Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Hatred - Deep

Front Matter - Part 05

Par Драгица Најческа · Partie 5 sur 13 · Environ 23 minutes

Lire en English

Се повеќе сфаќаше дека останува сама против трој- ца. Се помалку веруваше дека ќе издржи во таа бор- ба. А и... како да ја загуби желбата да се бори... Што ако и Хелвиг припаѓа таму, кај нив? Од друга стра-на... Зошто да се бори?

Марија, преправајќи се дека спие, не можеше да ги запре солзите. Единствена утеха и беше малечки- от син, кој спокојно дишеше крај неа. Но, истовреме-но и најголема грижа. Се повеќе стануваше свесна де-ка нема уште долго да издржи во оваа куќа. Мислеше дека таквата одлука, да си замине, ќе биде страшна за сите. За неа, за детето, за нејзините. Дали и за Хел- виг?

Ако се реши да го напушти Хелвиг, ќе мора да се врати дома. Кај нејзините. Сега, со малечкото... Да остане тука, во оваа земја - не веруваше дека ќе може да опстане сама. Со малото дете. И, што би правела без никој свој? Ако замине, тоа значи дека ќе го осу-ди Карл да расте без татко. Дома, дали ќе може да најде работа? Уште повеќе сега... со туѓо државјан-ство... Ќе им го направи ќеифот на овие двајцата, што само злото во нив ги одржува во живот.

Најстрашно од се е што ќе го загуби Хелвиг. Што ќе се случи со него? Ќе се обиде ли да ја задржи ако му каже за својата размисла да се врати дома? И дали да му каже? Треба така да постапи, но само ако де-финитивно се реши на тој чекор. Или подобро е да си замине и да го стави пред свршен чин... Со такви горчливи прашања и одговори, заспа таа вечер.

Невеселото живеење продолжи. Марија не може-ше да се пожали дека Хелвиг и ускратува нешто. За неа или за детето. Но, Карл веќе имаше десет месеци, а Хелвиг ниту еднаш не беше предложил да го про-шетаат заедно, со прекрасната количка што му ја бе-ше купил. Речиси секојдневно му носеше најубава облека, играчки. Разни готови јадења за неа и за Карл. Но, празнината што се создаде меѓу нив двај- цата, ништо не ја пополни.

Вечерта, тукушто го нахрани и го заспа Карл, кога пак ги слушна повисоките кавгаџиски гласови на долниот кат. Хелвиг зборуваше огорчено. По тоа, Марија разбра дека повторно се расправаат за неа.

Напрсти излезе до крајот на ходникот, обидувајќи се да чуе подобро. Од сето што го зборуваа, можеше да разбере дека го условуваат: или таа - или тие.

- Поголем срами понижување за нашата куќа не може да има, - викаше татко му на Хелвиг, задишу-вајќи се од лутина. - Ти добро знаеше, уште пред да ја доведеш, колку страшно тоа ќе го доживее мајка ти, а и јас. Мајка ти во сите овие изминати години многу страдаше. Сакаш секојдневно да ја потсетуваш на тоа! Повеќе нема да допуштам...

Хелвиг долго молчеше. Потоа се слушна неговиот задавен глас:

- Зарем даја исфрлиме на улица?... Со детето за- едно? Тоа е и мое дете... Изгледа заборавате!

Последните зборови ги додаде со револт во гласот, но и како да е готов да се расплаче. Како да сфаќаше дека се е безнадежно.

- Таа си има свои родители... своја земја. Нека си оди таму, кај неа, -пресече татко му.

Хелвиг молчеше. Можеби во тој момент мислеше на лошите услови за живот што ги виде кај неа дома.

Материјални. Или воопшто, за тоа како би можел се- га да ги избрка жената и синот.

Одеднаш Марија ја обзеде некој страшен револт.

Чувство на гордост и достоинство. Дури и несвесна за тоа, потрча по скалите, надолу. Кај нив. Кај тие бе-зочни луѓе, што расправаа за нејзината судбина и за судбината на нејзиното дете како за предмети, кои по секоја цена треба да се исфрлат од нивната куќа.

