сосема ја прифаќаше нивната идеологија... Но, и не можеше да ги отфрли поради тоа што мразеа се што не е гер-манско и секого што не е Германец. И, не можеше да ги измени.
Исто така, беше свесен дека меѓу неговите родите-ли и Марија нема помирување... До крајот на живо- тот. Дури мислеше дека, тие и да сакаат да го гледаат Карл, Марија никогаш нема да се согласи тие да го воспитуваат. Исто така беше сигурен дека таа нико- гаш повеќе нема да сака ни да се сретне со нив. А ка-моли да живее во исто семејство.
Од друга страна, мајка му и татко му ладнокрвно го примија заминувањето на внукот. Неизвесно каде и неизвесно дали ќе се врати некогаш. Дали, кога би-ло, пак ќе го видат! Како да не беше негово дете.
Просто како да се радуваа, како да посакуваа да ис-чезне засекогаш. При оваа помисла, силна болка му ги кинеше градите... Му се чинеше дека ќе му ги пре-сече на половина. Дури и ако не можеа да ја прифа-тат Марија, ако ја мразеа, зошто и детето?!
Измачуван од сите тие размислувања, кои дено-ноќно го растргнуваа, Хелвиг не се решаваше да ис- прати писмо.
Исто така, не еднаш си го поставуваше прашање-то: Дали има право да и се лути на Марија за избув-нувањето пред неговите родители онаа вечер? И по-тоа, без да се договори со него, без каков било разго-вор, да го напушти. И се лутеше што така брзо ја до-несе одлуката да замине... Иако беше свесен дека и тој, со своето однесување, откако се преселија кај ро-дителите, многу се оддалечи од неа. Чувствувајќи го се поголемиот јаз што се јавуваше меѓу мајка му и татко му и Марија, тој како да се плашеше дека еден ден и самиот ќе се реши да ги напушти нив... А како би можел, целиот живот натаму, сосем сам? Немаше ни брат, ни сестра. Дали поради тоа почесто остану-ваше кај неговите, на долниот кат во куќата?.... Се по-малку кај неа... Горе. Дали неговите родители неко-гаш ќе попуштеа, ќе изменеа нешто кон Марија?.. Во тоа не веруваше... Сега веќе беше сигурен - ни таа кон нив.
Сите тие сознанија до кои тој доаѓаше, го заплет-куваа се повеќе и не наоѓаше никаков излез.
* XK Нема пари. Hema писмо. Речиси два месеца. Ha Марија и стануваше јасно по однесувањето на до-машните, дека и тие веќе сфатиле. Иако никој за тоа отворено не зборуваше. Јасно им е дека Марија си дошла за подолго време. Можеби и засекогаш. Не знаеја што се случило. Таму. Зад границата. Но, и не-маа смелост да прашаат. Марија секојдневно го оче-куваше тоа прашање. Посебно од мајка си. Им беше благодарна што го одлагаа. Но, и неа веќе ја нервира-ше таа лажна атмосфера. Затоа се реши прва да го от- вори тој разговор.
— Hue co XenBur, a најмногу со неговите родители, ce packapaBMe, — UM рече Марија приквечерина, Kora беа поседнале околу Карл. — Tue уште од почетокот не можеле да се помират, Хелвиг да земе жена од друга земја. Не нивна. Но, Хелвиг не сакал да ги по- слуша. Сакал да ги стави пред свршен чин. Од првиот ден кога отидовме кај нив, во нивната куќа, гледаа да ме избркаат.
- Срце да ги изеде, - проколна мајка и. - Знаев јас, си велев, што им треба на децата да одат таму.
Добро си живееја, слободни.
— UW jac ce плашев кога Хелвиг ми рече дека Ke жи- вееме некое време кај нив. Дома. Но, тој така реши.
— Многу сте згрешиле, чедо. Ете, и... ви го расту- рија бракот. Огин да ги изгори...
- Но Хелвиг, зарем тој не им се спротивстави?
Колку те сакаше, - рече Лиле.
- Штом е крај нив, тој се претвора во друга лич- ност. Тие имаат страшна моќ над него. И, тие тоа го знаат и го користат.
- Можеби ќе се размисли сега. Кога ќе ве нема крај него, - се обидуваше мајка и да ја теши...
Марија не одговори. Таа не сакаше да и каже на мајка си дека тоа влијание на родителите е посилно од него... Дека сега, кога е сам со нив, ќе биде уште побеспомошен.
- Тогаш, што не му предложиш да дојде овде да живее, - рече најмалата сестра...
- Не верувам дека би се решил на таков чекор...
