Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

A Glorious Place Called Greece

1821 – ВРЕМЕТО НА РЕВОЛУЦИЈАТА

Par Risto Stefov · Partie 6 sur 16 · Environ 11 minutes

Les enregistrements audio sont offerts aux membres de la société. Ouvrez une session, ou adhérez, pour les écouter.

1821 – ВРЕМЕТО НА РЕВОЛУЦИЈАТА

После 7 години од завршетокот на Револуцијата, претседателот на државата, Јоанис Каподистријас, беше запрашан од европските влади за бројот на турското становништво на Пелопонез. Каподистријас им даде две броики и тоа во 1821 година 42,000 лица и после завршетокот на војната, ниту еден

турски граѓанин. Во оваа вистина денес Грција неможи или несака да верува, зошто таму имаше и премногу турско население, а сега да ги снема сите без трага. Тие живееја на секаде по грчката територија во мали заедници како земјоделци, занаетчии, трговци, вработени во државните институции……Нивните семејства не знаеле за некоја друга земја во која би се преселиле, а сепак за кусо време им се изгубила секоја трага. Што се случило со една таква голема бројка на луѓе? После 1821 година за само неколку недели беа сите убиени без разлика на спол или возраст. Нив, 42,000 Турци. Мажи, жени, деца, стари и млади, сите заедно нестанаа од лицето на земјата. Без суд, без докажување на виновност ….. И никој за тоа не беше земен на одговорност.

Масовното убивање за сигурно беше дел од Револуцијата, што од оваа временска дистанца го доживуваме како уште еден мит околу грчката воинственост и “храброст”. Како уште еден мит од 1821 та година. “Но, имаше исти такви убиства и од страната на Турците” , велат некои, како да бараат некоја сатисфакција за злосторниците и нивните нечесни дела.

За овие настани околу училиштата кружат безбројни легенди , со цел да се разјаснат страшните злосторства над невиното турско становништво. Но не е тоа така лесно да се објасни, а да при тоа не останат длабоки траги во душите, особено кај децата. Како може некој да му појасни на детето дека татко му, дедо му или некој негов близок роднина немилосрдно убивал Турци? Да колел невини деца заедно со неговите родители и потоа ги фрлал во градските бунари? Како може да им се појасни дека многу предмети кои се денес во нивните домови покрадени од домовите на тие невини луѓе кои ги нема веќе меѓу живите за да ја кажат вистината за својата прерана смрт? Ако сето ова им го кажеш, би биле запрепастени, па можеби и ви одговориле со прашање; – ” Па зарем ние сме по арни, дедо, од нив? Која е разликата меѓу нив и нас? Каде е нашата морална супериорност?”

Островот Чиос со право постана вистински пример на грозоморно место кое проголта иљадници невини луѓе. Постана грозоморно место на турската трагедија, за време на грчката

Револуција. И ако има и многу други места каде се извршени масакри над невини турски граѓани од разни регуларни и паравоени формации, сепак, Чиос остана лендмарк по злосторствата и најпознато стратиште на светот.

Насилствата во тие времиња беа вообичаени настани. Не беше ништо чудно да се влезе во некое место и да се потаманат луѓето како да не се луѓе. Крволочноста на грчките банди немаше граници. Владееше правото на ножот и куршумот. Насилството беше средство да се преживее или да се владее со послабиот. Многу добронамерни денес се прашуваат; – Вистина ли е дека се случило некое проклетство во Триполикас? Да, навистина масакри се случија во Триполикас , но зарем и Турците не правеа зулуми и масакри во многу земји од својата империја? Но за чест на вистината, од сите масовни истребувања на ненаоружаното турско население, а спрема постоејќите документи, најлошо поминаа жителите на Триполикас. Кога Грците го освоија градот, во него живееја над 35,000 Турци. Од нив никој не остана жив.

Разорувањата и штетите кои уследиле од воените деиствија, се рефлектираа во потполност во песната за слободата од Дионисиос Соломос. Неговата поезија, 40 години подоцна, беше користена за национална химна на грчката држава. Од целата негова поезија, околу 158 творби, многумина знаат само по некоја строфа. “Ако прочитам повеќе од две строфи,” вели еден од грчките учесници во овој документарец, “ќе откријам дека нашата национална химна не е само химна за слободата, туку сведоштво за зулумите над недолжното население. Ево како е тоа прикажано графички од што се гледа грозомората на настаните: “Погледај како очајнине раце го кинат животот. Ги расфрлуваат ноѕете, рацете и мртвите глави на убиените. Сабји и синџири измешани со сивине мозоци исфрлени по земјана. Напукнати черепи и делови од внатрешнината на абдоменот…Се’ во еден неопислив ужас. Оф, оф! Што е доста, доста е.”