„Веднаш им беше јасно дека го слушнала и го разбрала разговорот. Всушност, тие и го водеа на та-ка висок тон, намерно, за таа да го слушне. Но, барем изгледаа изненадени и божем незгодно се чувству- ваа.

- Ти благодарам Хелвиг, што се обидуваш да ме задржиш, но, гледам, си бил многу слаб. Не ми из-гледаше за таков. Тука, во оваа куќа ти си немоќен.

Секаде можеш да бидеш свој човек, освен тука. А и не можеш да побегнеш од нив. Нема потреба да се чувствуваш виновен... Јас сум виновна што му пове-рував на случајно сретнат човек. Што тргнав со тебе да го делам животот. Да создадам семејство. Требаше да собереш сили, уште во почетокот да ми кажеш де-ка за твојата мајка и твојот татко има многу горчли-ви, многу трагични, болни настани сврзани со моја- та земја...

Марија, во истиот момент, виде два пара очи пол-ни со омраза. Очи на волк и волчица, готови да рас- тргнат. Тоа можеше и да го очекува. Ги пречека под- готвено, пркосно. Но, во следниот момент, кога се сретна со погледот во очите на Хелвиг, тој ни малку не беше поблаг од погледот на неговите родители.

Крвта во жилите и смрзна. И се стори дека студ за-владеа со целата просторија. Сфати: од тој момент и нивниот син, Хелвиг, стоеше од таа страна. Неприја- телската. Бесот што го почувствува, и ја одмрзна крв- та:

- Нема потреба повеќе да се трудите со притисоци врз синот за да ме избркате мене. Синот си го добив-те назад - тој е ваш...

Сето тоа Марија им го извика на германски јазик, и додаде:

- Воопшто немојте да се грижите за мене и за мо- јот син. И да сакате, нема веќе да останам во вашиот дом. Не сакам мојот син да има толку нерадосно, не- весело детство.

Додека се качуваше по скалите, откако пркосно ја напушти собата, Марија не слушна никаков шум, ни-ту збор. Силно ја затвори вратата во својата соба. Не сакаше ништо повеќе да слуша. За неа, тие тројцата веќе беа лошо минато.

..„Дали имаше право да го осуди Карл да живее без татко? Сакаше да верува дека убаво можеа да го сре-дат животот... ако не дојдеа во оваа несреќна куќа. Се бореше во себе - дали ако Хелвиг сака да разговара со неа, откако ќе се качи горе, треба да направи уште еден обид?

..„Само ако ja напуштат оваа темна куќа, Ke има на-деж за нив. Каде и да живеат. Но, срцето престанува-ше да и чука кога ќе помислеше на неговиот израз во очите, на лицето, сега пред малку... И веднаш, како со нож да го изрежа некој, во нејзиниот мозок пра-шањето: на што ќе се надеваш натаму? Што треба уште да се случи?

Ќе може ли да ja прифати вистината дека и Хелвиг се откажа од неа? Силна болка и ги притискаше гра-дите... Пострашно од тоа - се откажува од сопствена-та рожба, од својот син.!...

Го обвинуваше во себе: зошто ти, Хелвиг, кога ме убедуваше да ги споиме нашите животи, не ме преду-преди за можниот отпор на твоите родители? Не, ти со сигурност требало да знаеш дека мајка ти и татко ти нема да ја одобрат таквата твоја одлука. Повеќе од се, требаше да знаеш дека ти нема да имаш сили ним да им се спротивставиш. Дека и во твоите најинтим-ни прашања од животот, нивната одлука ќе биде пре- судна. Најмногу жалам и плачам што го зедовме на- душа ова кутро дете... А толку многу го посакував...

Ја исполнуваше безнадежност, горчина, плач...

Целата таа ноќ беше будна. Хелвиг до утрото не се качи на горниот кат. За неа, неговото бегство вечер- та, ноќта, беше неговото најголемо предавство кон неа. Тој страшен, тој ужасен негов молк. И подобро што не дојде... Да не го сети нејзиното неизмерно страдање. Не сакаше тој да знае за него... Тувствува- ше дека за се е доцна. Дека се е веќе речено. Заврше- но.