Посебно не сега.... Тие нема да го остават... По него-вата женидба против нивната волја... Со мене...
- Како не име жал за детето, изроди едни, - про- должуваше гневно мајка и... и го зеде Карл од рацете на тетка му.
На сите им се насолзија очите. Не можеа да пове- руваат во тоа што го слушнаа од Марија. Толку го беа засакале Хелвиг.
— Сивелевјастогаш, - зборуваше мајка им, како са- ма за себе, - кога ти предложи Хелвиг да тргнеш со него - не се оди со странец. Со човек на кого не му ja знаеш фамилијата. Но, ете, некако сите не придоби.
Многу се засакавте. Па, си мислев, како да ти заста-нам на патот на среќата? Не се наоѓа лесно човек што те сака и што го сакаш.
Сега Марија почна да плаче.
— Нина крај памет не ми доаѓаше дека мајка муи татко му ќе испаднат толку лоши... зли...
Марија се колебаше дали докрај да им ја каже вис- тината. Се што се случи. Но, некаде длабоко од пот- свеста излезе надежта, сосем мала, одвај дофатлива, дека ете, ако тој, нејзиниот Хелвиг, измени нешто во одлуката... ако го победи тој другиот во себе и ако им се врати, дека тогаш потешко ќе биде пак да го при- фатат. Нејзините. Затоа премолче. Слушна дека мај- ка им отсечно рече:
- Ајде деца, донесете нешто да KacHeMe. A и дете- то ќе го уплашиме со овие сурати. Не е се пропадна- то. Туку, ќе видиш, еве ти го однекаде татко му. Ќе стропа на врата. Ќе не изненади.
На сите им се разведри лицето. Им олесна. Мари-ја, кој знае по кој пат, се увери дека мајка и, и во нај-тешките ситуации во животот, беше неуморен опти- мист. Таа беше свесна дека тоа што го кажа мајка и е само нејзина желба, така да се одвиваат работите во врска со Хелвиг. Но, во тој момент и беше потребно и таа да поверува во нејзините зборови.
Откако вечераа, Марија се прибра во собата, да го успие Карл. Можеби сепак судбината не го осудила нејзиното дете да живее без татко и во сиромаштија.
Каков што беше нејзиниот живот. Но, кога Карл за-спа и сите во куќата стивнаа, ја притисна тага и без- надежност. Си поплака.
Утрото, уште пред да излезе од собата, првата мис-ла на Марија и беше - да бара работа. Не смее тоа ве-ќе да го одлага. По појадокот, го дотера Карл во убава облека и со количката тргнаа на шетање. Марија одамна не беше сретнала никој од познатите и при- јателите. Намерно ги избегнуваше. Посебно тие што знаеја дека се омажи со Германец. Не сакаше да раз-берат за нејзината трагедија... Барем додека тоа мо- жеше да се крие.
Шетајќи покрај реката, по кејот, и се чинеше како кој знае од кога да го напуштила градот... Кога си за-минуваше, не ни помислуваше дека ќе се врати во таква безизлезна состојба. Со мало дете. Без маж. Без работа. Без пари... Очите и беа полни со солзи кога сфати дека пред неа стои нејзината другарка Елена.
Не се беа виделе од денот кога ја запозна со Хелвиг пред Стоковната куќа.
Елена беше разбрала дека Марија, набргу откако се сретнаа и и го претстави свршеникот, Германецот, се омажила со него и заминала да живее во стран- ство.
Сега оддалеку ја позна со детето во количката. По-брза да Ја стигне. Но кога наближа до неа, го позаба-ви чекорот. И се стори дека Марија сака да ја избег-не оваа средба. Која би била причината за тоа? Не, сигурно и се стори.
Всушност, тоа беше некакво претчувство... Мари-ја не ја беше забележала.
- Марија, — и свикаи потрча KOH Hea и кон детето.
Марија, кога ја виде пред себе, се обиде да се на- смее. Тоа беше насмевка низ солзи... Но од очите на Елена ништо не можеше да се скрие. Таа во насмев-ката на нејзината другарка почувствува длабока тага.
Веднаш ги забележа и солзите... колку и да се обиду- ваше Марија да ги скрие. А и пред тоа насети нешто неубаво кај Марија, уште кога ја здогледа. Во подве-дената става. Во нејзиниот бавен чекор. Во несреде- ната коса.
- Како си, Марија? Боже, ти го порасна и синче- то... Знаеш дека личи на татко му? Барем јас колку што го запаметив, од онаа куса средба. Се сеќаваш?
Пред Стоковната...