“Долго ќе траат и ќе се споменуваат овие злосторства. Нашата национална химна содржи се’ друго, а најмалку зборови за слободата. Таа ги содржи ужасите и насилствата на

Револуцијата. Верувам дека Соломос не е толку наивен од колку се мисли да е. Читајќи ги строфите за слободата на нашата национална химна се стекнува уверување, во поетски смисол, дека таа е реалистична вистина за тоа време на нашата Револиуција. Нашата Револуција од 1821 та година, како и секоја револуција, е крвава приказна. Таа сведочи за протерувања, реваншизам, епидемии, глад, убивања, грабежи, насилни преселувања и робства. И Грците и Турците настојуваат овие настани да ги стават зад себе и да ги заборават. Ако можат. Новата власт треба да се организира и да профункционира врз урнатините на Револуцијата, а да би се постигло тоа, дел од минатото би требало да се избриши. А како? Со идеолошкиот патриотизам втемелен врз баварскиот модел, а потоа него да се замени со “славното” наследство од античка Грција. Арно, ама стварноста е извонредно тешка да се менува преку ноќ. Во Атина, но и на секде по Грција, се гледаат спомени од изминатите времиња издробени на стотини парчиња кои би требало да се преспојат во едно цело. Сите историски траги стари со стотици години веќе одамна ги нема. Интензивно се бришат секакви врски со Отоманската империја и на се’ што новата грчка држава ја потсетува на тие времиња. Сета оваа работа би требала да доведе до потполна чистота и непрекината врска со одамна нестанатата античка грчка култура.”

Овие накани на новокомпонованата држава можат да се сметаат како накани на луѓе кои го загубиле компасот и здравиот разум, или како смешни и не сериозни, но најповеќе како надвор од цивилизациските норми во однесувањето со историската наука. Впрочем, и другите нови држави прават исти грешки, некои повеќе а некои помалку, со цел да негираат делови од своето минато и да креираат по поволна сегашност и иднина пред очите на својот народ и пред намеѓународната заедница. Велат некои историчари и други луѓе од науката, дури на другата страна пак противниците на таквиот пристап кон историјата се фаќаат за глава од недоверба да ли е тоа можно. “Ваквото директно поврзување со најстарата античка култура, придонесува препород, без прекин на историските токови.” Велат првите, тапкајќи се по своите рамена како чудотворци.

Лажниот пат по кои тргна новата грчка држава започна со доаѓањето на баварските владари. Доаѓајќи во нашава земја, тие затекнаа дисфункционално општество во секој поглед. Насекаде сиромаштија и очај, во застрашувачки размери. Нивното разочарување беше големо, кога не најдоа народ со хеленски дух во кои тие беа вљубени, туку улични питачи, кои зборуваат Арватски ( Албански ), на место старо грчки. “Како можи да биди Хелен некој така сиромашен и очаен уличен питач во Атина, кои зборува Арватски ( Албански )?” Изјавиле хеленовљубените при доаѓањето во Грција. Тука нема никаква поврзаност ниту логичност меѓу овие факти на теренот и оние, во кои ние верувавме при нашето доаѓање. После ваквата фактичка состојба, разочарани се вратија во Баварија и рекле: ” Таму долу, во Грција, ние неможиме да направиме ама баш ништо. Никој неможи да ја спаси таа земја. Овие денешни Грци, со оние од античкиот свет, немаат ама ништо заедничко, што ги поврзува.”

Дури грчкото кралство покушава да стани на ноѕе, баварскиот историчар Фолмераер (Fallmerayer) излезе со своја теорија насочена против поборниците на цврстите врски со античка Грција, како непрекината нишка.

Која беше неговата цел? Своите домашни вљубеници во Хеленизмот да ги “врзи за столбот на срамот “, заради нивните налудничави идеи.

Фолмераер тврди дека сегашните Грци, како раса, немаат никаква врска со старите Грци. Се разбира, неговите тврдења и теории направија голема паника во кралството не само затоа што тој не ги прифаќа нивните желби да ја преточат лагата во вистина, туку затоа што ги саботирал промоциите на поволните легенди на монархистичкиот режим и народот во државата.