Утредента слугинката Елза, откако Хелвиг отиде на работа, и помагаше на Марија да ги спакува алиш- тата. Тие што беа лично нејзини и на детето. Ги пре- брои парите што ги имаше заштедено. Не беа многу.

И тие што и беа на книшка во банка. Одвај да прежи-веат со детето неколку месеци дома. Но, за тоа ќе мисли подоцна. Откако ќе стигнат кај нејзините...

Првата средба меѓу Марија и Хелвиг, попладнето, личеше на средба на двајца кои мораат да комуни- цираат.

— Ако сакаш да извадишавионски карти за мене и за Карл, за угрешниот лет, - му рече суво, без да гле-да во него. Дури не ја интересираше ни изразот на неговото лице, по овие нејзини зборови. Го извади својот пасош од ташната и го стави на масата. Потоа си влезе во собата. Кај детето.

Подоцна Хелвиг i беше оставил писмо на истата маса. Во него пишуваше дека во пасошот треба да се внесе и името на синот. За тоа е потребна и крштени-цата од Карл. Ни збор повеќе. Ни најмал обид да из-мени нешто во нејзината одлука. Иако знаеше дека нејзината одлука е изнудена. Но и неизбежна. Неод- ложна.

Се беше средено. Картите купени. Таа и детето об- лечени. Такси чекаше пред куќата. Следниот ден, околу пладне. Никој не ги задржуваше. Неа и детето.

Ни Хелвиг. Кога излегуваа од куќата, единствено Ел-за ги забриша солзите со крајчето на престилката.

Хелвиг изгледаше како да е одземен. Глувонем. Ма-рија не беше сигурна дали е во ред што и тој седна во таксито. Значи, ќе ги придружи до аеродромот. Тоа и беше уште помачно.

Влегоа во зградата на аеродромот. Хелвиг и пода-де плико со пари. Марија не сакаше да го земе. Тој го стави во џебот од патната торба. Со зарипнат глас, во последниот момент и рече:

- Јави се. Ќе дојдам да ве посетам...

Таа знаеше дека лаже. Ништо не одговори. Изгле-даше како тие зборови на Хелвиг да не допреа до неа.

Имаше чувство како некој со рака да и го притиснал мозокот. Се беше мртво во неа. Се плашеше да не го испушти од раце малиот син. Тој е среќен што не раз-бира ништо од тоа што се случува со неговата мајка и неговиот татко. Не знаеше дека со ова негово прво патување, од корен се менува неговата судбина.

Веќе качена во авионот, на Марија и се стори дека уште еднаш ги виде очите на Хелвиг. Како оддалеку да ја гледа неговиот скочанет поглед... Што ли кажу- ваа тие очи?

Откако се сместија во авионот и кога сфати во как-ви околности патува кон својата земја, на Марија и се стегна грлото. Не можеше да земе воздух. Нико-гаш родниот крај не и изгледаше толку привлечен, но истовремено, толку и беше мачно што патува кон него сега, сама со синот... Беше среќна што при изле-гувањето од домот на Хелвиг, не ги сретна двајцата старци... Не знаеше дали да ги мрази или да ги сожа- лува.

* XK XeJIBUT ce враќаше со такси сам KOH дома. Без Ma-рија и без штотуку родениот син. Не успеа ни да се запознае со него.

Што е тоа што му се случува? Секогаш кога ќе дој-де дома... кај мајка му и татко му... Како да му се на-метнува некоја ропска, слепа послушност на дреси-рано куче: ако му речат - касни, ќе касне, ако му ре-чат - задави, ќе задави. Поради што - не знаеше. Да-ли е тоа нешто вродено, наследено?

Дали стравот од сето она темно минато во семеј-ството, од годините на војната, за кое само беше слу-шал и читал, но не бил и очевидец, го тераше со го-дини да бега од дома? Се надеваше дека ќе стане свој, самостоен човек. Се обидуваше да се ослободи од за-висноста, од туторството на својот татко. Несфатли-во многу го одбиваше тој бескрупулозен, ладен дес-пот, чија единствена опсесија беа парите. Колку по-веќе растеше, парите за кои живееше татко му, му из-гледаа една обична бесмисла.