На Марија и се стегна срцето... Како да не се сеќа-ва, како може... се сеќава на секој момент од тие пре-красни, најсреќни денови со Хелвиг... Колку и беше убаво со него... Не ја чувствуваше земјата под нозете.
Сите луѓе и изгледаа добри. И се смееше. И се игра- ше. И се трчаше... Тој И ja донесе радоста во животот.
Среќата... Сега... Што да и каже на својата другар-ка?... Со што да и се пофали?...
Како сега повторно да го здогледа нејзиното зачу-дено завидливо лице, тогаш кога се сретнаа пред Стоковната куќа... Нема ништо да и каже. Нека мис-ли и понатаму дека ја нашла среќата. Најголемата среќа...
Спасот го побара во прашањето:
- Како сити, Елена? Што има ново кај тебе? Да не се омажи? Не сме се виделе долго време. Ништо не знам што се случува овде.
—He, не сум мажена, дури немам ни момче.
Марија навистина се изненади. Мислеше дека за Елена секогаш ќе има кандидати. И за сакање, и за мажење. Таа беше убава. И, речиси во се успеваше.
- Го заврши факултетот? - праша Марија.
- Да, го завршив, - одговори Елена, како за нешто неважно. Намерно. Знаеше колку за Марија тоа беше голема, неостварлива желба. Но, ете, секој си има свој пат во животот, па и на Марија не и тргна лошо
- си мислеше Елена. Си најде човек што го сака. Се омажи. Си има прекрасно дете... Кој знае што е по- важно во животот?... Дали целата среќа е во тоа да се заврши факултетот?
- Работиш?
Гласот со кој Марија ја праша, и прозвуче речиси исто како кога се сретнаа по матурирањето, кога ја праша дали студира.
- Да, работам.
Во погледот на Марија здогледа завист.
Брзо потоа запраша:
— A каде?
— Bo банка.
— A да, cera ce сетив, ти студираше Економски фа- култет. Веднаш по дипломирањето ли те примија на работа? - ce распрашуваше Марија.
- По половина година.
- Можеби имаштауму некој роднина на раководно место? - се интересираше Марија. Таа зборуваше бр-
30. Нервозно. Како Елена да може да и побегне.
- Не, имаше конкурс.
На Елена тогаш не и беше јасно зошто Марија тол-ку се распрашува за нејзиното вработување. Можеби поради тоа што подолго време не живее тука.
— Ти, како cu? - запраша Елена. — Сигурно не pa- ботиш. Хелвиг добро заработуваше, уште тука. А и секако не би можела со малиот.
Елена тргна да го погали, но синчето на Марија веднаш заплака.
Марија се обиде да го смири. И беше незгодно по- ради Елена.
- Ke поседишли?- праша Клена.
Ова како да ја уплаши Марија. Таа го избегнуваше погледот. Гледаше кон реката.
- Требаше да си одам, - брзо одговори. - Мајка ми и сестрите не ме пуштаат. Толку се навикнаа со Карл.
— Ати, значи, подолго си тука?
— Па, доста, —peue Марија неодредено.
И пак, на Елена и се стори дека нешто и се има случено на нејзината другарка, нешто што ја прави несреќна. Но, зар би смеела, макар и оддалеку, да ја праша... ако таа самата не и кажува?
— Ако си слободна, да се видиме. Дојди кај мене, — и предложи Елена.
Марија како да се колебаше.
- Имашлителефон? Запиши ми го, ќе ти се јавам.
Елена и го запиша на едно парче хартија, што го извади од чантата. И го подаде.
— Криво мие што немам ништо за Карл. Ќе се ви- диме.
Го погали малиот по косата. Се ракуваа со Мари- ја. Се разделија. Имаше потреба да се сврти. Од пода- леку да ја погледне Марија, но не го стори тоа. Се плашеше таа да не забележи.
Марија не знаеше дали беше подобро што не и ка-жа на Елена, макар оддалеку, за ситуацијата во која се наоѓа. Таа отсекогаш знаеше да и даде добар совет.
Дали наскоро пак ќе се сретнат? Можеби би можела и дома да ja побара. Кога ќе биде без Карл. Ете, и да-де и телефон.... Не се сеќаваше на никој друг од кого би можела да побара помош.
Долго одеше низ градот. Карл одамна спиеше во количката. Треба да се прибере. Да му напише на Хелвиг едно строго писмо. Тој е должен како татко да го издржува синот. Па и неа. Но, зарем тој не го знае тоа? Со сила ли ќе му ги зема парите? Со суд?