Фолмераер бил огорчен со експлозијата на хеленистичките љубители и обожаватели во Баварска, па се одлучил на уште по смел чекор напред ; – со цврсти докази да ги разувери, дека сите тврдења на актуелната власт во грчкото кралство за непрекинатите врски на денешните Грци со античките, се само фикција и потполно лажни.

Овај познат германски историчар е набрзо прогласен за најголем непријател на Грците затоа, што отишол и многу подалеку од она што го очекувале неговите противници од круговите на власта во Грција, но особено во Баварија. Тој ги изнел на светлото на денот сите докази од времето на римското владеење со античка Грција па се’ до доаѓањето на Славјаните на балканските простори во шестото, завршувајќи со преселувањето на Албанците од северот, во 14 то столетие.

И така, спрема Фолмераера, врските кои би ги поврзувале сегашните Грци со оние од античките времиња се измислени, лажни и затоа не постојат, зошто се прекинати не само еднаш, туку три пати. Со тоа, Фолмераер ги отфрлува сите врски кои би ги поврзувале денешните Грци со античките како лажни и не постоечки, а континуитетот на Хеленизмот како нација, за фикција.

Ете така, овај познат германски историчар и чувар на историските вистини, си го заслужил пиететот: – “најголем непријател на Грција.”

Во ваквата констелација на силите спротивставени едни спрам други, доаѓаат на грчката сцена две познати имиња на грчката историја: византилогот и фолклористот Спиридон Забели и историчарот Константин Папаригопулос.

Спрема нивните пишувања, континуитетот на Хеленизмот во Грција бил воспоставен уште во времето од пред 1850 ттите години. Тие тврдат, дека немало прекини на континуитетот во историјата. “Но можно е да се случувале нестабилни и стабилни временски периоди кои нашиот колега од Бавариа, историчарот Фолмераер, ги нарекува прекини или пукотини во континуитетот, кои заправо се поврзници.”

Затоа, спрема пишувањата на Папариголопулос и Забели, “нацијата е обновена и континуитетот е воспоставен, но неслагањата на историчарите остануваат и понатака, само не како идеолошки или и историски, туку политички, со кои државата би требало да се по забави што побргу. Таа треба од

мултиетничко општество да креира единствена обединета грчка Нација.”

Тука тие мислеле првенствено на Албанците како најмногубројно малцинство, кое било многу заслужно во борбите за независност. Инаку, кога сме кај Албанците, тие се народ поделен на две групи; – На православни и муслимани, или како некој ги нарекуваат ТУРКОАЛБАНЦИ. Најважните водачи во борбите за независност на Грција од 1821 година биле од редовите на православните Албанци, кои се истакнале со големи способности и храброст, особено оние од острвата Хидрати, Острива и Спетсес, како и Сулиотите во борбите на копно. Не е на одмет да се спомени и фактот, дека луѓето од тие времиња биле доста образовани и способни за интелектуална работа. Така, Марко Боцари составил говорен грчко- албански речник. Многу интересен речник. Тој добро ги познавал двата јазика, грчкиот и албанскиот, што го осмелиле да се впушти во ваква една јазична авантура. Јас би рекол и дека Боцари го познавал и турскиот јазик покрај овие двата, но слободно би можел да речам дека се служел и со Колокотронис.

Историчарот Папариголопулос во фалењето на Албанците и нивните компатибилни и прикладни особини за интеграција во новото грчко општество, малку претерал, зошто ги зел за пример само православните, а ги запоставил муслиманите, со што ги покажал и своите неприфатливи верски склоности, како научник.

Папариголопулос во понатамошната “научна” расправа уште повеќе скршнал од патот на науката и се впуштил во матните води на расизмот и не толеранцијата, што го прави уште по неверодостоен и во полемиката со историчарот Фолмераер.

Расправајќи за квалитетите на двата народа, грчкиот и албанскиот, те и за идеалната комбинација при компонирањето на новата грчка нација, тој рекол дека Грците биле интелектуално, културно и цивилизациски по напредни, а пак со Албанците, грчката раса добива виталност, снага и единство. Единството на овие квалитети, дури и денес ги потврдуваат “завидните квалитети” на грчката “модерна” и “демократска”

држава. Во овој контекст е вредно да се спомене и фактот, дека Албанците, интегрирани во грчкото општество, се чувствуваат поголеми Грци и од самите Грци, што зборува нешто само за себе. Тие ја потврдуваат тезата на германскиот историчар, Фолмерајер, за потполно изчезнатите врски на денешните Грци со оние, од пред многу столетија.