И еве, кога Хелвиг мислеше дека собрал сили да му се спротивстави на тој бесчувствен татко и ни мал-ку сентименталната мајка, се реши да дојде тука, во тој дом во кој порасна. На ова огниште што толку го влечеше и истовремено го тераше да побегне непо- вратно од него.

Кој знае по кој пат се преиспитуваше: дали одлу-ката да се жени со девојка што се родила и растела во сосем други услови, во општество крајно различно од неговото - не беше дел од неговата борба со сами-от себеси? Со се што го заобиколуваше? И се тоа по- пусто. Уште еднаш се увери во својата немоќ да му се спротивстави, да го оневозможи да дејствува другиот во него. Тој друг, поинаков Хелвиг, скриен некаде длабоко во неговата суштина.

Каков апсурд имаше во неговата надеж дека Ма-рија ќе може да живее тука, во иста куќа со нив двај-цата... преостанати од некогашниот свет. Како може-ше да верува дека таа наивна, таа чедна Марија ќе може да им се приближи? Кога и самиот Хелвиг сфа- ќаше дека има отпор кон своите родители. Тој долго веруваше дека нивните напори да направат од него свој вистински потомок, своја копија, не им успеа. Но од друга страна, знаеше дека не може да побегне од слепата послушност кон нив. Таа му ја беа всадиле од најмала возраст. Каде и колку да бегаше од нив, тој пак им се враќаше, уште попослушен и попокорен.

За тоа стана свесен само по неколку дена откако дој- доа со Марија.

Најпрвин не најде сили ни со еден збор да им се спротивстави кога ја изолираа Марија. Со јадењето.

Тоа беше категорично ставање до знаење дека него-вата женидба со оваа девојка се отфрла и дека нема да се отстапи од тоа. Дека ќе се оди до крај.

Хелвиг уште веднаш сакаше да го отвори тоа пра- шање. Да им каже дека неговата женидба е свршен чин. Дека во таа одлука да создаде семејство со де- војката што ја доведе, тие ништо нема да можат да изменат. Но, ниту еднаш не го стори тоа. Свесен беше дека не може да допре до нивните закоравени умови.

Бесчувствени срца. Му беше јасно дека е кукавица.

Дека посилен во него беше тој другиот, кого неиз-мерно го мразеше... Затоа не ја зеде во заштита сво-јата жена, при расправијата вечерта, кога Марија слезе кај нив на долниот кат. И самиот не беше све-сен дека станал дел од нив. Дека, тоа и беше... Побе-ди тој другиот во него...

Самиот не можеше да си поверува дека ни со еден збор, ни со еден гест, не се обиде да ги задржи. Ма-рија и синот. Во што се изроди тој?... Како ќе живее Марија сама со детето? Знаеше за условите кај неа дома. Ќе им испраќа пари... се тешеше. Како ќе живее тој? Сам. Пак по светот... Далеку од домот... Не сака-ше да биде бездомник. Не може вечно да се бега...

* XK Стјуардесата во авионот почесто доаѓаше кај Ма-рија и детето. Забележа очај и безнадежност во изра-зот на оваа млада жена. Некој тешко воздржуван плач, што ја загрижи. Не знаеше како да и помогне.

Поради тоа измислуваше секакви работи за разго- вор. За неа или за детето. Само колку да ја ангажира со нешто. Во еден момент и се стори дека детето не е сигурно во рацете на мајката. И предложи да го земе и да го подржи. Марија беше во вистински шок. Haj-малку сакаше, макар и за момент, да се оддели од ма-лечкиот Карл. Тој сега и беше се во животот. Детето инстинктивно, како да чувствуваше каква тага беше ја обзела неговата мајка, седеше кротко во нејзиниот скут. Тивко. Дури и најмал звук не излегуваше од не- говата уста.

„Како можеше Хелвиг толку долго да ја крие од неа таа своја друга личност? И како можеше неа да ја засака, ако е веќе сличен на своите родители? Како таа ни во еден момент не откри ништо во него кое на толку непоправлив начин ќе ја разруши нивната врс-ка? Дури и нивната брачна врска? Најстрашно од се

- нивната њубов...