Треба преку меѓународен суд. И за тоа мора да има многу пари. А писмото што би му го напишала, прво ќе дојде во рацете на мајка му. Таа никако нема да му го даде. Беше убедена во тоа. Се помалку веруваше дека работите ќе тргнат на подобро. Можеби згреши што си замина. Вака му е подобро на Хелвиг. Не мора да се грижи за нив двајцата. Тие се далеку, а мајка му и татко му, до него. Таа нема да знае што се случува со него. Дали остана во куќата? Можеби пак заминал некаде? Дали е сам? Или има некоја жена... Колку и да му беше лута, ја спобудалуваше мислата дека мо-же да засака друга жена! Да живее со друга жена! И беше неподнослива. Не можеше самата себеси да се разбере. Штом го напушти, со чувство дека не треба да го продолжува заедничкиот живот со него, со нив, веќе нема зошто да ја интересира неговиот натамо- шен живот?!
Не беше ни едноставно, ни лесно да се избрише сето она убаво што се случи меѓу нив во изминатите неколку години. Да се заборави. Иако, сето тоа беше измешано со горчина и страдање. Ако толку му зна-чеше, како во почетокот, кога заминаа заедно, зарем ќе ја пуштеше така лесно да отпатува? Можеби мис-леше дека таа тогаш, моментално, така изреагира.
Дека сепак ќе се врати по извесно време. Но зошто тогаш не и напиша ниту збор во писмо? Очигледно со тоа што таа си замина, му помогна и нему. Ако тој веќе сакаше да се ослободи од неа...
Со ова што престана и пари да испраќа, можеби сака да ги прекине сите врски со неа. Погледна во заспаниот син во количката и пак се расплака. Кут-риот Карл. Потоа веднаш ги избриша солзите. Да не ја види некој познат.
По неколку месеци, кога Елена се враќаше од ра-бота, слушна забрзани женски чекори зад себе. Како некој да сака да ја стигне. Се сврте. Марија. Боже, колку беше изменет нејзиниот лик. Каква исплаше-ност во изразот на нејзините очи. Безнадежност.
Очај. Што ли се случило? Можеби нешто со детето?
Или мажот? Застана. Десната веѓа и потреперуваше.
Елена чувствуваше дека Марија се колеба дали да и се довери. Стоеја покрај еден дрворед.
- Со мене е свршено, - рече Марија и заплака.
Безутешно.
- Штое, Марија, што се случи?
— Хелвиг Ke ме остави. Ke се разведе од мене...
— Kako тоа? Зошто? - Елена реагираше изненаде- но.
— Го наговорија мајка My итатко му.
— Можеби тоа He е дефинитивно. Ќе размисли, па ќе дојде по тебе и по детето, - ја успокојуваше Елена.
Марија како да не го слушаше тоа што и го збору-ваше нејзината пријателка.
— Детето, co тебелие? - праша Елена.
На тоа нејзино прашање, Марија многу се возне- мири. Уплашено ги рашири очите.
- Зошто прашуваш? - зборуваше. - Можеби мис- лиш... Да не сакаш да кажеш дека Хелвиг може да ми го одземе детето? Насилно да ми го одземе, или пре- ку суд?!
- Ама не, не мислев на тоа, - Елена се обидуваше да и ја отфрли таа помисла. - Верувај ми дека...
— Нелине постоитаква можност? — упорно повто- руваше Марија и чекаше од Елена да ја увери во тоа.
— Ти повеќе си учела, сигурно повеќе знаеш.
Дали навистина можат да и го одземат? - и преле-та во главата на Елена тоа страшно прашање. Вед-наш сакаше да го потисне. Студени морници и по-минаа низ телото. Се присили да зборува убедливо:
— Кој може на мајка да и ro одземе детето?! Посеб- но толку мало. Контактираш ли со Хелвиг откако си дојдена?
Лицето на Марија се искриви во болна гримаса.
- Сосем малку, - не ја кажа вистината докрај.
- Викни ro Tyka, - рече Елена. — Можеби овде по- инаку ќе размислува. А и ќе биде подалеку од него- вите.
- Нема да сака да дојде... Јас таму не можам да живеам. Со нив. Со неговите родители. И тие со мене, исто така.
— Ќе дојде, ќе видиш. Нема да може без вас. Тој многу те засака. Иако само еднаш ве сретнав, видов колку беше вњубен во тебе.
Марија тажно се насмеа. Точно е, тогаш така беше.
Но сега... Сосема поинаку стојат работите... Си по- мисли. Но, не рече.
- Ќе мора да барам каква било работа.
- Заремтој не ви праќа пари?
- Не, - одвај одговори Марија.
— Треба да ro тужиш. Како може така? - рече Еле- на и веднаш сфати дека избрзала.
- Тоа неетака лесно.