Фаталната вечер, кога таа слезе кај нив на долниот кат, можеби Хелвиг така изреагира од страв да не ги повреди родителите преку нејзините зборови, преку неа, од него избраната за член на семејството... Не, не, зошто и натаму да се залажува? Толку јасно збо-руваше студениот сјај во неговите очи таа вечер, што ни во еден момент не можеше да го заборави... Во тој негов поглед имаше таква отуѓеност кон неа... а мо-жеби и... не сакаше да верува... омраза...

Камо среќа да стануваше збор само за кавга, рас-правија меѓу неа и него, за кое било прашање, за што било друго. Но, ова беше најклучно, најсуштинско...

Услов да се живее натаму заедно или не... Не можеше да се помири дека тој, човекот што го сакаше и за кого мислеше дека ја сака, ја отфрли, така одеднаш, и неа и детето... Во истиот момент кога сфати дека таа ја разоткри суштината. Вистинското лице на не-говите родители... Па и неговата.

...Боже, дали ако таа знаеше, дека и Хелвиг ќе се вброи во нив, ќе се нареди од таа страна на таборот и тоа ќе значи крај на нивната врска, нивната њубов, нивниот заеднички живот... - дали и тогаш, и BO тој случај, ќе слезеше во онаа кобна вечер, да UM ja каже вистината в очи?! Да ги нарече со нивното вистинско име? Иако се обидуваше да го премолчи одговорот на ова прашање пред самата себе, знаеше дека тој е единствен. Сигурно тој чекор и го направи, сфаќајќи дека тој се повеќе е таму, кај нив, отколку кај неа, во потполната смисла на зборот. И добро е што така по- стапи. Добро е што и тој самиот отворено застана на другата страна. Нема веќе да се залажува дека е по-инаков од нив. Дека е некој друг...

Очајот, со сите овие размислувања, се повеќе ја поклопуваше. Нема на што повеќе да се надева. Нема на кого. Таа и Карл треба да сметаат на тоа дека сами ќе се пробиваат во животот. Сега веќе треба да се мисли за натаму. Најтешко ќе биде да се скрие висти- ната од блиските.

Го притисна топло синот, кој беше заспал... Солзи-те и останаа на образите. Здрвени...

* XK Kora Ha аеродромот, при излезот, дотрчаа двете сестри во пресрет, не можеше да си поверува на очи- те. Значи, Хелвиг им испратил телеграма, - си по- мисли. Мислел на тоа како ќе стигне сама дома со де- тето и куферите. Мала искра надеж и се јави во срце-то, дека не му е сеедно за се ова што се случи...

Плачеа од радост, сестрите. Плачеше и таа. Не знаеше дали од радост. Или поради сето жално за неа и за детето. За сите страшни нешта што се случи-ја од моментот кога му кажа на Хелвиг, на нејзиниот сакан Хелвиг, дека е бремена.

Сестрите, една по друга ја прегрнуваа, го земаа Карл в раце, едната па другата, и извикуваа: колку е сладок, колку е малечок... Карл уплашено гледаше во нив. Го искриви лицето и одеднаш силно заплака.

Марија го зеде в раце. Веднаш се смири.

Двете сестри речиси истовремено зборуваа:

- Кога пристигна телеграмата од Хелвиг, сме ри- пале од радост дека ќе се видиме. Најмногу за Карл.

Се сместија во таксито што го повика Марија, и тргнаа кон дома.

Марија најмногу се плашеше како ќе успее да ја скрие вистината од мајка си. Од нејзините искусни, напатени, продорни очи, кои се гледаа.

Малечкиот Карл имаше уште едно изненадување.

Полека му се приближи, го гледаше, и најпосле го зе-де в раце и почна да го бакнува непозната постара жена. Карл повторно преплашено заплака.

- Бабино ергенче, бабино момче, - викаше таа...

- Личи на Хелвиг, - ја почна расправијата Лиле.

- Не е вистина, целото е на Марија, - го кажа спротивното мислење Наде.

- Убаво погледни го во лицето, во очите, па ќе ви- диш колку не си во право, - продолжуваше упорно Лиле.

Тоа ќе одеше во недоглед, ако не пресечеше мајка им:

- Си личии наедниоти на другиот, — се замеша таа. - Што сте запнале, личи на овој, личи на оној.

Кутрото дете, толку е мало, што отсега никој не знае.

Си личи на себеси - така викаа постарите.

Карл беше нахранет и заспан. Сестрите се разоти- доа која наваму, која натаму. Марија седеше близу до прозорецот на куќата. Сама со мајка си. Напатените уморни очи на мајка и, веќе прекриени со некаква црвена танка копрена, често, уморно, се загледуваа во Марија. Како да бараа во веселиот израз на лице-то на ќерката, одговор на прашањето - што е тоа што така одненадеж ја доведе во мајкиното огниште? Са-ма, без мажот, со малиот син. Таа личеше на ловец, и целото нејзино внимание, целата грижа, беше сврте-на кон тоа да открие што има таму зад тој, мајката чувствуваше, присторено весел израз на лицето на чедото. Но, Марија не и помагаше во тоа. Таа и ната- му изгледаше прибрана.

- Раскажувај, - беше упорна мајка и. - Се навикна ли на мајка му и татко му? - старата удираше право во срцето.

Марија не одговори веднаш. Стана и тргна кон кујната. Сакаше добро да го смисли одговорот.

- Ќе сваримели поедно кафе? - За среќа, имаше едно кило кафе во куќата, нераспакувано, па го доне- се. И без него ќе тргнеше. Присобра и некои нови ра- боти од дома, па за сите имаше по некој подарок.

- Луѓето во другите држави не се како нас, - збо- руваше од кујната. - Никој не е како нас. Таму секој си живее за себе.

- Нели ce xpaHeBTe заедно? - беше њубопитна мај- ка и.

- Не...

- Па како, во една куќа. Тие вистински мајка и татко ли му се? Едно дете, чудна работа, - зборуваше мајка и.

— 3a насе чудно, a 3a нив нормално.

— Koj ro чуваше Карл, ти кога требаше да излезеш нешто да купиш? - продолжуваше да се распрашува мајка и.

- Ти мислиш, дали го чуваше бабата? Мајка му на Хелвит? - одвај одговараше Марија. - Имав девојка.

А и малку излегував. Хелвиг се ми набавуваше.

Мајка и извесно време молчеше.

- Знам... и овде за некои тамошни кажуваат дека нема голема блискост на родителите со децата... Кога ќе пораснат. Дури расправаа за некоја мајка и татко, дека откако им се родил синот, го дале во дом да се чува. Имале пари да платат. Само тоа дете им било...

ама сакале да живеат без обврски. И таму пораснал.

Оделе само во викендите да го посетат, да го проше- таат. И толку...

- Тоа сигурно се ретки случаи, - рече Марија, но- сејќи го свареното кафе.

Таа во моментот пак се сети на отпорот на Хелвиг, на одбивањето да имаат дете. И на тоа како реагира-ше кога му кажа дека е бремена. Навраќањето на тие мачни мигови многу ја онерасположи. Беше свесна дека, ако не ја сменат темата на разговорот, се ќе и каже на мајка си. Тоа не сакаше да го направи. И заради себе и заради неа самата. Зошто да и надода-ва уште потреси? Малку ли ги имала во својот жи- вот...

— Kako мена Лиле на работа? — праша Марија.

— Добро, барем He ce жали. Ќе те однесе, ќе видиш.

Мала е фирмата, но прават добар промет. Работат по повеќе часови отколку некои други, во други фирми, но и редовно земаат плата. Фала му на господа. Кол-ку-толку. Инаку ќе испоцркавме за јадење. Сега ба-рем за јадење не оскудеваме.

- Уште ли е тешко да се најде работа? - праша претпазливо Марија.

— Тешко, ами како? - рече мајка и. — И Лиле секој ден одеше итропаше по фирмите. Бадијала. Уште не се слушнало дека ќе примаат некого - тој веќе е при- мен. Или работел тука на диво, па сега даваат оглас, колку да го стават на работа со решение.