- Знам... Што би работела?
- Што ќе најдам. Види нешто ако разбереш...
- Немој да губиш надеж. Работите преку ноќ мо- жат да тргнат на добро. Ти го имаш мојот телефон, ќе чекам да ми се јавиш. И за работа ќе видам...
Кога се разделија, Марија ни малку не се чувству-ваше поспокојно. Како ја снајде таква несреќа? Та-ман мислеше дека си го среди животот.
Елена не можеше да поверува во тоа што го слуш-на од Марија. Уште тогаш, кога ја сретна со Хелвиг и разбра дека е странец, си помисли: колку е тешко да запознаеш човек, наш, овдешен. Камоли странец.
Но, Марија и Германецот тогаш изгледаа толку среќ-ни, што не остануваше многу место за сомневање. Па и со кого било да се омажиш, зарем можеш однапред се да предвидиш? Колку има и од овдешните бракови што се разведуваат.
Хелвиг, овие изминати месеци, сакаше да се убеди себеси дека за се што се случи, за заминувањето на Марија со детето, беше виновна и таа. На моменти го опфаќаше неизмерна тага. Но, не дозволи да го со- влада. Тој да оди таму, кај неа и кај детето, да живее
- секако нема да може. Никогаш. И по сето она што се случуваше последните месеци, сфаќаше дека Ма-рија ги отфрли не само мајка му и татко му, туку и него. Можеби тоа беше и логично. Тој, неа, својата избрана сопатничка во животот, на некој начин ја из- лага. Ја доведе да живее во за неа неподносливи ус- лови... Конфликтот со неговите родители, ја остави да го решава сама. Тој истовремено беше свесен дека им помогна на своите родители така да постапат кон Марија и кон неговото дете. Завршено е. Враќање не- ма, поправање нема.
Со новата жена, што ја доведе дома, се познаваше од неодамна. Беше шалтерски службеник во банката, каде тој ги чуваше своите пари. Девојка повозрасна, неколку години постара од него. Едноставна. Прак- тична. Уште од првите разговори, и раскажа за исто- ријата со Марија. Очигледно подолго време немала врска со некој маж. И покрај тоа што разбра за него-виот брачен живот, кој штотуку се растурил, не и пречеше да се поврзе со него. Исто така, без многу противење го прифати неговиот предлог, да дојде кај него дома. И наскоро потоа - да се пресели.
* XK Првпат од заминувањето Ha Марија, кога Хелвиг донесе жена горе на катот, иако не им ја претстави, мајка му и татко му се израдуваа. Значи, одлуката да се раздели со Марија станува конечна. Навистина ја избркаа. Потајно ликуваа. Се чудеа единствено како таа, туѓинката, не му напиша на Хелвиг ни едно пис- мо. Ниту еднаш не му се јави по телефон. А тој, дали и пишува и дали испраќа пари за детето, не знаеја. И не ни мислеа да го прашаат. Сакаа да му покажат, на тој начин, дека едноставно ја избришале. Неа. Па, и детето.
Тие забележаа дека жената што доаѓаше кај нив-ниот син, секогаш право на горниот кат, од задниот влез, по скалите по кои се одеше дотаму без да се по-мине приземјето, почна да останува и на спиење. Тоа што и првиот пат кога ја доведе, и наредните денови, Хелвиг не ја претставуваше, за нив беше поприфат- ливо. Не знаеја ни која е. Ни каква е. Ни дека не е ма- жена. Најважно е дека синот не е сам. Дека со зацврс- тувањето на новата врска со оваа жена, се помала е опасноста да и се врати на Марија.
Затоа, кога дојде писмото од Марија, адресирано до него, не му го дадоа. И така, очигледно, со оваа но-ва врска, беше ја подзаборавил жената и синот. Но, свекрвата не издржа. Го отвори. Беше напишано на германски. Поради тоа можеше да го прочита. Ма- рија му пишуваше накусо на Хелвиг. Со неколку ре- ченици. Дека не успеала да се вработи и дека со си- нот немаат средства за живот.
- Бара пари кучката. Ако, нека цркне! Што барала маж по светот! Го начека таму сам, и се закачи за не- го. Да работи, да ја издржува. И потрча и дете да ро- ди. Сигурно мислеше дека со детето ќе го врзе. Ете, сега нека си го рани. Што бара од него!
Писмото го изгоре. Не му кажа и на својот маж за него. Што има и тој да се потсетува. Да се нервира.
Требало таа навреме да мисли. Да и биде јасно дека тука, во таква куќа, во оваа држава, не и е местото.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/hatred-deep-mc/6 le 29 octobre 2026