Мајка и забележа дека тоа ја сневесели Марија.

Другите денови надојдоа комшиките. ЈБубопитни да го видат „странчето“ и Марија. Да разберат нешто за нејзиниот живот...

Марија се обидуваше, колку што беше можно, да го изолира детето, плашејќи се од инфекции. Но мај-ка и сакаше да се пофали со внукот. Го бањаше, го дотеруваше во најубавите алишта. Ако не дојдеа ком-шиките, таа го вадеше во дворот, до портата. Марија ја разбираше. По три девојчиња, ова и е прво машко во куќата... И тоа родено во богата куќа... За Марија беше интересно што нејзиниот малечок Карл многу брзо се приспособи на новите лица и на новиот на-чин на живот. Одвај чекаше некој да го крене. Да збо-рува со него. Да си игра. Да му се смее. Да го изнесе надвор. Каде се оние двајца намќори да го видат како ужива, како се радува, како се смее? Би пукнале од мака... Не... тие тоа не би можеле да го сфатат. Тоа е далеку од нивниот начин на живеење и на сфаќањата за воспитување на децата. А и во нивните срца, во нивните души, одамна се е замрено, уништено. По- црнето. Нема живот. И размислувајќи така, беше среќна што ги напушти. Што е далеку од нив.

Само ако не беше тоа со Хелвиг... Тоа разидува-ње... Оддалечување. Тој страшен процеп меѓу нив...

Се чини непремостлив... Засекогаш...

* XK Само по неколку дена ce фати себеси како напрег-нато, со нетрпение го чека поштарот. Следеше дали ќе дојде во другите куќи. Во која било од комшиски-те... за да знае дали веќе поминал. Но тој не помину- ваше. Дали тоа значи дека Хелвиг нема да и се јави?

Макар со два-три збора.

Но, зошто и е тоа потребно?

Марија се бореше со многу контрадикторности во себе. Можеби беше најнормално таа да му се јави.

Таа одлучи да замине. Таа го направи тој прв чекор...

Но, зарем можеше да постапи поинаку? Што треба-ше уште да се случи? Да и ги изнесат куферите пред врата? Да и го одземат синот? Неговите господа ро-дители и психички и физички да ја уништат! Тие тоа би биле во состојба да го направат...

Зошто тој не се обиде да ја спречи? Да не замине?

Да кажеше макар само неколку збора, за каков било излез од таа ситуација... Има и друга можност... Нека дојде тука да живее. Сигурно веднаш би нашол ра-бота и стан. Со неговата стручност. При таа помисла Марија самата себеси си се потсмеваше. Колку ро-мантично размислува. Тој не се решаваше да се пре-сели таму, во неговата земја, засекогаш да се насели во друг град. Даја напушти куќата на мајка му, татко му, баба му, дедо му... А камоли засекогаш да дојде да живее тука кај нив. И со сите тие мисли во глава-та, пак си го поставуваше прашањето: што може сега тој, нејзиниот Хелвиг да и напише во писмо?

Марија, и покрај сите за и против, чекаше писмо.

Каква било вест. Со стрес во душата. Со неиздржлива напнатост... Може ли да се измени неговата суштина само поради тоа што Марија замина дома, кај свои-те?... Го зеде синот со себе... И неговиот син... Беше свесна дека го очекува невозможното...

Сепак, секој ден го чекаше поштарот. Мајка и се правеше дека не го забележува тоа... Но во душата и влезе сомнеж. Не се работите такви какви што сака да ги прикаже ќерка и...

Колку изминуваа деновите, за Марија, доаѓањето на поштарот со писмо стануваше нешто решавачко.

Судбоносно. Ке се откаже ли Хелвиг сосема од неа и од детето? Зарем ќе ги остави без средства за жи-вот?... Барем писмо и пари може да испрати без зна-ење на тие двајца монструми што го родиле. Ќе најде ли сили да се оттргне само за момент од нивната власт над него? Каде ли е тој добар човечец, стариот поштар, да дојде кај нив? Тој со години, уште кога бе-ше мала, со тропнување на звончето на портата, но-сеше добри или лоши вести.